Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3.43 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОHСКО СРПСКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Порака од дијаспората до СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ
четврток, 28 октомври 2010 17:49




ЗНАЕМЕ КОЈ БИЛ „СРБИН“, КОЈ Е „МАКЕДОНЕЦ“, А КОЈ „ОПЕРИСТ“!


Не' алармира тоа што најголемите гласници се луѓето кои кога дојдоа на власт во 1998 година, наместо да ги демонтираат српските инсталации - токму тие беа оние кои ги отворија широко вратите и овозможија србизација на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и непречено продолжување на влијанието на КОС и СДБ (денес БИА). Пред се, тоа беше Љубчо Геогриевски како премиер, па потоа со половична одговорност во однос на Љубчо: Љубе Бошковски и Никола Груевски.


Како објаснување на "Опера", аријата што ја пее најновата генерација на србокомунистички испрдоци деновиве, со наслов дека „Македонија немала дисиденти“ ниту во периодот 1913 до 1944, ниту од 1944 до 1991 година, ниту од '91-ва до денешен ден, должни сме да го кажеме следново:
Во периодот 1945-1991 година е формирана и делувала ВМРО-С.Д.Р.М.А-ПРАВДА. За глупсониве на кои некое ситно испекторче од УДБА им рекло дека се најумни, ќе им појасниме што значи тоа: С.Д.Р.М.А: САМОСТОЈНА ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА под протекторат на АМЕРИКА.
За оваа идеја се затворени околу седум и кусур илјади луѓе, претежно средношколци, само во првите година, две од формирањето. Околу педесетина илјади се, што затворани, што следени, до ден денешен! Една од причините што Македонија има подршка од САД, е токму во ВМРО ПРАВДА и во луѓето кои ја сочуваа таа заложба.
И во времето од „самостојноста" на Македонија, кога 98/99 година се појави Кумановската група, чии отворени писма и петции цитиравме и споменувавме во неколкуте изминати колумни, таа група всушност е најсилното ДИСИДЕНТСКО движење во наводно Самостојна Македонија. Сигурно не е ни едниствено. Тоа што денес некои квази "научници" се обидуваат да објаснат дека немало дисиденство, е страв за сопствените позиции. Се плашат дека УДБА ќе им ја земе коската што им ја дала како награда да го замајуваат народецов наш Македонски со лажни писанија и теории и што е најстрашно, тие испрдоци се преставуваат како авангарда и "воџе у светлију будучности".



„Баритонот“ Борјан и „тенорот“ Васко

Минатата седмица ја гледавме емисијата на Борјан Јовановски, чии гости беа Никола Младенов и Љубчо Георгиевски. Што му беше целта на Борјана во прв момент не сакав да шпекулирам. Но, кога му се придружи и Васко Ефтов со емисија на слична тема и содржина - се' ни стана јасно.
За да добиеме потврда дека сме во право се потрудија и самите Ефтов и Јовановски. Ги одбија нашите понуди за контактирање и понудата да ја слушнат нашата приказна за досијеата, за која им рековме дека имаме посериозни докази. Улогата на „баритонот“ Борјан, му беше да му овозможи на Љубчо да стаса полесно до целта. Цел, која се гледаше од авион: целата вина за војната од 2001 година да ја префрли на Албанците и влианието на КОС врз нив. Заборавајќи дека ако во неговата влада и неговото опкружување се' било во ред, односно немало инсталации на КОС, планот немало да успее.
Емисијата на Јовановски беше поткрепена, подзасилена, со емисијата на Васко Ефтов, кој во стил на „добар тенор“ на "ОПЕРА", се обиде повторно да ја протне основната лажна порака на "ОПЕРИСТИТЕ" или поточно "РАМовистите": за наводниот бугарски заговор и пробугарска политика на Љубчо Георгиевски.
Досега никој не ја истражи до крај генезата од каде потекна идејата во 2001 година за преселба на населението и разграничувањето. Увод е изјавата со "границата до Групчин". Изјава која ја дава "бугарашката" Доста Димовска, на која најверни поддржувачи и' беа "македонистите" на Зоран Јаначковиќ. Идејата на Димовска потоа добива поддршка од МАНУ. Но, кога МАНУ ќе ја наречеме со вистинско име, т.е. САНУ(Српска Академија Науке и Уметности), дали ќе треба друго појаснување каде е центарот, односно од каде е лиферувана идејата.
Во емисијата не Ефтов, еден од главните „сведоци" кој требаше да му ја потврди тезата беше Љубе Бошковски. Еве малку потсетување и за Љубчо и за Љубе, дека она од што тие денеска се обидуваат да направат мистерија, било видливо за некои луѓе уште во 1998/99 година, а што е излезено во јавност:
... дека “проблематичен” е и началникот на УВР Куманово Таса Богдановски, кому што Томислав Стојановски му е вујко, иако не е по прва линија. Инаку, тој е машински инжeњер, па така, многумина во Куманово се прашуваат зошто, во еден многу ризичен момент и во едно од најризичните подрачја во земјата, на таа функција е поставен човек без никакво искуство во таа работа. Како пример за неподготвеност (нашиот соговорник се сомнева дека во прашање е само неподготвеност), ги наведува настаните пред американската амбасада во март годинава(1999 – забелешката е наша): “За време на анти – НАТО протестите пред американската амбасада во Скопје, на Таса му е јавено дека во Тутунски комбинат се подготвуваат за одење на митинг во Скопје. На таа информација Таса воопшто не реагираше."




Георгиевски, Бошковски и Груевски се производ на великосрпските инсталации


Дали само ни се причинува или сепак, искуството си го чини своето, па не можеме да останеме рамнодушни на “ненадејниот“ наплив на „откривачите“ на влијанието на српските служби и "ОПЕРИСТИТЕ" во македонското политичко секојдневие од почетокот на плурализмот, преку првите влади и „осамостојувањето", па до денеска. Што е она што го пали алармот кај нас и прогласува тревога од највисок степен? Не' алармира тоа што најголемите гласници се луѓето кои кога дојдоа на власт во 1998 година, наместо да ги демонтираат српските инсталации - токму тие беа оние кои ги отворија широко вратите и овозможија србизација на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и непречено продолжување на влијанието на КОС и СДБ (денес БИА).
Пред се, тоа беше Љубчо Геогриевски како премиер, па потоа со половична одговорност во однос на Љубчо: Љубе Бошковски и Никола Груевски. Првиот, Бошковски, човек кој од прв ден беше во МВР и чија должност беше токму тоа, откривање на странски инсталации во Македонија. Вториот, Груевски, како министер за финансии, под чија директна ингеренција беше ШВЕРЦОТ, т.е изворот на парите со кои беше растурано - односно србизирано ВМРО-ДПМНЕ. Деновиве, нормално потпомогнати со "ОПЕРСКИТЕ" новинарчиња и "ОПЕРСКИТЕ" аналитичари кои се платени да ја истуркаат, како и досега, лажната слика за важните настани, Љубчо Г., Љубе Б. и Никола Груевски глумат „изненаденост“, а виновниците ги бараат на друга страна, а како круна на цинизмот, тие ни се нудат како спасители.
Да бидеме чесни во пресметките, Груевски е премиер веке четири години, што значи дека вината 100% сега ја носи тој. Но, да не го заборавиме и делот од вината кога беше министер во владата на Љупчо Георгиевски. Значи и неговата вина е еднаква на онаа на Бранко Црвенковски. Во тоа лежи и одговорот зошто Грујо го заштитува Бранко Црвенковски. Вербалните напади се само вешта игра на УДБА да го замае народецов. Веќе видена. Затоа, треба да се прави притисок Груевски да си замине од власта. Но, онаа што е повожно од заминувањето на Груевски од власта, е да не им дозволиме на Црвенковски, Георгиевски, Бошковски, Керим и уште неколку други, да дојдат на власт. Тоа ќе биде уште попогубно за Македонија.
Во ова интремецо, тројцава споменати малку погоре, имаат шанса самите да си ги расветлат своите улоги во случувањата од 1996 година, па до денес. Ако тоа го сторат сами, можеби ВРХОВНИОТ СУДИЈА – ГРАЃАНИТЕ, ќе им изречат „поблага казна“, а можеби некој и ќе го наградат со мандат да ја води Македонија. Ако остават нивните улоги да ги расветлуваат други луѓе, критеријумите - а со тоа и „казните“ - ќе бидат многу повисоки и построги.


