Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈОВО ПРЕВАРА ВЕКЕ НЕ Е ПРЕВАРА, СЕГА ПАК Е ДРУГАР НА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Слушнете ја целата „бoмба“ која ја објави Антонио Милошоски

[Image: Screenshot_306.png]

23.02.2020
Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ одекна аудио бомба од која може да се слушне како Заев сака да спаси случаи кои ги води СЈО преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа договорен е со Јово тие одлуки да паднат преку Врховниот суд.

Заев вели дека Катица тоа го знае и така ги води предметите, а дека со Јово се блиски и преку Врховен ќе паѓаат случаите.





Интегрален текст од аудио записот:
З.З.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З.; Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал

З.З.; Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.




Дали некој од Севеџаните ке ми помогне да разберам кој е Јово пријателот на Заев од снимката што ја пушти Антонио?
Дали е оној Јово ПРЕВАРА како го викаа Заев и дружината или е некој друг Јово сигурно со прекар Јово ЧЕСНИОТ, нели Заев се дружи само со луѓе како него, „ЧЕСНИ па ПРЕЧЕСНИ“.
И уште едно прашање дали Севеџанија вовела два Врховни суда па на едниот председател бил Јово ПРЕВАРА а на другиот Јово ЧЕСНИОТ
23-02-2020, 01:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Го поврзува ли новата „бомба“ Заев со случајот „Рекет“

[Image: Tashna-Boki-reket-zoran-zaev.jpg]

23.02.2020
„Бомбата“ што ја објави денеска пратеникот Антонио Милошоски предизвика бура од реакции. Некои велат за вакво нешто „се оди до полиција на неколку часа разговор“. Како што кажа Милошоски ова е аудио бомба која е од висок јавен интерес, доставена од свиркач, на која се препознава гласот на екс-премиерот Зоран Заев, како објаснува договарање со судии и обвинители.
На youtube каналот каде што е објавена оваа снимка, наведено е дека се работи за состанок во мај 2019 година на кои се присутни З.З., едно лице опфатено во случајот рекет и НН лице. Аудио снимката укажува на грубо мешање на извршната во судската власт, како и одлучувачката контрола на извршната власт врз работата на обвинителството во државата.
Аудио бомбата која Антонио Милошоски ја објави покажува дека Заев се слушал со Јово Вангеловски претседател на Врховниот суд за да паднат одредени предмети. Тој признава дека иако го критикувал Јово со него се блиски и дека Катица Јанева знае дека ќе паднат предметите и така ги тера случаите од СЈО.
Овој разговор кој е од висок јавен интерес, директно го поврзува екс премиерот Зоран Заев со „Рекет“, бидејќи Катица Јанева знаела за одлуката на Врховен во полза на Империја и дека рекетот е наплатен за таа одлука божем работата ја завршила Катица. А Заев се фали дека работата пред Врховен ја завршил тој.
23-02-2020, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Милошоски: Ако некој треба да биде приведен или повикан на распит – тоа е Заев, по ваков објавен материјал ВИДЕО


[Image: Milososki-pres-bombi-2-20.jpg]

