Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЛТРОНСТВОТО КОН ВЛАСТА Е ПООПАСНО ОД СЕКОЈА ЕПИДЕМИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КАРАЏОВСКИ ГИ ОБВИНИ МЕДИЦИНАРИТЕ: Многумина се заразуваат зашто не знаат да ја користат опремата и прават „џавка муабет“

[Image: karadzovski1.jpg]
12.04.2020
Епидемиологот доктор Жарко Караџовски, денеска, запрашан зошто има голем број заразени меѓу медицинскиот персонал во Македонија, рече дека тоа е поради несоодветно користење на заштитната опрема, но не ја исклучи можноста дека можеби се заразиле и надвор од работните места. Тој додаде дека секаде во светот околу 5 до 10 отсто од докторите и медицинските сестри заболуваат од вирусот.

„Тоа се должи пред сѐ на несоодветно облекување и соблекување на заштитната опрема, како и на непочитување на протоколи кои укажуваат кога се става таа опрема, за каков тип на пациенти се става и манипулацијата со заштитната опрема. Бидејќи патувам изминатиов месец низ целата држава, лично се уверив дека на некои места има непочитување на протоколите. Лицата кои ја носат таа опрема прават пауза за цигара па ја користат истата заштитна опрема при работа со пациенти или несоодветно ја вадат… Исто така, и нивното дружење во иста соба кога не со пациенти, пиење кафе, пушење цигара или џавка муабет од една страна, а од друга страна некои од нив можеби се заразени и во домашни услови. Предвид треба да се земе дека може да заболат и во домашни услови, со разговор со роднини или пријатели. Ова што го говорам го докажува фактот што досега немаме заболен доктор или медицинска сестра на Инфективна клиниката, каде што процедурата се почитува 100 отсто“, изјави Караџовски.
12-04-2020, 07:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ЈАНЕВСКИ: Џавка муабет

[Image: darko-janevski-1.png]

12.04.2020 Дарко ЈАНЕВСКИ
Еј Караџовски, кога велиш од „џавка муабет“ се заразувале лекарите и од незнаење, мислиш на Цаца која цела недела си го шетала вирусот на Клиника и по Капиштец? На 2 март ви влезе во Македонија госпожата директорка на твојот Филипче, на 8-ми ја тестиравте.
Прашај, можеби сега жената има и термин за прошетка на вирусот во време на полициски час како домашно милениче?
И што мислиш, луѓето од злоба велат дека ако сакаш да најдеш лекар во оваа гужва, појди кај заварувач на Бит Пазар каде истите тие лекари купуваат заштитни наочари или муабетот испадна затоа што е утната работата со опремата?
Се сеќаваш на сликите на лекарот од Дебар и неговата екипа со обични хируршки маски? Со таква маска се сликаше пред некој ден твојот Филипче? Или тој е од оние од кои зависи државнот интерес, а рајата…? Е, рајата си е раја? А, да тој лекарот од Дебар, е тој е лекарот кој се сликаше со натпис „Останете дома“, а кој потоа се зарази! Е, а од кого се зарази жената од струшко која што потоа почина, а која била во Дебар?
Тоа е таа жена која не ја примија во болницата во Охрид, а директорката после ви пиша дека не ја примиле зашто болницата немала опрема за вирусот. Инаку жената имала срцева болест, имала хронична белодробна болест и што беше уште, ама беше оставена дома, во село Горно Тепеше или како веќе се вика, за кое веројатно никој и не знае каде е!
Знаеш дека откако се разбра за Цаца, децата сами си ги повлековме од училиште, па дури потоа реагираше Владата?
Или кога велиш „џавка муабет“ мислиш на тоа дека Хрватска прогласи на 11 март епидемија, а за твојава Северна, Хрватска и натаму беше земја со низок ризик!
Или мислиш на жената од Куманово на која и беше откриен вирус откако умре, со два негативни теста додека беше жива, по што Куманово експлодира.
Чекај малку, од Куманово имаше сведоштва дека лекари сами си купуваат маски? Оние обичните, не како таа на „свети Филипче“ кој осамнува по насловни како свети Ѓоргија кој го убива вирусот, додека државава „секој дне во секој поглед напредува“ на ранг листите, па веќе ни истрошените комуњари не знаат како го бранат тоа што не се брани.
Или мислиш на неподвижниот од Тетово заразен во Козле, за кој твојот Филипче имал информации дека му дошла посета во време кога нема посети, па после замолкна…
Или мислиш на тоа дека тест добиваш со Мој термин како на 70 години да имаш „шилци“ во петата, па ај да одам на матичен, да види ако најде негде слободно, за кога и да е, да завршиме работа.
Или мислиш на тоа дека сега некој видел дека имаме 17 000 повеќе заболени од грип од лани, ама допрва ќе сте видете зошто е тоа?
Всушност ај, џабе да редиме, само кој ти е бутур да го свртуваш вниманието кон тебе, сам си знаеш. Еве плати неколку билборда низ Скопје со „Северна“, не не гњави веќе. Замисли само еден премиер да каже: а бе не знаат ова моиве министри, ама ете нека се обучат он лајн (всушност овие министри баш се такви – кока-кола и Амди Бајрам министри) или селектор да каже – не знаат да шутираат топка моиве фудбалери, ама им снимивме видео да се обучат… Еј за лекари зборуваме, за медицински сестри зборуваме, и ти велиш дека се епидемиолошки неписмени?
12-04-2020, 07:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Igor Janushev
Yesterday at 11:06 AM ·

