Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДЕЊЕТО НА ЈАНЕВА И БОКИ 13
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

Quote: Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

07.05.2020
Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата, како и сите други кога биле гости.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не негира дека имал средби со Бојан Јовановски, кој е обвинет во случајот „Рекет“ во телевизијата кога гостувал, но како неточни ги оквалификува неговите изјави дека му кажал оти го следат странски служби и него и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
– Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите – рече Заев.
Можеби ќе ве интересира

Јовановски на денешното рочиште рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева ги следат странски служби и оти не знае што ќе прави.
– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение. Штета што не беше вештачен мојот телефон, да се види дека јас прв пријавувам кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал – изјави Јовановски.
08-05-2020, 02:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62

Quote: Боки 13: Пред вас стои следниот лидер на оваа земја


07.05.2020
На крајот од своето неколкучасовно сведочење, првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.
„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика, рече Боки.
Сепак, претходно ја праша судијката дали ќе му гарантираат безбедност по денешниот исказ.
-Јавниот обвинител е должен да земе исказ од обвинет пред да се покрене обвинение, но тоа не беше случај со Рекет. Рускоска се правдаше дека ќе сум глумел дека сум болен па затоа не ме испраша. Па и поранешниот премиер Никола Груевски не беше овбинет за организација на 27април оти не можеше да му биде земен исказ оти е во отсуство. А за мене тоа не беше случај, рече Боки.




