Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„ПИСМОТО“ НА ЗАЕВ, НОВА УЦЕНА КОН СУДИИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев ги повика институцииите, Антикорупциска и ЕК да ги разоткријат „сваровски“ судиите и обвинителите
Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции, рече премиерот во видео обраќање.




Плусинфо- 01/12/2019 10:38
Почитувани граѓани, изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции, порача денеска премиерот Зоран Заев преку видео обраќање до јавноста.
Овие последни упоришта на „заробената правда“, се наведува во пораката од претседателот на Владата, продолжија да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот. Злоупотребувајќи ја одвоеноста на судската од извршната власт, се подвлекува, овие таканаречени „сваровски“ судски центри на моќ застанаа на патот на правдата.
– Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните. Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред – се вели во пораката од премиерот Заев.
Тој ја повикува Антикорупциската комисија да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност, потсети премиерот, и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш.
– Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства. Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе – се наведува во денешната порака од претседателот на Владата.
Премиерот ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите.
– Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните – вели Заев.
Премиерот најави дека преку институциите ќе се започне контрола на сите лекарски потврди за домашен притвор, или за привремено пуштање од затвор, по кои се случило бегство.
Владата ја повикува и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил. Согласно законските одредби за јавност, Владата предлага сите снимки од судења на случаите кои ќе бидат набљудувани од Европската Комисија, да бидат достапни во аудио верзија. Време е, се подвлекува, судството да се соочи со јавноста!
– Почитувани граѓани, ова прочистување ќе овозможи правда да може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. Пред граѓаните ветивме правда! Му дадовме шанса на судството, а од таму до сега немаше резултати. Затоа, судството ќе мора да се соочи со граѓаните, да се прочисти од нечесните и да се промени – вели премиерот Зоран Заев.


На кој да му веруваш дали на Заев Зоран или на Зоран Заев??



Quote:Заев: Задоволен сум како тргнаа процесите во севкупните реформи

Плусинфо- 29/03/2018 12:59

Премиерот Зоран Заев е задоволен од процесите за севкупни реформи во државата, вклучувајќи ги и реформите во правосудството, и убеден е дека Македонија ќе има независно судство.
Одговарајќи на прашање на денешната собраниска седница, премиерот Заев рече дека во делот на правосудството веќе работат работни групи на реформите и изрази уверување дека ќе создадат сериозно законодавство и ќе ги имплементираат реформите во правосудството.
– Задоволен сум како тргнаа процесите во севкупните реформи во Македонија. Ќе правиме се и продолжиме да правиме се за да имаме широко разбирање и за ставовите на опозицијата која дава надеж и шанса дека реформите се од национален интерес
01-12-2019, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Antonio Miloshoski
1 hr ·



Кога премиерот во заминување Заев збори за прочистување/ветинг во правосудството, тоа е како Ал Капоне да збори за реформа на даночниот систем.

[Image: 78046192_2899767580042689_50896626208777...e=5E78B0FD]

- Збогум Заев збори за пренос на судските рочишта во живо, а од очите на јавноста ја сокри легалната снимка за "Поткуп" кога бараше 160.000€ рушвет за легализација и градба на објект. Ајде, нека даде Заев личен пример и нека го пушти рочиштето и целата снимка за "Поткуп".
- Збогум Заев збори да немало конфликт на интереси за судиите, а сопругата (Л.Г.) на неговиот вечен директор во Комуналец во Струмица, партиски член и шеф на сите негови партиски изборни кампањи ја смести за член на Судскиот Совет и фактички таа е неформален претседател на РСС.
- Збогум Заев збори за прочистување на обвинителството, а од позиција на моќ нарача обвинителката Бислимовска да го преиначи обвинението за "Поткуп", исто од позиција на Премиер преку претседателот Џолев нарача замена на судивката Илиевска, со тандемот подобни судии Кацарска и Дарко Тодоровски, за да си добие ослободителна пресуда.
- Збогум Заев збори дека ќе барал редовно пријавување во Антикорупциска на приходите на секој судија и обвинител, а вчера јавно ги бранеше незаконските и непријавени околу 1.000.000€ додатоци што ги добиле 11те обвинителите од СЈО, релативизирајќи дека тоа не се преголеми суми.
- Збогум Заев ја повикува и ЕУ да помогне во реформите во правосудството, а зад грбот на Европа го злоупотребува европското знаменце за да може на шверцерски начин да го измени законот за Академијата за судии и обвинители, за да можат полесно со Рашковски да го напишат списокот на подобните студенти за идни судии и обвинители, како што е синот на еден претседател на Апелационен суд и снаата на една функционерка на СДСМ и блиска на Заев во Собранието.
- Збогум Заев збори да им дадеме шанса на способните и професионалните судии, а за претседател на Скопска Апелација ја намести сопругата на неговиот партиски пиун во ДИК, сега главен на Царина, иако судивката беше избрана со помал број на бодови од другите, спротивно на Законот за судовите (член 46 став 1) каде мора за судија во Апелациониот суд да биде избрано лице кое е оценето со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови.
Премиерот во заминување Заев, досега се покажа како ажурен координатор на судските случаи од висок профил, и токму Заев беше централна фигура за консултации на главните обвинители и судии со него. Но, времето на управување со судството за премиерот во заминување истекува и после 12ти април на Заев веројатно ќе му требаат повеќе добри адвокати и можеби и уште една аболиција.
01-12-2019, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ЗОРАН ЗАЕВ и криминалната банда од обвинителство и Антикорупциска ќе ги проверувале имотите на судиите, абе криминалци да имавте кредибилитет ќе беше во ред ама вие сте ОКСИМОРОНИ, пишува на социјалните мрежи судијата Владимир Панчевски.
“ДОШЛА МАЦА НА ВРАТАНЦА”



