Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ И ПО ОВАА ОБЈАВА НА ЛА ВЕРИТА ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ НЕМА ДА ЗАМИНАТ ВО ШУТКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Нов скандал
Ла верита со нови документи: Зоран и Вице Заев вмешани во купопродажба на гласови во Македонија
Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник Ла верита. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини?

[Image: mkd-452512.jpg?itok=Ej55SWeg]

25.01.2020
За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

[Image: mkd-452515.jpg?itok=LI7_nsD4]

Авторот на овој текст пишува дека по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, можеда продолжиме со објавување во три дела  документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.
„Тој за време на парламентарните избори во 2014година, како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев. Доказите за таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да почне судски процес против осомничените.

[Image: mkd-452516.png?itok=u6paShM6]

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, роковите не се застарени, па може да се очекува дека сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот.
Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се на располагање на обвинителството, ќе објавуваме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.
Податоците од истражните мерки на делото според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период  се фалел дека е одбран од Европската Унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници.
Фактот што во 2014 година македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини, екс-претседателот на Европската Комисија  Јункер, и на администрацијата на Обама, бидејќи го одбрале Заев како нивен човек од доверба.
Тоа што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен договор помеѓу тогашниот премиер Груевски и марионетата на Могерини, Зоран Заев.

[Image: mkd-452513.jpg?itok=ecv1jfHr]

Со оглед на тоа што Груевски, преку неговиот братучед и доверлив шеф на тајните служби Сашо Мијалков, имал достап до секоја информација, реално е да се помисли дека ги знаел и сите детали за истрагата која што ние ја анализираме.
На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза која и ден денес е присутна во Македонија.
Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент.
Од тогаш почна тешкото контрирање кон премиерот Груевски и отворената поддршка за Заев од страна на одредени западни тајни служби, Могерини и Сорос, кои го снабдија претседателот на СДСМ со снимени разговори кои го отсликаа непотистичкиот систем на тогашниот премиер.
Исто така Заев имаше и финансиска поддршка се до неговото доаѓање на власт благодарение на криминалната употреба на снимените разговори предадени на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Новата институција се создаде по барање на Могерини за да се легализираат снимените разговори што ги доби Заев. Институцијата СЈО беше доверена на личност која врз база на доказите претходно објавени од наша страна сега се наоѓа на суд.

[Image: mkd-452514.png?itok=g6Coj_Mp]

Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес, базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата.
Наша желба е документите што ги поседуваме да ја активираат работата на обвинителските институции во Македонија, и како што подвлече новиот унгарски комесар за проширување Оливер Вархејли за време на посетата на Скопје минатата недела, да помогнат на обвинителите да докажат дека се способни да го променат своето делување пред крајот на март. Комесарот се надева дека дотогаш македонскиот парламент ќе може конечно да подготви закон за Јавно обвинителство доближувајќи го до стандардите на владеењето на правото на западните земји. Тоа би бил вистински чекор напред за влез во Европската Унија, еден ден.
Во видеото што го објавува Ла Верита се гледаат делови од материјали поврзани со купување гласови на граѓани“, пишува весникот Ла верита.
 
25-01-2020, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

January 25, 2020

[Image: Screenshot_20200125_072722.jpg?resize=696%2C673&ssl=1]
25-01-2020, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Русковска тврди Заеви се невини, според најавите не и се пишува добро

[Image: vilma-ruskovska.jpg?resize=696%2C365&ssl=1]

25.01.2020
Обвинителката Вилма Русковска потврди дека објавените документи од страна на Ла Верита се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година. Тогаш таа на распит ги повикала Зоран Заев и неговиот брат Вице но во 2018та случајот е затворен.
Русковска вели оти немало докази дека осомничените сториле кривично дело.
„Тоа што објави Ла верита се извадоци од истрагата на обвинителстовото. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, вели за Сител обвинителката Вилма Рускоска.
Според Заев пак, случајот за наводни изборни нерегуларности имал политичка позадина бидејќи СДСМ не ги признала тогашните избори.
„Ако имале какви било докази, верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе. Значи немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат обвинение“, изјави Зоран Заев, Претседател на СДСМ.
Италијанскиот весник пак најави дека во следните деновите ќе објавува извадоци од документите кои ги поседува.
На социјалните мрежи пак профили кои досега објавувале точни информации најавуваат дека ако се објават целосните разговори ќе се види дека Русковска не е во право и дека обвинителството незаконски го запрел процесот.
25-01-2020, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Документи за изборна измама
„Ла верита“: Заеви бркале од работа и исклучувале од струја цели ромски семејства кои не гласале за СДСМ
Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови. Социјалдемократите посебно ги таргетирале Ромите. Кој ги следел наредбите за возврат добивал пари или градежен материјал, пишува во второтo продолжение италијанскиот весник „Ла верита“ за скандалот со купување на гласови од страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешен премиер на Македонија.

[Image: mkd-452614.jpg?itok=23ioe9-h]

26.01.2020
Новинарот Ларис Кајсер, по вчерашното прво продолжение од најавената серија написи за изборните манипулации во Македонија во 2014 година, пишува дека од материјалите што ги поседува може да се види длабоката вмешаност во овие афери и на македонскиот правосуден систем. Тој тврди дека документацијата што ја поседува ја имало и обвинителството кое досега воопшто не реагирало.
„Постоечката документација во обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека екс-премиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.
Од анализираните документи може да се види сценариото според  кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега.

