Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ БУГАРИЈА НЕМА ДА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА НОРТМАЦЕДОНИА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Румен Радев свикува итни консултации за Македонија и поканата од ЕУ

September 27, 2019
[Image: -Радев.jpg?resize=696%2C398&ssl=1]

Консултативна средба за билатералните односи на Бугарија и Македонија и очекуваната покана од Европската унија за почеток на преговорите за членство ќе се одржи во понеделник на иницијатива на претседателот Румен Радев.
Средбата, како што јавуваат бугарски медиуми жер биде на тема „Разгледување на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република с.Македонија во контекст на резултатите од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија “.
На средбата покрај шефот на државата Радев, ќе присуствуваат спикерот на бугарскиот парлемент,  Цвета Карајанчева, премиерот Бојко Борисов, вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, шефовите на парламентарните групи, претседателите на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за европски прашања…
Бугарски медиуми потсетуваат дека преговорите на заедничката историја на Бугарија и Македонија неодамна започнаа да забавуваат, а седмата последователна средба на мешовитата Комисија за историски прашања, што се одржа на 13 септември, беше оценета како  најнеусшпешна бидејќи повторно не успеа да сепостигне консензус за прашањето  околу Гоце Делчев.
27-09-2019, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Каракачанов: Не сме подготвени да ја пуштиме Македонија во ЕУ

September 28, 2019
[Image: .jpg?resize=696%2C392&ssl=1]


„Бугарија не треба да каже ‘ да’ за започнување на преговори на Македонија со ЕУ во оваа фаза. ЕУ не може да биде легитимација за неправди, а Бугарија да се користи на суров начин како отскочна даска на раководните тела на Скопје“, вели бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО – БНД, Красимир Каракачанов.
Неговата реакција доаѓа по интервјуто на македонскиот претседател Стево Пендароvски „во кое тој си дозволува да ја злоупотреби историската вистина за потеклото на Гоце Делчев и да даде нејасни сигнали до Комисијата за историски и образовни прашања#, пишуваат бугарски медиуми.
Каракачанов, кој е и вицепремиер, вели дека на 17 октомври Бугарија „не треба да брза да даде зелено светло за започнување преговори со Македонија за членство сè додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Македонија“.
Според него, постапките на македонскиот претседател се спротивни на духот на добрососедството, како и на бугарската цврста позиција дека мора да се забрза напредокот во разговорите за заедничката историја и нејзиното претставување во образовниот систем на соседна Македонија.
Бугарија треба да одлучи дали да ја поддржи Македонија за да постави датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ. Оваа одлука зависи и од секоја земја-членка и од секоја од нив поединечно. Одлуката ќе биде донесена само со апсолутно мнозинство.
Дури и ако само една земја е против тоа, не може да се донесе одлука, јавува News.bg.



Се оди според планот!! Српско-Бугарско-Грчкиот сојуз функционира беспрекорно, само македончето тоа неможе сеуште да го види!
28-09-2019, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Каракачанов со ултиматум: Пратениците на ВМРО ќе го напуштат мнозинството ако ја поддржиме Македонија за ЕУ без договор за историските прашања

September 29, 2019

[Image: karakacanov1t.png]
Красимир Каракачанов
Ако министерскиот совет не го одложи прашањето за членство на Македонија во ЕУ, додека не се исчисти историјата од фалсификати, ВМРО ќе ја напушти владата. Тоа стана јасно од зборовите на вицепремиерот и лидер на партијата ВМРО БНД Красимир Каракачанов во емисијата „Неделата на NOVA“.
Тој ќе посака владата да излезе со такво решение пред 17 октомври, кога претстои Европски совет, на кој лидерите на државите од ЕУ треба да донесат решение за почеток на преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ. Решението може да биде донесено само со апсолутно мнозинство. Дури и само една држава да биде против, решението не може да биде донесено.
Причината не е само изјавата на Пендаровски, туку и целата политика која ја води Македонија. Таа не работи на исполнување на договорот за добрососедство, рече Каракачанов.

Каракачанов изјави дека доколку МС отфрли такво решение, пратениците на ВМРО ќе го напуштат мнозинството.
Лидерот на ВМРО БНД не е задоволен од работата на македонско-бугарската комисија за историски прашања кои покрај другото, треба да се договорат и за Гоце Делчев.



Ако оваа изјава е вистинита и ако Каракачанов опстои на неа тогаш ке ејасно како бел ден дека УДБа работи турбо!
(This post was last modified: 29-09-2019, 10:55 PM by ЈорданПетровски.)
29-09-2019, 09:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Еве го видеото со изјавата на Каракачанов!



29-09-2019, 09:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Се огласи и Зоран Заев: Ги следиме случувањата во Бугарија – едно нешто е сигурно

[Image: zaev.png]

30.09.2091
Можно е брзо да се најде решение на отворените прашања со Бугарија. Ние потпишавме договор во кој прифативме дека имаме заедничка историја, а секако дел од историјата ни е посебна на двете земји, и во тој дух јас верувам дека комисиите ќе изнајдат решение, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијата во Владата одговорајќи на новинарслко прашање за позицијата на Софија кон евроиинтеграцијата на земјава.

