Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО ПОСЛЕ НЕДОБИВАЊЕТО ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Во секоја нормална држава премиерот поднесува оставка и се распишуваат вонредни избори, ама тоа е во нормални, демократски држави.
Дали на власта во Македонија ке и се случи барем еднаш да покаже дека научила нешто!

Јас сум скептик, неверувам дека Заев ке стори такво нешто!! А сум скептик затоа што веке почна новата мантра датум ке има во април догодина а Заев  не е виновен !!



Quote:За странците нема дилема – проблемот со добивањето датум за преговори од ЕУ не е кај Заев


Од Тео Блажевски On Oct 17, 2019
Ниту кај влијателните европски и светски политичари, ниту кај угледните меѓународни медиуми нема дилема за драмата што се прави со добивањето датум за преговори со ЕУ за С. Македонија и Албанија – одговорноста за неа е, пред сè, кај Франција и Макрон. Тврдењето дека Заев е директно виновен, е чист спин
 
Пишува: Теофил Блажевски
 
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став околу можното недобивање датум за почеток на преговори за влез во ЕУ, при што изнесе и спин околу директна одговорност за тоа.

Quote: Wrote:
Спин: СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата.
Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Соопштение/веб страна – датум: 17.10.2019]
 
[Image: kontraspin-foto-vistinomer-1024x281-e1500652724996.jpg]
 
Контраспин: Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ уште пред финалната одлука на лидерте на ЕУ денеска/утре (17/18.10.2019), за датум за преговори на Северна Македонија и Албанија, критиките за евентуалниот несупех ги насочува единствено кон владејачката партија СДСМ, а вината директно ја лоцира кај премиерот Зоран Заев. Ова е извртување на вистината, т.е. спинување со цел да се освојат политички поени преку замаглување на фактите пред домашната јавност.

Спинот е невешто срочен и лесно се демаскира со неколку многу очигледни и широко распространети факти кои тука треба да се повторат.
Прво, на претходниот состанок на Европскиот совет, одржан пред неколку месеци, за ова прашање се разговараше и одлуката се одложи поради процедурални причини – изјаснување на неколку земји членки на ЕУ преку процедура во нивните парламенти, меѓу кои беше и Германија, а неформално и поради немањето волја и тогаш кај Франција да каже „да“. Меѓутоа, да не се заборави дека и на тој Европски совет Македонија замина со чиста оценка и препорака на Европската комисија, како надлежна институција да ги проценува фактите за напредокот на некоја земја кандидат за членство во ЕУ.

Вториот факт, кој говори дека главната опозициска партија спинува со директната одговорност на Заев, се бројните изјави во последните неколку дена од огромен број угледни политичари од Европската Комисија или од земјите членки на ЕУ. Зарем треба повеќе од изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел или шефот на дипломатијата Хајко Мас? Во ист позитивен тон во поглед на исполнувањето на условите за добивање датум зборуваат и функционерите од Европската комисија Хан и Могерини, ама и европратеници (како Тања Фајон која директно ја лоцира одговорноста исклучиво во ЕУ или уште поточно кај Макрон или Сергеј Станишев, на пример) или, пак, високи политичари од други земји, како претставниците на Вишеградската група, како Холандија, но, дури и земји кои не се членки на ЕУ, како на пример САД, која неколку пати од високи позиции повторуваше дека земјата треба да отпочне преговори со ЕУ за прием. Во сите посочени и непосочени изјави – вината се лоцира на друго место, а не во С. Македонија.

И третиот факт е директно лоцирање на вината од страна на светските медиуми. Дали ќе поверувате на спинот на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е директно одговорен, кога и угледни странски агенции, весници, познати мултимедијални изданија, известувајќи од самитот на ЕУ, го говорат истото – Франција е таа што не дозволува позитивна одлука. Некои, како „Политико“, на пример, одат дотаму што одлуката на Макрон за блокада ја оценуваат „завршување на валканата работа на Владимир Путин“.

Ниту еден разумен политичар, граѓанин, читател, се разбира, никогаш не може да остане нем на логично барање на евентуална вина и од страна на властите во Македонија, претставени, пред сè, преку СДСМ и ДУИ и персонифицирани преку премиерот Зоран Заев, но колкава и да е таа, дефинитивно не е значајна ниту за странските политичари, ниту за меѓународната јавност. За нив, вината е во ЕУ, поточно во Франција, без оглед на исходот од крајот на самитот и формулацијата што ќе биде усвоена.

Поради погоренаведените факти, може да се оцени дека тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговорие извртување на вистината, т.е спин.
 
