Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНСКО СУДСТВО БОРБЕН ОРГАН НА УДБОМАФИЈАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Цензурата на медиумите крунисана со кривична против Митовски

24.09.2019 / 14:05


[Image: Aleksandar-Mitovski.png]
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот http://www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка.
Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази.
24-09-2019, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:МАН: Обвинителот на Заев, Јовески, и официјално гони новинари


24.09.2019 / 15:18


[Image: MAN-makedonska-asocijacija-na-novinari-960x504.jpg]
Денеска до МАН стигна сознание за обвинителен акт против Александар Митовски, новинар – уредник на порталот Инфомакс.мк кој ги објави изводи или дел од сведочења и пријава за кривично дело РЕКЕТ.
МАН изрично бара обвинителството веднаш да ја запре постапката по обвинителниот акт, бидејќи ова го сметаме за еден од најтешките и најбрутални притисоци врз новинарството извршено врз еден медиум од осамостојувањето на Македонија до денес.
Обвинителството не може да се крие позади квалификацијата “оддавање службена тајна” за наведеното сведочење. Текстот кој е предмет на обвинителен предлог е експлицитен пример за јавен интерес кој се појави откако токму јавното обвинителство преку свои изјави криеше факти од постапката за РЕКЕТ, објавуваше лажни податоци дека во исказите не се споменуваат политичари од власта и слично.
Токму објавеното сведочење го демантираше јавното обвинителство и постави прашање зошто ОЈО крие податоци и дава лажни вести.
Ако некој треба да одговара, истрага треба да се поведе против самото Јавно обвинителство кое ги криело податоците и давало лажни информации во јавноста, што е откриено откако е објавен текстот за кој сега го гони новинарот Митовски.
Го повикуваме Судот да се отфрли овој обвинителен предлог против новинарот Александар Митовски од Инфомакс и да го запре ова самоволие на Јавното обвинителство кое треба да одговара за сознанијата од објавениот новинарски текст.
Македонија е на врвот во ЕУ по црна статистика за слобода на медиумите. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни cyдски зaкaни и политички притиcoк, во земјава просекот е фантастични 52%, благодарение на СЈО, а сега и на ОЈО.
За овој прогон известени се ИФЈ и ЕФЈ, а воедно и странските Амбасади во Македонија.
24-09-2019, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Robert Mileski
1hr.

Забеганото СДС Обвинителство покренало обвинение против новинарот Александар Митовски по член 360 став 1 од КЗ, односно оддавање службена тајна, затоа што новинарот ја објави првата страна од изјавата на Камчев во распитот за Рекет!
Прво политичкиот аспект - како не ви е срам да се дрзнете да судите новинари затоа што ја кажуваат вистината пред граѓаните! Тоа е срамно и страшно! Создавате новинарски политички затвореници само затоа што се опозиционо настроени!
Вториот аспект е правниот, добро бе, дали вие имате три грама знаење од правото? Ајде да видиме што вели законот:
Одавање службена тајна
Член 360
(1) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
Што значи ова? Според овој член може да се обвини единствено ЛИЦЕТО ШТО НА НОВИНАРОТ МУ ГИ ПРЕДАЛО МАТЕРИЈАЛИТЕ, оти ТОА лице ја сторило достапна службената тајна на неповикано лице и на јавноста, во случајот новинарот! Новинарот сам немал начин како да стигне до материјалите, оти тие се чуваат во обвинителство и судот! Новинарот само ги презел материјалите од него и ценел дека се релевантни да се објават (добил материјал од свиркач)! Како бе може да сте толку боси и неуки? Како??
Вакво обвинение кон лице кое нема врска со самиот текст на законот и членот 360 став 1 може да прифати како валидно само сдс партиски суд, никако нормален независен суд!
Очигледен е за жал фактот дека обвинителството премина во партиски орган на сдс кој се користи за заплашување и притисок врз секој граѓанин што мисли поинаку од врхушката на власт, посебно за да се замолкне и она малку новинарство кое не е контролирано од сдс или нивните странски партнери.
24-09-2019, 05:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Митовски за Курир: Македонија е на дното на граѓанските слободи, слободата на говор е сведена на илегала


[Image: aleksandar-infomaks-960x500.jpg]

24. септември 2019. @ 19:20
Во Македонија одамна е извршен атентат врз демократијата. Уште во 2015-та кога започна објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори, за кои деновиве слушаме дека биле монтирани, преку процесот за промената на името, двојазичноста, референдумот и начинот на кој се водеа претседателските избори во Сталинистичкиот стил – не е важно кој гласа туку кој брои, изјави за Курир уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски против кого Јавното обвинителство покрена обвинение заради објавување изводи или дел од сведочења и пријава за кривичното дело „Рекет“.

Македонија е на дното на граѓанските слободи, слободата на говор е сведена на илегала. Потегот на ОЈО , иако очекуван, е уште еден доказ дека ја доживуваме епохата на Берија. Оваа социопатска диктатура мора да заврши, што побргу тоа подобро. Јас и “Инфомакс” не се плашиме и нема да се повлечеме од борбата, по ниту една цена. Во оваа насока ги повикувам и колегите да не молчат, туку да застанат во одбрана на слободата на говорот, затоа што мораат да имаат во предвид дека мечката еден ден може да заигра и во нивниот двор, додава Митовски за Курир.
24-09-2019, 08:02 PM
Reply
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#5

ЈорданПетровски
Quote:Митовски за Курир: Македонија е на дното на граѓанските слободи, слободата на говор е сведена на илегала
24. септември 2019. @ 19:20
Во Македонија одамна е извршен атентат врз демократијата. Уште во 2015-та кога започна објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори, за кои деновиве слушаме дека биле монтирани, преку процесот за промената на името, двојазичноста, референдумот и начинот на кој се водеа претседателските избори во Сталинистичкиот стил – не е важно кој гласа туку кој брои, изјави за Курир уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски против кого Јавното обвинителство покрена обвинение заради објавување изводи или дел од сведочења и пријава за кривичното дело „Рекет“.

