Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Д-р МИЦКОСКИ ПОВТОРНО ЛАЖЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Д-р Мицковски повторно лаже

Posted by Марјан Попески on 22 октомври, 2019 in Право, Мисла
Д-р Мицковски изјави дека ќе направи обнова на Македонија. Лаже.

Дури и градежна екипа формира за градење на оваа лага. Тој ја нарекува коалиција.

обнова f. 1. Чин, процес, или начин на обновување: економска обнова; обнова на град/градба/пријателство. 2. Повторување на нешто: обнова на судски процес[1]
Значи, поимот обнова се однесува на нешто што постои.Поимот обнова се однесува на нешто дотраено, оштетено. Тоа е постапка по која нешто повторно добива соодветни посакувани својства.
Македонија не постои. Врз основа на Преспанскиот постои Северна Македонија.
Значи, д-р Мицковски ќе ја обновува Северна Македонија. Му го разоткрив лукавството.
“Кога лисицата ќе се најде во канџите на лавот, малку и помага нејзиното лукавство (Руска).”[2]
За да биде појасно; постои разлика помеѓу поимите исчезнување и поимот промена на квалитетот. Ова станува појасно, доколку се знае дека постои категоријата супстанца, а од друга страна својства кои што природно и припаѓаат на супстанцата, кои се подложни на промена.[3]
Промена е кога телото е еднаш здраво, друг пат болно, но останува тело. Додека водата кога ќе се претвори во пареа, зборуваме за исчезнување. Исчезнала супстанцата вода, од која настанала супстанца пареа.[4]
Кога од образован човек ќе настане необразован човек, тоа не е исчезнување, туку промена на квалитетот.[5]
“Доколку пак, не останува било што, чија што спротивност би била квалитет, или воопшто некое споредно средство, во таа прилика станува збор за настанување на едно и исчезнување на друго.”[6]
Бидејќи поимот Македонија е супстанца, кога од овој поим ќе настане Северна Македонија, исчезнува супстанцата Македонија.
Значи промената во Северна Македонија не е промена на квалитетот на поимот Македонија, туку настанува нова супстанца. Исчезнува водата, настанува пареата, исчезнува Македонија, настанува Северна Македонија.
“Како што кажавме пред малку, првиот [погрешен] начин дефиницијата да не се изведува врз основа на попознати одредби се состои во тоа, поранешното да се изрази со подоцнежното.”[7]
Значи, бидејќи Северна Македонија е подоцнежна, а Македонија постара, поимот Македонија не може да се дефинира со поимот Северна Македонија.
И на овој начин доаѓаме до заклучокот дека Македонија исчезнала.
“Доколку се случи, она што е дадено во дефиницијата да и припаѓа на сегашноста и на минатото, додека она што има име не им припаѓа, тогаш нема идентитет [помеѓу дефиницијата и она што е дефинирано].”[8]
Значи, доколку ја дефинираме Македонија со поими што и припаѓаат на сегашноста и на минатото, а знаеме дека Северна Македонија нема ништо од сегашноста и минатото на Македонија, тогаш помеѓу Македонија и Северна Македонија нема идентитет.
“А освен тоа, треба да се разгледа дали деловите пропаѓаат истовремено со целината, бидејќи треба да биде обратно,-кога ќе пропаднат деловите да пропадне целината. Но, доколку пропаднала целината, не е нужно и деловите да пропаднале.”[9]
Македонија пропадна со договорот за прекин на огнот[10] од Букурешт 1913. Со помош на Русија (Сталин) македонските комунисти го остварија правото на македонскиот народ што беше во рамките на Србија, на самоопредлување и формира своја национална држава. Остварувањето на правото на самоопредлување на македонскиот народ на цела територија не успеа заради предавството на британскиот кодош Тито 1948.[11]
Со пропаѓањето на единствениот дел на Македонија (Република Македонија), со склучувањето на Преспанскиот, исчезна Македонија.
“Така, како што рековме, исто е да се знае што е една ствар и да се знае причината за нејзиното постоење, а причината за тоа е што една ствар мора да има причина.”[12]
Причина за Македонија е македонскиот народ, а тој е укинат со Преспанскиот договор.
Значи, укината е причината за Македонија.
Со горните аргументи кажана е вистината и докажано е дека Македонија не постои и затоа д-р Мицковски не може да обновува нешто што не постои. Се обновува само нешто што постои.
На македонскиот народ му е од поодамна јасно дека ова го прави д-р Мицковски за да го сокрие злосторството на МВРО ДПМНЕ и СДСМ. Релативизирање на Преспанскиот меѓународен договор. Но тоа е голема лага, во функција на претстојните избори.
“Меѓутоа, не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи причината за лагата. Имено, тоа допринесува за убедливост : доколку ни стане разбирлио; зошто се чини вистинито нешто што не е вистинито, тогаш на вистината полесно и веруваме.”[13]
Причината за лагата на д-р Мицковски е во намерното кршење на првиот закон за мислење на Аристотел; законот за идентитет. Тој гласи: Секој предмет е со себе идентичен=скратено А е А.[14]
Според законот за идентитет: Македонија е Македонија.
Д-р Мицковски го крши законот за идентитет на Аристотел и вели: Македонија е Северна Македонија, а бидејќи го фативме во лагата, тоа е исто како да рекол; А е НЕ А.
Доколку нештата ги поделиме на добрини и зла, д-р Мицковски е зло, а јас сум добрина, заради тоа што моето правно средство од докторатот го решава најголемиот македонски проблем.
“Добрините, оти послаби, биле истиснати од злата, па се качиле на небото. И, го прашале Добрините Севс, како треба да им пристапуваат на луѓето. А овој им рекол-не сите заедно, туку една по една кај луѓето да одат. Поради тоа, Злата, зашто се блиску, почесто им доаѓаат на луѓето, а Добрините од небото побавно се симнуваат.
Басната објаснува, дека на добро никој бргу не се намерува, од злата, пак, секој е катаден удиран.”[15]
 

