Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ДИМИТРОВ ЛАЖЕЛ ДЕКА НЕЗНАЕЛ ЗА РЕКЕТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1






Quote:НОВ ЗАПИСНИК ОД „PEKEТ“: Никола Димитров знаел за peкeт, бил информиран но наместо да пpиjaви го повикал бизнисменот на состанок


September 21, 2019
Ја гледав дебатата на 24ТВ, која пред некој ден ја имаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во суштина, од дебатата можевме да разбереме само дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ако добие 80 пратеници или повеќе ќе се направи ревизија на Уставот на државата со цел враќање на државното име во Република Македонија, додека од другата страна, од страна на претставникот на власта предводена од Зоран Заев слушнавме многу сврзници кои упатуваат на идно несвршено време „ќе“ биде ова, „ќе“ биде она – „ќе“ добиеме датум за ЕУ…..

[Image: Aleksandar-Mitovski-696x371.png]
 
Помеѓу овие несвршени глаголи и честички со кои се образува идното несвршено време, а кои се карактеризираат со „ќе“ пред глаголот во сегашно време, имаше и низа оправдувања но и ширења на лажни вести и злоупотреба на еснафските здруженија – мислам на оние новинарските. Во контекст на ова, сакам да објаснам дека одлуката со која „Инфомакс“ беше „осуден“ од страна на Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, а на барање на Никола Димитров кој се почувствувал навреден затоа што бил споменат во еден од исказите на сведоците во врска со аферата „Рекет“ пристигна токму на денот за кога беше закажана дебатата со Николоски на 24Вести.

Зборувајте ми за коинциденции, нели.

[Image: odluka.jpg]

Внимавајте ве молам, Димитров се жалел затоа што била објавена само првата страница од записникот, а тоа што не сме ја објавиле било прекршување на член 1 од Новинарскиот кодекс. Иако, од СЕММ заборавиле дека новинар кој се повикува на документ не може да клевети ниту да навредува. Едноставно, се повикува на документ. Во овој случај на исказ што го кажал некој друг. Еве и сега, објавена е само првата страна од одлуката. Тоа што значи, дека повторно сум го прекршил Кодексот? Што би рекол Кили „немој да ме јебеш“.
 
Но, бидејќи МНР Димитров повеќепати потенцираше дека тој ниту знаел, а ако знаел за рекетот кој му го пријавил еден нерезидентен амбасадор ќе пријавел во Обвинителството, еве јас ќе го потсетам за хронологијата на настаните, но и дека навистина знаел дека еден бизнисмен (помеѓу останатите) бил жртва на рекетот на СЈО, Боки Тредичи, Кичеец, кои пак пред да бидат пријавени биле предупредени од Зоран Заев да престанат комуникација со Орце Камчев кој најавил кривична пријава токму кај премиерот.
Во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, да не речам од центарот на истокот, токму Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле токму во врвот на владата, но не и Димитров. Барем не до тој момент.
Бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за ивоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави, молчел.

Quote:– Во периодот октомври ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повкан таму, помислил во својство на адвокатм дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога  состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра. – вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска.

Интересно е што бизнисменот е и конзул на една европска земја. Поточно на Латвија, земја чие знаме беше по грешка ставено за пречекот на Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Македонија, токму во овој период.
По кажување на сведокот, неговиот адвокат на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот „Поштенска Банка“.
Тој, Тредичи понатаму објаснувал дека знае дека адвокатот има пристап до сметките на бизнисменот и дека треба што побрзо да се реши ова нивно барање за рекет. Откако одбиле, бизнисменот добил посета од истражители на СЈО во неговата компанија но и обвинение за случајот.
За да го убеди во сериозноста на тоа што го зборува, Бојан Јовановски го запознал адвокатот на бизнисменот и со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев инаку тогаш вработен како маркетинг директор во телевизијата „1ТВ“ но и единствен вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткот на Боки Тредичи и Јасна Мандиќ.

Quote: – Испуштив да кажам дека додека …… бил во просториите на 1 ТВ и разговарал со Бојан Јовановски, Бојан повикал некое лице кое влегло и се запознало со …….. и Бојан кажал дека тоа е синот на Катица Јанева. Како точно било ќе ви каже …… ………. затоа што јас ова го знам по негово кажување. – вели бизнисменот од источна Македонија во својот исказ на втората страница од записнкот, некаде на средина на страницата.

После ова, вели бизнисменот во исказот, Бојан се обидувал преку разни луѓе да стапи во контакт со него, но безуспешно. Сепак, бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул.

Quote: – Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот  кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.