-Комисијата е стручна и е направена за да ги дефинира работите. Нашите укажувања се да преземат храбри чекори, чекори засновани на фактите и на вистината, фактите и вистината се јасни и апелираме да се изнајде решение и верувам дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа треба и страната од Бугарија, рече Заев.
Тој верува дека и ова поглавје од историјата ќе биде надминато и информираше дека до сега се решени четири историски периоди со шест или седум значајни личности кои заедно ги чествуваме дел од тие периоди.

-Политички покажаеме и со договорот дека сме за соработка со Бугарија и продолжуваме во тој правец. Верувам дека и ова поглавје од историјата за кое се разговара ќе биде надминато. Целта ни е да го зајакнеме пријателството и добрососедството. Очекувам дека ќе биде најдено брешение. Бугарија е еден од нашите најсилни поддржувачи во ЕУ, а верувам дека тоа ќе го покаже и со одлуката за добивање датум за преговори по 15 години кандидатски статус. Верувам дека нема потреба за загриженост, го примаме алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија. Веќе работиме со комисиите, ќе имаме состаноци и ќе укажеме со конечна цел двете страни да бидат среќни и задоволни при постигнувањето на тоа решение, изјави премиерот Зоран Заев.



Заев јасно порачува дека ке врши силен притисок на Македонските членови на комисијата.
(This post was last modified: 30-09-2019, 02:16 PM by ЈорданПетровски.)
30-09-2019, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



30-09-2019, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Борисов до Македонија: Престанете со пропагандата, немаме поблиски луѓе од вас и сакаме да ви помогнеме
September 30, 2019

[Image: 1.jpg]

Борисов Телефонски Разговор
Првиот човек на ВМРО БНД Красимир Каракачанов се закани дека ќе ја напушти владата во Бугарија доколку Бугарија даде безусловна поддршка за Македонија за почеток на преговори со ЕУ.
Бугарскиот претседател Румен Радев се состана со државниот врв и со бугарскиот премиер Бојко Борисов кој рече дека влезот на Македонија во ЕУ зависи само од нас.
Ние сме братски народи, нека запре оваа братоубиствена војна со пропаганда во Скопје. Немаме поблиски луѓе. Ова е апел за нив. Направивме големи напори. Работиме заедно на многу проекти“, порача Борисов. Според него, ако ја запрат Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, таа ќе остане во историјата откако сите 27 земји ќе ги поддржат.

„Никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот на Македонија во ЕУ. Затоа, го повикувам комитетот да свика брз состанок и да донесе одлука. Потоа имаме 71 инструмент – така се и поглавјата за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ. Нека престанат да играат со историјата и минатото и да се концентрираат на иднината“, додаде Борисов, пренесоа медиумите од Бугарија.

„Нашиот став е јасен – клучно е тие да бидат прифатени во ЕУ. Но, тоа зависи од нив. Тоа не може да се случи на наш трошок, преобликувајќи ја историјата “, истакнал Борисов. Со Обединети патриоти имаме едно мислење за оваа тема. Тие се поцврсти во својата позиција, ние сме помеки, кажал тој.
Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов, исто така, коментираше:
„Владетелите во Скопје нè исмеваат и добиваат на време. Последната седница на комисијата е закажана само еден ден пред состанокот во Брисел, на кој ќе се одлучи да започнат преговори со Скопје “.
30-09-2019, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:„ЛАКИ ЈЕ МАЛО НЕРВОЗАН“

Nikola Gruevski
1 hr ·

4.Ценејќи по изјавата на бугарскиот државен врв, зголемениот ангажман на лобирање на Америка кон земјите кои размислуваа да го попречат добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ дава резултати.
Бугарскиот државен врв, се чини дека ќе го одложи блокирањето на Македонија заради уцената за прифаќање дека Гоце Делчев бил Бугарин и ќе го поврзе со отворањето и затворањето на некои од поглавјата. Тоа е добра вест за Македонија барем на краток рок, но сепак е само одложување. Барањето, уцената и ризикот остануваат.
30-09-2019, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:„Македонски научен институт“ од Софија со 8 услови за членство на Македонија во ЕУ
October 8, 2019

[Image: 1-4.jpg?resize=696%2C523&ssl=1]
Македонскиот научен институт упати осум барања до бугарската влада во врска со претстојната покана за с. Македонија за влез во ЕУ, соопштин претседателот на Инситутот  доц. Проф. Александар Гребенаров.
[Image: 2.jpeg?w=640&ssl=1]
На прес-конференција во БТА (Бугарска телеграфска агенција) тој истакна дека Софија на Скопје треба да му ги постави овие услови:

– да ги признае бугарските корени на мнозинството од населението во историскиот и географскиот регион на Македонија;

– да ги осуди политичките убиства и репресиите врз Бугарите извршени од 1944 година;

- да се сменат учебниците и помагалата во кои променета историската вистина за Бугарите во Македонија;

- да се отстранат натписи на споменици, музејски експонати и други антибугарски содржини;

– да се преиспитаат националните празници против бугарската држава (11 октомври –Н.З.)