МАРЈАН.МК
(This post was last modified: 22-10-2019, 09:17 PM by ЈорданПетровски.)
22-10-2019, 09:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:





Hristijan Mickoski
Јас во врвната политика како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓам од академските кругови, како што рековте сум ги поминал сите нивоа во рамките на партијата од своја 16 годишна возраст и немам никаква концесија и затоа мислам дека имам кредибилитет. Додека пак мојот политички конкурент влезе во врвната политика со голем багаж позади себе, случај за поткуп, случај за пуч и други помали или поголеми случаи кои што ги имаше и не може тој да има ист кредбилитет како јас во рамките на понудата што ќе ја дадеме пред граѓаните.
22-10-2019, 09:23 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3



An inch today is tomorrow’s mile.
23-10-2019, 02:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Wrote:Во интервју за Алсат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека доколку на следни избори неговата партија освои 80 пратенички места, односно го има условот „Бадинтер“ ќе ги вратат уставните измени.

-За да се случи чекор назад, правно, легалистички, тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, на нас ни се потребни 80 пратеника во Собранието и условот „Бадинтер“. Се што е надвор од тоа ќе биде една обична лага, конструкција и обид за манипулација на чувствата на нашите сограѓани, кои веќе еднаш се повредени од страна на оваа уценета и корумпирана Влада – изјви тој.

На прашање што доколку ги добие потребните 80 пратеници, тој вели:

-Доколку имаме 80 пратеника и доколку е исполнет условот Бадинтер, ние ќе се вратиме чекор назад и ќе ги вратиме уставните измени – изјави Мицкоски.


Изјавата на Мицкоски дека се потребни 80 пратеника и +2 спред Бадинтер е тешка лага или тешко незнаење!
Една од можните легални и легитимни разрвски!



[Image: image.jpg]
23-10-2019, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Фејсбук статус на генералниот секретарот на СДСМ :







[Image: image.jpg]



Пресериозно обвинувања за Мицкоски?? Дали се вистинити обвинувањава? Останува да сочекаме да се огласи Мицкоски!
23-10-2019, 11:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(23-10-2019, 11:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Фејсбук статус на генералниот секретарот на СДСМ :







[Image: image.jpg]



Пресериозно обвинувања за Мицкоски?? Дали се вистинити обвинувањава? Останува да сочекаме да се огласи Мицкоски!


Николовски со прашањава сакал да го дематира, да ОДБЕГНЕ одговор на оваа што го напишал Јанушев ден предходно!!




[Image: image.jpg]
23-10-2019, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Антонио Милошоски со спротивно мислење од онаа на Мицкоски:


[Image: image.jpg]
24-10-2019, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8






„Гласот на слободна Македонија, епизода 36: Мицковски гарантира пораз!“

Во оваа епизода ги дискутираме можните „решенија“ за поништување на Преспанскиот договор кои во пресрет на претстојните предвремени избори ги нуди лидерот на опоцизионата ВМРО-ДПМНЕ.

http://macedonianinformationcentre.org/…/515-prevejaniotlaz…
24-10-2019, 12:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(23-10-2019, 11:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Фејсбук статус на генералниот секретарот на СДСМ :







[Image: image.jpg]



Пресериозно обвинувања за Мицкоски?? Дали се вистинити обвинувањава? Останува да сочекаме да се огласи Мицкоски!


Пак се огласи Јанушев , наместо Мицкоски!!

[Image: logo.png]






[Image: 1.jpg]
24-10-2019, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ИЗЈАВАТА НА МИЛОШОСКИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО Е ВЕРОЈАТНО ДАДЕНА ВО ИЗБОРЕН КОНТЕКСТ, ВЕЛИ ТИМОНИЕ

24 октомври 2019
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)


[Image: milososki-timonie-3289932893289.jpg]

Според Тимоние, начинот на кој што се разговара за оваа тема е доста хипотетички за модалитети за внатрешна ревизија за кои што се чинат како шпекулации. - Антонијо Милошоски; Кристијан Тимоние (Фото: СДК.МК/МИА)

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека разгледуваат начини да го вратат старото уставно име не е пристап на поранешен министер за надворешни работи, бидејќи и македонската и грчката опозиција дале гаранции дека договорите и со Бугарија и со Грција ќе се почитуваат.

„Мислам дека еден поранешен министер не може да излезе од оваа линија освен кога станува збор за изборен контекст во рамки на кампања во која јас нема да навлегувам“, рече Тимоние на денешната прес-конференција за блокадата на Франција за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Тој рече дека го видел написот, но од него не разбрал дека тоа е официјална позиција на неговата партија и дека се прашува за корисноста на тие изјави во однос на стабилизација на регионот.