Quote:Двајцата лидери, Зоки и Боки


07.05.2020
„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои идниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика“. Оваа историска изјава излезе денеска од устата на Бојан Јовановски, популарниот Боки Тринаесетка, Боки Тредичи, обвинет во аферата „Рекет“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.
Иако лично сум убеден дека судот има доволно квалитетни, уверливи и дури и спектакуларни материјални докази без сомневање да одлучи дали Јовановски и Јанева се виновни за делата што им се ставаат на товар, па дури и без оглед што беше очекувано во финишот на процесот двајцата да отворат уста и да посочуваат на виновници околу себе, да влезат и во меѓусебна пресметка, сакам јасно и гласно да ви кажам дека јас не мислам дека Бојан Јовановски полудел. Неговата најава дека ќе се занимава со политика воопшто не ја сметам за банална, туку за мошне сериозна. Напротив, мислам дека човекот треба да се охрабри да продолжи во таа насока.
А зошто да не, ве молам?
Вака или онака, овој опскурен лик, кому очигледно не му недостасува природна интелигенција и дарба за вакви игранки, таа ѕвезда на ријалити шоуто „Големиот брат“, очигледно успеа да се наметне како лидер на македонската медиумска сцена, да стане командант на еден цел одред медиумски „бардови“ (кои, како што слушнавме од него денеска, во 1ТВ добивале дури и специјални задачи, срамни за луѓе кои важеа за некакви величини во македонското новинарство), да израсне во фраер кој успеа да заврти милионски суми, да се факторизира во македонската политика, да води разговори со лидерот Зоран Заев за „одредени општествени ситуации“, да контактира со сите најважни луѓе во СДСМ, од нив да биде јавно крунисан и со дел од нив да склучува меморандуми за идни криминални зделки, да стане мешетар кој на линија ги има сите поважни обвинители, а неговата омилена Катица Јанева во него да стекне толкава доверба што ќе му дозволи да ја снима како игра хип-хоп со купчиња евра во рацете.
Ве прашувам, кој од вас може да го постигне тоа за помалку од три години?
Можеме, секако, да речеме дека Боки начекал еден куп будалетинки со нив да се заебава, дека начекал село без кучиња – и можеби и во тоа има вистина, нели – но не треба да негираме дека во случајот на овој лик имаме еден среќен спој, или она што на англиски јазик се нарекува perfect match, на главните атрибути на човек склон и способен за брзи игри на работ или и преку работ на законот, со главните карактеристики на еден хибриден режим, хронично и неизлечиво зацапан во мафијашка кал, во корупција, во клиентилизам, во политичка неодговорност и во еден погубен популизам.
Токму затоа, не е никакво изненадување што денеска во судницата, идниот лидер на некоја нова партија, идниот премиер или можеби и идниот претседател Бојан Јовановски, многу сериозно го предизвика својот главен конкурент на политичката сцена, човекот кој сѐ уште има највисок рејтинг (ако им се верува на анкетите), несудениот Нобеловец, нашиот омилен Зоран Заев.
Од денешниот лидерски дуел, од обвинувањата на лидерот во најава Бојан Јовановски, како и од репликата на Зоран Заев, ги издвојувам следните пет главни поенти:
1. „Главна цел на предметот ‘Рекет’ е рушење на 1ТВ и на СЈО“, тврди Боки. Во изминатите месеци и дел од „бардовите“ ја елаборираа оваа теза, уверувајќи ја јавноста дека Боки и Катица ќе успеат да ја докажат својата невиност. Потоа бардовите некако нагло замолчеа, веројатно претчувствувајќи дека Јовановски тезата ќе ја насочи таму каде што тие најмалку очекуваат и посакуваат: „И самиот тогашен премиер Зоран Заев имаше интерес да го снема СЈО“, опали денеска нивниот гуру.
Не знам дали Јовановски во иднина ќе има можност подетално да ја образложи својата теза, или тоа во својата одбрана ќе го разјасни неговата другарка Катица Јанева. Како и да е, мислам дека некој треба подетално да објасни зошто Заев би имал интерес да го снема СЈО. Можеби некој од „бардовите“ ќе се истакне?
2. „Се тргуваше со овој случај – вели Боки – Катица Јанева беше уценета, или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега“.
Уценета? Од кого уценета? Прашањето важи за двајцата лидери, поранешниот Зоки и идниот Боки. За некој иден дуел. Можеби и Јанева ќе може да ни помогне во разјаснувањето на оваа теза. Или не?
3. „Со Заев комуницирав подолги години“, раскажува Боки. „Сум бил симпатизер – додава тој – но никогаш член на СДСМ“. Овде мала дигресија од моја страна: срамота, другарчиња, за толку заслужен човек за вашата кауза, за човек на чие крунисување присуствувавте безмалку сите, да не се најде една партиска книшка, со назнака „почесен член“, на пример, срамота е тоа!
„На 3 април, Заев гостуваше во телевизијата. По емисијата, разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и ме изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене“, сведочи Боки.
На ова, Заев одговара: „Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни“. И барем да запреше тука, кутриот Заев, некако ќе го разберев. Не е точно и точка, што има тука уште да се коментира? Арно ама, Зоки не знае да запре кога треба, па објаснува: „Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовановски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите“.
Е јеби га… Чинам дека јас со Зоки се познавам многу подолго од Боки (кого, пак, ама ич не го познавам, освен од телевизија и како оперативец на таа странска служба што ми ја спомнува, која и да е, не е битно) и природно е да бидам пристрасен во полза на лидерот на СДСМ. Но сепак, од авион се гледа дека во овој долг и конфузен исказ на Заев, има некои одвишни, а сомнителни тртљаници.