И сега се поставува прашањето. Зошто Никола Димитров, како и Зоран Заев, Фросина Ременски и останатите споменати во записниците на сведоците кои биле жртви на рекетот, лажат?
До каде е постапката со тужбите до мене и „Инфомакс“? Или не ви одговара да се соочиме на суд, на јавно рочиште во присуство на сите медиуми?
Тоа што дополнително ја прави состојбата тажна е фактот што од еснафското здружение СЕММ се ставија во служба на политиката, па наместо да го заштитат новинарскиот интегритет, јавниот интерес и слободата на говорот, тие се обидуваат да делуваат во насока на олеснување на процесите за политичарите кои се вмешани во афери. Тажно.
Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал.

Quote: – Ова го направив од причина што не можев повеќе да го издржам притисокот. Сакам да напоменам дека ова не го пријавив никаде од причина што Бојан цело време по социјалните мрежи ги употребуваше јавите личности и тоа министри, обвинители, вклучително и вас (се мисли на Вилма Русковска која го води испрашувањето). – вели сведокот на крјаот на втората страница од исказот даден во Обвиителството за организиран криминал и корупција.

Замислете, бизнисмен кој 25 години работи речиси исклучително извозно ориентирано, кој донел сериозни суми на девизен прилив во земјава се чувствувал загрозен и не можел да пријави дека некој сака да го рекетира бидејќи не верувал во институциите чии претставници се фотографирале со рекетарот, кој пак бил диригиран од еден моќен властодржец во земјава.
Мизерно, нели?
Но на крајот, еве министре Димитров кажете – сте знаеле или не за рекетот, и зошто не сте пријавиле во Обвинителство итно? Со кого мислевте дека ќе можете да изманипулирате? Сметате дека граѓаните се недоветни? Дека новинарите нема да го најдат вистинскиот одговор и дека ќе ви веруваат на вас? Не, вие одамна го загубивте кредибилиетот кој ви даваше за можност да веруваме во тоа што го кажувате.
Ние, проверуваме….
А.Митовски
 



Не ги разбирам луѓево зошто се обидуваат да лажат? Димитров требаше да биде свесен дека Николовски кога посочи дека се работи за бизнисмен од Источна Македојна знае се!!
Еве денеска изјавата на Николовски доби потврда!
21-09-2019, 07:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Конзулот потврди дека Димитров знаел за „Рекет“, дали и кому министерот пријавил?

Македонија 25.12.2019 / 13:32
По денешното рочиште за предметот „Рекет„ стана дефинитивно јасно дека министерот за надворешни работи Никола Димитров меѓу првите знаел за рекетирањето бизнисмени од страна на СЈО. Сега е клучно прашањето дали тој го пријавил тоа, кога и каде?


[Image: Zoranco-Mitrovski-reket1-640x360.jpg]

Бизнисменот Зоранчо Митровски, веќе 12 години почесен конзул на Летонија во Република Македонија, за тоа што му се случува го известил летонскиот нерезидентен амбасадор, кој одржал средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На неа, тој го известила министерот за тоа што му било пренесено од почесниот конзул.
По завршувањето на средбата меѓу нерезидентниот амбасадор и министерот, амбасадорот го известил почесниот конзул со СМС порака дека во иднина не очекува да има проблеми со СЈО.







Quote:МНР: Изјавата на почесниот конзул на Летонија е груба лага

Македонија 25.12.2019 / 16:26
[Image: Zoranco-Mitrovski-reket.jpg]

Министерството за надворешни работи преку соопштение реагира во врска со денешната изјава на почесниот конзул на Летонија, бизнисменот Зоран Митровски, за која оценува дека претставува „груба лага“.

Во реакцијата се посочува дека со поранешниот нерезидентен амбасадор на Летонија за земјава Сарканис, министерот Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел, кога тој во земјата доаѓа пред се во друго дипломатско својство и второ, на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет“, на што впрочем укажува и датумот кога се сретнале – 18 октомври 2018 година, како и неформалниот карактер на разговорот: на стоење, без закажување, со 40-ина луѓе наоколу.

Quote:Амбасадорот, за време на тој неформален разговор точно е дека го спомнал почесниот конзул на Летонија, бизнисменот Зоран Митровски, ама само за да се пожали дека тој во медиумите бил спомнуван како осомничен во отворена истрага. Темата „Рекет” никогаш не е спомната. Министерот за надворешни работи Димитров сметајќи дека евентуални коментари во таа насока би биле злоупотреба на дипломатскиот и конзуларен статус, само го информирал амбасадорот дека во нашата држава медиумите се слободни и дека Владата не може да влијае во работата на медиумите, ниту за почесни конзули, ниту за министри и така завршува разговорот, се наведува во соопштението.

