Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ФИЗИЧКИ СЛЕДЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кој кодошел за што сум разговарал со министерот Горан Милевски и како се дознало за содржината на разговорот?

Јавното обинителство вчера ме извести дека мојата пријава, односно службената белешка на МВР, со наводите и сомневањата дека сум физички следен, е проследена назад во МВР, со насока да се документира. Неофицијално дознавам дека со некои лица веќе е разговарано за пријавата. Едно е неспорно - за содржината на еден мој разговор со Милевски прецизно биле информирани луѓе во Владата, од страна на лице од неговата непосредна околина.

Бранко Героски - 20/11/2019 15:00


[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Пред два дена на Фејсбук упатив отворен повик до Јавното обвинителство со следната содржина:
„Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице.
Спомнатото лице извршило физичко следење меѓу мене и министер во актуелната влада, следење за коешто спомнатиот министер лично ме извести, а на мое барање, тоа го потврдил и во разговор со министерот Спасовски. Морам да кажам дека соодветната служба на МВР многу брзо и крајно коректно состави службена белешка за настанот (што ја потпишав), која е проследена до Јавното обвинителство.
За жал, до овој момент немам никакво известување дали Јавното обвинителство постапувало по службената белешка и дали некој извршил било какви дејствија да се истражи случајот. Сметам дека како засегнат, имам право да бидам известен за тоа.
Затоа, очекувам најдоцна до среда, 20 ноември, до пладне, Јавното обвинитеоство да ја извести јавноста што се случува во врска со оваа службена белешка и дали по негов налог истражните органи го расветлуваат случајот. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден, со напис на порталот Плусинфо, јас лично детално да ја информирам јавноста за настанот.
Нема заборавање, нема простување!
Значи, се читаме најдоцна в среда на пладне. Се надевам со официјална информација од ОЈО. А и без неа, секако се читаме“.
Во меѓувреме, по оваа објава, во текот на вчерашниот ден (вторник, 19 ноември), ми се јави лице од ОЈО и ме извести дека мојата пријава, односно службената белешка од МВР, стасала во обвинителството на 10 октомрви, но на 16 октомври била вратена во МВР, со насока таа да се поткрепи со докази. Се заблагодарив за информацијата. Претходно, од неофицијални извори, дознав дека некои лица веќе биле распрашувани во врска со мојата пријава, што веројатно значи дека наводите во неа веројатно се истражуваат.
Сепак, без намера да ја компромитирам постапката, сакам да ја известам јавноста дека министерот што го спомнувам е Горан Милевски, лидерот на ЛДП, а лицето кое било распрашувано за содржината на нашиот разговор во едно скопско кафуле (лицето кое нѐ следело), е од неговата блиска околина. Оставам истражните органи да утврдат на кој начин тоа лице се запознало со содржината на разговорот меѓу мене и Милевски и кој го испрашувал за тоа.
Патем речено, во врска со овој дел од мојата пријава, да спомнам уште три важни работи:
Прво, присутен на разговорот меѓу мене и министерот, во кој Милевски ми соопшти дека лице од неговата околина е испрашувано за содржината на нашиот претходен разговор, беше мој колега, новинар.
Второ, за сознанијата или за сомневањата на Милевски, уште тогаш го известив министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со замолница самиот да го праша колегата министер за таа работа. Откако Спасовски и Милевски разговарале, министерот за внатрешни работи ми рече дека работата е сериозна и дека треба да пријавам.
И трето, ниту знам, ниту можам да знам на кој начин лицето можело прилично прецизно да биде запознаено со содржината на нашиот разговор. Не сакам да се занимавам со претпоставки и оставив таа дилема да ја расчистат истражните органи.
Исто така, сакам да кажам дека во мојата пријава, како и во службената белешка на МВР, што ја потпишав, се посочени и низа информации и гласини добиени од колеги и од други лица, дека наводно сум бил изложен на посебни истражни мерки (ПИМ), или можеби на незаконско физичко следење и незаконско следење на моите комуникации. Во врска со овие сомневања, остварив средба со министерот Спасовски, а подоцна и со тројца странски дипломати. За сомневањето дека можеби станува збор за следење од страна на висок службеник на МВР, на мое барање, бил запознаен и премиерот Зоран Заев. Тој потоа ми се јави по телефон, за да ме увери дека проверил и дека такво нешто не се случило. Во мојата пријава и во службена белешка подетално се опишани содржините на овие разговори.
Како и во пријавата, така и сега, сакам да нагласам дека и на министерот Спасовски и на премиерот Заев им понудив, ако е потребно, да ги оставам на вештачење мојот лаптоп и мојот мобилен телефон, да потпишам било каква изјава за покренување истрагата против мене од било каков карактер (за моите имоти, за моите приходи, или за било што е потребно), со цел на органите на прогонот, ако случајно пројавиле интерес од ваков вид за мене лично, да им ја олеснам и да им ја забрзам работата. Двајцата ме уверуваа дека ништо од сето тоа не е потребно и дека не гледаат причина зошто против мене би се повела таква истрага, ниту пак тоа некој го барал.
Ете, тоа, во кратки црти, е она што се случи во врска со моето пријавување на гласините и информациите дека сум изложен на физичко следење, а можеби и на следење на моите електронски комуникации. Постапив според законот и според упатствата што ги добив, за сѐ ги известив надлежните органи, а никого (сѐ уште) конкретно не посочив за одговорен (не сакам никого лажно да пријавувам) и во очекување сум работата сериозно да се доистражи. Свесен сум за опасноста некои од наведените лица да ги сменат или да ги ублажат своите искази дадени лично на мене или пред истражните органи (од било какви причини), но ги предупредувам и нив, а ја уверувам и јавноста, дека нема да прифатам било какви релативизации. Нема да отстапам од намерата да се утврди вистината.
Во таа смисла, на Јавното обвинителство му стојам на располагање за било каква дополнителна информација или објаснување. Доколку било кој има дополнителни информации за овие сомневања, замолувам да ми ги достави, за да можам да ги проследам до надлежните органи.



Премиерот НЕСМЕЕ да знае дали некого следи Агенцијата за национална безбедност!!
21-11-2019, 03:09 AM
Reply