18-10-2019, 09:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев во комуникација со европските лидери: Поддршка да се продолжи со реформите


18/10/2019
Премиерот Зоран Заев оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан.
Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите, брифираат за МИА од Влада.
Како што велат, сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени.
Од Влада појаснуваат дека во тек се консултации на различни нивоа, во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Извори од Владата за Фокус ифнормираат дека сите одлуки околу евентуална оставка на премиерот Заев ќе бидат донесени по завршување на преговорите и изнесени пред јавноста на официјална прес конференција.



Quote:Заев се сретнал со Ахмети и разговарале за недобивањето датум

18/10/2019
Премиерот Зоран Заев денеска остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврдуваат партиски извори за МИА.
Оттаму велат дека на средбата се разговарало за актуелната состојба поврзана со недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија.
Истите извори брифираат дека Заев и Ахмети ја истакнале посветеноста за унапредување на процесот на реформи во пресрет на зачленувањето на државава во НАТО.
Дел од медиумите јавија дека Ахмети го убедувал Заев да не поднесува оставка и да не брза со носење одлука.
Претходно, Владата информираше дека премиерот спроведува интензивни консултации на различни нивоа и оти одлуките ќе се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните.
18-10-2019, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3






Обраќањето почнува од крајот на шестата минута!!
18-10-2019, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



18-10-2019, 09:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Макрон: Не е нужно „овие земји“ да бидат идни земји членки на ЕУ

МИА-18/10/2019 15:22
Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.
– Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството – рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.
Тој истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не е нужно тие да бидат идни земји членки на ЕУ.
Макрон ја повтори потребата за реформа на процесот на преговори со земјите-кандидати и побара тој да биде реверзибилен, односно да може да биде стопиран.
Францускиот претседател посебно ги поздрави напорите на премиерот Зоран Заев за Преспанскиот договор и за уставните измени.
– Тие измени беа дел од барањата на ЕУ, но повеќе земји имаа резерви, не затоа што нема напредок, напредок има, но има некохерентности меѓу другото во однос на миграцијата и почитувањето на одредени правила – изјави Макрон.
18-10-2019, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6






Лажгото останува лажго и затоа мора да си биде сместен во Идризово или Бардовци!


Quote:Македонија доби условен датум за преговори со ЕУ во јуни 2019

МИА - 26/06/2018 20:24

[Image: Sovet-na-Evropa.jpg]

Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи денеска Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија.
Советот на министри очекува следната година Европската Комисија да издаде извештај во кој фокусот треба да биде ставен врз реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата, судските реформи и реформата на разузнавачките служби. Во јуни 2019, доколку е задржан реформскиот момент во Македонија, многу брзо потоа ќе се свика првата меѓувладина конференција на која фактички ќе започнат преговорите.
Во меѓувреме Европската Комисија изрази желба да започне со подготовките за преговори, нешто што Советот на ЕУ го прифаќа.
Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека „од утре“ Комисијата ќе започне со процесот на скрининг во областа на владеењето на правото. Скринингот е технички процес во кој се оценува капацитетот на државата кандидат за отворање на одредено поглавје. Поглавјето за владеењето на правото мора прво да се отвори и последно да се затвори за да се обезбеди дека реформите во оваа област се трајни и одржливи.
Франција и Холандија одбиваа секаков датум за преговори за Македонија, бидејќи сметаат дека реформскиот напредок е премногу свеж и сѐ уште не дал трајни резултати.
По напорни дискусии со другите земји членки пронајден е компромис сепак да биде внесен датум, но под гореспоменатите услови.
Слично условување доби и Албанија, која исто така би можела да ги започне преговорите пред крајот на 2019.
(This post was last modified: 19-10-2019, 01:09 PM by ЈорданПетровски.)
19-10-2019, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Ла Верита: Макрон и се одмаздува на ЕУ преку Македонија



[Image: Screenshot_20191019_091013.jpg?fit=300%2C143&ssl=1]

