Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДУЕЛ НА КУМРОВАЧКИТЕ ЂАЦИ ОД КОЈ ЗАЕВ КЕ ОДИ ЈАБАНА ИЛИ ЗАЕВ: АМАН САШО НЕ МЕ БРАНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?!

Плата од 3.500 евра месечно, бонуси од 157.000 евра за четири години, спец-каса во СЈО, а згора и рекетирање, хип-хоп 50.000 евра (ако се само толку) и што ли уште не - па после некој сака да веруваме дека некоја таинствена сила работела на дискредитирање на СЈО и на уривање на Зоран Заев? Се пие ли таа скиселена боза, аман?

Бранко Героски - 22/11/2019 16:33


[Image: image.jpg]

Пред некој ден, еден мој драг колега, во колумна, ја промовираше старата, веќе подзаборавена теза дека целта на „планирањето и внимателната изведба“ на аферата „Рекет“ била двојна: „дискредитирање и уривање на СЈО, а потоа и пад на Зоран Заев од власт“. Интересно е дека истиот ден кога беше обjавена таа колумна, во една пригода, седнат на маса со некои важни луѓе, ја слушнав баш истата теза. Случајно?
Бидејќи јас сум „суетниот новинар“ којшто прв ја откри аферата „Рекет“ – а сум сосема сигурен дека немав намера да ги урнам ни СЈО ни Зоран Заев – после тој текст на колегата, почнав сериозно да размислувам што треба да значи обновувањето на старата теза, баш сега, пред почетокот на судењата за „Рекет“ и непосредно пред изборите. Ја препрочитав колумната повнимателно и мислам дека го најдов вистинскиот одговор.

Зошто би молчела Катица?

Имено, на крајот од колумната, колегата јавно „депонира“ една молба до лицата задолжени за чување на архивите во Обвинителството, да се погрижеле „миракулно“ да не исчезнело четиричасовното сведочење на Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите, дента пред да биде уапсена. „Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа“, пишува колегата. Дополнително, тој загадочно најавува: „Не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата“.
Хммм… Интересно, нели? Зошто тој богат исказ не би го чуле во судницата? Дали тоа зналчи дека Катица ќе биде наградена, принудена, евентуално дури и уценета, нешто да скрие од јавноста и некого да заштити? Зошто не би го кажала она што веќе го кажала во својот првичен исказ пред апсењето?
Оваа интригантна најава ме потсети на еден скорешен пост на пратеникот Антонио Милошоски (учесник во неуспешните преговори за новиот закон за Јавното обвинителство), во кој тој зборува за односите меѓу Зоран Заев и Катица Јанева. Нормално, Милошоски е опозиционер и за очекување беше да го каже следното: „…Очигледно е дека премиерот во заминување е главниот координатор на одбраната на обвинетите во мега-скандалот ‘Рекет’, што отвора сомнеж дека во оваа криминална афера и Заев бил дел од групата државни функционери која ги давала насоките за дејствување на тројцата обвинети рекетари, со цел таа група противправно да се здобие со лична имотна корист, да обезбеди спонзорство во кеш за партијата, како и нелегално да финансира медиум“.
Она што за Милошоски е очиледно, за мене сѐ уште не е. Ова искрено го кажав и во еден од моите телевизиски настапи, односно нагласив дека немам сознанија за кривична одговорност на Зоран Заев и на Радмила Шеќеринска за аферата „Рекет“, но додадов дека тие имаат неспорна и директна политичка одговорност за скандалот. Сепак, после новиве наводи што ги читаме, се чини дека без било какво прејудицирање, прашањето за евентуалната подиректна повраност на Заев со групата осомничена за „Рекет“ треба да го држиме отворено. Одговори немаме, но прашањето, како и тепсијата, стоо…