Одговорите и решенијата лежат во „Сина птица“ и во „Бугарска амбсада“!


Епилогот мора да се бара во онаа што ни е достапно. Јас, Ј. П. неколку пати напишав, а и денеска ќе го повторам. Сите премиери, министри на полицијата, директори на служби во МВР и агенциите, како да се избрани по препорака на полициско-политичкото подземје. На тоа ме наведува факатот кој сум го повторил многу пати досега: Никој не сакаше да ги чепне и расветли случаите "СИНА ПТИЦА" и случајот во кој јас сум инволвиран,тн. „бугарска амбасада“, а кој требаше да "докаже" дека ВМРО-ДПМНЕ е финансирана од Бугарија.
Во моето досије се гледа многу убаво континуитетот во службите со времињата од пред 1991 година,oд Сиљан Аврамовски заменикот на Сашо Мијалков подобра личност за континуитето на прогонот на Македонци нема. . Ги споменувам овие два случаи поради едноставноста и многуте докази кои ќе донесат брза завршница. Преку моето досие ќе се стаса и до другите планови за инволвирање на луѓе од службата во ВМРО-ДПМНЕ. Планот за „купување" на дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ и планот за инфилтрирање на луѓе во партијата - преку студентските протести. Плановите се работени во исто време и од ист центар.
Груевски не може да се крие со приказни за Белград. Мојата кривична пријава е покрената пред три години, и ако досега беше спроведена истрагата и виновниците изведени пред лицето на правдата, ќе беа објаснети сите случувања од 1991 година до денеска, па деновиве немаше да има потреба од универзитетски професори да копаат по нивните бавчи, барајќи досиеја како загубено злато.



Непринципиелна коалиција – невозможно за луѓе со принципи
Впрочем, да го потсетам Груевски што му напишав пред четири месеци:
„Сепак, најзастрашувачко господине Груевски, е што моето досие го нема во Архивот на Македонија. Значи, дека сеуште е активно. Јас се уште сум под обработка. Тоа е најголемиот доказ дека политичко-полициското подземје се' уште функционира. Функционира, а вие сте скоро четири години Премиер, кој наводно не е дел од ИНСТАЛАЦИИТЕ. Некако нема логично објаснување, бидејќи крајната цел на политичко-полициското подземје е да нема самостојна и демократска МАКЕДОНИЈА."

За многумина, вашето коалицирање и правење влада 2006 година со партијата на Тито Петковски, беше необјаснив чин. ИНСТАЛАЦИИТЕ го тоа објаснија со "линија" дека Тито бил „премногу лут“ на Бранко. Кумановци викаат "Ж'ми да те л'жу".
За постарите ова е веќе видено:Партијата Демократска Алтернатива (на Васил Тупурковски-забелешката е наша), по налог и помош на комунистичките инсталации ја основаа најтврдокорните членови на Сојуз на Комунисти - Движење за Југославија (Србија). Причина за основањето беше тоа што во ВМРО-ДПМНЕ по Кичевскиот Конгрес, сепак успеа да остане по некој вистински ВМРО-вец и со тоа да се внесе повторно страв кај комунистичките инсталации. Потрошија толку многу пари и луѓе, и пак, работата остана незавршена. ВМРО-ДПМНЕ да остане на ВМРО-ци - тоа беше недозволиво за српските испрдоци. Ве именуваа Вас за Председател на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно како цената која мораше да ја плати Љубчо Гергиевски за да не го гибаат комунистичките инсталации заради грабежот кој го стори. Вашето доаѓање на чело на ВМРО-ДПМНЕ значеше дека ширум се отворени вратите за кадрите на СК-ДЈ да ги освојат раководните општински и републички функции во ВМРО-ДПМНЕ.
Со победата на изборите во 2006 година и коалицирањето со Тито Петковски - кој никогаш не се откажа од СКЈ и е вистинскиот лидер на СК-ДЈ во Македонија сиве овие години - дојдовте на власт и така, новата генерација на СК-ДЈ која своето искуство со "патриотизмот" и наводната ВМРО-вштина ја стекна преку студенско/средношколските демонстрации - кои по се' се дело на инсталациите - стаса до целта, да биде дел од официјалната власт. Со тој чин ја приведовте кон крај смената на генерациите што ја почнаа полициските инсталации донесувајќи го Бранко Црвенковски за председател на СДСМ. Единствено, смена на генерациите нема во судската власт.
Старите комунистички инсталации увидоа дека разнебитувањето на Македонија преку смена на името нема да помине. Граѓаните на Македонија не го дозволија тоа. Затоа, на сцена е втората, "ПАТРИОТСКАТА ВАРИЈАНТА" (со брат Љубе како резервна патриотска варијанта доколку Вашата не успее). Не правите ништо да го решите проблемот со името, а тоа води повторно кон разнебитувањета на Македонија. И Вие - "патриотите" - како и предавниците, играте под иста диктат. Диктат на србокомунистичките инсталации.



Не мора да бил наш агент ама ние требаше да дадеме „амин“!


А еве што вели денес еден од врвните луѓе на српската СДБ, Божидар Спасиќ, во изјава за емисијата, замислете, „Кирилица“, на српската телевизија „Кошава„:
-„И ден денес, најголемиот интерес во бившите републики има да се дознае кој бил агент. Дали оној работеше за Вас? Мене дневно, по три-четири пати ме прашуваат, дали оној работеше за Вас? Тоа е сепак нешто што луѓето ги оптоварува...'
Новинарот прашува, „Ајде, ова е момент на вистината: Дали е можно некој да дојде на власт во овие бившите ЈУ-републики, да стане некој претседател или премиер, а да не бил агент на УДБА? Дали има некој што е сега на власт во овие нови држави што никнаа на урнатините на СФРЈ, а да не бил Ваш агент?“
- 'Не мора да бил наш агент, ама мораше ние да се согласиме!' Тоа е важно, вели Спасиќ." http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mI...ntId=29289




Поздрав до Љубчо - „Македонијо изроди вакви не си имала“


За крај, една поема напишана во 1990 година од "Мајката на ВМРО" која заедно со сопругот нејзин се оние луѓе кои не дозволија да згасне оганот наречен ВМРО.



Еј народе македонски

Еј народе македонски поробен и мил
Имаш ли верба во гладни волци ?
Имаш ли верба во змии отровници ?
Имаш ли верба во луѓе безверници ?
Не! со волк гладен братство не се прави
Змија отровница на врат не се гали
А, човек без вера полош е и од сто ѕвера!!!

Многу ропства си минала
Но изроди вакви си немала
Какви што денес постојат
И народ беден во зло тераат
Од четириесетитретата
Во земјава налетааа Безверници страшни
Со шубари, шајкачи пискули гнасни
А од секој Македонец
Кој за слобода ќе кренеше глас
Крв му пиеа секој час
Ги паметам годините страдни
кога навлегоа ко волци гладни
Леле Господе, каква грозна слика
Народ пишти и за помош вика
Насекаде крв течeше ко река
Таква беше комунистичката слика
Најпрвин сакаа да ја уништат ВМРО смела
која од памтивека се бори Македонија де е цела
За да можат од Македонија наша мила
Југословенска нација да створат на сила.

(Поема на Стефанkа Попoвска)



Се надеваме дека Љубчо Георгиевски ќе се сети преку песнава, и на Стефанkа и Дане Поповски. Се надеваме дека ќе се присети на советот да го отстрани Владимир Голубовски и така да го спречи напливот на УДБ-ини соработници. Се надеваме дека ќе се сети и на советот да ги отстрани Змејковски и Дијана Тарнталова,

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти:
Дане Поповски и Јодран Петровски

бидејќи од партијата не смеевме да дозволиме да правиме легло на разврат.


Рамка1
САД не поддржува и поради ВМРО-ПРАВДА!!!
Ќе се задржиме на 1945-1991 година кога е формирана ВМРО-С.Д.Р.М.А-ПРАВДА. За глупсониве на кои некое ситно испекторче од УДБА им рекло дека се најумни, ќе им појасниме што значи тоа: С.Д.Р.М.А: САМОСТОЈНА ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА под протекторат на АМЕРИКА. За оваа идеја се затворени околу седум и кусур илјади луѓе, претежно средношколци, само во првите година две од формирањето. Околу педесетина илјади се, што затворани, што следени, до ден денешен! Една од причините што Македонија има подршка од САД, е токму во ВМРО ПРАВДА и во луѓето кои ја сочуваа таа заложба.

