Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОРАКИ ОД ДИП СТЕЈТОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Различен геостратешки поглед на САД и ЕУ кон Западен Балкан?

По француското „не“ за Северна Македонија, од Соединетите држави стигнуваат јасни пораки за поддршка на македонските евроинтеграции. Дел од стручната јавност смета дека зад ваквите разијдувања на надворешната политика на САД и некои европски земји стојат геостратешки интереси
Откако Европскиот совет не заврши поволно за земјава и не го добивме посакуваниот датум за отпочнување преговори со Европската унија, до нас стигнуваат пораки со поддршка на македонските евроинтеграции од високи претставници на Соединетите држави. Во само два дена јасно изразена поддршка Северна Македонија доби од специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер и заменик помошник државниот секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер. И Палмер и Рикер порачаа дека местото на Македонија е во Европската Унија.
Очигледни се разијдувањата на погледите меѓу САД и некои европски земји на ЕУ во однос на Западен Балкан, вели поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов и потсетува дека ова не е прв случај кога се забележуваат таквите несогласувања. Пример за тоа, како што вели, е 2008 година кога се гласаше за македонското членство во НАТО, кога и покрај инсистирањето на САД, Грција се спротистави, а Вашингтон поддршката кон нас ја докажа со склучувањето на Договорот за стратешко партнерство како своевидна гаранција за стабилност и безбедност на земјава.

„Сега како да се повторува тој момент и по недобивањето препорака за отпочнување на преговорите. Експонентите на политиката се сега други. Франција отсекогаш ги сметале Соединетите држави за некој контрапартнер во ЕУ, а сега по напуштањето на Велика Британија на ЕУ, единствена членка на Советот за безбедност на ОН ќе биде Франција од ЕУ и со тоа нејзиното политичко значење ќе расте. Но, дали конструктивноста во соработката за тоа како ќе се одвива натамошната светска политика расте, не сум сигурен. Зашто тоа е едно поединечно искажување на своите намери, во конкретниот случај на претседателот Макрон кој има видување за развојот на Европа, но се уште не го искажал експлицитно“, вели Филипов.

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили вели дека е очигледно разијдувањето на надворешната политика меѓу САД и Франција во конкретниот случај. Според него, изјавите на американските претставници се добри за домашната јавност која е разочарана од исходот на Европскиот совет, но тие не одат во прилог на промена на ставот на францускиот претседател.
„Тука не се работи за ЕУ наспроти САД, туку за видувањата на надворешната политика на САД во однос на видувањето на Франција и нејзиниот претседател Макрон за конкретниот случај. Според мои сигурни извори од европските кругови, мислам дека секое настојување од високата американската политика, вклучувајќи ги изјавите на Помпео и Палмер во однос на ова прашање, не одат во прилог на промена на ставот на Макрон. Таквите изјави му наштетуваат на процесот на омекнување на Макрон“, вели Халили.
За професорот Лазар Лазаров пак, поддршката која земјава ја добива од американските претставници во однос на евроинтеграциите е многу важна и потребна. Тој вели дека геостратешките интереси се пресудни за тоа како една држава ќе ја креира својата надворешна политика, но несогласувањата во надворешната политика на ЕУ повеќе ги гледа помеѓу нејзините земји членки отколку во односот САД-ЕУ.

„Мислам дека се работи за геостратешка борба и борба за превласт меѓу членките на Европската унија. Но, за мене американското влијание е попресудно и посилно отколку на европската заедница и не случајно значајни американски претставници не посетуваат и испраќаат пораки“, вели Лазаров.
Во интервју за Радио Слободна Европа вчера Рикер изјави дека „разочарувачки е да се види дека некои лидери имаат поглед од 19-тиот век за регионот Западен Балкан и се надеваме дека тоа е само моментална пречка и дека земјата ќе има своја можност во пролет да добие нова одлука за отворање на преговорите“.
Палмер пак, по средбите со македонскиот државен врв изјави дека ја реафирмирал поддршката на САД за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и европската перспектива.
„Ова е нешто што јасно го кажавме овде во Скопје и ќе продолжиме да го истакнуваме јасно на нашите европски партнери “, рече Метју Палмер по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.



Палмер и Рикер не се застапници на политиката која ја претпочита Трамп, така да играњето на Македоската власт на онаа што го говорат и нудат Рикер и Палмер не е добитна комбинација ако Трамп ги добие следните избори , односно ако обезбеди нов 4 годишен мандат.
02-11-2019, 12:26 AM
Reply