Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ СЕ АКТИВИРААТ АМНЕСТИИТЕ КОИ ГИ ДАДЕ ИВАНОВ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЕ АКТИВИРААТ АМНЕСТИИТЕ НА ИВАНОВ ЗА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА, МИЈАЛКОВ, ЈАНАКИЕСКИ, ПРОТОЃЕР, ПЕТ УСТАВНИ СУДИИ ЈА СТАВИЈА ТОЧКАТА НА ДНЕВЕН РЕД

28 ноември 2019
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

[Image: ustaven-sud-sednica-83889289238932.jpg]

Гласовите (пет спрема четири во случајов) за ставање на дневен ред на една иницијатива на дневен ред за испитување на уставноста на оспорен член, членови, се во пракса и гласовите, односно резултатот во конечното гласање за истата таа иницијатива. - Од седница на Уставниот суд (Фото: СДК.МК)

Уставниот суд е на чекор да ги поништи сите обвиненија, истраги и судски процеси што се поведени против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа амнестирани од  поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2015 година. Следниот месец, Иванов ги повлече амнестиите.

Петмина уставни судии на последната седница ги надгласале четворицата свои колеги и успеале да ја стават на дневен ред за расправа иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување, кој вели дека претседателот може да ја отповика дадената амнестија. Со иницијативата се тврди спротивното, дека не може да ја отповика еднаш дадената амнестија.
Ако помине оваа иницијатива во Уставниот суд, се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени, обвинети, сведоци во постапките на СЈО, за кои Иванов успеа тогаш да собере податоци од тогашното обвинителство на Марко Зврлевски дека против нив се почнати постапки и ги амнестираше.

Потоа тој ја повлече амнестијата, можност што му ја дава член 11-а од Законот, кој мнозинството судии имаат намера да го прогласат за неуставен и амнестијата да стапи во сила. Со тоа ќе се спасат сите обвинети и осомничени функционери за кои се води постапка.
Избеганиот експремиер Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Едмонд Темелко, ексградоначанилците Тони Трајковски и Владимир Талевски, потоа сите обвинети алфи во „Тортура“, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, судијката Светлана Костова, ексминистерот Љупчо Димовски… како и покојниот Коста Крпач, но и Жарко Луковски кој почина денеска, се меѓу амнестираните обвинети и осомничени функционери. Груевски и Јанкулоска се правосилно осудени, а Грујевски, Ибраими, Мијалков и Тачи се  првостепено осудени на затворски казни, но никој од нив не е во затвор, сите се во жалбена постапка.

Мнозинството судии смета дека со дадената можност со членот 11-а да го поништи помилувањето што го дал, претседателот на државата излегува надвор од дадените надлежности на претседателот во членот 84 од Уставот и оти со тоа го повредувал принципот на владеење на правото. Гласовите (пет спрема четири во случајов) за ставање на дневен ред на една иницијатива на дневен ред за испитување на уставноста на оспорен член, членови, се во пракса и гласовите, односно резултатот во конечното гласање за истата таа иницијатива.
Во Уставниот суд ни рекоа дека во повеќе држави членки на ЕУ од кои било побарано мислење, добиен бил одговор дека во нивните законодавства не постои можност за повлекување на даденото помилување.
Обидот на претседателот на Уставниот суд Сали Мурати да биде проширена иницијативата со оспорување на законската можност на претседателот на државата да амнестира без претходна спроведена постапка, без барања до него, и да амнестира лица за кои нему ќе му текне, без согласност на тие лица, што е упад во судството од страна на претседателот, не поминал кај споменатото мнозинство од пет судии, зашто така ќе пропаднат амнестиите што ги даде Иванов на ВМРО-ДПМНЕ и на УБК самоиницијативно.
Собранието само треба да даде автентично толкување дека помилувањата на Иванов се неважечки, бидејќи кога ја носеше амнестијата, членот 11 за помилување без постапка, не постоеше. Тогаш Уставниот суд не би имал за што да расправа и не би можел да ги активира амнестиите од Иванов.
С. К. ДЕЛЕВСКА
28-11-2019, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Дескоска бара Собранието да спречи помилувањата на Иванов да поминат на Уставен суд



29.11.2019
Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел, како што наведе, да се спречат секојдните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела.
– Тие обиди се движат од постојано одложување на судските постапки со цел да се опструира носењето на судски одлуки, до иницирање постапки пред Уставниот суд за укинување на членови од Кривичниот законик, а сега и од Законот за помилување. Целта на сите овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на Специјалното јавно обвинителство, а кои сега ги продолжи редовното обвинителство. Со отварањето на вчерашната постапка од страна на Уставниот суд за оценка на членот 11-а се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за и врз основа на прислушуваните материјали. Јас не сакам да прејудицирам, ниту да влијаам на било каква одлука на Уставниот суд, но за да се спречи активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов, изјави Дескоска конференција за ставање карја на насилтсвото врз деата на запаен Балкан
Таа го повикува Собранието да ги искористи механизмите кои ги има и со свое автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување да го потврди тоа што го тврди стручната јавност, а тоа, како што наведе, е дека членот 11 на кој Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоеше, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеа стариот член 11 од законот.