Улогата на Заев во „менаџирањето“ на скандалот е спорна

Ќе наведам пет важни дилеми, за кои допрва треба да добиеме финални одговори:
Прво, има многу вистина во тврдењето на Милошоски дека „истрагата и обвиненијата за ‘Рекет’ беа потег изнуден од притисокот на јавноста преку еден ‘суетен’ македонски и еден ‘суетен“ италијански новинар, а самата афера потоа беше комуницирана пред меѓународната јавност за дел од повлијателните дипломати во Скопје и во Брисел да бидат изманипулирани дека за скандалот ‘Рекет’ треба да известуваат како за случај каде владата во Македонија се бори против криминалот, а не како за случај каде владата и премиерот Заев се дел од криминалната шема за ракетирање“. Пак ќе речам, немам сознанија дека Заев директно бил вмешан во шемата за рекетирање (кој има, јавно нека ги соопшти), но факт е дека неговата изјава дека ја пријавил аферата кај обвинителката Вилма Русковска не беше документирана со записник. Јас не верувам дека тоа така се случило. Може некој уверливо во да нѐ убеди во спротивното?
Второ, има ноторни факти, соопштени од самиот Заев, за неговото инволвирање и во третманот на Катица Јанева како осомничена, но и во истрагата. Сите се сеќаваме на оние негови изјави дека верува дека Јанева ќе ја докаже невиноста. Па изјавите дека Јанева нема да заврши во домашен притвор (она за „лажгите со опашки“). Па изјавата откако таа сепак заврши во домашен притвор. Па неговото признание за тоа дека контактирал со бранителката на Јанева. Итн. Можеби од незнаење, можеби од невнимание, а можеби и од некоја трета причина, Заев направи премногу фаули врз истрагата, за да веруваме дека тој не е инволвиран во менаџирањето на скандалот, што е недозволиво во системот на поделба на власта во една демократска држава.
Затоа, се прашувам, дали онаа „молба“ на мојот драг колега во врска со исказот на Катица Јанева (да се чувал да не исчезне), како и најавата дека таа нема за сѐ да проговори во судница, може да има некаква врска токму со Зоран Заев?

Што крие мобилниот на Боки?

Трето, како мала, ама важна дигресија – некако многу ми се чудни работиве и околу осомничениот Бојан Јовановски. Искрено, не сум се распрашувал, но од она што го читам по медиумиве, некако имам чувство дека човекот навистина има сериозни здравствени проблеми. Толку сериозни, што мислам дека побрзо тој требало да заврши во домашен притвор одошто Јанева. Па се прашувам, дали односот кон него можеби не е предодреден од тоа што сум го слушнал во една прилика за неговиот славен мобилен телефон?
Еве да споделам, имам слушнато дека за разлика од мобилките на Катица, кај кои се правени обиди за уништување на податоците, Боки ништо не бришел од својот телефон. Ама баш ништо! И сум слушнал дека во една апликација во неговата мобилка, наводно имало нечии имиња и некакви цифри, ама цифри кои завршувале со повеќе нули. Па се прашувам, дали можеби затоа некој сака и осомничениот Бојан Јовановски да не зборува во судница баш за сѐ?
Четврто, ајде да речеме дека сето претходно кажано, што би рекол мојот драг колега, се кики-фрики шпекулации (иако сите добро знаете дека сите мои кики-фрики приказни се покажаа точни). Но, дали е кики-фрики шпекулација објавената информација на порталот Призма, дека во период од четири години, покрај редовната плата од 3.500 евра месечно, Катица Јанева лапнала уште неверојатни 157.000 евра, како додаток за доверливост, односно да не открива што има во „бомбите“ – е баш ги „заработила“ овие пари! – плус за кирии и за одвоен живот?
Луѓе мои, плата од 3.500 евра (со која се понижени сите други македонски обвинители и судии), плус 157.000 евра бонус, плус онаа гарнитурата неплатената, плус хип-хоп 50.000 евра (ако се само толку) – и после некој ќе ни попува дека некои таинствени сили го диксредитирале СЈО, за финално да го урнат Заев?! Па се пие ли таа скиселена боза, аман?

Кој се офајдил од спец-касата на СЈО?

Петто, да споделам уште една неофицијална информација, бидејќи ионака ветив дека со „Рекет“ јас немам завршено. Според моите сознанија, во Специјалното јавно обвинителство имало и т.н. спец-каса. Најнапред, за помладите и неуките, да објаснам што е тоа спец-каса. Такви каси своевремено имаше во МВР и во тајната полиција, а и во Агенцијата за разузнавање. Тоа беа каси кои се полнеа од разни извори (од заплени при вршење кривилни дела, од пари фатени при поткуп и слично), а се празнеа од страна на полициски функцонери и началници, многу често без формални одлуки и објаснувања, според нивните потреби. Неколку функционери во минатото беа сомничени за злоупотреби на ваквите спец-каси.
Е сега, јас имам слушнато дека со таквата спец-каса во СЈО раководела Катица Јанева, но дека од таа каса се офајдиле и други нејзини колеги. Па сега, како и мојот драг колега колумнист, така и јас имам една молба до надлежните, кои и да се тие – може ли на народот да му биде кажано дали имало таква каса, колку пари имало во неа, кој раководел со касата, колку пари се потрошени и кој најмногу се офајдил? Бидејќи и јас не верувам дека Катица Јанева за сево ова ќе проговори во судница.
Инаку, апсолутно се согласувам со мојот драг колега дека вистината за срамната дискредитација на СЈО треба да се каже, ама уште сега, во текот на судските рочишта за аферата „Рекет“. За жал, јас и мојата веќе славна суета, сепак, не сме виновни што токму аферата „Рекет“ стана олицетворение на „достигнувањата“ на нашата најпрестижна правосудна институција и на божемните „реформи“ во македонското правосудство.
Затоа, треба сѐ да излезе на виделина. Вклучувајќи ја тука и вистината за Спец Катица, за СЈО, за врските со осомничениот Бојан Јовановски, за фактот дека најмалку десеттина македонски бизнисмени сѐ уште молчат дека биле рекетирани и уценувани (ќе проговорат, џанам, порано или подоцна сѐ се дознава), а во крајна линија и за поврзаноста на оваа рекетарска група со телевизијата на осомничениот Бојан Јовановски, за скриената сопственост во тој медиум (таму има една приказна што би можела да го засегне и Заев) и за улогата на некои познати новинарски имиња во јавното легитимирање на целата рекетарска операција.
 