Рамка 2
За „баритонот“ Борјан и „тенорот“ Ефтов
Борјан Јовановски и Васко Ефтов „ги одбија нашите понуди за контактирање и понудата да ја слушнат нашата приказна за досијеата, за која им рековме дека имаме посериозни докази. Улогата на „баритонот“ Борјан, му беше да му овозможи на Љубчо да стаса полесно до целта...целата вина за војната од 2001 година да ја префрли на Албанците и влианието на КОС врз нив...Емисијата на Јовановски беше поткрепена, подзасилена, со емисијата на Васко Ефтов, кој во стил на „добар тенор“ на "ОПЕРА", се обиде повторно да ја протне основната лажна порака на "ОПЕРИСТИТЕ" или поточно "РАМовистите": за наводниот бугарски заговор и пробугарска политика на Љубчо Георгиевски...

Рамка 3
Груевски овозможи смена на генерациите во СК-ДЈ на Тито Петковски
„ ...Со победата на изборите во 2006 година и коалицирањето со Тито Петковски - кој никогаш не се откажа од СКЈ и е вистинскиот лидер на СК-ДЈ во Македонија сиве овие години - дојдовте на власт и така, новата генерација на СК-ДЈ која своето искуство со "патриотизмот" и наводната ВМРО-вштина ја стекна преку студенско/средношколските демонстрации - кои по се' се дело на инсталациите - стаса до целта, да биде дел од официјалната власт. Со тој чин ја приведовте кон крај смената на генерациите што ја почнаа полициските инсталации донесувајќи го Бранко Црвенковски за председател на СДСМ...“
28-10-2010, 08:03 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#22

ги исклучувам официјалните „предупредувања„ те. најави, тоа време, од СДС...

па поставувам две спротивставени изјави од истото (види погоре) интервју - ЉуБчо вс. ЉуБчо:

Quote:...При посетата на Белград во почетокот на 2001 година, која беше резултат на вонредна покана, на средбата со премиерот Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи Живковиќ, пријателски, во новиот дух, не' информираа дека имаат информации од своите служби оти во Македонија се спрема бунт на Албанците. Ни посочија 10-ина села во Македонија каде што има оружје или организирани групации. Тој момент, таа пријателска информација долго и многупати сум ја анализирал и апсолутно сум убеден дека тогашното ново српско раководство на чело со господин Ѓинѓиќ не стои зад таа операција...
вс.
Quote:...дека ќе дојде до бунт на Албанците од поголеми размери. Гарантирам дека ниту усно ниту писмено како премиер никој не ме предупреди оти се подготвува поголема оперативна акција во Македонија...


Icon_questionIcon_question


а како заокружување, Милошевиќ и Самарас вс. ЉуБчо:

Quote:ГРЦИЈА И СРБИЈА ЌЕ СЕ ГРАНИЧАТ

Веднаш по средбата Милошевиќ - Самарас во Белград, каде што српскиот шеф по вечерата на својот гостин му ја покажал картата на Балканот со зборовите: „Погледни овде, во центарот на ФИРОМ и посебно во Тетово и околните делови живеат над 150.000 Срби, а не 40.000 ако што објавува пописот“. „Дали мислите дека во одреден момент тие би се придвижиле на друга локација? Прашал Самарас. „Ќе се покренат. И не само тие туку и илјадници други Срби што живеат на север, ќе тргнат на југ, кон Скопје, кон грчката граница. Србија и Грција ќе имаат заедничка граница“, одговорил Милошевиќ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22114

Quote:...Георгиевски смета дека Македонија ја има пропуштено шансата за поделба и за размена на територии и население и дека сега дури и тоа зависи само од Албанците. Потекстот е дека Албанците сега не ја сакаат поделбата (не кажа дали во 2001 - тоа го прифаќале), односно дека тие ја сакаат Македонијаа цела за себе...

http://www.inpress.com.mk/default.asp?It...10E9659EE2

стварно незнам каков извод да си направам - дека Милошевиќ е поголем ВМРОвец од ЉуБчо ???
(This post was last modified: 28-10-2010, 08:49 PM by toni_a.)
28-10-2010, 08:46 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#23

(28-10-2010, 08:46 PM)toni_a Wrote: ги исклучувам официјалните „предупредувања„ те. најави, тоа време, од СДС...

па поставувам две спротивставени изјави од истото (види погоре) интервју - ЉуБчо вс. ЉуБчо:

Quote:...При посетата на Белград во почетокот на 2001 година, која беше резултат на вонредна покана, на средбата со премиерот Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи Живковиќ, пријателски, во новиот дух, не' информираа дека имаат информации од своите служби оти во Македонија се спрема бунт на Албанците. Ни посочија 10-ина села во Македонија каде што има оружје или организирани групации. Тој момент, таа пријателска информација долго и многупати сум ја анализирал и апсолутно сум убеден дека тогашното ново српско раководство на чело со господин Ѓинѓиќ не стои зад таа операција...
вс.
Quote:...дека ќе дојде до бунт на Албанците од поголеми размери. Гарантирам дека ниту усно ниту писмено како премиер никој не ме предупреди оти се подготвува поголема оперативна акција во Македонија...


Icon_questionIcon_question

Јас разбрав дека такви информации не му дале нашите служби...
----

Мене најмногу ме интересира кој стои позади сето ова што се случува изминативе денови. Павле Трајанов вели дека ова е против власта, а можеби стојат и српски служби. Зошто на српските служби би им одговарало да падне Груевски? За да има компрмис со Грција и Македонија да влезе во НАТО и ЕУ?! Но, нели тие цело време дејствувале Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО?! Или овие досиеа доаѓаат од ’реформираните Срби’ под контрола на САД?

Ама ништо не ми е јасно... Tuktuk0ni

28-10-2010, 10:06 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#24

излегува следново, дека:

(скоро) сите релевантни групи и партии кои фигурираат во Македонија, едни од други - независно и засебно, одработуваат свој дел од ИСТИОТ (поголем) план/проект!

секој дел од планот, сам по себе, не ја издава крајната цел/исходот!
тоа на прв поглед е невозможно, а е воочливо само од сумата која ја образува.
Честопати е многу потешко да се согледа и разбере целина, за разлика од детаљи!

Најважното прашање: Дали партиите во Македонија (особено раководствата) свесно и намерно одработуваат, или воопшто немаат претстава што и за кого одработуваат?



„Целината претставува повеќе од збирот на своите делови“
Аристотел
28-10-2010, 10:08 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#25

(28-10-2010, 10:06 PM)acko Wrote: Јас разбрав дека такви информации не му дале нашите служби...

пази,он ништо не исклучи во тврдењето:

„...но не сум прочитал сериозен извештај во кој која било служба ќе ме предупреди дека ќе дојде до бунт на Албанците од поголеми размери. Гарантирам дека ниту усно ниту писмено како премиер никој не ме предупреди...“

наспроти:
-вонредна покана
-премиерот
-министерот за внатрешни работи
-во Македонија се спрема бунт на Албанците
-оружје или организирани групации

го предупредил ли официјално НЕКОЈ или НЕ?
(This post was last modified: 28-10-2010, 10:25 PM by toni_a.)
28-10-2010, 10:21 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#26

Quote:Дали Вие како премиер сте слушнале за псевдонимот Ибар?

- Не, морам да ви кажам дека првпат слушам. Сега често се оди со насловите дали Србија практично ја организирала војната во Македонија. Ако се потврди веродостојноста на досието, очигледно ќе биде дека Србија била сериозно замешана во македонската криза во 2001 година. Но, прашувам која Србија? Затоа сметам дека и Србија треба да биде дополнително заинтересирана за својот имиџ во расчистувањето на оваа афера. При посетата на Белград во почетокот на 2001 година, која беше резултат на вонредна покана, на средбата со премиерот Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи Живковиќ, пријателски, во новиот дух, не' информираа дека имаат информации од своите служби оти во Македонија се спрема бунт на Албанците. Ни посочија 10-ина села во Македонија каде што има оружје или организирани групации. Тој момент, таа пријателска информација долго и многупати сум ја анализирал и апсолутно сум убеден дека тогашното ново српско раководство на чело со господин Ѓинѓиќ не стои зад таа операција. Напротив, претпоставувам дека старите удбашки структури и нив ги информирале дека таква работа ќе се случува во Македонија. А нивна цел, според мене, била да запалат се' што може да се запали за да може полесно да се спасат. Сметам дека и тогашното српско раководство било дел од нечија игра, од нечии кујни на старите удбашки структури.

