Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИСТРАГАТА ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО РЕКЕТ ЗАВРШИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Русковска: Завршена е истражната постапка за „Рекет“

[Image: ruskovska-696x431.jpg]

23/09/2019
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека истражната постапка за „Рекет“ е завршена.
-По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.
Воедно, обвинителството укажува дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите.
Во текот на утрешниот ден е повикано третоосомниченото лице, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка, се наведува во соопштението на обвинителството.
Денеска на распит беше повикан осомничениот Бојан Јовановски, а во текот на утрешниот ден исказ треба да даде Катица Јанева.



Дали оваа значи дека нема други обвинети??
23-09-2019, 03:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Со денешното затворањето на истрагата„Рекет“, Русковска официјално потврди дека работи под диктат на Зоран Заев


[Image: Logo-2-680x383.jpg]

Соопштение до јавноста во врска со затворањето на истрагата „Рекет“

Почитувани,
Право и правдина во Република Македонија нема.Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија.
Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи под диктат на Зоран Заев.
Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари.
Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики,Фрики,Шеки,Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”.
Сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта.
Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката.
 
23.09.2019
 
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
(This post was last modified: 24-09-2019, 01:10 AM by ЈорданПетровски.)
24-09-2019, 01:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:



Јанева ќе даде исказ откако ќе изврши увид во доказите против неа
24.09.2019 / 13:36

Обвинителството е должно да ја сослуша осомничената пред да се заврши истрагата. Со завршувањето на истата се отпаѓа можноста за влијание врз сведоци, истакна денеска Фрчоска и додаде дека Јанева не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз

[Image: katica-janeva-so-lisici-na-raspit.jpg]

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, ќе даде исказ откако ќе го искористи своето право да изврши увид во доказите, кој е закажан за во четврток, истакна денеска адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска.

Quote:Сметам дека е прекршено правото со тоа што не и е овозможено да даде исказ пред завршување на истрагата. Обвинителството е должно да ја сослуша осомничената пред да се заврши истрагата. Со завршувањето на истата се отпаѓа можноста за влијание врз сведоци, истакна денеска Фрчоска и додаде дека Јанева не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз.
Quote:Сега состојбата на Катица Јанева е добра. Страда од хронични болести, додаде Фрчковска.

Јанева на 20 август годинава беше сослушана во својство на сведок, за следниот ден да биде приведена од нејзиниот дом во Скопје, а Јавното обвинителство за огранизиран криминал и корупција да информира дека ја проширува истрагата за случајот и за Јанева како третоосмничена да побара 30-дневен притвор.
Во обвинителството вчера на распит беше донесен првоосомничениот за „Рекет“ Бојан Јовановски. Тој беше во обвинитеството еден час, но не дал исказ пред обвинителите.
По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.
Од обвинителството укажаа на тоа дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се пришири и против Катица Јанева. Сите тројца се наоѓаат во притвор.
24-09-2019, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Кичеец пуштен во домашен притвор

24.09.2019 / 14:37

[Image: Zoki-Kicheec.jpg]

Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

Quote:Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информриаат дека решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.
24-09-2019, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 71149737_10220524591968362_2055329094530...e=5DF8C152]
24-09-2019, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари

24.09.2019| ВМРО-ДПМНЕ [url=https://www.vmro-dpmne.org.mk/category/pres_centar/soopshtenija/][/url]
[Image: Logo-3-680x383.jpg]

Соопштение до јавноста

Вилма Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Зоран Заев. Затворањето на истрагата за случајот Рекет, и затворање на рекетарскиот ланец со Катица Јанева е прикривање трагите кои водат директно до врвот на власта.
Со месеци, скоро цела година сите институции од областа на финансиското разузнавање, безбедносните служби и  ЈО воопшто не реагирале во врска со милионскиот рекет. И на бруцоши на правен факултет им е јасно дека милионски рекет, кој траел со месеци не може да се прави без знаење на врвот на власта.
Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска цело време само барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари.
Русковска и ЈО со неповикувањето на распит на Зоран Заев се доведуваат во ситуација да бидат соучесници во криминалот.
И Русковска и сите кои ја ограничуваат истрагата и ги штитат функционерите од власта треба да знаат дека еден  ден со враќањето на правната држава во Македонија ќе сносат одговорност за сторениот криминал.
  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
24-09-2019, 07:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(24-09-2019, 01:43 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Кичеец пуштен во домашен притвор

24.09.2019 / 14:37

[Image: Zoki-Kicheec.jpg]

Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

Quote:Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информриаат дека решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.



