Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОНУСИТЕ НА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЈО гнездо за раскалашно трошење народни пари

Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за изминатите четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.


[Image: s-o-696x424.jpg]

вторник, 26 ноември 2019, 12:41
Не стивнуваат реакциите во јавноста кои со презир, огорченост и лутина упатуваат на дрското и неодговорно трошење на огромни суми на пари за некакви бонуси и „додатоци за доверливост“ што обвинителите во СЈО ги земале, и покрај нивните високи плати.
Овој „додаток за доверливост” всушност им го оовзможува законот за СЈО, со образложение за да се заштителе содржините од „бомбите“ односно обвинителите да го држат во тајност тоа што го слушнале во телефонските разговори. Но и покрај тоа што овие расфрлања со бонуси кои ги одредувала Јанева е законски покриено, легитимно се поставува сомнеж за злоупотреба на парите, бидеќи станува збор за енормно високи суми.
Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за изминатите четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.
Ниту правдата ја донесоа, а од друга страна случајот „Рекет“ откри што всушност на специјалната Катица Јанева и било целта да испорача, иако во насока на почитување на правото на пресумпција на невиност, не би било коректно предвреме да се донесуваат заклучоци. Сепак, едно е повеќе од коректно да се напомене, а тоа е дека од септември 2015 година, кога беше формирано, па до сега, Катица Јанева и нејзиниот тим од специјални обвинитeли, потрошиле околу 9 милиони евра, а заедно со одобрениот буџет за годинава, СЈО ќе „изедеше“ околу 12 милиони евра народни пари.


[Image: 3-640x413.png]

Буџетот на ова Обвинителство, кое за многумина беше противуставно, а формирано само со политички коннсензус, од година на година се зголемуваше, па така за неколку месеци во 2015, на СЈО им беа дадени 220 илјади евра, во 2016 сумата се искачи на 2 милиони евра. Во 2017 на 2,6 милиони евра, во 2018 СЈО не чинеше 3,1 милиони евра, а за 2019 им беше одобрем буџет од 3,7 милиони евра.
Поединечната плата на обвинителите беше чувана во голема тајност, а според последните информации, минатата година СЈО потрошило еден милиони евра само за плати.
Според новиот сајт „Отворени финансии“ на Министертсвото за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси по основ „додаток за доверливост“ на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, од која Катица Јанева добила 157 илјади евра.
По обелоденувањето на вртоглавите бонуси, надвор од невообичаено високите плати на обвинителите во СЈО, експертската јавност е сѐ погласна во ставот дека обвинителите треба да ги вратат добиените пари и да поднесат оставки од обвинителствата каде што беа префрлени, а Обвинитеството да отвори финансиска истрага за тоа дали постојат злоупотреби при трошењето на парите во СЈО.
Покрај поранешната специјална обвинителка Јанева, која  земала 157 илјади евра, како додаток надвор од редовната плата, и другите нејзини колеги не собирале трошки за време на нивниот мандат. По Јанева, очгледно „најзаслужна“ се покажала обвинителката Елизабета Јосифоска, која освен редовната плата, земала 107 илјади евра. Бонусот за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители и изнесувал 2.440 евра месечно, а за Јанева тој изнесувал 4.000 евра месечно.


[Image: lile-fatime-0-640x380.jpg]


Според добиените бонуси, следува обвинителката Лиле Стефанова која земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра бонуси за 4 години, а слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. На сметката на Ленче Ристоска легнале бонуси во висина од 72.520 евра. Покрај овие дополнителни исплати, дел од обвинителите примале пари за кирија, или за превоз до Скопје.


[Image: 1-2.jpg]
 
Покрај скандалите во врска со трошењето и платите во оваа институција деновиве се појави и информација дека во СЈО се потрошиле 13.300 илјади евра за апетисани само во 2019 година.
Опозицијата бара ревидирање на финансиските извештаи на СЈО и утврдување на  евентуални злоупотреби, премиерот Зоран Заев во одбрана на обвинителите, вели дека нема да дозволи да се фрли негативно петно врз нив.
„Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваат поголема плата за некои 300-500 евра, не знам колку е точно поголема, затоа што сериозно преземаа одговорност и преку чувањето на самите материјали кои носат дополниттелна одговорност. Јас нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители“, вели Заев.
26-11-2019, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Ова се детали од упадот на Рускоска во СЈО, а КАТИЦА СЕ ВРАЌА ВО ШУТКА?!


