Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА, БУНДЕСТАГ:СЕВЕРНАМАКЕДОНИЈА УСЛОВЕНА ПОДРШКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Bundestag für Beitrittsverhandlungen mit Albanien und Nordmazedonien – unter Bedingungen

EURACTIV mit AFP
 2:01
[Image: h_54054179-800x450.jpg]
Der Bundestag stimmt dem Beitrittsverfahren nur unter Auflagen zu - vor allem in den Bereichen Justiz und Grundrechte gab es Bedenken. [EPA-EFE/David Hecker]




Der Bundestag ist mit der Aufnahme von EU-Beitrittsverhandlungen mit Albanien und Nordmazedonien zwar grundsätzlich einverstanden, stellt mit Blick auf das weitere Verfahren aber Bedingungen.
Das Parlament billigte am Donnerstagabend Anträge von Union und SPD, in denen diese auch Bedenken hinsichtlich der Lage in beiden Ländern deutlich machen. Die EU-Kommission hatte die Aufnahme von Beitrittsverhandlungen im Mai empfohlen, eine Entscheidung dazu erfolgte aber noch nicht.
In dem Beschluss zu Nordmazedonien wird der Beitrittsprozess als „ein entscheidender Motor für Reformen und Stabilität in der Region“ gewürdigt. Auch werden erfolgte Reformen in dem Land anerkannt, etwa im Justizwesen und bei der Korruptionsbekämpfung.
Allerdings wird die Bundesregierung aufgefordert, sie solle im weiteren Verfahren „gewährleisten, dass der Rahmen der Verhandlungen so gestaltet wird, dass eine konsequente Fortführung des Reformkurses und vor allem die Umsetzung beschlossener Reformen durch Nordmazedonien sichergestellt sind“. Besonders zu den Bereichen Justiz und Grundrechte müsse die EU „klare Fristen und Ziele vorgeben“.


Целиот текст:Еурактив


Превод на битното:

Quote:Одлуката за Македонија го признава пристапниот процес како „клучен двигател на реформите и стабилноста во регионот“. Реформите се признаваат и во земјата, како на пример во судството и во борбата против корупцијата.

Сепак, Федералната влада е повикана да „обезбеди рамката на преговорите да биде дизајнирана на начин што ќе обезбеди конзистентно продолжување на реформскиот курс и, пред сè, спроведување на усвоените реформи од страна на Македонија“. Особено во однос на правдата и основните права, ЕУ мора да „постави јасни рокови и цели“.



Како се пренсесува одлуката на Бундестагот од Северџанските мегафони!!


Quote:Награда за историскиот успех: Безусловна поддршка од Бундестагот за преговори

Од: Нова ТВ 8:58 am - 27 September 2019

[Image: bundestag1.jpg]

Двете најголеми владејачки партии, ЦДУ и СПД и дадоа поддршка на С. Македонија, а кон неа се придружија и опозициските Зелени и Либерали, популистичката АфД беше против, а Левицата делумно воздржана

Одлуката да се одобри почеток на преговорите со ЕУ за С. Македонија донесе жива дебата меѓу пратениците во германскиот Бундестаг, која на крајот заврши со огромно мнозинство од 476 гласови „За“, 122- „против“ и 16 воздржани.
Како подносители на предлогот, пратениците на владејачките конзервативци и социјалдемократи го поздравија напредокот на Скопје, а притоа во повеќе наврати беше потенциран Преспанскиот договор, но и реформската агенда на владата.
Прв пред говорницата застана пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ кој инсистираше дека земјата ги исполнила сите услови за почеток на преговорите.