Не сакам да излезе дека кењам на маките на човеков, но некои работи мора да се кажат зашто се вистина.

Проблемот со Македонија и Македонците е што диктатурата секогаш започнува во мигот кога таа нѐ задира нас лично. Односно според критичарот/оштетениот, диктатурата започнува во мигот кога таа него го клоца меѓу нозете. Сето пред тоа не го интересира. И обратното, кога неговите ќе дојдат повторно на власт, или кога тој ќе се се исценка со Службата, повторно изгрева сонцето на слободата. Затоа не може да се дојде до коренот на проблемот и затоа тој никако да се реши. Во секој момент на вековното ропство на македонскиот народ имало по некој Македонец-квинзлинг за кого владееле демократијата и слободата додека неговите сонародници биле закопувани живи, јаделе бастинадо и биле сурово пљачкани, а неговите сонароднички силувани и палени живи. Диктатурата во Македонија започнала некаде кон крајот на римската управа, а од тогаш до сега владее диктатура на променливи тирани. А причината за тоа лежи во моралната слабост на македонскиот човек, кој само гледа како да ги реши моменталните проблеми без да поразмисли за последиците на тие „решенија“.
25-09-2019, 12:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: image.jpg]
25-09-2019, 10:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



25-09-2019, 12:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ЗНМ: ОЈО да ги гони оние што ги изнеле записниците, а не новинарот што ги објави

September 25, 2019

[Image: .png?resize=388%2C263&ssl=1]

„Начинот и леснотијата со кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за оддавање службена тајна во предистрага против  Александар Митовски од порталот „Infomax.mk” отвора сомнежи за нетранспарентност и селективност во постапката“, се вели во реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија откако вчера ОЈО покрена кривична постапка кон новинар кој даде свој прилог во аферата „Рекет“.
Вчера и Македонската асоцијација на новинарите (МАН) застана во одбрана на Александар Митовски новинар и уредник во Редакцијата на „Инфомакс“.
„ОЈО со обвинителниот предлог го терети Митовски за оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик затоа што на 23 август, 2019 година на порталот „Infomax.mk“ е објавена првата страница од записникот за актуелниот случај „Рекет“.
Обвинителството не треба да ги гони оние што ги објавиле документите, туку личноста која имала пристап до службени тајни и истите ги изнела и ги дала на медиум. Дополнително, случајот на којшто се однесува протечениот документ е високо-профилен што уште повеќе треба да го зголеми притисокот врз Обвинителството да ги употреби сите ресурси и службена легална моќ за да открие како се случило протечувањето. Само на овој начин ќе има гаранција дека во иднина ќе се запазува тајноста на истрагите.
Доколку Обвинителството настојува на продолжување на обвинителниот акт ќе побараме од Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинителниот предлог со цел да се запре постапката. Ваквите судски прогони дополнително можат да создадат негативен ефект врз слободата на говорот и да поттикнат самоцензура, особено за предмети во кои се обвинети јавни личности за злоупотреба на должност и корупција.
Во исто време ги потсетуваме медиумите дека примената на највисоките професионални и етички стандарди се гаранција дека ние новинарите го штитиме јавниот интерес. Новинарите мора да се осигураат дека кога се работи со протечени документи кои имаат потенцијал да нанесат штети врз граѓаните и институциите ќе применат современи методи, меѓу кои: проверка на фактите, правни консултации, формирање на етички комисии од редот на новинарите кои треба да утврдат дали она што ќе го откријат изнесените информации е релевантно за јавниот интерес итн.
Советот за етика во медиумите (СЕММ) само минатата година против порталот „Infomax.mk” има донесено 3 одлуки за прекршување на професионалните и етичките стандарди и објавување дезинформации. Во таа насока, укажуваме доследно да се  почитува Новинарскиот кодекс со цел да се поттикне и оправда довербата на еснафот и пред се граѓаните.
25-09-2019, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Новинарите на протест: Не ни ги апсете облеката и микрофоните!


September 26, 2019
[Image: .png?resize=560%2C350&ssl=1]

„Уапсен“ микрофон со лисици и „заробена“ новинарска облека денеска беа донесени пред Обвинителството, како знак за поддршка на медиумите на протестот во организација на МАН, а против обвиненијата покренати против новинари.
Непосреден повод беше ктривичното обвинение против новинарот Александар Митовски, на „Инфомакс“ за објавување документ поврзан со аферата „Рекет.
ЗНМ, МАН, АВМУ, ја поддржаа слободата на новинарите, кога известуваат во корист на јавниот интерес, и се спротивставуваат на потезите на ЈО.
26-09-2019, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ОЈО: За оддавање службена тајна одговара лицето кое ќе ја објави

Од: Нова ТВ 12:39 pm - 26 September 2019

[Image: ojo1-728x437.jpg]
Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение го појаснува обвинението за оддавање службена тајна кое е поднесено против Александар Митовски од порталот Инфомакс за објавување на првата страница од исказот на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Рекет“, откако новинарските здруженија и медиумски организации реагираа дека   треба да се гони тој што ги изнел записниците, а не тој што ги објавил.
Од ОЈО го цитираат Член 360 став 1 од Кривичниот законик според кој кривичното дело оддавање службена тајна „го сторува тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците кои претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице“, како и ставот 4 од истиот член на Кривичниот законик, каде с енаведува дека „како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени за службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата“.
Според член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител се сметаат за тајна, велат од ОЈО.
Quote:
-Во конкретниот случај обвинението беше поднесено, бидејќи со објавувањето на првата страница од Записникот за прием на кривична пријава изготвен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на интернет порталот http://www.infomax.mk на јавноста и беа сторени достапни податоците што претставуваат службена тајна. Со Записникот за прием на кривична пријава се поведува предистражната постапка и тој записник претставува составен дел од предметот и од обвинителските списи кои што се службени по својата природа. Затоа со објавувањето на записникот е постапено спротивно на член 289 од Законот за кривична постапка.
Јавното обвинителство, како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривичните дела, согласно својата уставна и законска положба, е обврзано да ги гони сите сторители на кривични дела за кои се обезбедени докази на законит начин, како што тоа е направено во конкретниот случај.
Јавното обвинителство, тргнувајќи од уставната и законската поставеност, во целост го почитува начелото на транспарентност за сите предмети кои се од интерес на јавноста и редовно известува за тековното постапување во тие предмети. Но, притоа Обвинителството во целост ги почитува уставно и законски загарантираните права и на осомничените, и на оштетените, како и на сите други учесници во кривичната постапка. Со информирањето за обвинителското постапување не е дозволено да се прекршуваат законските прописи и да се нарушуваат правата на странките во постапката, с евели во соопштението.
Quote:Здружението на новинарите (ЗНМ) вчера преку соопштение порача дека „Обвинителството не треба да ги гони оние што ги објавиле документите, туку личноста која имала пристап до службени тајни и истите ги изнела и ги дала на медиум“, а бидејќи случајот на којшто се однесува протечениот документ е високо-профилен, уште повеќе треба да го зголеми притисокот врз Обвинителството да ги употреби сите ресурси и службена легална моќ за да открие како се случило протечувањето за да има гаранција дека во иднина ќе се запазува тајноста на истрагите.