Како премиер дали добивавте секојдневни билтени од службите за безбедност, ги читавте ли воопшто?

- Можам да ви кажам дека билтени од службите стигнуваа, но не сум прочитал сериозен извештај во кој која било служба ќе ме предупреди дека ќе дојде до бунт на Албанците од поголеми размери. Гарантирам дека ниту усно ниту писмено како премиер никој не ме предупреди оти се подготвува поголема оперативна акција во Македонија.

Тој како премиер може да добива билетени само од нашите служби.

Во првиот одговор зборува за информациите што му стигнале од српски функционери, а далу за извештаиите на нашите служби. Тој ни во еден дел не зборува за јасни информации од било која служба, па и странска.

Да не се разбереме погрешно, немам намера да го бранам Љубчо за 2001, си има тој кривица. Но, битно е тоа дали нашите му дале информации дека Албанците спремат такво нешто или не!

28-10-2010, 11:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Албански Алекса Жунић


Досијеи тајне полиције изазвали политичку кризу међу Албанцима у Македонији, пошто се у једном од докумената наводи да је Али Ахмети, још осамдесетих година, био шпијун тајне службе тадашње СФРЈ, а касније и Србије. Ахметијева странка бесна. Напад на тековине ОВК, сматрају бивши албански герилци.

Лидер Албанаца у Македонији и некадашњи командант македонског огранка Ослободилачке војске Косова Али Ахмети нашао се, последњих дана, у прилично незгодној позицији, због оптужби да је био шпијун југословенске и, касније, српске тајне службе. Ахметијеве невоље изазвала лустрација која је "избацила" досије, кога се на волшебан начин докопао скопски Дневник.
[Image: 2.jpg]
Тајни агент Ибар?


Албанац, под конспиративним именом Ибар, почео је да ради за тајну службу 1980. године, када је у седишту тајне полиције на Бањици суочен са оптужбама које су му гарантовале десетак година робије, али и многим другим прљавштинама, укључујући хомосексуалне и педофилске склоности, наводи скопски Дневник.

"Албански народ неће дозволити шверцерима и отпадницима да омаловажавају понос и светост праведне албанске борбе... Све атентаторе на све што има националну вредност пронаћи ће правда, без обзира на то где се сакрију", навела је Ахметијева странка, позивајући присталице странке да не подлежу бескрупулозним провокацијама.

"Ово што се сада дешава са такозваним досијеима, који су производ лабораторија антиалбанске политике, прешло је све границе лудила", навела је Ахметијева странка.

Улога српских тајних служби у формирању ОВК била је и суштина сукоба Ибрахима Ругове и Хашима Тачија, при чему је некадашњи лидер Демократског савеза Косова до смрти одбијао било какву сарадњу са герилцима, који су, као реванш, у неколико наврата покушавали да га убију.

Ругова је избегао најмање два покушаја убиства, али су агенти тајне службе ОВК, назване ШИК, успели да убију двадесетак функционера његове странке, о чему сада истрагу води Еулекс, који је бившег ликвидатора ШИК-а Назима Блацу произвео у сведока сарадника, у истрази која ће бити окончана до краја године.

Ко су агенти у редовима ОВК?

У досијеу се нигде не наводи име тајног агента, али се као место рођења помиње село Зајас, код Кичева, док забелешке о састанцима са којих је извештавао централу наводе на закључак да се ради управо о Ахметију. Веродостојност тих докумената још није потврђена.
[Image: 1.jpg]
Ахмети током рата

Суочен са таквим оптужбама, Ибар је пристао да сарађује са тајном полицијом, па је био један од двојице агената који су присуствовали тајном састанку у Цириху, на којем је основан штаб Ослободилачке војске Косова. Осим "агента Ибар", састанку је присуствовао и "агент Ујак", при чему се, у досијеу, први наводи као један од напродуктивнијих агената, убачених међу "непријатељску албанску емиграцију".

"На састанку који је одржан у једном стану у близини Цириха били су пристуни Ујак, Џавид Халити, Гафур Елшани, Сејди Геци, Бардуљ Махмути, Халил Селими и наш избор Ибар... На састанку је, како тврди Ибар, било речи о могућим циљевима ОВК на Косову и припремама за устанак у западној Македонији", наводи се у досијеу. Ибар и Ујак су за те информације добили "апанажу" од 7.000 швајцарских франака.

Тајни агент Ибар је од централе добио укупно 167.560 швајцарских франака, 50.000 немачких марака и неутврђен износ у динарима, а од 1983. до 1984. године, служби је доставио око 10.000 корисних информација, па му је признат и радни стаж у трајању од девет година, што је обављено преко "Прогреса" и "Генекса".

За његов ангажман знали су и македонски обавештајци, који су тражили да се тај аранжман настави и током деведесетих.

Током рада за Службу државне безбедности, Ибар је достављао податке о многим лидерима ОВК, укључујући Кадрија Веселија, Џавита Халитија, Рамуша Харадинаја, Агима Чекуа, Јакупа Краснићија, Азема Суљу, Хидајета Хисенија, Рама Бују, Бардуља Махмутија, Емруша Џемаилија и ступио је у контакт са шефом тадашње косовске владе у егзилу Бујаром Букошијем.

Букоши је, по наговору тог агента, на рачуне којима је располагао Ујак, пребацио 230.000 немачких марака и 180.000 швајцарских франака. Агент Ибар је податке које је сакупљао предавао у Крању.
[Image: 3.jpg]
Ибар пратио Харадинаја


Нисам ја

Мислим да ће цела ова хистерија престати. Ми смо опрезни и одговорни и нећемо подстицати конфронтације", рекао је Али Ахмети реагујући на обелодањивање досијеа агента "Ибар".


"Позивамо све грађане да остану умерени и хладнокрвни, али од државних институција и експерата очекујемо да се обелодани истина", рекао је Ахмети. "Зашто би УДБА створила ОВК, залагала се за независност Косова и равноправност Албанаца у Македонији", закључио је Ахмети.

РТС
29-10-2010, 12:49 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#28

Koga izjavata na Ljubco Georgievski ke se sporedi so pisanoto na Jordan Petrovski kade se naveduva postavuvanjeto na Tasa Bogdanovski vo Kumanovo,i negovata bliskost so Tomislav Stojanovski tatko na Dragan Daravelski. Toa govori deka Ljubco Georgievski saka nesto da skrie.A sto toa e golemo prasanje.Dali e
svojata nesposobnost ili nesto drugo.
Eve eden izvadok koj govori za Dragan Daravelski i negoviot odnos kon buntovnicite vo OK Kumanovo na VMRO-DPMNE pisuvana od dr.Jordan Naumov:

Преку односот на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово (условно да ги крстиме како Општински Комитет) многу јасно ке ја покажеме целата ништожност и карактерна беда на нивното сфаќање на водење политика( мора да кажам дека ова многу одговара и на активистите на СДСМ). Ова групација луѓе се создаде од две групи луѓе. Во првата се старите членови( пред изборите 1998 год.), кои се приклонија кон струјата на Драган Даравелски во спорот со интелектуалното крило 1998-1999 год. Се ставија под целосна негова власт и контрола. Не служеа на партијата или на државата, туку лично на својот ГАЗДА. При тоа ги згазија сите човечки и професионални принципи. Во втората група се луѓе кои влегоа по изборната победа. Тие од почетокот се бираа по принципот на негативна селекција. Што си понесоодветен по вообичаените општо прифатени критериуми, толку си посоодветен на ГАЗДАТА.

Vo ovoj kontekst bi go iskoristel sledniot del od noviot tekst na Jordan Petrovski:

Пред се, тоа беше Љубчо Геогриевски како премиер, па потоа со половична одговорност во однос на Љубчо: Љубе Бошковски и Никола Груевски. Првиот, Бошковски, човек кој од прв ден беше во МВР и чија должност беше токму тоа, откривање на странски инсталации во Македонија. Вториот, Груевски, како министер за финансии, под чија директна ингеренција беше ШВЕРЦОТ, т.е изворот на парите со кои беше растурано - односно србизирано ВМРО-ДПМНЕ. Деновиве, нормално потпомогнати со "ОПЕРСКИТЕ" новинарчиња и "ОПЕРСКИТЕ" аналитичари кои се платени да ја истуркаат, како и досега, лажната слика за важните настани, Љубчо Г., Љубе Б. и Никола Груевски глумат „изненаденост“, а виновниците ги бараат на друга страна, а како круна на цинизмот, тие ни се нудат како спасители.
(This post was last modified: 29-10-2010, 01:44 AM by basilius_2.)
29-10-2010, 01:43 AM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#29






29-10-2010, 08:58 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#30

Вечерва во емисијата на Васко Ефтов имаше некој висок бивш функционер во тајната служба на СФРЈ...(бидејќи не го фатив од почеток не му го разбрав ни името)...битно тема беше за поранешната албанска емиграција и инфилтрирањето на Ибар и Вујко во нивните редови...и нивните заслуги за растурање на емиграцијата,и продолжување на кодошењето под капата на американските служби.