Quote:„Рекет“: Шах-мат, како по книга!

Целиот државен апарат се стави на комплетна услуга на г. Јордан Камчев, за тој да ја добие правната сатисфакција во овој случај. Од таа услужливост дури и се гради правен случај, за власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава, по која бескрајно ламентираме, кај нас профункционирала! 


[Image: dobro-utro-so-ordanoski-copy-600x375.png]

20.11.2019 САШО ОРДАНОСКИ
Уште во раните најави на скандалот „Рекет“ беше јасно – за оние кои сакаа тоа да го сфатат – дека целта на планирањето и внимателната изведба на целата афера е двојна: дискредитирање и уривање на СЈО; а потоа и пад на Зоран Заев од власт.
Со срамната дискредитација и исчезнувањето на СЈО од правниот систем во Македонија, првата цел е остварена. Сега следува следната фаза, која ќе се одвива низ самиот судски процес, но и со дополнителни кики-фрики „дотурања гориво“ од страна, по потреба, со цел нов репертоар на снимки, шпекулации, непријатни вистини, полувистини и тотални лаги коишто, добро пропагандно темпирани и промешани во „блендерот“ на социјалните и класичните медиуми, во крајна линија, треба да го одредат губитникот на предвремените парламентарни избори во април. Заев.
Мислам дека, како што е темелно и стручно подготвена оваа операција, во домот на Водно веќе е испланиран и огнометот за прослава на тој пад што, речиси неизбежно, ќе следува.
Јавноста е веќе извонредно препарирана, ставена е во „тунел“ од кој има излез само од задната страна: обвинетите во процесот – од кои двајца прво-обвинети уште немаат дадено ни исказ по точките на обвинувањата, а детално им се проанализираа и докажаа не само наводните криминали, туку и содржината на дебелите црева! – се веќе прогласени за виновни. Останува да се види само уште на колку ќе бидат осудени. Како во ниту еден претходен случај на СЈО, на пример – каде што докажаните и сè уште недокажани гревови на обвинетите се далеку подраматични по судбината на државата – во „Рекет“ пресумпцијата на невиност на обвинетите е сведена на апсолутна нула! Во тоа учествуваше и речиси целата стручна јавност во Македонија, на чело со целокупната правна медиумска естрада.
Вистинско чудо е што до сега за обвинетите никој не побара воведување смртна казна, но и за тоа не е доцна. Еве шанса, можеби тоа може да се направи „во пакет“ со кој се бараат уставни измени за да застарат делата на најголемиот број случаи што ги водеше СЈО.
Во една обвинителска постапка без преседан во нашата правна пракса, во која во јавноста, многу пред денот на поднесување на обвиненијата, пред нивното прифаќање од страна на судот и пред самиот почеток на судењето, протекоа сите докази, изјави на сведоци, записници, контра-сведочења, форензички наоди и што уште не. Без никакви последици по никого. Обвинителите дадоа 20-30 интервјуа по сите електронски и печатени медиуми во државата, со разни дополнителни пикантерии и детали од истрагата. Од притворените обвинети, се разбира, глас не чувме. За да не влијаат врз независноста на судот и интегритетот на постапката.
Целиот државен апарат се стави на комплетна услуга на г. Јордан Камчев, за тој да ја добие правната сатисфакција во овој случај. Од таа услужливост дури и се гради правен случај, за власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава, по која бескрајно ламентираме, кај нас профункционирала!
Шах-мат, како по книга. Па, главно, сами си го бараа, некој со чинење, многумина со нечинење.
Сепак, да депонирам една молба уште сега, пред да почне и да заврши судската атракција што следува: ги молам оние кои се задолжени за чување на архивите во Обвинителството да се погрижат за тоа миракулно да не исчезне четиричасовното сведочење на г-ѓа Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите дента пред да биде уапсена. Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа. Бидејќи, не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата. Во тој записник – занимливо, единствениот кој не протече во јавноста – би требало да ги има одговорите на многу дилеми за хаваријата што го снајде СЈО, а се заканува да „проголта“ многумина кои се надеваат дека ќе се спасат и пред да почне судењето.
Уживајте. Ќе биде сè, само не здодевно.

