Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СРПСКАТА КАМПАЊА ЗА ИЗОЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ СЀ УШТЕ БЕСНЕЕ
Author Message
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#1

Работејќи на разбивањето на манипулацијата на Блаже Миневски околу ликот и делото на Михајло Пупин ја забележав и иницијативата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за изградба на споменик на поранешниот претседател на САД Вудро Вилсон во знак на „благодарност за сето она што тој го сторил за српскиот народ“ и за „зачувување и унапредување на односите меѓу Република Србија и Соединатите Држави“. (https://forum.kotle.ca/showthread.php?ti...5#pid68265)

Значи и покрај интевенцијата („агресијата“) на НАТО во 1999 година кога се урниса половина Србија и, и покрај церемонијалното примање на руските МИГови пред година и пол, како и изградбата на руската воена база кај Ниш, Србија повторно оди во дипломатска офназива за обнова на своите односи со САД. Инаку Србите имаат многу добро реноме меѓу Американците, особено меѓу конзервативците (Републиканци), како и меѓу Алтернативната десница. Оваа дипломатска офанзива сигурно е поврзана со фактот што доаѓа ново прекројување на границите на Балканот (види теми поврзани со Берлински процес, Западен Балкан, итн.)

На истата тема постирав и научен труд објавен од српското географско друштво посветен на националното дело на Михајло Пупин. Тука авторите забележуваат:

Quote:У току Првог светског ратаПупин је схватио пре и дубље него многи други, да се судбина Јужних Словена не решава само на бојним пољима на Балкану, па ни у Европи; да је неопходно проширити ту борбу и у Америку. У првом моменту званична Америка је заузела став да се држи неутралности. Међутим, Аустро-Угарска је већ одмах на почетку ангажовала огромну пропагандну и обавештајну делатност да докаже како је била испровоцирана за рат. Она је паралелно усмеравала активности према широј америчкој јавности и посебно према бројном исељеништву са свог подручја. Под утицајем те пропаганде америчка јавност је у првом моменту била већим делом на страни Аустро-Угарске, осуђујући сарајевски атентат као терористички акт. Пупин је био иницијатор и органиозатор огромне активности на правилном обавештавању о суштини проблема, и покретању најшире акције за помоћ Србији и Црној Гори. О тој својој активности мало је писао у својој аутобиографији, верова-тно због намене књиге првенствено америчкој јавности, мада је та делатност предста-вљала несумњиво његов велики допринос. 



Quote:
На пример, Пашић је у свом писму Стојану Протићу, председнику владе Државе СХС,у то време писао из Париза: “Пупин нам чини велике услуге тиме што познаје Американце и што зна какви су њихови погледи и на шта највише обраћају пажњу.Штета што га раније нисмо познавали...Пупин ће скоро доћи у Србију...Чека да се нађе овде за време кад се буде решавало о исправци наше границе спрам Бугарске”. У писму Миливоју Матићу у Новом Саду Пупин пише: “Пре Вас се врло мало писало о Југославији и моме раду на париској Мировној конференцији. Мој рад на тој конференцији много је боље познат Американцима него Југословенима, мада се пок


Значи Србите ја разбираат потребата од одржување на пријателски односи со и ширење на пропаганда на добронамерност и наивна трудољубивост меѓу Големите сили. Истото важи, со извесни исклучоци на Бугарите кои се малку заслепени од својата самобендисаност, за другите наши соседи. Албанското лигавење кон Америка е дури одвратно, а Грците си ја продолжуваат митологијата дека тие се колевка на европската цивилизација. За разлика од сите нив, народот кој има најголема нужност од сојузништва и пријателства со Големите сили (САД, Германија, Италија, Британија), македонскиот, постојано изразува непријателство и жолчност кон овие држави и иживува фантазии дека е најстариот, најумниот, најубавиот, највредниот итн. народ на светот, и се занесува дека спасот ќе им дојде од Русија, Кина, или не знам која друга вукојебина. Секако, до извесна мера исклучок на ова е илинденскиот период, но и тука го имаме Јане Сандански и киднапирањето на мис Стон, и секако руски образуваните анархисти и нихилисти, Солнуски гемиџии кои македонското ослободително движење го прикажуваат како криминално-терористичка операција. Значително, тука српската пропаганда не игра сериозна--или можеби никаква--улога. Ова пак укажува на карактерна мана во македонскиот карактер која народно може да се обележи како „катил“. Веројатно поради оваа карактеристика српската пропаганда која служи да го изолира македонскиот народ во периодот на „независноста“ е толку ефективна. Клучното тука е што ваквите антизападни пропагандни дела водат кон утврдување на катил-менталитетот и отфрлање на Западот како следбеници на Сатаната.