Само сега после ова интервју верувам дека луѓето ќе бидат уште по збунети...но јас се прашувам дали ќе има правдина или се ќе остане матно и секое чудо за 3 дена ќе биде!
29-10-2010, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Дали зад љубовта меѓу Груевски и Ахмети стои Белград на Слободан Милошевиќ? 2



Пишува
Никола МЛАДЕНОВ

На почетокот беше Инструкторот и факсимилот за неговото преземање од страна на српските разузнавачки служби кон крајот на 1996 година. Малку подоцна, од минатата недела, се запознавме со Стрелецот и Мама. Денес пред себе имаме уште грст копии од микрофилмуваното досие на Ујка - Дрим, кое го открива и неговиот близок роднина, како уште еден соработник на службите од бившата СФРЈ. Се чини дека последниов е со најголема специфична тежина од квартетот „шпиони“ во највисокото водство на ДУИ. Во наводници, секако, оти сѐ уште не е извршена „верификација на фактите“ од надлежната ни комисија за божемна лустрација!

„ЗАДЊА ПОШТА – БЕОГРАД“!

Имено, посочениот Стрелец бил во надлежност на Службата за државна безбедност при Сојузниот секретаријат за внатрешни работи (СДБ на ССВР) на бившата држава. Мама одработувал за Секторот за информирање и документирање при Сојузниот секретаријат за надворешни работи (СИД при ССНР) и Генералштабот на Сојузниот секретаријат за народна одбрана (ГШ на ССНО). Ујка – Дрим, пак, бил најагилен од сите. Со неговите извештаи се развеселувале во СДБ на Србија, плус СДБ при ССВР, ем контролниот СИД при ССНР!

Сите тројца дале лична изјава за прифаќање на соработката со наведените служби. Стрелецот е во погон од далечната 1979 година, на 37-годишна возраст. Мама се разработила од 1984-та, на 25-годишна возраст. Ујка – Дрим почнал да печали од 1977-та, со неполни 32 години. Доколку сево ова е точно, тогаш најнадежен бил неговиот близок роднина, кој веројатно е заврбуван од Дрим во 1980-та, на 21 година под псевдонимот Ибар. Сите тие биле солидно плаќани за извршените услуги. Покрај наградите за вонредни достигнувања, посочениот Ујка – Дрим стасал до респектабилен месечен паушал од 8.000 германски марки кон крајот на 1989-та година, кој бил редовно исплаќан во југословенски конзулат на тогашната Сојузна Република Германија!

Дрим бил мошне вреден соработник. Доколку документите се точни, тогаш тој испратил речиси 600 извештаи до своите работодавачи, уште кога СФРЈ сѐ уште била во релативно добра здравствена кондиција. Во 1989-та добил пасош со адреса во Белград, а две години подоцна му биле признаени и 14 години и 8 месеци соработнички стаж од српската СДБ. Веројатно заради неговата енергичност во работата, наведениот стаж бил впишан на име на работен однос во загрепска ИНА!

Со оглед на нивниот статус на привремено вработени во странство и честите шетања на нашиве „јунаци“ на релацијата: Македонија – Косово – Словенија – Австрија – Германија – Швајцарија, сите нивни активности биле предмет на взаемно запознавање меѓу нивните работодавачи. Така, на пример, сретнуваме информација дека сојузните служби ги споделувале сознанијата за нив со колегите од Словенија, Косово, Македонија и пред сѐ Србија. Стрелецот делувал на домашен терен, меѓутоа, сите заедно на крајот на Југославија завршуваат на врска со Службата за државна безбедност на Србија. Од она што го имаме пред себе, не гледаме дека македонската служба била сериозно есапена. Како и косовската, впрочем, со која биле викани во моментите кога требало да ги заштитат соработниците од евентуални сомнежи или конечна провала. Оттаму, сосема логично е дека вистинската адреса за комплетните досиеја на споменатиот квартет е Белград. Знаејќи ги односите во бившата држава, тешко може да се поверува дека Србија се откажала од ексклузивното право на најдоверливите информации за сето она што се нарекуваше и гонеше како албански национализам, сепаратизам и иредентизам!

„ТРН“ ЗА АЛБАНЦИТЕ И ХРВАТИТЕ

Службите на сега веќе растурената СФРЈ беа посебно ангажирани во емигрантските кругови, составени од Албанци, Хрвати, Срби, Македонци… на привремен или постојан престој во странство. Југославија беше посебно чувствителна на нејзиниот имиџ во светот, кој се нарушуваше од акциите на непријателски кон неа настроените емигрантски друштва. Во тој контекст е значајна соработката меѓу емигрантите Албанци и Хрвати, кои често пати дејствуваат заеднички на рушењето на СФРЈ.

Од документите, на пример, дознаваме за нивни заеднички демонстрации во Швајцарија и Германија, за Денот на албанското знаме. Но, како службите ги дознавале сите тие работи, заклучно со подробните описи на карактерите на најекспонираните емигранти, сѐ до сексуалните апетити на некоја од нивните сопруги?

Се разбира, за тоа служеле вредните соработници на југословенските разузнавачки служби во туѓите редови. Кој знае колку Дримови имало меѓу емигрантите од сите наши некогашни народи и народности, вклучително и албанската. Тие бил остар трн во нивните стапала. Токму така, како – ТРН, е крстена една акција на „нашиве јунаци“ кон крајот на 1989-та во Штутгард, кога тие до нивните работодавачи го испорачале идентитетот на преку 100 припадници на „усташко-шиптарската емиграција за кои Службата немала податоци дека делуваат непријателски“!

За да се заработат илјадниците германски марки месечен паушал, соработниците на Службата организирале фрлање на солзавец среде демонстрантите, кои се нашле во небрано, па над 60-мина морале да побараат лекарска помош. Тоа, нормално, била ризична работа. Усташките емигранти се посомневале во нивните албански пријатели, па почнале да ги сомничат за доушништво со СДБ.

Но, и за таа болка имало билка. Двоецот Дрим-Ибар бил испраксиран и во контрапропагандното дејствување, па успеале вината да ја префрлат на други Албанци, кои од германската полиција биле осомничени за соработка со југословенските служби!

Слична операција била спроведена и после физичката елиминација на група важни албански емигранти. Соработнициве ги доставиле информациите за нивното движење, тие ја завршиле работата, а за кодошењето осомничиле сосема шестти лица. Како успевале во сето тоа? Со многу мака и помош од газдите во Белград, но, бездруго и со доброто глумење на големи патриоти со „неверојатен нос“ за божемно откривање на агентите од Југославија во нивните редови!

Некој денес може да каже дека овие луѓе навистина се јунаци, оти, ете, успевале да ги оневозможуваат албанските националисти, меѓутоа, таквите треба да знаат дека лудилото на службите во СФРЈ стигна до таму што во 80-тите години од минатиот век, за албански национализам се сметаше и давањето имиња на албанските бебиња вон законски определената листа. Зошто Арбен, на пример, кога Југослав звучи ептен „братство-единствено“!?

Конечно, пред багерот на борците против албанскиот иредентизам се најдоа и високите огради околу албанските куќи. Што мислите, на колку Албанци им се смачила самата помисла да живеат во Југославија, од толку многу „посветените“ и заштитници? Колкумина Албанци со сила се направени непријатели на секоја помисла за соживот и со нивните комшии Македонци?