ЦИВИЛ МЕДИЈА
(This post was last modified: 22-11-2019, 09:23 PM by ЈорданПетровски.)
22-11-2019, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Битката се разгорува!!!

Quote:Branko Trickovski
1 hr ·
Затворено општество
Таму кај што требаше да никне кула на слободните граѓани и отвореното општество, Милчин успеа да исткае затворена мрежа на заробени и затапени поединци, организации и дејности. Милионите на Сорош не беа спичкани без везе, туку беа поарчени во производство на драматично полошо општество од тоа што требаше да се ослободува и отвора по крахот на комунизмот. Ктастрофата не е резултат само на работата на Фондацијата и на нејзиниот долгогодишен шеф, далеку од тоа, уште помалку мислам дека тие сакале да стигнат до вакви резултати, но катастрофата е сигурен показател дека господинот Сорош е темелно, без остаток, изигран, да не речам ограбен, во Северна Македонија. Мислам на ефектите од неговите инвестиции. Слаба утеха е тоа што слични резултати има и во околните земји.



Тричковски со тешки обвинувања кон Милчин!! Тричковски вели дека Милчин успеал:



Quote:„да исткае затворена мрежа на заробени и затапени поединци, организации и дејности“


Што е потполно точно!
Но Тричковски заборава да спомене дека и тој преку весници, портали кој биле спонзориртани од Милчин, односно Сорос бил во тие кои биле затапувани и дека тој остана најтврдокеорен во одбрана ана комуњарскиот криминален систем.
(This post was last modified: 24-11-2019, 12:58 AM by ЈорданПетровски.)
24-11-2019, 12:58 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,484
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

(24-11-2019, 12:58 AM)ЈорданПетровски Wrote: Битката се разгорува!!!

Quote:Branko Trickovski
1 hr ·
Затворено општество
Таму кај што требаше да никне кула на слободните граѓани и отвореното општество, Милчин успеа да исткае затворена мрежа на заробени и затапени поединци, организации и дејности. Милионите на Сорош не беа спичкани без везе, туку беа поарчени во производство на драматично полошо општество од тоа што требаше да се ослободува и отвора по крахот на комунизмот. Ктастрофата не е резултат само на работата на Фондацијата и на нејзиниот долгогодишен шеф, далеку од тоа, уште помалку мислам дека тие сакале да стигнат до вакви резултати, но катастрофата е сигурен показател дека господинот Сорош е темелно, без остаток, изигран, да не речам ограбен, во Северна Македонија. Мислам на ефектите од неговите инвестиции. Слаба утеха е тоа што слични резултати има и во околните земји.



Тричковски со тешки обвинувања кон Милчин!! Тричковски вели дека Милчин успеал:



Quote:„да исткае затворена мрежа на заробени и затапени поединци, организации и дејности“


Што е потполно точно!
Но Тричковски заборава да спомене дека и тој преку весници, портали кој биле спонзориртани од Милчин, односно Сорос бил во тие кои “биле затапувани” и дека тој остана најтврдокеорен во одбрана ана комуњарскиот криминален систем.

За жал, ти го правдаш и переш тука импутирајќи му трпно “стање”.
Тој и таков Тричковски е “Затапувач” и “Замаглувач” во овој аквариум наречен “С. Македонија”.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 24-11-2019, 02:33 AM by montehristo.)
24-11-2019, 02:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Каде е „нултата точка“ на аферата „Рекет?

Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!

