Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДЕЊЕТО НА ЈАНЕВА И БОКИ 13
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Vladimir Pancevski
7 mins ·

БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ!!!
Утре почнува судењето на Катица Јанева!


[Image: image.jpg]




Обвинета е за Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 вв со ст.1 тоа значи за штета или корист од поголема вредност, нели онаа корист од 5.000 евра за мебелот кои ги добила од обвинет да ја злоупотреби службената положба...
Свесно за праксата за вакви кривични дела и по правната теорија бвинителството поднесе обвинение за ваков минорен настан! Навидум се личеше на победа дека Катица и СЈО се криминална структура на власта но реалноста е друга....
Согласно праксата и теоријата на кривичното право во Македонија службено лице за својот мандат може само еднаш да одговара кривично за Злоупотреба, секое друго - ново дејствие на криминал кое би се открило ќе биде веќе пресудена работа, а тоа не влијае на еднаш утврдената казна, туку само судот констатира со дополнителна пресуда нова штета!
Значи ако Катица биде осудена сега 1 година или условно построга казна нема да добие никогаш повеќе зошто едно службено лице правно еднаш ја злоупотребува службената положба и за истото дело не може да му се суди повторно и повторно!
Ете тоа е измишљотината на Јовевски, Спасовска, Русковска заедно со Заев, Шеќеринска, Десковска и Катица тоа е тајната спогодба на Злосторничкото здружение на власт, тоа е трикот да му ги замачкаат очите на народот за сите злоупотреби на Катица Јанева и злосторничкото здружение!
Проверете ја праксата и прашајте го “академикот” ако не ми верувате мене.
Поздрав македонски народе, секогаш и единствено ваш!
Судија Владимир Панчевски
(This post was last modified: 02-12-2019, 05:29 PM by ЈорданПетровски.)
02-12-2019, 05:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:



360° Започнува судењето за „Рекет“, ќе го води судијката Васка Николовска-Масевска

Скопскиот кривичен суд од утре ќе биде „домаќин“ на судењето од највисок профил во последните две и пол години, откако почнаа процесите на СЈО. На обвинителна клупа, за прв пат, ќе седне токму доскорашната специјална обвинителка Катица Јанева, заедно со Бојан Јовановски алијас Боки 13 и Зоран Милевски викан Кичеец. 
Предметот ќе го води судијката Васка Николовска-Масевска. За првпат е избрана во март 2012 година, кога претседателка на Судскиот совет е Александра Зафироска. Во одделението за организиран криминал на скопска единица е прераспределена на почетокот на 2018 г., по доаѓањето на Иван Џолев за претседател на судот. Архивата на медиумите не го исфрла нејзиното име во претходни случаи од висок профил.
За очекување е распоредот на судењата за „Рекет“ да биде густ, бидејќи станува збор за притворски предмет. Кичеец и Јанева ќе доаѓаат во суд од домашен притвор, а барем засега Боки 13 ќе биде спроведуван од притворот во Шутка. 
Ако нема одложувања, со оглед на фактот што има мал број обвинети, може да се очекува наскоро во судницата јавно да сведочи и бизнисменот Јордан Камчев. Тој и го пријави случајот, тврдејќи дека обвинетата тројка му изнудувала пари за да му ја олеснат позицијата како осомничено лице во случајот на СЈО „Империја“.
Според обвинението, сите лица се обвинети за истите дела за кои беа осомничени во истрагата.
Бојан Јовановски е обвинет за две дела. Прво, за „Примање награда за противзаконско влијание“ за што, доколку е прогласен за виновен, Кривичниот законик предвидува казна од 1 до 10 години затвор. Второ, за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што е предвидена казна, исто така, од 1 до 10 година.
Игор Милевски-Кичеец е обвинет за едно дело: „Примање награда за противзаконско влијание“, за што казната, како што рековме, е 1 до 10 години затвор.
Катица Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, според познатиот член 353, за што е предвидена казна од најмалку 3 години затвор.
„360 Степени“ имаше увид и во самото обвинение. Во него се опишани настаните.