ПОД ТУЃО ЗНАМЕ

На Албанците бездруго не треба многу да им се објаснува штетното влијание на евентуалниве српски шпиони во нивните работи. Остануваме, значи, ние – Македонците, кои треба да си го поставиме барем логичното прашање: Каква верба треба да се има во луѓе, кои можеби за пари си ги предавале своите браќа по вера и нација? Ако некогаш, во бившата држава, Македонија морала да ги следи замислите на Србија во однос на Албанците, дали и денес може да се однесува така, без да наштети на своите интереси? Времето после распадот на СФРЈ, на најдобар начин покажа дека српските интереси се спротивставуваат на македонските во однос на албанското прашање. Особено илустративен е примерот од 1999-та, кога Милошевиќ сакаше да ја вовлече и Македонија во неговиот судир со НАТО, преку протерувањето на 350.000 Албанци кон нашите граници!

Конечно, да одиме натаму, кон кобната 2001 година, кога никој не можеше ни да помисли на вооружен бунт од албанска страна. Потсетете се, тоа е времето кога опозицијата го обвинуваше Георгиевски за делење на земјата по етничка линија со Џафери. Таман започна позначајното вклучување на Албанците во македонските државни институции, кога – БУМ, Љубчовите Промени беа прекинати со оружјето на „големите Албанци кои веќе не можеле да го трпат славјанскиот терор“!? Претходно, кон крајот на 2000-та, Албанците запукаа и на југот на Србија. Зошто, кога Милошевиќ беше таман срушен, а новата демократска власт во Белград не беше ни седната зад кормилото!?

Очигледно, овие албански операции беа против нивните интереси. Тие го ставија допрва избраниот Ѓинѓиќ во скутот на разузнувачките служби на Милошевиќ, кои не само што не беа демонтирани, туку продолжија да функционираат под закрилата на Коштуница. Кој, впрочем, во Србија и би ги демонтирал, кога, ете, на Албанците не им е доволно само Косово, туку удрија и на српскиот југ, а, богами, и врз питомите Македонци!?

На крајот, овие албански „херои“ направија тројна штета за интересите на сите Албанци во регионот. Прво, го закочија демократското преуредување на Србија, без кое нема нормализирање на српско-албанските односи. Второ, сосема непотребно направија непријатели и од Македонците во подолг период. И, трето, го успорија признавањето на Косово, кое, наместо предвидените 3 години после Кумановскиот договор од 1999-та, се случи во 2008-та и се соочува со огромни проблеми до ден-денешен!

Кому, тогаш, му послужи нивниот „патриотизам“? Се разбира, на српските разузнавачки служби од времето на Милошевиќ, кои купуваа време во битката за Косово, но, и во битката за задржување на власта под палката на Коштуница, насочена против демократските промени на Ѓинѓиќ. Нормално, нивната цел остана непроменета и кон Македонија. Македонците требаше да се држат во постојан страв од Албанците, за спасот да го гледаат во Белград. Очигледно, успеаја во тоа. Скопје не помни дека жените-вмровки било кога порано пееле песни за Косовската битка крај Вардарот, како што пееја лани на нивната партиска прослава!

Кој го, значи, направи тоа, мили браќа ем лични другари? Доколку нашиве досиеја за челниците на ДУИ се точни, тогаш нема дилеми и за 2001-та. Во тој случај, сам по себе се наметнува и заклучокот, дека зад ненадејно родената љубов меѓу Груевски и Ахмети стојат инсталациите на Белград во Скопје од времето на Слободан Милошевиќ.

Како може поинаку да се објасни и односот на Комисијата за лустрација, која не пројави никаков интерес за доставување на „оригиналите“ од наша страна, објавени во минатиот број, кои ги откриваат имињата на нивните можни клиенти!? Навистина, какво е тоа ВМРО, кое не пројавува елементарна љубопитност пред евентуалната можност за откривање на вистината за 2001-та!? Оние што до вчера се колнеа дека нема ни да се ракуваат со терористите на ОНА, денес за жива глава не го даваат ниту единствениот пратеник на ДУИ, осомничен од „лустраторите“ за соработка со српските служби!?

Премногу чуденки, богати, ем прашалници, за толку „големи македонски патриоти“!
10-02-2014, 01:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Telegrafi.com: Али Ахмети бил соработник на југословенската УДБА

[Image: ali2.jpg]


Али Ахмети бил соработник на југословенската УДБА, објавија дел од медиумите на албански јазик. Ова не е прво обвинување од ваков вид за лидерот на ДУИ. Слични обвинувања имаше и пред неколку години кога во т.н. улична лустрација почнаа да се појавуваат наводни досиеја за врвот на ДУИ меѓу кои беше и она на Ахмети. Но, Комисијата за лустрација ги отфрли овие досиеја, а подоцна во судска разврска беа казнети и оние кои според Судот ги фалсификувале досиејата. Но, сега Telegrafi.com тврди дека постојат документи кои покажуваат дека Ахмети навистина бил соработник на УДБА.

Во документот што го објави хуманитарното здружение “Сали Чеку”, со седиште во Швајцарија, според извештајот од 28 јануари 1992 година изработен од страна на Секретаријатот за надворешни работи на СФРЈ, Али Ахмети добил голема сума на пари од југословенскиот конзул М.К. во Женева, Швајцарија, во замена за две видео снимки на екстремни албански активисти на границата меѓу Швајцарија и Франција.

Во извештајот на југословенскиот конзул се вели дека “Ахмети донел две видео снимки кои ги покажуваат албанските терористи како се обучуваат во камп на границата меѓу Швајцарија и Франција.”

Според овој извештај на оваа средба присуствувале Џавит Халили, Џафер Шатри, Фазли Велиу, Реџеп Селими, Фадил Малоку, Бардил Махмути и Сабри Алиу, и извесно лице за кого Али Ахмети рекол дека го носи прекарот “Камен”.

Во извештајот, се вели дека на состанокот бил поканет да присуствува и висок офицер на југословенската армија, но од безбедносни причини не учествувал на средбата.

извор: Telegrafi.com
10-02-2014, 01:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:ИНТЕРВЈУ: ЕНТОНИ ТЕЈТА, ГЕНЕРАЛОТ ШТО ГИ ИЗВЛЕКУВАШЕ УЧКИТЕ ОД АРАЧИНОВО ВО 2001 ГОДИНА

ОНА планираше виетнамски напади врз Скопје

[Image: 5EBB564968E64D45A6DC8DB3765CE90C.jpg]


Американскиот офицер што во Македонија се поврзува со влегувањето со автобуси во опсаденото Арачиново и извлекување на групата на ОНА, денес, 12 и пол години подоцна, иронично, пак е задолжен за автобуси, но како секретар за транспорт на Северна Kаролина, една од најголемите американски сојузни држави. На Ентони Тејта наизменично му се обраќаат како на генерал и секретар, а со него разговаравме во ден кога заедно со гувернерот се мачеше да ги исчисти патиштата на Северна Kаролина од една од постојаните снежни бури. Тејта со задоволство прифати да разговара за своето учество во војната во Македонија и, пред с`, за акцијата во Арачиново, за која вели дека била најтешка во неговата кариера, која потоа го однела во Ирак и во Авганистан.

[Image: 6DD4680394F1FE41834ABA83A3305567.jpg]

Генерал Тејта, како се најдовте во Македонија?

- Јас дојдов во мај 2001 година, еден месец пред битката во Арачиново. Бев командант на Втората бригада на 101. воздушно-десантната дивизија во базата Бондстил на Kосово и имав војници распоредени на македонската граница, како и баталјон што го обезбедуваше аеродромот во Скопје, од каде што дејствуваа моите хеликоптери.

- Ние добивме мисија да ги спречиме герилските активности во Македонија што доаѓаа од Kосово, што беше многу поинакво од старата мисија на бригадата што ја заменивме – да се заштити Kосово од српски напади. Таа задача с` уште беше во сила, но за неа беше задолжена друга бригада, а јас бев распореден на границата со Македонија. Нашиот командант во Форт Kембел сметаше дека има два проблема – обидите на ОВK-ОНА да се инфилтрира во Македонија и да изврши притисок врз македонските власти и српската закана за Kосово. Моја задача беше главно да патролираме по познатите шверцерски канали на границата, од скијачкиот центар Брезовица до тромеѓето на Србија, Македонија и Kосово, кое го викавме кокошкина нога. Знаевме кои се рутите за шверц и имавме распоредено пешадиски и извиднички единици за да го попречиме уфрлањето герилци од Kосово во Македонија. И имавме многу успех во тоа, мислам дека притворивме меѓу 800 и 900 герилци на ОНА, кои ги носевме во притворот во Бондстил, а откривме и неколку складишта на муниција и оружје. Сметавме дека во голема мера ги попречуваме напорите на ОНА, што можеби доведе до нивниот напад во Арачиново. Тие чувствуваа дека нашите напори вршат силен притисок врз нив и мислеа дека мораат што е можно поскоро да направат нешто. Затоа Арачиново за нив беше стратегиска цел, од која можете да го видите цело Скопје, рафинеријата, аеродромот, Собранието и Владата, и с` да ви биде на минофрлачки дострел.