[Image: e9ae0e4a-b5d4-4250-b647-afca7c7ff4a5.jpg]


26 Nov 2019 - 18:50

Шефицата за дела од организиран криминал при Јавното обвинителоство, Вилма Рускоска, очигледно има намера да ги истурка криминалите во СЈО ако не до самиот крај, тогаш што е можно подлабоко од досегашните, првични докази.
Нејзината изјава дека се обидуваат да и го урнат и изграат трудот откако, очигеледно со поддршка од врвот на власта, притворената Катица Јанева од Шутка беше ослободена и однесена во домашен притвор нема да заврши на емотивно празнење со СМС пораки, туку на полабоко навлегување во очигледниот финансиски криминал во ЈО во кој сосема е сигурно не е вклучена само Катица Јнева, туку и нејзини колеги и колшеки кои така благопријатно добивале по 150-200.000 евра над платата за “чување на тајните од работењето на СЈО“ иако знаеле дека тоа се незаконски стекнати пари.
Вилма Рускоска во СЈО влезе со двајца финансиски истражители и тоа не со налог од Судот со кој е во кофликт поради пуштањето на Катица Јанева од Шутка, туку со барање од Јавното обвинителство. И самото тоа говори дека постои сомневање за корупцијата во судството за потреби на извршната власт, во случајов видено преку неочекуваното и неопткрепено ослободување на Катица Јанев од Шутка која е потенцијална опасност со свои искази, докази и преписки да нанесе проблеми на врвот на владата која со години соработувала со неа за политички потреби. 
ВЕЧЕР дознава дека во СЈО не се само финансиски истражители, туку и најспособните од одделот за компјутерски криминал кои истражуваат компјуетри и севкупна комуникација на обвинителите од СЈО која досега беше недостапна за ЈО, како и луѓе од техничката логистика за обвивање на каси и трезори.
Имено, според информациите на порталот ВЕЧЕР, во СЈО има осум каси во кои се чуваат архивски материјали, докази, телефонски разговори, пари и компјутерски содржини. Во некои од касите имаат пристап истражителите, во други обвинителите а во една од нив пристап има само Катица Јанева со своја шифра. Таа шифра за влез Катица Јанева не ја дава на обвинителката Вилма Рускоска па техничката логистика во оваа акција на Вилма Рускоска била принудена да врши насилно разбивање и отварање на таа каса за да се допре до нејзината содржина.
Финансиските истражители, до времето на пишување на овој извештај, 18:30 минути, уште сега при самиот попис и опис на документите имаат најдено криминал во финансиските книги на СЈО, помеѓу останото дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО! Ова значи дека вишокот пари кои се делени, а се работи за големи цифри од ститина иљади евра годишно просечно по обвинител, делумно се и од непознато потекло! Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат. 
Но, од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт. Ако се знае, а се знае, дека Вилма Рускоска има силна поддршка од Американската амбасада да ја расчитува до крај корупцијата во СЈО  сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителуте во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто иљади евра екстра приходи без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија.


[Image: 792cfea3-6050-423e-a821-d965961a8bcb.jpg]


СЈО во делењето пари надвор од закон и стандарди меѓу обвинителите има јавна поддршка и соучесништво од премиерот Зоран Заев кој, деновиве, се обиде да го замачка скандалот со изјавата дека обвинители на СЈО имале само 30% поголеми плати од обвинителѕе во ЈО, што било “нормално со оглед на околностите“! Кои се тие околности, премиерот не кажа но покажа дека со сите сили се труди да ги амнестира Катица Јанева и нејзините обвинители и истражители кои се до гуша заглавени во јавно видлива корупција.
Катица Јанева, наредните денови, може да очекува враќање во затворот во Шутка. Имено, таа би можела да добие ново обвинение за злоупотреба на службената положба, овојпат во врска со став 5, а тоа е веќе корупција на државни пари за што е запретена и поголема казна од најмалку 5 години затвор. За ова дело може да се очекува и проширување на истрагата за други обвинители кои по службена должност биле соработници на шефицата Катица Јанева и кои знаеле, или морале да знаат, дека со ваквата поделба на големи пари меѓу себе се врши кривично дело на штета на буџетот.
26-11-2019, 11:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Тасева: Бонусите што се делеле во СЈО се незаконски