Quote:„Откако во предметот со работен наслов „Империја“ обвинетата Катица Јанева донела наредба за истражна постапка против Јордан Камчев и други … поднела Предлог за определување мерка притвор … неколку дена по неговото притворање (на Јордан Камчев н.з.), обвинетиот Зоран Милевски, во договор со обвинетиот Бојан Јовановски, користејќи ги околностите дека тој бил вработен во „Орка холдинг“, договорил средби со Ана Камчева – сопруга на… Јордан Камчев. Бојан Јовановски во неговата канцеларија лоцирана во зградата која ја користи телевизискиот медиум „1ТВ“ … телефонски преку спикерфон контактирал со обвинетата Катица Јанева за да го увери сведокот во нивната блискост.“

Откако Камчева била уверена во блискоста и влијанието на Јовановски врз Јанева…

Quote:„Бојан Јовановски и Зоран Милевски на средба со неа побарале 500.000 евра за мерката притвор против нејзиниот сопруг да биде заменета со поблага мерка – куќен притвор… Откако Ана Камчева обезбедила 500.000 евра… обвинетата Катица Јанева, искористувајќи ја својата службена положба и овластување до Апелациониот суд во Скопје, дала предлог мерката притвор против Јордан Камчев да се укине и да му се одреди поблага мерка – куќен притвор.“

За време на издржувањето на мерката куќен притвор, според обвинението, Јовановски и Милевски го посетуваат Камчев дома. 

Quote:„Барале 8 милиони евра доколку СЈО со одлука на Врховниот суд… остане овластен тужител во кривичниот предмет против него, а доколку донесе мислење дека тоа обвинителство е неовластен тужител да им даде 5 милиони евра за во истражната постапка Катица Јанева да му даде својство на заштитен сведок, со наредба да ја запре истражната постапка или да склучи со него спогодба за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета…“

Камчев плаќа еден милион евра на 20 февруари 2019 година. Снимките од настанот се оние кои излегоа во јавноста. Обвинението завршува со опис дека околу 1,5 милиони евра завршиле кај Кичеец и Јовановски, а кај Катица Јанева околу 50.000 евра во кеш и 5 илјади евра во мебел. 
Она што остава празнина во теоријата на случајот на обвинителството е фактот дека во обвинението нема информација што се случило со парите кои наводно завршиле кај Кичеец, кој патем беше првиот кој доби амин да излезе од притвор. Тој беше фатен и со телефон во притвор, ама обвинителството се уште не проверило со кого.
Со кого Зоран Милевски комуницирал преку мобилен телефон од притвор?

одговори Русковска во тв интервју. Wrote:„Не… затоа што мислам дека се уште не се готови вештачењата на тие телефони затоа што имавме приоритетни телефони и компјутери кои требаше во меѓувреме да се извештачат а кои се уште не се извештачени“,

Како ги трошела парите, нема информација ниту за Катица Јанева. Во истиот јавен настап, во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, обвинителката Вилма Русковска, објасни дека заклучокот дека таа добила пари е донесен врз основа на снимка.
– Ќе биде ли доволна една слика, на која пред Јанева има едно купче со 50,000 евра? Како ќе ги поврзете тие пари од телефонот на Боки со сомнителното вадење на толкава сума пари од банка од страна на осомничен во „Империја“, ден пред објавувањето на таа слика? 

Quote:Јас во истражниот тим имам компјутерски форензичар. И тоа беше негова задача.

– Тој ве увери?

Quote:Не. Анализата што ја направи ме увери.

– Дека парите се земени или дека снимката е веродостојна? 

Quote:Дека снимката е веродостојна. 

– Ги пронајдовте ли парите?

Quote:На кои пари мислите?

– На тие што беа на снимката.

Quote:Не. 