[Image: 9BE53FA2E1305A41B8E1230C0F03E0CA.jpg]

KФОР побара герилците да се преместат

Македонија имаше впечаток дека САД, кои ја предводеа безбедносната мисија на Kосово и имаа одлични односи со косовските Албанци, не направија доволно за да спречат прелевање на војната во Македонија.

- Можеби можевме подобро да работиме со јавноста, за нашите активности што ги вршевме, но во голема мера тоа беа доверливи операции и не сакавме да ги информираме герилците што правиме, бидејќи, едноставно ќе н` заобиколеа. Повремено имавме престрелки меѓу американските сили, нашите патроли, полскиот и украинскиот баталјон и герилците. Имаше збунетост, бидејќи дотогаш нашата цел беше да вршиме притисок врз Србите, а сега требаше да вршиме притисок и врз Албанците. Заробениците фатени на границата ги испрашувавме, нашите разузнавачи ги процесуираа, ги идентификувавме, а некои ги држевме подолг временски период, во зависност од сериозноста на тоа што го правеа, особено ако пукаа врз нас. Ние вложивме херкуловски напор да го попречиме герилското прелевање кон Македонија, особено имајќи предвид дека имаше и бран бегалци, Албанци од Македонија во Kосово, како последица на борбите со македонската војска. Ние апсорбиравме меѓу 50 и 100 илјади бегалци од Македонија. Секако, ОНА сметаше дека се бори за човекови права и тоа доведе до акцијата во Арачиново.

Kако се случи Вие да бидете испратени во Арачиново?

- Пред акцијата во Арачиново бев во Скопје, ја следев офанзивата на македонските сили со хеликоптери, авиони и артилерија и имавме солидни разузнавачки информации што се случува и како напредува борбата. На денот на акцијата добив повик веднаш да дојдам во базата на KФОР во „Газела“ во Скопје, каде што ме информираа дека имаме итна ситуација. Група преговарачи од НАТО, предводени од Питер Фејт, кого го знаев уште од Босна, биле блокирани во Арачиново, каде што беа отидени по барање на македонскиот претседател да разговараат за повлекување на вооружената група. Kомандантот на KФОР побара некој да влезе внатре и да ги премести герилците, кои се согласиле да бидат преместени, но само ако тоа го организираат Американците. Беше потребен доброволец. Никој друг не сакаше да се пријави и јас реков дека ако тоа помогне да се донесе стабилност во Македонија, ќе сториме што можеме. Собравме три чети, две од нив во состојба на готовност со хеликоптери, а со една чета се упативме кон Арачиново. Запревме кај позициите на македонската армија, кои имаа тенкови и артилерија распоредени кон Никуштак. Моите инструкции беа да ги пренесам герилците подалеку од Арачиново и да ги однесам во Никуштак. Не бев сосема убеден колку е тоа паметно, имајќи предвид дека повторно ќе беа оставени спроти позиции на македонските сили. Но, ми беше кажано дека имаме информации оти ситуацијата е многу сериозна, дека герилците успеваат да ги одбранат своите позиции во Арачиново, но дека се при крај со резервите на муниција и храна. Ние ги имавме пресечено нивните линии за снабдување преку планините и сметам дека затоа се согласија со овој предлог.

Евакуиравме 400 герилци

Всушност, командувавте со група герилци?

- Подобро да речеме, беа под мое управување. Но, точно, тоа беше надреална ситуација за мене. Се сретнав со Питер Фејт, кој рече дека имаме договор да ги отстраниме герилците, за македонската војска да може да го обезбеди Арачиново и да ја отстрани заканата за главниот град. За споредба, тоа е како герилска армија да го држи Арлингтон и ги вперила своите оружја кон Вашингтон, преку реката Потомак. Мисијата беше да ги отстраниме оттаму, за борбата да запре. Знаевме дека дотогаш имаше висок број жртви кај македонските сили. Имаше жртви и кај герилците, многу помалку, што е и разбирливо, бидејќи имаа предност како страна што се брани.

Но, велите ќе останеа без муниција по кусо време?

- Немавме јасна претстава за тоа. Сметавме дека се при крај со резервите, бидејќи ефикасно си ја вршевме работата во планините, и мислам дека тоа доведе и до нивното навлегување во Арачиново, но и дека затоа решија да преговараат наместо да се борат до крај. Немаа големи резерви на муниција или на вода и храна. Некои од нив дојдоа само со по една кеса или ранец со куршуми и храна. Kога ја одвоивме нивната муниција на страна, одвај се наполни еден камион. Наредбата ми беше во Никуштак да им дозволиме потоа да ја добијат оваа муниција назад. Можете да замислите дека, ако ги оставевме без муниција, веднаш ќе беа нападнати од македонските сили, па оттаму имавме само наредба да ги однесеме на позиција од која нивните оружја не можат веќе да го загрозат Скопје. Преместивме меѓу 300 и 400 герилци од Арачиново до Никуштак, каде што прво што тие направија - распоредија снајперисти на покривите и минофрлачи и митралези, очекувајќи дека ќе бидат нападнати. Ние имавме проблем потоа да се вратиме во базата.

Се заканија дека ќе го нападнат Скопје

- Тие почнаа да се закануваат со напади врз главниот град, велејќи дека тоа ќе биде своевидна Тет-офанзива, налик на таа во Виетнам. Претседателот на Македонија н` замоли да влеземе во Арачиново, по што јас добив команда од генерал Ралстон, врховниот командант на НАТО. Внатре имаше класична воена сцена, со урнати згради, ракети забиени во земјата како пикада, мртви животни, ранети герилци. Јас влегов со камиони, автобуси и со медицински екипи. Побаравме од герилците да се постројат, се сретнав со нивниот командант Хоџа, низок човек со брада. Го вперив прстот во него, му реков дека немам овластување да ги разоружам неговите луѓе, но ќе мораат да ги испразнат оружјата пред да се качат во моите возила. Му реков да им нареди на своите луѓе да се стават под моја команда - вели Тејта.

Одвај се вративме во базата

Тејта посочува дека неговите единици потоа имале големи тешкотии од Никуштак да се врати во базата:

- Македонската војска не ни дозволи да си одиме, цивили поставија пречки на патот и неколку часа преговаравме да се вратиме по истиот пат по кој дојдовме. Секако набргу почнаа престрелки меѓу армијата и герилците, а ние бевме меѓу нив, но моите војници покажаа неверојатна воздржаност за да не стрелаат врз никого. Јас имав вкупно 70 војници на терен, заедно со возачите на камионите. На крајот моравме да поминеме низ Никуштак и од другата страна на Арачиново. И таму имаше тенковска чета на македонската армија, но најдовме селски пат по кој се извлековме. Веднаш следниот ден македонските сили влегоа во Арачиново и го обезбедија. Со тоа операцијата беше успешна, стратегиската закана за главниот град беше отстранета. Македонскиот претседател се согласи со предлогот од НАТО за разоружување на герилците, операцијата „Неопходна жетва“, во која беа предадени илјадници парчиња оружје. Ова беше тежок период, но македонската Влада и албанското население на Македонија заедно излегоа како победници.

Цветин Чилиманов, Дописник на МИА од Вашингтон



10-02-2014, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:ИНТЕРВЈУ: ЕНТОНИ ТЕЈТА, ГЕНЕРАЛOT ШТО ГИ ИЗВЛЕKУВАШЕ УЧKИТЕ ОД АРАЧИНОВО ВО 2001 ГОДИНА (2)

Немаше знаци дека македонските сили ја пробиваат одбраната на ОНА


[Image: 5EBB564968E64D45A6DC8DB3765CE90C.jpg]

Цветин Чилиманов,
Дописник на МИА од Вашингтон

Герилците од Арачиново беа извлечени откако немаше знаци дека македонската армија напредува, а припадниците на ОНА, чии резерви на муниција почнаа да се намалуваат, дојдоа во ситуација да почнат да напаѓаат со мали групи по улиците на Скопје или да преговараат. Ова во продолжението на своето вчерашно интервју за „Дневник“ го посочува Ентони Тејта, поранешен американски генерал, кој раководеше со операцијата на извлекувањето на групата од Арачиново со автобусите. Во интервјуто тој истакнува дека таквите напади требало да ги изведуваат мали герилски групи од три до пет лица, при што не се знаеше дали цели ќе бидат цивили или објекти.

