Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВИ „РЕКЕТИ“ НА ВЛАСТА НА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Рекет не е затворен, нов криминал со Клинички центар Штип

[Image: 720067-vecher-doznava-reket-ne-e-zatvore...-shtip.jpg]

10.01.2020
На 3 март 2016 година тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ постави камен темелник за изградба на нов клинички центар во Штип кој требаше да биде завршен до крајот на 2019 година. На површина од 34.000 квадратни метри требаше да работи овој клинички центар и да задоволи потреби на над 200.000 луѓе од тој регион на Македонија.
Таа инвестиција, заедно со автопатот Скопје-Штип, со над 100 милиони вкупна заедничка вредност е најголем инвестициски проект во Источна Македонија од Втората светска војна до денес. Самиот клинички центар е проектиран на вкупна вредност на градбата од 30 милиони евра, со финансиска поддршка од европски кредити, а работата за изградба, по избор на европската комисија за овој проект, е доверена на грчката компанија Интракат.
Доплонително, за опремување на клиничкиот центар според проектот биле предвидени 16 милиони евра. Под овие услови изведувачот на работите Интракат прифатил да го  изгради новиот Клинички центар според тие услови, и во договорено време.
Но, еве на почетокот на 2020 година Клиничкиот центар Штип – го нема. 

[Image: 133059426-42017.jpg]

На почетокот на февруари ланската, 2019 година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: Добивме информација од грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор, дека го раскинале договоот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме, и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година...

Зошто Интракат го раскинал договорот со Бетон Штип? Зошто Министерството за здравство, без да бара финансиска надомест за доцнењето од Интракат дозволило продолжување на рокот за дури една година? Зошто Венко Филипче не постапил како што законот го обврзува – ако изведувачот Интракат не ја исполнил обврската да му се активира банкарската гаранија?
Како што е наведено, подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9 ноември 2018 година, СЈО отвори истрага под име Империја по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага.
Непосредно пред да се отвори истрагата за Империја, во мај 2018 година, констатирано е дека грчката фирма Интракат должи на подизведувачот Бетон Штип околу 2 милиони евра. Тие пари Интракат ги примил од државата за градба на Клинички центар  но, одбива дел од нив да плати на Бетон Штип што им е обврска кон подизведувачот кој, заради големиот долг, не е во можност да ги плаќа понатаму своите работници, материјали за работа, како ни фирмите кои работат за нив на тој објект. Ова е причина за подоцнежното раскинување на соработката помеѓу Интракат и Бетон Штип.
Веднаш по притварањето на Орце Камчев директорот на Интракат, Димитриос Кутрас, врши притисок Бетон Штип да биде продаден на Интракат за износ од 1,2 милиони евра. Значи, да ја купат фирмата на која и должат 2 милиони за само 1,2 милиони евра што е одбиено.

[Image: mkd-450554.jpg]

Според информации од фирмите кои работеле за Бетон Штип дознаваме дека нивниот ангажман одел преку Трајче Заев. Интракат е поврзан со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и неговиот министер за граджеништво Љупчо Балковски кој е директор на проектната единица. По запирање на работите од страна на Бетон Штип на објектот менаџментот на проектот и на Интракат се договараат со партнерите на Бетон Штип самостојно да продолжат со работење на објектот, без оглед што имаат обврзувачки договори со Бетон Штип. Интракат, откако е одбиен со понудата да го купи Бетон Штип за цена двојно помала од износот кој тој им го должи, на 2 јули 2019 година паѓа под стечај. Долгот на Бетон Штип во стечај е 1,25 милиони евра што значи само околу половина од она што Интракат им го должи и дека Интракат, со поддршка од власта, свесно ја уништил Бетон Штип откако не успеал да ја купи по дампинг цена.