Токму врската меѓу одлуките кои Јанева ги носела како обвинител и наводно примените пари, се точката која ќе ја напаѓа нејзината одбрана. 

вели адвокатката Ирена Фрчкоска. Wrote:Во однос на начинот на кој ние ќе постапиме, недвосмислено ќе го искористиме правото на одбрана, ќе се обидеме да докажеме дека Јанева е невина… На товар и ставаат дејствија коишто Јанева како обвинител имала право да ги преземе и оттука сметам дека во нејзините дејствија нема злоупотреба на службената положба“


Адвокатката Ирена Фрчкоска бара од судот да се апстрахира од мислењето создадено во јавноста и очекува објективна постапка. Меѓу елементите кои се важни во одбраната се, според нив, повредата на право на одбрана, бидејќи од Русковска добиле само дел од доказите, што е спротивно на законот.  


вели Фрчкоска. Wrote:Значи, ние се уште како одбрана ги немаме добиено сите докази. Ние додека не ги добиеме сите докази, не можеме да го отпочнеме судењето, како за нас како одбрана така и за Јанева лично… Од друга страна во листата на докази беа цитирани докази кои се уште се во фаза на изработка, односно во фаза на вештачење. Што ќе произлезе од тие вештачења, како ќе се употребат, ние како одбрана не знаеме“,


За она што одбраната го гледа како повреда на постапката биле испратени дописи до државното обвинителство уште пред еден месец. „360 Степени“ праша каков е епилогот од тие барања, но не добивме одговор. 
За разлика од адвокатката на Јанева, бранителите на Јовановски и на Кичеец одлучија дека ден пред судење не би сакале јавно да ги изнесат своите ставови.
Само телефонски, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, најави дека и неговиот клиент ќе ја докажува својата невиност. Неговата најголема забелешка е односот на институциите кон здравјето на неговиот клиент. За пример, го посочува ставот на болницата 8 септември, од каде во петокот потврдија дека Јовановски е „сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба“.
За потоа да кажат и дека ќе остане во болница се додека не се завршат испитувањата но и дека „тој се планира да биде испуштен од болничката установа ГОБ 8ми септември, најкасно во понеделник на 02.12.2019 година.“
„360 Степени“, случајно или не, не успеа да добие дециден став само од одбраната на Зоран Милевски-Кичеец. Одговорот секако ќе знае веќе утре, во големата сала на новата зграда на скопскиот кривичен суд.
02-12-2019, 11:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Русковска: Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, а Јанева влезе во филм дека никој ништо не и може!





03.12.2019
„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, а имаше и една Катица Јанева која влезе во филмот дека никој не и може ништо. Потоа влезе во мрежата на естрадната ѕвезда Боки 13. Многумина ќе речат дека тоа го направила од наивностт, но не е така. Тоа го направила од алчност и тоа ќе го докажеме“.
Вака својот воведен говор го почна обвинителката Вилма Русковска на денешното судење за случајот „Рекет“.
-Не само што ја злоупотребила службената позиција, туку ја злоупотреби и довербата на народот, а ја посрамоти и јавнообвинителската функција. Свесно и со умисла на Јовановски му изнесувала детали од предистрагата која е тајна за да може од осомничените да бара огромни суми на пари, а тие да завршат со условни казни или како заштитени сведоци, рече Русковска.
Таа додаде дека ќе се докаже дека обвинетите сами барале пари од бизнисменот Орце Камчев.
-Може некои велат дека Јордан Камчев и Ана Камчева први молеле за помош, ама не е така. Јовановски стапил во контакт со Ана, за што ќе сведочи самата. Ќе сведочат и други бизнисмени за тоа колку пари им барале. Нивните сведочења нема да ве остават рамнодушни, како што не ме оставија ниту мене, рече обвинителката.
Таа додаде и дека обвинетиот Зоран Милевски му се правел како брат на Камчев, ама си ги зел парите.
-Кичеец ќе слушнете дека сакал да му помогне на Камчев, бидејќи му бил како брат, ама не занборавил да ја земе торбата со еден милион евра. И за брат многу е! Жртви не се бизнисмените од кои биле барани пари, туку жртви се сите граѓани, рече Русковска.
В.В.
03-12-2019, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Во судот се прегледува Боки 13 за да се утврди дали може денеска да му се суди

