Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Астеруд – Ристова, толкувања на говорот на омраза
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Астеруд – Ристова: Толку им сече, “Шверцерите” во МНТ “сами себе утепале”


November 26, 2019
[Image: -asterud.jpg?resize=679%2C443&ssl=1]
Професорката Каролина Астеруд Ристова со анализа на однесувањето на Навивачкат група “Шверцери” во МНТ.
Според неа тие направиле грешка и штета за нив и за сите Албанци затоа што и на светот му откриваат како размислуваат за цивилизациските стандарди.
Та бара јавна дебата со контрааргументи на нивното веебално однесување но и соодветни пријави за тие кои вршеле насилство.
” Ако јас се прашувам, доста веќе со себеинфатилизирање , его на деца, и криење зад крајно екстензивни , антилиберални и индикативно авторитарни законски концепти и толкувања на говорот на омраза, за било која тема и контекст , па и за оваа , кај сите и по било кој основ , па и овој .
Што е ова , се што ќе се бекне а не не бендусува , одма крекање , врескање и плачење “ говор на омраза , говор на омраза “, патем тотално извитоперено од почетната замисла на концептот, и со сериозно поткопување на слободата на говорот како една од темелните вредности кои не направиле тоа што сме денес, и за се што уживаме денес во цивилизациска смисла , материјално или нематеријално.
Колку поразнолико и похетерогено општеството, толку повеќе треба да се јакне поголем резервоар и капацитет за различните мислења , па макар и најгрди, најнавредливи, најглупи, најнационалистички , најнационал-шовинистички, што уште не.
Тие не треба да одат под радарот, туку да бидат адресирани и предизвикани во рамки на екстензивно разбирање на слободата на говорот, таа и таква слобода е правилото , се другото треба да е исклучок по високи и строги ( правни !) стандарди , па и во однос на говорот на омраза ( кој треба да таргетира говор кој повикува на насилство на сериозен и реален начин, а не инструментализиран за цензура и заќутување за проблеми, надмоќ и недопирливост на индивидуи , групи, агенди и каузи , за ладење на кршливи ега, или на нечии групни или индивидуални неслободарски, недемократски и репресивни инстинкти , култури и лаички/теократски доктрини ).
Не со мрзеливост на интелектот и краткост на его-фитиљот , не со опортунистичко посегање по државно – правната репресија, туку со отварање уста, ма ако треба, баш како големата бела ајкула.
Извикувале “немате историја “? Викале “ Етничка Албанија “? Ма слободно нека викаат , толку им сече , тоа го мислат, така перцепираат , така некој “ги учи”, и , бујрум , таквото мислење нека излезе на површина , нека слушнат сите , нека го видат сите тоа.
И сега, и понатаму , што се однесува до мене , ма уште погласно , да ве чујат по сите краишта на Европа, во сите главни градови на земјите членки на ЕУ, во сите парламенти , меѓу граѓанството таму . И, да се дебатира , аргументи – контрааргументи , фактички и вредносни. Ајде да се соочиме дали навистина Македонците немаат историја .
Ајде да видиме што значи таа ваша етничка ли , голема ли Албанија, и тоа баш за вас , не мора за другите, вас кај ќе ве однесе, и што ќе ви направи. Ако не чини, а не чини така да се скандира , адресирањето низ слободен говор и дебата е единствениот начин да се менува , искрено, автентично и со конструктивен краен ефект .
Впрочем , по мене, албанскиот агресивен национализам и албанскиот национал – шовинизам се единствените во регионот коишто сеуште со лесно се “шверцуваат “ и “ продаваат “ за друго нешто , со друга декларација, барем во некои “ кругови “, не кај сите , ама деновите и на тоа се одбројуваат. А да искористите чествување на светол празник од сопствената историја и култура за вакво себерекламирање, е по онаа “ се во корист на сопствената штета”, “ сам себе утепал “.
Оние кои вистински се “по албанската азбука”, оние кои разбираат што значи тоа во културна и цивилизациска смисла, како и кои се по ползувањето на својата слобода на говор, се надевам ќе им оддржат лекција како на првоодделенчиња на овие “инспирираните” славеници , особено и вклучително и во контекст на сето тоа мафтање со знаменца на САД , НАТО и ЕУ.
Онака, да не си мислат некои дека не фрчат сега дипломатски депеши , анализи и слично, не толку ради пресекираност за нас овдека што инспирираниве ни кажуваат дека сме мали и демек без историја ( оф леле , гревчиња искомплексирани, на кого сте нашле его да билдате), туку што тоа значи баш за нив таму по Европа и Западот , оти таму сакаат да им се накалемат и овие ваквите , а богами и што значи за сите Албанци како нивна колатерала.
Што се однесува до вандализмот, јавноста треба да има целосен и точен увид во однос на штетата , а и во однос на правните квалификации што ќе следуваат за осомничените сторители .
Да не се глуми лудило и заташкува, особено ако не е обичен вандализам , туку баш дела на омраза по етничка и/ли“ каурска “ основа. Јас лично нема да се изненадам ако има и такви димензии во мотивацијата кај некои. Тоа е крајно сериозно , не треба да се заташкува , ниту правно , ниту политички , ниту во нашите граѓански капацитети.
И, повторно , со именување и дијагноза на работите како што се , и со развивање капацитет да разговараме и за најгрдите работи без да се фатиме за гуша , без шминка , без парфемирање, без зашеќерување водички , без глумење Глупи Август , без тази дупка не е дупка позајмено од комшиите , без глумење лажни жртви , без напад како одбрана за дебело оплескана работа , и други слични механизми .
Тоа донекаде го имаме достигнато кога е за македонскиот агресивен национализам и национал -шовинизам ( а богами кај некои и “на стереоиди”, дури и за работи кои не се тоа , туку сосема легитимни), истото треба и кај другите , освен ако сакаат вечно да си се себередуцираат на нееманципирани и инфериорни, и по селективна логика за својот субјективитет ( за едно сум “ возрасен “, за друго сум “ мало и незрело дете “).
А и ако не за нас , барем заради чесен однос кон оние навјасаните од сите страни во ЕУ , особено затоа што се потешко ќе може да им прошверцуваме вакви контингенти , им пука и ним филмот таму.
Да не мислиме дека не си знаат кои, какви, и со какви мисли, вредности и сентименти им се “ ante portas”, и дека ќе им ги скриеме , или ќе се вадиме на “ мали бројки “; впрочем, за смртно -сериозни проблеми неретко не се потребни големи бројки , а и не се тоа ако се кумулираат од повеќе страни , а и за икс прашања таму важи една држава -еден глас , нема врска мали – големи бројки, дали си 80 милиони , 60 милиони или 2 милиона .
Така да , да не мисли некој дека и ним не почнува се повеќе да им се буди тоа текнувалото , по децении земање здраво за готово на работи.
До кога некој ќе си мисли дека они и натаму ќе купуваат и трпат туѓи блефови, лоши намери и сентименти ( сосе и спрема нив !) , антитеза- вредносни ориентации, па уште да им влегува дома ( да, ЕУ е дом !), и дека ќе продолжат, за наш или било чиј туѓ атер, да си се посипуваат со пепел, меѓу другото, и со увоз на контингенти и контингенти мераклии од типот “ денес театрите во Македонија, утре театрите на другите Европјани, по други евро градови ”, особено оние што си се наоѓаат по истите идентитетски и вредносни матрици што инспирираат пориви за вандализирање овде.
26-11-2019, 03:19 AM
Reply