Доколку Обвинителството настојува на продолжување на обвинителниот акт ЗНМ ќе побара од Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинителниот предлог со цел да се запре постапката, бидејќи како што велат од ЗНМ ваквите судски прогони дополнително можат да создадат негативен ефект врз слободата на говорот и да поттикнат самоцензура, особено за предмети во кои се обвинети јавни личности за злоупотреба на должност и корупција.
Исто така од ЗНМ потсетуваат дека Советот за етика во медиумите (СЕММ) само минатата година против порталот „Infomax.mk” има донесено 3 одлуки за прекршување на професионалните и етичките стандарди и објавување дезинформации, и во таа насока, укажуваат доследно да се почитува Новинарскиот кодекс со цел да се поттикне и оправда довербата на еснафот и пред се граѓаните.
26-09-2019, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Кежаровски: Мене ме апсеше режим, сега има процедура

26/09/2019 10:32

[Image: orce_zapisnik-696x440.jpg]
Записникот од исказот на Орце Камчев што предизвика бура во јавноста

Спречување на слободата на говорот и поттикнување самоцензура или новинарска активност која значи попречување и компромитирање на судска истрага која не може така лесно да се оправда со јавниот интерес. Дали обвинителството треба да ги гони оние што објавиле документи или личноста која имала пристап до службени тајни и ги изнела и ги дала на медиум­?
Вакви и слични дилеми се отворија во јавноста откако обвинителството поднесе обвинителен предлог против новинарот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, за кривично дело оддавање службена тајна. Во поглед, пак, на околностите на кои овој записник е излезен и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството најави дека ќе поведе кривична постапка, ама ако утврди кој е кртот и ако за тоа обезбеди докази.
Новинарските асоцијации и здруженија застанаа во одбрана на Митковски, кој минатиот месец создаде дополнителен хаос околу актуелниот случај „Рекет“ објавувајќи ја првата страница од записникот од сведочењето на бизнисменот Орце Камчев. Од МАН сметаат дека текстот кој е предмет на обвинителен предлог е експлицитен пример за јавен интерес и за денеска најавија протест.
И Здружението на новинари се заложи за слободата на говорот, но сепак потсетува дека примената на највисоките професионални и етички стандарди се гаранција дека новинарите го штитат јавниот интерес. Во својот став ЗНМ посочува и на негативното досие на конкретниот медиум, кој само минатата година од Советот за етика во медиумите (СЕММ) има добиено три одлуки за прекршување на професионалните и етичките стандарди и за објавување дезинформации.
„Начинот и леснотијата со кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинителен акт за оддавање службена тајна во предистрага против Митовски отвора сомнежи за нетранспарентност и селективност во постапката. Обвинителството не треба да ги гони оние што ги објавиле документите туку личноста која имала пристап до службени тајни и ги изнела и им ги дала на медиум. Дополнително, случајот на кој се однесува протечениот документ е високопрофилен, што уште повеќе треба да го зголеми притисокот врз Обвинителството да ги употреби сите ресурси и службена легална моќ за да открие како се случило протечувањето. Само на овој начин ќе има гаранција дека во иднина ќе се запазува тајноста на истрагите“, се вели во соопштението на ЗНМ.
Доколку Обвинителството настојува на продолжување на обвинителниот акт, од ЗНМ ќе побараат од Кривичниот суд да го отфрли обвинителниот предлог со цел да се запре постапката.
Исказот на Камчев кој осамна на „Инфомакс“, а кој го дал во Обвинителството за тоа како, наводно, бил уценуван од Бојан Јовановски и Зоран Милески уште од септември 2018 до април 2019 беше придружен со новинарски текст во кој се цитираат и други детали кои ги нема во објавениот документ. Меѓу другото, се посочува дека во рекетот бил вмешан и премиерот Зоран Заев, а тоа, наводно, јасно се гледало и од исказите на останатите оштетени и сведоци. Она што најмногу загрижувало, како што се додава, е исказот на Камчев во кој, наводно, се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Зоран Милески и Боки Јовановски дека Камчев ги пријавил за рекет. Притоа се споменуваат и неколку други високи функционери, судии и адвокати за наводна вмешаност во скандалот.
Во колумна насловена „Кој и зошто се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата ‘Рекет’“ новинарот кој ја откри аферата, Бранко Героски, укажа и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата.
„Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата ‘Рекет’ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шекеринска, од Фросина Ременски и од другите“, пишува Героски.
Професорката Снежана Трпевска посочува дека во кодексот на новинари не се обрнува внимание на оваа проблематика. „Новинарите мора да имаат слобода во својата работа, но тие имаат и обврска да ги почитуваат професионалните стандарди. Треба да се биде особено претпазлив во вакви случаи кога можете да и наштетите на истрагата па и да доведете одредени лица инволвирани во неа во животно загрозувачка позиција“, вели Трпевска.
Од ЗНМ, пак, порачуваат дека новинарите мора да се осигураат дека кога се работи со протечени документи кои имаат потенцијал да нанесат штети врз граѓаните и институциите ќе применат современи методи, меѓу кои: проверка на фактите, правни консултации, формирање на етички комисии од редот на новинарите кои треба да утврдат дали она што ќе го откријат изнесените информации е релевантно за јавниот интерес итн.
Во мноштвото коментари на социјалните мрежи случајот со Митковски, меѓу другото, беше доведен и во корелација со случајот со Томислав Кежаровски, кој во 2013 беше осуден на 4,5 години затвор бидејќи, наводно, го оддал идентитетот на заштитениот сведок во предметот „Ликвидација“, што тој тврди дека воопшто не соодветствува со вистината. Во 2015 година Апелацискиот суд казната му ја намали на две години, а во мај годинава Врховниот суд ги укина сите пресуди во предметот и ги врати на повторно судење. Меѓутоа, на крајот Обвинителството одлучи дека на Кежаровски нема да му се суди поради застареност на делото, што тој го окарактеризира како „осуда на доживотен затвор“.
„Не гледам како може да се повлече паралела меѓу мојот случај и случајот со новинарот на ‘Инфомакс’. Не сакам ништо повеќе да коментирам. Само ќе прашам дали тогаш беше режим кога по наредба ме уапсија и затворија или сега е режим кога случајот се одвива со запазување на судска процедура“, посочи Кежаровски. (Н.К.)
26-09-2019, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Александар од „Инфомакс“: Сакаме да работиме чесно и достоинствено!
26/09/2019
[Image: aleksandar-mitovski.png]