На пример, еве и јас сум се гледал со Зоки многу пати во минатото (кога Боки сѐ уште не беше „педер“, а јас „суетен новинар“), но тој кај мене никогаш не апелирал за законско работење. Зошто за тоа правел муабет баш со Бојан Јовановски? И тоа баш на 3 април? Одозгора на тога, не ми е јасно што сакал Зоки да каже кога вели: „…Ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите“? А бе знаеме ние дека Зоки секогаш е законите да важат еднакво за сите, а за некои и поеднакво ако може, ама ќе ни каже ли лидерот што тоа наслушнал?
Бај д веј, дали ова чудно апелирање и укажување за кое зборува Зоки навистина се случило на 3 април, како што тврди Боки, дваесеттина дена пред датумот кога Заев наводно официјално го пријавил во Обвинителството случајот „Рекет“? Велам „наводно“, зашто јас сѐ уште немам видено документ дека Заев случајот го пријавил, како што тврди, на 22 април. А на чамче муабет не верувам…
Да заклучам за ова: на мене овој сложен и конфузен исказ на Заев ми кажува дека на тој 3 април (белким може да се провери дали тогаш актуелниот премиер гостувал во телевизијата на идниот премиер на Македонија и дали потоа седеле во канцеларија и разговарале за „одредени општествени ситуации“) Зоки сепак го предупредил Боки дека нешто му се спрема. Вие немате таков впечаток?
4. „Зоран Милески ми кажуваше дека со Ана Камчева биле во неколку амбасади и неколку пати во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Тогашниот премиер им ветил дека ќе стори сѐ што може да се олесни позицијата и на Камчев, на Мијалков и на останатите, за да не трпи многу и бизнис-заедницата“.
Мале, мале, малеее… Видовме џанам колку Заев им ја „олесни“ ситуацијата на сите спомнати и на многу други, на сите кои требаше да бидат, всушност, трофеите на Заев и на Јанева во остварувањето на предизборното ветување за „правда и мир“. Наместо правда, видовме тежок непрофесионализам, правен волунтаризам, аматерско арбитрирање и политизирање на кејсовите, медиумски манипулации и конечно, класичен рекет. Ако Заев пак се добере до власта, јас сум сигурен дека сите спомнати пак можат да се надеваат само на слични „олеснувања“. Мамичето ќе им го расплаче, ако може! Но, за љубов на вистината, треба да се каже и тоа дека сосема е можно Заев да зборувал дека не треба да трпи „бизнис-заедницата“, дека тој е против притворите како решение и слично на тоа. Личи тоа на слаткоречивиот Зоран Заев.
5. „Заев со Кичеец – сведочи идниот лидер на Македонија – зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“.
Уф… Ова веќе е ептен сериозно! Местење избори. Паравојска. Чудесии. Очигледно, станува збор за последните локални избори. Според Боки, во СЈО наводно имало „бомба“ за местењето на изборите. Би сакал, од устата на поранешниот лидер на СДСМ, да слушнам резолутна изјава дека немало никакво местење на изборите во Охрид, а како потврда за тоа – да ја слушнеме ние таа фамозна снимка. Зошто да им веруваме на Боки и на Зоки на збор? Ќе ја слушнеме снимката и ќе си се убедиме дека некој од нив двајцата лаже. Чудо големо. Не е ни првиот, а нема да биде ни последниот лидер на оваа напатена земјичка што го лажел народот.
И така, драги мои…
И без мојот придонес, еве ви интересна завршница на случајот „Рекет“. А уште не е ни доиграна. Лидерската средба во Кривичниот продолжува со исказот на обвинетата Катица Јанева. Кој знае таа што ќе ни каже, кутрата. Додуша, факт е дека Катица никогаш не се огласила со таква политичка амбиција, тоа Фатиме Фетаи, ако не се лажам, се изјасни дека себеси се гледа и како идна претседателка на Македонија. Но, изгледа во тоа друштво лидерските амбиции биле заразни ко коронава, па не е исклучено да слушнеме уште еден лидерски настап во судница.
Како и да е, работата не е баш за шегување. Како што знаете, јас никогаш Зорана Заев не го сомничев дека е кривично одговорен за „Рекет“ – тврдев и тврдам дека е политички одговорен за скандалот, тоа да! Но, веќе темелно изверзираниот во правосудната материја Бојан Јовановски му постави незгодни замки на својот политички конкурент во лидерската битка. Имено, ако Заев на 3 април, на свој начин, со „апели“ и „укажувања“, или било како, го предупредил Јовановски за постоење „индиции за незаконско дејство“, расправата за таа непријатна „општествена ситуација“ понатаму сепак ќе мора да се води во присуство на обвинител и на адвокатот на Заев. Лично мене ништо од тоа не ми е потребно (мене ми е доволно Зоки подетално да ни раскаже што разговарал со Боки на 3 април во 1ТВ), но идниот лидер на Македонија очигледно си ги знае правата и знае каде и како да притисне.
Нејсе, тоа е таа наша чудесна Македонија. Процесот „Рекет“, претпоставувам, ќе заврши со коректни и праведно одмерени пресуди за обвинетите, во духот на најдобрите традиции на нашето судство. Но, овој процес сепак ни потврди дека политиката е вмешана во скандалот, за што некои врвни личности сносат најмалку политичка одговорност. А кога спомнувам одговорност, мислам на одговорност не само за „Рекет“, не само за пропаста на СЈО, институцијата што требаше да биде скапоцениот камен во круната на реформираното судство, туку и за изневерената доверба во концептот за владеење на правото во Македонија.
И затоа, претпоставувам, реформата на правосудството и враќањето на довербата во правдата ќе биде првата точка во програмата на Бојан Јовановски, кој од денеска стапува на политичката сцена, со нескриена амбиција да биде идниот лидер на Македонија. Да му посакаме добредојде. Зошто па да не? Какви се шутраци не сме виделе, што ќе му фали на Боки?
 
