Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ НА ПОВИДОК Е „РЕКЕТ 3“ НО СЕГА ОД ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,370
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сo милиони евра од европските фондови Лидија Димова поткупувала невладини и луѓе од судството?


04.10.2019

ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата која во вторникот ја најави потпретседателот Александар Николоски.
Стефан Андоновски нагласи дека има сериозни сомненија дека милиони евра од европските фондови се злоупотребуваат преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. За да имате претстава за колкави средства станува збор, само ќе напоменеме дека агенцијата за 2018 година располагала со буџет од приближно 6 милиони евра.
Според него, Власта на СДСМ е корумпирана до коска од највисоките до најниските ешалони на власта, се е заглавено во криминал. Се местат тендери, се рекетира, се ограбуваат буџетски средства, а по се изгледа малку им се парите на македонските граѓани, па решиле да ги пустошат и европските фондови.

Quote:Сознанијата кои ги имаме укажуваат на тоа дека преку сомнителни одлуки на сомнителни евалуатори, едни исти невладини организации постојано добиваат голем дел од колачот, а не останале со куси ракави и луѓе кои биле дел од судската власт. Постојат сомненија дека луѓе инволвирани во целиот процес, толку биле охрабрени што дури и преку електронска пошта барале процент од парите кои би биле доделени за одреден проект, а како противуслуга ја нуделе нивната помош и посредување. Стотици илјади евра на агенцијата се трошени и на сомнителни набавки кои треба да бидат интерес на органите на прогонот.

Наместо националната агенција да работи транспарентно и отчетно, Андоновски вели дека тие ги кријат податоците за резултатите од добиените грантови.

Quote:Имено, резултатите од првиот рок на аплицирање за проектите од клучна акција (КА105) кој што беше до 5, односно 12 февруари 2019 година, Националната агенција во Македонија ги објави на 08 јуни 2019 година. Четири месеци подоцна. На овој начин, на апликантите кои беа одбиени во првиот рок на аплицирање им беше одземено правото своите проекти да ги корегираат и со нив да аплицираат во вториот рок во април.
Само како пример ќе наведам дека Националната агенција на Португалија резултатите ги објави на 6 април, на Финска на 29 март, Националната агенција во Летонија на 19 април. Со жалење констатирам дека истото се повторува и сега во месец август и септември.

Андоновски вели дека во обид да го попречи развивањето на домашниот невладин сектор, директорката на НА – госпоѓа Лидија Димова, од само нејзе познати причини, на нетранспарентен начин ги води сите постапки за доделување на средства на невладини организации. Ненавремено објавените резултати за кои зборуваме ги немаат ниту потребните информации, кои според строгите правила на Еразмус мора да бидат објавени. Во резултатите недостасуваат информации за тоа колку вкупно проекти аплицирале, кои од проектите се на листата за чекање, со колку поени се бодувани аплицираните проекти, како и областите и насловите на проектите. Од прикажаното не може да се види ниту името на проектот, ниту колку бодови имаат наградените проекти.

Quote:За споредба, да ја земеме Националната агенција на нашиот сосед Бугарија која резултатите уредно ги објави на веб страницата на 25 Април, 2 месеци пред македонската НА. Од објавените резултати може да се видат следниве информации: име на организацијата, име на проектот, град, вкупен број на поени кои што ги добил проектот, како и финансиската конструкција на проектот. Графите се поделени на проекти кои се одобрени од страна на НА, проекти кои се на листата за чекање и проекти кои се одбиени. Од анализата која што ја направивме на таков начин резултатите ги објавуваат и НА на: Италија, Финска, Летонија, Хрватска, Португалија. Видовме деновиве имало средба со Португалската НА, па раководството на нашата НА можеле да ги прашаат како се вршат транспарентни распределби на средства.
Но, за разлика од нив, очигледно госпоѓата Лидија Димова и нашата Национална агенција, во желба нешто да скријат, објавуваат само оскудни информации за одобрените средства. Да не забораваме дека Лидија Димова, додека беше во опозиција не престануваше да зборува за транспарентност, отчетност и непартизираност.

Тој прашува дали намерно постојано се доцни со објавување на информациите за да се фаворизираат одредени организации на сметка на останатите?

Quote:Ова доаѓа од фактот што евидентно од нашата анализа е дека 4 од 6-те организации кои во првиот циклус во февруари 2019 добиле грантови само во оваа клучна акција 105, се грантисти од изминатите години на владеењето на Димова, така на пример: Европски Културен Епицентар – Битола (добил 2 грантови), Младинска Алијанса Крушево – Младински сојуз Крушево (3 грантови), Сумнал Скопје (5 грантови) и Мрежа за доживотно учење Тетово (2). Зборуваме за вкупна сума од околу 170.000 евра. Ако побарате информации за овие организации, ќе видите дека дел од нив немаат достапни годишни извештаи, а раководната структура се крие како змија нозе. Ако ги видите пак нивните активисти, ќе видите дека дел од нив беа исклучително активни во т.н. граѓански протести кои го донесоа СДСМ на власт. Табелите со НВО-ата и доделените средства ви ги доставуваме за ваша понатамошна анализа.