За сега само уште ќе ја постирам статијата од порталот на Латас која ме мотивираше да ја отворам оваа тема, но несмнено ќе има уште многу да се додава и коментира.

Текстов ќе го разглобам детално во деновиве што следат, но само ќе спомнам дека од она што го имам прочитано од новинарот Свајр (Swire) како извадоци што ми имаат праќано пријатели, повеќе од очигледно е дека тој ја застапува линијата на српската пропаганда--што има логика дококлу се земе предвид дека Србија и Британија се сојузници, а колку што ме држи умот внуката на кралица Викторија е омажена за еден од Караѓорѓевци или барем така оди гласината.

Quote:Кралското семејство кое 150 години ја убива Македонија

14 Jul 2019 - 12:42

Во контекст на Балканските војни и актуелните случувања во чијшто центар се европските аспирации на Република Македонија, го реобјавуваме целиот текст оригинално објавен во неделникот Република на 7 јуни 2013 година

Локација: Софија. Период: 12-14 јули 1935 година. Настан: Рели трка меѓу југословенските „Соколи“ (меѓу нив и Македонци) и бугарските „Јунаци“. Страсна трка меѓу младите автомобилџии и другарство… започнуваат да се редат песни за заедништвото меѓу нив, песни за балканска федерација, за „сиктер“ на лондонските банкари и круните на кобурзите…

Но, се појавува некој „ко овде није наш“, како што велат Србите.
На последниот ден од релито, од никаде се појавуваат сомнителни типови со ромбоидни глави, облечени во бело. Се нарекуваат бугарски „супремацисти“. Вооружени со дрвени палки и синџирите тие дивјачки влетуваат во софиските кафани каде младите балканци се веселат и – тепаат. Се по ред. Бугарските весници, диригирано известуваат за тепачки меѓу „Соколите“ и „Јунаците“ за меѓунационална омраза, за протерување на „циганосрбите“ од Бугарија. Меѓутоа во Софија има и други новинари кои знаат за што се работи и прецизно известуваат.

Царски бандитизам

Горниот вовед на овој текст е парафразиран од книгата „Бугарскиот заговор“ на британскиот новинар Џозеф Свајр, дописник на Ројтерс во тоа време. Оваа книга до ден-денес е забранета во Бугарија. Свајр пишува за искомплкесираноста на бугарското општество со теориите на заговор, но овде ние го преземаме овој настан како извонредна илсутрација на не-делата на европското кралско семејство и трагедијата што му ја приредија (и приредуваат) на македонскиот народ – а и на другите народи. Но, претходно да го видиме заклучокот на Свајр.

Бугарските „супремацисти“ беа всушност најтешки криминлаци, кои тој ден привремено беа ослободен од софискиот затвор и вооружени со ладно оружје од полицијата за да ги претепаат младите. И тоа директно по наредба на бугарскиот цар Борис. Имено, тој е оној кој не не „наш“.
„Зад најголемиот бугарски национализам и шовизам стои кралската династија на Кобурзите (кое немаат никаква допирна точка со Бугарите, туку се Германци), на чело со цар Борис. Кобурзите се плашеа од федерацијата на јужните словени“, пишува Свајр.


А, за Македонија и ВМРО пишува:

ВМРО кое беше основано во 1893 година за да се избори за автономија во Отоманската Империја, насилно се спротиставуваше на намерите на Бугарија да ја анектира Македонија, но таа организација сепак падна под влијанието на Врховистите во Софија. Во 1924 година, повеќето Македонци во Бугарија, беа имигранти од грчка Македонија. 

