Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТИ НА „ОРГАНИЗАТОРИТЕ“ НА 27.04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Се одложи судењето за организаторите на 27 април


 21 февруари, 2020
Се одложи првото рочиште на кое Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Анастасовски се обвинети како организатори на настаните од 27 април.
Четворицата денеска се појавија на јавната расправа – Јанакиески, Ристовски и Анастасовски беа спроведени од домашен притвор, а Вељаноски се појави последен и седна сам во вториот ред од судницата.





Судењето се одложи бидејќи одбраната се пожали дека не се добиени сите докази за случајот за обвинетите да може да се произнесат за вината. Судијата Иле Трпков го одложи судењето за 26 февруари велејќи: „Водевме сметка за тоа на Миле Јанакиески да не му се поклопува ова со други судења“.
Обвинителката Вилма Русковска рече дека одбраната предложила по 300 сведоци од обвинет и дека се надева оти без да се загрози одбраната, ќе се намали оваа бројка. Одбраната, пак, побара да ги добие сите докази со кои располага Обвинителството бидејќи материјалите се наоѓале во Апелациониот суд, кои се дел од предметот во кој претходно беа осудени 16-мина на повеќе од 200 години затвор.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“, кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.
Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не им станат достапни на органите на прогонот.
23-02-2020, 01:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Што е и што крие операцијата „Платформа“!?


22.02.2020
Еден детал од вчерашниот почеток на процесот против „организаторите“ за настаните во Собранието од 27 април 2017 година како да остана незабележан од страна на медиумите.
Еден од адвокатите на обвинетите во поднесок до судот побара од Агенцијата за национална безбедност да се обезбеди документацијата од операцијата „Платформа“, што ја водела поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање!?
До сега во јавноста никогаш не било од кого-било споменато дека воопшто постоела некаква операција, што се водела под кодното име „Платформа“. Оттука и изненадувањето, што таа за првпат се споменува и тоа директно во судницата на Кривичниот суд.
Што, всушност, претставувала операцијата „Платформа“, од кога датира таа, кој ја организирал и спроведувал, дали зад неа стои тогашното раководство на тогашната УБК или некои оттргнати нејзини делови, кои не биле под негова контрола, каква била целта на операцијата… Очигледно, постојат многу прашања на кои ќе треба да се добијат одговори.
Но, за почеток основно е дали Агенцијата за национална безбедност ќе го дозволи овој доказ или ќе најде милион изговори тој да не стигне до „бела виделина“, па макар и на затворено за јавноста судско рочиште. Факт е дека меѓу „организаторите” се наоѓа и поранешниот директор на тогашната УБК, Владимир Атанасовски, а исто така е и факт дека во контекст на настаните од 27 април 2017 година низ медиумите беа споменувани не само домашните, туку и странски тајни служби.



Што ли ке излезе од оваа вест?
Кој ке го јаде стапот?
Спред онаа што Рускоска, Заев и СДСМ никогаш не споменаа дека постоела Операција „ПАЛТФОРМА“ излегува дека е нешто што е на штета на СДСМ и Заев.
Дали името на оерацијата „ПАЛТФОРМА“ е план како да се спроведе Тиранската Платформа?
Сприведување на Тиранската Платформа било невозможно без освојување на власта!? А осојување на власта започнува со устоличување на свој председател на Собранието!
Кога беа судени и осудени уставобранителите никој не ја спомена ПЛАТФОРМАТА!!
23-02-2020, 02:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Рускоска: Груевски преку медиуми ги повикал граѓаните на протести

21.02.2020
Никола Груевски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски го мобилизирале членството на ВМРО-ДПМНЕ за протестите од 27 април 2017 година пред законодавниот дом, рече шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната прес-конференција.
Никола Груевски, Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за истото дело во оваа истрага за настаните на и пред 27 април ќе се сомничи и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој е веќе во притвор.
Рускоска истакна дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку медиуми ги повикал граѓаните на протести.

Quote:Осомничениот Н.Г. како тогаш претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција цела партиска структура на таа политичка партија. Имаме и пораки. Дел се обезбедени. Бидејќи се работи за истражна постапка доказите ќе бидат испратени до судот затоа што според законот судот е тој што поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда, рече Рускоска.

Во ставањето во функција на партијата тука биле уште двајца осомничени, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Цело време, како што рече обвинителката, имало партиска координација со месните и општинските комитети на партијата за излегување на протестите кои се организираа периодот пред 27 април, како и повикување на масовност дента на упадот во Собранието.
 



