Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕКЕТ - МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Во јануари ќе има обвинение за случајот „Рекет 2“





14.12.2019
Quote:„Истрагата за случајот „Рекет 2“ привршува, а на почетокот на јануари може да се очекува и обвинение за овој случај“, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Во овој случај покрај Бојан Јовановски, кој е првосомничен и во случајот „Рекет“ осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски која беше почесна претседателка на сојузот.
(This post was last modified: 14-12-2019, 11:38 PM by ЈорданПетровски.)
14-12-2019, 11:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Фросина Ременски во Обвинителство на увид во доказите за “Меѓународен сојуз”


[Image: Screenshot_20191213-111436-1.jpg]


13.12.2019
Пратеничката Фросина Ременски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Боки 13, во кој се опфатени пет физички лица и едно правно лице.
Во Обвинителството денеска наместо првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше претседател на „Меѓународниот сојуз“, увид извршил неговиот адвокат Сашо Дуковски. Поканет да направи увид на доказниот материјал од страна на Обвинителството е и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.
Увидот во доказниот материјал е со цел осомничените да се подготват за давање исказ во Обвинтелството во текот на наредната недела.
Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.
Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.
-Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, информираа од Обвинителството.
Ременски во октомври по давањето исказ пред судија на претходна постапка кажа дека не чувствува никаква вина.



15-12-2019, 12:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Почна распитот на осомничените во „Рекет 2“: Мандиќ денеска кај Русковска


360степени | 16 декември, 2019 11:25
Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Јасна Мандиќ денеска е во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде дава исказ во врска со истрагата за „Рекет 2“ каде е осомничена за помагање во делата перење пари и измама.  
Шефицата на Обвинителството Вилма Русковска викендов изјави дека обвинение за случајот „Рекет 2“ може да се очекува на почетокот на јануари.
Освен Мандиќ со истрагата за продолжението на случајот „Рекет“ кое e во фаза на судење , се опфатени Мешународниот сојуз како правно лице и уште 4 физички лица: претседателот на невладината Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска и пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски.
Минатата недела во обвинителството беше  Ременски, која во истрагата е осомничена за помагање во кривичното дело измама. Таа и денеска продолжува со увидот во доказите.
Првоосомничен е Боки 13 и тој е под истрага за две дела – за перење пари и други приноси од казниво дело и за измама.
Јовановски се сомничи дека измамил две градежни компании на тој начин што ги лажел дека ќе обезбеди државно земјиште за да се изградат центри за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа ќе обезбеди и државни субвенции. Така, од едната фирма преку авторска агенција добил околу 720.000 евра, а од другата околу 230.000 евра.
Ременски, пак, според обвинителството одела на средбите што ги организирал Боки.
Миле Јовановски и Христина Блажевска, пак, се осомничени за помагање во делата перење пари и измама.
Според Законот за кривична постапка (ЗКП), пред да заврши истрагата обвинителството мора да ги испита осомничените. За завршување на истражната постапка обвинителот го известува осомничениот дека неговата одбрана има право во рок од 15 дена да поднесе исправи или други докази или да бара обвинителот да собере определени докази. Ако има такво барање, обвинителот е должен тоа да го заврши во рок од 30 дена.
ЗКП предвидува дека кога ќе заврши истрагата и ќе истечат овие рокови, обвинителството во рок од 15 дена треба да поднесе обвинение или да ја запре постапката. Овој рок може да трае и 30 дена ако станува збор за кривични дела од областа на организираниот криминал.
16-12-2019, 12:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Јасна Мандиќ Ерцеговиќ била во „стварна“ заблуда од Боки 13



[Image: jasna-mandik.jpg]