Александар Митовски, новинарот од „Инфомакс“ против кого е покренато обвинение, денеска се заблагодари на поддршката на протестот и додаде дека мора да се прекинат сите притисоци кон медиумските работници.
„Пред се, сакам да се заблагодарам на сите колеги бидејќи овој протест не е за мене или „Инфомакс“. Сакаме да работиме чесно и достоинствено, како што доликува. Мораме да застанеме сите заедно и да кажеме доста е за сите притисоци. Оваа порака е да се замолчат новинарите, да се укине слободата на говорот, истакна Митовски.
26-09-2019, 02:37 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#13

Апсете ги новинарите за корупцијата да ја терате на раат
Македонската асоцијација на новинари - МАН и редакцијата на порталот Инфомакс, заедно со колеги од други редакции денес протестира пред Јавното обвинителство (ЈО) и кривичниот суд по одлуката на ЈО да отвори кривична постапка против Александар Митевски, главниот уредник на порталот Инфомакс, бидејќи објавиле извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев кој во ЈО во мај годинава пријаил кривично дело рекет во која пријава се спомнуваат осомничените за тоа дело Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски Кичеец како и имиња на политичари од актуелната власт. 
Според ЈО новинарот со објавувањето на делови од исказот на бизнисменот Орце Камчев сторил кривично дело оддавање службена тајна.
Објавувањето на содржината од исказот пред ЈО уследи откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите на пријавителот и сведоците не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат и лажно ја известуваат јавноста со информации дека повеќе лица од политичкиот врв на власта се вмешани директно и индиректно во рекетирањето бизнисмени од скандалот Рекет, односно откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај.  
Како одговор на оваа прозивка и клеветење од страна на обвинителот Јовевски кон новинарите порталот Инфомакс изнесе детали и документи со кои јасно се виде дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски лажел, дека свесно ги штити политичарите од врвот на власта со прикривање информации кои ги теретат и подразбираат и кривична и политичка одговорност од учесниците.
[Image: xaleksandar-mitovski.png.pagespeed.ic.jPpM6U5y6a.jpg]
Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот Рекет. Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците,  Јавното обвинителство реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт. Наместо да ја гони корупцијата и учесниците во неа Јавното обвинителство ги гони новинарите кои објавуваат факти и документи за корупција.[img=696x0]https://vecer.mk/sites/default/files/filefield_paths/xaleksandar-mitovski.png.pagespeed.ic.jPpM6U5y6a.jpg[/img]
Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта. Дека е тоа така потврдата стаса и на денот кога се протестираше за овој настан пред ЈО. Имено, полицијата упадна во редакцијата на порталот Нетпрес и вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудио снимката од кабинетот на секретарот на владата Рашковски од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав. 
Овој коруптивен скандал на владата, персонифицирана во нејзиниот генерален секретар Рашковски, Јавното обвинителство не го обработува ниту благовремено ниту темелно и практично го амнестира Рашковски со притисок врз сведоци и новинари кои објавиле факти и документи како и со заташкување на случајот и пристап кон корупцијата кој однапред е осуден на замижување во однос на обвинение за висока корупција на Рашковски. Соработката ја Јавното обвинителство со актуелната извршна власт и интересите на премиерот Зоран Заев е повеќе од очигледна и извесно е дека еден ден, кога ќе се создадат услови за слободно делување на законот, ќе мора да се бара кривична одговорност од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефот на одделот за организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска. 
 


[Image: xobvinitelot-joveski.jpg.pagespeed.ic.NVMg66IS8M.jpg]
Денес новинарите протестираа пред Јавното обвинителство и кривичниот суд, на бело перниче свечено пред Јавното обвинителство оставија лисици за притвореници кои Јавното обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Пред кривичниот суд, на свечено бело перниче, оставен е микрофон кој судот го одзема заедно со одземање на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор.
Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот Курир, Бранко Геровски во Слободен печат, Ивона Талевска во весникот Вечер...
[Image: x42749-ilija-dimovski-odlukata-na-soveto...CD4-yp.jpg]

 Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми.
Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Инфомакс.
An inch today is tomorrow’s mile.
27-09-2019, 07:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:ЈАНЕВСКИ: Една „мала“ замка која го прави фалшливо обвинението против Митовски од Инфомакс!
/ 27.09.2019

[Image: darko-janevski.png]

