Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДОГОВОРЕНИ ИЗБОРИ ЗА 12.04.2019
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Изјави од лидерите на партиите: Добивме датум за предвремени избори!


ЗОРАН ЗАЕВ (СДСМ)




ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)




АЛИ АХМЕТИ (ДУИ)


(This post was last modified: 20-10-2019, 10:20 PM by ЈорданПетровски.)
20-10-2019, 10:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

ЗИЈАДИН СЕЛА (АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ):




БИЛАЛ КАСАМИ (БЕСА)




АФРИМ ГАШИ (АЛТЕРНАТИВА)


20-10-2019, 10:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Кој го очекуваше ова: Изборите на 12-ти април лесно може да се одложат – позната причината

October 23, 2019
[Image: grubis.jpg]

Доколку РСМ не добие покана за влез во НАТО во текот на јануари, лидерите на политичките партии се договорија да се одложат изборите, истакна синоќа пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата „Опинион“ во Тирана.
„Доколку не гласа Шпанија, ние ќе треба да ги одложиме изборите кои ги договоривме на лидерската средба. Во Договорот на лидерите стои дека Македонија може да оди на избори само по членството во НАТО. Не можеме да ризикуваме сите земји што го имаат ратификувано протоколот во нивниот парламент, и на крај ние да бидеме без парламент“, вели Груби.
И премиерот Заев рече дека би било несериозно од наша страна да немаме парламент во момент кога сите земји го ратификувале пристапниот протокол.

Пред неколку дена лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот, Стево Пендаровски, се согласија земјата да оди на предвремени парламентарни избори по неуспегхот за не добивање датум за започнување на преговорите со ЕУ.
(This post was last modified: 25-10-2019, 11:42 AM by ЈорданПетровски.)
25-10-2019, 11:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ЏАФЕРИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ: Во нормални демократии ова го нема – треба да постапуваме според прописи, а не по налог

30.10.2019
Собранискиот спикер Талат Џафери денеска им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите исто како и тој.
Тоа значи 60 дена од денот на распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
Владата, порача претседателот на Парламентот, да си ги реши своите блокирани работи во однос на она што и е надлежност, да не се повикува Собранието и да не укажува што да прави Парламентот.
Ако се распушти Собранието на 11 февруари, појасни на денешниот брифинг со новинарите Џафери, во рок од 60 дена треба да има избори, а во рок од 100 дена треба да има Влада. Укажа дека за да свика собраниска седница, треба да има добиено предлог-барање од политичките партии за самораспуштање на Парламентот.
– Ако е рокот 45 дена, како што некој зборува, тогаш кога би бил рокот од 100 дена. Ако во законот некаде има дека може да се скрати на 45 дена нека каже. Јас имам Устав, им порача на политичарите Џафери.
Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите закажани на 12 април. До Собранието, рече Џафери, крајот на декември треба да пристигне предлог составот за техничката Влада, за да може на 3 јануари да биде закажана седница за гласање на новата Влада.
– Не смее да има избор на Влада во пократок рок од 100 дена, истакна Џафери.
Додаде дека ако нема избор на Влада, според Закон за Влада, не може да се распишат избори и не може да се распушти Собранието.
Уставот од 1991 година, посочи Џафери, не предвидел дека ќе дојде до тоа политичките партии да имаат техничка влада под такви услови. Во смисла на законодавство, рече, Собранието не било спречено да донесе таков закон за влада ако има консензус за тоа односно да се донесе закон за влада во кој ќе стои дека поради некоја пракса за да се одбегнат некои ситуации, политичка одлука е пред секои парламентарни избори, за да се оджат, 100 дена претходно треба да има техничка влада.
Таа влада технички ќе функционира, ќе се извршува технички само она тековното за да овозможи рамноправност на предусловите за избори,  не може да има вработувања, унапредувања, не може да има финансии или инвестиции.
– Во нормални демократии вакви работи нема. Ако сакаме институциите да функционираат треба да постапуваат како што е пропишано, а не по налог, рече на брифингот Џафери.
Предвремените парламентарни избори ќе се одржат според досегашниот изборен модел. Ако има политички договор за измена на изборниот модел, колку е временскиот рок за измени, прашаа новинарите, за што Џафери појасни дека редовната постапка е два месеца, а во други процедури, подвлече, може да оди и во еден ден.
Според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, нагласи, досега не разговарал со лидери на политички партии, а кој има потреба за тоа, подвлече, треба да побара средба и да разговараме. Во таа насока, се осврна на лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, на која тој не беше поканет, а на која беше донесена одлуката за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговори со ЕУ.
30-10-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:[Image: 75513373_572060836898028_391832047398472...e=5E1823B4]

