Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Пендаровски за Гоце Делчев: И сега за да земеме бугарски пасош, се пишуваме Бугари
Author Message
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#1

Quote:Пендаровски за Гоце Делчев: И сега за да земеме бугарски пасош, се пишуваме Бугари, без разлика дали е тоа точно
25/09/2019

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чив е Гоце Делчев рече дека тоа е неспорно.

– Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

Делчев не можел да се пише како Македонец зашто во тој период не постоел концепт за Македонец како денешниот. Тогаш, уште повеќе од денес Македонија била населена со мултиетничко, мултиверско и мултикултурно население. Градовите биле населени речиси исклучиво со немакедонци, т.е. Турци, Грци, Евреи, Власи и Цигани. Сите тие, како и селанското население--претежно сочинето со населението кое ние денес го означуваме како Македонци, а за кое во периодот на Делчев ривалските пропаганди се бореле да го прикажат како свое--биле нарекувани Македонци--т.е. жители на Македонија.

Quote:Viktor Kanzurov
18 hrs · 

Никогаш немав дилема дека актуелниот претседател на Република Северна Македонија е лице, кое не блеска со интелигенција, широки знаења и интелектуалност, ниту, пак, оти е олицетворение на висок морал, но не мислев и не очекував дека е ваква гнида.
Декларирањето на Гоце Делчев, оти по народност е Бугарин, претседателот Стево Коминтерна Пендаровски го израмнува со неискреното етничко бугарско изјаснување на денешните граѓани на Република Северна Македонија, кои не се чувствуваат Бугари, а претежно од економски причини и заради подобра можност за заминување во странство, стануваат баратели на бугарски пасоши, на патни исправи на земја-членка на ЕУ.


Quote:JordanNaumov Bato

Спрема Претседателот на РС Македонија г-нот С.Пендаровски Гоце Делчев се борел за да добие бугарски пасош.


Брајлсфорд:

Quote:Се сеќавам јасно на моето чудење кога го сретнав овој невообичаен феномен за време на мојата прва посета на Македонија. Водев разговор со еден богат селанец, кој беше дојден на пазар во Битола од едно од соседните села. Тој добро зборуваше грчки, но не како да му е мајчин јазик. „Вашето село грчко ли е“, го прашав, „или бугарско?“ „Е, па“, одговори тој, „сега е бугарско, но пред четири години беше грчко“. Нему одговорот му изгледаше како најнормална и секојдневна појава. „Како се случи таквото чудо?“ прашав со доза изненаденост. „Па видете“, рече тој, „ние сме сиромави луѓе, но сакаме училиште и свештеник кој соодветно ќе се грижи за нас. Порано имавме грчки даскал. Му плаќавме по 5 фунти стерлинзи годишно и го храневме, додека грчкиот конзул му плаќаше додатни 5 фунти, но немавме наш свештеник. Го делевме свештеникот со уште неколку други села, но тој не доаѓаше навреме, а понекогаш и воопшто не доаѓаше, и беше немарен. Се жалевме при грчкиот владика, но тој одби да ни помогне. Бугарите разбраа за ова и ни пристапија со понуда. Тие рекоа дека ќе ни дадат поп што ќе живее во селото и учител за кој не треба да плаќаме. Е, па, господине, нашето село е сиромашно и така, се разбира, станавме Бугари.“ Човек може да го замисли овој мошне невообичаен пресврт. Малиот човек, кој еднаш бил во Атина, се откажува од безнадежната задача да ги учи грчки дечињата што од своите мајки научиле само словенски јазик. Легендата дека Александар Велики бил Грк заминува по еден пат и ривалскиот мит дека Александар бил Бугарин доаѓа по другиот. Мисата што се чатела ненавремено на старогрчки јазик, сега се чати (навреме) на старословенски. Но, како еден од комичните аспекти на оваа случка останува фактот дека селото сега добива образование на сопствениот јазик и на тој начин ги отвора вратите за цивилизациските влијанија што му доаѓаат во облици кои тоа може да ги прифати и да ги присвои.
...
Меѓутоа, несомнено е дека која било словенска народност што ѝ припаѓа на православната вера можела да ја придобие Македонија, под услов да ги има потребниот такт и пари. Сервија или Црна Гора, или дури Русија, можела да го стори тоа. Но, факт е дека Бугарија е онаа што успеала во тоа. Историјата и етнологијата, како и компаративната филологија, можат да заземат која и да е страна во оваа полемика. Македонците се Бугари денес поради тоа што слободна и напредна Бугарија знаела како да ги примами. Сервија не покажа такво убедливо влијание и сервијанската кауза во Македонија како последица на тоа е занемарливо и вештачко движење. 
...
Сервијанците се народ што ги сака задоволствата, со поголемо чувство кон естетика и повозбудлив карактер одошто Бугарите. Тие ја немаат истата подготвеност за постојана работа, истата рамнодушност кон болката, истата одлучна упорност или истата навика за умствена примена. За време на осумдесет години слобода, тие имаат постигнато помал морален и материјален напредок одошто Бугарите за дваесет и пет. Една од последиците на брзиот економски развој на Бугарија е тоа што нејзината постојана побарувачка за работна рака охрабрува незапирлив проток на македонски имигранти, кои минуваат неколку месеци или неколку години во кнежевството и потоа се враќаат во своите села со заштедени пари. Овие луѓе стануваат мисионери на бугарската идеја. Тие ја шират славата на нејзината слобода, нејзиното богатство и нејзиниот брз развој. Бројот на оние што одат во Сервија, од друга страна, е релативно незначителен, додека нивните извештаи едвај можат да бидат целосно блаконаклонети – иако и покрај сета нејзина политичка нестабилност, Сервија сѐ уште претставува доволно впечатлив контраст наспрема Турција. Кога во прилог на овие предности бугарофилските Македонци го оформија својот извонредно организиран револуционерен комитет во 1893 година, сервијанската кауза го доби својот смртоносен удар. Преку нагласувањето на нејзиниот антагонизам кон Бугарија, официјална Сервија сега усвои отворена туркофилска политика, а ништо не може да биде пофатално за изгледите на кој било христијански род во Турција. Македонското селанство ќе ја подари својата верност само кон пропагандата што му ветува некаков брз изглед за ослободување од отоманскиот јарем. Конечно, има огромна разлика меѓу ривалските пропаганди: додека Бугарите работат за автомонија на Македонија, Сервијаните и Грците целат само кон нејзино анектирање кон своите земји. Како производ, нивните активности изгледаат дека се наменети за профит на своите држави, додека Бугарите несомнено креираат дух на локален македонски патриотизам. Сервијанското движење е чисто официјална агитација, насочувано и финансирано од Белград, додека, и покрај 
симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е автентично македонска организација.
...
ИМАВ среќа во една пригода да добијам од солунскиот валија образложение за Македонскиот проблем што беше како концизен така и вистинит. „Сѐ е ова вина на бугарските училишта,“ истакна тој. „Во овие гнезда на порокот со години синовите на селани се чуваат во безделие и луксуз. Навистина, таму тие се учат да спијат на кревети. И потоа се враќаат во нивните села. Нема кревети во колибите на нивните татковци, и на овие млади господа им е под честа да спијат на патосот. Се обидуваат на кратко, и потоа заминуваат да им се придружат на револуционерните банди. Она што всушност тие го бараат е дебела државна служба“. Валијата успеа во овие кратки и карактеристични реченици да ги прелие главните факти на состојбата, додека неговиот краток преглед ја имаше вредноста не само да ја илустрира бугарската, туку истовремено и турската перспектива. Прашањето на креветите (да ја присвојам формулата на валијата) е коренот на македонската тешкотија. Инаку речено, мотивот за револт лежи колку во економските негодувања на селанството толку во политичките аспирации на образуваната класа. Во земја која би требало да биде една од најбогатите области на Европа селаните се потонати во безнадежна сиромаштија—дотолку повеќе, сиромаштија која нивните господари ја сметаат за природна и предодредена судбина. Од друга страна, бугарските училишта зафатено делуваат во секој поважен центар и се ангажирани во обезбедувањето на илјадници момчиња кои се желни да учат образование кое ги подготвува за живот во модерно и цивилизирано оптшество. Ги напуштаат училиштата и се гмуркаат назад во Темното доба. Нема адекватно поле за нивната енергија во нивните села. Службеничките кариери им се затворени, и долгорочно, наоѓајќи се несоодветни за својата средина, едниствениот правец кои им преостанува е да ја изменат самата средина. Оваа стагнација, примесена со анархија и зачинета со глад, е вистинскиот факт за македонските буни. Масакрите и злосторите на кои Европа е склона да го фиксира своето внимание се само симптомите на многу посериозно и похронично пореметување. Тие не се причините за, туку последиците на револуцијата. Доколку човек знае зошто селаните се наоружуваат, им се придружуваат на четите и се изложуваат на опасностите на општото востание, тогаш тој мора да ги испита дневните реалности на селскиот живот.


Според Брајсфорд, современик на Гоце Делчев кој минал неколку години во Македонија како мисионер, изјавата на Пендаровски има извесна доза на вистина. Односно, Македонците и тогаш, како и сега, ја присвојувале пропагандата на соседите како средство за експресно решавање на вековните проблеми кои бараат потемелна дејност и поголема доза на самоподобрување.
(This post was last modified: 26-09-2019, 03:57 PM by Црн Душко.)
26-09-2019, 03:54 PM
Reply