Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНУШЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Отворено писмо

Igor Janushev·Saturday, November 23, 2019·1 minute

Почитувани граѓани на Република Македонија, браќа и сестри,

Ова писмо го пишувам не за да кажам колку државата е тргната во погрешен правец, тоа веќе на сите им е јасно, туку да остане запишано што сме зборувале, за што се бориме, за која кауза.
А, таа кауза во која сите веруваме и за која се бориме е поголема од сите наши поединечни интереси, суети и превирања, особено во овие моменти кога власта притиска да се молчи,впрочем таа кауза не обврзува да се биде гласен, зошто молчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза.
А, нема да молчиме затоа што пропаѓаме како држава, како општество, и тоа во „дупло дно“, а безвременскиот Горан Стефановски во истоимената престава ќе напише реплика која неодминливо звони во овие последни месеци на оваа власт:„Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот“.
Таквото „дупло дно“ го гледаме во секој агол во општеството, и тој срам не се „пере“ со некоја неуспешна изјава на премиерот за дефокусирање на вистинските теми, ниту пак со онаа замислена кавга помеѓу дворјаните во судството седнати во скутот на Заев, или пак со измислените покачувања на плати и пензии, кои всушност се намалувања или дел од ускратеното на луѓето кои треба да го добијат. Тоа „дупло дно“ не се брише ниту пак со безсуштинската борба на Шилегов за опстојувањето на Јапонските цреши, чие сечење, па садење, наликува на црпење на вода со кофа со дупнато дно, само колку да се помине денот, а да не се збори за тоа „дупло дно“ до кое не донесоа. Или пак онаа ќулавка врз главата на Катица не го мие од одговорност Заев, бидејќи не само што тоа е сликата на правдата денес во Македонија, туку тоа е сликата за срамот на Заев чиј што довчерашен најверен слуга беше токму Катица.
И сите оние кои мислат дека Заев утре ќе ги спаси за криминалите кои ги правеле за вождот на сегашната власт, нека ја имаат на ум сликата со ќулавката бидејќи така изгледа кога Заев пушта низ вода за да се спаси себе си. А, сега малку за вистинските „дупли дна“.
Одговорноста за неуспехот во правосудството има име и презиме и се вика Зоран Заев. Ваквите божемни расправии помеѓу Обвинителството и Апелација за пуштањето од ефективен притвор на Катица е оркестрирано сценарио на Заев со кој тежиштето на вината за
корумпираното судство сака да ја префрли од Владата во рацете на нејзините извршители, односно судството.
Проѕирно сценарио во кое мислат дека профитираат со тоа што ќе прикажат дека судот самоволно ја пуштил Катица, додека портпаролот на СДСМ во обвинителството – Рускоска крева врева по принципот „држете го крадецот“. Ова е понеуверливо продолжение на оваа фарса од првиот дел на кавгата помеѓу Џолев и Дескоска, бидејќи сите заедно се лицето и опачината на една паричка чиј заеднички именител е Заев.
И секако целата оваа монтирана кавга за перење од одговорноста за неуспехот на судството во гонењето на криминалот ќе заврши со една епохална порака на обвинителката портпарол „ќе ви ги истресам гаќите“, која доколку некој има дилема дали и доликува на еден обвинител ќе потсетам дека тое е милје во кое премиерот дели лекции за „мало сутра“, „мрчи“, кажува дека „баклавата била изедена, само њега нема“, „ќе ја мажел земјава за богата фамилија“ ... што укажува на тоа дека е природно и обвинителот да е на истото ниво. И двајцата ја играат истата фарса зошто Катица може да пропее.
Се разбира дека не убедуваат и дека Владата нема ништо ниту со бегството на убиецот на Мартин Нешкоски, зошто тие го пуштија да избега. И никаде ги нема оние „начучулени“ и сега напикани „револуционери“ на добро платени позиции да велат дека „нема правда-нема мир“, или пак да го прашаат како е братот на Нешкоски чиј израз на лице во една скорешна изјава кажува се, а тоа е горчина и збунетост. Впрочем, нели е тоа чувството кој го дели секој еден човек за сите неправди, падови и порази кои како нација ги доживуваме цели 28 години? И нели е време повеќе од било кога порано да ги смениме работите? Да го надминеме ова „дупло дно“, затоа што не смееме веќе да дозволиме компромиси со правдата и мораме да се бориме за апсолутна правда. Мораме да направиме реформи кои ќе донесат независно судство и одговорност за оние кои ги кршеле законите. Може да бидат нервозни и исплашени само оние кои правеле криминал. И да, навистина треба да се плашат.
Мораме да се избориме земјоделците да го добијат заслуженото и никогаш повеќе да не бидат злоупотребени. Да го вратиме достоинството во здравството, за лекарите и медицинскиот персонал, но и за пациентите. Да направиме силен економски бум кој ќе донесе приходи за бизнисот и повеќе пари за граѓаните. Да си ги вратиме добрите луѓе кои си заминаа од земјава. Да започнеме сериозна борба против загадениот воздух за да спасиме животи. За да го направиме ова потребно е да ги победиме овие кои ни го донесоа сето ова поради кое денес тонеме.
Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите. И нема да ви поминат сите лаги кои ги посипувате и со кој ја напаѓате вистината, нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? ... дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка...
И сакам однапред да им кажам на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година, и дека сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете ... со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас!
И немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите.
Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте. Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви езаборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме. Немојте да мислите и дека заборавивме на патриотите кои лежат по затворите или пак на криминалците кои ги пуштивте на слобода. Не забораваме и за штета која ја направивте за името и достоинството со кое тргувавте.
Нема да ви поминaт ниту оние лаги кои засилено ги лиферувате, како онаа дека вие сте биле помалото зло, бидејќи ВМРО било поголемото, дека ние наводно сме биле антизападна сила, ама вие на чело со Заев – е прозападната. Демантот пристигна од Европската Народна партија, а тој вели – цитат на Мицкоски споделен од ЕНП (EPP):„Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности“.
А ВМРО ќе победи, силно и убедливо, зошто за мене како и за многумина од мојата генерација ова е нашата животна битка. ВМРО, месните, општинските комитети се на нозе! Спремни за обновата за која мораме да се избориме. И ова е најмалу борба за некаква власт, туку борба за иднина во која веруваме дека мораме да ја донесеме. Македонецот не ја витка кичмата и не верува во чуда, но верува во казуа, идеја која не одржала низ времето. Големиот Македонец Гоце кажал„Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива“!
Ова е битка во која влегувам со целото мое срце, и знам дека ќе победиме. Тоа го должам на сите обесправени, на сите несреќни, на сите со изневрени надежи и оправдани неисполнети очекувања, тоа го должам на моите два сина, на луѓето кои ги сакам, тоа го должам на ВМРО и на Македонија!
Да живее Македонија!
Со почит,
Генерален секретар Игор Јанушев
Датум: 23.11.2019 година





