Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЧНУВА СУДЕЊЕ НА „ОРГАНИЗАТОРИТЕ“ НА 27.04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,070
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Почнува судење за Вељановски, Јанакиевски и други – обвинети за организатори на “27-ми април”

[Image: mkd-446909.jpg?itok=TTrdj85L]



9. јануари 2020. 
Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, бидејќи судот позитивно го оцени обвинителниот акт за  организаторите на „27 април“ и го одобри во целост.
-Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.
По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението на судот.
Според обвинителството, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, обвинетите подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
10-01-2020, 10:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,070
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Обвинение
ОЈО: Груевски, Вељаноски и другите ги испланирале настаните на 27 април


[Image: mkd-419291.jpg?itok=0RdW-6hM]

09.01.2020
Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, во 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, стои во обвинението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според обвинението тое со акти на насилство за да оневозможат примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство, организирале протести кои материјално ги помагале, постојано го намалувале бројот на полициски службеници ангажирани за обезбедување на протестите и на Собранието во кои ги вклучиле патриотските здруженија, презеле мерки да се отстранат пречките за да се овозможи непречен влез на масата народ во Собранието на Република Македонија во Скопје, ангажирале лица за вршење насилство за да се оневозможи и спречи избор на претседател на Собранието.
„Обвинетиот Н.Г. сега недостапен на органите на прогон како претседател на политичката партија ги повикал граѓаните на протести организирани од таа политичка партија искористувајќи телевизиски медиум со зборовите „народот да не седи дома во папучи да ја земе судбината во свои раце“ за што помасовно граѓаните да се приклучат на протестите, ја ангажирал партиската структура и материјални средства“, се посочува во обвинението.
Вељановски, како што наведуваат од Обвинителството, требало да оневозможи избор на претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство, додека Јанакиевски и Ристовски непосредно и секојдневно ги контактирале и координирале Градскиот комитет на Скопје и месните комитети на партијата како и организаторите на протестите.
„Обвинетиот В.А. тогаш директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и обвинетиот Н. Б. сега недостапен на органите на прогон, вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводена од веќе обвинетите А.В.-Н. и Н.М.-К. одржувајќи постојани средби во кафе бар „Аристократ“ сопственост на веќе обвинетиот А.В.-Н. каде ги договарале деталите околу протестите најпрво организирани пред Државната изборна комисија во месец декември 2016 година вклучително правење и молотови коктели, а подоцна и деталите за протестите под мотото „За заедничка Македонија“, а исто така ги организирале и координирале водачите на патриотските здруженија „Владо Чернозески“, „Андон Јанев Ќосето„, „Тврдокорни“, се наведува во обвинението.
Имено, Атанасовски и Бошковски ги вршеле активностите со цел по секоја цена да се спречи мирно предавање на власта со избор на претседател на Собранието на Република Македонија, а веќе обвинетиот Митко Чавков, тогаш директор на Бирото за јавна безбедност и носител на златна команда при оперативна акција „Платформа“ постојано го намалувал бројот на полициските службеници за обезбедување на протестите, како и тоа полицијата да не реагира доколку дојде до инциденти.
„По насока на обвинетиот Н.Г. обвинетите М.Ј. и С.Р. до претседателите на општинските комитети по телефон испраќале насоки за масовност на протестите, претседателите на општинските комитети испраќале пораки до претседателите на месните комитети, тие до претседателите на изборните единици на политичката партија меѓу кои и пораките со содржина „ве молам лицата за интервентни ситуации и сите други што можете известете ги да бидат на готовс во секој момент можеме да дадеме насоки“, „сите членови доаѓајте испред Собрание сега е моментот“, се посочува во обвинението.
Според обвинението, на 27 април 2017 година Благоја Василевски, телохранителот на Груевски, со кого бил во Виена, во 14:39 часот контактирал со неговиот брат веќе обвинетиот А.В.-Н. кој веднаш со веќе обвинетиот Н.М.-К. телефонски ги контактирале веќе обвинетите Ј.Ч., И.Ј., М.Д., З.С. за кого постапката е запрена согласно Законот за амнестија, М.М. за кого постапката е запрена согласно законот за амнестија и Д.Д.- Д сега недостапен на органите на прогон го мобилизирале членството од Скопје и други градови за да извршат во одреден момент насилен упад во Собранието на Република Македонија однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили.
„Во 14:54 часот обвинетиот Т.В. испратил порака до обвинетиот Н.Г. сега недостапен на органите на прогон со содржина „да Ве информирам дека Заев имаше прес во Собрание и процедурално на седница и најави дека мнозинството ќе го избере претседател на Собрание. Местото може да е во сала во Собрание, во ходник, на скали, во МАНУ, на Правен факултет….“, во 16:04 часот обвинетиот Н.Г.  му испратил порака на обвинетиот Т.В. со содржина „од П.К.: од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Т. за попладне после 17,00 часот се спрема избор на Т. за претседател по иницијатива на СДСМ“, стои во обвинението.