Инаку нова влада нема да има ни в април ни во мај ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас -одговори на тоа Заев


Quote:Vladimir Pancevski
52 mins ·

Денес типично за еден селски итрец Заев најави дека нема да има нова влада ниту во април, ни во мај, ни во јуни, ова може да значи:
- криминалната коалиција на власт нема да дозволи да се одржат избори;
- криминалната коалицијата на власт како што избра криминално претседател на парламент ќе ги украде и изборите (во ова може а има удел и меѓународната заедница-од досегашно искуство и мешање во внатрешните работи);
- криминалната власт ќе ја злоупотреби функцијата претседател и нема да го дава мандатот, односно претседателот повторно ќе го даде мандатот на Зоран Заев кој со досегашните партнери ќе направи влада или ќе се предизвика криза и одолговлекување на процесот за 6-9 месеци останување на власт;
- криминалната коалиција на власт пред изборите и пред техничката влада ке испровоцира етничка криза како што тоа се закануваше на ЕУ во случај на недобивање на датум, а датум немаше, ова се очекува и за Албанија;
Штом овој човек вели дека нема да има влада ни во април, ни во мај, ни во јуни не треба да се седи со скрстени раце. Еднаш реков после датумот мораше да има “преодна влада” до избори или до таа демек техничка влада, вака му оставија на монструмот и селски итрец Заев да си игра со животите на македонците со: влада, парламентарно мнозинство, претседател и корумпирано судство и обвинителство што води предмети од политички побуди!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КРВАРИ, А НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ГЛУМАТ ПОЛИТИКА, ДЕМОКРАТИЈА И НЕЗАВИСНО СУДСТВО И ОБВИНИТЕЛСТВО!
Дополнување:
Така рече 2017-та и оствари еве доказ од објава во 2017-та

[Image: 75561409_572066013564177_277416558603953...e=5E171D16]
31-10-2019, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Заев: Останува можноста за промена на датумот на изборите заради НАТО



01.11.2019
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Собранието на Македонија, и покрај тоа што следуваат предвремени парламентарни избори на 12 април, треба да биде функционално кога ќе дојде редот на државата да го ратификува своето членство во НАТО. Според шефот на македонската Влада, треба да се остави простор да се измени консензуалното решение за денот на изборите заради ратификувањето на пристапувањето во НАТО во македонскиот парламент.
Во моментов уште три земји треба да го ратификуваат пристапниот протокол на Македонија во Алијансата, по што се очекува истото последна да го направи Македонија преку своето Собрание по што и официјално земјата ќе се смета како 30-та членка на НАТО. Ова се очекува во периодот февруари/март но истовремено тогаш треба да се распушти и законодавниот дом, а Заев вели дека се зависи од претседателот на Собранието, Талат Џафери, чие мислење треба да биде почитувано.
– Изборите се на 12 април, но секако се остава можност тоа повторно да се разгледа заради ратификацијата за членство во НАТО. Ние веројатно нема да дозволиме како држава да немаме парламент кога ќе треба ние да ратификуваме. Сите 29 земји-членки ратификувале и кога ќе дојде до Република Северна Македонија, оп ние немаме парламент. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев денеска на отпочнувањето на градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен, Скопје.
Тој додаде дека собранискиот спикер Џафери води грижа и за тоа прашање. Рече дека ја почитува неговата одлука, Собранието да биде распуштено во рок од 60 дена пред изборите, но и дека државата треба да биде функционална кога носи вака историски одлуки.