23.О2.2020
Милошоски на денешната прес-конференција, на која објави втора аудио снимка на која наводно се слуша гласот на Зоран Заев, запрашан дали е свесен дека со нелегално стекнати материјали може да има против него кривична постапка или да бидете притворен, одговори:
– Јас сум свесен дека господинот Заев и неговата фамилија се  прилично влијателни и во обвинителството и во политиката и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен. Но, после еден ваков објавен материјал ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит тоа е господинот Заев – рече Милошоски.
Тој појасни дека „овој разговор се однесува на работата на СЈО, се однесува на тесната координација на премиерот со Врховниот суд при носење на одлуки поврзани со обвинителски предмети какви и да се би било недозволиво, и се однесува на тоа што господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина или негова одлука. Да скратам, господинот Заев преку оваа снимка се покажува дека не бил само премиер, туку бил и врховен судија и специјален обвинител. Тоа не е правна држава, туку тоа е хибриден режим каде што еден човек ја злоупотребува извршната власт за да биде и обвинител и судија“.
Во врска со тоа дали ги носи снимките во обвинителство и има ли нешто од претходните што ги однел, тој со одговор:
– Од претходните таа што ја однесов госпоѓата Русковска кажа дека ќе ја стави во обработка во случајот за Меѓународниот сојуз и кажа дека ќе направат проценка за употребната вредност. Тоа беше на моја иницијатива и се надевам по објавувањето на оваа снимка самото обвинителство ќе покаже иницијатива, но доколку затаи повторно јас ќе ја повторам постапката и повторно ќе го доставам материјалот до ОЈО.
23-02-2020, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Заев: Вадени се и ставани парчиња од разговори со партиите, но пак не успеаја да направат конструкција



23.02.2020
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја потврди автентичноста, но не и целовитоста на снимката, најверојатно направена од некој од присутните претставници на политичките партии со кои е преговарано за важноста на Законот за Јавно обвинителство.
По објавувањето на снимката, Заев за Прес24.мк, изјави:
,,Денес еве имаме свеж пример(зошто законот за ЈО беше важен), Антонио Милошоски пушта некои мои разговори со кои јасно се гледа зошто беше важен законот.
Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство. 
Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство.  Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство.
Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство – покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции. Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство. 
ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. 
Убаво да слушаат граѓаните како се ставани и вадени тонски парчиња во објавената снимка. Но и покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи конструкција. Денес е јасно. Ние се боревме предметите да добијат правна разрешница, бидејќи како што се слуша во разговорот, таа беше загрозена.
Ја добивме битката, ние бевме за Законот и за правна разрешница на сите предмети од СЈО врз основа на обезбедените докази, а тие беа против законот и против правда.
Граѓаните знаат дека Милошоски и извршителот Мицкоски не сакаат да одговараат оние кои му овозможија на Груевски да побегне, тие се фокусирани на одбрана на криминал.
Сите добро знаат што препозна опозицијата во новиот закон. Ја препознаа сопствената одговорност за злоделата и криминалот што ги правеле. Носењето на законот беше важно за државата, за владеењето на правдата, но и важно за нашите интеграции кон ЕУ бидејќи дадовме аргумент плус пред Унијата. Беше важно за да нашата држава, преку Собранието уште еднаш застане пред тестот на правдата. Беше важно за да осигураме дека силите кои водат напред, кон ред и поредок, кон европски стандарди се сериозно побројни од структурите кои се уште не се промениле и стојат на страната на криминалот и корупцијата. Беше важно, за да осигураме дека законодавната и извршната власт ги презеле своите одговорности, за да можеме со чиста совест да ги повикаме судиите и обвинителите да носат правда растеретени од малцинските структури на ДПМНЕ кои се за неправда“-вели Заев во изјава за Прес24.мк. 
23-02-2020, 05:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:
Јово Вангеловски: Заев во снимката се прикажува како мој голем пријател, но во мај немаше активен предмет од СЈО во Врховниот суд!

23/02/2020 15:49

[Image: jovo-vangelovski-696x365.jpg]

Објавениот разговор или монолог на Зоран Заев ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател, вели за Плусинфо, поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, откако денеска Антонио Милошоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка на која се слуша гласот на Заев како зборува за предметите на СЈО и за влијанието на власта врз одлуките на Врховниот суд.

– Видно од објавеното писмо на прес конференцијата на господинот Милошоски, се објавува разговор воден во месец мај 2019 година во просториите на Владата, а во кој се спомнува моето име. Објавена е аудио снимка во која лицето З.З. кажува дека со мене нешто договорил. Јас тврдам дека во месец мај 2019 година пред Врховниот суд немаше активен предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка која не е овластен тужител во постапките согласно начелното правно мислење на овој суд. Сите тие постапки беа завршени неколку месеци пред тоа. Со господинот Заев, јас како претседател на највисокиот македонски суд, сум имал неколку средби остварени во премиерскиот кабинет при што бев почестен со кафе и со вода. Од тука, мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател – вели Вангеловски.