понеделник, 16 декември 2019, 17:27
Душко Јанковиќ, бранитеот на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, вели дека неговата клиентка била донесена во заблуда од страна на Бојан Јовановски како претседател на Меѓународниот сојуз. Според него, Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ, кој таа не го знаела.
Таа по распитот примила решение за завршена истрага од страна на обвинителката Вилма Русковска.
„Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е“, рече Јанковиќ по денешното петчасовното сведочење на Мандиќ-Ерцеговиќ пред Русковска.
Јанковиќ рече дека не може да сподели детали од исказот, бидејќи наредните денови ќе сведочат останатите осомничени во случајот за Меѓународниот сојуз.
„Прашања имаше, нормално. Но, никогаш не беше спорно дека Јасна Ерцеговиќ не сакаше да даде исказ, таа секако ќе го дадеше во постапката. Истрагата заврши денеска. Меѓутоа, со оглед дека утре доаѓа да даде исказ Ременски, во петок Христина, Бојан и татко му, не можам да давам детали за самиот исказ. Меѓутоа, неспорно е дека била донесена во заблуда“, додаде Јанковиќ.
Адвокатот на Мандиќ-Ерцеговиќ, Душко Јанковиќ, вели дека таа потпишувала документи, но таму стоеле постписи на повеќе членови во Меѓународниот сојуз.
„Нејзиниот потпис го има во договорот со ‘Дрим билдинг’ и мислам дека и со ‘Пелистер’ , бидејќи е координатор на проектот и дел од Меѓународен сојуз. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет лица од Меѓународниот сојуз кои потпишуваат“, кажа Јанковиќ.
Бранителот на Мандиќ-Ерцеговиќ вели дека ќе почека да ги види исказите од останатите осомничени, по што ќе донесе заклучок.
Распитот на Мандиќ во Обвинителството траеше повеќе од пет часа, а беше донесена од затворската полиција, бидејќи и е одредена мерка куќен притвор, поради опасност од бегство, уништување на докази и други основи.
Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во износ од засега неутврдени милион евра, кои Јовановски ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.
Освен заменик-претседателката Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.


Јасна Мандиќ била донесена во заблуда!!  Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
16-12-2019, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



17-12-2019, 12:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



18-12-2019, 11:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Бојан и Миле Јовановски на распит

[Image: mile-jovanovski-jasminka-jovanovska-boki...605721.jpg]
20.12.2019
Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката од „Меѓународниот сСојуз“, Христина Блажевска, денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да дадат исказ како осомничени во истрагата за „Рекет 2“.
Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне пак во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.
Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле „Меѓународниот сојуз“ формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.
За овој случај осомничени се уште пратеничката Фросина Ременски, како и потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ. Двете веќе дадоа исказ во обвинителството.


Quote:Боки 13 пристигна на распит

20.19.2019
Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска од Затворот „Шутка“ споведен е првоосомничениот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски – Боки 13. Тој е меѓу петтемина осомничени за овој случај.
На распит утринава во Обвинителството бил и таткото на Боки13, Миле Јовановски, како и асистентка од Меѓународниот сојуз, Христина Блажевска.
Претходно, во врска со случајот во Обвинителството исказ даде и пратеничката Фросина Ташевска-Ременски. Покрај Ременски, во својство на осомничена даде исказ и потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ.
Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, пред неколку дена изјави дека очекува во јануари да биде поведено обвинение и за случајот со „Меѓународниот сојуз“.
Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари.



Quote:„Среќна нова ’49“, им рече на новинарите таткото на Боки 13

20.12.2019
„Среќна нова ’49“. Со овие зборови ги поздрави Миле Јовановски, таткото на Боки 13 новинарите кои го чекаа за изјава по едночасовен распит кај обвинителката Вилма Русковска.
Јовановски рече дека не се чувствува виновен за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама.
По Миле Јовановски, денеска треба да биде сослушан и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот во Шуто Оризари, каде што издржува мерка притвор, а на распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.
Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.
20-12-2019, 03:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Финален удар
ВЕЧЕР ДОЗНАВА: БОКИ со нови тајни искази КАЖАЛ СЕ ЗА РЕКЕТ! Следат обвиненија за нови лица

