Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВОЈНА НА РЕМЕНСКИ ПРОТИВ АВРАМОВСКИ И ЈАНКУЛОВСКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: „Пензионирање“ во МВР

[Image: mkd-448846.jpg?itok=sAQosDR4]
Ременски му одговори на Аврамовски: Тој многу добро знаел што потпишувал со барањата за пензионирање
Разврска мора да има и поради кажаното, но и заради принципот на еднаквост на граѓаните пред законите, вели во изјавата за МКД.мк пратеничката Фросина Ременски за случајот со кршењето на законските норми при пензионирањето на поранешниот заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сиљан Аврамовски.

20.12.2019
Пратеничката Фросина Ременски во разговорот за МКД.мк вели дека и натаму несериозно се гледа на значењето на парламентарниот надзор на одредени државни институции и на примената на законските одредби за надворешно пријавување од укажувачите од оваа безбедносна област со членови на собраниски комисии како адреса за вакви пријави.
МКД.мк веќе пишуваше за очигледните прекршувања на законските норми со двете решенија потпишани од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, со кои Сиљан Аврамовски еднаш се пензионира, по исполнувањето на условите за пензионирање, а неколку месеци потоа, со истиот потпис, му се продолжува вработувањето во МВР. Нема никаква законска можност да се продолжи работниот стаж по исполнувањето на законската основа за пензија. Освен тоа, еднаш потпишано решение од министер не може да биде поништено со потпис на истиот министер. За тоа е надлежен некој второстепен орган. А сето тоа во случајот со пензионирањето на Аврамовски е сторено.
Тој во изјава за ТВ 24 вели дека не сака да коментира, дека нема никаква допирна точка со она што го зборува Ременски, која патем не ја ни познавал освен неколкуте официјални средби на работни состаноци.
Ременски е сигурна дека Аврамовски многу добро ја знаел процедурата за неговото пензионирање, за што сведочат неговите барања, за кои знаел дека законски не се дозволени и врз основа на тие барања незаконски останал во работен однос 41 месец по неговото вистинско пензионирање, кое требало да се случи на 31 мај 2014 година.
„Институциите досега мораа да ја увидат очигледната злоупотреба врз основа на повеќе документи како доказ, затоа што не само што е направена штета на државниот буџет, туку и затоа што ниту еден вработен на кој му престанал работниот однос по сила на закон нема законска основа да остане на работа и да продолжи да зема плата. Недозволено е да се дозволи тоа право.
Оваа моја пријава е производ на парламентарен надзор и надворешно пријавување од страна на укажувач, што е дополнителна обврска за постапување на надлежните институции“, рече Ременски.
А институциите се троми, искоментиравме ние за време на разговорот со Ременски.
„Тромоста на институциите, како што констатиравте, зборува и за сфаќањето и разбирањето на улогата на парламентарниот надзор за вакви и слични прашања и примената на законските одредби за надворешно пријавување од укажувачите од оваа безбедносна област со членови на собраниски комисии како адреса за вакви пријави. Разврска мора да има и заради кажаното, и заради принципот на еднаквост на граѓаните пред законите“.
Дали можеби се работи за нејзина лична борба, за некаква одмазда, беше нашето наредно прашање.
„Воопшто не се согласувам со вашата перцепција за некаков личен мотив и борба во овој и сличните случаи што произлегуваат како обврска од парламентарниот надзор. Тоа што некои ја пропуштаат обврската да ги процесуираат утврдените незаконитости и не зборуваат за нив, го покажува неразбирањето на моќта на надзорната улога на Собранието во функција на владеењето на правото и несериозноста на институциите пред обврските што ги имаат кон Собранието и пратениците. Ако сите 'ситни' работи што требале да бидат предмет на надзор биле навремено процесуирани, сигурно дека ќе имаме подобар систем на управување и почитување на принципот на поделба на власта. Во овој контекст со вас ќе споделам три од документите што се очигледни и несоборливи за овој случај“, изјави Ременски.
Таа сè уште ги чека институционалните реакции на нејзините пријави за овој случај од Јавното обвинителство и од Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесени уште во мај годинава.
А.Д.
[Image: mkd-448792.jpg?itok=nAQ-CC0e][Image: mkd-448793.jpg?itok=jc2wKRii][Image: mkd-448794.jpg?itok=itet4K7V]
25-12-2019, 04:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Отфрлена кривичната пријава на Ременски против Гордана Јанкулоска