Дарко ЈАНЕВСКИ
Да ја оставиме настрана политичката пресметка меѓу заинтересираните актери во „Рекет“ која се одвива и преку медиумите, да ја оставиме настрана и во последно време зачудувачки екстремната, понизна и смешна љубов на „небањатите“ кон северните шарени и „бањатите“, додека дел од овие вториве им велат на првите „цркнете“, а помал дел од нив, сегашните им ортаци, исто така им порачуваат „цркнете“, ама, ајде, од што мораме ќе ве поддржиме, и да го разгледаме правниот дел на Обвинителниот предлог на ОЈО кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
ОЈО го гони заради објавување на првата страница од Записникот од исказот на Камчев кај Рускоска на 2 мај оваа година (имаше и нешто плус како прераскажување), исказ даден отприлика два месеци откако е снимена онаа сцена која ја објави Словенецот Гајсер во Ла Верита со фамозната Луј Витон чанта и милион евра во неа. Во соопштението, ОЈО вели дека го гони Митовски за „оддавање службена тајна“ за што минималната казна е три месеци затвор (со сите алтернативи на таа минимална казна), а максималната казна е пет години.
ОЈО тврди дека според став 4 од член 360 на КЗ, како службена тајна се сметаат „податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени за службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата“.
Кон ова го надоврзува член 289 од Законот за кривична постапка според кој „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител се сметаат за тајна“.
Значи, Обвинителниот предлог, ОЈО го темели на фактот дека со закон (ЗКП) е предвидено дека сите дејствија во предистражната постапка на ЈО се сметаат за тајна. Консеквентно, заклучокот е дека во случајов се оддадени „дејствија на ЈО“.
ЗКП на ниту еден друг начин не ја штити предистражната постапка, ниту ги определува како тајни другите елементи од неа (има претходно некои одредби во делот за „записник“, но тие не се битни за овој случај).
А еве, што се вели во последниот коментар на ЗКП на дузина кривичари, во врска со член 289 од ЗКП:
„Сите активности и дејствија кои ги преземаат надлежните органи во текот на предистражната постапка се прават кога има сознанија кои врз основа на криминалистичкото знаење и искуство може да се оценат како доказ за сторено кривично дело (основи на сомневање), а воедно треба да се почитува и начелото на пресумпција на невиност. Имајќи предвид дека се работи за фаза од постапката во која сè уште се прибираат информации и докази, нивното изнесување може да ја осуети постапката и затоа постои и наведената законска обврска дека сите дејствија во предистражната постапка што ги преземаат јавниот обвинител и полицијата се сметаат за тајна.“
Значи, и овде се потенцираат „дејствијата на ЈО и полицијата“. Со тоа што тие дејствија се преземаат кога ќе се добијат сознанија за евентуално кривично дело. Еден од начините на кој се дознава, е преку кривична пријава. Дејствијата кои се тајни, значи, се преземаат по нејзиното поднесување.
ОЈО, натаму тврди дека исто така е обврзано да ги штити правата на „осомничените, оштетените“ и на „сите други учесници во постапката“ и оттука следи и Обвинтелниот прелдог во конретниот случај.
Накратко, тоа е суштината. И, гледано вака, нема ништо спорно во Обвинителниот предлог. Но, има една мала замка која случајот го прави малку смешен. „Малку“ под услов да не си во кожата на обвинетиот. Тогаш, веројатно е „многу“.
За што станува збор? Имено, тој фамозен записник кој е објавен, а поради што го гонат Митовски е всушност кривична пријава која во ОЈО е поднесена усно. Пријавата може да биде поднесена писмено, директно во ОЈО или во МВР, или пратена по пошта. Може да биде поднесена телефонски, усно на лице место во ЈО или преку електронски пат. Во последниве случаи за пријавата се составува записник (нормално, кога е усно дадена, таа мора да се нотира, а тоа се прави на записник, бидејќи се уште не се стигнало до таму едно ЈО да работи по сеќавање на тоа што кажал подносителот на усната пријава). Така што, нема ништо фамозно во тоа дека во случајов е оддаден некој ултра таен записник, бидејќи станува збор за сосема обична кривична пријава какви што дневно низ цела држава се поднесуваат стотина и чија содржина, секој кој има малку интерес, може да ја дознае. Има многу случи кога оштетените поднесуваат кривична пријава писмено, а истата ја доставуваат и до медиумите. Или, ако сакате, МВР секој ден поднесува десетици кривични пријави и за нив ја известува јавноста. Еве една од нив, случајно одбрана, чија содржина е објавена во медиумите, кои пак и направиле „копи пејст“ од полицискиот Билтен:
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против О.Т.(32) од селото Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Таа, на 11.09.2019 со запаллива течност предизвикала опожарување на влезната врата и делови од покуќнината, сопственост на А.Ф, информираат од МВР.“
Како што гледате, МВР е тоа кое ја објавило пријавата. Во неа и не мора да има повеќе детали од овие кои се соопштени, освен поцелосен опис на настанот. Иако во неа (за јавноста) оштетениот и осомничениот се напишани со иницијали, не е никаква тајна не само за луѓето од Мало Коњари, туку и пошироко, за кого станува збор (веројатно нема многу лица од женски пол со иницијали О.Т. на возраст од 32 год. кои ја полиле со бензин влезната врата на А.Ф. и ја запалиле), знаат дали има сведоци и ако има кои се, всушност не е тајна целата приказна односно содржина на пријавата со сите поединости. И сега? Впрочем, инволвираните во настанот веројатно после тоа низ цело село ја имаат раскажано содржината. Отидете во Коњари и ќе ја дознаете и вие.