[Image: 719267-vecher-doznava-boki-so-novi-tajni...i-lica.jpg]

04.01.2020
Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа.
Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа.
Што е ново што Бојан Јовановски, Боки 13, имал да и каже на обвинителката Вилма Рускоска? Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат анмера да го жртвуваат и да се сокријат себе,  Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.
Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на  досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.
За поткрепа на овие тврдења Боки 13 ја упатил обвинителката на поголем обем снимени аудио и видео материјали кои го потврдуваат неговиот исказ од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансиска полиција Арафат Мурати. Телефоните кои му биле одземени биле зклучени со шифри при што се појавил проблем за откривање на содржината. На овие состаноци со обвинителката Рускоска Боки 13 прифатил да ги даде шифрите за декодирање на телефоните и преземање на содржината од нив како докази.

Исказот на Боки 13 од овие две средби кај обвинителката Вилма Рускоска е многу обемен, според наши сознанија има околу 30 страни. Се очекува обвинителката Вилма Рускоска да постапи по овие нови докази, а наскоро очекуваме и јавна потврда од Рускоска дека овие две сослушувања на обвинетиот Боки 13 се случиле, секако без детали кои би и штетеле на истрагата и понатамошниот процес пред судот. Досега овие два искази на Боки 13 беа тајна за јавноста.
Понатамошниот процес, доколку ЈО и Вилма Рускоска решат да ги употребат новите докази, секако ќе значи нови истраги и обвиненија за лицата кои ги добивале рекетираните пари од Боки 13 но, и постапки против лица кои дале рекет а тоа не го пријавиле со што добиваат третман на лица кои доброволно дале поткуп за да бидат ослободени од истрагите на СЈО.
Тимот на порталот Вечер.мк има причини да му верува на својот извор за оваа информација бидејќи во неколку други случаи информациите од изворите на Вечер.мк се потврдиле. Да потсетиме, порталот Вечер.мк прв објави опис на видео снимката за предавање на милион евра со сите детали уште на 16 јули, ден по апсењето на Боки 13 и скоро месец дена пред видео снимките да се појават нај италијанскиот медиум Верита.
04-01-2020, 02:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Русковска за ТВ21: Јовановски ниту нешто кажа, ниту пак нешто понуди

04.01.2020
Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека првообвинетиот во двата случаи „Рекет“, ниту нешто кажал, ниту пак нешто понудил за време на последните искази.

Јовановски последно во обвинителството да даде исказ беше на 20 и 23 декември, а на последното рочиште одржано вчера рече дека добивал закани за физичка ликвидација.


Го викала два пати на распит, датумите се поклопуват со оние кои ги објави Вечер и на тие две испрашувања риусковска тврди дека боки 13 не изјавил ништо.
05-01-2020, 12:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?

Ако пропеат Боки, Фросина и Катица - а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат - ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег.