[Image: -Тасева.jpg?resize=696%2C398&ssl=1]

November 27, 2019
Оваков пример на додаток за работа со доверливи податоци не ми е познат. Мислам дека не е во ред, вели првиот човек на Транспарентност Македонија, Слаѓана Тасева, пренесуваат медиуми.
Додатокот за доверливост за да не се открива тоа што е слушнато во „бомбите“, што го примале специјалните обвинители и други вработени и невработени лица ја згрози јавноста, зашто станува збор за огромни суми пари. Само Катица Јанева вон редовната плата примила 157.000 евра.
„За спецификите на нивната работа тие имаат висока плата. Би било добро да видиме документ од каде произлегува тој додаток“, вели Тасева.
Примањето огромни средства како додаток за доверливост го наметнува прашањето дали по тој основ, на пример, добиваат пари и вработените во сите структури на безбедносниот сектор?
„Вработените во службите за безбедност за сложеност на работата имаат 20% варијабилен додаток и бенифициран стаж. Оваков пример на додаток за работа со доверливи податоци не ми е познат“, потенцира Тасева.
27-11-2019, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 76773269_3262409243831734_25308012757804...e=5E81EDCA]



Quote:Димитар Апасиев
3 hrs ·

ЈАВЕН ПОВИК ДО ПОРТПАРОЛОТ НА СДС(С)М - КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ЗА ТВ ДУЕЛ!

Денес, црвено-буржујското курајберче - Коста од СДС на „Нашата Земја“ (кој своевремено си ја вработи мајката во Централен регистар и кој како пратеник, само од патни трошоци, кешира поише од мојата годишна заработувачка!), открил „топла вода“ спакувана во обландата на комуњарско-партиската кујна, стара дури три-четири години, која своевремено ја пласираше куртонската ТВ Сител на чело со Началникот Латас (види линк) - а тоа е дека „професорот Апасиев, пази богати, наплатувал за своите дадени интелектуални правни услуги“!? ?
Ај пренесете му на курево дека ја у живот иам едно принципиелно мото од кое не отстапуем: СТРУКА РАБОТАМ ЗА ПАРИ (оти од тоа живеам и ранам фамилија), А АКТИВИЗАМ ЗА БЕСПАРИ!
У кариерава сум давал висококвалитетни консултантски правни услуги, за кои сум обучен и школуван, на синдикати, здруженија на граѓани, фондации, правни лица и сл. - и секогаш сум наплаќал, оти ја не сум професионален политичар кој живее од апанажи и дневници за службени патувања со швалерките, ниту пак арабаџија за да продаам муда за бубрези, туку професор по право кој е меѓу поценетите у фелата и кој „продава“ знаење у кое сум вложил пола живот и пичкљарда лични финансии за дообразување, кои сум ги немал, и за што ќе ми требаат два живота да ги отплатам (btw, уше враќам кредит за докторатот [Image: 1f609.png];) Али пошо ти си дипломирал на ФОН кај Фијат Цановски, од кај шо можеш само да паднеш од столче, а не и на испит - џабе ќе ти објаснуем. Па затоа, да преминам на главното...
Сите знаат дека во првите шест месеци по основањето на СЈО бев КОНСУЛТАНТ за цивилно-правни прашања. На нивно барање. Ти си природно глуп да ти објаснуем шо тоа значи, ама еве за пошироката публика: тоа опфаќа изготвување компаративно-правни анализи за законска регулатива на одредена нејасна проблематика; следење и ажурирање на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права; тематски експертски анализи и длабински истражувања за специфични стручни теми од интерес; испитување на граѓанско-правните аспекти на имотната конфискација и предлози за подобрување на т.н. антимафијашко законодавство; концептуално врамување на обвиненија при елементи на т.н. злосторство од омраза; реобмислување на теорискиот уставен концепт на ЈО и неговата положба и статус во правосудниот систем; логографски услуги при јавни презентации и настапи и сл. Има и други занаетчиски работи и финеси, ама имам обврска за чување службена тајна, па не можам сите да ти ги нацртам... ТАРИФАТА, куре, за вакво нешто у фелата е 25 евра од час! Распрашај се у стручни кругови пред да се бламираш у етер и ќе видиш дека ја сум наплатил и евтино за сработеното ?
(а за тоа дека у живот имам напишано повеќе страници бесплатни тужби и поднесоци за сиромашни граѓани, работници, стечајци и социјални случаи од тоа колку шо ти, Заев, Милчин и Тортевски имате книги прочитано – во некоја следна прилика [Image: 1f642.png]:)
Не заборавај, курле, дека контекстот на СЈО тогаш и сега не е воопшто ист. Tогаш, батка, беше златното време на СЈО, коа обвинителките беа „рок стар“! Ги носевте на маици со твоите сопартијци у Шарена револуција и се одмочуевте на секое нивна прес-конференција која рушеше рекорди по гледаност, оти искрено мислевме дека ќе донесат Правда и затвор за кримосите, а не промена на уставното име преку уцени и притисоци. Протестиравме секој ден во шест и со жив штит го чувавме, плашејќи дека корумпираниот Уставен суд ќе го укине. Ти текнуе [Image: 1f609.png];)
А тогаш, да те потсетам, на власт уше беше РЕЖИМОТ на Грујо. Додека ти беше локално функционерче – заменик градоначалниче у Струмица и си седеше на твоето депилирано газенце у топлото, ја бев уше неизбран доцент на „вмровски“ универзитет. У жижата! А тогаш, у пикот на груевизмот, да бидеш против него значеше следново, бе ашлаче: мобинг на работа, прислушкуван телефон, следење од непознати битанги на улица, дофрлање на паркинзи у темното; „поздрави“ у поштенско сандаче; блиндирање со светлата на BMW со затемнети стакла, искршена шофершајбна на колата, константни смс и инбокс пораки со закани по живот од телохранителите на Мијалков (види слика у коментар)...
Btw, да те потсетам дека ја бев једини од СЈО кој сам се повлече после пола година, оти оценив дека ќе имам професионален СУДИР НА ИНТЕРЕСИ да учествувам во кривичното гонење на моите политички непријатели.
Затоа, немој да ми морализираш преку фејсбук за нешто што чесно сум го изработил, туку одбери си телевизија по твоја желба, од вашите провладини, и излези на ТВ ДУЕЛ лично со мене – очи у очи! Да ме видиш у сурат, а не да ми какаш од дома по фб.
p.s. Носи си ја со тебе и Годишната даночна пријава од УЈП за последниве три години откога си на власт. Ќе ја носам и ја мојата – па јавно ќе ги покажеме приходите пред камерите ?
Те чекам!
Update: Ми пиша другар у инбокс за мотивите, т.е. од кај иде нервозата на СДСМ и хорскиве обиди за дискредитација... Оти ЛЕВИЦА дрмала на последните интерни анкети! [Image: 2764.png]<3
#ЖолтаДуњаЗеленБорБрзоЧекамОдговор