Според него, начинот на кој што се разговара за оваа тема е доста хипотетички за модалитети за внатрешна ревизија кои што се чинат како шпекулации.

„Не сакам да се сомневам во пристапот кој што го има поранешен министер за надворешни работи до сериозен весник“, рече Тимоние.
Во интервју за германскиот весник ФАЦ, Милошоски, кој е поранешен министер за надворешни работи, кажа дека е комплицирано, но постојат начини да се врати старото уставно име.
„Постојат начини да и го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија‘. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски. Како втора опција, Милошоски ги споменува пратениците кои, како што вели тој, под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето.
„Доколку тие најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, рече Милошоски.
24-10-2019, 09:45 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

Промена на името не започна со Заев, туку избегнатиот во Унгарија, оној кој не се удостои да го користи аргументот “право не постоење” на меѓународниот суд на правда во Хаг.
Може да се вади колку сака,но тој му го поплочи патот на Заев.
Се друго, е ништовно.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 28-10-2019, 01:28 AM by montehristo.)
28-10-2019, 01:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(28-10-2019, 01:27 AM)montehristo Wrote: Промена на името не започна со Заев, туку избегнатиот во Унгарија, оној кој не се удостои да го користи аргументот “право не постоење” на меѓународниот суд на правда во Хаг.
Може да се вади колку сака,но тој му го поплочи патот на Заев.
Се друго, е ништовно.


Промената на името е направена 1993 година и тоа од Глигоров!! Глигоров не е тој кој сам донел решение за смена на името, тоа му беше задачата од тие кои го пратија во Македонија!!
28-10-2019, 06:06 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#13

(28-10-2019, 06:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(28-10-2019, 01:27 AM)montehristo Wrote: Промена на името не започна со Заев, туку избегнатиот во Унгарија, оној кој не се удостои да го користи аргументот “право не постоење” на меѓународниот суд на правда во Хаг.
Може да се вади колку сака,но тој му го поплочи патот на Заев.
Се друго, е ништовно.


Промената на името е направена 1993 година и тоа од Глигоров!! Глигоров не е тој кој сам донел решение за смена на името, тоа му беше задачата од тие кои го пратија во Македонија!!
Јордане, Киро отвори пандорина кутија наречена “привремено решение”. Дисидентот во Унгарија бил запознаен со решението “јус когенс” а одработи спротивно, зошто? На запад не можеш за едно дело два пати да бидеш на суд.
Тука не зборувам за привремени мерки туку временски и конечни, а претходницата на потписот на Заев е не постапување на Дисидентот по главното прашање а тоа е правото да се викаме ние како ние сакаме да се викаме а не некој друг. Меѓутоа, тој твојот дисидент од ВМРО-ДПМНЕ нему главна цел му е била да влезе во НАТО и ЕУ на било кој начин но, немал мадиња да даде потпис. Сега неговите вмровчиња мислиш дека ќе сакаат да го вратат името на старо? НЕ, гордо ќе одат ве ЕВРОПА кажувајќи дека потпис не дале.
На будалата ЗАЕВ, претходник му е будалата “веќе му го заборавив името Унгарски “МАТАВ” мутикаша”.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 29-10-2019, 02:16 AM by montehristo.)
29-10-2019, 01:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(29-10-2019, 01:56 AM)montehristo Wrote:
(28-10-2019, 06:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(28-10-2019, 01:27 AM)montehristo Wrote: Промена на името не започна со Заев, туку избегнатиот во Унгарија, оној кој не се удостои да го користи аргументот “право не постоење” на меѓународниот суд на правда во Хаг.
Може да се вади колку сака,но тој му го поплочи патот на Заев.
Се друго, е ништовно.


Промената на името е направена 1993 година и тоа од Глигоров!! Глигоров не е тој кој сам донел решение за смена на името, тоа му беше задачата од тие кои го пратија во Македонија!!
Јордане, Киро отвори пандорина кутија наречена “привремено решение”. Дисидентот во Унгарија бил запознаен со решението “јус когенс” а одработи спротивно, зошто? На запад не можеш за едно дело два пати да бидеш на суд.
Тука не зборувам за привремени мерки туку временски и конечни, а претходницата на потписот на Заев е не постапување на Дисидентот по главното прашање а тоа е правото да се викаме ние како ние сакаме да се викаме а не некој друг. Меѓутоа, тој твојот дисидент од ВМРО-ДПМНЕ нему главна цел му е била да влезе во НАТО и ЕУ на било кој начин но, немал мадиња да даде потпис. Сега неговите вмровчиња мислиш дека ќе сакаат да го вратат името на старо? НЕ, гордо ќе одат ве ЕВРОПА кажувајќи дека потпис не дале.
На будалата ЗАЕВ, претходник му е будалата “веќе му го заборавив името Унгарски “МАТАВ” мутикаша”.



