Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈЕВРОПЕЈЦИТЕ ЗАЕВ И АНЃУШЕВ СО РУСИ ВО КРИМИНАЛНИ ВРСКИ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,543
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев и Анѓушев дел од криминал вреден 200 милиони евра – заедно со Руси!

[Image: image.jpg]

09.12.2019
Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет – покажува истражувањето на „Економски Лидер“.
Во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев но и вице-премиерот Кочо Анѓушев, кои заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра.

ТЕ-ТО ВО ЕДЕН ДЕН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ И СЕ РЕСТАРТИРАШЕ!

Оваа фамозна електрана е основана од македонската компанија „Топлификација“ во партнерство со „Битер-Холдинг“ од Кипар каде што сопственик е рускиот олигарх Леонид Лебедев. Во 2018, таа е прва на листата по остварена добивка од дури 120 милиони евра, но симптоматично, во истата година најпрофитната компанија во државава отиде во стечај.
Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.
Топлификација е акционерско друштво и со ова практично се оштетени инвеститероите кои купиле акции.
Стечајот се случи поради тоа што руските газди преку перење на пари извлекле 150 милиони евра (за што докази ќе објавиме во вториот дел од нашето истражување), државниот буџет е оштетен за 20 милиони евра со простувањето на данок од страна на владата а акционерите на „Топлификација“ се оштетени за 28 милиони евра, со тоа што судот ги прости долговите на ТЕ-ТО кон оваа компанија.


КАКО Е ВМЕШАН ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?

И покрај тоа што очигледно станува збор за лажен стечај, премиерот Зоран Заев одлучи да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО.
Ова не е помош туку практично е опростување на данокот на добивка кон УЈП на ТЕ-ТО кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра.
Симптоматично е што владата додели ваква помош на компанија за која кривична пријава има поднесено Финансиска Полиција.
Во прилог, одлуката на владата од 160 седница одржана на 22 октомври 2019:

 
[Image: TetoEden.jpg]
КАКО Е ВМЕШАН АНЃУШЕВ?
При стечајот на ТЕ-ТО, како една од причините се наведува ниската продажна цена на струјата. Преку набавката на реагенси, русите ја фрлија ТЕ-ТО во стечај преку перење на пари со манипулација со цените. Но оваа компанија, според причините за стечај одобрени од судот, струјата ја продавала по неповолно ниска цена.
Струјата е продавана на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите беше во сопственост на сегашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, што го потврдуваат интерните документи од ТЕ-ТО до кои стигна Лидер.
 
[Image: Kocho1.jpg]
 
[Image: Kocho2.jpg] [Image: Kocho3.jpg]

ЗОШТО РУСКОВСКА НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО?

По кривичната пријава од Финансиска полиција, предметот за лажниот стечај е во рацете на славната обвинителка Вилма Русковска. Но, таа не презема ништо околу ова прашање.
Ова отвора сомнеж за поврзаност помеѓу политичарите, судот, обвинителството и рускиот олигарх Лебедев. За тоа кој и како го направи криминалот во ТЕ-ТО, во второто продолжение кое ќе го објавиме утре.
Чекаме во наредните денови премиерот Заев да објасни зошто одобрил помош за оваа компанија со очигледен финансиски криминал а премиерот Анѓушев да негира дека е поврзан (ќе објавиме и исплати од ТЕ-ТО кон неговата компанија).



Неверувам дека Заев ке ја даде власта!!
09-12-2019, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,543
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВТОР ДЕЛ: Еве кој е дел од скандалот вреден 200 милиони евра во ТЕ-ТО


[Image: VTORDEL-960x533.jpg]

12.12.2019
Во првото продолжение од нашето истражување за мега-скандалот во централата „ТЕ-ТО“, ви откривме како преку бизнис-политичко-судска шема бил вреден криминал вреден вкупно 200 милиони евра, во кој оштетена е и државата.
Првиот дел од нашето истражување можете да го прочитате на следниот линк, по кој – никој од споменатите не ја демантираше нашата сторија.
Во вториот дел од истражувањето ќе ја прочитате улогата на сите актери во овој криминал.