Со нападите врз Апасиев се прави обид за дефокус!! Апасиев многу убаво објаснува за ангажманот и за парите!
27-11-2019, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Оставки или суспензија за сите од СЈО како не би ја попречувале истрагата



27. ноември 2019
Во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија во врска со темата “Оставки на специјалните обвинители и враќање на парите” и енормните бонуси што ги добивале обвинителите, адвокатите Тони Менкиноски и Драган Малиновски јасно истакнаа дека во случајот се погазени начелата и принципите за совесност, одговорност, коректност и побараа оставки.
Адвокатот Тони Менкиноски истакна дека постои свесно злоупотребување на законот од страна на носителите во специјалното јавно обвинителство.
-Проучувајќи, утврдив дека оваа област е доста регулирана и во делот за надоместоците кои можат да ги добијат јавните обвинители согласно законите може да биде 35 отсто во висина од платата која е примена. Тоа е регулирано според законот за СЈО и законот за изменување и дополнување за јавна обвинителска служба, законот за платите на јавните обвинители. Така да тука постојат стрикни законски одредби. Значи јасно е утврдено колкава може да биде платата на Катица Јанева и на јавните обвинители на РМ. Значи максималната плата на катица јанева можела да биде 90 илјади денари со се сите надоместоци, а максималната плата на другите обвинители да биде 76 илјади денари. Тие треба веднаш да си поднесат оставка и да ги вратат парите назад и да не ја бламираат македонската јавност, бидејќи ова што се случува е срамота. Ваквото садистичко однесување од страна на СЈО со парите од државните обврзници не е дозволено. Значи постои мотив според кој тие го избегнувале законот. Јасен е законот. Имено, после овој скандал јас очекувам дека веднаш специјалните јавни обвинители треба да си поднесат оставки, а доколку тоа не се случи потребно е јавниот обвинител на РМ веднаш да ги суспендира овие обвинители, рече Менкиноски.
28-11-2019, 12:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:




Antonio Miloshoski is at Специјално Јавно Обвинителство Skopje, Republic of Macedonia ·

Според Законот, овинителите во СЈО мора да ги вратат незаконските додатоци во буџетот!