Тие од Бугарија бараа разбирање со Југословените во борбата против Грците. Лидерите на ВМРО се обидуваат да ја зајакнат својата независност, но беа масакрирани од терористите предводени од Ванчо Михајлов, кој пак беше во служба на италофилскиот бугарски министер за војна, Волков. Овие терористи, маскирани како лидери на ВМРО за да ја залажат јавноста, со насилство се обидуваат да го спречат помирувањето меѓу Бугарија и Југославија, заклучува новинарот Свајр.“

Кои се европските/балкански кралеви

Најјасна слика за тоа кој всушност владеел со Европа, а со тоа и на Балканот (балканските кралеви се всушност деца на европските), основно е да се погледне една династија која се наоѓа во секое родословно дрво на секој европски монарх. Така е и денеска, иако само 9 европски држави имаат кралски династии. Ќе погледнеме дека на стариот континент и не може да се има трон или власт ако не сте поврзани (крвно) со нив. Ако некој народ нема свој преставник кај нив, тој исто како да не постоел (токму како ние Македонците).

Во оваа анализа нема да се занимаваме со т.н. теоретичари на заговор, за приказните за Комитетот на 300 на британската кралица, Илуминатите, Масоните, Редот малтешките витези или луѓето гуштери, туку ќе се држиме за цврсто утврдени факти, а заклучоците сами ќе си произлезат. Не станува забор за откривање топла вода и непознати информации, туку за проблематика која, од за нас сосема неразбирливи причини, воопшто не е разработена кај нас, па оттука е слабата информираност за неа.

Значи, името на оваа злогласна фамилија, меѓу другото и главниот виновник за Првата светска војна (поради што и беше наречена и Империјалистичка војна) е династијата позната како Куќа на Сакс-Кобург и Гота. Ова е главната, основна кралска фамилија во Европа. Директно, во нејзините гранки спаѓаат: белгиското и бугарското кралско семејство, како и онаа која сите ја сметаат за најмоќна – Куќата на Виндзор или британското кралско семејство. Сите останати куќи, како Глуксбург, Оденбург и Хабсбург се исто така индиректно дел од оваа куќа. Меѓу нив некогаш беа и Романови, руската царска фамилија која беше ликвидирана по Октомвриската револуција.

Сакс-Кобург Гота е основана во 1826 година од Ернест Први, кнез на едно мало кнежество во северозападниот дел на денешна Германија. Владеел до 1844 година. Неговиот помлад брат, Леополд станува крал на Белгијците во 1831, а неговите потомци ден денес владеат со Белгија и имаат клучна улога во зачувувањето на инаку етнички подлената земја. Единствената ќерка на Леополд, Катерина станува жена на Максимилијан кралот на Мексико во 1860 година. Внукот на Ернест Први, Фердинанд се жени со кралицата Марија Втора од Португалија, а неговите потомци владеат со оваа земја се до 1910 година.

Најстариот син на Ернест Први, Принц Алберт се жени со англиската кралица Викторија во 1840 година. Овој Алберт се смета за најзначаен член на оваа куќа бидејќи во позадина тој управува со Британската империја (неговата сопруга се води по неговите совети), кога во Велика Британија се случува индустриската револуција. Империјата тогаш се шири низ целиот свет и станува доминатна сила во светот. Овој период во британската историја е познат како златно (викторијанско) доба. Кралицата Викторија, пак е од куќата Хановер (од истоимениот германски град), која со нејзината смрт исчезнува од кралските мапи во Европа и се претопува во Сакс-Кобург Гота.

По завршувањето на Првата светска војна, по сугестија на Алберт, британското кралско семејство е преименувано во Куќа на Виндзор (по името на еден кралски дворец), поради силното анти-германско чуство во Британија, како последица на војната.

Еден дел од Сакс-Кобург Гота во 1826-та година го наследи имотот на еден унгарски принц. Потомците на овој дел од династијата успеале да влезат во брак со крунисаните глави на Бразил, Австрија и Белгија. Еден од нив е принцот Фердинанд кој ќе стане цар на Бугарија. Неговите потомци меѓу кои погоре спомнатиот Борис Трети, владеат со Бугарија до 1946 година, а последниот потомок Симеон Втори, кој се нарекува Симеон Саксобурготски беше и бугарски премиер од 2001 до 2005 година. Симеон не стана официјално цар на Бугарија, но затоа успеа да си го поврати целиот царски имот на неговите предци, кој го беа заплениле бугарските комунисти.