Тој нагласува дека битен податок од слушнатото, кој кореспондира со подоцнежните случувања е дека од споменатите судии за чие разрешување зборува Заев, а кои учествувале во две постапки, разрешени се вкупно тројца, а против сите останати постапките се запрени а повеќето од судиите се унапредени.

– Ако се анализираат повеќе јавни изјави на сопартијци на господинот Заев дадени од високи функционерски позиции, кои во прво лице множина зборуваат за моето разрешување, лесно ќе дојдеме до заклучокот дека се разрешени тројца судии кои не сакале да бидат послушници. Анализирајте кои се останатите судии против кои се водени двете споменати постапки, а за кои постапките се запрени и ќе видите дека повеќето од нив се веќе унапредени. Јас знаев дека постапката за моето разрешување, која сѐ уште трае, е политичка одлука, но добро е дека на овој начин и јавноста ќе биде запознаена, а господинот Заев денес јавно објави дека се работи за автентична снимка. Патем речено, маршот и митингот пред судовите се одржуваа на 17.02., дента кога се одржуваше рочиштето по мојата жалба, но кое, за нивна жал, се одложи, па листовите од напишаните говори на таа тема им останаа за рециклирање – додава Вангеловски за Плусинфо.
Судскиот совет го разреши Вангеловски од претседател на Врховниот суд и од функцијата судија во септември 2019 година. Покрај него, тогаш разрешена беше и судијката од Врховниот суд Рахилка Стојковска, како и уште еден судија. Тројцата беа разрешени поради несовесно вршење на функцијата.
23-02-2020, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(23-02-2020, 06:02 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:
Јово Вангеловски: Заев во снимката се прикажува како мој голем пријател, но во мај немаше активен предмет од СЈО во Врховниот суд!

23/02/2020 15:49

[Image: jovo-vangelovski-696x365.jpg]

Објавениот разговор или монолог на Зоран Заев ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател, вели за Плусинфо, поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, откако денеска Антонио Милошоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка на која се слуша гласот на Заев како зборува за предметите на СЈО и за влијанието на власта врз одлуките на Врховниот суд.

– Видно од објавеното писмо на прес конференцијата на господинот Милошоски, се објавува разговор воден во месец мај 2019 година во просториите на Владата, а во кој се спомнува моето име. Објавена е аудио снимка во која лицето З.З. кажува дека со мене нешто договорил. Јас тврдам дека во месец мај 2019 година пред Врховниот суд немаше активен предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка која не е овластен тужител во постапките согласно начелното правно мислење на овој суд. Сите тие постапки беа завршени неколку месеци пред тоа. Со господинот Заев, јас како претседател на највисокиот македонски суд, сум имал неколку средби остварени во премиерскиот кабинет при што бев почестен со кафе и со вода. Од тука, мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател – вели Вангеловски.

Тој нагласува дека битен податок од слушнатото, кој кореспондира со подоцнежните случувања е дека од споменатите судии за чие разрешување зборува Заев, а кои учествувале во две постапки, разрешени се вкупно тројца, а против сите останати постапките се запрени а повеќето од судиите се унапредени.

