Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОЈКОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 12.04 ДА ИЛИ НЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 89260577_101153994838629_816031615591173...e=5E90077C]

Македонски Национален Бојкот

March 3 at 11:25 AM ·
Бојкот е БОЈКОТ.
Бојкот е морален став. Бојкот не е паника туку истрајност и издржливост. Бојкот е израз на храброст, во услови кога си сам против многу. Бојкот значи, децидно да се одбие учество во структури на неморал и неправда. Бојкот е најсилното оружје на човекот во борбата против неправедна власт - без насилство. Бојкот е борба против канибалите на демократијата.
Бојкот е Единство, и хармонија на индивидуата со нејзината совест.

[Image: 88236522_101154114838617_781402451777211...e=5E97F354]
(This post was last modified: 08-03-2020, 01:51 AM by ЈорданПетровски.)
08-03-2020, 01:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:
[Image: 89260577_101153994838629_816031615591173...e=5E90077C]

Македонски Национален Бојкот

1 hr ·
Ајде малку да се објасниме во однос на термините "цензус" и "легитимитет" и нивниот взаемен сооднос.
Цензусот е важен само како формално-правна рамка, како квота која мора да се исполни за нешто да биде дозволено според закон, односно легално. Цензус нити легитимира некого, нити пак му одзема легитимитет. Исклучиво бројноста на народот дава легитимитет. Зошто? Затоа што политички одлуки и овластувања т.е дозвола за донесување на политички одлуки, во едно општество ги делегира исклучиво Суверенот. Во монархија, суверенот е кралот, тој ги одредува своите секретари и министри. Во демократија, суверенот е народот. Само народот и никој друг, само гласачите, можат да одлучат да ги делегираат политичките овластувања некому или да му ги ускратат некому и тоа преку нивната бројност при гласањето.
И ова е материјално-правната рамка, која сите се чини ја игнорираат. Имало цензус или не, дали функционерите ќе добијат дозвола да донесуваат одлуки на било кое, така и на државничко ниво, не зависи од тоа дали има цензус или не, туку зависи од поддршката на суверенот изразена во излезност на избори. Ако суверенот излезе во голем број, да речеме 50+%, тогаш да, власта ќе се легитимира затоа што така мнозинството народ одлучил. Ако излезе во помала бројност од 50+%, тогаш, де факто, власта не е легитимна (иако де јуре е легална затоа што не постои цензус). Капиш?
Што значи, ако тековните или идните функционери и покрај немањето легитимитет продолжат да ги запоседнуваат фотељите, имаме автократски систем или тиранија. Тоа што во тиранија (или диктатура, сеедно; "мило" дете има многу имиња) се донесува како закон, нема значење откако поредокот ќе се врати на нормален колосек, односно кога вистинскиот Суверен повторно ќе ја преземе (врати) власта во свои раце.
Какво значење има ова во конкретниов случај? Ова значи дека ви ја пуштија патката „нема цензус“ за да ја искористат вашата паника и брзо-брзо да се оди на гласање, затоа што во спротивно #Црпко ќе победел. Курто и Мурто ќе победат со тоа што вие преку вашата бројност и излезност ќе ги афирмирате, т.е легитимирате како ваши политички делегати. Но, што е уште поважно за кројачите на Северџанија (за нив е сеедно која од понудените црпки ќе победи), со голема излезност на изборите практично се легитимира и новото име на државата и сите злоупотреби (криминали) сторени со незаконските уставни измени (за тоа не постои цензус, нели?).
Затоа, убави мои Македонци и Македонки, ум во глава и не дозволувајте да бидете манипулирани за да им давате незаслужен легитимитет на квислиншки измеќари и нивните велепредавства.
#БОЈКОТ
08-03-2020, 01:50 AM
Reply