03.12.2019
„Не се чуствувам добро. Од сабајле 10 пати повраќав. Имам исклучителна желба да учествувам активно во процесот, но не сум во состојба“. Ова на стартот на денешното судење за случајот „Рекет“ го кажа обвинетиот Бојан Јовановски.
Тој пред судот додаде и дека не му била дадена терапија за новата дијагноза.
Судијката Васка Николовска -Масевска прочита и образложение кое било испратено од затворекиот лекар.
-Ги има вообичаените здравствени проблеми, вртоглавици, тешко е компактибилен и не е во состојба свесно да ги следи судските рочишта, прочита судијката, која додаде дека лекарот бил сведок на две ситуации кога животот на Јовановски бил животно загрозувачки.
Обвинителката Вилма Русковска пак рече дека лекарите од „8-ми Септември“ утврдиле дека состојбата на Јовановски е добра.
-Бидејќи лекарите утврдиле дека е во добра здравствена состојба и јас верувам во тоа. Ниту еден доктор не би ризикувал да ја изгуби лиценцата. Мислам дека само сакаат да се одоговлечи судењето, рече обвинителката Вилма Русковска.
Судијката истакна дека во судот има медицинска екипа која најпрвин ќе го прегледа обвинетиот, по што ќе се одлучи дали судењето ќе продолжи.
В.В.
03-12-2019, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(03-12-2019, 01:41 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Во судот се прегледува Боки 13 за да се утврди дали може денеска да му се суди

03.12.2019
„Не се чуствувам добро. Од сабајле 10 пати повраќав. Имам исклучителна желба да учествувам активно во процесот, но не сум во состојба“. Ова на стартот на денешното судење за случајот „Рекет“ го кажа обвинетиот Бојан Јовановски.
Тој пред судот додаде и дека не му била дадена терапија за новата дијагноза.
Судијката Васка Николовска -Масевска прочита и образложение кое било испратено од затворекиот лекар.
-Ги има вообичаените здравствени проблеми, вртоглавици, тешко е компактибилен и не е во состојба свесно да ги следи судските рочишта, прочита судијката, која додаде дека лекарот бил сведок на две ситуации кога животот на Јовановски бил животно загрозувачки.
Обвинителката Вилма Русковска пак рече дека лекарите од „8-ми Септември“ утврдиле дека состојбата на Јовановски е добра.
-Бидејќи лекарите утврдиле дека е во добра здравствена состојба и јас верувам во тоа. Ниту еден доктор не би ризикувал да ја изгуби лиценцата. Мислам дека само сакаат да се одоговлечи судењето, рече обвинителката Вилма Русковска.
Судијката истакна дека во судот има медицинска екипа која најпрвин ќе го прегледа обвинетиот, по што ќе се одлучи дали судењето ќе продолжи.
В.В.



Quote:Боки 13 доби диазепам, а судењето за „Рекет“ продолжува

03.12.2019
По паузата за лекарски преглед на обвинетиот Бојан Јовановски во судот, судијката Васка Николовска Масевска посочи дека судењето ќе продложи.
Лекарот кој го прегледал Јовановски истакна дека се жалел на болка во стомак, како и на вртоглавица. Притисокот му бил 140-100, што според лекарот е ррезултат на стресна реакција поради што му дале диазепам.
-Свесно може да го следи судењето, рече лекарот.
Претходно Јовановски се обрати пред судот и рече дека не е во состојба да го следи судењето.
-Не се чуствувам добро. Од сабајле 10 пати повраќав. Имам исклучителна желба да учествувам активно во процесот, но не сум во состојба“, рече Јовановски.
Откако Јовановски ги кажа своите лични податоци, и рече дека е невработен и се уште е студент, повторно се врати на неговата здравствена состојба.
-По инекцијата диазепам мене ми е ушто полошо. Јас да кажам ама не знам дали ова му значи нешто на некој, рече Јовановски.
Судијката рече дека не е лекар и затоа повикала Брза Помош за да го прегледа, по што е констатирано дека е способен да го следи судењето.
Судењето продолжува со воведни говори.
03-12-2019, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Кичеец призна вина за „Рекет“, Јанева и Боки 13 велат дека се невини

