Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВМРО ДПМНЕ -ДЕПАНДАНС НА УДБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Како да се спречи легализирањето на “Северна Македонија” од страна на д-р Мицковски


Posted by Марјан Попески on 1 декември, 2019 in Право, Мисла | 0 Comments
Сочуствувањето и уживањето кое што го чувствуваме при слушањето, уште повеќе при гледањето, а најмногу при сопственото вршење на некое благородно дејствие, во најдлабоката основа почива на тоа што ни ја прикажува извесноста, дека од она страна на различноста помеѓу луѓето, постои и нивно единсто, кое што дури ни е и достапно.[1]
 
Сочувствувањето и уживањето што го чувствувам при соопштувањето на мојот изум за заштита на правото на самоопределување на македонскиот народ, го пренесувам на македонскиот народ кој ме чита. Заклучувам дека и моите разумни читатели сочувствуваат и уживаат при читањето на моите колумни. Тоа се гледа од бројот на допаѓања, од коментарите и на улица.
Изворот на она посебна инстинктивна татковска радост, лежи во свеста дека човек благодарејќи на својот удел во животот на видот (Македонците), станува недостапен за смртта, на која што како индивидуа не може да и избега.[2]

Значи, слободниот македонски народ ме разбира и ужива при читањето на благородното дејствие-мојот изум.

Затоа, оваа колумна е посветена на клиентите на ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА).[3]
ВМРО ДПМНЕ, своите клиенти ги држи заробени со застрашување, услуги, одземање на оружјето за одбрана[4] и со буквално ставање по затворите на патриотите.
Во третиот и четвртиот случај, клиентите се заробени само физички. Кога ќе престане затворот и кога полицијата и војската повторно ќе станат оружје на македонскиот народ, клиентите ќе се ослободат. Во првиот и вториот случај ВМРО ДПМНЕ ги има заробено клиентите како физички, така духовно. Но, додека трае стравот и надежта. Кога првиот, или вториот афект ќе престане, клиентите се повторно слободни и независни.[5]
Дотогаш, клиентите го прифаќаат за вистина она што им го соопштува ВМРО ДПМНЕ. Затоа, клиентите личат на луѓе, кои додека се будни, не се сомневаат дека се будни. Но, кога еднаш во сонот ќе им се причини дека се будни, а подоцна ќе утврдат дека тоа е лажно, почнуваат да се сомневаат и за својаа будност. До тоа доаѓа, бидејќи никогаш не разликувале спиење од будна состојба.[6]

Клиентите треба да се разбудат. Освестениот македонски народ ќе ги натера да се сомневаат дека е вистина она што им го соопштува ВМРО ДПМНЕ како вистина. Тогаш ќе почнат да мислат; како да се ослободат од физичкото и духовното ропство на ВМРО ДПМНЕ.
Клиентите (Македонци), ни требаат во борбата за отстранување на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ[7].

Јас направив многу, што го разоткрив предавството на д-р Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, сместувајќи ги во пеколот заедно со сатаната, но д-р Мицковски користи еден еристички трик, кој што Шопенхауер најдобро го разоткрива.
Имено, кога на црна подлога ќе ставите сива, сивата изгледа бела.
Тоа, започна со “реформаторите”.
Од ставовите на “реформаторите” добиваа стомачни проблеми и оние клиенти со најјаки нерви. Тогаш д-р Мицковски ќе се дистанцираше од нив и д-р Мицковски (сива подлога), во однос на “реформаторите” (црна подлога), стануваше бел за клиентите.

Кога гневот на клиентите кон “реформаторите” ќе се зголемеше со ризик по нивната безбедност, д-р Мицковски ќе го канализираше гневот кон Мијалков, кој ќе му напишеше писмо на д-р Мицковски и пак Мијалков црн, а д-р Мицковски бел, зашто го исклучил од партија.

Кога гневот кон Мијалков ќе достигнеше ризична точка, за “Дојче Веле” ќе напишеше грозна колумна Никола Тодоров и гневот се пренасочуваше од Мијалков кон Никола Тодоров. И пак, д-р Мицковски бел, а Никола Тодоров црн.

Потоа ќе се појавеа “осумтемина” и Никола Тодоров го забораваа. И пак, д-р Мицковски бел, “осумтемина” црни.

Со истиот афект и истиот трик, д-р Мицковски се прикажува како бел пред клиентите.

За да се пренасочи гневот од “осумтемина”, се појавува градоначалникот од Кавадарци со закана за нова партија и “осумтемина” се заборвени. Д-р Мицковски бел пред клиентите, а градоначалникот црн.

Пред извесно време, д-р Мицковски овој трик го употреби и со д-р Груевски, за тој да биде бел. Му ја одзеде функцијата почесен претседател, за да се дистанцира од “Груевизмот”.

Најмногу го претставува како бел новинарот Миленко Неделковски, но не можам да тврдам дека е свесно, бидејќи има направено многу добри работи. Во секој случај, “класната”[8] да си го искара.
Миленко Неделковски ја крши логичната доследност во форма на ignoratio elenchi (непознавање на спорната точка). Тој како спорна точка го поставува прашањето; кој може да го победи Заев. На ова прашање одговара, дека тоа е д-р Мицковски.
Меѓутоа, спорна точка е кој може да го врати името и да го заштити правото на самоопределување. Д-р Мицковски се изјасни дека ќе го почитува Преспанскиот.

Д-р Мицковски ме нападна со “ќосињата”, а јас имам право да се бранам.
Д-р Мицковски не докажа дека јас сум предавник. Јас имам изум во форма на докторат донесен од ЕУ кој што може да го врати името. Да го заштити правото на самоопределување.
Спротивно, јас докажав и го сместив во пеколот, заедно со сатаната.
Затоа го потсетувам д-р Мицковски на оние зборови што ги изговори паднат на колена.
Неговите “ќосиња” можат да го посетат, токму него.


[1] ШОПЕНХАУЕР, Артур, О среќи љубави, филозофији и уметности-Нови Сад : Светови, 1999, страница 229.
[2] Ибидем, страница 213.
[3] Дека ВМРО ДПМНЕ е Депанданс на УДБА, призна пред неколку дена првиот претседател  на Депандансот на УДБА, Љубчо Георгиевски. Кога се заложил за лустрација, Павле Трајанов, а подоцна и Доста Димовска, му рекле дека досиеа нема.
Ова е доказ дека Шопенхауер е во право. Човек повеќе сака да биде глупав, отколку лош. Љупчо Георгиевски избра да биде глупав (премиер што не може да ги најде досиета на УДБА), но неговата изјава дека бил просечно богат бизнисмен го прави лош.
Плутарх не известува, дека Перикле ниту за драхма не го зголемил имотот кој што му го оставил татко му (PLUTARCHUS, Življenje velikih Grkov-Ljubljana : Mladinska knjiga, 2003, stran 107.).
[4] Д-р Груевски буквално ја предаде полицијата и војската на непријателот на македонскиот народ.
[5] SPINOZA, Dve razpravi, Analecta, Ljubljana, 1997, stran 47.
[6] Ибидем, страница 20-21.
[7] СДСМ, не ја ни сметам за партија на македонскиот народ. Тие се фалат со тоа што биле најголема албанска партија во Македонија.
[8] Мирка Велиновска не му помогна досега на д-р Мицковски.
01-12-2019, 04:23 PM
Reply