Кобурзите ја делеа Македонија

Она што посебно ни паѓа во очи е фактот што често кога се зборува за поделбата на Македонија од 1913 година меѓу Бугарија, Грција и Србија, често се заборава дека со овие земји владееја кралеви, од кои ниту еден, освен српскиот, немаа потекло од народите со кои владееја. Во тоа време, токму тие го имаа главниот збор во политиката и – сите до еден освен српскиот, потекнуваат од Сакс-Кобург Гота. Но, подоцна, и српските Караѓорѓевиќи и Обреновиќи ќе се приклучат.
Веќе го споменавме бугарското кралско семејство како директна гранка на Кобурзите. Тука спаѓа и грчкото семејство, односно, условно грчкото. Првиот грчки крал Џорџ (оригинално Вилијам од Данска) потекнува од Куќата Глуксбург (целосно Шлезвиг-Холштајн-Сонденбург-Глуксбург), повторно германска кралска куќа поврзана со куќата Олднебург (данска куќа) и двете во 19 век влегуваат преку бракови во Сакс-Кобург Гота. За време на балканските војни неговиот внук Константин Први владее со Грција, а негов преставник е Венизелос, кој преговара во Букурешт за време на мировните разговори кога е поделена Македонија. И двете куќи денес се составен дел на основното европско кралско семејство Кобурзи.
Единствената разлика е кај Србите кои во тоа време се владеени од Петар Први Караѓорѓевиќ директен потомок на славниот водач на првото српското востание против Отоманската Империја, Караѓорѓе. Србија е единствена што дотогаш има чисто српско кралско семејство. Но, синот на Петар, Александар Први се жени со Марија од Романија, која пак директно потекнува од Сакс-Кобург Гота. Нивни кум е британскиот крал Џорџ Шести. Оттогаш и српската кралска фамилија стануваат Кобурзи. Сегашниот српски крал Александар Први Караѓорѓевиќ живее во Лондон и е под директна заштита на Виндзор.
Поголемкот дел од наследниците на овие семејства денеска имаат бизниси и врски со моќници од целиот свет.
А, Македонија? Ние бевме најблиску да влеземе во овој свет преку Карпош, односно договот што Македонците го имале со хабсбрушкиот монарх на Австро-Унгарската Империја, Леополд Први. Којзнае можеби токму Карпош ќе беше првиот македонски владетел од новото доба доколку успееше востанието. Вака нашиот глас кај овие, по се изгледа се уште големи моќници во Европа, нема кој да го артикулира.

Европа со 9 кралски семејства

Сите поврзани еден со друг, денес официјално само уште девет евроспки држави имаал кралеви или кралици, но ниту едно семејство нема уставна политичка моќ. Сепак некои од нив се покажаа како мошне значајни за нивните народ. Шпаснкиот крал Хуан Карлос одигра значајна улога во ставањето крај на диктатурата на Франко се до 1973 година. Белгиското кралско семејство ужива голема популарност, бидејќи постојано работа на единството меѓу Валонците и Фламанците. Голема популарност имаат и британското и холнадското кралско семејство.
25-09-2019, 11:06 PM
Reply
Црн Душко Offline
Junior Member
**

Posts: 23
Joined: Sep 2019
Reputation: 0
#2

Приказните дека во Македонија се/ќе се фрла нуклеарен отпад од страна на НАТО започнаа некаде околу интервенцијата на НАТО во СРЈ. Значи од 1999 година: годината кога под полковништво на Драган Павловиќ Латас и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, а под генераластво на амбасадорот на СРЈ во Македонија, поранешниот началник на разузнавачката служба на СРЈ, Јаначковиќ, во солидарност со отаџбината се палеше американската амбасада во Скопје. Дали некогаш американската амбасада во Белград била мета на напади или барем на вандализам? Дали некој од „управителите од Калето“ бил поранешен челник на некоја американска разузнавачка служба?