Тој потсетува дека во овој случај не се работи за лични пари на госпоѓата Димова, туку за средства на граѓаните на ЕУ, за кои Европската комисија води посебна грижа. Еразмус+ програмата е финансирана од Европската Комисија и за непочитувањето на правилата и нетранспарентноста на нашата НА ќе бидат известени и соодветните органи во Комисијата.
Затоа што ова е само мал дел од скандалозното раководење на НА, прашуваме и:

  1. Дали на овој нетранспарентен начин, Лидија Димова преку НА сака да му наштети на цивилниот сектор во Република Македонија и да се спречи негово слободно развивање без контрола од власта?Дали Националната агенција и доделувањето проекти е директно контролирано од една невладина организација која е блиска до Лидија Димова и до уште неколку пулени на сегашната власт на СДСМ, меѓу кои и министри, заменици-министри и сегашни и поранешни функционери?Дали Националната агенција наместо парите да ги распределува на НВО и образовни институции во крајно спорен процес, троши над 6 милиони денари за себе промоција и маркетинг?Дали Лидија Димова доделува огромни финансиски средства на подобни луѓе од правосудниот свет, со цел корумпирање и нивно придобивање во борбата со политичките неистомисленици?
Време е за одговорност на менаџерите на институциите, заради срамот и омаловажувањето кое и се случува на Република Македонија, особено во областите кои се од интерес на младите а поддржани од Европската Унија. Но кон ЕУ не се оди со празни фрази за блескање и исполнување критериуми а од друга страна со крајно сомничав и нетранспарентен пристап во работењето.




04-10-2019, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,370
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Андоновски: Скандалот со распределбата на парите од ЕУ е спрега помеѓу Арбен Вила и Лидија Димова



[Image: andon.png]
07.10.2019
СДСМ не ги пустоши само парите на македонските граѓани, туку подеднакво алчно се однесува и кон парите на европските даночни обврзници кои треба да бидат наменети за развој на образованието, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Quote:Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции. Конкретно, постојат индиции за спрега помеѓу директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот (Invest in Macedonia) Г-дин Арбен Вила и Директорката на Националната агенција Г-ѓа Лидија Димова во доделувањето на средства за одредени проекти. Сомнежи за нас отвора фактот што г-дин Арбен Вила кон крајот на 2018 година, преку електронска пошта, контактирал училишта од Република Македонија и им нудел посредување при добивање грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за 10 проценти провизија. До нас пристигна email кореспонденција т.е. пораки кои Директорот на оваа државна институција ги праќа до поголем број на училишта во Р. Македонија. Во истите тие тој се претставува како експерт за акцијата КА2 во делот 229 кој има контакти со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во пораката која Г-дин Вила ја испраќа до училиштата ја наведува јасно неговата тарифа од 10% од вкупната вредност на доделениот грант. Овој износ треба да биде уплатен на сметката на негова Невладина организација од Тетово, потенцира Андоновски.

Тој Цитира: Следи договор помеѓу Balkans Mobility Network и вашето школо каде што во случај на секој добиен проект од нашата страна Balkans Mobility Network добива 10% од целокупниот буџет од вашиот тотален буџет. Тие средства ќе бидат префрлани на сметка на Balkans Mobility Network после потпишување на договорот со Национална Агенција и добивање на вашите 80% од средствата после 7 дена (10% провизија).

Quote:Во електронската кореспонденција, се советува и училиштето како да се надминат законските пречки од јавната набавка. Цитирам: „Што се однесува на делот на тендерот и целокупните средства, школото ќе биде орган што ќе избира најповолна понуда за менаџирање на тие средства но секако треба да се имаат предвид и 10 % од целокупниот буџет што мене ми следуваат според договорот. Немаме информација колку училишта наседнале на овој тип притисоци и барања за исплаќање на суми, но имајќи предвид дека се работи за милионски средства, но и високата позиција на г-динот Арбен Вила денес, можеме само да претпоставуваме, истакнува Андоновски.

Андоновски ги постави следниве прашања:
Дали директорката на НА, г-ѓа Лидија Димова и г-дин Арбен Вила неколку пати имале средби во просториите на НА?
Дали овие средби служеле за договарање на листите на грантисти на кои треба да им бидат поделени средства, а каде посредник е г-дин Вила?
Го прашуваме и Јавното обвинителство и ДКСК, дали во овие случаи не гледаат тргување со влијание заради противправно стекнување на корист во рамки на европските фондови, или пак коруптивност во однесувањето на владините функционери?



07-10-2019, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,370
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Македонија

СКАНДАЛ ШТО СЕ ЗАБОШОТУВА: Молк за 7-те милиони за невладината на судијата Нанев од Агенцијата под палка на Димова!