08-05-2020, 02:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

Quote:Јанева: „Империја“ беше пред обвинение, каде се сега и тој и другите предмети?

Александар Самарџиски | 8 мај, 2020

Кога јас го оставив предметот „Империја“, беше во завршница, пред обвинение, каде е сега тој, каде се другите предмети?, праша Катица Јанева во текот на сведочењето во предметот „Рекет“ каде што е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

рече Јанева. Wrote:„Оваа постапка е монтиран случај, не само против мене, јас сум таргетот, туку најважно е СЈО. Јас бев свесна уште кога ме избраа дека ова ќе биде многу тешка задача. Хајката што се водеше против СЈО е монтирана само од страна на Орце Камчев и целото обвинение се заснова на неговото обвинение. Има само шпекулации и негов исказ. Тоа е целта на Камчев. Но, се излажал, сите 171 предмет на број со 91 милион евра замрзнат имот му се предадени на јавното обвинителство. Се надевам дека тие предмети ќе добијат завршница како што заслужуваат“,

Таа праша и зошто кога обвинителството влегло во нејзиниот дом и канцеларии не се заинтересирало и за истрагата за „Империја“, туку важно било само да се обвини таа.

рече Јанева. Wrote:„Влегоа и во Гевгелија, и двапати во станот во Скопје, и во работните простории, сите телефони и компјутери ми ги зедоа и сите наредби за вештачења сега се повлечени. Не најдоа ништо, најдоа само посветена работа и слики од внуката“,

Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска ја праша и дали како специјален јавен обвинител некогаш презела дејствие со кое лицето Јордан Камчев ќе го привилегира, ќе му даде својство на соработник или ќе му понуди спогодба за полесни кривични дела и ќе плати само отштета.

рече обвинетата Wrote:„Никогаш, ќе се заколнам и во своите деца, не сум му понудила такви работи“,

Во текот на давањето на исказот таа се бранеше и со тоа дека се апсурдни обвинувањата дека го прекршила законот со своето постапување и дека е срамота што е определен притвор од 9 месеци за издадено мислење, кога од друга страна Врховниот суд е тој што донел начелно правно мислење со кое ги ослободил лицата во предметите покренати по рокот од 18 месеци.

рече Јанева. Wrote:„Испадна дека само Катица Јанева треба да одговара. Нека одговара, повелете, ви стојам на располагање. Ако треба обвинителката Катица Јанева, која во четири години ги обвини сите што треба да одговараат, нека одговара. Ако така ќе дојде правдата, тогаш и јас сум задоволна“,

За нејзиното позитивно мислење за Камчев за куќен притвор и за времен пасош, таа направи паралела со случајот „Рекет“ и замената на притворот со куќен на Зоран Милески-Кичеец.

рече поранешната специјална обвинителка. Wrote:„Сакам да направам една паралела со постапување на обвинителството за Зоран Милески. За истото лице јавното обвинителство даде позитивно мислење да излезе од притвор додека траеше истрагата без променети околности и тоа не се смета за злоупотреба на службената положба и овластување“,
08-05-2020, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#64

Quote:Милошоски: Заев е главата на рекетарската шема, да се вештачи и неговиот телефон

360степени | 8 мај, 2020
рз основа на исказите што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал, без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13, побара денеска Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

рече Милошоски на денешната прес-конференција. Wrote:„Изјавата дека Зоран Заев во телевизијата 1ТВ, за чие нелегално финансирање знаел и соучествувал, според досега добиените снимки на 3 април 2019 година, го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема“,

Тој повика Заев да седне на судските клупи, за како што рече, да го даде својот придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на приближно 20 милиони евра од повеќе стопанственици земјава.

рече Милошоски. Wrote:„Втората работа што исто така зачудува е тоа што господинот Зоран Заев, доколку навистина го пријавил случајот за кој нема записник во обвинителството на 22 април, прашање е зошто молчел од 3 април кога го предупредил Боки 13 до 22 април. Тоа отвора дилеми, дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството“,
08-05-2020, 01:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

Quote:Боки 13: Мојот телефон не се вештачи затоа што имав комуникација со Заев и Мијалков

01.06.2020
Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев и со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.


Quote: Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.


Оваа не е судство! Да не се вештачи телефонот на првообвинетиот!!??



Quote:Рускоска не дозволила во судот да се пушти снимка на која се гледа каде завршила торбата со пари

01.06.2020
Вилма Русковска ќе ja срушеше зградата на Обвинителството, пред да дозволи вештачење на мобилниот телефон на Бојан Јовановски, вели адвокатот на одбраната Сашо Дуковски во својот завршен збор, објаснувајќи дека торбата Луј Витон не завршила во домот на Боки 13 туку на друго место.

Quote:Снимката од 22 април јасно ќе покажеше кој ја земал и каде ја однел торбата, рече Дуковски, додавајќи дека не му е јасно зошто тој доказ не бил дозволен.