Плусинфо - 25/12/2019 14:33
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ОЈО, пријавата прво била поднесена против две лица, а потоа со дополнително доставен поднесок била проширена за уште едно лице. Во пријавата се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до 29.04.2015 година, првопријавената Гордана Јанкулоска во својство министер во Министерството за внатрешни работи, со пречекорување на границите на своето овластување и спротивно на Законот за внатрешни работи, му прибавила корист на второпријавениот кој во наведениот период бил заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Имено  таа овозможила и по исполнување на условите за старосна пензија, второпријавениот да остане во работен однос и месечно да прима плата. За третопријавената, помошник-министер за правни работи и човечки ресурси во Министерството се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до крајот на месец мај 2017 година, спротивно на закон, свесно пропуштила да го извести министерот дека барањата за продолжување на работниот однос поднесени од второпријавениот се недозволени и сочинила решенија за продолжување на неговиот работен однос.
Јавниот обвинител, постапувајќи по пријавата, со две последователни наредби од Министерството за внатрешни работи обезбеди податоци за работниот ангажман на второпријавениот, правните акти на кои се засновал, висината на паричниот износ кој месечно му бил исплаќан и други околности. Од материјалната документација, прилозите кон пријавата и писмените известувања обезбедени од МВР, произлезе дека првопријавената како министер за внатрешни работи на 14.04.2014 година донела решение со кое констатирала дека на 31.04.2014 година ќе настапи прекин на работниот однос на второпријавениот заменик директор на УБК поради исполнување на условите за остварување старосна пензија – 40 години пензиски стаж. По барање поднесено од второпријавениот, одобрено од директорот на Управата, да му се дозволи да ги спроведе веќе започнатите оперативни активности под негово раководство, првопријавената на 22.05.2014 година го поништила решението, а второпријавениот на 26.08.2014 година поднел изјава за продолжување на работниот однос. Постапувајќи по барањето, првопријавената донела решение, изготвено од третопријавената, со кое го продолжила работниот однос на второпријавениот за период од една година, заклучно со месец мај 2015 година. Решението било донесено врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи кој влегол во сила на 13.08.2019 година и бил со одложена примена од 12.03.2015 година, со кој се предвидувала можност за продолжување на работниот однос до 45 години пензиски стаж.
На сличен начин, на 29.04.2015 година, по претходно барање од второпријавениот, првопријавената донела ново решение со кое работниот однос му го продолжила за уште една година, заклучно со мај 2016 година. Откако со нов акт за систематизација на работни места во Управата, второпријавениот бил прераспореден, тој поднел уште две барања врз основа на кои со решение на Министерот за внатрешни работи неговиот работен однос бил продолжен до октомври 2017 година, кога исполнил 45 години пензиски стаж и остварил право на старосна пензија. Во периодот од ноември 2017 година до ноември 2019 година, второпријавениот и натаму бил работно ангажиран за потребите на Министерството за внатрешни работи со договор на дело.
Врз основа на ваквите податоци, како и на прибраните вербални докази, надлежниот јавен обвинител процени дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни обележја на наведените кривични дела. Имено, пропустите по однос на основот за работниот ангажман на второпријавениот во Управата не се на линија на неправо во кривично-правна смисла, туку единствено можат да претставуваат неправилностпри примена на норми со кои се регулираат работните односи. Особено што постапувањето се базирало на процена на безбедносните ризици, запазување на континуитетот на класифицирани оперативни проекти и заштита на интересите на државната безбедност.
Притоа, за првопријавената, јавниот обвинител оценил дека не може да се утврди дека дејствувала со умисла да му прибави имотна корист на второпријавениот, а на штета на Министерството. Второпријавениот, пак, единствено истакнувал барања за продолжување на работниот однос за кои постоела можност да бидат прифатени или одбиени. Дејствијата на третопријавената е исцрпуваат со изготвување решенија, кои ги потпишувал и ги ставал во правна сила ресорниот министер.
 
25-12-2019, 04:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: image.jpg]
25-12-2019, 04:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ременски му се заканува на Заев?! – најавува соработка со новиот министер за внатрешни

03.01.2020
Заканувачки пораки до ОЈО но и до својата партија СДСМ испрати денеска прстеничката Фросина Ременски.
Таа најави соработка со новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, околу расветлување на криминалот.
Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски за денешното обвинение против неа за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска дознала од медиумите.


Quote:Тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции и дали постапуваат согласно законот, независно кон кого се однесуваат. Во однос на одлуката на ЈО можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение. Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на ЈО, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, рече денеска Ременски.



Заев по се ке го „убијат“ неговите. Селскиот итроманец ги искористи Милчин, Героски и ги фрли во отпад. Сега истото се обидува да го прави со брачниот пар Ременски.  Мислам дека Заев со Ременски нема да успее !!
03-01-2020, 07:09 PM
Reply