Патриската обинителка Вилам Рускоска вели:
-„Осомничениот Н.Г. како тогаш претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција цела партиска структура на таа политичка партија. Имаме и пораки. Дел се обезбедени. Бидејќи се работи за истражна постапка доказите ќе бидат испратени до судот затоа што според законот судот е тој што поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда, рече Рускоска.“
Повикување на протести и протести се дозволени со Устав.
Обинителкава нека ја прочита одлуката на Врховниот суд на Шведска во која јасно вели дека настаните од 27.04 се политички а не терористичли акт!
Бранителите на обинетите ке треба да побараат присуство на судењето на амбасадорите од земјите членики на ЕУ , меѓу кои е и Шведска и главниот аргумент на кој ке се темели одбраната да им биде одлуката на Врховниот суд на Шведска, односно врз законите на ЕУ!


[Image: 1.jpg]





пс.одговор на барањето на екстадицијана Груевски од Унгарија ке биде ист како и одговорот на Врховниот суд на Шведска.
ппс. Заевистичката банда која е „за влез во ЕУ“ а чиј вископозициониран член е Рускоска упорно не ги почитува законите на ЕУ.
(This post was last modified: 23-02-2020, 02:31 AM by ЈорданПетровски.)
23-02-2020, 02:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:За Вељановски обвинението за “27 април” е политички прогон, а Јанакиески невиност ќе ја докажел во судница

[Image: 27april-sudenje-5-696x375.jpg]

26/02/2020
Со читање на обвинителниот акт за организаторите на 27 април од страна на обвинителката Вилма Русковска започна денешното судско рочиште.


Таа рече дека обвинителството ќе докаже дека обвинетите во овој судски процес се обиделе да го урнат уставниот поредок, за да оневозможат мирно предавање на власта.

-Ќе слушнете како Јанакиески и Ристовски критичниот ден се јавувале по штабовите и организирале превоз до Скопје за поголема масовност на протестот и за влегување на народот во Собрание. Ќе ги слушнете пораките испратени до луѓето. Вратите ги отворија затоа што така им беше кажано од обвинетите, но и од нивниот лидер, Никола Груевски, кој толку сакаше да се соочи со народот на избори, но кога требаше да се соочи со правдата најкукавички избега, рече Русковска.

Па потоа продолжи:

– Трајко Вељаноски додека се интонираше химната на Албанија наместо да го спречи пеењето на пратеникот што беше иницијална каписла за насилствата, тој не заборави да се допишува со неговиот шеф Груевски. Дали обвинетиот се обиде да ги заштити своите колеги пратеници? Тој не само што не направи ништо, туку тој ѝ помогна на група предводена од Никола Митревски Кољо да стигне до салата 3 каде што беа новите пратеници. Ете таков човек сме имале за претседател на Собранието, рече Русковска.

По неа обвинетите се изјаснуваа за вина, односно истакнаа дека се невини.

–Ова е класичен политички прогон. Апсолутно, не се чувствувам виновен, рече Вељаноски.

И Спиро Ристовски рече дека не се чувствува виновен и дека е цел на политички прогон. Миле Јанакиески рече дека невиноста ќе ја докажел низ постапката, а Владимир Атанасовски кратко кажа дека не се чувствува виновен.

Судењето продолжува на 9 март со сослушување на сведоци, а прв е повикан актуелниот технички премиер Оливер Спасовски.





Quote:Трајко Вељаноски додека се интонираше химната на Албанија наместо да го спречи пеењето на пратеникот што беше иницијална каписла за насилствата, ...




Значи според неа мотивот за влегување на протестантите во Собраниетот е пеењето на химната на Албанија.
Ми се наметнува прашање зошто ЈО не поднело досега ОБВИНЕНИЕ за пејачот на химната на Албанија кое според Русковска е сериозен прекршок на законот.
Едно прашање за оние кои ги знат деталите колку време поминало од пеењето на химната до везот на демонстрантите во Собранието?
26-02-2020, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Nikola Gruevski
38 mins ·