Впрочем, ајде да претпоставиме една реална ситуација за овој случај: првиот сосед ја дознава целата приказна со сите детали кои ги содржи кривичната пријава. Ја раскажува на соседот до него. Овој оди во кафената и ја раскажува на други. Тие на трети, четврти итн. За кратко, сите ја знаат содржината на пријавата и имате најмалу 10-20 лица кои раскажувале. Сите тие го повредиле член 360 од КЗ?
Згора на тоа, да се вратиме малку погоре на соопштението на ОЈО кое Обвинителниот предлог го врзува за членот од ЗКП кој вели дека „дејствијата на ЈО се тајна“ и цитираниот дел од Коментарот на ЗКП. Во случајот со било која кривична пријава, нема дејствие на јавен обвинител. Во што е дејствието на ЈО кога ќе добие писмена пријава? Во архивирањето? Во оформувањето предмет? Во што е неговото процесно дејствие кога пријавата е поднесена усно? Во тоа што тој само присуствува на давањето изјава од страна на подносителот и го предупредува дека давањето лажен исказ е кривично дело? Таква е процедурата. Но дејствие кое би било тајно во смисла на цитираниот член 360 од ЗК во врска со 289 од ЗКП – едноставно нема.
Впрочем, да претпоставиме дека Камчев, пред да влезе во ОЈО и да ја поднесе пријавата, одржал прес конференција на самиот плочник пред зградата и ја раскажал содржината со сите сензитивни детали за инволвирани судии и други вклучени лица. Медиумите веднаш објавиле, тие кои можат. Дали тоа е казниво според чл 360 од КЗ? Не. Потоа влегол во ЈО, ја поднел истата содржина како кривична пријава на записник. Дали од тој момент содржината станала тајна? Се разбира не. Инаку, оние медиуми кои ја објавиле содржината веднаш по прес конференцијата, не би сториле кривично дело, а би бил гонет медиумот кој ја објавил содржината подоцна, откако бил составен записник. Уште повеќе ако веќе во следниот момент обвинителот презел некое процесно дејствие. Е тогаш, навистина е оддадена службена тајна? Не оди така, нели? Зошто? Зашто во тој случај би се штитело како тајност некое парче хартија, а не содржината. А иако сме за потсмев, барем дотаму уште не сме стигнале.
Или да претпоставиме дека Камчев ќе објавеше дека бил рекетириран од вонземјани кои прво му пратиле емисари, оние мали зелени, во Шутка и му барале по некој процент од десетиците фирми кои ги има. А потоа влегол и истото и го издиктирал на Рускоска. Дали објавувањето на таа содржина (бизнисмен пријавува дека е рекетиран од вонземјани) е оддавање службена тајна?
Всушност, станува збор за тоа дека ЗКП како тајна ги предвидел дејствијата преземени во предистражната постапка, а поднесувањето кривична пријава како што видовме, дури и од МВР, со сите детали, не е тоа. Постапката започнува отпосле. Ако започне. Уште помалку како процесно дејствие може да се смета поднесување кривична пријава од граѓанин. Во тоа поднесување, дури и кога е сторено усно, едноставно нема процесно дејствие на обвинител. И тука отприлика завршува приказната за тоа дали во случајот има оддавање  на службена тајна или нема. Може да има клевета, евентуално иако и тоа е тенко, може да има лажно пријавување кривично дело од подносителот, но оддавање службена тајна – не!
Така што, имаме еден Обвинителен предлог чија цел не е да ја исполни обврската и да ги гони сторителите на кривични дела, па со тоа во овој случај да ја исполни и целта на чл. 360 од КЗ, туку да се превенира идното објавување на слични податоци (па дури и од самиот исказ на Камчев, бидејќи беше објавена само првата страница), а и да се одмазди во име на сите оние лица кои биле споменати во исказот. Тие не беа опфатени со истрагата, која деновиве беше затворена со тројца осомничени – Бојан Јовановски, Милевски – Кичеец и Катица Јанева. Но, тие кои беа споменати, немаат работа со оној кој ги објавил нивните имиња, зар не!
Тоа, се разбира е посебен проблем. Да се апсолвираме од „Рекет“ за час и од тоа кој во што верува во овој случај и да се поставиме во ситуација дека некој отишол во ОЈО и ве пријавил дека сте сториле кривично дело. Сторил некој друг, ве вмешале и вас, ама вие немате врска. И потоа му е дадена пријавата во која сте споменати на некој медиум. Како да се заштитите?
Се разбира дека има начини за тоа. И за оној што лажно ве пријавил и за медиумот. Но, ниту еден од тие начини не е оддавање гонење за оддавање службена тајна.
Зашто тука, еве за крај уште еднаш, станува збор за дилема која всушност не постои: дали кривичната пријава е дел од предистражната постапка? Не е. Таа е повод за поведување, но не е дел, бидејќи може да содржи и „вознемјани“. Но еве и да сметате дека е, не заборавајте дека ЗКП ги предвидел како тајна „дејствијата“ на ЈО во предистражната постапка, а тука секако не спаѓа фактот што еден обвинител ја ставил поднесената пријава во папка во која потоа биле сместени и другите документи од случајот. Друго процесно дејствие тука нема.
Обидот пак, да се најде некоја „квака“ во фактот што содржината од пријавата или дел од содржината беше објавен два или три месеци по отворањето на истрагата, е само јалов обид и ништо повеќе. Тоа, не менува ништо во погоре кажаното.
27-09-2019, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(26-09-2019, 02:34 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Кежаровски: Мене ме апсеше режим, сега има процедура

