Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
И БАЧЕВАТА ПРОРУСКА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА НАСЛЕДНИК НА ВМРО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

за прогласување на Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ

1. Со оваа декларација се прогласува Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ за создавање на самостојна и суверена македонска држава.

2. Единствена Македонија e единствената партија во Република Македонија која своите корени и делување ги полага врз Уставот на историското ВМРО, славните илинденски традиции и Манифестот на АСНОМ за обединување на македонскиот народ согласно неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно признато-право на самоопределување.

3. Единствена Македонија е исконски поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за самостојна и суверена Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана заштита на човековите и малцинските права според меѓународното право.

4. Единствена Македонија ги оценува за неприфатливи и ги отфрла т.н. рамковен договор и промена на Уставот од 2001 година, Договорот со Грција за промена на светото македонско име и идентитетот на македонскиот народ и уставните измени од 2018 година, Договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија, законот за двојазичност, фалсификуваниот попис од 2002 година, усвоени од марионетските власти во Скопје купени и контролирани од странски центар кои 30 години управуваат со Македонија под странски диктат.
Со прифаќањето на ваквите акти од страна на марионетските власти во Скопје, се прави немерлива штета на македонскиот народ и преседан со исклучително тешки меѓународни последици.

5. Единствена Македонија секогаш била, е, и останува на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси и за таа цел, Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата горда Македонија. Единствена Македонија никогаш нема да го предаде името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија како наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ има историска одговорност пред македоснкиот народ и се заветува дека по секоја цена ќе истрае во битката за самостојна, унитарна и демократска Македонија во која Македонците ќе бидат свои на своето.
Се за битката за Република Македонија!
Нека е вечно делото на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ!
Нека е вечна славата на борците за слободна и независна македонска државност!
Да ни е вечен споменот за историското ВМРО, Илинден и АСНОМ, да ни е вечна Република Македонија, да ни е вечна Единствена Македонија!

22.12.2019






ВМРО онаа вистинскот НИКОГАШ не било ПРУРУСКО.
ПРОРУСКА била ВМРО ОБЕДИНЕТА , која формирано е по налог на Коминтерната!!  ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА може да биде наследик на тоа ВМРО!
(This post was last modified: 23-12-2019, 01:15 AM by ЈорданПетровски.)
23-12-2019, 01:12 AM
Reply