Зар е толку важно да се ратификува договорот во овој собраниски состав, односно во оваа собрание кое е НЕЛЕГИТИМНО! Дали Заев сака и пристапувањето кон НАТО да биде поништено?
(This post was last modified: 01-11-2019, 12:58 PM by ЈорданПетровски.)
01-11-2019, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Пендаровски: Не сум убеден дека ќе има избори на 12 април

08.12.2019
Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори, бидејќи тоа не  зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во  интервју за емисијата Детектор.
Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи  мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.
 „Не сум убеден, бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака, ќе направи распуштање на парламентот“, вели Пендаровски.
Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓупериод.
„Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така  речиси влегуваме во изборна година, двете страни може да имаат партиски калкулации кои јас не ги гледам, но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“, вели  Пендаровски.
08-12-2019, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ЗАЕВ: Изборите може да бидат одложени


24.12.2019
Доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.
– Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.
На прес-конференцијата во Владата, Заев рече дека нема да им го дозволат тоа на сите оние што се обидуваат да опструираат, но апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.
Тој додаде дека секој ден следи што се случува во Парламентот и оти одговорност имаат сите – и пратениците и Владата и локалните самоуправи.



Во демократски држави една од причините за предвремени избори е неможноста на собранието да носи закони! Неможноста да се нисат закони во собранието е јасен сигнал дека власта НЕМА стабилно мнозинство!!
24-12-2019, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Заев - Може нема да си поднесам оставка на 3 јануари



25.12.2019
Премиерот Зоран Заев вели дека нема намера да поднесе оставка на 3 јануари, ако опозицијата продолжи да ги блокира битните закони во Собранието, како законите за повисоки плати и пензии.
„ А без поднесување оставка, нема започнување на сите постапки“, изјави денеска Заев одговарајќи на новинарски прашања на почеток на градба на нов објект во кругот на МВР.
Тој вели дека партиите се договориле за изборите, но ако се дозволи опозицијата да ги блокира процесите во Собранието за законите кои се битни за граѓаните, тоа за СДСМ се сериозни причини да се разговара дури и за одлагање на изборите.
Заев вели дека не сака да се одложат избори, а и партијата се подготвува за пржинската влада, но како што вели, нема да дозволи интересот на која било политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда.
25-12-2019, 04:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Прво гласање закони, па договор за техничка Влада

26.12.2019
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ постигнаа договор: утре на собраниска седница ќе бидат изгласани 40-тина закони од областа на здравството, социјалата и финансиите, а во сабота лидерите Заев и Мицкоски ќе ја договорат техничката Влада. Доколку опозициската партија го исполни својот дел од договорот со поддршка на овие закони, централниот одбор на владеачката партија утре вечер ќе одлучи дали Оливер Спасовски или некој друг ќе ја предводи Пржинската Влада од 3 јануари.
Не доаѓа предвид сите да бидеме уценети од Зоран Заев со недавање оставка па да нема избори на 12-ти април, велат од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нема да кочат позитивни закони, но нема да гласаат за законите за една изборна единица, за опојни дроги, за одбрана и други.
Како партиите успеаја за нешто да се договорат а за друго не, треба да се прашаат Мицкоски и Заев, вели спикерот Талат Џафери. Ќе закаже седница за избор на Влада штом ќе ја добие оставката од премиерот Заев и предлогот со новите министри од идниот мандатар.
Џафери ќе ги распише изборите 60 дена пред денот на нивното одржување, односно на 12-ти февруари, откако претходно Собранието ќе се самораспушти, согласно меѓупартискиот договор кај претседателот Пендаровски. Изборите ќе ги организира техничката Влада која има мандат од 100 дена. Во неа, опозицијата треба да учествува со министри за внатрешни работи и за труд и социјала, како и со тројца дополнителни заменици министри.
Соња Николовска



26-12-2019, 08:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: image.jpg]
27-12-2019, 11:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Заев: Ако опозицијата го блокира гласањето за законот за ЈО, ќе се одложи распишувањето на изборите


03.02.2020
Лидерот на СДСМ вели дека за него е битно овој и неколку други клучни закони да се гласаат во Собранието, но ако опозицијата тоа го блокира ќе се одложи распуштањето, но не и изборите
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат. Но не и самите избори.