19.10.2019
Италијанскиот весник Ла Верита во својата најнова анализа тврди дека Македонија е колатерална штета на судирот меѓу Макрон и Германија но и на неспособноста и корумпираноста на Заев и неговата влада.
Во текстот се најавуваат нови докази за криминал во Владата предводена од СДСМ и ДУИ.
Целата анализа:
Европскиот Совет уште еднаш уште еднаш ѝ го негираше правото на Македонија, земја-кандидат уште од 2005та година, да отпочне преговори за членство во ЕУ.
Македонија повторно добива ладен туш и сфаќа дека е само еден спореден проблем во меѓународните односи. Довербата дадена на марионетата Заев од страна на Унијата, на неговите реформи и на ветувањата за неизбежната европска иднина, за време на Договорот од Преспа, преку кој следуваше промена на името, се растура како “кула од карти” поради реалната политика – базирана на интереси.
Мотивиран од неговата лична битка против Претседателката на европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, веднаш по одбивањето на француската кандидатка Силви Гулар од страна парламентот во Брисел, Макрон реши да се бори и да се спротистави на досиејата блиски до Берлин.
Макрон, заедно со своите сојузници ќе го одложи финалното гласање за Комисијата, барем за еден месец. Во меѓувреме се надева дека ќе оствари концесии коишто би му гарантирале подобра позиција во идното реформирање на Европа.
Губитник и во внатрешната, и во надворешната политика, Макрон игра на карта на одбивање преговори со Македонија, праќајќи сигнал до Германија дека ќе го блокира проширувањето на нејзината сфера на интерес на Балканот.
Од друга страна пак, фон дер Лајен наследи од Јункер и Могерини еден лошо предводен процес, македонскиот, доделен на Заев којшто успеа, преку своето криминално делување, да ги закопа и последните шанси на државата да биде примена од ЕУ, за време на овој собир.
Поддржувајќи го во доагањето на власт, Могерини му има ветено на Заев апсолутна власт.
Договорот од Преспа со Грција, за да се надмине децениската блокада од Атина, беше претставен како последен потребен услов за да се почне процесот на преговори.
Заев, базирајќи го својот легитимитет на тој договор, ја деконструира и ограби цела нација.
Потпомогнат од неговата недопирливост од страна на меѓународниот систем којшто го беше поставил како неопходен извршувач на лудиот план за декомпонирање на Државата, тој преферираше да изгради уште полош систем на корупција од тој на неговиот претходник Груевски.
Како што покажа “Ла Верита” во последните неколку месеци, а ќе има можност и во наредните денови да потврдиме со нови откритија, со Заев исчезна владеењето на правото, судскиот систем ги следеше политичките цели, а само мрежата на интерес на Заев и самиот тој, смееја да маневрираат со економијата на Државата, уништувајќи и она малку што беше ефикасно.
Целото владеење на Заев, изминатите две години беше презентирано надвор како голем успех.
Но, сега Франција и Брисел ја открија вистината, односно дека сѐ било всушност политички договор, игра на интереси, обработена зад грбот на македонскиот народ, со помош на некој кој лесно се контролира.
Матното минато на Заев го олесни договорот со неговиот претходник Груевски, кој му ја остави “на тацна” целата држава, притоа наоѓајќи безбедно засолниште во Будимпешта.
Кога Могерини побара договор на власта и опозицијата за формирање на СЈО со цел истражување на криминалите на претходната власт, Катица Јанева, сега во затвор, беше зачудувачки единственото заедничко име на листите на потенцијални кандидати подготвени од Груевски и Заев.
Целта на меѓународната заедница во поддршката на Заев и оддалечувањето на Груевски беше со цел да се отплати долгот кон Грција за нанесените штети за време на економската криза, и исто така да се оневозможи на Балканот еден хипотетички националистички судир, гледајќи во една многу горда Македонија, точка на фокус за идни соперништва меѓу бугарите, албанците и грците.
19-10-2019, 09:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Nikola Gruevski
7 hrs ·

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор.
Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.
Тој е свесен дека без нив нема никакви шанси народот да му даде доволно поддршка, со која би победил или пак по поразот на изборите и без победа да состави влада.
Всушност тој би одел горе-долу со истата кампања и тези надвор кај меѓународниот фактор, но и внатре на самите избори. Претставувајќи ја опозицијата како ,,националистичко плашило” за европските и евроатланските интеграции, а себеси како “ангел спасител” за истото.
Одлуката на Заев за предвремени избори не е ниту за добивање насока од граѓаните чија насока никогаш и не му значела ниту некогаш ја почитувал, ниту за нова доверба која никогаш не ја ни добил, ниту за неговиот кредибилитет кој всушност и го нема.
Одлуката во неговите очи е последната “сламка за спас”.

Тој се плаши дека по приемот во НАТО и по потпишувањето на договорите за учебниците по историјата со двата соседа, неговата употребна вредност целосно ќе исчезне, дека не само што меѓународниот фактор ќе нема ниту една причина да се ангажира и да го поддржува на избори и при составување влада, туку заради неспособноста и криминогеноста може и да сака да се ослободи од овој криминоген ренегат бидејќи неговите катастрофални чекори надвор од испорачувањето на двата договори со соседите се повеќе им се препишуваат ним.