нова тв
(This post was last modified: 27-09-2019, 12:55 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2019, 12:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Wrote:Бундестагот изгласа почеток на преговори со С. Македонија и Албанија

Пратениците во германскиот Бундестаг вечерва со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија. За предлогот гласаа и власта и дел од опозицијата
   
[Image: 48207670_303.jpg]
  • Датум 26.09.2019
  • Автор БГ

Со големо мнозинство гласови „За“ пратениците во германскиот Бундестаг дадоа зелено светло за почеток на пристапни преговори на С. Македонија со ЕУ. Поддршка доби и поединечната резолуција за почеток на преговори со Албанија. Во дебатата која траеше нешто повеќе од половина час, пратениците на владејачките ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите изразија поддршка за реформските напори на Скопје и во повеќе наврати го наведоа Преспанскиот договор како големо достигнување за целиот регион. 
Во делот за С. Македонија владејачката коалиција бара да се гарантира дека реформскиот курс и заокружувањето на потребните реформи ќе бидат одржани. Се додава дека С. Македонија мора да преземе дополнителни напори за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, особено во делот на владеењето на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и засилување на институциите за заштита и подобрување на човековите права.
Акциските планови предложени од Европската комисија мора да добијат јасни рокови, чие исполнување треба да биде услов за отворање на нови Поглавја. Бундестагот го задржува правото да го смени својот став доколку утврди дека не се исполнуваат поставените услови за почеток на преговорите.

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ


СЈО веке не постои!!


Quote: Wrote:Безусловна поддршка од Бундестагот за С. Македонија: Награда за историскиот успех

Двете најголеми владејачки партии, ЦДУ и СПД и дадоа поддршка на С. Македонија, а кон неа се придружија и опозициските Зелени и Либерали. Популистичката АфД беше против, а Левицата делумно воздржана.
   
[Image: 43652384_303.jpg]
  • Датум 26.09.2019
  • Автор БГ

Одлуката да се одобри почеток на преговорите со ЕУ за С. Македонија донесе жива дебата меѓу пратениците во германскиот Бундестаг, која на крајот заврши со огромно мнозинство од 476 гласови „За“, 122- „против“ и 16 воздржани.
Како подносители на предлогот, пратениците на владејачките конзервативци и социјалдемократи го поздравија напредокот на Скопје, а притоа во повеќе наврати беше потенциран Преспанскиот договор, но и реформската агенда на владата.
Прв пред говорницата застана пратеникот на СПД, Јосип Јуратовиќ кој инсистираше дека земјата ги исполнила сите услови за почеток на преговорите.
По гласањето, Јуратовиќ за Дојче веле изјаави дека му е „многу мило“ поради успехот на С. Македонија.
„Сите се согласивме дека С. Македонија повеќе не смее да се жртвува. Мислам дека земјата во последните 1-2 години навистина стори многу, и симпатиите тука апсолутно се на нејзина страна“, вели Јуратовиќ.
Срцето на Европа
Во однос на текстот во кој се наведува дека Бундестагот ќе го следи исполнувањето на бараните критериуми, Јуратовиќ објаснува дека тоа не се никакви услови, и дека истото било наведено и во текстот кога се гласало за почеток на преговорите со ЕУ на Црна Гора и Србија.
„Честитки за се што беше направено и благодарност до сите демократски сили во С. Македонија што го овозможија овој момент“, вели Јуратовиќ.
Петер Бејер од партијата на канцеларката Ангела Меркел порача дека со одобрувањето на почетокот на преговорите се испраќа сигнал до сите млади во обете земји да имаат надеж.
„Вториот сигнал е до трети држави како Турција, Русија, Кина, Саудиска Арабија кои не сакаат да доје до приближување до ЕУ. (...) Овој регион е во срцето на Европа и во наш голем интерес е да ги испратиме овие силни сигнали до западниот Балкан“, рече Бејер.
С. Македонија испиша историја
Мануел Сарацин од партијата на Зелените ја критикуваше владата поради поставувањето на дополнителни услови за Албанија и оцени дека „ова требало одамна да се стори“.
„Обете земји ги исполнија критериумите на ЕУ и сега ЕУ мора да си го исполни ветеното. С. Македонија испиша историја со договорот со Грција. Ништо нема да биде подобро ако ги одложиме преговорите. Имаме обврска двете земји да ги третираме фер. Нашата неодлучност и наштетува на перспективата на регионот“, рече Сарацин. 
Либералите најавија дека ќе го поддржат одредувањето датум за С. Македонија, а бараа Албанија да се врати на дневен ред на парламентот дури откако ќе ги исполни дополнителните услови. Нивниот предлог беше одбиен. Пратеникот Томас Хакер од оваа партија оцени дека „С. Македонија со големи напори ги надмина споровите со соседите и спроведува внатрешни реформи." 
„Велиме 'Да' за Македонија денеска, а за Албанија тогаш кога ќе ги исполни поставените услови“, рече тој.
АфД против проширување на ЕУ
За пратеничката група на АфД е неприфатливо приближувањето на обете земји кон ЕУ, како што се покажа подоцна и во гласањето. Зигберт Дрозе од редовите на популистичката партија инсистираше дека ни С. Македонија ниту Албанија не ги исполнуваат Копенхашките критериуми и предлагаше на земјите да им се даде „привилегирано партнерство“.
„Зошто ова брзање. (...) ЕУ не учи од своите грешки и најпрво овие две земји мора да ги исполнат Копенхашките критериуми. Натамошен критериум е институционалната стабилност, а тоа го нема особено во Албанија каде опозицијата го бојкотира парламентот“, рече Дрозе.
Од Левицата, партијата на поранешните источно-германски комунисти, исто така се спротивставија на приближувањето на двете земји кон ЕУ, наведувајќи серија идеолошки причини за тоа: од влегувањето на западните концерни во балканските држави, до недостатокот на економски и социјални критериуми во преговорите со ЕУ.  На крајот на своето излагање, Андреј Хунко од Левица побара да се остават балканските земји да градат подобри односи со Русија.
Уште двајца пратеници на СПД на крајот на дебатата изразија поддршка за Скопје. Пратеникот Метин Хакверди рече дека „двете земји имаат уште долг пат до полноправно членство“. „Погледнете ја картата на Европа и ќе ви стане јасно дека Западниот Балкан е оставен како осамен остров надвор од ЕУ иако се наоѓа во нејзиното срце. Во вистинско време го решаваме ова прашање. Овој ден може да биде историски доколку двете земји ги исполнат задачите и го реализираат патот“, рече Хакверди. Неговиот партиски колега Кристијан Петри оцени дека „ова е добар ден за Европа."
„Колку влади во Европа ќе беа во состојба да спроведат договор како Преспанскиот покрај сите отпори во земјата. Затоа С. Македонија треба да се награди“, рече Петри.
Заокружување на реформите
На крајот беше усвоен предлогот кој во вторникот го усогласија двете владејачки партии ЦДУ и СПД. Во него, покрај пофалбите, меѓудругото се бараат и гаранции дека реформскиот курс и заокружувањето на потребните реформи во С. Македонија ќе бидат одржани. Се акцентира и потребата од преземање дополнителни напори во делот на владеењето на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и засилување на институциите за заштита и подобрување на човековите права. На седницата, како гостин, присуствуваше и вицепремиерот Бујар Османи.