Quote:„За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони“,

изјави денеска Заев по сведочењето за случајот „Монструм“.


[Image: zaev-izjava-monstrum1-1024x498.jpg]


Тој истакна дека сите овие закони се дел од агендата за која се договориле да бидат ставени на изјаснување во парламентот.

Quote:„Ако некој го прекрши тоа, нормално дека распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот нема да се случат“,

рече Заев.


Тој притоа објасни дека ова нема да значи одложување на изборите, кои се закажани за 12 април, бидејќи, како што објасни, тие се распишуваат и парламентот се распушта од 40 до 60 дена пред денот на изборите.


Quote:„Имаме простор од 15 дена за распишување на изборите и распуштање на парламентот, како што тоа го предвидуваат законите и Уставот“,

рече Заев и изрази надеж дека сепак сè ќе се заврши до 12 февруари.
03-02-2020, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Џафери: Ако треба, сам ќе предложам парламентот да се распушти на 12 февруари

03.02.2020
Наспроти Заев, кој смета дека изборите може да се одржат и во период од 45 дена од распуштање на парламентот, претседателот на Собранието вели дека минималниот рок за спроведување на изборните дејствија е 51 ден
Претседателот на парламентот Талат Џафери во изјава за „360 степени“ вели дека останува на ставот дека парламентот треба да се распушти на 12 февруари, за изборите да може да се одржат на 12 април, како што уште во октомври се договорија лидерите на парламентарните партии.
Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја остави отворена можноста парламентот да се распушти неколку дена подоцна од предвиденото, за да има време за донесување на законот за јавното обвинителство и на други важни закони, Џафери ни изјави дека Уставот предвидува предвремени избори да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на парламентот. Отстапка од само неколку дена, како што вели, би можел да направи само ако има договор меѓу парламентарните партии за рокот до кога би биле донесени законите што се сметаат за неопходни.


Quote:„Како претседател на Собранието, треба да потпишам индивидуален правен акт за распишување на изборите, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија. Невозможно е тие активности да се спроведат во период пократок од 51 ден. Затоа, во случај да има договор меѓу партиите за периодот во кој би биле донесени клучните закони, би можело да се направи отстапка од неколку дена во однос на датумот за распуштање на парламентот. Но, ако во наредните денови немам известување дека е постигнат таков договор, подготвен сум лично јас, како пратеник, да го поднесам предлогот за распуштање на парламентот на 12 февруари“,

вели Џафери за „360 степени“.

Тој посочува дека со политичката одлука за избори на 12 април им се отвораат обврски и на други институции. Со тој датум, како што нагласува, е поврзан и рокот за избор на техничката влада – сто дена пред одржување на изборите. Затоа и, како што посочува, оваа техничка влада беше избрана на 3 јануари, што значи сто дена пред изборите на 12 април. Како што вели претседателот на парламентот, ако намерата е да се одложува датумот за одржување на изборите, тогаш би требало да се сменат и законите за влада и за избори, така што, наместо „фиксираните“ сто дена, ќе се предвиди пофлексибилно решение, односно техничката влада да има мандат до завршување на изборите.


Quote:„Јас се држам до Уставот и не можам да се водам од нечии индивидуални размислувања. Теоретски, рокот од 60 дена за одржување вонредни избори би можел да значи и распуштање на парламентот пет дена пред одржување на изборите. И мене лично ми одговара парламентот да се распушти подоцна, затоа што тоа би значело и продолжување на мојот мандат. Но сите знаеме дека е невозможно за пет дена да се спроведат изборните дејствија. Решението за распишување на изборите потоа значи обврска за други институции, на кои е недозволиво да им наметнуваме нереални рокови за спроведување на активностите поврзани со изборите“,

вели Џафери за „360 степени“.
03-02-2020, 05:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Златната резерва на парламентот - 9 или 15 дена?