Македонските власти тогаш инсистираа дека за неколку дена македонските сили можат да влезат во Арачиново.

- Нашето разузнавање не ни го велеше тоа што го велеше вашиот премиер. Ние имавме сознанија дека бунтовниците ги држат своите позиции. Немаше индикации дека македонската армија напредува против одбранбените позиции на ОНА. Дури ние самите моравме да пробиеме некои од барикадите поставени од ОНА за да излеземе од другата страна, беа недопрени. ОНА ги одбиваше тактиките на македонската армија, барем според нашите информации. Но, со намалените резерви на муниција, беа во ситуација или да мораат да нападнат или да преговараат и да постигнат договор.

A како би изгледала таа Тет-офанзива со која се заканувале?

- Зборуваме за 300-400 герилци. Ако навистина планираа да го направат тоа, а нашето разузнавање индицира дека планираа, Тет-офанзивата ќе се состоеше од акции на мали герилски групи, од три до пет луѓе, кои ќе напаѓаа по улиците на Скопје.

Да напаѓаат цивили? Тероризам?

- Не знаеме. Можеби да напаѓаат воени цели, да го нападнат аеродромот, стратегиски локации... Не знаеме. Го спречивме тоа и затоа не знаеме што планирале.

Но, групата во Арачиново беше под опсада. Ова би биле други герилци?

- Ние ја преместивме нивната главна група герилци, но ги имаше уште, кај Брезовица, односно на македонската страна од границата. Оваа група внимателно ја следевме, бидејќи нашите хеликоптери беа на аеродромот во Скопје, а и нашиот стратегиски интерес за безбедноста на Македонија беше од огромно значење. Процената тогаш беше дали сакаме да ризикуваме герилците да станат очајни и да почнат да вршат напади по улиците на Скопје или да го искористиме договорот што го постигна Питер Фејт?

Kакви беа вашите односи со македонските власти?

- Односите беа добри со луѓето на официјалните позиции, но, како што настанот се одвиваше, имаше камери што н` следеа, луѓето се информираа преку телевизија, каде што имаше дезинформации дека Американците дошле да им помогнат на герилците, а всушност дојдовме да им помогнеме на властите на Македонија по барање на претседателот. Иако целата ситуација беше на граница на хаос, уште тогаш проценив дека тоа што го правиме е во полза на цела Македонија. Имаше реална закана за главниот град, герилците беа навистина добро вооружени, но уште колку долго можеа да издржат, не можам да шпекулирам. Изгледаше како да се посветена група борци. Не требаше да дојде до тоа, но спречивме армијата да мора да го нападне Арачиново, спречивме потенцијален напад на улиците на Скопје и дојдовме до мировен договор. Kондолиза Рајс поставуваше многу прашања за операцијата во Арачиново, која многу внимателно беше следена од Белата куќа. Во август и во септември беше „Неопходната жетва“, а веќе потоа во септември се случија нападите врз Њујорк и Пентагон. Ние во ноември бевме прераспоредени и н` подготвија за Авганистан, а потоа и за Ирак.

Една од најтешките мисии

Kога пративте апликација на функцијата што ја обавувате сега, со која сте задолжени за патиштата, автобусите, возовите во Северна Kаролина, дали истакнавте дека имате искуство со транспорт на герилци?

- (се смее) Тоа се подразбира во резимето. Логистиката потребна за ваква операција беше многу сложена и не беше без опасност. Логистиката за мојата сегашна задача, особено со снеговите што ги имаме сега, исто така е сложена. Но, засега тука не сум соочен со престрелки. Сериозно, сум бил на многу мисии во мојата воена кариера, но мисијата во Арачиново беше една од најтешките за мене. Благодарен сум што сите мои војници излегоа без повреди и што македонските војници веќе не претрпеа загуби, а можеа да го преземат Арачиново без да мораат понатаму да се борат за него. Секогаш човек се прашува дали тоа што го направил оставило траен белег. Имавме војници што наместо да бидат со семејствата во САД, служеа во Македонија и во Kосово. Оддалеку ја следам ситуацијата, драго ми е дека има голем напредок. С` уште има тензии во регионот, но многу се напредуваше. Една од работите на кои бевме активни, на пример, беше да се покрене економијата на Kосово, да заживее скијачкиот центар Брезовица. Неколку години откако заминав од Kосово, за време на еден лет, во примерок на „Економист“ видов реклама за купување плацови во Брезовица. Претпоставувам дека состојбата напредува.

Планирате да купите викендичка таму?

- Не, но со задоволство би го посетил регионот.

Не го оправдувам војувањето, но барањата до одредена мера беа разумни

Што мислите за начинот на кој во Македонија беше почната војната? Дали ги прифаќавте образложувањата на ОНА за почнувањето на судирот?

- Од страна на герилците тоа беше навистина тактика на Kлаузевиц – користење на војната за политички цели. Нивните барања, за етнички интегрирана полиција, за користење на албанскиот јазик на факултетите ми изгледаа релативно разумни, не во целост, туку до одредена мера, и мислам дека затоа претседателот ги прифати. Но, тоа беше користење воени средства за да се оствари политичка цел. Дали можело истото да се постигне на друг начин, не знам, но секако не го оправдувам војувањето. Но, таква беше ситуацијата на терен кога ние дојдовме во Македонија, и се справивме на најдобар начин. Војната никогаш не е нешто што го посакуваме, важно е како ќе се справиме со неа. Затоа имавме план да ја запреме што е можно побрзо, со сечење на снабдувачките линии и со преговорите на НАТО. Мислам дека американското присуство на Балканот направи огромна разлика. Служев во Босна, Хрватска, Kосово и во Македонија. Верувам дека тоа што ги запревме војните таму, го обезбедивме мирот, создаде многу подобри услови за напредок на Балканот. Не беше продуктивно за никого да беснеат војни во срцето на Европа. Од стратегиска гледна точка, демократска ПЈР Македонија, како што тогаш н` тераа да ја викаме, односно Македонија како што јас ја викав, е во најдобар интерес на сите. Се случија многу злосторства, двете страни имаа врска со тоа, но сега се оди во добра насока. Се надевам и се молам регионот да оди кон мирен соживот и да ги остави етничките тензии во минатото.

Имаше муџахедини во редовите на ОНА

Дали по 11 септември, по Ирак и Авганистан, САД имаат капацитет да се распоредат повторно на Балканот, ако има потреба за тоа?

- Мислам дека САД апсолутно имаат стратегиски интерес на Балканот, од Грција до Словенија. Стабилноста во тој регион ни е важна, но не знам дали повторно би се распоредиле таму, барем од позицијата како секретар за транспорт на Северна Kаролина не можам да го знам тоа. По мисијата во Арачиново, командантот Хоџа потоа се сретна со мене, по 11 септември, и ми рече дека веќе нема да се борат со САД. Ми рече дека им рекол на муџахедините што беа во неговите редови, ако сакаат да се борат со Американците, да одат тоа да го прават во Авганистан. Му реков фала за предупредувањето.
10-02-2014, 01:19 AM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#35

За избитите албанци по време на Тито нямам данни, но сигурно са много. Избитите македноци също са много. Известно е, че след Сталин и Хитлер, Тито е извършил най-големия геноцит в Европа и е избил голяма част от населението на бивша Югославия. Данните са приблизителни, но са ужасяващи. Ето някои линкове.

1900-2000: A century of genocides
by Piero Scaruffi

Tito (Yugoslavia, 1945-1987) 570,000

http://www.scaruffi.com/politics/dictat.html

Worst genocides of 20th c

Yugoslavia (Tito) 1944-87 1.072 million

http://www.christiantrumpetsounding.com/...urders.htm

After all available indications together, about 3/5 of eliminated ethnic victims in post-WW2 Yugoslavia were Croats, then also partly Hungarians, Albanians, Macedonians, and rarely others.

http://en.metapedia.org/wiki/Konz-Lagers_of_Yugoslavia


[Image: masovni-grobnici.jpg]

Масовните гробници погребани во заборав

http://www.mn.mk/aktuelno/2128-Masovnite...vo-zaborav
14-02-2014, 05:50 PM
Reply