Зошто се спомнува поддршка од власта за Интракат во овој бизнис однос? Кога го добил тендерот за градба Интракат поднел банкарска гаранција до Министерството за здравство но, банкарскатата гараница е од Бетон Штип! Имено, тие до Интракат поднеле банкарска гаранција во износ од 3,5 милиони евра за да станат подизведувачи во градбата на Клинички центар Штип која, потоа, Интракат ја поднесува до Министерството за здравство како своја гаранција.
Ова значи дека по раскинување на договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип банкарската гаранција пред Министерството за здравство не важи, и Интракат мора да ја повлече и врати на Бетон Штип а да даде своја. Во ваков случај или се распишува нов тендер или, ако не поднесе своја гаранција, министерот Венко Филипче е должен тендерскиот договор да го раскине и да бара финансиски надомест од Интракат, но ова не го сторил.
Наместо ова, Венко Филипче во 2018 го продлжува рокот за градба на Интракат до почетокот на 2020, а сега се најавува ново продолжување до почетокот на 2021 година. Патем, Министерството за здравство и Венко Филипче најавуваат одобрување на дополнителна исплата од 7 милиони евра за Интракат над договорената цена затоа што имало поголеми трошоци поради доцнење на градбата! Да ги награди со 7 милиони евра затоа што две години доцнат со извршување на работи кои ги прифатиле со договор.
Дали се сеќавате дека пред судот, кога сведочеше Орце Камчев во случајот Рекет, Боки 13 го праша за негова средба со министерот за здравство Венко Филипче, и се потврди дека кај Боки 13 дома имало таква средба во време кога СЈО има истрага за Империја. Ова се случува пред Бетон Штип да замине во стечај поради долгот од Интракат кон нив, и кога е активно барањето на Интракат под реална цена да го преземе Бетон Штип.
Според последниот сертификат изготвен од брокерска куќа, објавен на веб страницата на Бетон Штип, во сопственичката структура се компаниите ТИМ ДОО Скопје со 8.150 акции и со право на глас од 19, 50%, Орка Холдинг АД Скопје со 7.101 акција и со право на глас од 16, 99%, Езимит ДООЕЛ Штип со 6.611 акции и со право на глас од 15. 81%, ДПТИ Ексико ДООЕЛ Скопје со 6.000 акции и право на глас од 14, 35%.
Истрагата за Рекет, како и анализите околу неа, спомнуваат дека се рекетирани лица директно поврзани со Бетон Штип: Орце Камчев од Орка Холдинг, Зоранчо Митровски (Езимит Штип) кој бил претседател на одборот на директори и Цветан Панделевски (Пелистерка) член на одборот.
Димитрис Кутрас, главен директор на грчката компанија Интракат ни е познат и како директор на грчката компанија Актор за која беа покренати истраги поради извлекување кеш и перење пари во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Истраги за Кутрас и Актор беа отворени и во Србија и Бугарија.
Кутрас, според медиумите, имал средба со функционери на македонската влада во неговата канцеларија во ГТЦ, како и со министерот Венко Филипче во Грција. На власта која се гади на самото спомнување на Русија и руски интереси не и пречи што Димитрис Кутрас е пријател и соработник на Сергеј Степашин, претседател на православното братство.

[Image: koutras.jpg]

После се, дополнето и со ова, остануваме на тврдењето дека случајот Рекет не е затворен, дека сега му се суди на Боки 13 како избрна жртва за потреби на јавноста, а дека за Рекет ќе има нови истраги и нови судења.
10-01-2020, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ова се ДОКУМЕНТИ И НОВИ ДЕТАЛИ за криминалот со штипската болница

[Image: 720964-vecher-doznava-ova-se-dokumenti-i...olnica.jpg]

11.01.2020
Скандалот со корупција при изградбата на Клиничката болница во Штип до крајност ја отсликува политиката на оваа влада која, во секоја прилика, и тоа без задршка и обид за барем формално покривање со закон, применува корупција секаде каде што има поголем проток на пари. А, за изградбата на Клиничката болница во Штип предвидени беа 30 милиони евра што е проток на пари кој луѓето од власта ги довел во големо искушение.

