Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕШЕНА ЕНИГМАТА ЗОШТО БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР БИЛ ДОБРЕДОЈДЕН ОД МАКЕДОНЦИТЕ
Author Message
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#1

Тука сакам да споделам некои работи поврзани со Народноослободителната борба кои појаснуваат зошто во Македонија првично немало отпор против бугарската окупација во 1941 година, и како излгедал тој отпор кога започнал. Забележете дека 11 октомври 1941 година никаде го нема во овие извори.

Од книгата „Концизна историја на Југославија“ - Лезли Бенсон, глава „ВОЈНА, ГРАЃАНСКА ВОЈНА И РЕВОЛУЦИЈА“:

Quote:За разлика од катастрофалниот одзив на Косово, Партијата постигнала голем успех во Македонија ставајќи се себеси на чело на тамошното автохтоно партизанско движење и подоцнежното оркестрирање да се додржи до власта. Главниот проблем со кој била соочена Партијата во Македонија била приврзаноста на македонските Комунисти кон Комунистичката партија на Бугарија. Новата насока била зацртана на второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) кога бил афирмиран засебниот статус на македонската нација во рамките на федеративна Југославија. Емисарот на Тито, Светозар Вукмановиќ-Темпо, и неговиот македонски полковник, Лазар Колишевски, успеале да ја капитализираат раснечката антипатија кон софиската власт, која по март 1942 година отпочнала политика на централизирана управа, спротивно на првобитните ветувања дека ќе се почитува автономијата на Македонија. Тие вешто го заматиле прашањето за обединување на трите региони на Македонија — Вардар (југословенски), Егеј (грчки) и Пирин (бугарски) — и на тој начин успеале да ги убедат националистите дека најдобрата шанса за обединување лежи со Југославија, особено во однос на Грција, каде што избила граѓанска војна во декември 1944 година.

Причината за ваквото деликатно маневрирање била што минијатурната Комунистичка партија на Македонија (800 членови во 1943; и само 1.450 на крајот на војната) не била во состојба да диктира услови. Антифашистичкиот совет за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) основано на 2 август 1944 година (годишнина на Илинден 1903) за свој претседател го имало отпорничкиот лидер Методиј Андонов (со прекар „Ченто“), кој предводел фаланга на македонски националисти, и Чентоистите зазеле антисрпски позиции по низа прашања, вклучително и одбивањето да се вратат Србите кои биле протерани за време на војната. Исто така имало забележителна неволност кај Македонците да се борат вон рамките на својатата територија. Единици на македонските Партизани се побуниле доцна во ноември 1944 година кога добиле наредба да заминат за Сремскиот фронт, барајќи наместо тоа да одат на Солун, неприкосновената престолнина на Македонија во очите на приврзаниците на идејата за обединување.
До април 1945 година, кога АСНОМ било реконституирано во Народно собрание на Македонија, Комунистичката партија на Југославија ја ставило состојбата под контрола. Колишевски сега предводел републиканска влада која била преплавена од бран на огромен број нови партиски членови (до тогаш бројката достигнала преку 6.000), делувајќи преку Македонскиот народен фронт. Ченто издржал како претседател на Собранието до март 1946 година, но веќе бил снижен на церемонијална фигура благодарение на бирократската машинерија на владејачката Комунистичка партија. Набргу потоа тој бил осуден на 11 години тешка робија, а неговите приврзаници биле изложени на апсења и ликвидации — меѓутоа останува не јасно колкава била бројката на прогонети.
Меѓутоа, во еден поглед македонскиот национализам изнел проблем кој Партијата не можела да го игнорира: прашањето за статусот на македонскиот јазик. Доколку, како што забележал др. Џонсон, јазиците се педигрето на нациите, тогаш словенското население на Македонија било според секој разумен лингвистички критериум дел од бугарската нација. Кодификацијата на народниот македонски говор, усвоена од АСНОМ како официјален јазик на македонската држава (термин кој го ползувало АСНОМ), била дело на Комисијата за јазик и ортографија, чии што препораки биле официјално усвоени на 3 мај 1945 година. Конструкцијата и ширењето на засебен македонски јазик бил медиумот низ кој требало да се фиксира чувството на македонскиот идентитет. Дијалектите кои биле изберени како норма биле далеку посродни со стандардизираниот бугарски одошто со српскиот јазик, но тоа било беззначајно во однос на неговата политичка намена како средство за креирање на цела национална традиција, во која (како што често е случај на Балканот) прашањето на јазикот било доминантно. Минатото било систематски фалсификувано со цел да се сокрие фактот дека многумина истакнати „Македонци“ се сметале себеси за Бугари, и генерации на Македонци биле образувани согласно со оваа псевдоисторија на македонската нација. Печатот и образованието биле клучни во овој процес на денационализација, говорејќи им на луѓето на јазик кој што тие постепено почнале да го сметаат за нивни мајчин македонски јазик, иако тој совршено се разбира во Софија.
