Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Првиот дипломат загубен во датумот-Димитров повеќе рајбер отколку курајбер
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Првиот дипломат загубен во датумот – пишува Горан Момироски

November 3, 2019
[Image: nikola-dimitrov-1.jpg?resize=696%2C480&ssl=1]
Деновиве во морето глупости искажани во јавниот простор во главава ми отчукува една информација слушната од шефот на дипломатијата, чинам на седница на собраниската комисија за надворешни работи.
Министерот Никола Димитров вели дека во текот на оваа година имал околу 190 средби со македонските дипломатски партнери. Претпоставувам најголем дел од нив се партнери од ЕУ затоа што нема логика повеќе да се среќавал со азиски, африкански или јужноамерикански дипломати.
Прашањето за тие 190 средби на кои се среќавал во најголем дел со германски, француски, шпански, италијански, дански, холандски и други дипломати е едноставно: Зошто Димитров не ја разбрал пораката која што сите ние ја разбравме пред неколку месеци а формално ја добивме на 17 октомври во Брисел од францускиот претседател Макрон.
Можам делумно да се согласам дека Македонија е жртва на комбинцијата од корумпираната и неспособна влада на Заев и внатрешните проблеми на Макрон во Франција каде што е изедначен во рејтингот со националистите на Ле Пен.
Но никако не можам да се согласам дека е нормално шефот на дипломатијата да не знаел и да не не подготви за тоа што ни се спремало на ЕУ самиотот во Брисел. Особено не можам да се согласам тој за неговите погрешните очекувања и лоши резултати да не преземе одговорност.
Има две можни причини зошто Димитров не ни кажа дека ќе бидеме блокирани од Франција.
Првата е дека во разговорите со 190 дипломати не сфатил што му зборуваат поради јазични, образовни, аналитички или дипломатски пропусти кај него или кај неговиот тим.
Втората е дека министерот за надворешни работи добро знаел што ни се подготвува и до самиот крај на ЕУ советот молчел и чекал да ни биде запечатена судбината пред да почне да плука по политичките ривали дека тие се виновни за неуспехот на владата чии ресурси троши.
Да беше доблесен како што не е, Димитров требаше уште во јули 2017 година кога потпиша во Нивици и не добивме датум да каже дека ситуацијата е тешка и дека е можно заедно со неговиот премиер попусто да го направиле националносто предавство.
Да беше доблесен по неуспешниот самит на ЕУ тивко ќе си заминеше кај своето семејство во Холандија и во историјата како човек кој ставил потпис на најкатастрофалниот договор за Македонија по тој од Букурешт. Разликата е во тоа што во 1913 некој друг одлучуваше за нас а сега тој своерачно како Македонец/граѓанин не избриша од мапата на достоинствени нации.
Да беше доблесен ќе се потсетеше на неговата изјава од летоска во врска со можноста Македонија да не добие зелено светло овој пат: „Нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред“.
Да беше доблесен тој немаше и покрај јавно искажаниот збор со огромна леснотија да се врати дома за да ја обвини предходната власт со која соработуваше од 2006 до 2013 дека е виновна за неговиот сегашен неуспех.
За морална и политичка одговорност се разбира нема простор да се дебатира со луѓе чиј главен аргумент се бројот на средби и посети, сликани фотографии на социјалните мрежи и кафеански средби со новинари и аналитичари.
Политичката одговорност овде се уште не вирее.
03-11-2019, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Министерот Димитров повеќе рајбер отколку курајбер



[Image: P.D1.jpg]
 
03.11.2019
Никола Димитров, министерот за надворешни работи наш, голем маж. Што би се рекло, повеќе рајбер отколку курајбер. И за да нема дилеми, двата поима не се споменуваат во пежоративна, туку во нивна вистинска смила. За оние, што имаат дилеми, во Дигиталниот речник на македонскиот јазик рајбер означува вид кукачки, закачалки, за затворање прозорци или врати. А, пак, курајбер го означува 14-тото колено од сопствените претци.
И така, по неколкудневна нирвана, кога министерот наш, голем маж ни се наоѓал ни на небо, ни на земја, и одлучил да си ја заврши започнатата работа. Се појави во Парламентот пред Комисијата за европски прашања за да даде отчет како тоа Македонија не доби датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Ама, пустото, опозицијата го погоди во нерв. Па, се најде погоден и отворено ја објави својата „кандидатура за иновации“. И тоа по две основи. Прво, со својот новопрокламиран „патент“ за чувство на срам и второ, правото само тој и никој друг, а најмалку опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ да има право да зборува за ЕУ и НАТО.  Искрено, гледајќи како функционира нашиот Фонд за иновации, верувам дека има реални шанси за успех. Зашто, од таму веќе нема кој не дрпна пари. Од шути и рогати, преку чисто партиски војници, па до плагијатори од светски маштап. Секоја чест на исклучоците, нели, чиј ум и изум секаде би се вреднувале и Македонија нема зошто да биде исклучок во тоа.
Замислете, рајберот Димитров со неговото чувство за срам сака да и ги затвори единствените демократски врати и прозорци на опозицијата во Парламентот каде може да ги изнесе своите гледишта за неуспехот во Брисел. Зошто? Затоа што кога ЕУ била подготвена да ни ги отвори ширум портите, тие од ВМРО-ДПМНЕ граделе споменици.
Ај да оставиме на страна кога тоа ЕУ, со своите двојни, тројни, стотици аршини била навистина подготвена за Македонија. Значи, се граделе само на споменици. Ама ни случајно не и објекти. Како на пример, палатата „Борис Сарафов“ каде сега неговото функционерско г..е седи во удобната министерска фотелја. Чудно! Како тоа одеднаш рајберот почувствува срам? А, не порано. Да речеме, кога се фрлаа клетви за оној што ќе одлучи да стави потпис на документ, што ќе значи потклекнување пред Грција и промена на името Македонија. Или кога пишуваа дека најголем грев на Македонците е што не можат да признаат оти се етнички Бугари. Дали тогаш Европа беше подготвена да ги почне преговорите за членство на Македонија? И тогаш кој беше на власт? Или, кој ја потпиша спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ?
Нејсе, тоа очигледно во дадениот дневно-политички контекст не е важно за угледниот, честитиот и достоинствен министер Димитров. Иако, ако се тргне од тие позиции и човек почне да ги набројува сите работи за кои тој не почувствувал срам, а повеќе од сигурно требало, ќе бидат потребни стотици редови.
За курајберот Димитров, пак, како предок од 14 колено на неговите идни директни потомци, ќе треба да говорат некои идни генерации. Но, тие ќе имаат по што да го паметат. Ако по ништо друго, тогаш по проколнатата рака, која стави потпис на еден документ, што во целост го деноминира македонскиот народ. Зашто, народната меморија е неумолива и таа е појака од било какви документи или пишана историја.
П.С. Исто така угледниот, честитиот и достоинствен премиер Зоран Заев, повторно и се извини на јавноста. По она „пе*ер“, сега извинувањето уследи за гестикулацијата „ево ти га на“ и вербалното „мало сутра“. Кога ќе се види какви се имиња минале низ СДСМ во период од три децении и целата булумента пи-ар стратези околу него, човек не може, а да не се запраша дали ќе се најде некој, кој ќе може слободно да му каже да седне и да прочита има ли и во што е разликата меѓу помимите „селанец“ и „сељак“?!
 
03-11-2019, 10:26 PM
Reply