Но приказната на Заев е јалова. Секому му е јасно дека опозицијата е поддржувач на европските и евроатланските интеграции затоа што тоа е интерес на Македонија и на македонскиот народ и граѓани. Старата ,,финта” го нема истиот ефект кога втор пат се употребува, особено на ваков начин.
Откако вчера го провери ,,пулсот” и ја виде реакцијата кај сите кои ги смета за блиски во партијата и пошироко со приказната дека ќе поднесе оставка, денес излезе со планот, кој сигурно не му е од вчера.

Слична ситуација, но со различни мотиви, имаше во 2008 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ отиде на брзи предвремени избори по самитот на НАТО во Букурешт, но имаше три мотиви и две дополнителни околности кои заедно во пакет насочува кон неминовност од брзи избори:

1. Имавме блокада на парламентот со спроведениот филибастеринг на ДУИ кој тогашниот деловник за работа го овозможуваше до бескрај (не случајно прва работа по изборите кога имавме 62 пратеника беше промена на деловникот). Над 150 закони беа блокирани без надеж да се деблокираат. Без можност да се моделираат нови политики за развој и напредок на државата преку законите се губеше смислата на владеењето.

2. Сите пост изборни коалициони партнери на ВМРО, поточно нивните лидери беа во тајни заткулисни разговори, а две од нив во финални преговори со СДСМ за формирање ново мнозинство. Беа во прашање недели за формирање ново парламентарно мнозинство и заминување на ВМРО во опозиција.

3. Анкетите покажува историско водство и поддршка кај народот за ВМРО, што и се докажа на изборите. Два други значајни фактори и околности беа исто така пресудни. Ни беше целосно јасно дека после триумфализмот на Караманлис по враќањето од Букурешт во Атина не постојат теоретски шанси тоа што го блокираше во Букурешт да го овозможи во следните 2-3 месеци. Второ, меѓународната заедница иако со мали критики за предвремените избори, сепак беше неутрална.
.
Денес после самитот на ЕУ во Брисел ништо од ова не постои. Ниту Заев има поддршка кај народот поголема од опозицијата, ниту блокада во парламентот, ниту некој негов коалициски партнер размислува да го напушти во ова време кога казната за тоа е притвор, обвинение и затвор, независно дали има или нема вина.
Денес главниот мотив на Заев е неговата последна надеж дека ќе го убеди меѓународниот фактор дека се уште има потреба од макар и криминоген и неспособен марионетски премиер, односно дека на таков начин ќе успее да ја задржи власта.
Овој пат од никого нема ветување за поддршка. Но чекорот го повлекува бидејќи нема друг избор, со надеж дека споменатите ќе “паднат на блефот” и ќе се убедат во приказната па ќе немаат друг избор.
Дали е можно да се премисли? Се е можно кај премиер кој знае дека не може да се потпре на народот, знае дека од друг зависи и кој само со интрига и заткулисни игри, надвор од очите на народот, може да дојде или остане на власт.
Но, да не заборавиме дека му е јасно дека времето не работи за него независно на скорешниот влез во НАТО.


Во оваа:

- Секому му е јасно дека опозицијата е поддржувач на европските и евроатланските интеграции затоа што тоа е интерес на Македонија и на македонскиот народ и граѓани.


Е гордиевиот јазол!!
19-10-2019, 11:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Ivor Mickovski
6 hrs ·