Уставот од 31 јануари 1946 година прогласил Федеративна Народна Република Југославија сочинета од шест конститутивни републики, секоја со право на самоопределување до отцепување. Оваа право било еднакво илузорно како онаа во уставот на Сталин од 1936 година, според кој југословенскиот бил моделиран, бидејќи се сметалло дека петте конститутивни народности (Србите, Хрватите, Словенците, Црногорците и Македонците) се откажале од своите претензии за самостојно битие со тоа што ѝ пристапиле на новата држава преку нивните војнодопски борби. …
Воспоставувањето на уставниот принцип на апсолутна еднаквост помеѓу народите и републиките бил механизмот со кој Партијата се обидела да ги реши старите спорови. Границите меѓу републиките биле замислени едноставно како административни линии, без притоа да се помисли да им се дава вистинска независност. 
11-10-2019, 02:35 PM
Reply
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#2

Извештај на офицерот за врски (падобранец) на претходникот на ЦИА, ОСС (Служба за стратешки дејанија), капетан Ричард Рајнер за активностите на Партизаните во Македонија. Додека ОСС/ОСА (британскиот еквивалент на ОСС) започнале да испраќаат свои агенти во Југославија уште во летото 1943 година, ова била првата мисија на ОСС во Македонија. Технички Македонија била заведена како дел од Србија. Од извештајот можеме да забележиме дека отпорничкото/ослободителното движење во Македонија допрва почнало да се оформува за време на текот на походот опишан во него.

Инаку во првата година од своето делување во заедница со антигерманскиот отпор во рамките на Југославија, Сојузниците (Антанта) соработувале еднакво со трупите на Тито (сместени во централна и западна Босна) и Четниците на Михајловиќ, претежно распоредени во Кордун, Лика и Црна Гора. Ни едните ни другите не повеле некои позначајни борби против окупаторските сили, туку стратешки трупале оружје, муниција и друга опрема која им била доставувана од Американците, со цел да се пресметаат со своите внатрешни ривали на крајот на војната. Титовите Партизани сѐ до конечното повлекување на Германците од Југославија го криеле својот комунистички карактер (впрочем Комунистите сочинувале малцинство во редовите на Партизаните, но поради својата организациона способност успеале да го кооптираат движењето). Озгора, тие биле поитри во смисла што успеле да го убедат Черчил (чијшто син бил еден од падобранците на ОСА пратен кај Партизаните) дека тие биле поактивни во отпорот одошто Михајловиќ, поради што вториов ја изгубил поддршката на Сојузниците во текот на 1944 година. Во децениите кои ѝ уследија на Втората светска војна српското лоби во САД, кое е мошне добро застапено и почитувано во американската десница, извојува признание (медал) за Дража Михајловиќ поради неговите дејства како антифашистички отпорник за време на ВСВ. Впрочем, голем дел од агентите за врски/падобранците на ОСС кои биле испраќани во Југославија за време на ВСВ биле американци од српско потекло. Се прашувам колкаво било влијанието на Михајло Пупин врз сиот овој развој на настаните (блискоста на американската десница со Србите и нивниот пробив во ОСС, која подоцна станува ЦИА). (Види тема за Пупин тука.)

Константа во сите извештаи на сојузничките агенти приклучени на Партизаните е сколноста на Партизаните да лажат и преувеличуваат, која била до толку очевидна, што овие, и покрај непознавањето на јазикот лесно ја воочувале.


Quote:Извештај на капетан Ричард Ф. Реијнер

9 август 1944 до 14 ноември 1944 година

Мојата мисија „ABBEVILLE“ што беше под командата на британскиот генералштаб во Бари, Италија и беше формирана да снабдува материјални средства до Партизаните во подрачјето на Македонија, во рамките на градовите Штип, Кочани, Царево Село, Струмица, и Радовиш, и да доставува информации за британското и американското биро во Бари.
Кога пристигнав во Југославија бев втор во командата на мисијата предводена од мајор Скот Дикинскон.
Со цел накратко да допрам на настаните што претходеа на оформувањето на мојата мисија, ќе раскажам за моето пристигање во Југoславија и нашето патешевствие до македонскиот генералштаб. Сето ова ќе биде објаснето во детаљ во извештајот на мајор Дикинскон за неговата мисија „SPIKE.“
Откако бев регрутиран во Каиро од мајор Скот Дикинсон на 1 март 1944 година, заедно се префрливме во Бари на 7 април 1944 година. Во Бари очекувавме дека ќе останеме само неколку дена пред за заминеме за нашата мисија во Македонија.
