Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„РЕКЕТ 3“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Ова е извештајот кој открива што и зошто крие владата за бизнисот со хеликоптерите

[Image: 705897-vecher-eksluzivno-ova-e-izveshtaj...sot-so.png]



07.11.2019
Со 10.000 евра инвестиција над 70.000.000 евра ќе заработи фирмата Сархемс ДООЕЛ што го доби јавното-приватно партнерство за хеликоптерите со владата на Северна Македонија, формирана 24 дена пред да биде објавен јавниот повик за ова финансиски неисплатливо и законски спорно ЈПП. Оваа постапка ја следат многу законски прекршувања што ги констатирале и членови на Комисијата за јавни набавки во својот извештај, кој генералниот секретар и владата не го покажуваат на увид на јавноста.
Да одиме по ред.
Во извештајот и меморандумот потпишан лично од генералниот секретар Драги Рашковски, кој не им беше презентиран на јавноста и новинарите, нема маркирано дека овој извештај е класифициран или не, но не е јасно зошто го кријат.
Исто така, нема податок дали е во согласност со ЕУ регулативата или не. Ова се пропустите само на првата страна од извештајот кој Вечер.мк ексклузивно го објавува.
Генералниот секретар Рашковски на брифингот со новинарите напомена дека 5 компании се јавиле на јавниот повик. Во извештајот што го потпишал, пишува дека пристигнала само една понуда и тоа од Сархемс. Дали уште во текот на постапката некој им сугерирал на другите компании да се откажат или Рашковски не ја кажува вистината, засега останува непознаница.


[Image: image.png]



Пропустите потоа се редат и натаму во речиси сите 40 страни потпишани од генералниот секретар Драги Рашковски. Но, извештајот е усвоен од владата на 29 октомври годинава, и донесена е одлука да се избере Сархемс, кога овој извештај го добива и архивскиот број.

Од поинтересните детали издвојуваме дека фирмата Сархемс, формирана само 24 дена пред јавниот повик, успева да достави документ дека во последните 5 години има завршено слична работа како ова ЈПП и дека има авио сертификат ТЦДС, благодарение на конзорциумскиот настап.

Со внимателно читање на извештајот, се забележува дека потврдата дека Сархемс има завршено ваква слична работа во последните 5 години, ја доставил по завршување на рокот од 10.10, т.е. ја доставил на 16.10.2019 и повторно некој морал да констатира дека тоа е законски.



[Image: 1.png]

Има уште ситни детали, како што недостига финансиската конструкција во овој извештај, но најинтересното сепак е кон крајот.

На страна 36 во извештајот, некој констатирал е дека понудувачот Сархемс навреме ги доставил сите документи кои ги барала комисијата од него.

 [Image: 2.png]

Но, половина пасос подолу, во издвоено мислење, двајца членови не се согласуваат со овој извештај, и даваат одвоени мислења, по што недостигаат и потписи на членови на комисијата.


[Image: 3.png]



Еден од членовите на комисијата наведува дека Сархемс не ги доставиле сите потребни документи во предвидените рокови, односно и потврдата дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење дејност и управување - е доставен по предвидениот датум од 10.10.2019 година.

Едното од издвоените мислења е класифицирано и не е ставено во овој извештај, додека второто е делумно ставено.

На страна 37 изводени се и мислењата од институции, кои не се ставени во прилог на овој извештај.



[Image: 4.png]


Тука Комисијата за јавни набавки констатира дека за да се утврди дека е законски моделот за плаќање кој го предлага Сархемс, мислење мора да дадат: Министерство за транспорт, М-НАВ, АЦВ, Јавно претпријатие за државни патишта. Но, мислењата се класифицирани и не се ставени во овој документ усвоен од владата.

Да заклучиме: во извештајот потпишан од генералниот секретар Рашковски и освоен од владата, се забележуваат многу законски пропусти и прекршувања во целата постапка со која Сархемс и владата станаа партнери во бизнисот со хеликоптери кој со вложени 10.000 евра ќе днесе ќар од над 70.000.000 евра.


08-11-2019, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: 2.jpg]

[Image: 3.jpg]


[Image: 4.jpg]
08-11-2019, 01:00 AM
Reply