Дуковски изрази и сомнеж за постапувањето на Русковска, особено поради фактот што го кочела вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски, коменитрајќи дека “таа си знае зошто тоа го прави”.
На ова дофрли Боки 13 со зборовитe „јас знам зошто”.




Quote:Како Заев знаел за доказите кои ги имала Рускоска на 16 април ако пријавата е направена на 2 мај

01.06.2020
Поранешниот премиер Зоран Заев му испратил порака на Бојан Јовановски на 16. април во која пишува: Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите.
Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала обвинителката Вилма Рускоска уште на 16 април ако пријавата е направена на 2 мај? Кој му ги дал доказите на Заев?, прашува „Република“.

Quote:Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени,  вели Бојан Јовановски.

Тој смета дека затоа не се вештачи неговиот телефон.

Quote:Не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне, вели Јовановски.
01-06-2020, 05:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

Quote:Јовановски: Кај мене има уште едно УСБ со сите докази доколку го скршат мојот мобилен

[Image: boki-13-reket-960x757.jpg]
01.06.2020
Бојан Јовановски се надева на ослободителна пресуда бидејќи смета дека Обвнителството нема никакви докази. Доколку пак биде осуден тоа ќе биде поради тоа што се активирал „црвениот телефон. Во таков случај Боки вика дека е подготвен и на такво сценарио.

Quote:Имам и друго УСБ од мојот Ајклауд“ на кој се сите докази и тој никој не може да го земе макар и да го скршат мојот мобилен телефон.Мојата мисија ќе продолжи и натаму. Мојата чесност и скромност се неспоредливи со тие на Рускоска, рече Јовановски.
01-06-2020, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

Quote:Јанева: Се што кажа Бојан вчера го поддржувам и се е точно



02.-06.2020
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во денешните завршни зборови во целост го разоткри влијанието што тогашниот премиер го имал во СЈО со цел да влијае на некои политички случувања но и како средство за одмазда врз неговите неистомисленици.
Таа денеска рече планот бил да се сруши СЈО,  но оти тоа не морало да оди преку нејзе. Јанева во целост се согласи со што што вчера го зборуваше Бојан Јовановски.
А  Боки откри многу работи. Најважното е она што Заев му го кажал во неговиот кабинет во владата дека СЈО со обвиненијата за случајот „Имеперија“ направила многу штета бидејќи Камчев и Мијалков му биле потребни за обезбедување пратеници за гласање на уставните измени.

Quote:-Камчев имал тројца пратеници да му гласаат уставни измени а Мијаколов имал и повеќе“-му рекол Заев на Боки.

Потоа пак Боки имал средба и со Мијалков кој на 1ТВ требало да повика на излезност за референдумот.
Боки објасни дека воопшто не е случајно што Мијалков излегол во притвор пред Нова Година со одлука на судијката Весна Димишкова, чии брат Васил беше повикан како сведок во случајот „Империја“.
Бојан уште откри дека Кичеец е агент-провокатор и оти бил излезен да го шпионира Мицкоски, како што и се виде на неодамна објавената снимка.

Quote:Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда-потврди Јовановски.

Исто така расскажа и за средбата на Заев и Камчев на 2 март 2019 година кој била снимана од бугарски разузнувачи блиски до Бојко Борисов. На таа средба Заев бил доста зборлест и се фалел дека ќе им ја е..е мамата на таа „дебелата“ и тој „педерот“.
Дека Заев имал огромно влијание во целото судство денеска потврди и Јанева. Тоа одело дотаму што за тој да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ се менувале закони.
 
02-06-2020, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68

Quote:И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на 13-ка


June 2, 2020
Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења.
Јанева во своето излагање посочи дека власта на СДСМ има воспоставена целосна контрола врз правосудството, па се одело дури до таму за Зоран Заев да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ да се менуваат закони.
Во своето излагање таа како и Бојан Јовановски посочија дека се работело на план за уништување на СЈО бидејќи институцијата му пречела на Зоран Заев во политичкиот пазар и договори.
Јовановски вчера посочи дека екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков под своја контрола имал пратеници кои на Заев му биле потребни за изгласување на уставните измени и промена на името. Заев му посочил на Јовановски дека со случајот „Империја“, Јанева му направила проблеми во односите со Мијалков и токму поради ваквите случувања Зоран Заев сакал да му пресуди на СЈО.
02-06-2020, 09:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69



03-06-2020, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

Quote:Катица Јанева се соблече по долна облека во Заводот за ревизија


[Image: janeva_pred_mvr_noke1-670x360.jpg]

   03.06.2020
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска од куќен притвор била спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава се соблекла таму во долна облека.
Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.
Според информациите од МВР, Јанева била донесена во Заводот за ревизија во 10.30 часот.
Quote:Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот – велат од МВР.