03.12.2019
Бојан Јовановски и Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ не признаа вина, но тоа го стори третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец.
На прашањето од судијката дали чуствува вина тој одговори со „Да“.
За него постапката ќе се раздвои, по што наскоро ќе следува и пресуда.
Јанева на прашањето дали чуствува вина одговори „ Ниту тронка вина не чуствувам“.
Судењето  е во тек.
Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите.
Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор. Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Кичеец, пак, е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.
В.В.
03-12-2019, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Боки 13: Снимка од куќата на родителите ќе докаже кој заминува со торбата!

[Image: boki-13-vo-sudnica-696x543.jpg]

03.12.2019
Бојан Јовановски, во својот воведен говор како обвинет за случајот „Рекет“ рече дека и покрај лошата здравствена состојба ќе се се обрател пред судот, бидејќи живеел за овој ден, да ја докаже својата невиност.
Тој и замери на обвинителката Вилма Русковска за нејзиниот воведен говор, при што го нарекла самопрогласена естрадна ѕвезда.
-На јавниот обвинител не му е прв пат да етикетира, како што сега ме нарече самопрогласена естрадна ѕвезда. Немам намера да докажувам кој сум, но ова е срамна реторика. Врз нас се врши јавен линч, загрозен е мојот живот и на моето семејство. Се води валкана политичка игра која завршува на овие плеќи. Овој настан од кривично правен се претвори во сензација. Бруталниот настап на обвинителката следува по оној со најавата за тресење на гаќи на сидии. Тоа е закана и за овој судечки совет, рече Јовановски.
Тој додаде дека колку ја познавал Катица Јанева, ја познавал и Вилма Русковска.
-Јанева беше чест гостин во 1 ТВ, поради транспарентноста. Колку сум седел во ресторан со Јанева сум седел и со Русковска, рече Јовановски.
Тој рече дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.
-Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докаже кај заминува со торбата и каде, рече обвинетиот Јовановски.
В.В.
03-12-2019, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Камчев побарал отштета од 1,5 милиони евра, ќе се покрене ли друг предмет?

03.12.2019
Полномошникот на бизнисменот Јордан Камчев рече дека Камчев се приклучува кон обвинението за предметот „Рекет“ и на денешто рочиште побара отштета од 1,5 милиони евра.
Обвинителката Вилма Рускоска рече дека за ова кривично дело не може да има оштетени, туку може да има само сведоци во постапката.
Судот го извести полномошникот на Камчев дека во постапката може да присуствува како јавност и дека доколку смета може да поднесе друга постапка за отштета.
Судот на почетокот на рочиштето не ги прифати предлозите на одбраната за издвојување на аудио доказите од телефонот на Јордан Камчев и видео материјалите од Боки 13, како и за одржување на подготвително рочиште за подобро запознавање на предложените докази и произнесување на одбраната по нив.
Јовановски во меѓувреме се пожали дека и по инекцијата сѐ уште му е лошо, на што судијката рече дека лекарот од Брза помош констатирал дека тој може да продолжи да го следи судењето.
Судењето продолжува со воведни говори.
03-12-2019, 02:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Vladimir Pancevski
 1 hr

ЕКСКЛУЗИВНО: Очигладно им се брза за пресуда! Толку години сум судија не се случило да му судам на лице под седативи!
Очигледно мора по нарачка со се Апелација се да заврши под контрола на заробеното судство и обвинителство.
Судиме свои, мораме нежно и театрално! Тоа е паролата на Луј Витон судството!