Одговорот зошто Груевски не прифатил се обиде да го врати името лежи во оваа изјава на Божидар Спасиќ:


Quote:Божидар Спасиќ**
Новинарот прашува, „Ајде, ова е момент на вистината: Дали е можно некој да дојде на власт во овие бившите ЈУ-републики, да стане некој претседател или премиер, а да не бил агент на УДБА? Дали има некој што е сега на власт во овие нови држави што никнаа на урнатините на СФРЈ, а да не бил Ваш агент?“
 
Божидар Спасиќ:'Не мора да бил наш агент, ама мораше НИЕ ДА СЕ СОГЛАСИМЕ!'


После почетокот на преговорите помеѓу Косово и Србоја работите се променија па на Белград му одсговараше што пбрзо решение на името и затоа е донесен Заев!!
29-10-2019, 03:06 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#15

Е па Јордане, пиши му опело на ВМРО-ДПМНЕ и на сета дружина околу неа.
Амин, толку од мене!
An inch today is tomorrow’s mile.
29-10-2019, 09:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(29-10-2019, 09:26 PM)montehristo Wrote: Е па Јордане, пиши му опело на ВМРО-ДПМНЕ и на сета дружина околу неа.
Амин, толку од мене!


Јас сум напишал текстови и за времето кога се случувала, Србизацијата и Удбеизацијата на партијата, период дел се објавени 1998-2003 година. Така да за мене ништо ново не беше изјавата на Спасиќ!
30-10-2019, 03:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Д-р Мицковски ми ги пушти “ќосињата”, што значи дека е “готоф”


Posted by Марјан Попески on 1 ноември, 2019

“Никој не сака човек, од кого што се плаши
(Данска).[1]

На последната колумна, кога докажав дека д-р Мицковски повторно лаже, тој ми ги пушти “ќосињата” за да ме застраши.

“Не оној што луто гледа, туку оној што гледа паметно, тој изгледа страшен и опасен-како што човековиот мозок е пострашно оружје отколку канџите на лавот.”[2]
“Ќосињата” се доказ дека интелектуално пред мене капитулирал. Не можат да му помогнат ни “трите невести” и “клисарот” на д-р Фрчковски.
Значи, покрај што призна дека интелектуално е инфериорен во однос на мене, тој стана омразен кај многу Македонци, бидејќи застрашува.
Д-р Груевски ги пушти “ќосињата” непосредно пред својот пад. Штом д-р Мицковски ги пушти “ќосињата” и тој е “готоф”.
“Се се одигра како кога човек за да обезбеди добра состојба на дишниот и пробавниот систем, пред огледало почнува себеси да си го сече вратот со брич.”[3]
Така македонскиот народ под водство на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, за да влезе во ЕУ и НАТО, почна да си го сече вратот.
Но, моето правно средство од докторатот може ова да го спречи, доколку на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ македонскиот народ им го одземе бричот, така што ќе се определи за Партија на македонскиот народ, која ќе го употреби моето правно средство.
И сега, “ќосињата” на ВМРО ДПМНЕ мене ме обвинуваат за предавство.
“Во царството на неправдата, мажот го обвинуваат за прељуба со сопствената жена (Индијска).”[4]
ВМРО ДПМНЕ која лажно се претставуваше за партија што го штити македонскиот народ, направи двојна неправда.[5]
Двојната неправда е најгнасна. Индигнацијата на независните сведоци расте со големината на неправдата, а кај двојната неправда го достигнува најголемиот степен. Од ова најгрозно злодело, дури и боговите го одвраќаат својот поглед.[6]
“Оваа двојна неправедност се случува кога некој решително презел обврска да штити некого во одреден однос, следствено на тоа и самото неисполнување на таа обврска веќе е повредување на другиот, т.е. неправда; меѓутоа тој другиот згора на тоа, токму таму каде што би требало да го брани, самиот го напаѓа и повредува. Ова е, на пример, случај кога нарачаниот стражар или телохранител ќе стане убиец, доверливиот чувар ќе стане крадец, кога старателот ќе му ја одземе сопственоста на штитеникот, адвокатот ќе ја подржува спротивната страна, кога судијата ќе се подмити, запрашаниот за совет намерно ќе му даде погубен совет на оној што прашува: сето тоа заедно ќе се подразбере под поимот предавство, што е најодвратното на светот. Според тоа Данте предавниците ги сместува на дното на пеколот, каде што се наоѓа и самиот сатана.”[7]
Во конкретниов случај ВМРО ДПМНЕ го предаде македонскиот народ. Неговите членови лажеа дека се единствени заштитници на името (право на самоопределување). Особено тоа го правеа во емисии на новинарот Миленко Неделковски.
“Во секој пук и секоја чета има луѓе со нееднакви вредности. Свесните луѓе способни за пожртвување претставуваат малцинство. На другиот крај, постои незнатно малцинство расипани луѓе, полтрони или свесни непријатели. Помеѓу двете малцинства се наоѓа бројната средина на несигурни и колебливи. Неуспехот се случува кога најдобрите стрепат за својата кожа…”[8]
Во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е она расипано малцинство, полтрони, или свесни непријатели. Тоа расипано малцинство во двете партии брои околу илјада луѓе. Крајно време е најдобрите да престанат да стрепат за својот живот и да ги отстранат расипаните, зашто бричот е на македонскиот врат.
Прво треба да се отстрани ВМРО ДПМНЕ заради двојната неправда. Сега, кога веќе д-р Фрчковски им кажа на СДСМ дека на изборите ќе претрпат катастрофа, македонскиот народ да не дозволи ВМРО ДПМНЕ повторно да го предаде и да гласа за него.
Значи, се создаваат идеални услови најдобрите од македонскиот народ на изборите да им се даде можност да ги поведат, да го употребат моето правно средство од докторатот и како слободни луѓе, да си го сочуваме правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens.
Притоа, игнорирајте ја лагата на д-р Фрчковски, односно поимот “граѓани”.
Тој не знае и не може да знае, бидејќи е некомпетентен за меѓународно право. Тој дури не е ни доктор по меѓународно право. Тој е доктор по социологија и новинарство.
Словенците, каде што д-р Фрчковски докторирал, Обединети нации ги преведуваат како Здружени народи. Исто и Хрватите.
Значи, прво треба македонската правна наука, да ја отстрани од правните факултети оваа лага, за да се знае дека во Организацијата на здружените народи прима народи, а не граѓани. И со историскиот метод на толкување се доаѓа до истиот заклучок; претходникот на Организацијата на здружените народи се викаше друштво на народите.
Најкраткиот начин да им се одземе бричот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, кој почнал да го сече македонскиот врат е најдобрите Македонци да победат на избори против ВМРО ДПМНЕ, зашто како што правилно заклучи д-р Фрчковски, СДСМ ќе доживее катастрофа. ВМРО ДПМНЕ по поразот ќе се распадне, а најдобрите Македонци што ќе формираат влада, веднаш да го применат моето правно средство од докторатот против Грција. Втор чекор да биде прогласување на комунистичкиот режим за злосторнички. После ова, ниеден нормален не ќе се декларира за член и симпатизер на СДСМ, кој е правен сукцесор на комунистичкиот режим, односно СКМ. Така и ова партија ќе згние. Трет чекор да биде импичмент против сегашниот претседател д-р Стево Пендароски, заради кршење на правото на самоопределување на македонскиот народ. Ова ќе биде многу лесно, бидејќи последниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов до посдледниот ден од својот мандат не го прекрши правото на самоопределување.
И уште едно предупредување за македонскиот народ кога се во прашање оние околу илјада расипани од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: “Значи, кој мисли дека во светот ѓаволите никогаш не одат без рогови, а будалите без прапорци, секогаш ќе биде нивни плен и нивна играчка.”[9]
 