Сега е прејасно дека Заев имал план Б, ама не за државата, туку за својата судбина.
Психодрамата околу датумот не била случајна, туку намерно, ад арте креирана, за што поголем фокус да се стави на одлуката на ЕУ, а што помала вина да се бара во недоследностите на нашите власти.
Очигледно од власта биле и посвесни за малите шанси Франција да попушти, во спротивно зошто Заев би инсистирал 4 месеци за средба со Макрон, без притоа да дојде до тоа. Јаки советниците и нивните контакти со кабинетот на Макрон иначе.
Што пак кажува дека Заев не бил лажен, можеби бил од евробирократите, но не и од амбасадорот на Франција, кој во повеќе наврати испраќаше предупредувачки пораки и до јавноста.
Што значи, дека Заев ја лажел јавноста, како што ја лажеше од прв момент кога пред година дена најави сигурен датум за преговори. Како што лажеше дека нема да дозволи предвремени избори. Но, се било глума.
И сега што прават, наместо да се нафатат со реформи, наместо да нагазат уште посилно и да се расчисти маглата околу идното проширување, Заев деклинира кон Груевски.
Глуми налутеност и бес, кога цело време знаел што не чека, а државата и институциите не ги припремил за ваков исход.
Сега игра на истата патетика како Груевски, на истата карта да ја искористи ситуацијата за партиски цели, без притоа да објасни кои се следните чекори, освен празните декларации за понатамошни евроатлатнски интеграции.
Тезата на партијата и на неговите апологети - дајте му 61 пратеник да прави реформи, е смешна, кога за договори и закони за јазици, се наоѓаше потребно или 2/3 мнозинство, но не и за реформите.
Се наоѓаше мнозинство и за Законот за партии, каде се наградија со речиси 5 милиони евра на годишно ниво, но не се најде мнозинство за ниедна неопходна реформа.
Манипулацијата на Заев тргнува од далеку, како и неговота неодговорност да очекува датум само заради постигнатите договори, да продолжи со криминал и корупција, и да не направи ништо на реформски план.
Ова е голема штета, ова е огромен кукавичлук, без разлика што и да ви кажат слугите на оваа власт.
Ќе одиме на избори без попис, без прочистен изборен список, без една изборна и без отворени листи, без сите реформски ветувања за кои оваа власт збореше со години и така всушност и доби избори.
Ова се најштетните, најнеодговорните избори за Македонија, ова ќе биде непотребно изгубено време и ресурси, ова е срамотата на безидејната политика на Заев.
Заев е тело без коски, човек за кој се поминува, кој е способен се да каже и да излаже, а притоа цело време да се преставува како жртва или дека некој друг е виновен.
Ќе заклучиме по илјадити пат, оваа власт е нешто подобра од Груевски, но сепак е подеднакво ужасна.






[Image: image.jpg]
20-10-2019, 04:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



23-10-2019, 03:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(23-10-2019, 03:20 PM)ЈорданПетровски Wrote:


Да потсетам на интрвјуто на амбасадорот на Франција, Тимоние од мај 2019


Quote:Што се не сме исполниле ние се уште, за да добиеме датум?


Прво треба да го видиме извештајот што треба да го објави ЕК на 29 мај. Имаше своевиден патоказ што требаше да се исполни. Јас ке го поворам тоа што го кажа преставник на ЕУ, дека од одредени аспекти чашата е полупразна или полу полна. Зависи кој го гледа тоа. На крајот тоа ќе биде политичка одлука, затоа што ЕУ се наоѓа во чудна состојба, поради што и Франција побара што побрзо да се реши прашањето со Брегзит кое многу ни тежи на нас. Без да се потценува судбината на Македонија, која е важна за вас но и за нас, внатрешниот неред што го создава Брегзит е важна тема во главните градови во ЕУ. Претседателот Макрон на средбата со сите амбасадори во септември ни кажуваше за неговата огромназагриженост што една од најголемите држави во ЕУ се соочува со политички и со финансиски проблеми и што треба да се најдат дополнителни 11 милијарди евра во европскиот буџет. Тоа се суштински прашања за ЕУ и затоа климата очигледно не е еуфоручна. Но, не треба да ја обвинуваме владата тука, која направи се во тешки услови, кога се донесуваа уставните измени, за усвојувањето на Преспанскиот договор. Сите го знаеме тоа, ги признаваме напорите и ја поздравуваме целокупната работа што беше направена. Но, има и други прашања внатре во земјата, технички мерки,од кои одреден дел се донесени а дел се симболични. Пред се законот за СЈО кој не е второстепено туку важно прашање за кое се уште нема одлука и кое ќе треба да се реши на ваков или онаков начин. Престои уште работа за фамозната агенда, но за неа се помалку зборуваме овие денови бидејќи сакаме да го ставиме акцентот на Преспанскиот договор и на политичките причини што ќе предизвикаат отворање на преговорите. Францускиот став е јасен, ние го поддржуваме Преспанскиот договор и најважно е да постои и да биде спроведена целата агенда. Престои очигледно уште работа за која ќе бидат потребни уште неколку месеци. Сакаме работата да биде завршена од техничка гледна точка, а за квалитет ќе биде потребно подолго време. Самите Македонци се свесни дека не можат да бидат среќни само со усвјувањето на законите додека не се види нивното спроведување на терен. Беа донесени голем број закони за да се задоволи меѓународната заедница, но понекогаш имаме впечаток дека на терен спроведувањето е бавно и тешко, а понекогаш дури и оставено настрана. Сакаме да ги избегнеме сите тие лоши искуства со кои се соочивме во минатото со други земји, бидејќи нашата јавност поставува прашање за самиот легитимитет на европската изградба и упатува големи критики кон нашите влади поради тоа што од идеолошки причини беа потценети вистинските услови за создавање и за функционирање на заедничките вредности. Ни преостануваат неколку дена за да добиеме позитивни вести. Мислам дека е опасно да се фокусираме само на одреден датум во јуни, затоа што тоа може да ги зголеми очекувањата и да биде мотив за нешто што потоа ќе биде сфатено како заговор. Сите признаваат дека е почнат пат со голем напредок во повеќе области, но истовремено нам ни се случија нови проблеми, што се појавија пред две години, проблеми за кои не може брзо да се најде решение.