Прашањето на астрономските суми делени од буџетот на СЈО како додатоци за посебни услови за работа и доверливост е регулирано со:
- Законот за плати на јавни обвинители (чл.6-б) и
- Законот за јавнообвинителска служба (чл.72)
и истите додатоци не смеат да бидат над 35 % од основната плата. Поради ова не смеело надвор од законот да се прима посебен додаток како што се примало во СЈО, по околу 80-100.000 евра.
Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063ден или вкупно 81.243ден., на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помалнод 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500€, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.
Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно.
Само ова е исплатено по закон, односно Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Елизабета Јосифоска според законот смееле да примат додаток на плата во износ од 325€ месечно, односно по околу 6.000€ вкупно за 18 месеци додека СЈО имало законски мандат на овластен тужител. Разликата во парите до 80.000€ или 100.000€ кои им биле исплатени по договорите што ги склучувале со Катица Јанева се целосно незаконски примени средства, со чие давање/примање е направена злоупотреба на службената положба, оштетување на буџетот и проневера во службата (чл.353 и 354 од КЗ) и тие средства мора да се вратат во државниот буџет.


Дека Антонио е во право говори оваа заканаувачка изјава на Фетаи


Quote:Фетаи: Милошоски наместо да спрема одбрана, тој дели правни совети по медиумите

27.11.2019
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска пред судењето за случајот „Монструм“ изрази разочараност што дел од предметите кои се готови, спремни за обвиненија, седат во кутии. Таа го посочи случајот „Моќник“ во кој обвинет е пратеникот Антонијо Милошоски.

-Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија. Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонијо Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети, изјави Фетаи пред денешното судење за „Монструм“.
28-11-2019, 11:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Јовески: За иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО


[Image: 20171105083456.jpg]
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019

 
Првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека за иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. 
Вели дека сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации. 
„Втората насока е дека платите и надоместоците се регулирани со законите. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци кои не може да надминат 35% од плата, односно трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води“, рече Јовески.
Платата на обвинителите во СЈО која како институција да гони најтежок криминал делумно заради самата природа на кривичните дела, делумно заради субјектите кои учествуваат во нив и тоа во најтешкиот период во државата изнесуваше 1300 евра, односно беше за 300 евра повисока од платата која ја примаа обвинителите во другите обвинителства, изјави вчера обвинителката Фатиме Фетаи, додавајќи дека за таа плата обвинителите од СЈО постапувале пред Основните, Апелационите и пред Врховниот суд.



Отиде цело СЈО во Идризово !!!
28-11-2019, 11:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Antonio Miloshoski
3 hrs ·


[Image: 79210223_2894294980589949_12317902424663...e=5E80311D]

Катица Јанева и другите обвинители треба да вратат 1.000.000€ во државниот буџет!
Катица треба врати 150.500€ (од земени 157.000€)
Л. Стефанова да врати 87.000€ (од 93.000)
Фатиме Фетаи да врати 81.000€ (добила 87.000€)
Елизабета Јосифоска да врати 101.000€ (од земени 107.000€)
Гаврил Бубевски да врати 80.000€ (од 86.000€)
Артан Ајро да врати 80.000€ (од 86.000)
Трајче Пеливанов 80.000€ (земени 86.000)
Љубомир Лапе 81.000€ (земени 87.000€)
Бурим Рустеми 84.000€ (од 90.000)
Стевчо Донев 101.000€ (земени 107.000€)
Л. Ристоска 66.000 (земени 72.000€)
(пресметка е според јавно достапни информации, бидејќи додатоци кои го надминуваат изрично утврдениот лимит од 35% на основната плата се незаконски и претставуваат стекнување на противправна имотна корист на штета на државниот буџет)
Подолу е објаснувањето за основните плати и за законскиот додаток кој според Законот за платите на обвинителите не смее да е над 35%:
Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063 денари или вкупно 81.243денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помал од 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500 €, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.
Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно.
29-11-2019, 01:07 PM
Reply