[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 313.
[2] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 87.
[3] Превел М.П. , ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš, Gradina, 1990-II tom, stranica 333.
[4] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 180.
[5] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998, страница 293.
[6] Ибидем.
[7] Ибидем, страница 293-294.
[8] Превел М.П. , ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš, Gradina, 1990-II tom, stranica 148.
[9] Превел М.П. , ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 62.
01-11-2019, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Имаме докази, не се знае колку продолженија ќе има аферата „Рекет“


09.11.2019| ВМРО-ДПМНЕ | Интервјуа, ПРЕС ЦЕНТАР

[Image: NAK_8705-copy-696x511-680x499.jpg]

Интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за порталот „Вечер пресс“

Аферата „Рекет“ е најголемата корупциска афера и според сведочењата на луѓе кои биле околу таа група луѓе кои денеска се осомничени, знаат дека тие не се тие кои го напишале сценариото и го операционализирале. Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек, вели претседателот на ВМРО- ДПМНЕ во интервју за весникот ВЕЧЕР. Лидерот на најголемата опозициска партија зборува за предвремените избори и за можните коалиции, за Преспанскиот договор, за аферата Рекет, за пописот и за други актуелни теми.

„Не“ за антиквизација и „не“ за севернизација, туку за големо „да“ за враќање на македонизмот во Македонија“ е концептот на вашата партија. Најавувате обнова на Македонија, а поминаа само три години откако претходно 10 години бевте на власт. Преродбата беше во 100 чекори, колку и какви чекори се потребни за обновата?

– Чувствувам дека општеството го загуби сопствениот идентитет, се одеше од крајност во крајност и тоа, според мене, е голем проблем. Талкајќи по идентитетот од една во друга крајност го изгубивме вистинското-македонизмот, што ни е всушност сврзното ткиво. И тоа во иднина ќе биде доктрината на ВМРО-ДПМНЕ, да се завртиме кон самите себе и да се вратиме на нашите корени кои почнуваат токму тука, во Македонија. Обновата е неопходна по пустошот и пљачката кои што зад себе ќе ги остави Зоран Заев и Владата на СДСМ. Еве, по три години, јас денес не можам да издвојам нешто што можам да кажам еве – ова што го направија е навистина добро, имаме само понижувања, омаловажувања и примитивизми од типот на „мало сутра“. А ние политичарите треба да сме пример, особено за младите луѓе за тоа како да се однесуваат, како да се изразуваат. Слушајќи го Зоран Заев, денес луѓето се разочарани од она што го слушаат – тотално безидеен, слушаат за тепсијата со баклавата и наидуваат на примитивизам кој ги разочарува младите граѓани и одлучуваат да ги спакуваат куферите и да заминат од нашата држава. Ете затоа ни е потребна обнова, а не затоа што ние сме опозиција, па се бориме за пуста власт и привилегии. Сигурен сум дека граѓаните може да ја почувствуваат разликата во првите три години од тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ 2006-2009 и овие три години откако на власт е СДСМ 2016-2019 година. Особено сум загрижен по информациите за предлог-буџетот за 2020 година и политиките кои планираат во предизборието да ги спроведат од тој предлог буџет, не гледам никаква логика-напротив од сиромашна држава сакаат да направат што посиромашна држава. Сакам да ги убедам граѓаните, иако е голем предизвик и не е лесно, дека не се сите исти и дека ние ќе успееме во Обновата за Македонија.

