Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕФЕРЕНДУМ 30.09.2019
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Референдум во Македонија (2018)

По македонската независност од Југославија во 1991, грчките власти тврдеа дека името на земјата имлицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион и се спротиставија на употребата на терминот „Македонија“ од страна на новата држава. Македонија беше примена во Обединетите Нации во 1993 под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ),[3] додека во меѓувреме голем број на држави ја признаа Република Македонија под уставното име.
Повторените обиди за преговори за сложено име не успеаја 27 години. Меѓутоа, во 2018, се интензивирани контактите на високо ниво помеѓу владите на двете земји, а македонскиот вицепремиер Бујар Османи ја посети Атина на 9 јануари,[4] и македонсиот премиер Зоран Заев се сретна со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Светскиот Економски Форум во Давос, Швајцарија на 24 јануари.[5][6][7] На средбата во Давос, прва од ваков вид во последните седум години, двајцата лидери покажаа одлучност да стават крај на прашањето за името и да ги подобрат односите помеѓу двете земји. Заев подоцна презеде иницијативи кои ќе ја намалат грижата во Грција во врска со политиките на антиквизација.

[Image: 220px-%D0%9F%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%...381%29.jpg]
Потпишување на договорот во Преспа

На 12 јуни 2018, Ципрас објави дека постигнал договор со Заев „кој ги покрива сите предуслови поставени од грчката страна“.[8] Предлогот ќе резултира со преименување на Република Македонија во Република Северна Македонија, со тоа што новото име е за севкупна употреба, надворешна и внатрешна.[9] Заев објави дека договорот вклучува признавање на македонскиот јазик во Обединетите Нации и дека државјаните на земјата ќе бидат нарекувани како и претходно, македонски. Сепак, исто така ќе има експлицитно појаснување дека граѓаните на земјата не се поврзани со античките Македонци.[10][11] „Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, рече Заев.[12] Договорот бил потпишан на Преспанското Езеро.

Ставови

За

Македонскиот премиер Зоран Заев и владината коалиција започнаа онлајн кампања со која го поддржаа гласот За на референдумот. Многу високи функционери и ЕУ-лидери дадоа поддршка за опцијата „За“ бидејќи ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО. Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц,[13][14] канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис,[15] американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО,[16] Албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат за на референдумот.[17][18][19] Во Македонија, албанските политички партии и нивните лидери Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот
За.[20]


Против/бојкот


[Image: 220px-Banners_Bojkotiram_movement.jpg]
Транспаренти и плакати на движењето Бојкотирам кај жена-парк во Скопје, карши Собранието на Република Македонија, три дена по референдумот

[Image: 220px-Macedonian_referendum_boycott_poster_2018.jpg]
Плакат на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада во Струга кој повикува на бојкот
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења.[21] Партијата не учествуваше во референдумската кампања, додека некои високи партиски членови ја изразија својата поддршка за бојкотирање на референдумот. На 23 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди договорот и ги повика своите сонародници да го бојкотираат гласањето.
Анкети за јавното мислење

[Image: 2018.jpg]

[Image: 2018-1.jpg]
(This post was last modified: 05-12-2019, 12:12 AM by ЈорданПетровски.)
05-12-2019, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Овој податок е многу битен затоа го издвојувам!!

[Image: 2018-1.jpg]


Од скенов се гледа јасно кој ја изгласа промената на името!!
05-12-2019, 12:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: image.jpg]
05-12-2019, 12:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 79750106_10215188857982787_6493839540501...e=5E720718]


На страницата на ДИК околу референдумот се е избришано!!
05-12-2019, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



06-12-2019, 12:46 AM
Reply