Бранко Героски - 04/01/2020 21:00


[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Кон крајот на јули минатата година, во еден од моите написи за аферата „Рекет“, малку непристојно можеби, јавно се поканив на средба со сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев. Лут поради тоа што ја отворив аферата, збунет од развојот на настаните и неспремен да се справува со кризата, Заев на една прес-конференција си нарача прашање од својот омилен новинар Саше Ивановски дали ќе прифател да се сретне со мене, за фраерски да одговори – немало зошто да се сретнува со мене, а јас („суетниот новинар“, нели) сѐ што сум знаел да сум пријавел во Јавното обвинителство.
Од таа смешна прес-конференција до денес, Заев ми се има јавено само еднаш, а јас нему ниту еднаш, затоа што немам потреба од тоа. Освен тоа, за разлика од многу новинари од неговата пропагандна ергела, јас немам технички канал на комуникација со него. И не ни барам. Сѐ што имав нему да му кажам во таа прилика, почитувани читатели, сега ќе ви кажам и на вас. Ветив дека на аферата „Рекет“ и на другите корупциски скандали ќе се навратам после празниците и после зимскиот распуст, но ете, настаните добиваат нова динамика. Читам дека обвинетиот Бојан Јовановски дал долг и можеби пресвртен исказ кај обвинителката Вилма Русковска, односно одлучил да посочи на вистинските виновници за овој мегакорупциски скандал. Ако не ме лаже усетот, Боки конечно сфатил дека нему му е наменета улогата на жртвено јагне, односно дека тој ќе биде жестоко казнет за власта предизборно да демонстрира „правда“, а сите други кривично и политички одговорни лица, освен обвинетите, ќе се спасат.
Мислам дека од истото се плаши и Фросина Ременски, дека како третообвинета во „Рекет 2“ ќе добие затворска казна и на нејзини плеќи ќе падне товарот на одговорноста на луѓето од власта за скаламуциите на Меѓународен сојуз. Јас секако не велам дека Боки и Фросина не се клучни актери во овој мега скандал. Напротив. Но, како што навестив во некои од моите написи минатото лето, Јовановски сепак беше само маша во рацете на многу покрупни играчи, кои на крајот го собраа кајмакот од милионскиот рекет. За таа игранка сакав да зборувам со Заев. Да бидам искрен, неговото нервозно одбивање да ме прими и да слушне што имам да му кажам, тогаш ме изненади. Денес веќе сѐ ми е јасно.
Еве што сакав да му кажам на другарот Заев, драги мои.

Опасниот советник

Прво, не бев сосема сигурен дали Знае знае кој е човекот кој ја оркестрира не само целата медиумска операција на Бојан Јовановски во Македонија (1ТВ со нејзините „мегаѕвезди“), го гради неговиот имиџ на добротвор и активист во граѓанското општество и со него соработува на најразлични начини, меѓу другото и финансиски. Поточно, секако дека премиерот Заев морал да знае за големата поврзаност на еден свој многу важен советник од странска земја со Јовановски, но не бев сигурен дали има јасна претстава до каде води тој канал и што сѐ од таа линија на влијание може еден ден да се изроди. Тогаш, во една прилика, српскиот претседател Александар Вучиќ ја даде онаа негова прочуена изјава „ја сам рекао Зајеву…“ во врска со скандалот, после што ми стана совршено јасно дека Заев сепак не е способен да ја процени политичката штета од инволвираноста на својот советник во овој скандал.
Инаку, да знаете една работа што можеби не сте ја знаеле. Со должна почит кон „медиумскиот гениј“ Бојан Јовановски, главната конфигурација на 1ТВ ја состави и јадрото на „ѕвездениот тим“ го избра токму тој советник на Заев, веројатно во консултација со луѓе од опкружувањето на премиерот. Истиот човек ја подготви и „евакуацијата“ на истиот тим по пропаста на 1ТВ и го дизајнираше и новиот телевизиски проект, во медиум во кој советникот на Заев има и сериозно влијание, но и многу близок пријател во сопственичката структура.
Моите информации се дека истиот човек во почетокот го менаџирал и движењето на парите собрани во рекетирањето од страна на талентираниот Боки, на неговите асистенти од Меѓународен сојуз, но – сега конечно мора и тоа да се каже! – и на еден човек од екипата на 1ТВ, кој сепак бил инволвиран во рекетирањето на бизнисмените. Така било во почетокот. Подоцна, откако државниот врв ќе сфати дека под негово покровителство се рекетираат милиони (се сеќавате на онаа реплика „многу си го обрал друже“?), во контролата на рекетот ќе се вклучи и човек од најголема доверба на Заев, човек за кого велат дека без него не може да се стокми ниту еден бизнис во земјата и кој не седнува на маса без аванс од извесна сума евра, без оглед на исходот на зделката. Знаете на кого мислам, нели?

Кој ги спои Боки и Катица?

