Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВ СКАНДАЛ ВРЗАН ЗА ЗОРАН ЗАЕВ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Дали фирми поврзани со Заев изнеле милиони од Фондот за иновации?


[Image: fond-inovacii-1.jpg]

ПочетнаИстражување
Sep 25, 2019 11:53 Напишано од: Администратор -
Дали фирми поврзани со Заев изнеле милиони од Фондот за иновации?
  • „Пауерад“,основана од фирма во сопственост на семејството на премиерот Зоран Заев, добиле грант од Фондот за иновации.
  • Во Фондот одбиваат да одговорат на нашите прашања, а не ја даваат ниту комплетната листа на добитници на државни пари.
  • Не се даваат ниту информации за висината на средствата доделени на „Пауерад“ токму на повикот кога Фондот подели околу 10 милиони евра.
 
Горан Лефков
lefkov@yahoo.com
 
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) дал поддршка на фирмата „Пауерад“ од Струмица. Ова е веста што на 17 септември во 10 часот и 21 минута беше објавена на Фејсбук страницата на Фондот.

[Image: Slika-1-Fond-za-Inovacii-690x325.png]

Фирмата „Пауерад“ е основана на 13 февруари 2018 година, на само неколку месеци од објавувањето на повикот за доделување на спорните грантови од ФИТР.
Целосниот историјат со промени на Пауерад – тука.

[Image: Slika-2-Tekovna-sostojba-na-Power-AD_Page_1-690x976.jpg]
Првични сопственици на компанијата се Митко Христов од Струмица и Акционерско друштво за индустрија за градежни материјали „ЕЛЕНИЦА Струмица“. Подносител на барањето за упис е Горан Заев.


[Image: Slika-3-Mitko-Hristov-690x307.png]


Како овластено лице на „Еленица“ е впишан Трајче Заев, прв братучед на премиерот Зоран Заев, а членови на надзорниот одбор се Марјан Митев, Катерина Бојовиќ Заева и Панче Патаров. Членови на управниот одбор се братучедот и братот на премиерот – Трајче Заев и Вице Заев.
Целата тековна состојба на Еленица – тука.


[Image: Slika-4-Elenica-Tekovna-sostojba-Preview...90x976.jpg]
 
Управител на „Пауерад“ првично е поставен Митко Димитровски, член и на управниот одбор на „Еленица“. Но на 7 август 2018 година, две недели по одкривањето на скандалот за добитниците на помош од ФИТР, фирмата на Заеви „Еленица“ се повлекува од сопственоста над „Пауерад“, при што единствен сопственик останува само Митко Христов.


[Image: Slika-5-Izbrisana-Elenica-od-sopstvenost-690x388.png]


Со истата промена се менува и управителот на „Пауерад“ Митко Димитровски, кој е член на Управниот одбор на „Еленица“,а на негово место доаѓа токму Христов.


[Image: Slika-6-Brisenje-na-Mitko-Dimitrovski-od...90x388.png]

На 19 март 2019 година фирмата „Пауерад“ го менува и првичното седиште – Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица – и се сели на улица Ленинова.
 
ЦЕЛОСЕН МОЛК ЗА ВИСИНАТА НА ГРАНТОТ
 
Онлајн магазинот ИНБОКС 7 неколку месеци го истражува случајот со фирмата поврзана со семејството на премиерот Заев, но никој не одговара на нашите барања за информации.
Сите листи на добитници на средства од Фондот за иновации се јавно достапни, само листата во која е фирмата „Поуерад“ не е достапна.

[Image: Slika-7-povlekuvanje-na-podatocite-za-sp...90x388.png]

Не дадоа резултат ни обидите на нашата екипа преку поднесување на усно барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер, поставено на 16 јули 2019 година до Фондот за иновации, каде побаравме да ни го дадат целосниот список на компании кои го добиле грант. Иако законскиот рок за да дадат одговор е 5 дена, до затворањето на овој текст, два месеци подоцна, бараната информација не ја добивме.