Е колеги и колешки, судии и обвинители вие кои стоевте мирно пред оваа будала, вие кои се поклонувавте полтронски да носите одлуки по негова мерка за да го зачувате своето бедно место во системот, сега по оваа најава сум сигурен дека со судството ќе почне и изборната кампања на политичките партии. Ви посакувам помалку да боли!
Ете го вашиот Зоран Заев кому му дозволивте за “ќешче” да ве стави под свое, ви ги скрши кичмите и интегритетот, а сега за него сте непотребни и искористени инструменти, средство со кое ја уништи Македонија и сака да ве реши, сега продолжете да молчите, во брзо време ќе гледаме глави една по една …
П.С. Јас сум веќе три години под прогон и на маргините на случувањата, искрено би ви дал поддршка како што вие ми дадовте мене на 5-ти октомври 2017 година до денес!
ЗОРАН ЗАЕВ и криминалната банда од обвинителство и Антикорупциска ќе ги проверувале имотите на судиите, абе криминалци да имавте кредибилитет ќе беше во ред ама вие сте ОКСИМОРОНИ!
И да ме извините нема да дозволам еден “сељак” да зборува вака мене, човек по потекло од Скопје четврта генерација да ме става во уста и да ми проверува имот стекнат со труд и работа со генерации ! Доста беше!
01-12-2019, 05:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Vladimir Pancevski
2 mins ·

На кои судии им објави војна Заев???
На оние од Кривичен што го ослободија за Глобал и Поткуп и што ги судеа предметите на политичкото СЈО или оние судии што го осудија македонскиот народ како терористи или оние спомнати во Рекет?
На оние што во Управниот суд го верификуваа мандатот на Талат Џафери и упадот со државен удар на 27-април???
На оние во Уставен што не одлучија по ниту една иницијатива за уставност во клучни моменти за државата при кршење на основните уставни начела?
Или на оние што по негова нарачка дејствуваа и дејствуваат за да го владее системот???
Не идат избори, повторно му пречат оние што имаат и имале свој став и интегритет, тие што се закана за неговата мафија!
Некоја идна власт прво што ќе треба да расчисти во судството е тоа да ги уништи посевите на “сончогледи” оние на Демократска Алтернатива на Циле, оние на НСДП на Тито или оние на Демократски сојуз на Павле, а најповеќе оние на Бранче и Ленче корените се длабоки, партиски, роднински, семејни!


[Image: 79088787_597696257667819_346543970045237...e=5E723F3A]
(This post was last modified: 01-12-2019, 08:17 PM by ЈорданПетровски.)
01-12-2019, 07:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: image.jpg]
(This post was last modified: 01-12-2019, 08:17 PM by ЈорданПетровски.)
01-12-2019, 08:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: 1.jpg]





Ке биде интересно, не џабе луѓето рекле „што е зората поблизу се се „поубави“ гостите!
01-12-2019, 11:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 2.jpg]




Оваа за мене е најинтересното :


  ........и Сиљан Аврамовски за злоупотреба на службена положба и несовесно работење во службата.


а и се надевам дека Ременски знае против кого се решила да се бори?
01-12-2019, 11:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Антикорупциска: За имотот на судиите и обвинителите – догодина


December 2, 2019

[Image: .jpg?resize=678%2C381&ssl=1]

Судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата ДКСК.
Државната комисија информираше дека  има основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
„Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб, судиите и јавните обвинители, ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба за 2020 година“, се наведува во соопштението на ДКСК.
Имотната состојба ќе се проверува преку податоците внесени во анкетните листови, како и со испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.
Од ДКСК велат дека испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи. Антикорупциската комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија
02-12-2019, 04:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(01-12-2019, 11:54 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 2.jpg]




Quote: Пријавено на 30 мај
Шест месеци нема одговор на пријавите на Ременски против Јанкуловска и Аврамовски
Уште во мај пратеничката Фросина Ременски до Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски, поранешен заменик директор во УБК, за непочитување на законските одредби за пензионирање. Според пријавата, Јанкуловска не смеела да потпише решение за продолжување на вработувањето во МВР на Аврамовски, кој требало да се пензионира.