[Image: 74525045_599067304197381_509988603461160...e=5E81A82C]
03-12-2019, 02:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

[Image: 79097250_10214059312470821_5105010845423...e=5E44AEBA]
03-12-2019, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Утре пресуда за Кичеец кој призна вина во „Рекет“

[Image: zoki-kiceec-696x452.jpg]

03.12.2019
Пресудата за Зоран Милевски Кичеец ќе биде објавена утре, откако денеска на судењето за случајот „Рекет“ призна вина.
По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.
-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, рече Русковска, пред да се одлучи за казната.
Неговиот адвокат Александар Новаковски рече дека очекува условна казна за неговиот клиент.
-Се соочивме со ситуација во која обвинетиот кој како сведок можел да го избегне обвинението, но може од незнаење, се довел во ситуација да биде обвинет. Од тој момент истиот не бил соработник со обвинителството, иако се шпекулираше. Откако се донесе одлуката за обвинение, првата негова цел беше да каже сето она што го знае, рече Новаковски, кој додаде дека обвинетиот е татко на пет деца и досега не е осудуван.
Кичеец, инаку, низ годините важи за близок соработник на Орце Камчев, поради што и тешко се прифати предавството од страна на бизнисменот.
Кичеец се гонеше за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, а за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Судењето за Бојан Јовановски и Катица Јанева кои се изјаснија за невини ќе продолжи на 6 декември, кога е предвидено да сведочат Камчев и неговата сопруга Ана Камчева.
03-12-2019, 03:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

ЦИРКУСОТ ЗАПОЧНА

[Image: 79016176_561582954678708_793041955742285...e=5E721C1A]
03-12-2019, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13



03-12-2019, 04:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Кичеец ќе лежи 3 години, Јанева и Боки 13 уште се невини

December 4, 2019
[Image: .jpeg?resize=696%2C456&ssl=1]

Зоран Милевски Кичеец доби 3 годишна затворска казна за случајот Рекет во кој тој беше фатен на видео снимка на која се гледа дека заедно со Боки 13 од Орце Камчев изнудиле 1,5 милиони евра.
Кичеец вчера ја призна вината.
04-12-2019, 12:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Камчев: Боки 13 му изнуди 450.000 евра на мојот болен пријател Луковски
Во разговорите со Камчев, Боки 13 се претставувал како магистриран правник во Рим, додека на претходното рочиште рече дека е невработен студент.

Плусинфо- 06/12/2019 11:33
Кога влегов во притвор сѐ ми стана јасно, рече бизнисменот Јордан Камчев на денешното сведочење за премдетот „Рекет“.
Тој раскажа дека неодамна починатиот директор на Телеком Жарко Луковски му кажал дека на Бојан Јовановски Боки 13 му дал изнуда од 200.000 евра за случајот „Империја“. Боки 13 му зел и дополнителни 250.000 евра на тогаш тешко болниот Луковски кој бил во Белград, а Јовановски пред сите го знаел и името на предметот „Империја“.
– Мојот пријател кој денеска не е жив, ми рече дека е дел од предметот „Империја“, чие име го дал самиот Боки 13. Бојан му се јавил и му рекол дека ако не сака да биде дел од тој случај, треба да му плати 200.000 евра. Тој беше тешко болен, и за жал сега веќе не е жив. Кога го отвориле случајот „Империја“, мојот пријател избега во Србија од страв, но Боки повторно му се јавил и му рекол: „Еве што се случи, ако не платиш, и ти ќе бидеш во овој случај“, по што овој му платил уште 250.000 евра од Белград. Ова се зборови на веќе покојниот другар – сведочеше Камчев.
Луковски почина пред неколку дена, а пред неколку месеци во Обвинителството за организиран криминал и корупција даде исказ за рекетот.
Камчев рече дека рекетот го пријавил и кај премиерот Зоран Заев.
– Тој го конструираше Инсајдер. Репризата ја гледаше кај мене – рече Камчев за Боки 13, како аргумент дека 1 ТВ била негова маша за изнуда.
Во тоа, додаде тој, му помагале и еден уредник и уредничка во телевизијата.
– „Катица се контролира, Лиле е до неа“, тоа нон-стоп ми го зборуваше Бојан Јовановски додека бев во домашен притвор. Катица лично во очи ме гледаше и директно ми кажа тоа што го договараш со Боки. Целата спрега против мене одеше од Бојан кон Катица од Катица кон Стефанова – рече Камчев.
За обвинителката Стефанова рече дека имала и брифинг со група новинари на кој вадела детали од истрагата за „Рекет“ што е недозволено. Така, според Камчев, Јанева вршела притисок врз него преку Стефанова.
Во разговорите со Камчев, Боки 13 се претставувал како магистриран правник во Рим, додека на претходното рочиште рече дека е невработен студент.
Пишуваат
Стојанка Митреска
Александра Митевска
06-12-2019, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:
Камчев: 350.000 евра Боки ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Јанева
Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да ме ослободат од обвиненијата вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да платам милион, сведочеше Камчев денеска.