Нашиот прв обид да влеземе во земјата беше на 25 април 1944 година. Овој обид не успеа поради тоа што нашиот авион мораше да се сврти назад пред да ја допреме нашата отскочна точка поради невреме. Откако се свртевме и се доближивме до Бари бевме пресретнани со противавионски оган, зашто пилотот мислел дека сме над Бриндиси и не се идентификувал. Потоа направивме уште неколку обиди да влеземе во Југославија сѐ до ноќта на 23 јуни 1944 година. Со падобрани слетавме при британската мисија „BURLESQUE,“ предводена од мајор Сондерс. Ова беше лоша ноќ за сите. Мајор Дикинсон се здоби со скршен глужд, наредник Бижиќ со скршена нога, радиоопреаторот Казинаускас, со повреда на грбот при пад од дрвото во коешто беше слетал. Јас слетав неколку миљи вон зоната за слетување и пронајдов извесни Партизани, и подоцна британската мисија. Скокнанавме во Оргулица, што се наоѓа на дваесетина миљи југоисточно од Лесковац, во Србија.
Откако избегавме на Бугарите во потера по планините, го фативме патот за Врање, на околу дестина миљи јужно од Лесковац. Тука се сретнавме со генерал Темпо, од персоналот на маршал Тито, кој само што беше пристигнат од Италија, и беше на пат за македонскиот генералштаб. Ние се придруживме на неговата поворка и тргнавме попладнето на 17 јули 1944 година. По извесни тешкотии, се префрливме преку реката Морава и продолживме надолу кон македонскиот генералштаб, којшто беше сместен на планината што се вика Козјак, околу петнаесетина миљи североисточно од Куманово. Во планините јужно од Врање видовме урнатини од многу куќи што биле запалени од Бугарите и слушнавме сведочења како Бугарите колеле мажи, жени, и деца.
След конференција со генерал Апостолски, челник на македонските Партизани, беше одлучено јас да оформам мисија и да бидеме подготвени за марш во следните седум дена со нова бригада што беше во процес на оформување. Ова беше 23 јули 1944 година. Испратв радио порака со барање за потребната радио опрема, радио оператор, и преведувач, и добив одговор од Бари нешто подоцна дека ќе биде потребно извесно време да се обучи нов радио оператор за да биде подготвен да ѝ се придружи на мојата нова партизанска бригада.
Бидејќи Партизаните беа мошне нестрпливи да ја префрлат оваа нова бригада, Четврта, долу во нејзиното подрачје и да отпочне да делува и да нарасне на број, мајор Дикинсон реши да ми го даде неговиот радио оператор, Казанаускас, и неговата радио опрема, за да можеме да тргеме следното утро. Ова беше 8 август 1944 година. Ми беше речено дека мојот преведувач ќе ми биде испратен подоцна по патрола, но од низа причини тој никогаш не ми беше испратен.
Изутрината на 9 август 1944 година јас и мојот радио оператор тргнавме со Четвртата бригада којашто броеше околу 150 до 160 души. Исто така во поворката беа припадници на други бригади сместени подалеку од нашата дестинација, планината Плачковица западно од Штип. Имаше вкупно околу 250 души во нашата поворка којашто беше под предводена од командант Боре, началник на Четвртата бригада.
На мене ми беше назначен Партизан што зборуваше сосема малку англиски. Тој бил во САД на неколку години, пред петнаесет или дваесет години. Ми беа дадени и три коњи, со Партизан за секој од нив, откако го убедив командантот дека ќе ми биде потребно да транспортирам радио станица, два акумилатори, генератор, бензин и масло, и нашата лична опрема на еден коњ, како што тој првин сакаше да направиме. Партизаните што ми беа назначени со коњите одлично си ја завршија работата во уредното транспортирање на оперемата до нашата дестинација и за време на покретите низ планините откако почнавме да делуваме на планината Плачковица. Доколку ми беа назначени Партизани какви што видов на мисиите во Србија, сигурен сум дека сета опрема би била оштетена или уништена.
Нашата бригада беше сочинета од три баталјони, секој со по 55 души. Баталјоните понатаму беа поделени на чети со по 15 до 20 припадника во секоја. Сето ова делуваше на костур, организиран за експанзија, зашто очекуваа да им се придружат големи количества на нови припадници по пристигнувањето во нашата нова месност.
Дружината делуваше добро расположена, несомнено поради тоа што беа на пат кон нова територија за да регруртираат за поголема организација.
Го напуштивме македонскиот генералштаб околу 7 часот наутро, и марширавме бргу сѐ до доцна попладне. Тогаш застанавме да се обидеме да најдеме малку храна, бидејќи немавме јадено од претходниот ден. Ни беше потребно подолго време да најдеме места за сите да јадат, но на крајот добивме малку леб, сирење, и кисело млеко. Откако се задржавме во ова село околу два часа, повторно тргнавме. Почнавме да се спуштаме во една долина како што почна да се стемнува. Оваа долина беше само педесет до сто метри широка, така што само штом се спуштивме, повторно почнавме да се искачуваме пак да се движиме низ планините се до околу полноќ. По вообичаеното одење од куќа на куќа барајќи храна, најдовме малку за јадење. Неколкумина од стопаните се расплакаа, кажувајќи ми, иако не зборувавме ист јазик, дека немале храна ни за нив. Наскоро ни беше дадена мешаница од брашно и вода, згреана, полеана со маст. Беше многу тешка за голтање, и имаше непријатен вкус. Беше решено да преноќиме тука, и мојата дружина се смести удобно во еден амбар со слама.