Не сакам да влегувам во полемика со Филипче, но човек просто по било која цена не може да премолчи кога министер платен од граѓаните отворено лаже и манипулира.
Затоа ќе го прашам - Венко кога последен пат си бил во посета на докторите и здравствените работници во главните жаришта!?
Еве ќе ти кажам тие што зборат - нема маски, нема опрема и тие се снаоѓаат кој како знае!
Венко, си ги отворил ли форумите каде доктори и медицински сестри молат за помош од луѓе кои рачно изработуваат маски!?
Нема заштитна опрема во болниците, лекарите се облечени како педијатри во нормално време, а не како лекари во ек на пандемија од заразен вирус кој го “сврте” светот за неполн месец.
Доколку имаа заштитни скафандери, визири, хируршки маски и ракавици, зошто тогаш имаме над 80 заразени доктори и здравствени работници!? Сакаш ли да кажеш дека е нивна грешка што се заразиле или пак ти и владата не им обезбедувате средства за работа!? Јас ти тврдам дека е второто.
И на крај кога сме кај грешките, еве и да сакам да те бранам Венко нема ниту еден аргумент за тоа. Што направи во кризата? Презема ли некој одговорност за Цаца, за случајот во Охрид, во Велес, за тоа што во Куманово дури и по признание на вашиот градоначалник сеуште нема помош, иако со денови се укажувало на тоа.
И ова не е политика, туку човечко укажување на пропустите. И нели се чувствуваш понижено што владата од која си дел дава пари за компромитираното СЈО, за ручеци, ама не и за маски на доктори кои се заразуваат.
На крај, немој случајно да помислиш дека сме заборавиле на касарната што ја изгради на Водно на имотот на твојот директор на хируршки, но и на военото профитерство, за ова ќе зборуваме во друга прилика, по кризата ... сега треба да се спасат човечки животи!


Quote:
Quote: Wrote:Венко Филипче
Yesterday at 9:21 AM ·
Игор Јанушев, исто како и Мицкоски се обидува да ја изманипулира јавноста. Минатиот пат Мицкоски свесно манипулираше дека нема тестови, а овој пат лагата е дека нема заштитна опрема за медицинскиот персонал.
Одговорно тврдам дека ништо не недостасува, а има и доволни количини во резерва.
Минатата недела е направена инспекциска контрола во 79 здравствени установи од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во ниедна не е забележан недостиг на опрема.
Дополнително, во тек е набавка за дополнување на резервите за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб-страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.
Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност. Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот.