November 25, 2019 пишува: САШО ОРДАНОСКИ
Во петокот, мојот драг колега кој ја покрена аферата „Рекет“ врз основа на добиените снимени материјали од г. Јордан Камчев, продолжи (АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?!) да ја авансира тезата дека, во основа, во скандалот се работи за организирана група од тројца рекетари, поврзани со соработници на премиерот (а и со самиот него), кои од бизнисменот „заглавен“ во сопствените кривично-правни проблеми, сакале, по пат на изнуда, да добијат милиони евра. Имало и други бизнисмени кои на сличен начин биле рекетирани.
Тоа е наративот што мојот драг колега го форсира со месеци, а кој во „првиот дел“ („тројца рекетари“) го прифати и Обвинителството во својот обвинителен акт. И за мојот драг колега и за Обвинителството „нултата точка“ на случајот е моментот во кој г. Камчев им дал аудио и видео материјали со кои ја поткрепил својата кривична пријава. Обвинителството дури не беше ни заинтересирано да го подигне обвинението ОТКАКО ќе ги слушне изјавите на првообвинетите.
И од тогаш – наваму, целата јавност е ставена во „тунелот“ на третирање на скандалот само низ оваа оптика. Секој кој размислува поинаку мора да е експлицитно или имплицитно замешан во дружината рекетари. Катица Јанева – а, „ipso facto“, и целото СЈО, особено по објавувањето на срамно високите бонуси кои се делеле во СЈО – е толку дискредитирана, што најдобро би било да се фрли од балконот на кој некни ја сликаа. Атмосферата на линч е доведена до усвитување. Мојот драг колега, во кики-фрики стилот на врвен општествен морално-политички и правен арбитер дури и шпекулира „за улогата на некои познати новинарски имиња во јавното легитимирање на целата рекетарска операција“. Рој Бин шета наоколу и бара дрво на кое ќе се обесат рекетарите и нивните имплицитни и експлицитни соработници (пријатели, обвинители, новинари, политичари, членови на семејствата и тн.) и од другите области на нивното „нерекетарско“ живеење и делување. Всушност, бидејќи обвинетите се веќе „докажани рекетари“, сите околу нив се помагачи на рекетот. Што не важи за г. Камчев и оние кои него јавно го „легитимираат“.
Морално-политичките последици од аферата, со право, се погубни и за тоа веќе се напишани илјадници трактати; но, на Суд нема да се суди за дизајнерските интервенции во фоајето на домот на Камчеви, ниту за карактерот и изгледот на обвинетите (алчни, наивни, глупави, декадентни, селанчиња, ботоксирани, дебели, арогантни и сл.). На Суд ќе се суди дали, врз основа на фриволни телефонски блебетања од страна на двајца гуланфери, е извршена изнуда, со учество на врвен државен функционер, врз основа на докази – од она што, до сега, го видовме и чувме како ДОКАЗ, не е исклучено дека Обвинителството ќе има голема мака да го добие случајот во своја корист.
Имено, двајца од главните наводни рекетари се долгогодишни џет-сет другарчиња на г. Камчев, со историја на меѓусебни деловни и други односи во кои темата за рекетирање мора да се јавувала во разни контексти, по разни поводи, па не е јасно кому прв му текнало дека со пари може да се купи слобода… Парите, пак, не се најдени, ја нема дури ни транспортната монденска чанта со која се фрцка Боки 13. Интерпретацијата на самиот заговор се потпира врз снимени телефонски рекла-казала долги договарања и озборувања меѓу наводно оштетениот и наводните рекетари. Во јавноста протекоа и видео-снимки од кои никако не може да се донесат цврсти заклучоци за „текот на парите“. Како што разбравме, има и посредни докази за обемни трошења и луксузирања кои, наводно, се поклопуваат со периодот кога се земал рекетот…
Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!
Можеби да, можеби не, тоа треба да се докаже.
Затоа, за очекување е дека Обвинителството за своите инкриминации ќе излезе и со директни докази кои јавноста сè уште не ги знае. Комуникациите и дружбите на трилингот обвинети делуваат толку невнимателно, што би морало да има одредени цврсти докази доколку навистина делувале како организирана група за рекетирање.
Сепак, до сега, впечаток е дека клучниот дел од обвинението ќе се потпира на изјави на оштетениот, на обвинетите, на сведоци и нивни интерпретации на настаните.
Во таква ситуација, се чини дека Судот ќе мора некому да му ја поклони довербата за искажаното, на страната на обвинението или на одбраната. При потполно исклучување на можноста за досегашен суштински јавен исказ и на обвинетите, се добива впечаток дека и мојот драг колега и, без преседан, самото Обвинителство, вршат јавен мобинг врз Судот (и врз јавноста), со намера да влијаат врз неговата конечна одлука потпрена повеќе врз импресии, одошто врз цврсти докази. Кај јавноста, осудителниот ефект е веќе постигнат, таа тешко ќе прифати друга пресуда на Судот.
Е, сега, од тука – до вмешаноста на Заев во скандалот… За тоа навистина е неопходно многу повеќе од досегашните кики-фрики шпекулации на мојот добар колега кој ја добил задачата да го објави скандалот. Сè што направи опозицијата ползувајќи ја аферата за свои политички потреби имено говори за намерата да се предизвика многу поширока политичка фабрикација, во блиска координација со г. Камчев и неговите соработници. Судењето коешто претстои треба да покаже дали има основа и за тоа.
Ред е и јас да застанам до тука, за да не се впуштам, како што тоа се случува во „тунелот“ на „Рекет“, во разни шпекулации за инспирацијата, околностите, актерите и наводните докази во аферата „Рекет“. На тоа мислев кога го спомнав „неистеченото“ сведоштво на г-ѓа Јанева во Обвинителството, пред да биде уапсена. Нејзината „нулта точка“ на околностите во „Рекет“ сигурно не почнува од таму од каде што сака да нè убеди г. Камчев.
 