Како гледате на метлата на СДСМ и ветингот на ДУИ?

Нормите се променети, работите се менуваат во земјата. Тоа значи дека привилегиите ќе бидат уште построги и дека политичките партии ја разбираат нивната улога и неопходноста од транспарентности квалитет. Нешто што е сосема позитивно во сето тоа е чувството на длабоки и коренити промени. Мислам дека во одредена мерка ова може да звучи смешно, но сепак внесува доза на оптимизам во општеството овде. Ларошфуко велеше дека лицемерието е почит што го прави порокот доблест, односно кога сме принудени да се преправаме дека поседуваме квалитет што не го поседуваме тогаш ние се поклонуваме на тој квалитет и на таа обврска. За самата „метла“ ќе кажам дека станува збор за малку незгоден концепт бидејќи, кога се однесува на влада која колективно донела храбри одлуки и кога им се објаснува на луѓето дека морало да се донесе тоа за да се постигне целта, не треба да се намали со тоа колективната храброст на сите оние кои беа храбри. Популистичкиот аспект тука не ми се допаѓа и затоа велам незгодно. И, второ, метлата не треба да биде селективна туку вистинска и да ги замете сите ќошиња, а не само ќошињата кои ви се допаѓаат, само левото или десното ќоше, јужното или северното. Тоа е малку опасно, зошто контролата треба да биде демократска и спроведена низ институции, на кои треба да им се врати кредибилитетот. На пример, Комисијата за борба против корупцијата е одлична работа, но таа не треба да се трансформира во маркентиншки трик или во институција за реваншизам. Затоа сме внимателни. Јас верувам во функционирањето на правните институции, а не само да се кинат глави. Она што највеќе не ми се допаѓа, особено во поглед на 27 април е дека луѓе, кои се горе-долу виновници, се жалат сепак дека најголемите виновници се шетаат слободно во Скопје. И кога го пренесуваме тоа одговараат дека треба да се поднесат жртви, особено за меѓународната зедница која го бара тоа, за тоа што се случи. Така што „метлата“ е слика но јас имам друга идеја за дигнитетот на политичкиот живот и за демократијата. А ,тоа воопшто не ја спречува борбата против корупцијата која сепак е најважна и ќе треба да биде рефлексивна, односно свртена и кон самите себе. Лесно бараме влакно во окото на другиот но, не сакаме да го бараме влакното во сопственото око.

Целото интервју: НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК
24-10-2019, 01:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12



24-10-2019, 09:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:На Западниот Балкан наместо членство му се нуди формирање на Европска економска зона

[Image: eea.jpg]

ОД: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ 6:22 AM - 26.10.2019

Зад кулисите во Брисел во оптек е идеја како да се надминат актуелните фрустрации од ставот на Макрон кој ја спушти рампата на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан. Наместо полноправно членство во ЕУ според актуелниот предлог за компромис на шесте држави од Западниот Балкан би требало да им се понуди создавање на Европска економска зона (ЕЕА)

ЕУ треба да им понуди на сите шест нации на Западен Балкан можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд. Тоа значи дека треба радикално да се реформира методологијата за проценка на напредокот, се вели во предлогот на Европската иницијатива за стабилност.
 
ЕЕА ги опфаќа сите клучни области што се важни за потенцијалните инвеститори. Ги утврдува европските стандарди. Испраќа силен сигнал до граѓаните дека, на крајот, ќе се надминат границите и изолацијата. ЕУ треба да ги зголеми ресурсите за Западен Балкан да го направи сето ова попривлечно. Ова, според предлогот ќе и  помогне на ЕУ да утврди влијанието во регион кој заедно има помалку од половина од БДП на Романија и е опкружен со членки на ЕУ
 
Овој однос не гарантира за пристапување во иднина, но, ниту исто така оваа понуда за вакво  партнерство не би требало да го исклучува идното пристапување кон ЕУ кога таа може би ќе биде подготвена за тоа.
 