26/09/2019 10:32

„Не гледам како може да се повлече паралела меѓу мојот случај и случајот со новинарот на ‘Инфомакс’. Не сакам ништо повеќе да коментирам. Само ќе прашам дали тогаш беше режим кога по наредба ме уапсија и затворија или сега е режим кога случајот се одвива со запазување на судска процедура“, посочи Кежаровски. (Н.К.)



Quote:Сопругата на Кежаровски до Јоци: „Не знаеш со кого си имаш работа“

September 27, 2019
[Image: -марина.jpg?resize=696%2C332&ssl=1]

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци открива дека примила заканувачка порака од сопругата на новинарот Томислав Кежарoвски откако вчера го критикуваше нејзиниот сопруг за некултура во комуникацијата со Бранко Героски.
Пораката „Не знаеш со кого си имаш работа“ во скопскиот сленд значи дека тој што ја упатува мисли дека е многу моќен и дека може да реагира и да преземе чекори со цел да се нанесе штета на тој кому што му е упатена.
Ивановска открива дека дека кога Кежаровски бил апсен во времето на минатата влада сопругата на новинарот барала и добила помош и од неа и од Героски.
Целиот статус на Ивановска:
„Откако Томислав Кежаровски, вчера, не го испочитува Геро со некој убав збор на повикот за протест (не да доаѓа, пошто ни јас не бев), а јас тоа го посочив јавно како врвна некултура и нечовечност кон некој кој ти помагал, таа денеска ми порачала – дека не сум знаела со кого си имам работа !?
Еве, се притресов од Козле до Лисиче.
Не, стварно, ќе ме тепаш на некое пазарче док купувам ситна боранија ?
Не сфаќам.
Во суштина стварно ми се гади од луѓе кои немаат почит.
Браво, многу била јака . И сакам јавноста да чита колку е ,,јака” женава откако маж и` се фати за микрофон на изборни митинзи на СДСМ.
Треба да знае јавноста, за утре никој веќе да не им крене телефон кога пак ќе ги нализгаат.
Туку, точно знам со кого си имам работа, за мене двајцата сте нелуѓе. Одамна. Онакви, кои, ни фала не знаат да кажат. Добрите луѓе ве извлекоа од црна дупка, а денеска им се курчите.
А, јас пак добричина, па напати и глупа и наивна, мислам дека сите се како мене.
Туку, Геро, прв објави за апсењето, а јас му се јавив бидејќи ми плачеше Марина Кежаровска и ми вртеше по десет пати на ден, со месеци. А, јас ја информирав јавноста. И имено Геро има голем придонес со Милчин во протестите кои доведоа до негово ослободување од притвор.
Чесно е да се каже.
Не знам дали станува збор за истата Марина, која, ми се јави утрината кога го уапсија маж и`, а многу вечери ме викаше за да и’ давам разни совети, но мислам дека ова е некоја друга Марина. Некоја…која се изгубила себеси на најтажен можен начин по ходниците на власта, која, го користи маж и’ за пропаганда.
А, пред неколку години ете, случајно, го свртела прво мојот број.
Да бидеме чесни, Марина, ти точно знаеше каде да свртиш. А, на друго место не можеше, пошто никој жив не ве знаеше.
И конечно, јавноста треба да знае. Принципелно не можеме да замижуваме пред она кое е јавен интерес, а станува збор за слични случаи.
Ако бидеме чесни пред себеси, делото на Кежаровски беше далеку потешко од она на оној Митовски со објавување на една страница од записник (имено која ништо не ни немаше ко јака информација).
Ниту јас ко Геро не се сложувам со објавување на записници кои се службени тајни, во двата случаи.
Моето инфо е дека многу луѓе пред Митовски одбиле. Но, ете, он сакал да се докажува. Па, бар да го објавеше цел записник…
Геро, вчера, принципелно се надмина себеси, а јас не успевам во тоа, да отидам на протест против тортурата од оваа власт, пошто имам сериозен проблем со грујовата аура на тие луѓе.
Кежаровски, исто обелодени записник, но и идентитет на заштитен сведок. И му висеа врз глава многу години затвор. Но, бидејќи, Груевски беше притиснат од студентски протести кои се претопија во одреден миг со новинарски, случајот омекна.
Се` друго е историја.
П.С : Ова не е приватен статус, напротив многу јавен и може кој сака и каде сака да го пренесува.
Нема ништо приватно на ФБ, како што е во филм Кежаровска.
27-09-2019, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Власта го засилува притисокот врз критичките медиуми
Оркестрираниот напад врз медиумите продолжува: Кирацовски го тужи лично директорот на Република
Вести 27.09.2019 / 14:04


[Image: REPUBLIKA_NASLOVNI-960x332.jpg]


Пораката од вчерашниот протест на МАН пред Обвинитеството не допре до власта, која е решена по секоја цена да им ја затвори устата и да им го одземе перото на критички настроените медиуми.
По полицискиот упад во Нетпрес, порака „од горе“ и за Република.

Полициски упад во редакцијата на „Нетпрес“

[Image: netpres-redakcija-360x232.jpg]
Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на „Нетпрес“ по наредба, како што рекоа, … Продолжи со читање Полициски упад во редакцијата на „Нетпрес“
[Image: cropped-favicon-32x32.png]Република



Пратеникот Александар Кирацовски го тужи лично директорот на Прва Репулика за текст објавен на порталот Република, во кој е изнесен став (објава на Фејсбук) на битолчанецот Душко Илиевки – Млекарот.
Тужбата доставена на домашната адреса на директорот, ја објавуваме за увид.

[Image: tuzhba-kiracovski-506x640.jpg]
Кирацовски неколкупати добил покана да биде гостин во нашата редакција, многупати добил повик од наши новинари, но никогаш не одговорил. Редно е на суд да се сретнеме, па заедно да ја истераме вистината на виделина.

Никола Димитров со закани за „Република“, но и со барање за предвремени избори

[Image: dimitrov-740x530-640x458.jpg]

Фесбук статус на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во кој упатува отворени закани до нашиот портал поради пренесувањето на … Продолжи со читање Никола Димитров со закани за „Република“, но и со барање за предвремени избори
[Image: cropped-favicon-32x32.png]Република


Во моментов „Република“ е најголема закана за власта, а не „Рекет“: И Шекеринска ни се заканува со тужба

[Image: radmila-sekerinska-1-godina-vlada-sds-01...60x257.jpg]
По министерот за надворешни работи Никола Димитров, во кој упати отворени закани до „Република“ поради пренесувањето на веста од порталот … Продолжи со читање Во моментов „Република“ е најголема закана за власта, а не „Рекет“: И Шекеринска ни се заканува со тужба
[Image: cropped-favicon-32x32.png]Република



Институционализираната борба на власта со медиумите кои пишуваат за криминалите на функционерите, за сомнителните тендери, уцените, рекетот, беше јавно камуфлирана како битка со лажните вести.