Леонид Лебедев – Сопственик на „Битер-Холдинг“


Леонид Лебедев е олигарх од Русија кој според официјалните проценки тежи 1.2 милијарди долари. Во исто време, Лебедев е државјанин и на Кипар, каде што ја поседува компанијата „Битер-Холдинг“ која пак е сопственик на „Балкан Енерџи Груп“ и еден од сопствениците на централата „ТЕ-ТО“. „
„ТЕ-ТО“ е основана во партнерство со „Топлификација“ која во скандалот кој го објавивме е оштетена за огромна сума.
Во овој софистициран криминал, преку лажниот стечај на „ТЕ-ТО“. Лебедев успева од Македонија да извлече над 150 милиони евра во својата фирма на Кипар и со тоа да им наштети на акционерите на компанијата „Топлификација“ која е косопственик на централата.

Зоран Заев – Претседател на владата на РСМ

И покрај лажниот стечај со кој се извлекоа пари на седница на владата, премиерот Зоран Заев одлучи на „ТЕ-ТО“ да му се простат долгови кон УЈП. Со ова државниот буџет се оштети за 24 милиони евра.
Ова Заев го прави рамноправен соучесник.

Кочо Анѓушев – Заменик претседател на Владата на РСМ одговорен за економски прашања

Постојат индиции дека Анѓушев е еден можените иницијатори за доделување на државната помош.
Тој преку неговата компанија „ЕДС“ (која во меѓувреме ја продаде), имаше потпишано ексклузивен договор за соработка со „ТЕ-ТО“ од каде што ја откупуваше струјата.
Според одлуката за стечај на „ТЕ-ТО“, една од причините за стечајот (за кој финансиска полиција тврди дека е лажен) е тоа што цените биле крајно неповолни. Ова отвора дека тој е дел и од извлекувањето на пари од „ТЕ-ТО“.

Нина Ангеловска – Министер за финансии

Нина Ангеловска е надреден функционер во однос на Управата за јавни приходи, која прифаќа да се додели државна помош на ТЕ ТО АД со одложена наплата на долгот на ТЕ ТО АД.

Владимир Наумовски – Претседател на комисијата за заштита на конкуренција

Наумовски е човекот кој дал зелено светло за државна помош во ТЕ-ТО, односно за простување на долгот. Тој проценил дека со ова не се нарушува конкуренцијата, иако „ТЕ-ТО“ е на слободен пазар.
Одговорноста на комисијата е исклучително голема бидејќи државната помош е доделена на фирма која е учесник на пазарот на електрична енергија во државата и надвор од државата и додатно е учесник на пазарот на топлинска енергија во државата.

Сања Лукаревска – директор на управата за јавни приходи

Оваа институција е одговорна за наплата на даноците во РСМ и без согласност на оваа институција оваа помош не може да се реализира. Лукаревска го одолговлекувала наплаќањето на данокот за „ТЕ-ТО“ и со тоа овозможила тој данок никогаш да не се плати. Имено, според одлуката на владата тој данок треба да се плати за 9 години, но, Лукаревска претходно одолговлекувала па така ќе дојдеме до цифрата од 10 години – што значи застарување на долгот.

Вилма Русковска – шеф на основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

И покрај кривичната пријава од Финансиска Полиција за лажен стечај и кривичните пријави од акционерите на „Топлификација“, Русковска не отвора случај и не ги гони сторителите на лажен стечај.

Сашка Трајковска – судија во стечајниот оддел на Основен граѓански суд Скопје.

Оваа судијка во еден ден пресудила дека „ТЕ-ТО“ треба да оди во стечај, но и да излезе од стечај со отпис на долгот кој централата го има кон „Топлификација“. Со ова практично се ограбува „Топлификација“ но и македонските даночни обврзници.

Најава за ТРЕТ ДЕЛ
Во третиот дел од нашето истражување ќе имаме интервју со еден од акционерите во „ТЕ-ТО“, по што ќе објавуваме детални документи за делата што ги сториле сите споменати.
12-12-2019, 05:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,543
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ТРЕТ ДЕЛ: Интервју со акционер – за криминалот во ТЕ-ТО вреден 200 милиони во кои се вмешани Заев и Анѓушев

17.12.2019
Во третиот дел од нашето истражување за криминалот во централата ТЕ-ТО, разговараме со Ивица Стојановски, акционер во Топлификација која е оштетена од овој криминал.



17-12-2019, 10:33 PM
Reply