Како и тогаш, така и сега, Заев не умее да ја процени политичката штета од тие игри, не може да сфати дека тој ќе ја плати. Како и да е, тоа лето Заев имаше извонредна шанса да ја прекине таа линија на влијание на незгодниот советник, бидејќи дојде редовниот термин тој на своите советници да им ги продолжи договорите, или, едноставно, да им се заблагодари на дотогашната соработка. Откако беше објавено дека на дотичниот советник му е обновен договорот, мене ми беше јасно дека Заев се впушта во невозможна мисија наречена „Хименопластика“: човекот реши да ја обнови перцепцијата за невиноста на специјалната обвинителка Катица Јанева и случајот да го сведе на наративот за еден вешт „педер“ (со извинение до ЛГБТ заедницата, како што вели Заев) и неколку негови соработници, кои го злоупотребиле познанството со луѓе од власта за да рекетираат бизнисмени. Уште во тоа време имав сигурни информации дека ни обвинителката Вилма Русковска ни државниот јавен обвинител Љубомир Јовески нема да ја туркаат таа блесава приказна.
Но, тоа не е сѐ. Ни советникот на Заев, ни неговиот многу близок човек што ги контролира бизнисите, најмалку пак исфрустрираната Фросина Ременски, не се тие што ги споија Боки Јовановски и Катица Јанева. Создавањето на тој неверојатен рекетарски тандем, според моите информации, е дело на најмалку четири лика: носител на акцијата е блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ (која, како што слушам, после изборите планира евакуација од извршната власт), идеолог е еден наш познат интелектуалец кој остварува значајна блискост со Јанева веднаш по нејзиното назначување, човек за врска е еден наш познат новинар кој е близок и со неа и со Боки, а целата операција сепак не можела да помине без знаење на самиот Заев. Всушност, на таа средба со Заев што не се оствари, јас сакав директно да го прашам премиерот – друже, дали ти го одобри создавањето на рекетарскиот тандем на столетието, или некој ти подметна кукавичко јајце?
Сега веќе не сакам и не морам ништо да прашувам. Сега буквално сѐ ми е јасно. Единствено не можам да предвидам како ќе се однесуваат обвинетите во аферата „Рекет“, дали ќе молчат и ќе го преземат товарот на вината (измерен во долгогодишни затворски казни, какви што очекува предизборно воспалената јавност), или сепак ќе проговорат за целата вистина.

Дали е Боки будала да лежи за сите?

Порталот Вечер, кој се потврди како добро информиран за некои клучни аспекти на аферата, тврди дека во петокот на 20 декември, во исказ пред обвинителката Вилма Русковска, запишан на 30 страници текст, Бојан Јовановски кажал сѐ. Дури и тоа дека поголем дел од парите што ги зел од рекетот (наводно околу 7 милиони евра) ги предал на луѓе блиски до Заев, вклучувајќи и извесен В.З. Не знам дали е тоа точно, но моите извори уште минатото лето ме известија дека во телефонот на Боки навистина чуда имало и дека ништо не било избришано. За разлика од Катица, Боки не бришел. Меѓу чудата имало и снимки од комуникации на Бојан Јовановски со луѓе многу блиски до Заев, некакви белешки во апликација за пишување (таму наводно била спомната и Фросина Ременски) и куп други докази кои, според порталот Вечер, обвинетиот Боки сега сака да излезат на виделина.
Пак ќе речам, не знам дали е тоа точно, но многу добро се сеќавам на написите во српските весници „Курир“, „Ало“ и „Информер“ дека ако дојде густо, ако Бојан Јовановски почувствува дека ќе биде ставен на клада за другите да преживеат, има депонирано докази кои ќе ја откријат вистината. Можеби тогаш тоа биле само закани на еден очаен човек, но сега Јовановски се соочува со тешка пресуда и сигурно си го поставува прашањето – па дали сум јас будала да лежам за сите нив? На тоа укажува фактот дека Боки сега се претставува како политички затвореник, се чувствува загрозен и дека е под закана од физичка ликвидација. Да ви кажам право, му верувам за заканите, бидејќи се слуша дека во околината на Заев има еден нему близок човек кој има обичај и така да се заканува.
Не знам како ќе се однесува Фросина Ременски, која е обвинета за дело за кое може да заработи затворска казна. Како вистинска бомба одекна нејзината изјава дека очекува соработка со новиот министер за внатрешни работи, кој, како што рече, можеби ќе имал сенс за некои прашања кои што не биле отворени во изминатиот период. СДСМ после се обиде невешто да ја спинува оваа изјава, но факт е дека таа беше дадена во контекст на аферата „Рекет“. Зошто Фросина Ременски, која беше тивко елиминирана од врвот на СДСМ, би го презела врз себе товарот на одговорноста и за луѓето кои ги влечеле конците на аферата од позадина и го собирале кајмакот?
Конечно, но не и неважно – што ли значеше онаа загадочна реплика „Заев заврши“, од устата на обвинетата Катица Јанева? Ќе пропее ли и Катица Јанева?

Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег

Ако се обелоденат новите искази на Бојан Јовановски, ако има нови искази на засегнатите (не само на Фросина Ременски, нешто ми кажува дека и Зоран Милевски Кичеец го нема кажано последниот збор), веројатно целата јавност непосредно ќе се осведочи дека покрај актерите на аферата „Рекет“, обвинети и исфрлени во прв план – Боки, Катица, Фросина и другите – неколку луѓе од втор план ги влечат конците и го собрале кајмакот.
Се надевам дека нема да се лутите што нема да ги именувам овие луѓе, но јасно ќе посочам на нив – тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, многу близок советник на Заев од една странска земја, познат интелектуалец и познат лик од 1ТВ кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев, или и Заев бил само „изманипулиран“.
Во поглед на политичката одговорност на овие луѓе, јас одамна донесов пресуда. Но, ако обвинетите одлучат да проговорат, нема да биде изненадување ако има и нови обвиненија, како што најавува порталот Вечер. На овој или на оној начин, вистината полека се дознава и станува јасно дека она што до сега го знаеме за „Рекет“, сепак е само врвот на ледениот брег.
05-01-2020, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Јовески бара имиња и докази за други вмешани во „Рекет“


Плусинфо - 05/01/2020 19:02
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Алсат-М вели дека ги следи сите написи поврзани со случајот „Рекет“, но смета дека без конкретен доказ или имиња, информациите остануваат на ниво на шпекулација.
– Не располагаме со други податоци, за други имиња инволвирани во „Рекет“. Доколку некој друг располага нека ги достави до Обвинителството за да постапува. Ги имаме предвид сите написи, но доколку некој посочи конкретен доказ, документ, ние сето тоа ќе го прибавиме и ќе постапуваме. Предметот се води неселективно – рече Јовески за телевизијата.
Јовески, исто така, ги отфрла како шпекулации и тврдењата дека Боки 13 барал да го спроведат кај него за да сподели доверливи информации, посочувајќи дека досега тој му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.
– Таква средба не барал. Бојан Јовановски сега е во судница и доколку сака, има факти или околности сите може да ги изнесе јавно и на судско рочиште – вели Јовески за Аласт.
Неговата изјава следува откако вчера порталот Вечер.мк објави дека Бојан Јовановски во исказ пред обвинителката Вилма Русковска кажал дека парите од рекетот ги предал на луѓе блиски до Зоран Заев, по што јавната обвинителката синоќа ги демантираше обвинувањата.
Новинарот Бранко Героски во својата вчерашна колумна праша „Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?
 