25-11-2019, 03:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:АФЕРА „РЕКЕТ“ Не се двајца, Орданоски, има повеќе гуланфери, во власта и околу неа!

Досието „Рекет“ не е затворено. Наводно, допрва ќе се откриваат нови, скандалозни и компромитирачки аспекти на овој случај, кои можеби нема да ја потврдат тезата на Сашо Орданоски дека Спец Катица е невина, туку ќе покажат дека и од неа има повиновни. Гуланфери, разбира се. Многу повиновни, многу повисоко во врвовите на власта.

Бранко Героски- 25/11/2019 14:59
Во едно нешто апсолутно се согласувам со мојот драг колега Сашо Орданоски, кој во својата последна колумна (Каде е „нултата точка“ на аферата „Рекет“?) предупредува дека Обвинителството ќе има тешка задача да го добие случајот „Рекет“ во своја корист.
„На Суд ќе се суди дали, врз основа на фриволни телефонски блебетања од страна на двајца гуланфери, е извршена изнуда, со учество на врвен државен функционер, врз основа на докази – од она што, до сега, го видовме и чувме како ДОКАЗ, не е исклучено дека Обвинителството ќе има голема мака да го добие случајот во своја корист“, пишува колегата.
И јас, како и вие, би сакал да знам кој е тој „врвен државен функционер“ на кого мисли Орданоски. Како и да е, на заштитниците на ликот и делото на Катица Јанева мора да им се одаде признание за упорноста, а особено за отворената најава дека во текот на судскиот процес ќе се направат сите можни и невозможни напори (читај: притисоци) да се докаже нејзината невиност. Не затоа што чувствата кон Катица кај некои луѓе уште се „измешани“, туку од себични причини.
Имено, колегите истражувачки новинари деновиве обзнанија колку пари, покрај своите редовни и за наши прилики астрономски плати, примале Спец Катица и другите обвинители и истражители. Како бонуси. Станува збор за стотици илјади евра буџетски пари, пари на даночните обврзници на оваа земја. Веќе јавно е документирано кој колку се офајдил. Но, дали со нивните имиња списокот на бенефитори е исцрпен? Се сомневам…
Орданоски и за нешто друго е во право – прашањето на кое Судот (или некоја друга соодветна институција) ќе треба да пронајде вистински одговор е зошто на Катица Јанева, покрај огромните примања, ѝ дошло до еден тросед во дневната соба, или до оние евра снимени во хип-хоп позата, или до она глупирање и луксузирање на Халкидики…. Можеби нејзините најблиски соработници-гуланфери (како што ги нарекува колегата) можат да помогнат во разрешувањето на таа дилема. Но, тоа сега е помалку важно.
Многу поважно е она на што во еден статус на Фејсбук го посочува Александар Диневски: „Скандалозното, незаконско и неосновано грабање на огромни средства од буџетот од страна на ‘специјалките’ од СЈО е сериозен и непобитен основ за покренување на истрага од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, во која екс-специјалките од СЈО ќе се третираат како злосторничко здружение. Принципот на владеење на правото неизбежно го налага тоа! Криминалот не се сузбива со друг криминал!“.
Кон оваа теза на Диневски, јас би додал уште две прашања, едно старо и едно ново:
Прво, дали некој конечно ќе се охрабри да одговори на прашањето што веќе го поставив во петокот: дали во СЈО имало спец-каса, а ако имало – колку пари се собрале во таа каса и од кои извори, колку пари се потрошени и за што, кој раководел со касата и кој се офајдил?
И второ, дали СЈО делело хонорари на свои надворешни советници – кому, за какви услуги и колкави пари? Ако се поделени такви хонорари, редно ни е да се објави списокот. Транспарентно.