Атанасовски им дал наредба на веќе обвинетите В.А. и О.Р. да ги извадат хард дисковите од собраниските камери со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело, Чавков давал наредби да се делува пасивно, а Бошковски со возило марка „Голф“ во сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел оружје и тоа автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци кое требало да се подели на лицата кои протестирале и кои имале искуство со ракување со оружје, стои во обвинението на ОЈО.
10-01-2020, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,070
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Nikola Gruevski
1 hr ·
Во врска со известувањата на неколку македонски медиуми инспирирани од одлуката на судот за прифаќање на предметот ,,27ми април,, сакам да посочам неколку клучни работи.
Лага е веста дека јас или партијата ВМРО-ДПМНЕ сме организирале упад во Собранието на 27ми април 2017.
Лага е и информацијата дека сум ги повикал граѓаните да не седат во папучи дома туку да излезат и насилно да влезат во парламентот. Изјавата на која веројатно се мисли е дадена два месеци пред настанот во вестите на Сител ТВ и е одговор на прашањето дали сметам дека Тиранската Платформа ја нарушува унитарноста на земјата, на што одговарам потврдно и посочувам дека само народот може да го спречи тоа алудирајќи на нови избори кои тогаш веќе ги посакувавме одкако не успеа правењето коалиција со ДУИ.
Лага е дека сум дал инструкции на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието, ниту пак мислам дека тој го направил тоа или дека воопшто можел да го направи.
Лага е дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имале добиено инструкција од партијата да мобилизираат членство за НАСИЛЕН упад во Собранието СО ЦЕЛ ТЕПАЊЕ на пратениците или со било каква цел. Ниту пак мислам дека го правеле тоа.
Лага е дека имам било каква поврзаност со наводни активности на УБК поврзани со инцидентите на 27 април.
Тогашните МИРНИ протести организирани од граѓанската иницијатива нам како партија ни одговараа бидејќи имавме иста позиција во врска со Тиранската платформа.
Но, нагласувам: МИРНИ протести.
И сосема нормално било нашите членови да учествуваат на такви МИРНИ протести, повикани или неповикани од било кој.
Но, во никој случај ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту мене лично како тогашен нејзин претседател, а убеден сум ниту на организаторите од граѓанското движење, или обвинетите, не ни одговарало ниту ни паднало на памет насилен упад во Собранието или тепање на пратеници.
Партијата никогаш немала таква одлука за насилен влез во парламентот и тепање пратеници, ниту пак актите на партијата дозволуваат таква одлука. Јас лично не сум дал било каква инструкција било кому а во правец на насилен упад и тепање пратеници.
Ниту на денот на настанот или претходниот ден кога бев на службен пат во Виена, ниту претходно, било кому сум издал инструкција дека треба да се организира насилен влез во парламентот и тепање пратеници.
Одредени медиуми шпекулираа дека намерно тој ден сум бил на службен пат знаејќи што ќе се случува и сакајќи да одбегнам одговорност. Тоа не е точно. Моето патување беше договорено околу две недели претходно а самите челници на СДСМ објавија (мислам за неделникот Фокус), дека одлуката за тоа токму тој ден да се избере претседател на Собранието (на незаконски и неуставен начин) ја донеле токму тој ден попладнето, на 27 ми април, кога ги контактирале представниците на ДУИ, се сретнале во клубот на пратениците и се договориле за попладневната акција.
Оттука претходниот или претходните денови или недели не сме ни можеле да знаеме дека токму тој ден ќе се случи незаконскиот избор на претседател на парламентот очигледно намерно темпиран токму во време кога секојдневните двочасовни протести (од 17 до 19 часот) завршуваа пред објектот на парламентот и кога лесно можело да се претпостави од страна на СДСМ дека е можна спонтана реакција на сензибилизираните граѓани кои протестираа. Поправо би рекол, дека тие брзале да го искористат моето одсуство од земјата за да полесно предизвикаат тензии и инциденти во кои би поставиле “стапица” за граѓаните кои протестираа и освен нив би го обвиниле ВМРО-ДПМНЕ за сето тоа, па од тоа да имаат политичка корист.
Меѓусебни известувања со праќање или пак препраќање пораки меѓу политичарите тогаш, за нешто што сме слушнале како информација, шпекулација, гласини или слично во таков тензичен период е сосема нормална работа, и тогаш, и денес, и во иднина. Многу од тие меѓусебни препраќања пораки за тоа кој што чул или што се зборува во кулоарите на парламентот или на други места се покажале неточни.
Новото обвинение за 27 ми април исто како и претходното е политички мотивирано и конструирано. Ако претходното обвинение беше во функција на промената на името, идентитетот, уставот и историјата, новиот случај е во функција на следните парламентарни избори.
Правната квалификација за која се товарат обвинетите неодамна беше предмет и на шведското судство, одкако еден од учесниците во настаните по потерница беше уапсен во Шведска.
Шведскиот суд го отфрли барањето за екстрадиција, а обвинението за ,,27ми април,, го отцени како нереално и политички мотивирано, посочувајќи дека станува збор за граѓански бунт а не за терористичко уривање на уставниот поредок. Исто така беше посочено дека во Македонија не постојат услови за фер судење.
Вистината, порано или подоцна ќе исплива на површина.
10-01-2020, 10:06 PM
Reply