07.10.2019
Националната агенција за европски образовни програми наместо да промовира европски вредности, претворена е во политичка алатка на СДСМ и Зоран Заев, рече вчера на прес конференција Стефан Андоновски од ВМРО – ДПМНЕ.
Наместо да се инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови или на невладини организации блиски до власта или на организации каде фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот прогон на опозицијата и реализација на политичката агенда на Зоран Заев.
Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци!
Во Централен регистар може да се забележи дека невладината организација на судијата Лазар Нанев е организација во која тој е единствено овластено лице, односно лице – раководител. Во организацијата не се спомнати други вработени или други овластени лица за да раководат со нејзините проекти.
За потсетување, токму Лазар Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС во скопскиот Кривичен суд. Исто така, судијата Нанев ги водеше процесите против поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Прашуваме:
Дали судијата Нанев поминува повеќе работно време на овој огромен проект или во својата работа како судија?
Дали на судијата Нанев ова можеби му е награда за прогонот на членовите на ВМРО ДПМНЕ?
Дали ова не претставува корумпирање на еден судија кој добива пари од државна агенција, знаејќи дека судската власт треба да биде целосно независна и одвоена од извршната власт?
Дали постои пракса во која било европска земја, каде Владата доделува пари на некој судија?
Дали ова не е претставува конфликт на интереси и коруптивно однесување на Националната агенција?
Ваквите коруптивни практики се прошируваат и во образовни институции според нашите информации и во Прилеп, Скопје и Битола. Однесувањето на директорката Лидија Димова е скандалозно и недозволиво. Затоа, Лидија Димова мора да понесе одговорност и да биде разрешена од функцијата, а органите на прогонот да поведат соодветна постапка за трошењето на европските пари, рече Андоновски.
Засега, нема никаква реакција по повод овие факти изнесени на прес конференцијата.

ДЕНЕШЕН
(This post was last modified: 07-10-2019, 03:38 PM by ЈорданПетровски.)
07-10-2019, 03:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,370
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Lidija Dimova
am Sonntag

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неоснованите напади врз Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на денешен ден, недела, божем празник за верниците-демохристијани, решија да ја објават 3-та епизода од вмровската сапуница.
Ја следев прес-конференцијата и првично размислував да одговорам институционално на обвинувањата, но сфатив дека тоа е невозможно, зашто таквиот одговар бара другата страна – во случајот ВМРО-ДПМНЕ – да има барем минимум капацитет за да ја разбира програмата што ја спроведува оваа Агенција. Затоа, решив овој одговор да го дадам лично, како Лидија Димова, а не како извршител на функцијата директорка на Националната агенција.
Не можам да сфатам како е возможно една партија која се бори за власт (божем, државотворна) да сака да ја уништи институцијата која со толку многу напори ја вративме на картата на Европската Унија. Оваа агенција стана дел од Европскиот солидарен корпус, од Јужната младинска мрежа, од „Обликувањето на младинската политика“ на Советот на Европа, од истражувачката мрежа Реј, од програмата „Студирај во Европа“ и од иницијата Европската младинска картичка во рок од неполни две години и сега се посегнува по нејзиното уништување само затоа што е извесно дека Република Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори.
Не ми е јасно дали ВМРО-ДПМНЕ очекува да почнам да ги бранам проектите кои ЈАС не ги избрав? Зошто упорно се обидува да ја замајува јавноста дека личноста, а не институцијата одлучува кој проект ќе се финансира. Мене ми е јасно дека во нивно време така се делеле проекти и пари, но европските практики што ги следи институцијата со којашто управувам јас има јасни правила за доделување проекти.
Без намера да звучам надмено, имам предлог за ВМРО-ДПМНЕ. Доста со ваквите обвинувања! Ако навистина имате сомнежи, јас сум ви на располагање за да одговорам на сите ваши прашања поврзани со работењето на Националната агенција.
Многупати досега сте кажеле дека не му верувате на Јавниот обвинител, па ни на Антикорпуциската комисија. Но, дозволете да ве потсетам дека имате уште помоќен инструмент во вашите раце – тоа е Надзорната расправа во Собранието на Република Северна Македонија. Како политичка партија можете кога сакате да ја свикате оваа расправа, а сите поканети сведоци се ДОЛЖНИ да дојдат и јавно да одговараат на прашањата на сите пратеници.
Затоа, ја фрлам ракавицата и ве предизвикувам да организирате Надзорна расправа за Националната агенција. Покажете им на граѓаните дека го имате неопходниот минимум да раководите со институциите на државата со која претендирате да владеете, а јас ветувам дека сите информации ќе ви бидат на располагање. Нема потреба Александар Николоски да се крие зад младиот активист Стефан Андоновски! Конечно, ја отворивте пандорината кутија, сега треба и да ги расчистиме работите !
Ќе завршам во ваш стил – Бидете мажи! Очекувам да го прифатите мојот предизвик! И ветувам дека ако соберете доволно храброст, јас ќе бидам ЖЕНА и ќе си дадам оставка доколку ја докажете мојата вина!
Со почит,
Лидија Димова
08-10-2019, 12:08 AM
Reply