И за да се купи дополнително време за работа на парламентот, без да се одложува датумот за избори, потребна е согласност од сите партии.
   
[Image: 44889575_303.jpg]

04.02.2020
„Бегање од избори". Вака опозицијата ја оцени вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека ако опозицијата го блокира гласањето за предлогот на закон за Јавното обвинителство, тогаш распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат. Практично Заев не побара одложување на датумот на избори, туку на датумот за распуштање на парламентот, со цел Собранието да добие дополнителни 15 дена за усвојување на неколку важни закони. Таквата можност ја гледа во регулативата која предвидува дека изборите се распишуваат од 45 до 60 дена по распуштањето на Собранието. Доколку партиите се договорат изборите да се спроведат во рок од 45 дена, тогаш парламенот добива дополнителни 15 дена за работа, и не мора да се распушти на 12-ти февруари.
„Имаме простор од 15 дена за распишување на изборите и распуштање на парламентот, како што тоа го предвидуваат законите и Уставот“, изјави Заев. Потенцираше дека и тој посакува парламентот да се распушти на 12-ти февруари, но не доколку не се донесат некои клучни закони дотогаш.

[Image: 44650280_404.jpg]
Заев: Ако некој го прекрши договореното, тогаш распишувањето на изборите нема да се случи

„За мене е многу важно да се гласа во Парламентот за законот за Јавно обвинителство, а кога ќе се гласа, законот може да се донесе или да не се донесе, нема трета опција. Собранието треба да се распушти на 12-ти февруари. Ако опозицијата се обидува да го минира или блокира неговото донесување, односно гласањето, нормално дека Парламентот нема да се распушти додека не заврши процесот на изјаснување за законот за ЈО, за Протоколот за НАТО, за законот за одбрана и слични закони. Делот од агендата за која се договоривме е дека за овие законски решенија ќе се гласа до распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите. Ако некој го прекрши договореното, тогаш распишувањето на изборите нема да се случи", рече Заев.


Информирана Европската народна партија

Оваа изјава на лидерот на СДСМ наиде на бројни критики во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која тврди дека Заев бега од избори. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој од вчера со негови споратијци присуствува на собрание на Европската Народна Партија, ваквата оценка ја пренел и таму.

[Image: 45454567_404.jpg]
Николоски: ЕПП ја информирав за состојбите во Македонија

„На денешното Парламентарно Собрание на Европската народна партија информирав за состојбите во Македонија, лошата економија, криминалот и корупцијата, но и за обидот на Заев да избега од избори. Европската народна партија ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ, избори мора да има и на нив ВМРО-ДПМНЕ ќе победи!", објави Николовски на Фејсбук.
Засега не е извесно дали законот за ЈО би можел да добие двотретинска поддршка во парламентот без гласовите од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија во повеќе наврати повторува дека не се согласува со предложеното законско решение за ЈО. 
„Потребно е квалитетно законско решение, а не онакво какво што власта турка на мала врата на само една и пол недела пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Џафери: Само ако се договрат партиите

И додека свесно или несвесно се игнорира разликата меѓу „одложување на датумот за распуштање на парламентот“ и „одложување на датумот за ибори“, останува нејасно кој како го третира временскиот максимум со кој парламентот може да „купи“ дополнително време за донесување на споменатите закони, без оглед каков би бил исходот.