Пред се министерот за здравство Венко Филипче, министрите за финансии од СДСМ Драган Тевдовски и сегашната министерка Нина Ангеловска и, секако, премиерот Зоран Заев бидејќи и во овој бизнис се појавуваат членови на неговата фамилија, братучедот Трајче Заев. Сите наведени од власта знаеле, и морале да знаат, дека во изградбата на Клиничката болница во Штип е видно забележлива – корупција.
За вовед на оние кои не го прочитале првиот дел од објавата на порталот Вечер за овој скандал: На почетокот на февруари ланската, 2019 година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: Грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор за изградба на Клиничката болница Штип, го раскинала договоот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме, и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година...
2020-та дојде, а Клиничката болница Штип ја нема, изградена е половина од проектот, и сега се најавува ново одложување за следна година дена и најава дека државата ќе плати дополнителни 7 милиони евра само за надградба на машинскит парк и електриката, наместо Филипче да бара пари како надомест за штета поради доцнењето во изградбата.
Подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9 ноември 2018 година, СЈО отвори истрага под име Империја по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага. Во судењето за Рекет од Катица Јанева и Бојан Јовановски (Боки 13) како рекетирани лица се спомнуваат, освен Орце Камчев, и другите двајца сопственици на Бетон Штип: Зоранчо Митровски (Езимит Штип) кој бил претседател на одборот на директори и Цветан Панделевски (Пелистерка) член на одборот на Бетон Штип.
Грчката фирма Интракат иако ги добила парите од Владата не платила два милиони евра на подизведувачот Бетон Штип, тие стануваат неликвидни и мора да заминат во стечај. Патем, во меѓувреме, Интракат го уценува Бетон Штип да им ја купи фирмата за 1,2 милиони евра иако им должи два милиони евра и, со купувањето на Бетон Штип, Интракат веднаш би заработиле 800.000 евра и би станале сопственици на нивната банкарска гаранција за објектот кој се гради од 3,5 милиони евра. Оваа уцена е одбиена по што Бетон Штип паѓа под стечај.
Владата добила банковна гаранција од изведувачот на работите Бетон Штип во износ од 3,5 милиони евра но, таа гаранција ја дал подизведувачот Бетон Штип а не грчки Интракат. Со раскинување на договорот помеѓу Интракат и Бетон и со паѓањето на Бетон Штип под стечај таа банковна гаранција е неважечка за наведената намена, а до денес Министерството за здравство не ја активирало, ниту по основ доценење со градбата, ниту по основ раскинат договор и стечај на гарантот,  што е сериозен законски прекршок за кој се лежи затвор.
Еве ги деталите за тоа, но и други криминали со проектот околу овој случај.
Проектот кој го добил тендерот за Клиничка болница Штип е на Инком Инженеринг Скопје, каде директор е Никола Велковски, пораншен градски архитект на Скопје. Тие се и надзор над прокетот. Тендерот поминал и ревизија така што нема никаков основ сега Интракат и Министерството за здравство да тврдат дека имало пропуст во проектирањето на машинскиот дел и електриката, особено не дури откако почнало доцнењето со изградбата на објектот па потоа се сетиле на ова оправдување.
За надзор на изградбата се избрани од фирмата Еуроконсалтинг Скопје. Овој избор е направен без тендер, со договор во четири очи. На тендерот за надзор победила англиската фирма Мејси која веднаш се откажала, а нов тендер не е распишан туку е избрана Еуроконсалтинг по личен избор на министерот Венко Филипче.
Кога почнало да се доцни со градбата, а до крајниот рок во 2018 биле изградени само околу 30% од проектот, Министерството за здравство и Интракат почнуваат да вршат притисок врз проектантот Инком Инженеринг за измени во проектот за да се оправда задоцнувањето кое повлекува раскин на договор со изведувачот Интракат и активирање на банкарската гаранција од Бетон Штип. Проектантот одбива да ги изврши бараните измени бидејќи не се оправдани, ниту се во согласност со проектот. Министерството за здравство, како одмзада, ја активира банкарската гаранција од 2.500 евра од проктантот и презема незаконски мерки за да ја оствари својата цел.
Наместо Инком Инженеринг Скопје, за главен надзор над проектот Министерството своеволно ги избира Мегарон Скопје кои се подизведувачи. Потоа, Венко Филипче од Мегарон добива измени во прокетот за машинство и електрика, а изведувачот Интракат бара 7 милиони евра за измените во овој дел од проектот.
Целата оваа постапка е незаконска и Обвинителтвото мора да изврши истрага и поведе судски процес. Никој освен проектантот не може да го менува проектот кој поминал ревизија и прифатен е како таков, а изведувачот Интракат и инвеститорот Министерство за здравство немаат никакви овластувања своеволно да менуваат делови од проектот, и плус да го поскапат за 7 милиони евра, и тоа само за машинство и електрика, кои севкупно чинат толку, а овде дополнително се бараат 7 милиони евра само за измени.
И доаѓаме до – банкарската гаранција како вовед во вкупниот криминал. Дефинитивно, Министерството за здравство како инвеститор нема банкарска гаранција од изведувачот Интракат, и за тоа министерот Венко Филипче треба законски да одговара, а во прилог на тоа објавуваме и документација.
Интракат самостојно го добил тендерот и со ништо не гарантира дека работата ќе ја заврши согласно проектот и на време. Веќе се доцни речиси две години, и наместо активирање на банкарската гаранција Венко Филипче му планира нови 7 милиони евра на Гркот Димитрис Кутрас, менаџер на Интракат. Банкарската гаранција е издадена од Бетон Штип, а издавач е Комерцијална банка Скопје. Бетон Штип нема веќе договор со Интракат, под сетачј е, и банкарката гаранција нема важност и функција по овој тендер.
Министерот Филипче наивно и панично тврди дека прокетот немал дел за машинство и електрика, што не е точно и се гледа од самиот проект дека тие се во него инаку тој проект не би ни можел да постои, ниту би поминал ревизија. Освен тоа, за банкасрката гаранција Филипче го изјави следното:


Quote:“Министерството нема примено банкарска гаранција од подизведувачот Бетон Штип, туку банкарската гаранција е на име на фирмата изведувач на овој објект Интракат. Од моментот на потпишување на договорот па се до денешен ден, постои валидна и активна банкарска гаранција која е на име на изведувачот Интракат.“ 

Еве ги документите кој е гарант, кој ја издава и кој само ја предава до Министерството банкарската гаранција за градба на болницата во Штип. Еве го и договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип дека гаранцијата е - на Бетон Штип, тие се гарантот а не Интракат која само ја поднесува НИВНАТА гаранција бидејќи НЕМА СВОЈА, а го добива тендерот. По давањето на банкарската гаранција од Бетон преку Интракат, договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип - е раскинат, знали НЕМА активна банкарска гаранција. Патем, објектот не е изграден во рок а банкарската гаранција не е активирана, што е законска обврска на Филипче во таков случај.
Филипче не зборува вистина, документите зборуваат против него.

[Image: 1_12.jpg]
[Image: thumbnail_IMG_2057.jpg]
[Image: thumbnail_signal-2020-01-09-160604%20%281%29.jpg]

Што е следно? Обвинителството и досега веќе мораше да се активира и поради јасните факти за корупција и криминал, и поради сериозноста на корупцијата која е со висока вредност и во која учествува државниот врв, министри во владата. Но, Обвинителството предводено од Љубомир Јовевски, кадар на Зоран Заев, нема реакција што и може и да се очекува, тој таму не е донесен од Заев за да ја контролира власта и него лично, туку да изврши притискок и прогон на политичари, новинари, бизнисмени кои не се под контрола на власта и Зоран Заев лично и засега само тоа го прават успешно, а ваквите корупции, како и работата на Јовевски и неговите колеги ќе се разгледува наскоро, по изборите.
11-01-2020, 08:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote: Корупција од 12,7 милиони евра при НАБАВКА НА ПАСОШИ

19.01.2020
Откако на 20 октомври, по лидерската средба кај претседателот Пендаровски, се договорија вонредни парламентарни избори започнува стампедо од корупција, тендери, договори во четири очи без тендери, зголемување на износи кои се претходно веќе договорени на тендер... во владата на Зоран Заев.
Вакви има повеќе од педесеттина на разлини нивоа од власта, сетете се како во октомври е избрана фирма ХЕМС која ќе заработи 72 милиони евра државни пари бидејќи ќе дава услуга со два хеликоптери, основана 24 дена пред тендерот со капитал на фирмата од 10.000 евра која заработува 72 милиони евра. Порталот Вечер веќе објави како, надвор од закон, се зголемил износот од 28 на 35 милиони евра за градба на Клиничката болница во Штип и дополнително се поместил рокот за завршување за две години. Еве нов случај, овојпат во МВР за набавка на нови пасоши и други лични документи. Образецот за манипулација е речиси ист како и во случајот со Клиничка болница Штип, а износите се уште погоеми.
Порталот Вечер ја има документацијата од оваа постапка, не е класифицирана како тајна, и ја има приказната како се незаконски отуѓени скоро 20 милиони евра од буџетот.
МВР во мај 2019 година донеле одлука за Јавна набавка – обрасци за лични докумнети, пасоши и слично, за период до 31.12.2019 година. Сомнително е уште од почеток, на Одлуката нема конкретен датум туку наведено е само мај 2019, полето за ден на одлука е празно како што е празно и полето за деловоден број и не е јасно како е воопшто овој документ заведен во архивата на МВР.