Во изутрината бев разбуден од еден постар човек кој знаеше неколку збора англиски. Тој беше пресреќен што видел Амерканец, зашто тој бил во САД на краток престој пред неколку години. Тој сакаше малку американски алишта, но јас немав што да му дадам.
Сега бевме во планините северно од Крива Паланка, и, како што разбрав подоцна, се обидувавме да се приближиме до патот помеѓу Скопље и Софија, за да можеме да го преминеме во раните ноќни часови, за да можеме да сме што подалеку од патот кога ќе се раздени, за да не бидеме откриени при минувањето.
Ноќта на 11 август допревме до овој пат, и го минавме во фурија, трчајќи, зашто требаше да останеме на патот околу половина миља пред да се префрлиме на другата страна. Бевме на овој пат околу пет минути пред да бидеме откриени од бугарската стража. Тие отпочнаа пушкомитралески огин, а ние скокнавме во ендекот. Јас, по волја на приликата, се одвоив од колоната и се најдов како се приближувам кон Бугарите. Тогаш брзо се свртев и по кратко време повторно ја најдов колоната. Видов дека тие тргнале право нагоре по планината што ни беше на лево. Брзо се искачивме по стрмнината, сред пукотници, остри команди, и без здив. Од околку 22:30 до кај 8 часот изутрина марширавме бргу со по неколку минути почивка. Шест часа од овој марш беше право угорнина. Сега бевме на Осоговска Планина и на границата со Бугарија. Таа ноќ изгубивме само еден војник, кој беше тешко ранет и самиот се уби со рачна бомба наместо да биде фатен заточеник. Како што патувавме низ ноќта можевме да ги видиме електричните светилки во бугарскиот град Ѓуешево под нас. Ова беше само вториот пат да видам електрични светилки откако пристигнав во Југославија. Другиот пат беше кога се обидувавме да ја минеме Моравската Долина. Откако се раздени нашето патешествие стана потешко, и ме зачуди како можевме да ги пренесеме натоварените коњи низ таков груб терен што беше тежок и за пешачење. Од време на време коњите паѓаа, но по извесно влечење и тегнење од по неколкумина Партизани, пак ќе станеа и маршот продолжуваше, иако мошне бавно. Тоа утро застанавме во некоја шума на една стрмна падина.
Попладнето на 12 август тргнавме надолу по планината назад во Македонија. Попат застанавме во едно село да побараме малку за јадење, но очигледно беше дека немаше многу храна. Ги добивме вообичаените леб, кисело млеко, сирење за вкус, и повторно тргнавме штом завршивме. Пак во брз марш, почнав да се прашувам уште колку ќе издржат коњите. Овие луѓе изгледа немаат милост за неми животни и ги работат дури не липсаат. Некогаш се нема избор, и мора така да се третираат од неопходност, но тие често тоа го работеа кога воопшто немаше потреба за такво нешто. Продолживме да маршираме со брзо темпо и околу полноќ ја минавме реката Брегалинца, минувајќи ја реката и патот помеѓу Кочани и Царево Село таа ноќ искачувајќи се високо по планината пред да се раздемни. Сега бевме близу нашата дестинација планината Плачковица. Застанавме во едно мало село да јадеме и да починеме неколку часа. Во ова село бригадата ја отпочна својата кампања за регрутирање со околу еден час песни и говори. Како производ од ова придобивме околу петнаесетина грапави момци Македонци, со што нашата бригада нарасна на околу 175 души.
Нашето патешествие од ова село до Плачковица беше мошне спокојно. На истиот ден, 13 август, се разделивме од другите Партизани коишто продолжија на југ и ја минавме ноќта во селото Митринци.
Во изутрината на 14 август почнавме да се искачуваме по Плачковица. Околку 10 часот беше забележана бугарска патрола неколку планини попреку. Ние продолживме да се движиме кон нив држејќи се под покривката на шумата, и конечно застанавме на планината до онаа заседната од Бугарите. Тогаш почнаа голема комоција и неколку состаноци помеѓу раководството. Еден баталјон тргна, а друг наскоро уследи. Наскоро отпочна битка со митралези, пушки, и минофрлачи. Ми беше речено дека бугарите биле 600 или 700 души, позицијата што ја држеа и од она што видов кога за прв пат ги забележавме, не можеше да има повеќе од 300 души.