[Image: image.jpg]
03-06-2020, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71

Пресуди за „Рекет“, 9 години затвор за Боки 13, Катица Јанева осудена на 7 години

Судот на првообвинетиот во случајот „Рекет" Бојан Јовановски – Боки 13 денеска му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.
[Image: 426922.jpg]

18 јуни 2020
Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, доби казна од 7 години , за злоупотреба на своето влијание , а Бојан Јовановски – Боки 13 доби казна затвор од 9 години за примање награда за против законито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

[Image: bokivizir.jpg]

Јанева не присуствуваше на денешната објава на пресудата за случајот „рекет“, остана дома. На рочиштето во големата сала на Врховниот суд беа нејзините бранители Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев.
Судот Бојан Јовановски ги прогласи за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконити влијание" и за „перење пари", а Катица Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања.
Судот за определување на казните за сторените кривични дела, рече судијката Васка Николовска Масевска, рече дека се водел од олеснителните, брачен статус, но и отежнителните околности, како угледот и положбата на обвинетите.
На објавата на пресудата за случајот „Рекет" денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ќе ја слушне во домашен притвор.


[Image: bokivirir2.jpg]

Во тек на овој судски процес беа презенитрани низа материјални и вербални докази. Како сведоци за „Рекет" во судот исказ дадоа бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинари од телевизијата 1ТВ, обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска, Бурим Рустеми, Фатиме Фетаи од СЈО и други. Обвинителството изнесе видео записи и фотографии обезбедени од ПИ мерки, како и фотографии и записиници од одземени предмети од домот и канцелариите на обвинетите, но и видеа направени од домот на сведокот-оштетен бизнисменот Јордан Камчев.
Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја", случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.
Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат. Обвинителството, според нив, не изнело докази за делото за кое ги товари и дека целото обвинение е врз основа на исказ на еден сведок – кој е оштетен во случајот. Целиот случај за Јовановски е политичка конструкција, додека за Јанева е клевета.
Судењето за предметот „Рекет" почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.
18-06-2020, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#72

Quote:Боки 13 : Парите од рекетот барајте ги кај Вице Заев и Зоран Заев

[Image: boki-otsranuvanje.jpg]
18.06.2020
Парите од ,,РЕКЕТ” барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот.

Quote:Донесовте политичка пресуда. Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, рече Боки 13.


Кога Боки 13 изјави парите да ги бараат кај Зоран Заев и Вице Заев  судијата побара од полицајците да го отсранат, односно Боки 13 да биде изнесен од судот.






18-06-2020, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#73

Quote:
Откако писмено ќе и биде доставена пресудата, Русковска најави жалба и за двете пресуди, а вели дека е уверена во тоа дека поголемиот дел од парите завршиле кај првоосомничениот Боки 13.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020
Рускоска: Не сум задоволна од пресудата за „Рекет“, ќе поднесам жалба

[Image: .jpg]

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, изјави дека не е задоволна од денешната пресуда за случајот Рекет.


[Image: janeva.jpg?resize=480%2C347&ssl=1]

Денеска во Врховниот суд беше соопштена пресудата за поранешната јавна обвинтелка Катица Јанева и Бојан Јовановски за случајот „Рекет“. Катица Јанева доби казна затвор од 7 години, а Боки-13 е осуден на 9 години казна затвор

Quote:Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска.


Откако писмено ќе и биде доставена пресудата, Русковска најави жалба и за двете пресуди, а вели дека е уверена во тоа дека поголемиот дел од парите завршиле кај првоосомничениот Боки 13.


Quote:– Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа се што си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа, изјави Јовановски.
 