– Ако се анализираат повеќе јавни изјави на сопартијци на господинот Заев дадени од високи функционерски позиции, кои во прво лице множина зборуваат за моето разрешување, лесно ќе дојдеме до заклучокот дека се разрешени тројца судии кои не сакале да бидат послушници. Анализирајте кои се останатите судии против кои се водени двете споменати постапки, а за кои постапките се запрени и ќе видите дека повеќето од нив се веќе унапредени. Јас знаев дека постапката за моето разрешување, која сѐ уште трае, е политичка одлука, но добро е дека на овој начин и јавноста ќе биде запознаена, а господинот Заев денес јавно објави дека се работи за автентична снимка. Патем речено, маршот и митингот пред судовите се одржуваа на 17.02., дента кога се одржуваше рочиштето по мојата жалба, но кое, за нивна жал, се одложи, па листовите од напишаните говори на таа тема им останаа за рециклирање – додава Вангеловски за Плусинфо.
Судскиот совет го разреши Вангеловски од претседател на Врховниот суд и од функцијата судија во септември 2019 година. Покрај него, тогаш разрешена беше и судијката од Врховниот суд Рахилка Стојковска, како и уште еден судија. Тројцата беа разрешени поради несовесно вршење на функцијата.


Quote:Вознемиреноста на Вангеловски, познат како Јово превара е логична, нема спас за криминалците

[Image: SDSM_Web_default_flag.png]

23.02.2020
Соопштение за јавност

Логична е вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара, главна инсталација на режимот на Никола Груевски во судството.
Кумот на Трајко Велјаноски, познат како Јово превара, не може да бара политичка причина за неговото разрешување, затоа што беше разрешен поради одлука за поништување притвор после која осомничено лице се пушти во бегство.
Наместо политички фразологии Јово превара треба да одговори пред граѓаните зошто чувал десетици предмети во фиока?
ВМРО-ДПМНЕ и нивните извршители денеска се закопаа. Пуштија снимки од разговори со кои потврдија зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство
Јово Вангеловски, исто како и криминалецот Антонио Милошоски го знае новиот закон за ЈО, тие, заедно со Груевски и извршителот Мицкоски знаат дека предметите на СЈО ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. 
Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен.


Постои можност оваа соопштение да го снема нарави и скен од него!


[Image: image.jpg]
23-02-2020, 10:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(23-02-2020, 10:46 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: image.jpg]


Одговор на Јово Вангреловски на соопштението на СДСМ:


Quote:
Вангеловски побара јавно извинување од СДСМ, ако не ќе тужи за навреда

Плусинфо - 23/02/2020 20:49


[Image: jovo-vangelovski-696x365.jpg]
Ниту најмалку не сум вознемирен, одговори Јово Вангеловски на соопштението на СДСМ во кое од партијата велат дека е „логична вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара“. За оваа навреда поранешниот претседател на Врховниот суд побара извинување, а ако не го добие најави дека ќе покрене соодветна постапка.
„Ниту најмалку не сум вознемирен. Полна е со неточни податоци за постапката за мое разрешување. За предметот кој го спомнуваат постапката е запрена на 10.02.2020 година. А во таа постапка со мене сообвонети беа судии кои се унапредени, за што зборував во мојата денешна изјава. Меѓу нив е и нивниот миленик судијата Кире Здравев, сегашен претседател на Судскиот совет. За искажаната јавна навреда, доколку јавно не се извинат, ќе покренам соодветна постапка“, реагираше Вангеловски.
23-02-2020, 11:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:
Фала, друже Зоки – без тебе стварно не се може!
А бе две години сум мислел како да излезам на крај со твоите пропагандни песои што ме викаат „адвокат на мафијата“, со оној Гомнович со хумусот, со онаа Кучката 2.0 и со целата таа булумента. Цитирам закони, цитирам експертски мислења, аргументирам... Џабе! И ти бе Зоки, улетуеш ко ѓуле со онаа твоја златна реченица - како само убаво кажано, онака со свои зборови, алал да ти е - и спасуеш
Бранко Героски - 23/02/2020 20:40

[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Ауууууу… Зоки друже, шо бидé ваа рабóта, бе?!