При крајот на овој текст, во духот на почитувањето на Кодексот на новинарите на Македонија и на општо прифатените стандарди на журналистичката етика, би сакал колегијално и љубезно да го замолам колегата Орданоски јавно да ги повлече изнесените клеветнички наводи во својата колумна, кои се однесуваат на мене лично. При тоа, сакам да верувам дека ги пласирал затоа што веројатно бил недоволно информиран за мојата улога во разоткривањето на аферата „Рекет“ и можеби подлегнал на некои неосновани шпекулации во врска со тоа.
Најнапред, сакам да нагласам дека според јавното сведоштво на Зоран Заев, повторено повеќе пати, премиерот се огласува како „пријавител“ на случајот „Рекет“ и тврди дека врз основа на неговата пријава Обвинителството го покренало овој случај (најмалку еден месец пред моите први написи во јуни годинава). Според тоа, ноторна лага е тврдењето на Орданоски дека Обвинителството го прифатило мојот „наратив“ при постапувањето во овој случај.
Понатаму, веројатно Орданоски нешто се збунил, или едноставно не се сеќава дека во ниту еден од моите „кики-фрики написи“ јас не ги третирав аудио и видео материјалите снимени во куќата на Камчев. Пишував за матните зделки на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски и за рекетирањето на десетина бизнисмени. Тоа може лесно да се провери. Оттаму, безвезна лага е тврдењето на Орданоски дека јас сум тврдел дека „нултата точка“ на случајот бил моментот кога Камчев дал аудио и видео материјали со кои ја поткрепил својата кривична пријава. Орданоски треба да се сеќава кој ги објави снимките (тоа не бев јас), а секако и на тоа дека јас во своите написи со аргументи инсистирав случајот „Рекет“ да се прошири на најблиските соработници на Јовановски од Меѓународен сојуз, што подоцна и се случи.
Од Орданоски навистина не очекував да ме наклевети дека сум добил „задача“ да го објавам скандалот. Ова навистина е подло! Во принцип, ваквото тврдење би морало да се докаже на суд, кога би морал со мојот драг колега да се расправам во судниците на Граѓанскиот суд во Скопје. Но, јас секако нема да го сторам тоа, бидејќи за мене е сосема доволно тоа што самиот Сашо Орданоски знае дека за ова безочно лаже.
Патем речено, за разлика од него, кој си зел задача да ги одбрани Катица Јанева и Зоран Заев од овој срамен скандал (не се ни осмелувам да помислам, а камоли да напишам дека тој од некого добил „задача“ за такво нешто), за разлика од неговите директни и јавни сугестии дека Обвинителството нема да може да го одбрани кејсот во текот на процесот – е тоа е мобинг врз Судот! – јас не се ставам во улогата на судија, обвинител или истражител. Моја професионална должност е информациите, сомневањата и сите други наводи што ги дознавам во врска со аферата да ги споделам со јавноста, а органите на прогонот, врз основа на институтот допрен глас, можат слободно да ја вршат својата работа и да постапуваат како што сакаат – да игнорираат, да истражуваат, да покренуваат обвиненија, да судат…
Сосема на крајот, би сакал уште еднаш да предупредам дека имам сознанија, а еве веќе има и јавни навестувања, дека досието „Рекет“ не е затворено. Наводно, допрва ќе се откриваат нови, скандалозни и компромитирачки аспекти на овој случај, кои можеби нема да ја потврдат тезата на Сашо Орданоски дека Спец Катица е невина, туку ќе покажат дека и од неа има повиновни. Гуланфери, разбира се. Многу повиновни, многу повисоко во врвовите на власта.
Судот ќе суди како што ќе суди – се надевам, овој пат без политички притисоци – но ќе суди и јавноста. А таа, јавноста, веќе многу добро знае кој и зошто ја уби надежта дека во оваа земја ќе има правда и мир. Некој за тоа ќе мора да плати цена.
ПС. За помладите, зборот гуланфер значи скитник, човек без работа, мангуп, пробисвет…
25-11-2019, 03:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ДОБРО УТРО СЈОрдановски-ВРЕДНО 255 000 ДЕНАРИ!!

Нашата позната новинарска „ведета“, Сашо Орданоски, кој беше дел од тимот на Боки 13, изгледа примал „новинарски додаток“.