Quote:Дуковски: Јовески не ја зборува вистината, Јовановски бараше средба со него

МИА - 05/01/2020 21:31
Бранителот на Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски во соопштение до медиумите, ги отфрли како ноторна невистина исказите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека Бојан Јовановски не барал средба со него за да сподели доверливи информации.
Јовески за Алсат-М рече дека Јовановски досега му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.
„Ноторна невистина е искажана од страна на јавниот обвинител на РС Македонија дека таква средба не била побарана. Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа. А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството“, се вели во соопштението од Дуковски.
05-01-2020, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12





Quote:Наместо истрага и расчистување на „Рекет“ – најголемиот мафијашко рекетарски скандал во Македонија, Јавното обвинителство се става во улога на заштитник на власта.Наместо одговори – вербално или со дела – по прашањата за тоа дали и кои се „В.З., професорот, советникот, новинарот“ за кои што зборува јавноста, преку настапи во медиуми се загрозува доверливоста на сведочењата на обвинетите, само и само со цел заштита на власта во заминување.Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинителството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално – рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија! По неколку дена од даден нов повеќечасовен исказ на првоосомничениот, по денови од јавните навестувања кои се главните луѓе во ова здружување, од обвинителството нема одговори, нема проширување на истрагата, има само обид за јавно чистење на имиња од власта!, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
08-01-2020, 04:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote: „ЕУ проект“ за уште една градежна компанија
Лила Филиповска била авторка на проектот за пензионерски домови на Боки 13 за хонорар од 250 илјади евра
И градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра во шемата на Бојан Јовановски-Боки 13 за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица. Овој пат посредник била водителката Лила Филиповска, вели измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија. Таа пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, која е заборавена во некоја обвинителска фиока. Нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“, вели Норнилд.

[Image: mkd-453725.jpg?itok=tGKEYmTT]

03.02.2020
Норнилд за МКД.мк вели дека вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството. Но без никаков резултат.
„Сѐ почна кога како заштитно лице на мојот козметички салон 'Мис Ен' ја избрав токму Лила Филиповска. Тоа беше некаде во почетокот на 2017 година“, ја почнува својата приказна Ена Норнилд. Соработката си течела вообичаено, сѐ до летото 2017 година, кога Лила понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“.
„Ми рече дека е добра пријателка со Боки 13, кој добил проект од ЕУ за изградба на домови за ранливи категории и за стари лица. Авторка на проектот била Лила, Боки го добил од ЕУ, а јас за да учествувам во проектот, во изградбата на тие домови, требаше да ѝ платам 250 илјади евра на авторката на проектот. Таа ми кажа дека во проектот вложила и свои пари. Не се посомневав во ништо од ова, на крајот на краиштата Лила тогаш уште работеше за мене. Побарав средба со Боки. Отидовме во неговата куќа во Орман. Кога влегов внатре, сѐ беше под знакот на ЕУ - знамиња, папки, беџеви, пенкалца... Тој ми рече дека проектот веќе е добиен, но е заштитен, а деталите ќе може да се видат откако ќе се плати учеството. Со мојот адвокат спремив договор, со извршни клаузули за двете страни ако некој не ги испочитува условите од договорот“, раскажува Норнилд.
Таа никогаш не го видела проектот.
На 21 јуни 2017 година Лила цела во плач влегла во канцеларијата на Норнилд и рекла дека животот ѝ зависи ако парите не се платат токму денеска. Исплатата била завршена истиот ден: 13,5 милиони денари биле префрлени на сметката на Лила Филиповска, која веднаш потоа, под името Лила Стојановска, ги конвертирала денарите во 250 илјади евра во кеш, вели Норнилд.