[Image: mkd-446648.jpg?itok=bl16tHmx]
02.12.2019
Според пријавата, има основи на сомневање за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење во службата.
Ременски вели дека таа овие информации ги добила по пошта од анонимно лице во февруари годинава. Како член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, Ременска со овој случај ги запознала и надлежните овластени лица – Весна Доравеска, актуелен помошник министер за правни и кадровски работи при МВР и Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за ова заседавала на 23 мај на која се разгледуваа годишните извештаи за работата на УБК и АР, а присуствувал и тогашниот директор на УБК, Горан Николовски. И тој бил запознаен со сомневањата за сторено кривично дело.
Според законот, лицата што поседуваат безбедносен сертификат за пристап до доверливи информации по пензионирањето имаат обврска да го вратат безбедносниот сертификат.
„Ова е важно и за утврдување дали станува збор за овластен, односно неовластен пристап до доверливи информации и дали лицето извршува работи и издава наредби на вработени во Управата од позиција на лице кое нема законски основа да извршува такви работи“, пишува во пријавата.
Во април 2018 поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји во времето на Сашо Мијалков, Сиљан Аврамовски беше најсериозниот кандидат на Владата за прв директор на новата Оперативно техничката агенција (ОТА).
Интересно е и тоа дека за време на увидот на собраниска Комисија за надзор над работата над УБК и АР, во јуни 2018 година покрај раководството на Управата присутен бил и Сиљан Аврамовски кој директорот на УБК го претстави како „лице одговорно за операции“. Пратеничката Благица Ласовска (член на Комисијата) тогаш го прашала Горан Николовски дали во Управата има ангажирано лица што се пензионери. Директорот одговорил дека во моментот во Управата нема такви ангажирани лица.
Николовски тогаш појаснил дека прашањата од работен однос треба да бидат поставени до работодавецот, до министерот за внатрешни работи, а за останатите прашања не дал ниту потврден, ниту одречен одговор за работните задачи, ангажманот на неговиот прв соработник во УБК, Сиљан Аврамовски.
Аврамовски како заменик директор на УБК е пензиониран на 31 мај 2014 година со решение потпишано од министерката Јанкуловска. Но, пак со потпис на Јанкуловска тој „противправно останал на работното место заменик директор на УБК при МВР до неговото конечно пензионирање на 31 октомври 2017 година и спротивно на закон бил корисник на основна плата и други додатоци на плата надвор од закон цели 3 години или 36 месеци“, пишува во пријавата.
Освен кривична пријава до ОЈО, пратеничката Фросина Ременски за овој случај поднесе пријава и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Од ДКСК велат дека се работи на сите предмети поднесени од Ременски и дека конкретно за овој предмет бараат дополнителни документи од МВР. Од ОЈО засега нема никаков одговор.
02-12-2019, 06:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Aleksandar Alex Petrovski


*****ПРАВОТО Е ВОЛЈА НА ВЛАДЕЕЧКАТА КЛАСА ПОДИГНАТА НА СТЕПЕН НА ЗАКОН*****

Една од дефинициите на правото, или збир на прописи и норми што ги регулира и санкционира државата, друга дефиниција. ЗНАЧИ, ПОМЕЃУ ПРАВО И ПРАВДА ИМА ГОЛЕМА РАЗЛИКА, не значи дека волјата на владеечката класа е праведно, но секако законите се носат за да им служат ним. Кај нас класично е сфатена волјата не на владејачката класа туку волјата на владејачките партии.Не сме ниту стигнати до поделбата на одговорности и дејанија според Жан Жак Русо, нема взаемни услуги, едните газат а народот коленичи. ИЛИ АКО САКАТЕ ЗАКОНОТ Е МРЕЖА ВО КОЈА КРУПНИТЕ РИБИ СЕ ПРОВИРААТ А СИТНИТЕ СЕ ФАЌААТ. Затоа не барајте правда, далеку сме од тоа, да видеше Јустиција, не превезот од очите, туку угол гола ќе избегаше.СО ГОДИНИ НАНАЗАД ЗА ДА ГО СОКРИЈАТ СОПСТВЕНИОТ КРИМИНАЛ, ОБВИНУВААТ НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ СО УНИФОРМИРАН УМ. Нема реформи драги мој со преквалификации на дела за бивши буџи со цел да застарат, а во исто ЈО ист обвинител , за ист случај за еден подига БЗЗ а за друг не. Нема реформи со различни квалификации на исти дела, за едни затвор за други услов. Нема реформа со судии што не знаат рокови во правото, не познаваат македонски јазик, не знаат што е REFORMATIO IN PEIUS, носат казна затвор на правни лица (и уште се судии ние ги плаќаме), со судии избрани по клуч, што се тресат од партиски моќници и да не набројувам, ниту со адвокати блиски на власта што се крмат од штанцање платни налози и др. за буџетари. Адвокати што не влегле во судница а се најбогати.
ДАЛЕКУ Е СОНЦЕТО

[Image: 78036171_10215396675603115_2651884169155...e=5E789A61]
02-12-2019, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: image.jpg]


Прашања на кои Заев нема да одговори!
04-12-2019, 12:38 PM
Reply