Quote:Брисел збунет: Зошто човекот снимен со милион евра рекет е дома


September 26, 2019
[Image: .png?resize=463%2C247&ssl=1]
Европски дипломати во бунило, дел од нив не можат да разберат како се случи во клучните моменти за македонските евроинтергации да се прават политичко-правосудни договори меѓу политичари, обвинители и судии со цел забошотување на случајот Рекет.
За дипломати кои одлично ги познаваат состојбите во Македонија несфатливо е како се случи Зоран Милески Кичеец кого сите го видовме како со торба полна со еден милион евра си оди од домот на бизнисменот Орце Камчев да замине во домашен притвор.
За странците упатени во домашните политичко правни прилики е шокантно што Кичевски пред да биде пуштен дома во два наврати дава изјава како сведок во пред истрага а не дава изјава како осомничен во притвор.
Со неговото ослободување од ефективен притвор македонските власти само долеваат масло на огнот во аферата Рекет, тврдат информираните дипломати за кои е очигледно дека постои спрега меѓу највисоките кругови на власта и парите кои биле изнудувани од бизнисмени преку СЈО и телевизијата 1Тв на Боки 13.
Доколку власта се надева дека со пуштање на Кичевец во домашен притвор и неговото евентуално користење како заштитетен сведок во постапката за Рекет ќе спаси некои свои високи функционери многу се лаже, сметаат дипломати кои инсистираат на анонимност.
Точно е дека и странските партнери и опозицијата деновиве сакаат да ја спуштат топката за да не се направи штета на процесот на добивање датум за ЕУ, велат изворите на expres.mk но овие прашања еден ден ќе дојдат на ред и тогаш премиерот , министерката за правда и други претставници ќе мораат да објаснат што и зошто се случувало. Притоа тие не смеат да се сомневаат дека информациите за тоа кој со кого комуницирал во аферата Рекет покрај за македонските се достапни и за други институции и служби.
Во случајот со Зоки Кичеец главно е прашањето зошто тој не го дал пасвордот со кој може да се влезе во неговиот телефон со кој комуницирал со низа инволвирани и дали токму пасвордот е причината поради која тој е пуштен да се брани од дома.
Доколку се покаже дека Кичеец е пуштен дома за да може да прави трговија со затворска казна за себе и другите инволвирани кои се уште не се обвинети во Рекет тоа ќе значи крај за надежите дека Македонија како земја со владеење на правото ќе стане членка на ЕУ, предупредуваат пријателите на Македонија.
Официјално Кичеец е пуштен на домашен притвор пред три дена откако Обвинителството за организиран криминал го прифати барањето на адвокатите и процени дека има простор за такво нешто иако Милевски беше снимен како подигнува 1 милион црни пари обезбедени со рекет.
„По добиено позитивно мислење од Обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судија на претходна постапка, согласно законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор. Решението е испратено до странките, а обвинeтиот ќе биде спроведен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом“, се вели во соопштението од Основниот кривичниот суд Скопје.
Зоран Милевски-Кичеец заедно со Бојан Јовановски-Боки 13 беше уапсен на 15 јуни и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор. Двајцата беа осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.
26-09-2019, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

[Image: 71094583_2407764059478538_73903656279799...e=5E38DC2D]
27-09-2019, 12:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Адвокатите со поддршка на нивните колеги од Рекет, исказот на Кичеец мора да се даде





29.09.2019
Адвокатите и обвинителството имаат различно гледање на тоа дали исказот на зоран милевски Кичеец е доказ кој морал ода го добијат бранителите. Дел од останатите адвокати кои не се вклучени во рекет се ставија на страната како што велат на нивните колеги кои се бранители на осомничените. Но велат се ставаат и на страната на законот за кривична постапка кој според нив обвинителството не го почитува.
  • Во врска со изјавите на одбраната дека немале увид во искази на други осомничени, обвинителството укажува дека исказите на осомничените не се дел од доказниот материјал и од таа причина не се презентирани при увидот, велат од Јавно обвинителство на РСМ.
Исказ на обвинет е под точка еден во доказни сретсва во законот за кривична постапка, му одговараат адвокатите на обвинителството.
Инаку адвокатите на Катица Јанева и боки 13 беа револтирани што обвинителката Вилма Русковсска им даде увид во сите докази освен во сведочењето на второобвинетиот Зоран Милевски Кичеец. Од друга страна адвокатот на Кичеец вели дека тој до сега не ги побарал сведочењата на другите двајца осомничени.
Од утре продолжува увидот во останатите докази кои го прави одбраната на осомничените јанева и боки 13 по што тие ке треба да дадат искази. Тие се уште се во притвор а неделава ќе се знае одлуката на апелациониот суд по нивните жалби откако кривичен им ја продолжи оваа мерка. За раззлика од нив Кичеец е во домашен притвор, откако истрагата за него заврши и обвинителството даде позитивно мислење тој да излезе од Шутка.  
Билјана Николовска
30-09-2019, 12:34 AM
Reply