[Image: mkd-453745.jpg?itok=6F2ZzBLc]

Ниту една државна институција, ниту Финансиската полиција, ниту НБМ, ниту контролните служби на банките... не реагирале на ваквата кеш исплата.
Рокот за почеток на изградба на објектите бил 30 ноември 2017 година. Ако нешто тргнело наопаку, истиот ден требало да се активира и извршната клаузула од договорот.
„Додека бевме на состанокот со Боки 13, цело време на телефон му се јавуваше извесен Стјепан од Хрватска, кој бил дел од проектот и кај кого требало парите да се однесат. Во кеш. Каде навистина завршија парите не знам. Знам само дека на 29 ноември добив повик од Лила и Боки да се сретнеме во хотел Парк. Ми рекоа дека проектот ќе се пролонгира, дека дошло до ревидирање и рефинансирање и сега рокот е крајот на февруари 2018 година. Прифатив само под услов и извршната клаузула да важи од тој датум. Подготвив анекс, а потоа Лила ми кажа дека по совет на Боки таа не можела да потпише таков анекс“, раскажува Норнилд.
Норнилд потоа ја пријавила измамата во канцеларијата на ЕУ во Скопје, во Основното јавно обвинителство во Скопје, во Финансиската полиција...
„Од ЕУ до денес немам одговор дали таков проект воопшто постоел, дали биле одобрени финансии за изградба на домови за пензионери. Молк. Исто како и од обвинителството. За мојата кривична пријава против Лила Филиповска за измама и против Бојан Јовановски за злосторничко здружување одредена била обвинителката Сања Бурјаковска-Китановска. Пријавата до денеска стои во нејзината фиока. Таа овој период е постојано отсутна, болна, на патувања, по одмори... Не се сомневам дека тука се работи за организирана група, заштитена од власта. Ова е речиси истата шема во која настрадаа бизнисмените Сиљан Мицевски, струшката компанија 'Дрим билдинг'... Не ми е јасно зошто овој случај не е дел од 'Рекет'. Во обвинителството се сите документи, мојот исказ, ова што вам ви го велам го имаат и во обвинителството... Но ништо. Молк. Откако пред 2-3 дена на Фејсбук ја објавив уплатницата за Лила Филиповска, вчера веднаш бев повикана да дадам исказ во Финансиска полиција. Што се чекаше 2 години? Кој го чува мојот случај 2 години? Уште еднаш - немам никакво сомневање дека тука се замешани многу повисоки фигури од нашиот државен апарат“, вели Норнилд.
Уште еден апсурд: извршната клаузула од договорот со Лила Филиповска подразбирала право „Дан-Мак“ да си ги врати парите. Но извршителот на „Дан-Мак“ установил дека целиот имот на Филиповска е под хипотека во банки.
Лила Филиповска како сведок на едно од рочиштата за случајот „Рекет“ сведочеше дека на Бојан Јовановски му позајмила 25 илјади евра за да ја покрене својата 1ТВ.
05-02-2020, 03:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Аудиo од Заев: Mу помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски

[Image: 729014-miloshoski-so-ogromen-skandal-aud...a-plus.jpg]

12.02.2020
Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања штотуку презентираше аудио снимка на кој по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев.
На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.
Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс премиерот бил во комуникација со главно осомничениот за Рекет, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.
Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.
Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.
Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата и.
Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.
Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови.
Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани Октомври Ноември 2018 година.
12-02-2020, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15





Погледнете го изразот на лицето на Рената Дескоска на крајот на видеото.
12-02-2020, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(12-02-2020, 02:12 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Погледнете го изразот на лицето на Рената Дескоска на крајот на видеото.



Quote:МИЛОШОСКИ ЈА ПРЕДАДЕ ЗАЕВКАТА: Заев со „бомби“ дојде на власт сега по глава му се враќаат

19.02.2020
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.
Тој откако и ја предал аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска, рече оти добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.
-Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вкчучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.
Според него, најдобро би било Русковска да го повика и Заев даде појаснување за разговорот.
Снимката што денеска ја предаде во Обвинителството, Милошоски минатата недела ја презентираше на седница на собраниска комисија.
Тој појасни дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие, рече Милошоски.
Доставувањето на аудио снимката денеска со кусо соопштение го потврдија и од Обвинителството.
-Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот, се вели во соопштението.
19-02-2020, 03:40 PM
Reply