Ако обезбедите мнозинство во Собранието, по изборите во април најавувате чекор наназад во врска со Преспанскиот договор. Дали се реални очекувањата дека нешто може да се смени и да се поништи Договорот од Преспа. И Мицотакис најавуваше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, но кога дојде на власт омекна по ова прашање.

-ВМРО-ДПМНЕ никогаш не учествуваше во овој процес на носење на тој договор, ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од тој срамен процес на притисок на пратеници, ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваше и до ден-денес тврдиме дека Преспанскиот договор е штетен за националните интереси на македонскиот народ. Имаме две опции, едната е чекор назад, односно две третини во рамките на парламентот, или 80 пратеници кои би гласале за чекор назад. Втората опција што ни стои на располагање е многу работа, засукување ракави, многу реформи, Македонија на брза лента и Македонија во европското семејство и однатре да се обидуваме да ги менуваме работите. Она што е важно е тоа што ниту овој Договор, ниту кој било друг Договор на Македонците може да им забрани да се наречат Македонци, кои говорат македонски јазик и се од Македонија.

Зошто не сакате една изборна единица? Не сметате ли дека ваков чекор ќе претставува вистинска обнова на Македонија и ќе се овозможи рестартирање и освежување на политичката сцена од ексклузивитетот на двете партии во македонскиот и албанскиот блок?

[Image: 213-300x212.jpg]

-Разговорите за една изборна единица се неискрени кон гласачите, затоа што се јасни препораките на ОБСЕ и ОДИХР дека изборен модел може да се промени најрано една година пред одржувањето на парламентарни избори, а ние сме на неколку месеци – помалку од два месеца до техничка влада, три месеци до распуштање на Собранието. Тие се исплашени и сега се обидуваат да најдат начин како да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, но вистината, за жал, не е на нивна страна.

Италијанскиот новинар не престанува со обвинувања за наводна вмешаност и на премиерот Зоран Заев во најголемата корупциска афера. Во екот на Рекет се шпекулираше дека ВМРО-ДПМНЕ ги добила снимките и дека вашата партија му ги дала на Гајсер?

-Не сум имал можност ниту да се запознам со Гајсер, ниту да го видам во живо. Знам дека е успешен новинар и ништо повеќе. Ние не се занимаваме со воајер политика, сакаме да се занимаваме со политика која нуди решенија за реални проблеми. Воајер политиката беше ремек-дело во времето на Зоран Заев, кога ја предводеше опозиција и пушташе нелегално стекнати материјали.

Обвинителката Русковска најави дека можно е да бидете испрашан во врска со аферата „Рекет“. Сте имале ли досега повик од Обвинителство? Имавте ли Вие сознанија и од други бизнисмени од кои биле барани пари, и дали поседувате снимки?

-Има уште десетици луѓе кои биле жртва на рекет од владини функционери, од луѓе кои управуваат со институциите во државата и целокупниот тој материјал што ни го доставуваат, ние ги мотивираме и охрабруваме да го достават во обвинителството, онаму каде што му е местото, оти ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија. Ние ќе чекаме обвинителството да постапува по тие материјали, ако не постапат, ќе видиме.
Дел од бизнисмените сè уште се плашат да пријават, оти, нели, „дојде живот„, после ќе нема инспекција која нема да ги посети нив и нивните бизниси. Иако Русковска ме контактираше во јули, еве сега сме ноември, досега никој не ме повикал, ниту ми испорачал некаков документ за да одам во обвинителство да дадам исказ. Како сега ние да веруваме на оние документи кои ги потпишува Русковска против кого било во државава кога таа во интервју на телевизија не ја говореше вистината.
Можеби дел од доказите останале, можеби не останале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но јавноста ќе дознае доколку гледаме дека обвинителството не постапува. Прво ќе му дадеме шанса на Обвинителството.

Колку, според Вас, „Рекет“ влијаеше и ги уништи и најмалите шанси за добивање на датум за преговори?

Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек. Имаме директно и индиректно учество на висока политичката елита во аферата „Рекет“, но верувајте не е само „Рекет 1“, има и „Рекет 2“ , „Рекет 3“. Не се знае колку продолженија ќе има оваа афера.
-Кога ќе слушнете порака од Брисел дека Македонија испорачала резултати, испорачала тоа каде што учествуваше и опозицијата и тоа во неколку процеси. Иако се испраќаа лажни вести дека опозицијата ќе ги бојкотира претседателските избори, ние викавме дека напротив, ние ќе ве победиме. За жал, се случи тој изборен инженеринг и други објективни ограничувања кои ги имавме како опозиција. Најдобриот кандидат кој некогаш се појавил како кандидат за претседател на државата да биде поразен од потпросечен кандидат. Потоа се случи процес на конструктивна работа во рамките на Собранието, каде што ние учествувавме како опозиција и ги поддржавме реформските закони. И покрај сите напади од нашето членство дека сме пасивни, во екот на најголемите криминални и корупциски афери му дадовме шанса на целиот процес, си велиме октомври ќе дојде, можеби датум за преговори ќе го врати оптимизмот кај граѓаните, но фактите се поразителни и ние не добивме датум. Тоа не е затоа што опозицијата не испорача, тоа е поради тоа што Владата не испорача, но секој оној што не ги гледаше знаците покрај патот, го изгуби патот. Не се на прав пат, како што велат, туку на многу погрешен пат. А знаците беа многу јасни – нула толеранција за корупцијата, нула толеранција за криминалот, доста е од политички уцени, злоупотреби на законите и на Уставот, но тоа некој не успеа да го види и не успеа да го испорача.
Аферата „Рекет“ е најголемата корупциска афера и според сведочењата на луѓе кои биле околу таа група луѓе кои денеска се осомничени, знаат дека не се тие кои го напишале сценариото и го операционализирале. Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек. Имаме директно и индиректно учество на висока политичката елита во аферата „Рекет“, но верувајте не е само „Рекет 1“, има и „Рекет 2“ , „Рекет 3“. Не се знае колку продолженија ќе има оваа афера.  
Сега Зоран Заев практично игра all in со сите нас, како што беше тоа со националните интереси и со парите на граѓаните затоа што сака единствено да ја продолжи сопствената политичка кариера, затоа што мисли дека се во животот се купува со пари и дека на тој начин ќе може да тргува со поддршката на граѓаните. Тој истовремено е и исплашен човек затоа што знае дека по поразот на 12 април следува одговорност, и нема да може да се соочи со вистината со целокупниот срам и со сите лаги. Ви ветувам дека ќе има одговорност за секој оној што се огрешил пред законите и оваа игра all in повторно ќе ја изгуби, но, за жал, ќе изгуби и дел од македонското општество и граѓаните.

Ставот дека ЕУ и понатаму е нашата единствена опција, после корпата од Франција, влијае дополнително разочарувачки врз електоратот. Имаме ли воопшто капацитет да функционираме и без ЕУ? Ваше мислење за малиот шенген на Балканот или опцијата Евроазиска Унија

-Не е само Франција, тоа е лагата што ја сервираат од „Илинденска“ број 2. Таму одлуките се носат едногласно или не се носат. Во нашиот случај не се донесоа. Тоа што сега секој таму се обидува да ја алоцира вината, не кај се себе, туку кај другиот, тоа доволно говори дека ние сè уште не сме свесни дека ние сме тие кои треба да се променат. И повторно ќе ни се случи некое ново НЕ, ако повторно не ги видиме знаците кај патот.
Не може Зоран Заев да оди во Брисел и да очекува датум за преговори, и истиот ден на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаменце во Собранието да сака да го протне законот за опојни дроги. Тоа е она лицемерие. Тоа го гледаат луѓето оттаму и на нив тоа им е јасно, едно зборуваме, а друго правиме.
Наша стратешка цел е Европската Унија. Ние и сега сме без Eвропската Унија па функционираме, но она што е веднаш потребно е да се промениме ние внатре, зашто во спротивно Европската Унија за нас ќе стане недостижна цел. Колку ние мислиме дека сме поблиску, толку сме всушност подалеку. Ако ние не се промениме, не можеме да очекуваме европски вредности и награда. Не можеме само да седиме и да очекуваме дека некој ќе не награди со членство во Европската Унија. Не може Зоран Заев да оди во Брисел и да очекува датум за преговори, и истиот ден на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаменце во Собранието да сака да го протне законот за опојни дроги. Тоа е она лицемерие. Тоа го гледаат луѓето оттаму и на нив тоа им е јасно, едно зборуваме, а друго правиме.

Поради изборите за напролет, договорено е дека пописот ќе се одржи во 2021, – што всушност беше и ваше барање, иако сте далеку од компромис со власта околу законот за попис. Искрено, ве плашат ли бројките од пописот? Колку од вашите најдобри студенти се надвор од државава? Сте се обиделе ли да ги убедите дека треба да останат, дека и во Македонија ќе дојде подобро утре?

-И тој во 2002 што се смета за признат и успешен не рефлектираше реални статистички податоци, туку политичка волја и политички договор. Нашата интенција е таа, немојте и сега да ни случи политичка операција, нам ни треба статистичка операција, која ќе одговори на многу прашања и ќе даде насока за иднината на оваа држава во следната декада. Не би сакале после многу години од последниот успешен попис да имаме повторно неуспешен попис, односно политичка операција. Ако сакаме, пак, политичка операција да не ги трошиме парите, да седнеме на маса како во Босна и да се договориме – толкав е процентот на едниот етникум, толкав е на другиот, третиот и така натаму. Но тоа не е чесно.
Бројките се алармантни, иселувањето е катаклизмично. Бројката на чевли оставени пред Владата многукратно се мултиплициташе. Сликата е тажна, осум од десет дипломци сакаат да ја напуштат Македонија, а 5 од десет се одлучуваат веднаш по нивното дипломирање. Дека селата се празнат е стара вест, сега градовите се празнат, без разлика во кој дел од Македонија. Се полнат автобуси кои на дневна основа ја напуштаат Македонија. Тоа е кога ќе ги кренете лажно очекувањата за да се дограбите до власт и моќ,  а разочарувањето доаѓа кога реалноста е многу поинаква од она што го ветувате.