Сакаш веруј сакаш не, од ратракон мој сум рипнал кога ми јавија. Трас-трас и готово, сибав мајката, нозете ќе ги скршев за малку…

Антонио му рокнал бомба на другарчето твое, ми вели еден шпијун. Заев рекол, бомбите паѓаат на Врховен суд. А со Јово Вангеловски бил шајка! И рекол – без Заев не може!

Што не може? Шокур знам што му значи тоа, вели шпијунот, ваљда без Заев ништо не може. А и ти шо викаш…

Ма јели то могуче?! Ајт таму, гаси ратракот! Трас-трас. Готово. Треба да се рабóте…

Ја преслушувам снимката едно тричетрнаесет пати. Ја сечел и ја лепел Антонио, мамката мрсна! Ама јеби га, ти си друже Зоки. Малкичко заебáно е. Ама сè што кажуваш, такá си е!

Ова на с’ј! Не сум ни ироничен ни злобен. Само суетен.

Абе две години, да простиш, паштети јадам за оваа иста работа – дека законот не дозволува нелегално прибавените докази да се употребуваат во судските постапки и дека ако се суди според законот, пресудите за предметите на СЈО ќе паднат.

Ме прогласија за „адвокат на мафијата“. А види шо си лафел ти, друже Зоки, па и ти си бил „адвокат на мафијата“. И Јово Вангеловски, џанам.

Елај си при нас, друже Зоки…

Хахаха!

А со Јово ти шајка, а? Затоа го смени? И со мене беше шајка, друже. Ти изгледа сите со кои си шајка, после ги мењаш…

Хехехе!
Али види, ова шо ломотиш на снимкава што ни ја пропшти Антонио, тоа милијарда и два кома три посто си во право! Дозволи да те цитирам:

„Што се случува во правото? Кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.“

Која ерудиција, која елоквенција, која убедливост… Да се кандидираше за Оскар наместо за Нобелова награда, ќе добиеше гарант. Оскар за медена уста од медена земја!

Ај уште еден цитат, цар си друже:

„Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДСМ и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега. Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не може да брка.“

И сеа… Викаш, ти као ова му го објаснуеш на некој од оние побегуљите од ВМРО-ДПМНЕ, за да сфати кутриот дека нема да наебе и своеволно и одговорно да си гласа за Законот за Јавното обвинителство. Ако добро те сфатив. Малку ме буни и ова со спомнувањето на Катица. Како од друго време да е. А и Јово Шајка нешто друго вели.

Ма не е ни битно. Ме боли таквоото кога и со кого си зборувал и со каква цел! Важно е кажаното. Тавата стоо!

Човече божји, па ти си ја кажал целата вистина! Во три реченици. Ти си Хајди. Да де, Хајдегер. Денеска ти (додуша, малку задоцнето и не по своја волја) ја обзнани целата бесмисла на формирањето на СЈО, целата голема театарска претстава со работен наслов „Курац правда, курац мир“, целата манипулација со јавноста и со медиумите, причината за агресијата насочена кон една единствена цел – елиминација на политичкиот противник и на јавната критика на твоето владеење.

„И Катица знае“, велиш во бомбата. Катица со просек шест и нешто и со неплатен тросед знаела. Боже мили! И Зоки, нормално, знае. Не може без Зоки… И Геро знае, ама он е безобразен и не е од наша. Ај Геро ќе биде крив.

Но еве, овој твој исказ целосно ме рехабилитира. Ме враќа на ратракот уште утре рано сабајле.

Фала ти, друже Зоки!

Фалимендерит шум! Мултиетнички и коалициски ова…

Ефхаристополи! Ова во чест на Преспанскиот договор.

Мерси! Ова како знак на внимание кон моите и твоите братја Блгари. И за Антонио, естетствено…

А бе две години сум мислел како да излезам на крај со твоите пропагандни песои, со оној Гомнович со хумусот, со онаа Кучката 2.0 и со целата таа булумента… Цитирам закони (еднаш во сон сум свикал „член 12 став 2 од ЗКП“), цитирам експертски мислења, аргументирам… Џабе!

