Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЉУПЧО:НЕ МЕ ГЛЕДАЈТЕ ШТО ПРАВАМ СЛУШАЈТЕ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Георгиевски: На Јосиф можеме да му простиме се а на командандот на Илинденското востание Сарафов ништо не му проштеваме.

[Image: -љубчо.jpg]


November 23, 2019
Во последната година на неколку пати реагирам на ароганцијата која доаѓа од нашиот сосед Бугарија. И основната поента на овој пост беше иста. Да ги поучам македонските политичари како да се бранат. Одговорот е едноставен, тапијата дали Бугарија била фашистичка држава не ја дава Македонија туку Англија, Русија, Америка, Франција и Израел. Ќе треба да се усогласат исто со историите на Грција и Србија а најповеќе со сопствената историја од времето на комунизмот. Впрочем по 1945 бугарските комунисти во преку судови осудија и стрелаа повеќе фашисти отколку што германски фашисти беа стрелани во Нинбершките процеси. А советниците на Бојко ке треба да разберат дека проблемите со Македонија не се во идеолошката реторика.
И таман тука сакав да заврашам ми излегува на Курир наслов “Јосиф Михаиловик-творецот на модерното Скопје” посетете ја изложбата и трибината. Сурфам уште малку и гледам скоро сите портали се преплавени со истата содржина. Веќе има текстови и споменик да му се подигне. Веќе подолги години се подготвува терен за рехабилитација на оваа типче од Галичник ама очигледно сега е кулминацијата. А и јас одамна му се подготвувам ама изгледа сега времето се исполни. Биографијата што ни ја нудат преубава архитект кој Скопје од касаба направил модерен град, градел улици, згради,школи…. И оваа прекрасна слика ме потсети на еден стар виц од пред триесет години: Оди смртникот на небо и Свети Петар му вели погледни во рајот и пеколот и избери кај сакаш? Гледа човекот во пеколот и се воодушевува вино се точи на сите страни, шетаат голи жени, музика свири. И вели овде сакам. Да ама погледни убаво му одговара Свети Петар зошто чашите се со дупки, жените се без дупки а музиката е од Тома Прошев. (Веднаш се извинувам пред љубителите на неговото дело ама таков беше вицот).
Ако ја погледнеме реалната биографија на скопскиот херој што ќе видиме. Во балканските војни бил четник доброволец во четата на војводата Доксим исто од Галичник кој е на рамниште на Бабунски и останатите ретки србомански платеници. Во првата светска војна пак како доброволец се бори со српската армија. Во време кога целата левица и десница на македонското движење е во македонското ополчение и единаесетата македонската дивизија тој си е школски пример на Македонец не србоман туку четник. Разубавената биографија вели на 29 јануари 1929 станува градоначалник на Скопје. Реалната вели на 6 јануари Александар Караѓоргевик прогласува диктатура во која жестоко се пресметува со сите непријатели идеолошки и национални. Заборавиме ли за ликвидациите на седумте секретари на СКОЈ, Ѓуро Ѓаковик и да не ги бројам?Шесто јануарската диктатура барем ја учевме добро. Кај повеке автори ја најдов следната реченица: Во Хрватска и Македонија Караѓорѓевич се потпира на старите четнички организации. Нашиот Јосиф е директно назначен од Караѓорѓевич не е избран. И тоа по четничка линија. Да не зборувам дека секогаш се декларирал како Србин од Македонија , дека македонците се срби и активно учествувал во србската асимилација. Да не зборувам дека и делата што му се препишуваат се фалсификат. Тој самиот има текст во кој што реферира што е направено во Скопје од 1912 до 1937 а нашите фалсификатори сите дела му ги препишуваат како негово дело. Човекот е комплетен реакционер затоа во комунизмот никој не го ни спомнуваше. А колку им било убаво на скопјани и на македонците под неговото владење зборува фактот дека во неговиот прв мандат го убиваат кралот Александар а во вториот (умира еден месец пред бугарските фашисти да влезат) цело Скопје излегува да ги пречека на улиците окупатурите за што постојат видео снимки.
За мене Јосиф Михаиловиќ е една парадигма во многу правци:
Ни објаснува што е македонизмот кога бугарите го употребуваат тој збор. Формата е Македонска а суштина една празнина, неопислива шупливост.
Јосиф е парадигма на нашата историска неписменост и голотија.
Јосиф е парадигма на нашата лицемерна и дволична историја.
Јосиф е парадигма на нашето самуништување. Не ни е проблем што се декларирал за Србин и македонците ги србизирал. А илјадници македонци кои се декларирале за македонски бугари ни се се проблем.
Конечно Јосиф може да биде и парадигма за решавање на проблемите со нашите соседи. Да не заборавиме дека во нашата историја периодот на втората светска војна го нарекуваме период на бугарска фашистичка окупација а периодот на српската окупација, Македонија меѓу двете светски војни. На Јосиф можеме да му простиме се а на командандот на Илинденското востание Сарафов ништо не му проштеваме.
23-11-2019, 03:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



01-12-2019, 08:47 PM
Reply