18-06-2020, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#74

Quote:Калајџиев: Обвинителството го држеше „Рекет“ под контрола од политички причини, сѐ се сведе на претпоставки

18/06/2020
Казните се релативно високи, но висината на казните во целиот случај не е најспорна, туку тоа што случајот „Рекет“ се сведе на претпоставки, а не на докази, вели за „Фокус“, професорот по кривично право на Правниот факултет, Гордан Калајџиев.
Тој вели дека неговото тврдење е далеку од тоа дека „тие се невини“, но за него е спорно што Обвинителството не ги докажало до крај делата за кои ги товари обвинетите.
Поспорно е тоа што не беа повикани многу важни сведоци за овој случај и не беа изведени многу докази, Обвинителството го држеше под некоја контрола од политички причини. Делото „перење на пари“ за Бојан Јовановски не е докажано, односно не е докажано каде се пласирани тие пари, дали во некој бизнис, туку Обвинителството тврди дека тие веруваат дека тие се потрошени. Не е исто да тврдиш дека парите се потрошени и дека се испрани. Сѐ се сведе на претпоставки, без јасни докази. За Катица Јанева исто така не беше докажано дека ги зела тие 50.000 евра и мислам дека сето ова беше направено, не поради тоа што обвинителството е неспособно, туку поради политички причини да се пласира во јавност само она што треба, вели Калајџиев.
Пресудата се носи пред изборите коишто се закажани за на 15 јули, што за Калајџиев е исто така симптоматично, додека случајот „Меѓународен сојуз“, во кој е обвинета пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, се уште не е почнат и неговиот старт е закажан за на 1 јули. По пресудата за случајот „Рекет“, Калајџиев смета дека случајот „Империја“ во кој е обвинет бизнисменот Орце Камчев треба да прекине бидејќи, според него, нема морално правна смисла да се води.
Факт е дека случајот „Империја“ не беше дел од бомбите кои и беа предадени на Јанева, таа го измисли или за да покаже сила или за да го оправда постоењето на истражните центри во Специјалното јавно обвинителство, вели Калајџиев.
Денеска беше изречена пресудата за случајот „Рекет“ во којшто им се судеше на првообвинетиот, Бојан Јовановски и поранешната обвинителка, Катица Јанева. По десетици рочишта и докази и тврдењето на Камчев дека дал еден и пол милион евра за Јанева, преку Јовановски, да му ја олесни положбата како осомничен во „Империја“, јавноста не доби одговор каде завршиле парите.
-Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и кај Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, рече обвинителката која го водеше овој случај, Вилма Русковска.
Фросина Факова-Серафиновиќ
18-06-2020, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#75

(18-06-2020, 01:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Боки 13 : Парите од рекетот барајте ги кај Вице Заев и Зоран Заев

[Image: boki-otsranuvanje.jpg]
18.06.2020
Парите од ,,РЕКЕТ” барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот.

Quote:Донесовте политичка пресуда. Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, рече Боки 13.


Кога Боки 13 изјави парите да ги бараат кај Зоран Заев и Вице Заев  судијата побара од полицајците да го отсранат, односно Боки 13 да биде изнесен од судот.










Quote:Заев: Бојан Јовановски лаже зошто ги одбив сите барања да му помогнам!

18/06/2020
Бојан Јовановски, по објавата на пресудата за “Рекет”, на судот му порача пари кои биле рекетирани да ги бара кај Зоран и Вице Заев.
По ова обвинување, “Фокус”, побара коментар од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор.
Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, изјави Заев за “Фокус”.
Тој додава дека продолжува да се бори за правдата.
-Јас се борев и продолжувам да се борам за владеење на правото. Јас се борев и продолжувам да се борам законот да важи еднакво за сите, непристрасно да одлучува правосудството без разлика за кој се работи и секој што се огрешил пред законот да си одговара.
Истовремено сите закани за некаква моја комуникација со Бојан Јовановски кои ги достави до највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ токму неговиот адвокат, преку посредници, очекувам да се објават и уште еднаш да види јавноста која е вистината, дека мојата и определбата на СДСМ за правна држава се без компромисни и никакви закани или вакви лажни изјави нема да не одвратат од определбата за одговорност на секој кој се огрешил пред законите, вели Заев.
Лидерот на СДСМ потенцира дека судска разрешница во транспарентен процес мора да има и за сите случаи, за сите судски процеси, вклучително и за оние кои произлегуваат од предметите на СЈО.
Денеска беше објавена првостепената пресуда за „Рекет“, според која Јовановски беше осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева доби 7 годишна казна затвор. Тие имаат право на жалба пред Апелација.
Валентина Вурмо
18-06-2020, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#76



02-07-2020, 02:36 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 466
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#77

хаха па уште кога Трајковски Борче го испратија во СЈО беше јасно дека Заев и компанија ќе рекетираат Јанева и Боки се истурени играчи не дека не се офајдиле ама сеуште никој не ги бара каде завршиле сите тие изрекетирани милијони евра
04-10-2020, 08:58 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#78