Неодамна разговаравте со осумтемина исклучени кои сега во Собранието дејствуваат како независна група. Одлучивте да ги исклучите поради тоа што гласаа за уставните измени, што беше спротивно на партиската одлука.  Би ги ставиле ли повторно на вашата кандидатска листа овие пратеници?

Quote:– ТИЕ ПРАТЕНИЦИ МИСЛАМ ДЕКА ВО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СЕ ВО РАДАРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БИЛО КАКВО НИВНО ПОНАТАМОШНО АНГАЖИРАЊЕ, ПОСЕБНО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИСТИ. ВМРО-ДПМНЕ КАДРОВСКИ Е РЕСТРУКТУРИРАНА, РЕФОРМИРАНА, ВО МОМЕНТОВ ИСПОТУВАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 500 ИМИЊА КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ, НО МЕЃУ НИВ НЕ СЕ ИМИЊАТА НА ОВИЕ ЛУЃЕ.

Би коалицирале ли повторно со помалите партиите кои беа дел од вашата коалиција за подобра Македонија, а на последните избори ви свртеа грб и отидоа во коалиција со Заев?

-Секоја политичка партија која има точка на поврзување со политиките на ВМРО-ДПМНЕ, има можност да седне да разговара, да видиме кои се условите за можна соработка. Тука немам предрасуди ниту било какви фрустрации.

[Image: NAK_8728-copy-300x200.jpg]

Каков е вашиот коментар на оние кои ве споредуваат со Груевски и кои велат дека само ја продолжувате неговата политика? Дали имате контакти со Груевски?

– Ние не можеме да ги споредуваме политиките на партија на власт и на лидер кој бил премиер, и партија во опозиција и претседател на таа партија. Тоа е народски кажано, како да споредувате баби и жаби. Тоа е стратегијата што ја избрала Илинденска бр. 2 зошто немаме за Христијан што да кажеме, а тие оцениле дека Никола Груевски е негативен лик, па ајде сега ќе го поврзуваме. Христијан нема ниту плантажи со марихуана, нема криминал, не бил градоначалник да биде аболиран од претседател, речникот му е пристоен, и сега ќе го напаѓаме оти не се оградил од политиките на Никола Груевски. Реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ има автентична опозициска мисла, и во опозиција покажа карактер многу поразличен и подржавотворен од која било опозиција во минатото.

Кој министер од моменталната влада со задоволство би го земале во вашите редови? Има ли барем една светла точка?

– Јас за министрите не можам да го користам ни зборот добар, можеби  на еден или на двајца би им дал преодна оценка двојка, но не би  споменувал имиња. Не дека сум јас многу строг, мене студентите ме знаат како правичен професор и затоа еден или двајца би се бореле за шестка, сите останати би ги вратил на Институт или би чекале друга шанса во друга сесија. Не ги споменувам кои се за да ги заштитам од меѓусебни расправии.

 Сè погласно се зборува дека доколку дојдете на власт и седнете во премиерската фотелја, дека без пардон прво ќе се пресметате со сите во вашата партија кои се огрешиле од законот?

Ако сакаме да победиме во најважната битка, а тоа е битката за Македонија, ние мора да го вратиме владеењето на правото, да ставиме стоп на семејното владеење во Македонија и да фокусираме на успехот на индивидуата која во мозаикот гради успешно општество.
– Нема јас да се пресметувам, никој не ми го дал тоа право. Ако победиме, а јас сум убеден дека ВМРО-ДПМННЕ ќе ја формира следната Влада, ние ќе се занимаваме со развој, а тоа може да се овозможи само со владеење на правото и доколку секој што ги прекршил законите сноси одговорност, без разлика дали бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, дали бил дел од СДСМ или бил политички неопределен, а сторил кривично дело. И идните раководни лица, без разлика дали се министри дали се заменици министри, директори кои ќе се огрешат пред законите јас ќе бидам првиот кој ќе бара одговорност од нив и кој ќе ги дистанцира од политичката сцена, без разлика на тоа колку биле блиски со мене и колку заеднички битки сме воделе и сме победувале. Ако сакаме да победиме во најважната битка, а тоа е битката за Македонија, ние мора да го вратиме владеењето на правото, да ставиме стоп на семејното владеење во Македонија и да фокусираме на успехот на индивидуата која во мозаикот гради успешно општество. Ако тоа не го направиме, јас сум загрижен дека Македонија нема да успее. Тоа е начинот на кој идната Влада ќе ги води политиките. Сè останато е само реторика без испорачување на резултатите.  Политичарите на иднината се слуги народот, заврши времето на привилегии.

Како лидер на партијата, ќе понесете ли одговорност доколку во април не формирате Влада?

-Ние ќе победиме и тука нема никаква дилема, но ако не формираме Влада, еве уште еднаш кажувам да – ќе понесам одговорност.
 

ВМРО ДПМНЕ
09-11-2019, 03:15 PM
Reply