Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОЧНА ДА СИ ГИ МИЕ РАЦЕТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Спасовски: Јанева ми беше сомнителна уште во јануари

Укажувањата дека не може да се стави Орце Камчев во притвор, а потоа да се пушти дома, според мене е доволно за сомневање дека има нешто што не е во ред. Не мислев дека Јанева ќе дојде до оваа позиција, вели министерот за внатрешни работи.

[Image: screenshot_20190813-180439_twitter868747...464551.jpg]

08.11.2019
Критиката кон Катица Јанева ја упатив уште во јануари годинава за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување. Ја дадов таа критика затоа што имав одредени сознанија за тоа, а многу е лесно во такви моменти обвинителите да реагираат и да кажуваат секој да си ја гледа својата работа, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Канал 5.
– Укажувањата дека не може да се стави Орце Камчев во притвор, а потоа да се пушти дома, според мене е доволно за сомневање дека има нешто што не е во ред. Не мислев дека Јанева ќе дојде до оваа позиција, затоа што според одговорноста што ја добила да исполни одредени цели не смее да си го дозволи тоа, затоа што има одговорност кон граѓаните. Овде се работи за институција која што требаше сериозно да се спротистави против криминалот. Таа институција не дека не го исполни очекувањето. Направија многу добри работи кои ги гледаме низ предметите кои што ги водат. На основа на тие истраги кои ги водат обвинителите од Специјалното обвинителство има пресуди и ќе има пресуди и никој не може да ја избегне таа одговорност – нагласи Спасовски.
09-11-2019, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Игор Божиновски - Igor Bozinovski
7 hrs ·
На #Спасовски Јанева му била сомнителна!? ? Аха, океј. И какви активности презема твоето министерство околу тоа, освен што и удривте печат на пасошот пред да замине на одмор во Грција во ек на истрагата? Не престанувате да го газите интелектот на македонскиот народ, спрегата извршна власт-судска власт-обвинителство не можете веќе да ја скриете. Никој повеќе не ви верува
Туку, Оливер, да не биде не си прашан - не ти е сомнителен #ТендерРашко со радарите и хеликоптерите, #Дудуш со ќотеците како воспитна мерка, #Боку13LV со хуманитарните активности и гала свечености, на кои седеше рамо до рамо со него, #ИгорСпасов за кого три месеци криевте дека е избеган, поигрувајќи се повторно со трагедијата на семејството Нешковски, бодигардот на #Анѓушев кој тепа гости по игротека, во исто време кога бодигардите на градоначалникот на #Бутел претепуваат човек, сите сомнителни тендери без #СоветЗаЈавниНабавки, дружбите на твојот #Максо со Боки, додека Куманово тивко умира во својата загаденост ...
Уште многу писанија и прашања има, министер #Спасовски, но радува само едно - броени се деновите, уште месец и половина од мандатот на најнеуспешниот министер на #МВР што Македонија го имала
А потоа, потоа следува одговорност, граѓаните ќе ја дознаат вистината

[Image: 75341290_524536614995629_380991175851717...e=5E53E5A4]
(This post was last modified: 09-11-2019, 11:09 PM by ЈорданПетровски.)
09-11-2019, 09:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:„Спасовски нека направи разговор со Лиле Стефанова, па таа ќе му каже како се договараат обвиненија“



09.11.2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Радовиш ја коментираше изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Го слушам оној поданик на Заев, министерот за внатрешни работи како се обидува да се пере од политиките на Заев, па денеска ќе го слушнете на Канал 5 како ви вели дека чудно било однесувањето на специјалната јавна обвинителка  во случаевите коишто беа поврзани со корупциски-историски најголемиот криминал наречен „Рекет“. Еве ја користам оваа прилика овде во Радовиш да му порачам нека направи еден разговор со вашата радовишанка коешто беше дел од тоа Специјално Јавно Обвинителство, па таа ќе му каже како се менувале и како се договарале и обвиненијата  и потенцијалните пресуди. Таа ќе му каже како се менувале одлуките од притвор во куќен притвор  за други интереси, затоа што некој друг  поинаку сакал да биде. Таа ќе му каже каква порака Катица Јанева во групата на вибер каде што се наоѓале  сите специјални јавни обвинители на 9 Јануари 2019 испратила  веднаш после најголемиот чин на предавство коишто и се случил на нашата држава, а тоа беа уставните измени, како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок и истите тие луѓе се ослободуваа. Нека ја праша вашата сограѓанка  коешто беше дел од тоа специјално јавно обвинителство, па таа ќе му одговори  за коалицијата помеѓу  специјалното јавно обвинителство органите на прогон којшто тој ги води судството и владата, а потоа ќе си одговори самиот себе каква тоа коалиција преќутна направи Зоран Заев  за да може да го направи тоа што го направи н македонскиот народ, на граѓаните на Македонија и на Македонија.
 
09-11-2019, 11:09 PM
Reply