Плусинфо- 06/12/2019 11:12
Сите обиди за рекет беа одбиени од моја страна затоа што бев свесен дека немам кривично дело и дека случајот „Империја“ е исконструиран случај за да бидам изрекетиран, за што има и докази, рече бизнисменот Јордан Камчев, кој денеска зборува во судот во својство на сведок во предметот „Рекет“.
Камчев во своето обраќање се наврати на почетоците на обидите за рекет и рече дека предметот „Империја“ е конструиран во август 2018 година а дека неговите режисери се присутни денес во судницата во Кривичниот суд. За Бојан Јовановски Боки 13 рече дека прво му барал реклама за 1 ТВ, а потоа му нудел проект за фешн-молови. Прв пат разбрал дека против него е отворена постапка и дека е под ПИ мерки од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.
Камчев се сретнал со Димишков во болницата „Аџибадем Систина“ кога адвокатот му побарал 100.000 евра за да издејствува поблага мерка за бизнисменот за случајот „Империја“.
– Сите обиди за рекет беа одбиени од моја страна затоа што бев свесен дека немам кривично дело и дека случајот „Империја“ е исконструиран случај за да бидам изрекетиран, за што има и докази – рече Камчев.
На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Камчев рече дека истрагата против него почнала во јануари 2018, а во ноември истата година му бил одреден притвор затоа што не ги исполнил барањата на „тројцата играчи“ кои од него барале рекет.
Камчев рече дека индиректно имал комуникација и со обвинителката Лиле Стефанова, кај која бил распределен случајот „Империја“. Тој објасни дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, му било барано да обезбеди деловен простор во зградата „пегла“ во Кисела Вода за стоматолошка ординација на блиска роднина на обвинителката Стефанова.
– Знаев дека немам вина и дека сѐ е измислено – рече Камчев.
Тој детално раскажа за неколкуте средби што се одржале помеѓу Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и неговата сопруга Ана Камчева кога почнал рекетот. На една од средбите бил и синот на Јанева, Лазар. На секоја средба, Боки 13 преку спикерфон зборувал со Јанева.
– Јас бев свесен што правам, но ако не го направев тоа и јавноста и народот ќе мислеа дека е криминал, а беше случај спакуван во целофан – рече Камчев зборувајќи за рекетот за случајот „Империја“.
Боки 13, како што рече Камчев, ја злоупотребил и потпретседателката на владата и му покажувал слики од неа и од Јанева.
– Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески – рече Камчев.
Тој сведочеше и дека Јовановски му кажал дека треба да даде милион евра и дека Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да се ослободи од обвиненијата вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да плати милион.
Пишуваат:
Стојанка Митреска
Александра Митевска
06-12-2019, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Камчев: Боки 13 и Катица ми испратија слика со закана дека спремаат нешто големо

06.12.2019
Во Судот сведочи Јордан Камчев кој рече дека откако го откачил Боки за некакви проекти од кои би имал загуба десетици милиони евра, дека му испратил слика со обвинителката на Инстаграм со напис дека се спрема нешто големо.