25.11.2019
Сашо Орданоски , еден од „ведетите“ на сега веќе „мртвата“ 1ТВ, во периодот кога работел токму кај Бојан Јовановски изгледа тешко „спојувал крај со крај во месецот“, па одлучил да соработува и со , верувале или не - СЈО на Катица Јанева?!
Според алатката на Министерството за Финансии, наречена „Отворени финасии“, може да се види дека нашиот колега 8 пати во текот на 2018 година добил средства од СЈО во вкупна вредност од 255.000 денари.
Она што е крајно симптоматично е фактот дека „колегата“ Орданоски, додека работел за медиум, во овој случај 1ТВ, во тој ист период поседувал и СЕРТИФИКАТ ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА, и примал средства од СЈО!!!
Изгледа неверојатно, но се отвара ли можност да се поврзат овие 4 моменти ( 1ТВ, Орданоски, Јанева, Сертификат ) во една точка - која точка, ви оставаме сами да си ја замислите?
Она пак што е непознато, и што јавноста треба да го дознае - дали сертификатот бил добиен по евентуален налог на Катица Јанева. или некоја друга институција , на која основа му се исплаќани средствата на Орданоски, и како е можно никој во државава тоа да не го нотирал, и истовремено да реагирал?
Покрај ова новинарската фела веќе подолг период се прашува - на кој начин се исплаќаа дел од надоместоците на вработените и хонорано ангажираните лица во 1ТВ и зошто никој од медиумите не ги заштити многуте чесни лица и професионалци кои работеа во СЈО, кои честопати ја ставаа и сопствената глава во торба, со цел да влезат во трагите на криминалот?
За крај, Добро утро и од нас, Сашо

[*]
[Image: 255.jpg]


КАНАЛ 5
26-11-2019, 12:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(25-11-2019, 03:52 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:АФЕРА „РЕКЕТ“ Не се двајца, Орданоски, има повеќе гуланфери, во власта и околу неа!

Досието „Рекет“ не е затворено. Наводно, допрва ќе се откриваат нови, скандалозни и компромитирачки аспекти на овој случај, кои можеби нема да ја потврдат тезата на Сашо Орданоски дека Спец Катица е невина, туку ќе покажат дека и од неа има повиновни. Гуланфери, разбира се. Многу повиновни, многу повисоко во врвовите на власта.

Бранко Героски- 25/11/2019 14:59

Од Орданоски навистина не очекував да ме наклевети дека сум добил „задача“ да го објавам скандалот. Ова навистина е подло! Во принцип, ваквото тврдење би морало да се докаже на суд, кога би морал со мојот драг колега да се расправам во судниците на Граѓанскиот суд во Скопје. Но, јас секако нема да го сторам тоа, бидејќи за мене е сосема доволно тоа што самиот Сашо Орданоски знае дека за ова безочно лаже.
Патем речено, за разлика од него, кој си зел задача да ги одбрани Катица Јанева и Зоран Заев од овој срамен скандал (не се ни осмелувам да помислам, а камоли да напишам дека тој од некого добил „задача“ за такво нешто), за разлика од неговите директни и јавни сугестии дека Обвинителството нема да може да го одбрани кејсот во текот на процесот – е тоа е мобинг врз Судот! – јас не се ставам во улогата на судија, обвинител или истражител. Моја професионална должност е информациите, сомневањата и сите други наводи што ги дознавам во врска со аферата да ги споделам со јавноста, а органите на прогонот, врз основа на институтот допрен глас, можат слободно да ја вршат својата работа и да постапуваат како што сакаат – да игнорираат, да истражуваат, да покренуваат обвиненија, да судат…



Quote:Одговорот на Орданоски

November 25, 2019

Безрезервно се извинувам и ги повлекувам сите клевети и навреди изречени од моја страна, а детално специфицирани во списокот доставен од колегата Бранко Героски. Се надевам дека сега на мир ќе може да го проследиме судењето за аферата „Рекет“.

Поздрав, Сашо Орданоски

цивил медија
26-11-2019, 12:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

ВРЕМЕТО НА ОБЈАВУВАЊЕ ОТКРИТИЕТО ЗА ХОНОРАРИТЕ НА ОРДАНОСКИ ОД СЈО И ИЗВИНУВАЊЕТО НА ОРДАНОСКИ УПАТЕНО ДО ГЕРОСКИ, ГОВОРИ ЗА СТРАВОТ НА ОРДАНОСКИ, ОДНОСНО СТРАВОТ  НА ОНИЕ ЧИЈ МЕГАФОН Е ТОЈ!!


Првата е малку валкани алишта за Орданоски!!
[Image: 255.jpg]



Втората е експесно извинување од Орданоски до Героски:


[Image: 255.jpg]




Третата е прифаќањето на извинувањето од страна на Героски !!


[Image: 255.jpg]







Дали водачот над водачите им удри по една заушка на „газдите“ на Героски и Орданоски па уследи ова посипување со пепел од Ордански и радосно примената вест за извинувањето на Ордански од страна Героски .... ?????
Очекувам да видиме наскоро!
26-11-2019, 02:47 AM
Reply