[Image: Slika-8-Usno-baranje-na-spisokot-690x893.jpg]

Телефонска изјава побаравме и од Петар Христов, како лице извршен директор на „Пауерад“, но до затворањето на текстот тој не даде изјава за Инбокс 7. На затворени врати за повеќе информации наидовме и во фирмата „Еленица“. Од Службен весник ни одговорија дека Фондот немал обврска да го објави списокот кај нив, но и дека таков список воопшто немаат.
 
СКАНДАЛ ТЕЖОК 10 МИЛИОНИ ЕВРА
 
Скандалот со парите од Фондот за иновации се објави во јули 2018 година. Во него медиумите објавија дека фирми поврзани со Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, Хари Локвенец, член на СДСМ и снаата на Цветанка Ласкова, поранешна координаторка на Форумот на жени на СДСМ добиле државна помош за иновации.
Тогаш никој не објави дека и фирмата „Пауерад“, првично основана од фирма во сопственост на членови на семејството на премиерот Заев, е вмешана во овој скандал.
На пратеничко прашање за Фондот за иновации од 27 јули 2018 година премиерот Заев од собраниската говорница ќе изјави:
Тоа е нов квалитатив и јас го поздравувам етичкиот начин на однесување, кога се повлекуваат самите фирми каде за содружник имаат носител на власт. Затоа што законски тоа е дозволено, но не и етички, оти се мисли дека се има влијание во ваквиот процес. Одлуката ја носеше комисија од меѓународни претставници, меѓу кои и еден министер од поранешната Влада, Глигор Ташковиќ. Заради транспарентите постапки веднаш носителите на јавните функции презедоа одговорност. Се е согласно законот, но го исполнуваме и етичкиот кодекс на однесување“.
Тој никаде не кажа дека има и фирма, која се поврзува со членови на неговото семејство, а исто е вмешана во овој скандал. Останува да се види дали сега и премиерот ќе го почитува етичкиот кодекс и ќе ја повлече фирмата „Пауерад“ од конкурсот како што тоа го направија Анѓушев, Ласкова и Локвенец.


Превземено од ИНБОКС 7
25-09-2019, 10:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ФИТР: „Еленица Струмица“ по ниту еден основ не е корисник на средства од нашите програми
Напишано од
 Плусинфо
 -

25/09/2019 19:03
[img=0x0]https://plusinfo.mk/wp-content/uploads/2018/07/fond-za-inovacii1.jpg[/img]
Фондот за иновации и технолошки развој остро реагира на информациите дека фирмата „Еленица Струмица“ е корисник на средства од Фондот по којa билo основа.
Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

„Во рамки на споменатиот јавен повик од 2018 година, токму по реакција на јавноста, Фондот воведе обврска за доставување изјава за сопственичка структура. Изјавата беше побарана и доставена од страна на сите компании опфатени со Одлука на Комитетот за одобрување на инвестиции од 09.07.2018г., меѓу кои воопшто не е споменатата компанија. Компаниите беа презентирани и на јавен настан, отворен за целата јавност.
Правниот субјект „Пауерад“ ДООЕЛ користи средства согласно Одлука за доделување на ко-финансирање донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции на 03.12.2018 година. Пред воопшто да се донесе оваа Одлука, како и за сите останати правни субјекти, и од оваа компанија е побарано и е доставена Изјава за сопственичка структура. Во истата, воопшто не фигурира споменатиот правен субјект „Еленица Струмица“.
Потсетуваме дека за секоја промена во сопственоста, по доставување на изјавата, а во период од 3 години по завршување на проектот, корисникот на средства има обврска да побара согласност од Фондот.
Фондот е отворена државна институција и остро реагираме на сите обиди за дискредитација на процесите, од кои полза имаат над 300 домашни микро, мали, средни и големи компании, со вкупно над 15.000 ангажирани лица.
Потсетуваме дека сите средства се предмет на квартално следење од страна на две реномирани светски ревизорски куќи, по однапред утврден план за реализација. Резултатите од проектите јавно се презентираат, како што е случај и со проектот на компанијата „Пауерад“ ДООЕЛ, и веќе привлекуваат интерес и конкретни чекори за понатамошни инвестиции од странски финансиски партнери“, се вели во демантот од Фондот за иновации.
25-09-2019, 11:56 PM
Reply