Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ СКАНДАЛОТ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ КЕ БИДЕ ПРИЧИНА ЗА НЕВЛЕГУВАЊЕ ВО НАТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Наводи за скандал во Агенцијата за разузнавање

September 24, 2019
[Image: .jpg?resize=333%2C151&ssl=1]

Дали е на повидок уште еден огромен безбедносен скандал во Агенцијата за разузнавање, прашува денеска членот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Тој поставува низа прашања за ситуации во Агенцијата за Разузнавање која е под контрола на претседателот Пендаровски и новиот директор Еролд Муслиу кој беше назначен од него.

Прашањата што Ѓорѓиевски ги упатува до институциите

-Зошто директорот Муслиу упорно сака да го прикрие обидот за изнесување на оперативна техника на АР за приватни и партиски потреби?

-Дали е вистина дека вработениот С.Х. на 20.06 2019 година е фатен од страна на обезбедувањето на капијата за излез со оперативна техника за агентурно работење и следење таргети?

-Дали после само 4 дена откако е жив фатен и за што се изготвени белешки и записници лицето С.Х. наместо да се соочи со дисциплинска одговорност е директно унапредено од страна на директорот Еролд Муслиу во прв човек на директоратот за безбедност на АР?

-Зошто и со која цел лицето С.Х. сакало без знаење на своите претпоставени да изнесе надвор од АР опрема за следење на лица?

-Зошто веднаш по неговото унапредување со себе ги прераспоредил уште најмалку две лица кои после овој трансфер се забележани на партиски активности на лидерот на најголемата опозициска партија?

-По чиј налог овие лица службено присуствувале летово на настани на кои бил присутен лидерот на опозцијата?

-Дали директорот Муслиу ќе постапи по пријавата за дисциплинска одговорност на С.Х. наместо да испрашува вработени како дознале за обидот за изнесување на опрема надвор од АР?




Quote:Дипломати од НАТО членки шокирани од скандалот во Агенцијата за разузнавање

September 25, 2019
[Image: chl-surveillance.png?fit=300%2C166&ssl=1]
Најновиот скандал во кој е инволвиран висок претставник на Агенцијата за разузнавање која е под ингеренции на претседателот Пендаровски е шокантен за дипломати од земји членки на НАТО.
Тие се надеваат дека наводите за скандалот не се точни и дека се работи за партиско-политичко препукување меѓу власта и опозицијата но во исто време бараат одговори за наводите дека од Агенцијата за разузнавање се вадела опрема за електронско следење за која постои можност да се користела за “оперативна обработка” на политички противници на власта.
“Доколку македонските власти не ја расчистат веднаш дилемата за скандалот кој се случува во извесна членка на НАТО тоа ќе биде огромен срам за земјата, за владата но и за претседателот Пендаровски кој го постави новиот директор веднаш по доаѓањето на на позицијата”, вели поранешен западен дипломат кој работел во Скопје.
Тој вели дека членството во НАТО е завршена работа но дека безбедносните служби и политичарите кои ги контролираат мораат да разберат дека Македонија наскоро веќе нема да биде единка туку дел од најмоќната воена организација и вакви скандали не смеат да се случуваат.
Доколку се потврдат наводите на опозицијата некој ќе мора да понесе одговорност е очекувањето на странците загрижени дека македонските власти не ги разбираат одговорностите кои доаѓаат со членството во НАТО меѓу кои се подразбира дека државните институции не смеат да се користат за партиски пресметки.
25-09-2019, 01:26 PM
Reply