Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„ЊУЈОРК ТАЈМС“ ВО 1936: ВМРО НЕ Е МРТВО!!
Author Message
Црн Душко Online
Junior Member
**

Posts: 33
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#1

Како дел од нашата обработка на тешката манипулација на Блаже Миневски во однос на ликот и делото на Михајло Пупин се претплативме на архивата на „ЊУЈОРК ТАЈМС“. За да не ни пропаднат парите, сега повремено ги чепкаме истите за нивните писанија околу Македонското прашање, па во периодот што следи ќе објавуваме по некој таков текст. Еве една интересна статија од 29 јуни 1936 година.

Quote:УАПСЕН БОБМАШ НА ВМРО

29 јуни 1936 година


Македонски терорист уапсен во обид да динамитира воз.

Бежичен допис за „Њујорк тајмс“.

БЕЛГРАД, Југославија, 28 јуни. — ВМРО, Внатрешната македонска револуционерна организација, не е мртва. Ова беше потврдено синоќа кога Асен Киколов, злогласен десперадо на органзацијата, се обиде да динамитира воз што носеше тука бугарски спортисти на конгресот на „Словенските соколи“, националистички гимнастички организации. ВМРО се спротивставува на договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Југославија.
Обидот за динамитирање се случи на југословенска територија близу Пирот со цел да се компромитира Југославија. Полицајци кои ја патролирале железничката пруга го забележале Киколов, кој отворил огин и убил еден полицаец и еден минувач пред самиот да биде сериозно ранет и уапсен.
Киколов бил гонет уште од 1933 година, кога подметал бомба во пакет наменет за испорака во Белградскиот офицерски клуб. Бомбата ескплодирала на самиот влез, убивајќи го курирот и секретарка, и тешко ранувајќи многумина други.
Неколку интересни работи доаѓаат на ум читајќи ја статијава.

Како прво, Организацијата, која бил обновена од страна на Тодор Александров по Првата светска војна, и која уживала извесна доза на слобода и привилегии во рамките на Бугарија во овој период, конечно ја загубила поддршката на Софија во пролетта 1934 година, кога како прозивод на Балканскиот пакт и договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Југославија, истата била принудно расформирана од страна на бугарските власти, а нејзините раководители биле приморани да бараат засолниште во туѓина. Знаеме дека ВМРО била еден од главните организатори на атентатот на кралот Александар во есента 1934 година, меѓутоа, освен овој настан, нема изобилство на податоци за акитвностите на Организацијата по нејзиното разоружување и расформирање. Статијава сугерира дека, сепак, ВМРО останала активна со своите теротистички напади, иако можеби истите биле поретка појава. Секако, истите и онака би биле поретка појава, зашто треба да се држи на ум дека до пролетта 1934 година веќе бил конструиран масивен одбрамбен ѕид (опишан од Стојан Христов и Анри Пози--види мој предговор на преводот на „Црна рука врз Европа“; Пози исто така го опишува чувањето на железничките пруги од страна на југословенската жандармерија) кој се протегал од југословенско-романската граница, па сѐ до Преспа. Овој ѕид бил наменет да се спречи напад на Југославија „од зад грб“ како во 1915 година, но и да се спречат упадите на комитските чети кои со помош на месното население извршувале терористички напади на територијата на Југославија, како овој опишан во статијава.

Второ, „Соколите“ биле ефективно подмладокот на Четинците и на офицерскиот кадар на српската армија.

Quote:Југословенската воена организација е довршена со две масивни формации, кои сочинуваат нешто како втора армија, рамо до рамо со регуларната армија, но се независни од неа: Соколите и Четниците, обете под директна контрола на Военото министерство.
Веќе половина столетие Соколите играат улога во Централна и Источна Европа: нивната задача е да го развиваат националниот дух преку физичкото и моралното образование на младината. Силна организација веќе постоеше во Хрватска и во Словенија во времето на нивното вклучување кон Србија, и еден од првите акти на пансрпските диктатори беше да ги распушти како независни тела и да ги преиначи во Државни соколи, наменети да ѝ дадат на младината интензивна воена обука, под контрола на службеници назначени од Министерството за војна. Сите младинци постари од четиринаесет години беа обврзани да земат учество во оваа организација, а подоцна оваа обврска беше проширена на сите млади војници. Поранешните соколански организации така станаа проверени центри за воена подготовка и обука.
На крајот на 1932 година југословенските воени Соколи имаа членство од 137.500 припадници, поделени во 715 асоцијации или локални формации.

Во 1930тите години Југославија веќе била мошне фашистички уредена држава. Ова е опишано во книгата „Српската тајна војна“. Државниот удар во Бугарија кој води до протерувањето на ВМРО од Бугарија исто така конечно кулминира со фашистичка влада во Бугарија. Значи, статијата опишува настан со кој фашистичките власти на Југославија и Бугарија граделе добрососедски односи, а овие добрососедски односи биле на штета на македонската кауза. Тука се покренува прашањето: Зошто, доколку Македонците се Бугари, и Бугарите го имаат на срце само најдоброто за Македонија и македонските Бугари, тие прават спогодба со која на Србија ѝ даваат одврзани раце да продолжат со својата насилна асимилација на нивното „братско“ население во југословенска Македонија? Зошто, одозгора, Бугарите испраќаат свои младинци на собир на „Словенските соколи“ каде што би развивале пријателски чувства кон угнетувачите на своите „браќа“?

Конечно, забележете дека планот на Киколов бил да диманитира воз кој ја носел бугарската репрезентација. Статијата сугерира дека „обидот за динамитирање се случи на југословенска територија близу Пирот со цел да се компромитира Југославија“. Меѓутоа, Југославија можела да се компромитира и без притоа „бугарските“ терористи да убиваат свои „сонародници“ Бугари.

За мене ова е само уште една потврда на мојата теза дека самоидентификувањето на Македонците како Бугари помеѓу 1850-1950 година било пред сѐ и над сѐ калкулиран потег, при што, како што и Брајлсфорд сугерира, Македонците биле подготвени да ѝ ја дадат својата лојаност на онаа пропаганда која нудела најбрз спас од турската тиранија. Во првите децении на обновената бугарска држава Македонците биле добро примени од Бугарите, и имале совпаѓачка цел -- Македонија. Македонците Бугарија ја користеле како засолниште, но и како прилика за вработување, образување и заработување. Бугарите Македонците ги користеле како орудие за остварување на своите цели. Благодарение на експанзионистичите претензии на Бугарите, немало пречки за Македонците да напредуваат во бугарското општество, и особено во бугарската армија. Впрочем, Бугарите први ќе ви кажат дека поголемиот дел од бугарската армија во Балканските војни и Првата светска војна, особено офицерскиот персонал, бил сочинет од македонски кадар. Но, сето тоа се менува во средината на 1930тите години кога, Бугарија заслабната од поразите во Втората балканска и Првата светска војна, решава да се помири со ситуацијата и да се откаже од своите претензии кон Македонија. 
23-10-2019, 09:20 PM
Reply