– да се запре говорот на омраза кон Бугарите во медиумите;

- да се признае дека службениот јазик според Уставот на Северна Македонија е формиран врз основа на бугарски говори и да им се дадат граѓански и политички права на Бугарите кои се еднакви на правата на другите етнички групи во земјата, пренесуваат денес бугарски медиуми.



Nenene Nenene Nenene
08-10-2019, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Софија се усогласи: Не постојат македонски јазик и „бугарски фашистички окупатор“

Бугарската влада денеска усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“
   
[Image: 18923724_303.jpg]
09.10.2019
Официјална Софија денеска усвои рамка која содржи повеќе од 20 услови кои Северна Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Соопштението од бугарската влада по состанокот започнува со ставот дека „Бугарија го поддржува почетокот на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија“, а под него се наредени серија услови, квалификации и забелешки кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните.
Најпрво, Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа", а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам."

„Реален напредок“

Софија натаму нотира дека „добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати“. Оттука на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 15 октомври ќе се бара целосното исполнување на Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.
Бугарија сега најавува дека ќе ја блокира и првата меѓувладина конференција, со која формално започнуваат преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ, доколку до нејзиното одржување не биде забележан „реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство“.
Под „реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“; нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна С. Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

[Image: 16830641_401.jpg]
Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Следната серија услови се однесува на работата на мешовитата историска комисија. Таа ќе треба да се усогласи за личности и настани од „заедничката историја до 1944 година", а меѓу нив се набројуваат „Гоце Делчев, ВМРО и Илинденското востание“. Откако Комисијата ќе ги усогласи тие ставови, истите ќе треба да се пресликаат на информативни табли и други ознаки на историски и културни споменици. Ќе треба да се договорат и конкретни датуми за одбележување на заеднички настани и личности, но притоа, „политичките претставници, претставниците на државните институции во Северна Македонија, како и медиумите финансирани од државниот буџет“ ќе мораат „да ги засноваат своите изјави и коментари на текстовите кои ќе ги договори Комисијата."

Јазик со ѕвездичка

Третата група услови се однесува на самиот тек на преговорите со ЕУ. Тука, Софија предлага освен Поглавјата 23 и 24 кои се отвораат на почетокот на преговорите и остануваат отворени до крајот на процесот, да остане отворено и Поглавјето 35 (Други прашања), во кое одново се наметнува обврската да се следи почитувањето на Договорот за добрососедство. Клучното барање во овој дел е никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Ова барање финишира со заклучокот дека „треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година."

[Image: 49865522_401.jpg]
Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје на 1 август 2019 година

„Ниту еден документ во процесот на пристапување не може да се сфати како признание од бугарска страна за постоењето на ткн. 'македонски јазик’ различен од бугарскиот“, заклучува бугарската влада.

Историјата во оригинал

Кога ќе дојде на ред Скопје да ја одржи втората меѓувладина конференција, Софија сака веќе да биде исполнета уште една серија услови. Имено, дотогаш историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои); потоа дотогаш ќе треба „да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани“.
Во следната фаза од преговорите, Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата. Во оваа фаза ќе се бара и „надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумите.
И конечно, исполнувањето на сите овие барања ќе се земат предвид во последната фаза од преговорите, кога Бугарија ќе треба да го потпише и ратификува договорот за членство на Северна Македонија во ЕУ.
10-10-2019, 02:38 PM
Reply
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#11

Способноста на Бугарите да живеат во светот на заблудата е нешто што одамна ги зачудува и светски реномираните научници. Од книгата „Париз 1919: шесте месеци што го сменија светот“:

Quote:Изненадувачки, Бугарите го исчекуваа почетокот на Мировната конференција со опиплив оптимизам. Американскиот претставник во Софија го виде овој нивни став како „чуден“: тие некако се глеаа себеси како дел од Сојузниците. „Нив им е јасно дека направиле ‘злочин’, како што го опиша премиерот, но откако го признаа овој факт, се чини дека тие помислија дека со тоа е окончано прашањето, и не можат да разберат зошто остануваат непријатни чувства и омраза кон нив од страна на Сојузниците, или зошто било што би ја попречило Бугарија од заземањето на нејзината предвоена улога како ‘Размазеното дете на Балканот’.“ Несмасно, бугарскиот премиер призна дека неговата држава направила огромна грешка со нејзиниот избор да им се придружи на Германија и Австрија: „Бугарија никогаш немаше да влезе во војната доколку знаеше дека тоа ќе значи влез во судир со Англија и Големите сили.“ Бугарскиот народ целото време беше против воената алијанса во која влезе нивната држава, а која им била наложена од „мала банда на бескрупулозни политичари на платниот список на Германија.“ Впрочем, победничките Сојузници ѝ должеле благодарност на Бугарија заради тоа што оваа капитулираше и со тоа го започна процесот со кој се заврши војната.
(This post was last modified: 10-10-2019, 07:12 PM by Црн Душко.)
10-10-2019, 07:11 PM
Reply