На мое зачудување битката наскоро се заврши. Партизаните го освоија ридот што го држеа Бугарите давајќи само четворица жртви и околу шестмина тешко ранети. Партизаните заробија околу осум Бугари, од кои неколкумина станаа полноправни Партизани уште пред да запре пукањето. Кај Бугарите имаше околу осум мртви и немаше тешко ранети, бидејќи овие сигурно биле однесени од страна на нивните другари што се повлекле или пак биле лишени од нивните маки од страна на Партизаните. Сите починати Бугари беа соголени од полезната облека и сѐ друго што беше од некава вредност. Беа запленети околу триесетина пушки, два митралези, муниција, и други дреболии. Она што Партизаните не го сакаа, го запалија. Продолживме, оставајќи ги Бугарите незакопани. Од запленетите алишта беа импровизирани груби носилки за ранетите коишто не можеа да одат. Носејќи го по планините беше мошне напорна задача. Стигнавме до врвот на една планина и тогаш почнавме да ги испитуваме заробениците. Никогаш не ми се разјасни како можеа да проценат кој нема да биде а кој ќе биде добар Партизан, но наскоро неколкумина беа одврзани и се сторија Партизани, припадници на нашата Четврта бригада. Еден беше испратен до Бугарите со предупредувачко писмо од Партизаните. Точната содржина на писмото ми остана непозната зашто мојот преведувач, покрај тоа што не знаеше многу англиски, беше мошне глупав тип. Јас видов дека Партизаните стрелаа само двајца бугарски заробеници. Им беше наредено да легнат близу потокот покрај кој седевме и беа стрелани во главите. Едниот умре веднаш, но другиот не. На оној што умре веднаш му беа испукани уште неколку куршуми, најверојатно колку за вежба, но другиот беше оставен да се помачи. Наскоро и тој умре, а двата трупа останаа непогребани.
Како што почна да се стемнува продолживме со маршот но многу бавно, оти работата беше отежната со носењето на ранетите. Околу три часа подоцна застанавме да преноќиме во едно место што можеше лесно да се одбрани. Преку дента каснавме малку леб и сирење што ги бевме заплениле од Бугарите.
Следниот ден радиоопреаторот Казанаускас се обиде да воспостави контакт со нашиот британски генералштаб во Бари, но безуспешно. Веднаш тргнавме, зашто Партизаните нѐ чекаа за да го исполниме нашиот распоред. Тие повторно застанаа попладнето и ни дозволија одново да се обидеме да стапиме во контакт со мисијата на мајор Дикинсон којашто беше при македонскиот генералштаб. Партизаните имаа порака што сакаа ние да пласираме за нив, зашто тие немаа направено контакт со нивниот генералштаб откако се разделивме. Повторно немавме успех. Сега бевме целосно без храна и работите почнаа да делуваат мошне лошо.
Ноќта на 15 август ја одржавме нашата прва конференција со бригадниот персонал. Јас знаев само неколку збора од нивниот јазик, а тие не знаеа ништо англиски, а мојот партизански преведувач го беше заборавил сиот англиски што го порано го знаел, како што ме извести претходно. Ова испадна мошне комична конференција, со многу гестикулации, пантомима, и слично. На крајот, воглавно разбрав што имаа на ум. Бараа комплетна опрема за сите припадници што ги имаа, и за уште двесте повеќе. Како и обично, сето ова го бараа веднаш. Единствената тешкотија беше што тие не можеа да ми дадат точна локација каде би можеле да очекуваме да ги примиме воздушните пратки. Можев да ја видам потребата за многу опрема, зашто нашите Партизани користеа многу бугарски униформи и опрема, и тоа ќе ги отежнеше понатамошните престрелки со Бугарите, зашто сега беше речиси невозможно да се направи разлика помеѓу Партизаните и Бугарите.
Утрото на 16 август 1944 година појадовме малку леб и сирење што некои од Партизаните го најдоа во селото подолу од нашата позиција. Тргнавме од нашата позиција во 6 часот и почнавме мошне стрмно искачување за време на утрото. Ранетите беа скриени така што Партизаните не беа повеќе успорени носејќи ги на покретот. Подготвував порака за Британците околу опремата што Партизаните ја бараа, работејќи на истата секој пат кога застанувавме да починеме. Повторно застанавме за да можеме да го исполниме нашиот утрински распоред. Успеавме да воспоставиме контакт но операторот на другата страна се одјави известувајќи не дека немал што да ни пренесе, притоа не чекајќи да чуе дали ние имаме порака за нив. Ваквата грешка не може да се оправда и може да предизвика сериозни резултати. Во тој момент на мене ми се изгледаше како мошне сериозна грешка, зашто не бев сигурен дали од распоред до распоред ќе можеме да се вклучиме во етерот. Бугарите воглавно ни ја знаеа местоположбата како и тоа дека бевме малку на број. Нашиот мотор за полнење на акумулаторот не можеше да запали после бројни обиди, оставајќи нѐ само со рачен генератор што им припаѓаше на Партизаните. На ова динамо му беа потребни шест до осум часа вигорно вртење за да може да прозведе доволно струја за еден час на радиото. Со ситуацијата каква што беше, би било невозможно да го одржиме нашиот распоред.