Ваквото оставање на отворена врата за некоја иднина  ги прави поверодостојни сите идни дебати за членство. Според предлогот овој пристап не би требало да  ги казнува Србија или Црна Гора кои се веќе во процес на преговори. Секој  напредок што тие го постигнаа досега значи дека тие се поблиску до влегување. Предлогот исто така не  ги исклучува Албанија,  Македонија или Босна и Херцеговина а може да се отвори и за Косово, како неутрален статус за да се обезбеди конвергенција со соседите, вклучително и со Србија. Предлогот како што се вели во документот ја избегнува поделбата на регионот од кој стравува Макрон. Сите земји добиваат иста шанса. Напредокот се одлучува врз основа на реформите, мерено според истите стандарди
 
Во почетокот на 2020 година, Европската комисија и земјите-членки треба заеднички да изготват патокази со клучните барања во клучните сектори што Норвешка или Исланд ги исполнуваат денес. Наместо „отворање поглавја“, на сите шест земји ќе им бидат понудени сеопфатни јавни патокази. Напредокот редовно ќе се оценува сериозно и објективно во сите земји, најдобро во заеднички тимови на експерти, предводени од Европската комисија, но вклучително и експерти за земјите членки. Овие две институции треба да соработуваат за детално да го проценат напредокот, и да зборуваат со еден глас, се вели во предлогот за компромис. Целиот процес треба да се претстави во јавноста како  трка: Србија може да им докаже на сите дека навистина има најдобра администрација во регионот; Косово може да ја престигне Србија на едно поле;  Македонија и Албанија би можеле да се натпреваруваат за исполнување на стандардите во животната средина. Тоа ќе доведе до здрав и продуктивен напредок, вели предлогот за компромис кој официјално на масата се предвидува да го понудат двете претседателства на ЕИ за 2020, хрватското и германското. Решението би требало да го зголеми влијанието на ЕУ. Со утврдување и имплементација на правилата  на единствениот пазар, влијанието на надворешните актери, Кина или Русија, би подлежело на истите ограничувања во Западен Балкан како и во ЕУ. Целата формула треба да се комбинира со финансиски награди: „повеќе за повеќе“, грантови и инвестиции за земји кои добро напредуваат во административните и правните реформи во кој било сектор, објективно оценети. Билатералните донатори исто така би можеле да ги наградат перформансите на овој начин.
Ова ќе бара кредибилни реформи за владеење на правото . Земјите што ги кршат основните човекови права или им се закануваат на нивните соседи може да бидат исклучени или суспендирани – што треба да одговори на барањето за реверзибилноста кое го постави  Макрон . Овој процес треба да се стави на маса  на самитот во Загреб во мај 2020 на кои ќе бидат шесте земји од Западен Балкан.
Штом напредокот на Балканот во овој аранжман  стане видлив, популарноста на пристапувањето може да се зголеми, предвидува Европската иницијатива за стабилност.
Уривањето на сегашната пристапна политика е закана за влијанието на ЕУ, во критичен регион, во критичен момент на глобална неизвесност. Тоа беше длабоко неправедно кон владата во Скопје но, тоа може да биде шанса за нешто поверодостојно, пофер и трансформативно, се вели во овој предлог.
 
26-10-2019, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Скопје се противи на алтернативи, но тие се веќе на масата на ЕУ

Македонскиот државен врв веќе усвои позиција дека нема да прифати алтернативи на членството во ЕУ, но некои држави и експерти веќе работат на резервни сценарија кои треба да го подбутнат процесот.
   
[Image: 49473064_303.jpg]


Неуспехот на ЕУ на самитот во Брисел да им ги отвори вратите на Северна Македонија и Албанија отвори многу прашања за иднината на проширувањето. Во јавноста веќе проструи (старата) идеја за привилегирано партнерство, а германскиот експерт Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност нуди и малку поинаква опција која би и дала предност на економската, пред политичката интеграција- членство во Европската економска зона.