Quote: Wrote:ОД СТРАНА НА ДСЗИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 30.03-05.04.2020 ГОДИНА ИЗВРШЕНИ СЕ ВКУПНО 91 ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ОД КОИ 79 ВО ЈЗУ И 12 ВО ПЗУ Министерството за здравство информира дека согласно заклучоците на Владата на РСМ донесени со цел спречување на внесување и ширење на инфекцијата со Ковид-19, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 30.03-05.04.2020 година извршени се вкупно 91 инспекциски надзори од кои 79 во ЈЗУ и 12 во ПЗУ.

Направен е увид по однос на опременост на здравствените установи со лична заштитна опрема како и користење на истата за време на работниот процес.
Сите се опремени со доволни количини на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, капи, мантили за еднократна употреба, визири, каљачи.
Здравствените установи за болничко лекување имат обезбедено и скафандери за еднократна употреба . Обезбедени се и се користат средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенси за раце.
При  инспекциските надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.
Во однос на количините на заштитната опрема, Министерството за здравство обезбеди заштитна опрема за јавно здравствените установи и продолжува да го прави тоа во континуитет. Министерството обезбеди заштитна опрема и за матичните лекари кои ги вклучи во системот на детекција и следење на пациенти заболени од коронавирус.
12-04-2020, 07:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(12-04-2020, 07:27 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Венко Филипче
Yesterday at 9:21 AM ·
Игор Јанушев, исто како и Мицкоски се обидува да ја изманипулира јавноста. Минатиот пат Мицкоски свесно манипулираше дека нема тестови, а овој пат лагата е дека нема заштитна опрема за медицинскиот персонал.
Одговорно тврдам дека ништо не недостасува, а има и доволни количини во резерва.
Минатата недела е направена инспекциска контрола во 79 здравствени установи од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во ниедна не е забележан недостиг на опрема.
Дополнително, во тек е набавка за дополнување на резервите за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб-страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.
Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност. Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот.



Quote:НИКОЛОВ: Филипче, заштитните очила сами си ги купувавме од продавници за опрема за заварување!

12.04.2020
Дали здравствените работници имаат маска N95? Зошто сами си ја набавиле N95, доколку ја има во болницата каде што работат?, го прашува денеска Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, нефролог во Клиничкиот центар Скопје, министерот за здравство Венко Филипче, откако тој вчера, одговарајќи на Игор Јанушев, напиша дека најодговорно тврди дека сите здравствени работници во Северна се соодветно опремени.
„Министре, пластичните заштитни очила сите сами си ги купувавме од продавниците кои што продаваат опрема за заварување.
Визирите кои што ги имаме ги изработија и поделија младите специјализанти и нивната добронамерна организација.!
Високи каљачи (ги пишува на сликава), нема вo ниту една здравствена институција во земјава! Интернет просторот е преплавен со барања и молби од здравствени работници кои бараат маски, и заштитни ракавици.“
Се разбира, и Николов не пропушти на крајта да го „моли“ Филипче, како што вчера Јанушев не пропушти да каже дека тоа за што зборува не било „политика“, небаре умирачката е осврт кон Шекспирова драма па „ракавиците“ во обраќањето се на прво место.
12-04-2020, 07:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Aleksandar Karevski
3 hrs ·

Доколку Др. Караџоски се чуствува спремен да навлезе во дискусија како се заразил медицинскиот персонал слободно нека објави неколку работи:
1. Кога, каква и каде заштитна опрема беше дистрибуирана низ здравствените установи со датуми и локации
2. Каква едукација спровел или организирал за медицинскиот персонал и дали лично пробал да се придржува до истата
Само овие две прашања ако ги одговори ќе им стане јасно на сите зошто има разлика во бројот на заразени од клиника до клиника.
12-04-2020, 10:31 PM
Reply