Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НА КОГО ДА ВЕРУВАМЕ, НА ЗАЕВ ИЛИ НА ПОТПАРОЛКАТА ПИСОНЕРО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: image.jpg]



[Image: 90559978_199064794880366_488627726636915...e=5EA20CCE]
25-03-2020, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Вархеји: Преговарачката рамка планираме да ја презентираме во јуни пред Советот

[Image: 337016-0.Basic-Varheji.jpg]

24/03/2020
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, на прес конференцијата преку видео линк што ја одржа попладнево изјави дека неговиот план е преговарачката рамка да му биде презентирана во јуни на Советот, по што ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција, јави дописничката на МИА од Брисел.
Поради условите во кои се одржуваат прес конференциите во контекст на карантин во Брисел, пресовите не се држат повеќе во живо, туку преку видео конференција.
Изјавата на еврокомесарот што се однесува на датум на почетокот на преговорите, односно поднесувањето на преговарачката рамка, услов за одржување на меѓувладината конференција, беше нејасна поради лошата интернет конекција.
МИА провери со кабинетот на комесарот Вархеји, оттаму потврдуваат дека тој рече дека јуни е датумот на кој смета Европската Комисија.
-Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни, изјави Вархеји.
По денешната одлука на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка – земјите кандидати имаат иста таква обврска од своја страна. Штом таа рамка биде финализирана, им се поднесува на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција, објаснуваат за МИА од Европската Комисија.
Со оваа изјава јасно е дека Европската Комисија има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.
Еврокомесарот на денешната прес конференција не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја “претрка“ Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.
Процесот се заснова на сопствени услуги, повтори еврокомесарот.
Она што е извесно меѓутоа е дека крајниот збор и во овој процес е кај земјите членки, кои ја одобруваат преговарачката рамка. А познато е веќе дека Холандија, меѓу другото, очекува исполнување на низа услови од страна на Албанија, што не е случај за Македонија.
Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок тоа го потврди во изјава за МИА, но и на Твитер налогот на холандската амбасада при ЕУ, каде напиша:
- Македонија направи видлив напредок и Холандија ја поддржува препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите. За Албанија, работите се понијансирани. Остануваат прашања кои бараат внимание, но извештајот за напредокот покажува прогрес кон реформите исто така, така што Албанија е на добар пат, Советот одлучи дека преговорите можат да започнат кога ќе има одржлив напредок за овие прашања, е официјалниот став на Хаг
25-03-2020, 01:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

26-03-2020, 01:53 PM
Reply