Свесни за алтернативите кои (им) се нудат, македонскиот државен врв и опозицијата уште на средбата кај шефот на државата Стево Пендаровски усогласија заеднички став дека нема да се прифати ништо друго освен полноправно членство во ЕУ.
Денеска и премиерот Зоран Заев уште еднаш потенцираше дека „нашето место е во ЕУ и нема да прифатиме никакви понуди за договори за некакви пактови или економски сојузи“.
Вчера Кнаус ја образложи својата идеја која веќе подолго време се врти по кулоарите на Брисел и во неколку европски главни градови. Она што е важно е фактот дека Кнаус ги отфрла предлозите за здружување од „Б“ категорија како што е „привилегираното партнерство“. Ваквите предлози ќе предизвикаат контра-ефект и нема да го зголемат влијанието на ЕУ, вели Кнаус, додавајќи дека ниту продолжувањето со преговори во актуелната ситуација ќе биде  многу ветувачки.
Кнаус проценува дека со ставот на Макрон е ставен крај на политиката на „неизбежно проширување“. Но во истовреме, исклучувањето на натамошното проширување по сите ветувања кои ги даде Европскиот совет во изминатите години и децении, ќе биде еднакво лошо.
„Потребен е процес кој нема да биде замена за членството, но ќе биде поинаков; процес кој ќе го одржи влијанието на ЕУ, но во истовреме ќе биде атрактивен и кредибилен за балканската јавност и лидерите; процес кој ветува корист, не во далечна иднина, туку од самиот почеток.



[Image: 46631407_401.jpg]
Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност


Таков процес, според Кнаус, веќе постои, а тоа е Европската економска зона (ЕЕА European Economic Area).

Влез во заедничкиот пазар

ЕЕА стапи во сила во јануари 1994 година, со цел да креира „хомогена европска економска област“. Организација се базира врз четири слободи: слободно движење на капитал, луѓе, услуги и стоки; а кон нив се надоврзуваат и конкурентност, државна помош, заштита на потрошувачи, животна средина, статистика и други области. Две северноевропски земји, покрај членките на ЕУ, се дел од неа- Норвешка и Исланд, а Кнаус ги смета за пример како и балканските земји да ги развиваат односите со ЕУ.
Кнаус ги цитира искуствата на Финска и Шведска- кои биле дел од зоната пред да станат полноправи членки на ЕУ- како многу позитивни.
Конкретно, идејата на Кнаус е дека ЕУ треба да им понуди на сите шест земји од Западниот Балкан влез во заедничкиот пазар, а потоа радикално да ја реформира методологијата за проверка на напредокот.
Тоа, потенцира Кнаус, не е крај на ветувањето за членство, туку негово забрзување.
Експертот смета дека понудата ќе биде атрактивна, затоа што ги покрива сите клучни области кои им значат на потенцијалните инвеститори, и воведува европски стандарди. Притоа, Кнаус предлага ЕУ да ги зголеми ресурсите за Западниот Балкан за да ја направи понудата поатрактивна.



[Image: 50851326_401.jpg]
Премиерот Заев и македонскиот државен врв отфрлаат алтернативи на полноправното членство во ЕУ


„Оваа врска не е гаранција за идно членство- но денес ништо не е. Но не е ниту помладо партнерство кое исклучува идно членство. Тоа само ја прави секоја идна дебата за членство покредибилна, кога ќе дојде времето за тоа“, тврди Кнаус. 

Без демотивирачки вета

Наместо досегашните Поглавја, германскиот експерт предлага да се воведат „патокази“ со барања во клучните сектори кои би контролирале тимови на експерти на Европската комисија, но и на земјите-членки.
„Нема повеќе да има демотивирачки вета, а земјите во регионот ќе можат да се натпреваруваат во спроведувањето на реформите. (...) Со обврзаноста кон заедничкиот пазар, влијанието на надворешните актери како Кина или Русија ќе биде субјект на истите ограничувања на Западниот Балкан како и во ЕУ.“
„Сето тоа треба да се искомбинира со финансиски награди: „повеќе за повеќе“, грантови и инвестиции во земјите на кои добро им оди со административните и правосудните реформи“, предлага Кнаус.
За сето тоа да функционира ќе биде потребно спроведување на реформите во областа на владеењето на правото.
„Државите кои ги нарушуваат основните човекови права или им се закануваат на соседите ќе можат да бидат исклучени или суспендирани- тоа е реверзибилноста која ја бара Макрон. Сето тоа може да започне од самитот во Загреб за време на хрватското претседавање со ЕУ“, предлага Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност.





Заев кој оди на сите состаноци за формирање на Унијата Западен Балкан и кој веке потпиша дововор за започнување на таа Унија сега глуми дека е против
26-10-2019, 06:09 PM
Reply