Околу 3 часот попладнето на 16 август Партизаните се најдоа на истата планина со Бугарите. Бугарите овој пат беа побројни од минатиот, и ми беше соопштено дека биле преку илјада на број. И овој пат се посомневав на нивниот збор, но можев да видам дека беа поголема сила од онаа што ја сретнавме на два дена порано. Овој пат Бугарите се движеа во две насоки. Јас почнав да се сместувам во позиција од каде би можел да ја наблјудувам битката, но брзо ми беше наредено да се вратам назад. Бугарите беа сместени на две позиции од спротивната страна на планината од Партизаните. Партизаните контрираа од три насоки, од озгора и од двете страни. Секој маж и жена на располагање беа ставени во акција од што можев да заклучам дека оваа битка не напредуваше еднакво добро како претходната. Ранетите Партизани почнаа да се враќаат назад. Забележав еден момок кој беше погоден од мина. Беше ранет на едното уво, на колкот, и неколку од прстите му висеа. Тој делуваше горд на своите повреди и ми се чинеше дека добива награда наместо третман за неговите рани. Во ниту еден момент не покажа дека има болка.
Како што почна да се стемнува пукањето намали и конечно прекина. 
Почекавме неколку часа да разбереме што ќе прават Бугарите, и кога стана јасно дека се повлекуваат, беше решено да ја задржиме позицијата преку ноќ. Ранетите, бригадниот персонал, и мојата мала дружина сите се собравме на едно мало пространство. Момчето што лежеше до мене беше тешко ранет и офкаше со часови, престанувајќи од време на време да побара вода. Кога се разбудив следното утро ги видов Партизаните како го носат да го погребат, зашто беше умрел во раните утрински часови.
Направивме брза инспекција на бојната зона со бригадниот персонал и лоциравме многумина мртви Бугари и двајца или тројца ранети Партизани кои лежеа во несвест под шумата. Имаше и двајца мртви Партизани кои беа превидени во првата инспекција. Ми беше речено дека околу педесет Бугари биле убиени, а десет заробени. Ги видов сите заробеници, но успеав да избројам само околу дваесет и пет мртви Бугари. Кај Партизаните имаше околу дванаесет мртви и уште толку ранети. Оние што можеа да јаваат беа качени на магарињата што беа запленети од Бугарите, а другите беа ставени на импровизирани носила направени од бугарски униформи.

За време на битката на 16 август видов како неколкумина бугарски затвореници беа ослободени и веднаш ставени во акција на страна на Партизаните и против нивните соборци. На еден Бугарин му беше препишано дека со минофрлач убил шест Бугари кои биле на позиција за којашто знаел дека била заземена од нив. Ова го покажува моралот на бугарската армија во ова време.
Помеѓу мртвите Бугари најдовме труп облечен во цивилна облека. Ми беше речено дека тоа бил Македонец анти-Партизан кого тие го нарекоа Четник. Ова беше прв пат да слушнам за било какво четничко движење во Македонија. Бев пратил порака до Бари на 15 август во која го пренесов барањето за опрема коешто Партизаните го поднесоа како и местоположба за доставување на авио-пратката, ползувајќи поларни координати користејќи го градот Штип како референтна точка. Ова го сторив зашто единствената карта што ја имав беше во размер од милион спрема еден и го ползував овој метод успешно кога бев со мисијата предводена од мајор Дикинсон. Подоцна разбрав дека британската испостава не можела да ја лоцира мојата спадна точка користејќи ги овие кординати.
Од 17 до 20 август бригадата се поместуваше од планина на планина, никогаш не останувајќи на едно место подолго време, криејќи се во шумата. Ранетите беа сокриени. За ова време не добив никаква порака од Бари што би ме известила дали да очекуваме доставка или не. Партизаните стануваа сѐ понестрпеливи и секоја ноќ држеа по една до две конференции со мене, правејќи секакви закани. Јас бев мошне загатнат околу ситуацијата зашто немав слушнато од Бари и не можев да понудам веродостојно оправдание зошто доставката не беше испратена.
Ноќта на 20 и утрото на 21 август бевме во покрет и ни беше речено дека ќе одиме во градот долу во котлината, за кој се мисли дека содржи само мала бугарска полициска сила. Влеговме во овој град Блатец околу 11 часот наутро и откако беа испукани неколку куршуми стана очигледно дека градот е наш, барем за некое време. Тука добивме многу-потребна храна, и ја поставивме нашата радио станица за попладневниот распоред. За време на истиот добивме две пораки кои не беа во нашата шифра, па разбирливо стана очигледно дека имаше збрка помеѓу моите шифри и распореди и оние на мајор Дикинсон.