Quote:ЗА ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРУВА 1945, '91, '98, '06, '16... МОРА ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ


Јордан Петровски 20.10.2019
За да не ни се повторува 1945, 1991, 1998, 2006, 2016 година, ке мора да се преброиме за да утврдиме кои се мнозинство во Македонија: дали ФЕДЕРАЛИСТИТЕ-ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ или СУВЕРЕНИСТИТЕ!!
Најлесен и најсигурен начин за да се преброиме се изборите кои се закажани за 12.04.2020. 

Заев, односно СДСМ (дали тука ке влезе и ДПМНЕ ке дознаме наскоро) и неговите коалициони партнери веке се изјаснија дека тие остануваат процесот за прием во ЕУ да го продолжат како Република Северна Македонија!! Дека ќе направат се договорот со Бугарија да биде докрај завршен, односно да се усогласи „историјата“.

СУВЕРЕНИСТИТЕ -десницата, следбениците на идеата на ВМРО ке бидат оние кои ке понудат ПОНИШТУВАЊЕ на сите закони што ги донел парламентот под претседателство на НЕЛЕГИТИМНО избраниот Претседател на парламентот Таљат Џафери! Ке бидат тие кои ке спроведат лустрација за целот период на владеење на комунистите а тоа е од 1945 па до се надевам 13.04.2020 година. 

Ке понудат и своја визија за демократизација и приклучување  на Македонија кон земјите од Западниот свет!

Да ги потсетам оние што заборавиле или оние што незнаат: ВМРО е единствениот политички субјект на Македонците кои бил и останал за поврзување на Македонија со западниот свет!! Најцврст доказ за тоа е ВМРО СДРМА -Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на АМЕРИКА. Првиот обид ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО да стане политичка партија е со формирањето на ВМРО СДРМА!!

Само на овој начин, со ваква предизборна кампања ке имаме чиста и јасна позиција кој е кој и што е што во Македонија. Ке имаме победник кој добил чиста и јасна подршка од гласачите за политиките кои ќе ги спороведува после изборите!! 
За прв пат ке нема, „кога ке дојдам на власт прво ја растурам тајната полиција“!! Ке нема „се колнам во моите деца име не менувам“!! Ке нема „не правам коалиција со терористи“ а после изборите веднаш да се прави коалиција!! Ке нема „парламентот донесе одлука да ги амнестира убијците на цивили Македонци од војната 2001 година и јас бев должен да го спроведам тоа“.  
Ако нема вака чиста и јасна понуда од партиите изборите МОРА ДА БИДАТ БОЈКОТИРАНИ од сите оние на кои им е доста од лаги и подметнувања, на сите оние на кој им е доста од играта Курто и Мурто, од играта едно зборува пред избори а после избори прави што сака!!

МИЦ
(This post was last modified: 23-11-2019, 02:25 PM by ЈорданПетровски.)
23-11-2019, 02:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: image.jpg]
(This post was last modified: 23-11-2019, 02:33 PM by ЈорданПетровски.)
23-11-2019, 02:33 PM
Reply