ДОЈЧЕ ВЕЛЕ
27-09-2019, 12:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:МАС: Убеден сум дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да одобрат почеток на преговори со С. Македонија и Албанија
/ 27.09.2019

[Image: hajko-mas.jpg]
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на Бундестагот да даде зелено светло за старт на преговорите за членство на С. Македонија и на Албанија во ЕУ.
Мас оцени дека поддршката од германскиот Бундестаг за отворање на преговорите со Скопје и Тирана е  важен сигнал, пренесе Дојче веле.
– Одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ. Истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат. Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите, изјави германскиот министер за надвореш и работ Хајко Мас.
27-09-2019, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Пак лага!!



Quote:Тимоние: Очекуваме зеленото светло од Макрон за старт на преговорите


27.09.2019 / 14:47
Очекуваме зеленото светло од претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во Битола, а во врска со очекувањата на ставот на Република Франција околу определувањето датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Коментирајќи ја одлуката на германскиот Бундестаг, францускиот амбасадор во земјава нагласи дека секоја држава има свој систем на одлучување.

Quote:Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна, изјави Тимоние.

Додаде дека 27 држави од ЕУ ќе дискутираат, може да се донесат добри одлуки, но тоа значи дека е потребна дискусија, многу дебатирање и многу компромиси.
Францускиот амбасадор Тимоние денеска беше во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.





[Image: image.jpg]



Вакво лажење на медиумоте буди сомнеж дека пак се гради лажна еуфорија!
(This post was last modified: 27-09-2019, 07:43 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2019, 07:42 PM
Reply