Quote: Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов. Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање. На ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување. На ова прашање ќе се види кој го разбира концептот на нулта корупција како концепт на казнивост на корупцијата, а кој како концепт на помилување на корупцијата. Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот, истакна Дескоска.


[Image: renata-deskoska-640x437.jpg]
(фото: МИА)


Министерката семта дека има доволно време да се донесе автентично толкување во Собранието ако има политичка волја кај пратенциите. Очекува поддршка од сите партии во Собранието и да ја потврдат на дело повеќепати повторуваната реторика за правда и правна држава.
Од Уставниот суд, пак, очекува се држи до Уставот и законите, и да ја испочитува постапката и роковите за носење на одлуката.
Дескоска смета и дека ова аиницитива не треба да влијае на одржувањето на предвремните парламентарни избори во април догодина.
Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година. Членот 11 – а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори.
29-11-2019, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote: „Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран“


29. ноември 2019
Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување.        Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Дали е ова цената за продажбата на Македонија“?
-Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд.  ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми кои треба да го оттргнат вниманието од криминалот и корупцијата што во моментов ја пустошат Македонија, се заклучува во партиското соопштение.
29-11-2019, 04:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Правни лавиринти
По одлуката на Уставниот суд, можно ли е сите обвинети во случаите на СЈО да бидат ослободени?

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето. Ако овој член се поништи, дали тоа ќе значи дека аболицијата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2016 за 56 лица е важечка?

29.11.2019
Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.
Судот смета дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законска основа по која даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува од дадените надлежности на претседателот во членот 84 од Уставот и тоа основано може да се доведе под сомневање по однос на членот 8, став 1, алинеја 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.
„Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман кон субјектите. Имено, и претседателот согласно со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување“, велат од Уставниот суд.
Оттаму посочуваат дека во повеќе држави-членки на Европската Унија од кои било побарано мислење од добиениот материјал е констатирано дека во нивните законодавства не постои можност за повлекување на даденото помилување.
„Одлуката за помилување што ја донесува претседателот e sui generis акт, кој ниту е административен акт што би се оспорувал пред управните судови, ниту пак нормативен акт што би можел да се оспорува пред Уставниот суд“, посочуваат од Судот.
Оттука, имајќи ја предвид направената анализа, како и меѓународната практика, Судот смета дека со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон основано со тоа се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија предвиден од член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот.
Уставниот суд реши да ја оценува уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, кој предвидува претседателот на државата да го поништи претходно даденото помилување, со образложение дека не постои уставна можност претседателот да го повлече еднаш дадено помилување.
Оваа одлука на Уставниот суд го отвори прашањето дали сè уште важи аболицијата на 56-те лица, кои беа опфатени со предметите на Специјалното јавно обвинителство што ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2016 година. Два месеци потоа, по уфрлањето на член 11-а во Законот за помилување, Иванов под притисок на јавноста и меѓународната заедница ја повлече одлуката за аболицијата.
Ова значи дека наскоро решението за аболиција потпишано од тогашниот претседател на државата можеби ќе важи, ќе биде во сила. Тоа пак ќе повлече прекинување на многубројните судски процеси на СЈО во кои се обвинети Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Едмонд Темелко, Тони Трајковски, Владимир Талевски, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, Светлана Костова, Љупчо Димовски…
Според практиката на Европскиот суд за човекови права, дадено помилување не може да се повлече. Ова значи дека за секој од помилуваните, во некоја наредна ситуација откако ќе биде осуден, таа пресуда ќе може лесно да биде оспорена во судот во Стразбур.
Според Законот за помилување, кој е донесен во 1993 година, помилувањето, односно ослободувањето од постапката за кривично гонење може да се врши во Министерството за правда по барање на осуденото лице или по службена должност, а членот 11 предвидува претседателот по исклучок да помилува без спроведување постапка кога е тоа од интерес за државата или во посебни околности, на што досега се повикаа и експретседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски кога ги помилуваа Доста Димоска и Зоран Заев.
Во 2009 година беа донесени законски измени со кои беше избришан членот 11, а беа додадени и 4 кривични дела за кои не може да се даде помилување, но по поднесена иницијатива во 2016 година Уставниот суд ги укина сите измени и дополнувања од 2009 година.
Важноста на аболицијата на поранешниот претседател ја потврди и Врховниот суд на Грција, кој лани во мај не дозволи екстрадиција на сега осудените за масовното прислушување Горан Грујевски и Никола Бошкоски, со образложение дека „одлуката на претседателот со донесениот важечки акт од 12 април 2016 година за ослободување од гонење е еднаква на целосно прекинување на кривичното гонење, затоа што за време на нејзиното носење не постои законска можност за нејзино повлекување или поништување. Грчките судии сметаа дека според македонскиот Устав, законите и другите прописи не може да имаат ретроактивно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“.
На последната седница на Уставниот суд пет уставни судии беа за прифаќање на иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување, а четворица беа против.
30-11-2019, 02:11 PM
Reply