Кренавме од Блатец непосредно по полноќ и пристигнавме во едно село околу 7 часот наутро. Останавме во ова село до мрак и тогаш кренавме назад кон планините со многу брзо темпо непосредно пред зората. Застанавме близу градот Берово и Партизаните се распоредија во позција да го нападнат градот, којшто беше мошне силно утврден од бугарската полициска сила. На изгрејсонце ми беше речено дека нападот почнал и сите ние влеговме во градот којшто, по двочасовна борба, беше заземен од Партизаните со исклучок на една зграда којашто Бугарите ја бранеа со митралески оган. Двајца или тројца Партизани загинаа и околу петмина беа ранети. Пукањето сѐуште се одвиваше кога ние заминавме со неколкумина заробени бугарски намесници. Партизаните зедоа пари од банката и други дреболии вклучувајќи и мало количество завој за ранетите. Кренавме речиси трчајќи кон соседниот град Владимирово, што ме наведе да помислам дека Бугарите добиваат засилување и дека се впуштаат во потера по нас, но видовме само два германски авиона FW189 со бугарски црн крст на нив. Овие се спуштија мошне ниско и кружеа над нас околу еден час, но ниту фрлија бомби ниту пукаа со митралезите. Останавме во оваа клисура до мрак и тогаш повторно се вративме горе во планините.
Дента на 24 август беше мината повторно во шумата и не се случи ништо освен една тревога кога наидовме на дружина Партизани во бугарски униформи. Сите се растрчаа готвејќи се за борат за своите животи, зашто оваа дружина ни се доближи без да ја забележиме. Ова ме наведе да се сомневам во способноста на нашите стражари. Ноќта се искачивме повисоко на планината.
Утрото на 25 август Бугарите повторно беа забележани на соседната планина. Ситуацијата овој пат беше мошне сериозна бидејќи повеќето од муницијата беше потрошена, особено онаа за шмајзерите, омиленото оружје на Партизаните. Ми беше речено дека Партизаните нема да напаѓаат туку дека само ќе ја држат позицијата и ќе се надеваат за најдоброто, давајќи ми до знаење, секако, колку бескорисен сум бил поради тоа што не сум успеал да ги снабдам со материјалите што ги бараа. Истот ден добивме порака во нашата шифра којашто не стави во повторен контакт со Бари. Јас ги испратив координатите и од мојата карта и од онаа на Партизаните.
Ноќта на 27 август ги примивме првите два авиони со материјали, коишто доставија сѐ што ни беше потребно, со исклучок на медицинските материјали. Медицинските материјали не беа толку ургентно потребни во тоа време. Бев информиран дека сите ранети биле убиени од страна на Бугарите. Местото каде што биле сокриени ранетите Партизани им било обзанането на Бугарите од страна на селаните од едно соседно село. А, одново и одново ми беше кажувано дека македонскиот народ бил обединет во борбата против Оската.
Повторно добивме пратки на 29 и 31 август. Сите три вечери кога добивме пратки, бевме на друга планина. Секој пат моравме како луди да трчаме угоре по планината поради тоа што ја напуштавме приемната зона спротивно на моите настојувања.
Партизаните тргнаа долу во котлината да ја отпочнат нивната регурутерска кампања и не ми дозволија, од некоја непозната причина, да останам назад со неколкумина Партизани како стража и готвачи на огин. Таа ноќ после три часа тешко искачување успеав да ја допрам позицијата за да можам да ги примам авионите. 
По 1 септември регрутите почнаа да доаѓаат во планината каде што бевме сместени. Секој ден доаѓаа по неколку стотици, дури не се собраа преку три илјади на број, додека ние имавме опрема за околу две стотини. Од ова испаднаа околу четири или пет стотини вооружени Партизани да ја контролираат областа. Овие беа поделени во три единици што се движеа во оддлени насоки за да делуваат во областа и да прибираат уште регрути. По 10 септември многу ретко ги видував препоставените на нашата бригада и никогаш не успеав да ги убедам да ме поведат со нив во некој од нивните напади на градовите во нашиот реон. Го имав само радиооператорот да остане назад да се справи со приемот на пратките, што, секако, им беше единствениот интерес во нас. Со мала дружина Партизани останав во планините до 6 октомври 1944 година. Добивме порака од Бари да не очекуваме повеќе пратки зашто областа требала да потпадне под управата на Русите и Бугарите. Се покрена прашањето околу муницијата за британското оружје што Партизаните го поседуваа. Прашањето остана неразрешено.