Quote:„Јана и Александра, а од страната на Бојан беа присутни Јасна Мандиќ, донесоа некои бројки, повторно беа копи-пејст од некоја друга држава, туку беа само нафрлени само да се земат средствата. После мојот тим направи пресметки, и требаше да бидеме во загуба 10 милиони евра. И тоа го откачив, он беше лут кон мене, Милески ми рече дека „Дај да седнеме Боки може да прави лоша реклама кон болница, фирмите…“ Буџетот од 2018 беше потрошен, се согласив да му платиме реклама пи-ар, иако до ден на денеска не добивме извештај за никаква реклама во неговата телевизија.

Му платив 170 илјади евра на два договори, едниот од Систина, и едниот преку агенцијата Орка Холдинг Медиа.

Quote:После тоа откако не му ги здоволив желбите со проектите, му пуштија слика со обвинителката дека се подготвува нешто големо и ми рекоа ќе видите се спрема нешто големо, затоа што не сум ги задоволил нивните желби“, рече Камчев во Судот.
06-12-2019, 02:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: На обвинителнава клупа треба да има многу повеќе лица, не само Катица и Боки, рече Камчев



06.12.2019
Јордан Камчев денеска рече дека на обвинителната клупа не треба да седат само Боки и Катица, туку треба да има и други луѓе, но дека тоа не е негова работа, пишува ТВ21.
– Ќе потврдам, дека во исказот што го слушнавме на Стефанова и Чифлиганец, дека немало средба, средбата е одржана во стан во зградата кај што живее Стефанова, во стан, и тука е разговарано. Тоа лично ми го кажал Чифлиганец. И не се само овие луѓе, тука на обинителна клупа треба да има и други луѓе, но тоа не е моја работа, рече Камчев.
(This post was last modified: 06-12-2019, 02:26 PM by ЈорданПетровски.)
06-12-2019, 02:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Министерот Филипче бил во домот на Боки 13 заедно со Камчев



06.12.2019
Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Ова го откри бизнисменот Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.
Камчев додаде дека ми била понудена една работа, но тој ја одбил.
06-12-2019, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Орце Камчев: „Кај Бојан платија pekеm Тинекс, Главчев, Пелистерка, Жарко и други“

06.12.2019
„Во месец јануари, Бојан дојде и рече сакаш ли да разговараме за бизнис. А сите знаеме дека седницата на Врховниот суд беше на 30 јануари. Мене ми беше јасно дека е pekem. Се што е отворено од 18 јануари, е pekem фаза. Кај него платија и Тинекс, и Томче Главчев и Дејан Пелистерка ама не сакаа да го кажат тоа, се исплашија.
Ова се луѓе јас што ги знам, можеби има уште… Има и материјали кои ќе го докажат тоа.
Сфатив дека таа игра да ја играм, да бидам глумец во нивната приказна. Во една прилика ја злoyпотpeби потпретседалката на Влада, со слики, како ги сликал нејзе и Катица, и како они разговарале. До толку беше монcmpyозен. А јас со нејзиниот сопруг сум другар, и знаев дека нема врска жената. Целата конструкција што ја направив, решив да ја документирам. Пошто бев во куќен приmвор, немав друга алатка. Не знаев кому да пријавам дека сум pekemиран.
Сите бараа и се дел од пакетот. Сите тројца“, рече Камчев.
(This post was last modified: 06-12-2019, 02:36 PM by ЈорданПетровски.)
06-12-2019, 02:35 PM
Reply