Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗА КОГО СЕ ГЛАСАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ ИЛИ ЗА СУВЕРЕНИСТИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЗА ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРУВА 1945, '91, '98, '06, '16... МОРА ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ



[Image: 1.jpg]





Јордан Петровски 20.10.2019

За да не ни се повторува 1945, 1991, 1998, 2006, 2016 година, ке мора да се преброиме за да утврдиме кои се мнозинство во Македонија: дали ФЕДЕРАЛИСТИТЕ-ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ или СУВЕРЕНИСТИТЕ!!
Најлесен и најсигурен начин за да се преброиме се изборите кои се закажани за 12.04.2020. 

Заев, односно СДСМ (дали тука ке влезе и ДПМНЕ ке дознаме наскоро) и неговите коалициони партнери веке се изјаснија дека тие остануваат процесот за прием во ЕУ да го продолжат како Република Северна Македонија!! Дека ќе направат се договорот со Бугарија да биде докрај завршен, односно да се усогласи „историјата“.

СУВЕРЕНИСТИТЕ -десницата, следбениците на идеата на ВМРО ке бидат оние кои ке понудат ПОНИШТУВАЊЕ на сите закони што ги донел парламентот под претседателство на НЕЛЕГИТИМНО избраниот Претседател на парламентот Таљат Џафери! Ке бидат тие кои ке спроведат лустрација за целот период на владеење на комунистите а тоа е од 1945 па до се надевам 13.04.2020 година. 

Ке понудат и своја визија за демократизација и приклучување  на Македонија кон земјите од Западниот свет!

Да ги потсетам оние што заборавиле или оние што незнаат: ВМРО е единствениот политички субјект на Македонците кои бил и останал за поврзување на Македонија со западниот свет!! Најцврст доказ за тоа е ВМРО СДРМА -Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на АМЕРИКА. Првиот обид ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО да стане политичка партија е со формирањето на ВМРО СДРМА!!

Само на овој начин, со ваква предизборна кампања ке имаме чиста и јасна позиција кој е кој и што е што во Македонија. Ке имаме победник кој добил чиста и јасна подршка од гласачите за политиките кои ќе ги спороведува после изборите!! 
За прв пат ке нема, „кога ке дојдам на власт прво ја растурам тајната полиција“!! Ке нема „се колнам во моите деца име не менувам“!! Ке нема „не правам коалиција со терористи“ а после изборите веднаш да се прави коалиција!! Ке нема „парламентот донесе одлука да ги амнестира убијците на цивили Македонци од војната 2001 година и јас бев должен да го спроведам тоа“.  
Ако нема вака чиста и јасна понуда од партиите изборите МОРА ДА БИДАТ БОЈКОТИРАНИ од сите оние на кои им е доста од лаги и подметнувања, на сите оние на кој им е доста од играта Курто и Мурто, од играта едно зборува пред избори а после избори прави што сака!!



Дали ВМРО ДПМНЕ ке биде носителот на СУВЕРНИСТИЧКИОТ блок?
Еве изјава на Антонио Милошоски во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг:

Quote:Прашање: Исто како и Вашата партија, ВМРО, и Вие консеквентно и натаму го користите државното име Македонија. Доколку Вашата партија победи на следните избори и ја формира следната Влада, дали таа Влада ќе се обиде да го поврати процесот на промена на името?


[Image: makedonija-tabla-severna.png]


Милошоски:
Има три можности на нашата држава да и го вратиме нејзиното име „Македонија„, но, сите се многу комплицирани. Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, зakaни и yцени, значи пpoтив нивната cлободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со зakaни за зaтворски kaзни од страна на Специјалното јавно oбвинитeлcтво или cyдии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното oбвинитeлство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав.
21-10-2019, 02:58 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Пиши пропало Јордане, двете најголеми партии во Македонија имаат иста улога, да го задржат капиталот украден од народот и да се доберат до власта за уште повеќе да украдат.
Што се однесува до патот на Држава Македонија за .... некаде, истите две партии имаат ист нишан. Ќоравите кокошки не очекувај никаде да те одведат сем под секира.
An inch today is tomorrow’s mile.
22-10-2019, 12:42 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Ви благодарам што ја отворивте оваа тема, оваа прашање е интересно бидејќи со ваквиот развој на настаните интересно е во кој правец Македонија ќе се движи.
Прашањето што се поставува е следново:
Дали јазот помеѓу политичките елити и народот ќе станува се поголем или пак малото лавче ќе стане горд и силен Лав со големо Л и ќе појде по стапките на своите претходници(се мисли на ВМРО-СДРМА и на историското ВМРО)?
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
04-11-2019, 03:09 AM
Reply