Додека бевме во планините во септември Германците се движеа во мали единици проследени со поголеми единици што доаѓаа од Грција обидувајќи се да одат на север. Ми беше речено дека кон крајот на октомври во Македонија имало шест германски дивизии и две од нив минале низ нашата област во кон крајот на септември. Овие биле нападнати на различни пунктови од страна на Партизаните, но биле запрени воглавно од бугарските сили кога тргнале кон бугарската граница близу Царево Село. Партизаните немале ниту доволно опрема ниту доволно луѓе за самите да ја запрат оваа војска, но знам дека тие имаа голем удел во разбивањето на Германците што беа во оваа област. Доколку беа способни да се организираат и опремат порано, би можеле да направат многу повеќе.
Германците во овој реон на Партизаните им понудија мировна спогодба, но беа одбиени. За возврат Германците запалија многубројни куќи и згради во областа. Кочани, град од околу осум илјади, беше најтешко погоден. Со околу 75 отсто од зградите што беа уништени Германците убија и мошне голем број на цивилно население. Во градот Берово имаше околу стотина убиени и по толкав број и во низа други градови.
Од фатените заробеници можеше да се заклучи дека Гермаците страдаат од недостиг на материјали и опрема. Тие беа или премногу стари за војници или премногу млади и многумина од нив ги носеа месните опинци од козја кожа, а униформите им беа во мизерна состојба.
Околу 6 ноември последниот окупиран град, Штип, беше ослободен од Гермаците. Ми беше речено дека Германците што преживеале се повлекле кон Скопље.
По правило Партизаните од овој реон не чуваа заробеници, туку откако ги фаќаа веднаш ги стрелаа. Пред капитулацијата на Бугарија Партизаните немаа каде да ги чуваат заробениците затоа што секогаш беа во движење. Еден бугарски полковник што бил одговорен за многу убиства и разрушенија беше однесен назад на местото на злосторот и таму беше убиен. Смртта беше вообичаената казна за злостор, дури и меѓу нивните војници, зашто беше или смрт или никаква казна. Никогаш не видов стрелање на Партизан, но слушнав за случаи каде војници биле стрелани дури и за утаи. Стрелачките водови понекогаш беа сочинети и од машки и од женски Партизани.
Жителите на оваа област страдаа од недостиг на облека, и носеа алишта од домашна изработка. Се чини дека ова беше стара приказна за селаните во планините, но во селата имаа алишта како нашите. Веројатно произведени во Бугарија. Ми беше речено дека било речиси невозможно да се набават алишта во изминатите три години.
Единствените пристојни згради во овој реон беа оние што биле изградени од Србите или Бугарите, најчесто судовите и гарнизоните за нивните војници.
Цивилите во сите овие земји се чини го поднеле товарот на војната, и сега се подготвени за сопствена влада. Партизаните, иако почнаа да делуваат со задоцнение во Македонија се владеачкиот фактор и практично немаат организирана опозиција. Па така луѓето, како целина, се свртеле кон комунизмот со надеж за мир и подобар живот. Има многумина кои се противат на ова. Многубројни анти-Партизани беа донесени и стрелани дури бевме во планините во СЕПТЕМВРИ, и беа оставени во шумата непогребани.
Македонските раководители гледаат напред и се надеваат дека ќе добијат консолидирана Македонија сочинета од она што некогаш се нарекува Јужна Србија, Грчка Македонија, и Бугарска Македонија. Ова би ја дало она што тие ја нарекуваат изворната држава или земја Македонија.
Луѓето тука биле задржани назад со векови од други држави кои владееле со нив и им го попречиле напредокот. Тука има многу малку индустрија. Исто така недостигаат училишта од повисоките одделенија. За да влезат во професија, како медицина, право, или инженерство, овие луѓе треба да одат во странство за да се образуваат. Оттука, како целина, луѓето се неуки и некултурни. Нивните села се купини на нечистотија и сиромаштија, дури и поголемите во долините, каде што луѓето се сметаат за релативно подобро ситуирани.
Како и во останатите партизански територии, луѓето тука очекуваат Русија да им биде водичот. Тие имаат голем восхит за САД и Англија, и делуваат особено заинтересирани во САД зашто голем број на нивни луѓе живеат таму.
Македонскиот народ е силно против било каква влада која на Србија би ѝ дала превласт над нив. Ми беше речено дека ова прашање било расчистено од еден од офицерите на Тито кој рекол дека Македонија може да очекува своја сопствена држава или да биде федеративна република како дел од Југославија. Мое мислење е дека второто ќе биле конечниот исход, но народот како целина сака своја сопствена држава засебна од било чија друга влада.
За ова имаат добра причина, бидејќи нивната земја речиси нема направено никаков напредок и во повеќето области живеат како што се живеело пред стотици години. Имаат долг пат дури да достигнат пожелен животен стандард, експлоатација на природните ресусрси, и образование на нивните луѓе.
Јас и мојот радио оператор бевме евакуирани од Софија на 14 ноември 1944 година.

Ричард Ф. Реијнер
Капетан, Ф.А.
13-10-2019, 03:51 AM
Reply