Quote:БУДАЛА ЛИ Е ОРЦЕ КАМЧЕВ ДА ДАВА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА, КОГА И САМ ВО РАЗГОВОРИТЕ ВЕЛИ ДЕКА ОД ПРИТВОР ГО ПУШТИЛ ВРХОВНИОТ СУД, А НЕ КАТИЦА, ЈА НАПАЃА АДВОКАТОТ ПРЕСУДАТА ОД 9 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА БОКИ 13



10 мај 2021
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
[Image: boki-apelacija-38943893.jpg]
Тоа што молеа цело време да биде вештачен одземениот телефон на Јовановски и не успеаја, сега пред Апелациониот суд е главното нивно оружје. Јовановски и одбраната сметаат дека тоа не само што е неправедно, туку е и многу чудно. (Фото: СДК.МК)

Во жалбена постапка против 9-годишната затворска казна на Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Рекет”, неговиот адвокат ги нападна како пресудата за перење пари, така и обвинението.

Адвокатот Сашо Дуковски побара укинување на пресудата и враќање на повторно одлучување, додека на спротивната страна вишиот обвинител Диљавер Бектеши бара уште повисока казна, како за Јовановски, така и за Катица Јанева која со истата пресуда доби првостепена казна од 7 години затвор.
„Дали може една ваква пресуда да се заснова само на изјава на двајца сведоци? Само на Орце и на сопругата Ана Камчева? Како може кога не се докажа незаконско стекнување пари, земање наводен милион ипол евра, да се докажува перење пари? Какво е тоа влијание врз Катица Јанева, од притвор да го стави во куќен притвор? Па притвор е притвор. Би требало скроз за пари да го пушти од притвор, нели? И како може некому за ваква работа да е земено 1,5 милиони евра, а тој што го дал да нема статус на оштетен?
Човек со трето одделение да ја види снимката од камерите на Камчев што ја дал на ‘Ла Верита’, ќе види дека се гледа само куп пари и раце како прават спецификација? Ако е тоа спецификација… тоа ли е спецификација? Почитуван суде, замислете за вакво нешто да нема вештачење! Нема. Ако биле еврата 70 отсто во банкноти по 50 евра, каква е онаа торба полесна од лист хартија што се мавташе на личните снимки на Камчев, кога се знае дека милион евра со банкноти од по 50 евра тежат над 20 килограми?”, прашуваше адвокатот на Боки 13.

Тоа што молеа цело време да биде вештачен одземениот телефон на Јовановски и не успеаја, сега пред Апелациониот суд е главното нивно оружје. Јовановски и одбраната сметаат дека тоа не само што е неправедно, туку е и многу чудно.

„Три пати предлагавме да се вештачи мобилниот телефон на Јовановски. Три пати одбија! Тоа е брутален пример за примена на нееднаквост на оружјата на двете страни во една постапка под палка на судот”, им кажуваше адвокатот на петтемина апелациони судии на чело со Јани Нича.
Според одбраната, нелогично е како воопшто поверувале обвинителството за организиран криминал и корупција и Основниот кривичен суд Скопје, дека Камчев дал толку пари за враќање на пасошот и сместување во куќен притвор.
„Будала е Орце Камчев да дава толку пари, кога и сам во еден од пуштените разговори вели: ‘Па нас не нè пушти Катица од притвор, Врховниот суд нè пушти”, кажа адвокатот и потсети дека со начелното правно мислење, многу пред снимките на Камчев со торбата, осомничените во „Империја“ беа пуштени од притвор. Начелното мислење Врховен го донесе на 31 јануари 2019, а земањето пари според Камчев, т.е. снимките со торбата од неговата куќа се од 13.02.2019 година.
Одбраната натаму потенцираше дека обвинителството не го испитал начинот како биле вадени еврата од страна на Камчев, туку просто ги слушало верзиите, еднаш како тој вадел, па мајка му, па сестра му… А сето тоа првостепениот суд го прифатил.
„Толку искусен, способен и успешен бизнисмен, при своја банка, ќе оди да ги претвара милионските суми денари што наводно ги вадел за да плати наводен рекет за својата слобода од ‘Империја’ , во некоја менувачница ‘Бела’? И да и плаќа огромна провизија?? Место да извади евра од својата банка?”, ја напаѓаше пресудата адвокатот.
Следува настапот на адвокатите на Јанева. Јовановски денеска дојде, но таа од здравствени причини, остана дома.
10-05-2021, 01:47 PM
Reply