[Image: 38667184_404.jpg]
Џафери: Подготвен сум лично јас, како пратеник, да го поднесам предлогот за распуштање на парламентот на 12-ти февруари

Заев се повикува на законот кој овозможува да се добијат дополнителни 15 денови, без да се одлага датумот за избори 12-ти април. Но, претседателот на Собранието, Талат Џафери, смета дека за неопходните дејства во изборниот процес не се доволни 45 дена, туку 51 ден. Џафери потенцира и дека каква била промена во однос на датумот за распишување избори и за распуштање на парламентот, може да се реализира само ако за тоа се договорат партиите.
„Како претседател на Собранието, треба да потпишам индивидуален правен акт за распишување на изборите, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија. Невозможно е тие активности да се спроведат во период пократок од 51 ден. Затоа, во случај да има договор меѓу партиите за периодот во кој би биле донесени клучните закони, би можело да се направи отстапка од неколку дена во однос на датумот за распуштање на парламентот. Но, ако во наредните денови немам известување дека е постигнат таков договор, подготвен сум лично јас, како пратеник, да го поднесам предлогот за распуштање на парламентот на 12-ти февруари“, изјави Џафери за „360 степени“.
Извори од опозицијата за ДВ тврдат дека таму нема расположение да се гласа за предложениот закон за ЈО. Велат дека партијата не би прифатила ситни корекции на понуденото решение, туку инсистира да се добие квалитетен закон предложен од експерти, односно законско решение кое нема да служи за заштита на партиските интереси на поединци.
05-02-2020, 03:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Талат Џафери: Моите одлуки ги диктира законот

Уставот е јасен, вели претседателот на парламентот, укажувајќи на законските рокови за сите изборни дејства. Тие рокови не може да се кратат, дециден е Џафери.
   
[Image: 38667184_303.jpg]
05.02.2020
Битката за последниот предлог на закон за Јавното Обвинителство, чие неусвојување лидерот на СДСМ го стави во директна корелација со можноста Собранието да не се распушти на 12-ти февруари, не ќе може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес. Ваквиот заклучок произлегува од законски пропишаните рокови, кои не може да се скратат од 60 на 45 дена, со цел парламентот да добие дополнителни 15 дена за работа, како што се заложи Заев.
На ваквите аспекти укажува претседателот на Собранието, Талат Џафери, во разговор за Дојче веле. Тој потсетува и дека сѐ уште не е завршена 108-та собраниска седница од 27-ми август 2019 година, на чиј дневен ред остана претходна верзија на предлог-закон за Јавното Обвинителство. За тој предлог беа поднесени 50-тина амндмани, а десетина веќе беа усогласени во Комисијата за европски прашања.
„Ако го усогласат тој текст, таа седница може да продолжи. Но, ако достават и нов предлог, не е спорно веднаш да свикам нова седница, бидејќи ние сме во постојано заседание, и кога станува збор за итни потреби ќе биде пуштен по скратена постапка“, вели претседателот на Собранието.

Нема играње со законските рокови

Но, Џафери не се согласува дека парламентот за дополнителна работа може да „украде“ 15 дена од законски предвидените 60 за изборниот процес.
„Лидерите на парламентарните партии заедно се договорија да се одржат избори на 12-ти април, и тогаш знаеја кои закони се битни за донесување пред да се распушти парламентот. Сега во последен миг се пласираат идеи кои се косат со законските рокови за изборните дејства. Уставот е јасен: избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Институциите треба да работат според закон, а не според желби. И јас сум член на партија, и на партијата ѝ кажувам какви се роковите. Не е дека сакам да опонирам, туку мора да ги почитувам нормите", вели Џафери.
Според него, тие 60 дена се исполнети со изборни дејства, за кои роковите не може туку така да се кратат. Дури и парламентарните партии да се договорат зa одложување на распуштањето на парламентот за неколку дена, прашањето е што е со вонпарламентарните партии?
„Како претседател на Собранието јас потпишувам индивидуален правен акт за распишување на изборите, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија. Вонпарламентарните партии може формално да го оспорат мојот акт, затоа што не е обезбеден законскиот рок за изборни дејства“, потенцира Џафери.
Ако евентуално и има простор да се скрати рокот за увид во Избирачкиот список од 20 на 15 дена, за другите изборни дејства тоа е невозможно.
„Може ли да има независни листи, кои имаат временски рок за собирање потписи? Може. Како ќе им го скратите тој рок? Тука се и законски определените рокови за жалбени постапки до ДИК, до Управниот и до Вишиот управен суд. Можете ли ним да им речете дека денеска мора да донесат одлука? Не. Има роковник, кој точно ги овозможува сите непоходни дејства. И оној рок од 51 ден кој го спомнувам како минимален за реализирање на изборните дејства, е речиси на граница на ризик ‘до минута'. Што ако падне елeктронскиот систем на ДИК? Не ќе може да ги прими листите“, предупредува претседателот на Собранието, и порачува - должен сум да го спроведам она што ми го диктира законот!.