[Image: mkd-452612.jpg?itok=UT-vtb01]

Една од двете менувачници, „Даскал", е во сопственост на Марјан Даскаловски кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ. Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура. Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев.

[Image: mkd-452611.jpg?itok=32Vfcx3O]

Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите. Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии.
Тоа што „Ла верита” го објави вчера предизвика итна реакција од екс-премиерот Заев и главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која прашана од македонските медиуми, изјави јасно дека случајот не го процесуирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш?!
Експлицитниот доказен материјал со кој располага македоснкото обвинителство ја прикажува сликата за една реалност која е надвор од сите нормални и легални политички стандарди.
Во различни делови од разговорите има и дијалози на Вице Заев од кои се гледа дека тој бил во можност да го контролира од близу однесувањето на цели фамилии. Во разговорите братот на Зоран Заев, бара објаснувања од соговорниците за однесувањето на нивните жени и деца кои дејствувале спротивно на интересите на СДСМ. Вице бил лут зошто некои од нив присуствувале на митинзи на соперничките партии.

[Image: mkd-452613.jpg?itok=vHd3b5e_]

Постојат аудио снимки во кои Заев, информиран за гласања против СДСМ, побарал казна веднаш да се избрка од работа цела фамилија, една негователка, еден шофер, но и да се исклучат од струја одредени семејства преку локалната компанија за електрична енергија, во сопственост на австриската ЕВН.
Од истите документи се гледа дека целиот систем на купување гласови се базирал на константни уцени кон луѓето, конкретно Ромите како дел од жителите на Струмица.

[Image: mkd-452630.jpeg?itok=peo9YqHQ]

Осомниченото злосторничко здружение кое било под истрага си ги олеснувало своите крајни цели и преку издавање лични карти по скратена постапка, имајќи ја предвид македонската бирократија, со цел гласачите да можат навремено да ги упатат кон гласачките места.
По ова искуство од минатото (тогаш на власт беа ВМРО-ДПМНЕ), сега следуваат предвремени парламентарни избори во Македонија. Ќе видиме дали македонското обвинителство ќе продолжи со истрагите и како ќе се однесуваат државните институции“, пишува „Ла верита“.
 Видеото што го објавува весникот покажува документи и транскрипции од аудио разговори со уцени, поткуп, закани, отпуштања од работа, исклучувања од водоводна и електрична мрежа, рекет на стопанственици, извршители, нотари...

мкд.мк
26-01-2020, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 82827881_2565622913667834_55372903015147...e=5ED5EF43]
26-01-2020, 04:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ЛА ВЕРИТА ФРЛА “БОМБА“: "Гласовите за Заев плаќани по 10 евра“

26.01.2020


[Image: 724580-la-verita-frla-bomba-glasovite-za...video.jpeg]


Ла Верита објавува детали од најавениот скандал за купопродажба на гласови во Струмица од изборите во 2014 година, во кој учествуваат екс премиерот Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев и
Марјан Даскаловски пратеник од СДСМ, Зоран Георгиев директор на комуналното претпријатие, Лорета Георгиева, негова сопруга, судијка и член на Судскиот совет, Асан Асанов, задолжен за плаќања на Бетовенова

Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови.
Социјалистите посебно ги таргетирале Ромите: кој ги следел наредбите, добивал за возврат пари или градежен материјал.


Ларис Гајзер 26.01.2020, Ла Верита
[Image: Screenshot_13.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита


Како што рековме, денес продолжуваме со објавување видео по однос на нашето истражување кое се однесува на македонскиот правосуден систем. Постоечката документација во обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека екс-премиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите коишто живеат во Струмица.


[Image: signal-attachment-2020-01-26-071456.jpeg]


Анализираните документи опишуваат сценарио во кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер.
Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега.
Една од двете менувачници, "Даскал", е во сопственост на Марјан Даскаловски кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ.
Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни материјали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура.
Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец - Струмица, Зоран Георгиев. Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите.
Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии.


[Image: Screenshot_14_0.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита


Тоа што “Ла Верита” го објави вчера предизвика итна реакција од страна на екс-премиерот Заев и главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која запрашана од македонските медиуми, изјави јасно дека случајот не го процесуирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш?!
[Image: Screenshot_15_0.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита


Експлицитниот доказен материјал со кој располага македонското обвинителство ја прикажува сликата за една реалност која е надвор од сите нормални и легални политички стандарди.

Во различни делови од разговорите има и дијалози на Вице Заев од кои се гледа дека тој бил во можност да го контролира одблизу однесувањето на цели фамилии.

[Image: Screenshot_19.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита

Во разговорите братот на Зоран Заев, бара објаснувања од соговорниците поради однесувања на нивните жени и деца кои дејствувале спротивно на интересите на СДСМ, односно се лути што тие присуствувале на митинзи на соперничките партии.
[Image: Screenshot_20_0.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита

Следствено на тоа, постојат аудио снимки во кои Заев, информиран за гласања против СДСМ, побарал за казна веднаш да се избрка од работа цела една фамилија, една бејбиситерка, еден шофер, но и да се исклучат од струја одредени семејства преку локалната компанија за електрична енергија, во сопственост на австриската ЕВН.
[Image: Screenshot_24_0.png]
Фото: Принтскрин Ла Верита
26-01-2020, 04:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,919
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



26-01-2020, 11:50 PM
Reply