[Image: 111_1.jpg]

Наредниот месец, во јуни 2019 донесена е повторно истата одлука без да се наведе дека претходната од мај е поништена. Во оваа има деловоден број но, повторно нема наведено ден во полето за датум. Следното што упатува на незаконска и манипулативна работа е што во Одлуката која е веќе донесена во Точка 2.2.3 од Одлуката се оставени празни места за тоа од кој до кој сериски број службени и дипломатски пасоши треба да се изработат што дава јасен сигнал дека се планираат манипулации со издавањето на службените и дипломатски пасоши. Ова се потврдува и со тоа што во оваа Одлука за јавна набавка, Точка 2.3. нема наведено број и датум на известување од Министерството за надворешни работи, како што е тоа наведено за известувањата од други надлежни институции. Според содржината, такво известување нема, и одлуката е само со овие два пропусти спорна. Но, не е само тоа.
Во Точка 3.1. од оваа Одлука решено е за таа цел да се издвојат 435.502.410,оо денари плус ДДВ. Ова одговара на износ од 7 милиони евра плус ДДВ за домашни фирми. Одлучено е да се побара понуда од Veridos GMBH, од Минхен. Тоа е правен наследник на нам добро познатата Giescke & Devrient GmBH кои се претходни снабдувачи со пасоши со одлука на претходната влада на СДСМ (2002-2006) и за кои, во 2005-та со месеци се пишуваше за скандал и корупција при тогашната јавна набавка и проневерени 5 милиони евра.
За реализација на одлуката формирана е комисија од 7 члена предводена од Љубица Гудеска и 7 заменици на членовите од комисијата. Но, по се изгледа дека имало проблеми со донесување и спровеување на оваа Одлука за јавна набавка во МВР уште тогаш, па се менуваат 5 члена од вкупно 7 во Комисијата за оваа јавна набавка а од првично формираната комисија остануваат само претседателката на комисијата Љубица Гудеска и Игор Трајковски, а се менуваат и 4 од вкупно 7 заменици на членови на комисијата. Севкупно, сменети се 9 од 14 членови и заменици и, формално, сега има сосема нова комисија, стокмена по избор на шефовите од МВР, која треба да спроведе Одлука донесена од комисија во сосема друг состав. Оваа нова комисија, на 2 октомври 2019, е дефинирана со одлука за измена на Одлуката за јавни набавки на пасоши и слични лични документи.
Членовите на комисијата се сменети откако е истечен рокот за понуда по тендерот и, наместо истиот да се поништи, се продолжува со постапката со измени на поголем дел од комисијата за јавната набавка. И, тука почнува стампедото на корупцијата.
На 4 декември, откако се веќе извршени разговори со германскиот изработувач на пасошите, кој е ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ, помошник министерот потпишува Одлука за измени од претходната Одлука за јавната набавка која сега се зголемува за околу 12 милиони евра нови пари. Не се веќе 7 туку се 19,5 милиони евра за плаќање за пасошите. Толку побарале од Veridos GMBH, толку и ќе добијат. Со други понудувачи воопшто не се ни разговарало, а со леснотија се доддаени нови 12,5 милиони евра на претходните 7 за иста набавка, или цената на тендерот е зголемена за околу 170%!    

[Image: 222_0.jpg]

На 6 декември 2019 МВР носи одлука за Извештај од спроведената постапка за наведената јавна набавка. Обрнете внимание на датумот 06 декември 2019, денот кога помошник министер во МВР носи одлука за избор на
Veridos GMBH од Минхен за ипорачател на пасошите и други сродни документи, патем тие се единствена фирма со која се преговарало иако имало одлука да се преговара со повеќе понудувачи. Иако за оваа постапка постои 7-члена комисија, тие не се потпишани под Извештајот и одлуката за предложен изведувач на тендерот, германската Veridos GMBH, ниту се спомнуваат во текстот туку одлуката е донесена и потпишана само од помошник министер во МВР.