Колку што ме држи сеќавањето од моите посети на Белград и Нови Сад во 1980тите, Србите правеа сѐ што можеа да истакнат колку се големи Американци. Пред некое време гледав документарец во кој актерот Роб Стјуард, „Ник Слејтер“ од серијата „Тропска горештина“, добива покана од српски фанови кои напишале песна за него да ја посети Србија и да земе учество на нивни концерт. Притоа, Стјурад--апсолутно анонимен глумец во Америка--добива пречек како да е државник, и секако тој се враќа во САД со впечаток дека Србите се извонреден народ, со западна култура и западни вредности.

Значи НАТО „фрла нуклеарен отпад во Македонија“ веќе дваесет години. А уште нема епидемија на двоглави телиња, на деца со три раце, на зеленокожци или на џиновски жаби.

А нема ли да му е полесно и посигурно на НАТО, кого го сочинува речиси цела Европа, тој отпад да го носи во Кина, каде што го носи сето останато свое џубре по поволни цени? Или зошто не го фрли во средината на океанот, или некаде во Африка, каде што нема НАТО членки. НАТО, претпоставувам, „го фрла својот нуклеарен отпад во Македонија“ со цел да си ја заштити својата животна околија. А како се служи таа цел доколку Македонија е дел од европскиот/балканскиот екосистем, т.е. кога Македонија е опкружена со НАТО членки, а нејзините реки се слеваат во Егејското и Јадранското море?

Еве уште еден текст кој се врти на социјалните мрежи.

Quote:Македонија со влезот во НАТО ќе стане депонија за радиоактивна муниција, вели Лазански
February 10, 2019

За Мирослав Лазански, српски писател, новинар и воено-политички коментатор, тажен настан е прифаќањето на Македонија, како што вели, да се понижи со промена на името заради влез во НАТО, со што, според него, ќе стане депонија за радиоактивна муниција.

„Македонија се согласи да биде понижена заради влезот во НАТО, односно не сите Македонци, туку дел од политичката елита се согласи државата да го смени името заради светлата иднина во Атлантски пакт. Единствената бивша југорепублика која по распадот на СФРЈ си го промени името. И тоа два пати, со што Македонија стана светски рекордер во менување на името на земјата. Како тоа ќе го забележи историјата останува да се види, главно за мене, кој воениот рок во ЈНА го служев во Битола, ова е тажен настан. Не поради влегувањето на Македонија во НАТО, таа веќе со години е неформална членка на тој сојуз, туку поради фактот дека една држава се согласува да си го промени името за да му пристапи на еден воен сојуз. Нечуено…“, пишува Лазански во својата колумна во српскиот весник „Политика“, пред да го објасни тврдењето за радиоактивната муниција.

„Што добива НАТО со влегувањето во членство на Македонија? Пред сè, воениот полигон Криволак, единствен полигон во Европа каде што се можни вежби со некои видови вистински бојни отрови. Ќе гаѓаат ли сега американските авиони А-10 цели на Криволак со муниција со осиромашен ураниум? Се разбира, бидејќи кој тоа во Скопје околу таа муниција би можел и да го праша големиот сојузник? Никој. Ќе бидат среќни ако големиот сојузник им вети дека Албанците еден ден нема да им ја растурат државата. Сè што добива Скопје со влегувањето во НАТО е тоа ветување. Усно, не и на хартија“, додава тој.

„Покрај Криволак, НАТО го добива на користење и цивилно-воениот аеродром во Петровец кај Скопје. Ништо ново, бидејќи досега го користеше како што сакаше. Со влегувањето на Македонија во сојузот, НАТО ја засилува копнената линија на комуникација: албански пристаништа – Македонија – бугарски пристаништа на Црно Море“, заклучува Лазански.



Која е целта? Односно, кое е рационалното објаснение зошто Западот ги мрази Македонците? Секако, рационално образложение нема--зашто напредниот и богат Запад нема за што да му завидува на назадниот, полуписмен и етнички измешан Балкан--па затоа се уфрлаат објасненија дека нѐ мразат затоа што се сатанисти. Тоа му доаѓа како кога левичар ќе изгуби дебата со нормален човек и веднаш го обвинува нормалниот дека е фашист и неонацист. 
26-09-2019, 03:21 PM
Reply