Во таа битка власта ги пикира нивинарите Љупчо Златев и Дејан Николовски за случајот „Леонардо“, во кој е инволвиран генсекот Драги Рашковски, новинарот Александар Митовски, кој го објави записникот од сведочењето на Орце Камчев во случајот „Рекет“, и последно се насочува (како многупати досега) кон Република, односно лично кон директорот Доневски.

  Цензурата на медиумите крунисана со кривична против Митовски

[Image: Aleksandar-Mitovski-360x259.png]
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 … Продолжи со читање Цензурата на медиумите крунисана со кривична против Митовски
[Image: cropped-favicon-32x32.png]Република
(This post was last modified: 28-09-2019, 01:19 PM by ЈорданПетровски.)
28-09-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(27-09-2019, 09:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Сопругата на Кежаровски до Јоци: „Не знаеш со кого си имаш работа“

September 27, 2019
[Image: -марина.jpg?resize=696%2C332&ssl=1]

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци открива дека примила заканувачка порака од сопругата на новинарот Томислав Кежарoвски откако вчера го критикуваше нејзиниот сопруг за некултура во комуникацијата со Бранко Героски.
Пораката „Не знаеш со кого си имаш работа“ во скопскиот сленд значи дека тој што ја упатува мисли дека е многу моќен и дека може да реагира и да преземе чекори со цел да се нанесе штета на тој кому што му е упатена.
Ивановска открива дека дека кога Кежаровски бил апсен во времето на минатата влада сопругата на новинарот барала и добила помош и од неа и од Героски. ........................



Quote:Jordanka Ivanovska-Joci
43 mins ·

[Image: 70948714_10219890031341107_4088530401587...e=5E3442A2]

Во 20 ч. И 28 минути, вечерва, на улица Мите Богоевски во населба Лисиче, бев вербално нападната од Томислав Кежаровски додека бев внатре, во мое возило.
Додека барав паркинг место на улицата каде живее другарка ми, на која и' е роденден, во еден миг застанав пред нејзината куќа, а тој наеднаш се создаде на мојот прозорец од возилото. Почна да се расправа, бидејќи вчера ја кажав вистината, на што јас не излегувам од моја кола во ниеден миг, напротив тој цело време стои и има конфликт со мене.
Во моментот кога заминува и е на пет метри, излегувам и почнувам да викам ,,ѓубре ѓубросано", на што моите пријатели излегуваат на тремот од куќата и го гледаат неговото бегање.
Имаше сведоци на настанот, кој, за среќа поради непреземноста на Кежаровски и лабилноста, не прерасна во многу поголемо нешто.
Целиот настан е снимен со домашни безбедносни камери.
На нив се гледа, дека овој човек, кој на СДСМ митинзи држеше микрофон и го глорифицираше, а СДСМ го ,,игра", неколку минути пред да пристигнам кај другарка ми, стои на улицата и чека.
Во моментот кога пристигнувам пред вратата од дворот на другарка ми, тој се приближува до моето возило, намерно.
Повеќе детали, утре.
П.С : Овој статус е јавен и може да го пренесе било кој комерцијален медиум и луѓе на социјални мрежи.
28-09-2019, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:



Jordanka Ivanovska-Joci
3 hrs ·

J'Accuse…!
Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години.
На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.
На крајот, и покрај се', јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.
За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.
Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.
Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.
Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.
И ова е недозволиво !
29-09-2019, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:„ЛАКИ ЈЕ МАЛО НЕРВОЗАН“

Nikola Gruevski
1 hr ·

2.“Лаки је мало нервозан” со години беше често цитирана реченица од некогаш култниот филм со наслов кој освен горната реченица совршено одговара на состојбата на актуелниот премиер и неговата банда - ,,Маратонците го трчаат последниот круг”.
Трчајќи го неговиот последен круг, во последната година пред создавање на техничка влада и “бришење патос” на народот со него на следните избори, нашиот ,,Лаки” реши ,,да пука” по новинари кои му објавуваат ,,службени тајни” за неговиот и на другите негови ,,маратонци” криминал, со кој заедно го трчаат ,,последниот круг”. Заев преку ОЈО реши да го плаши со затвор и еден од похрабрите во ова време на закани и страв критички кон грешките и криминалите на власта настроени новинари и уредник на еден од најчитаните портали.
Мандатот го почна и очигледно ќе го заврши со владеење со терор, преку обвинителствата и судовите.
Па уште слушам и споредби со оној кој се судеше за откривање идентитет на заштитен сведок во случај на сурово убиство на старец за да убијците му ги земат парите на убиениот. Оној тогаш анонимен лик, кој беше претставуван како некаква жртва на тогашната власт, случај во кој дури ни партиското обвинителство на СДСМ не се осуди да ја повлече пријавата, па го спасија преку ,,застареност”, а тој сега глуми незадоволен...
Всушност, денес самиот Заев веќе нема никаква обмисленост или разумност на чекорите. Тој функционира на база на лична омрза кон секој кој го критикува, на гнев, на лутина, на фрустрација, втерување страв и прогон кон неистомислениците...Неговите чекори се понезрели и од претходната негова фаза. Делува како во еден друг стар и култен филм ,,Кој тоа таму пее” и онаа често цитирана реплика и сцена ,,вози Мишко”. Кога незрелиот возач налутен и навреден реши да ги вози патниците во автобусот со врзани очи. Онака преплашени и стресени, како и ,,патниците” на денешниот Мишко.
30-09-2019, 09:41 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#20

Груевски добро ја игра картата на “добар” полицаец.
Само што тој самиот не може да избега од своето педигре.
Тој е наследник на Удбашка фамилија.
Сите Удбашки фамилии пред, за време, и по распадот и на системот, и на државата изигруваа најголеми патриоти.
Тој е само нејзин нај истакнат примерок.

Рајата, пошто карактеристика и е да е проста “пучина” тоа нити го има сватено до сега нити ќе го свати, само ќе има поединци кои на своја кожа на скап начин ќе ги учат животните лекции.
Само Грујо не сваќа дека на Вождот му летна главата баш од неговиот кум.
An inch today is tomorrow’s mile.
01-10-2019, 01:35 AM
Reply