На истиот датум, 6 декември 2019, и формално помошник министерот во МВР потпишува Одлука за избор на најповолна понуда (од само еден понудувач). Се прифаќа неговата цена од 19,7 милиони евра! плус ДДВ (Точка 3 од Одлуката). Меѓусебните права и обврски, според оваа Одлука, ќе се уредат со соодветен Рамковен договор.
Но, работата е веќе завршена и договорена и ПРЕД одлуката за избор на изведувач на тендерот. Рамковната спогодба е завршена порано, потпишана со 14 члена во Договорт, и заведена во МВР на 05.12.2019 година! Договорени се дури и деталите, како тоа (Член 7) дека се плаќа 20% аванс во рок од 30 дена по потпишување на ПОЕДИНЕЧЕН договор.

[Image: 333_1.jpg]

Согласно законот, прво треба да се поднесе Извештај од комисијата за јавната набавка, а дури потоа евентуално следи Одлука и финален договор за релаизација на набавката. Освен ова, според наши сознанија, деновиве се платени 4 милиони евра кон
Veridos GMBH иако треба да се плати само 20% (пресметале на целата сума од 19,7 милиони евра) од поединечна нарачка бидејќи е склучен рамковен договор, етапна испорака, а не договор на цела испорака одеднаш. Што ако Veridos GMBH не испорача или задоцни со се што е договорено со рамковниот договор, која ќе ги врати парите назад?

Најпосле, вредноста на обрасците кои се нарачуваат е 8 милиони, од вкупно договорените 19,7 милиони евра па со плаќањето авансно на 4 милиони евра прекршен е законот, платени се 50% од набавката наместо дозволените 20%...
Приказната за оваа нова страница на корупцијата ќе продолжи. Во меѓувреме, јавноста има интерес и за деталите околу набавка за нови пиштоли во МВР во вредност од 2 милиони евра, како и 3 милиони евра потрошени за униформи на полициските специјалци остварени исто така во стампедото на коруптивни набавки по договорот за вонредни избори, од октомври до Нова година.
19-01-2020, 08:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Се давале лиценци на фирми блиски до власта за неконтролирано производство на марихуана

24.01.2020
Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина околу омилениот бизнис на фамилијата Заеви. Бизнисот со марихуана која се претвори во рекет машинерија. Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго. Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана. Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев, изјави Јанушев.

Информациите кои дојдоа до нас, продолжи Јанушев, говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис. Во постојниот закон кој е на сила, донесен во 2016 година за одгледување на канабис за медицински цели, јасно е припишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување канабис.

СДСМ и Заеви, настрана од пропишаните одредби во законот, за само неколку месеци дозволија хипер-продукција на лиценци за канабис. Внимавајте од мај 2016 до мај 2018 година се издадени само 5 лиценци за одгледување на канабис и 2 лиценци за екстракција. Додека пак само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци се поврзани погодувате директно со СДСМ, истакна Јанушев.

Што е тука индикативно и сомнително?.
Како што појасна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, еден од условите да се добие лиценца за одгледување канабис е да фирмите апликанти поседуваат елаборат за одгледување на канабис во рок од 5 години како и која е намената на произведеното количество. Ова е еден од најважните документи кои треба да го поседуваат фирмите. Внимавајте, напомена Јанушев, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски.

Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција. Според нашите информации, Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија како Колумбија и Лазарат, нагласи Јанушев.

Според него, канабис милионите на Заеви отвораат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.
Тој запраша, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни  блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците се незаконски?
Втора работа, додаде Јанушев, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта?

За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ. Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев, потенцира Јанушев и надополна:
Набрзина, шверцерски и со огромен сомнеж за милионски криминал. Деталите на компаниите ќе ги чуете во следниот период, но она што е сигурно е дека СДСМ си направија класична рекет машина, каде што овие бизнисмени се принудени да ги купат лиценците од Владата за кеш пари, за сега повторно да се зборува низ кулоарите на бизнисмените дека повторно им се барани кеш пари за да можел СДСМ да остане на власт и да го протурка законот“.





(This post was last modified: 24-01-2020, 08:31 PM by ЈорданПетровски.)
24-01-2020, 08:30 PM
Reply