Изјава по повод денешното обраќање на Русковска

Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции.
Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене.
Неправедно и незаслужено, без вина и со политички конструиран случај да треба да влезеш во затвор во кој ти се спрема ликвидација, не е воопшто соочување до правдата. Како што не е бегање од правдата ако одбиеш да го прифатиш тоа.
Нарачателот на политичкиот прогон неодамна јавно призна аудио снимка со негов разговор во кој тој лично говори и подобро и од мене објаснува дека бил свесен дека аудио матерјалите се незаконски прибавени и како резултат на тоа бил свесен дека ќе паднат на повисок суд, но сепак на крајот воден од омразата неуставно креираше закон со кој за мене и многу од мојата партија истите да можат да се докази а за него во иднина ако излезат слични да неможат да бидат докази. Пресудата против мене се темелеше исклучиво на тие аудио матерјали иако и од нив не произлегуваа никакви докази за моја вина, ниту пак сум осуден дека е направена некоја штета на буџетот или лична матерјална корист за мене. Но истовремено тој ни раскажа како сите работи околу судењата лично и користејќи ја својата моќ ги договоарал со судиите и обвинителите.
Аудио матерјалите истовремено се и само копии кои не се споредени со оригиналот и неслучајно судот бега од вештачење на нивната целовитост, автентичност и веродостојност преку нивна споредба со оригиналот. Но, додека да паднат незаконските т.н. докази, очигледно планот беше, бидејќи немаа за што друго да ме стават во затвор, да го направат тоа незаконски и со политичка нарачка за нешто за кое немам вина и на тој начин да ме елиминираат. На крајот, видовме дека дури и оној кој ги имал аудио матерјалите, пред неколку месеци во судот даде изјава дека тие аудио матејали биле “страотно манипулирани и сериозно компромитирани” откако тој бил лишен од слобода.
Никогаш не сум дал инструкција или не сум побарал од било кого да се отворат вратите на парламентот или да се влезе во него и примени физичка сила. Ниту усно, ниту писмено, ниту телефонски ниту преку телефонска порака. Како што веќе се произнесе и судот во Шведска во еден од случаите за кој расправаше тој суд, влезот во парламентот го оквалификува како народен бунт со нагласување дека не станува збор за тероризам.
Сите видовме како власта свесно и со умисла го прекрши уставот и со тоа свесно го предизвика народот кој веќе беше насобран пред парламентот во време во кое секој ден околу еден час беше таму во претходните два месеци пред настанот.
Истиот суд во Шведска потврди дека во Македонија не постојат услови за фер судење и дека овој случај е политички прогон. Шведска е земја членка на ЕУ. Истиот тој суд му препорача на еден од учесниците во настаните на 27 април да побара азил во Шведска заради политички прогон.
Досега три земји членки на ЕУ издадоа азил во политички монтирани судски случаи во Македонија. Тоа многу говори за правдата и начинот на недемократско и со терор владеење во Македонија.
26-02-2020, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



12-05-2020, 01:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Сведок го поби тврдењето на Рускоска за организаторите на „27 април“

13.05.2020
Kако што минува времето и повеќе напредува судењето за настаните од „27 април“ така се повеќе излегува на виделина тенденциозноста на обвинителката Вилма Рускоска по секоја цена да се обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е организатор на протестите организирани под името „За заедничка Македонија“, како и на упадот во Собранието.
На денешното рочиште, сведок беше Антонио Кочков. Тој потврди дека вечерта на 27 април влегол во Собранието, бидејќи вратите биле отворени и кога влегол во главната сала видел поголема група како ја пее македонската химна.
Она што е најважно е дека тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржувало протестите, но оти во никој случај не биле организатори.
Со ова, паѓа главниот аргумент и теза која ја наметнува Рускоска дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите. Обвинителката по завршувањето на рочиштето излезе од споредниот влез и не даде изјава иако обично излегува на „голема врата“ и наголемо одоговара на новинарски прашања.
Дека денеска не и беше денот на обвинителката покажа и сведочењeто на тогашниот пратеник oд СДСМ, Оливер Спасовски. Таа не дозволи да му биде поставено прашањето дали бил поддржувач на Шарената револуција, но затоа инсистираше сведокот да направи паралела во функционирањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, што судијата не го дозволи.
Според адвокатот Еленко Миланов, сведокот Оливер Спасовски денеска потврдил два факти.
Тоа е дека на координаците во Собранието не постоела апсолутно никаква согласност за примена на член 78 став 2 како што тој сметал дека треба да се примени и уште поважно со оглед дека е пратеник од 2006 од таа година никогаш не била прекината точката во момент кога има пријавени кандидати за понатаму да може да продолжи по наредна точка или по друга седница.

Quote:Тоа постапување на Трајко Вељановски е сосема деловнички и правилно е постапено, вели Миланов.

Адвокатот додава дека овде се суди за организатори на настаните од 27 април, а не на подджувачи како што во случајот биле ВМРО-ДПМНЕ.
13-05-2020, 08:14 PM
Reply