[Image: 51473772_401.jpg]
Министерството за правда му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Поднесете амандмани на текстот на законот, сѐ друго е алиби за негово недонесување

Без консензус

Законот за ЈО и натаму останува камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека неговата партија не е против закон за Јавно обвинителство, туку е против партиски закон со кој ќе се заштити криминалот. Тој предложи законот да биде напишан од експерти по уставно и казнено право.
„Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Законот што експертите ќе го предложат, ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати“, рече Мицкоски, кој предложи тим од шест експерти кои би работеле на законот.
Овој предлог на опозицијата не беше прифатен. Од Министерството за правда одговорија дека законот се изготвувал долг временски период од работна група во која учествувале домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, странски експерти, па дури и странски јавни обвинители кои давале сугестии и мислења.
„Законот е уште на маса, и ако ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст. Сè друго е алиби за недонесување на законот и за избегнување на правдата“, одговорија од Министерството за правда.
 
(This post was last modified: 05-02-2020, 03:04 PM by ЈорданПетровски.)
05-02-2020, 03:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Џафери ја прекина седницата: Доста ми се жалите на Фејсбук, продолжуваме утре

13/02/2020
[/url] [url=https://pinterest.com/pin/create/button/?url=https://fokus.mk/dhaferi-ja-prekina-sednitsata-dosta-mi-se-zhalite-na-fejsbuk-prodolzhuvame-utre/&media=https://fokus.mk/wp-content/uploads/2019/02/talat-djaferi.jpg&description=%D0%8F%D0%B0%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B8+%D1%98%D0%B0+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0+%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A+%D0%94%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0+%D0%BC%D0%B8+%D1%81%D0%B5+%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BD%D0%B0+%D0%A4%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA%2C+%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5+%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B5]
[Image: talat-djaferi-696x463.jpg]

Само што започна, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата на чиј дневен ред беше законот за јавно обвинителство.
За збор се пријавија 30тина пратеници, а Џафери рече дека секогаш бил човечен и седницата ќе продолжи утре во 11 часот.
-Цел ден ми пишувате пораки дека сте изморени и ми се жалите на Фејсбук. Да знаете дека јас не работам преку Фејсбук. Секогаш сум бил човечен. Бидејќи се пријавија 30тина за збор, тука ја прекинувам седницата и ќе продолжиме утре во 11 часот, рече Џафери.


Одговор за прекинот на седницата:




Quote:Николовски: Има реална можност да направиме ново мнозинство и влада која ќе организира редовни избори

13/02/2020
[Image: nikolovski-696x392.png]

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва најави дека постои реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство и нова влада, која нема да оди на предвремени избори, туку ќе организира редовни, доколку се оневозможи гласање на законот за обвинителство.
-Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори. Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом, порача Николовски преку Фејсбук.
(This post was last modified: 13-02-2020, 10:52 PM by ЈорданПетровски.)
13-02-2020, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Катица проговори во судница: Бараме да се види кој манипулира, кој нуди рекет



13.02.2020
За првпат од започнувањето на судскиот процес „Рекет“ се огласи поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа побара јавноста да не биде исклучена од процесот, иако е неразбриливо зошто тоа говори бидејќи медиумите постојано се присутни на рочиштата.

Quote:Бараме целокупното УСБ на Зоран Кичеец да биде презентирано денеска, и бараме да не бидат исклучени непријатните работи, за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран во интерес на јавноста“, рече Јанева.
14-02-2020, 12:49 AM
Reply