И ти бе Зоки, улетуеш ко ѓуле со онаа твоја златна реченица – како само убаво кажано, онака со свои зборови, алал да ти е – и спасуеш утакмица у девееста минута!

Шилото врти, тоа е. И немој некој веќе да ми те оговарал, те Зоки подлажуел, те договор со него не може да се направи, те ова, те она… Има со мене да си има работа. Трас-трас и готово, мамичето нивно недоверчиво!

Јас, друже Зоки, дури дишам, дури не ми е скината жицава македонска (добро, извини, северномакедонска), дури важи Уставов, неизмерно ќе ти бидам благодарен за оваа сатисфакција што ми ја пружи.
Не ме гледаш сеа дур пишувам (ваљда), ама кога го велам ова, веруј ми – еве, рука на срце ставам!

Значи, без Заев стварно не може! Ништо бе не може, а на правна држава…

Јебала вас правна држава! За да имаш правна држава, прво треба да имаш држава. А ова држава ли е? Не е! А зошто не е? Не може држава без Заев премиер! Што е тука нејасно?

И Катица знае. Можда и Боки знае. Одозгора на тога.

Обаче, Антонио, ќе има ли нови бомби во б’дештето?
23-02-2020, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:[Image: 85135711_664258911011553_512663442091619...e=5EFBB705][Image: 87479028_664258901011554_742016616836890...e=5EEF2DBC]




[Image: image.jpg]
23-02-2020, 11:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Заев контрадикторен: Се демантира самиот себеси од снимката

24.02.2020
Баронот Минхаузен, олицетворението на лагата во животот, може вода да му носи на екс-премиерот Зоран Заев. Ова станува јасно откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави снимка на која се слуша како Заев функционирал и како премиер, и како преговарач, и како врховен судија, и како наводаџија, и како бранител на криминал, и како „борец“ за правда, но сфатена исклучиво по негов терк, и како давеник фатен во неговите лаги, кој се обидува да се фати за сламка за да се спаси од сопствените криминали.
А, за да се види сето ова доволно е само да се спореди содржината на снимката и неговиот обид, само обид и ништо повеќе од тоа, за одбрана. Зашто, многу лесно паѓаат в очи контрадикторностите, што не се баш малку, ниту за потценување. Згора, следува и неговот признание дека ВМРО-ДПМНЕ „не успева да направи конструкција“, што упатува на активиран Фројд кај него дека тој многу добро знае-да направи конструкција! Која потоа, нели, неговите медиумски гавази, според школата на Гебелс, треба да ја трансформираат во вистина.
Но, да одиме со ред.
„Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…“. Ова стои на самиот почеток на објавената снимка.
„Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство“. Вака Заев се обидува да се брани.
Како Зоран Заев знае, што знае Катица? И по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и каква одлука ќе донесе Врховниот суд? Знае, зашто очигледно биле на линија, што значи дека отворено се мешал и ја диктирал работата на Катица. Потоа, вели „одлуката на Врховен“, иако се работи за начелно правно мислење. Што наметнува и дополнителен заклучок дека од снимката станува јасно зошто Собранието не смогна сили да го толкува начелното правно мислење и да остане да виси и служи како алатка за дневно-политичка и правна пресметка.
„Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговараме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас-трас готово; Ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена“. Ова е вториот сегмент од снимката.

[Image: zaev-mars-360x214.png]

„Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за ЈО-покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката, што тогаш ја донесоа…“.
Иако не било трас-трас готово, Заев многу порано знаел за начелното правно мислење на Врховен, што сега го трансформира во „се зборува дека врховните судии јасно информирале…“. Не. Поверојатно е дека Заев не само што знаел, туку и директно учествувал во нарачката и носењето на мислењето на Врховен. А, за волја на вистината, целата јавност, а особено невладиниот сектор и правната фела се крена на нозе за да го „крене во воздух“ Врховниот суд, особено судијата Јово Вангеловски.





„Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се оебзбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат. Ова е третиот сегмент од снимката.
„ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеја дека предметите на СЈО беа под закана-Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен“. Вака Заев се обидува да се претстави како победник по објавувањето на снимката.
И токму тука Заев го прави превидот. Зашто, не е во прашање  тоа што „само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен“. Не, туку проблемот е што сега објавената снимка од страна на Милошоски не може во иднина да биде ни индиција за постапување на редовното Јавно обвинителство. А, ако некој смета дека сето ова што Заев го правел е најнормална работа, тогаш навистина има сериозни проблеми со самото сфаќање за слободно, без политичко влијание правосудство, и воопшто со владеењето на правото и функционирањето на правната држава.
Четвртиот и петтиот дел од снимката можат да се слеат во едно, што би можел да се идентификува како дел-Јово Вангеловски.
„Што е важно?…значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во Врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој; и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек…“. „Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел…Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка“, стои во снимката.

[Image: zaev-pravda-360x252.jpg]

И сега кој навистина го брани криминалот? ВМРО-ДПМНЕ или Зоран Заев? Та, нели, за јавноста Вангеловски беше корумпиран, ваков, таков, никаков!? А, СДСМ, пак, во соопштение додава дека ги викале „Јово превара“. И како тоа Заев да ти бил прв другар со тој и таков Вангеловски?! Веројатно имале многу нешта заеднички, што само они си ги знаат, ама со ова Заев постапувал директно спротивно од тоа што значело препорака од Калето. Што ќе рече, Заев на своја рака го дриблал.
Конечно, од каде потекнува снимката и кој е вистинскиот тајминг кога таа е направена. Милошоски веќе на двапати укажува дека таа е од мај минатата година, а Заев тврди дека е од многу порано и тоа од разговори, што ги водел со осумтемина независни од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Денеска, пак, и тие самите потврдија дека они не го снимале Заев, што значи дека и во овој сегмент тој не ја говори вистината.
 
24-02-2020, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11



24-02-2020, 03:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Милошоски утре во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција


[Image: milososki-2-696x416.png]

24.02.2020
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски утре во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што вчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.
Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудио снимка, во која, како што рече се слуша гласот на Заев, како тој како премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.
Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.
24-02-2020, 05:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:На Рускоска не и се гледаат снимки од камери кај Заев, од Милошоски бара конкретен датум



26.02.2020
Обвинителката Вилма Рускоска објаснувајќи ги снимките кои ги достави пратеникот Антонио Милошоски објасни дека од него побарала сведоци кои ќе ја поткрепат снимката. Обвинителката исто така рече дека е несериозно барањето на Милошоски да се провери кој влегувал во кабинетот на поранешниот премиер Заев во мај минатата година.

Quote:Тој ми рече да сум побарала снимки од безбедносните камери во владата од цел мај минатата година. Сметам дека тоа е прилично несериозно имајки предвид колку многу влегуваат и излегуваат од кабинетот на премиерот. Друго ке беше ако тој ми посочеше точен датум. така би било возможно но тој не ми посочи датум, рече Русковска.

Меѓутоа, ваквата изјава наликува повеќе на алиби за да не се работи околу снимката, отколку на некаков аргумент. Зашто, Милошоски, посочи кој учествувал во разговорот и при тоа спомена дека на него бил пристутен еден од учесниците во „Рекет“ и едно непознато лице.
Оттука нејзината оценка за несериозност повеќе говори за нејзина несериозност. Снимката од камерите во владата не мора да ја гледа лично обвинителката, тука може да го сторат нејзини помошници и стручни соработници.
Единствено што треба да се утвррди е кога во мај, и кој од учесниците во „Рекет“ влегол во кабинетот на поранешниот премиер Заев.
26-02-2020, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Новинарот Димовски со екслузивна информација за снимките што ги објави Милошоски






26. февруари 2020
Во денешното издание на емисијата „Што не е јасно?“ каде гостуваше обвинителката Вилма Русковска новинарот и водител, Саше Димовски објави ексклузивна информација за снимките кои ги објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој истакна дека оној кој што снимал е обвинетиот во „Империја“ и рекетиран од страна на власта, Цветан Панделевски. На овој начин новинарот го поврза Зоран Заев директно со случајот „Рекет“.

Quote:Добивте две снимки минатата недела денеска дел ги искоментиравте му порачавте на Антонио Милошоски кој ви ги предаде снимките да предложи и сведоци рековте дека нема да барате од Владата кој се влегувал во тие 30 дена на месец мај на средби со премиерот тогашен Зоран Заев за тоа кој влегувал во Владата за да видиме дали е тоа автентично. Ако јас вечерва ви речам дека на една од снимките на која премиерот зборува за ситуацијата во Врховниот суд му објаснува според моите сознанија на Цветан Панделевски, Цветан Панделевски утре ќе се појави како сведок во постапката „Рекет“, дали ќе го прашате дали тој бил на средбата со премиерот, праша Димовски.

Утре не можам да го прашам, одговори Вилма Русковска.
27-02-2020, 01:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Героски: Разговорите од бомбата покажуваат дека Заев го уништи правниот систем






26. февруари 2020
Вечерва на емисија на ТВ Алфа гостуваше новинарот Бранко Героски кој што појасни дека е срамота тоа што се слушна на бомбата од Милошоски.

Quote: Wrote:„Зоран Заев да договара пресуди и да вели дека без него судски одлуки не се носеле, тоа е класично уривање на правниот систем во Македонија. Не знаевме дека премиерот Зоран Заев во тоа време, човекот Алфа и Омега на македонската политичка сцена во овие три години всушност конкретно знаел и зборувал, разговарал со соговорник кој се уште ни е непознат. Кај што му вели – ’Ова не важи, овие пресуди ќе паднат на Врховниот суд, знае Катица Јанева, знае претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, ова се ќе падне на Врховен суд’, ова сето укажува на дерогирање на правото. Односно уништување на правниот систем,“ истакна Героски.

Тој додаде дека бомбата на Милошоски ни кажува дека операцијата на Заев е направена свесно со знаење дека ова не може да помине.

Quote: Wrote:Јас во моите колумни пишував дека тие пресуди ќе паднат во Македонија, ако не паднат во Маекдонија ќе падната во Стразбур. Луѓето биле свесни дека ќе падне на Врховен суд, без Заев не може нели? Без Врховниот суд не може. Сугерира господин Заев, вели дека биле договорени со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Јас тоа се обидов да го проверам директно од г. Јово Вангеловски кој тврди резолутно дека тоа не е точно, но нема што да се договара тоа. Тоа законот го кажува, рече Героски.
27-02-2020, 01:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Милошоски ургира кај Вангеловски и се јавува на судии за предмет поврзан со неговиот татко?

06.03.2020
Попладнево на YouTube беа објавени пет прислушувани разговори во кои се слуша како Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ургира кај тогашниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, а потоа и кај други судии, за судски предмет поврзан со неговиот татко, односно со Здружението на возачи-Кичево.




























Сите разговори се објавени на каналот: [video=youtube]ГолиТру[/video]
(This post was last modified: 06-03-2020, 10:07 PM by ЈорданПетровски.)
06-03-2020, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

[Image: image.jpg]
06-03-2020, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

[Image: image.jpg]






[Image: 1.jpg]





[Image: 2.jpg]



07-03-2020, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

[Image: 3.jpg]







[Image: 4.jpg]







[Image: 5.jpg]
07-03-2020, 01:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,709
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20







Само 10% од онаа што го говори Александар да е точно Заев, Русковска и дружината мора да добијат доживотни затворски казни
07-03-2020, 02:31 PM
Reply