Подоцна, согласно протоколот, се додава во соопштението, Кабинетот на Димиторв побарал средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но токму конзулот Митровски немал интерес за официјална средба и никогаш не дошол на состанок.

Quote:Повикуваме веднаш да се престане со ширење на вакви лаги кои се во функција да му наштетат на угледот и интегритетот на министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку негово поврзување со афера со која што тој нема никаков допир, што се разбира може да е и нивна цел, а кои влијаат негативно и на државните интереси и истовремено го подриваат и самиот судски процес, стои во реакцијата од Министерството за надворешни работи.
25-12-2019, 07:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Димитров го бранел СЈО и откако амбасадорот му пријавил за „Рекет“

Македонија 25.12.2019 / 16:57
Министерот за надворешни работи Никола Димитров должи неколку одговори до јавноста по денешното сведочење на конзулот на Летонија во Македонија, Зоранчо Митровски. Бизнисменот му се пожалил на нерезидентниот амбасадор на Летонија дека е жртва на рекет.


[Image: Zoranco-Mitrovski-reket1-640x360.jpg]

Амбасадорот пак во март годинава разговарал со Димитров од кого добил уверување дека Митровски нема да има проблем со СЈО и дека се ќе биде во ред.
По јавното признание на бизнисменот Димитров мора да одговори дали и кому пријавил дека од страна на Јовановски и Јанева се врши Рекет и зошто во изјави и коментари на социјалните мрежи продолжил да дава поддршка на СЈО.
Така, Димитров во јули годинава велеше дека не знае која е земјата што му дала поддршка на бизнисменот да проговори за рекетот.
[Image: Dimitrov-reket-Letonija.jpg]

Во септември пак од Кабинетот на Димитров тврдеше дека министерот не бил информиран за “Рекет“ од амбасадорот на Летонија.
По денешното сведочење на Митровски се покажа дека Димитров сепак знаел за рекетот и оти бил известен од амбасадорот.
25-12-2019, 08:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Николоски очекува Димитров да поднесе оставка и кривично да одговара поради тоа што не го пријавил „Рекет“
Македонија 25.12.2019 / 13:44

Очекувам прво министерот за надворешни работи Никола Димитров да поднесе оставка и потоа кривично да одговара поради тоа што не го пријавил случајот „Рекет“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конфренцијата.

Quote: Wrote:Драго ми е што вистината излегува на виделина. Зоран Заев се закани дека ќе ме тужи за клевета за случајот „Рекет“. Пред неколку месеци на телевизиско соочување, односно дебата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавно во таа емисија го кажав тоа што го кажав денес, односно кажав дека еден амбасадор од земја членка на ЕУ реагирал кај министерот за надворешни работи, затоа што почесниот конзул на таа држава, за која еве сега е познато името, бил рекетиран од Бојан Јовановски и други лица поврзани со него, синот на Катица Јанева и останати, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го коментира тоа што почесниот конзул на Латвија пријавил кај Димитров дека Јовановски му барал рекет.

Quote: Wrote:Тоа тогаш беше најостро демантирано од Никола Димитров дека таква работа немало, дека тоа било лага и така натака. Но, пред вистината и Боговите молчат. Еве после неколку месеци во судска постапка се потврдува дека Никола Димитров знаел за рекет и не пријавувал за рекет затоа што е кривично дело, и би сакал да го повикам ЈО и сите останати органи да го повикаат Никола Димитров и да го прашаат зошто не пријавил и соодветно да спроведат кривична постапка против него затоа што затскривање или не пријавување кривично дело е исто така кривично дело, рече Николоски.
25-12-2019, 08:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Што зборуваше Димитров за „Рекет“ во септември, а што сведочеше денеска рекетираниот бизнисмен

Македонија 25.12.2019 / 17:23
[Image: dimitrov.jpg]
Вториот сведок на денешното рочиште за случајот „Рекет“, бизнисменот Зоран Митровски, нагласи дека во 2017 година бил повикан како сведок за случајот „Поштенска банка“ во СЈО за акции што неговата компанија ги имала во оваа банка.

Quote: Wrote:Адвокатот Бошков ми кажа дека имал средба со Бојан Јовановски и тогаш му станало јасно оти работата е сериозна, посочи бизнисменот.

Бизнисменот вели дека во тоа време СЈО било на врв на својата моќ и не било лесно да го пријави случајот

Митровски, како почесен конзулат на Летонија, одлучил за случувањата да го извести Алберт Сарканис, нерезистентниот амбасадор на Летонија. Сараканис имал средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров и му пренел. Потоа од МНР се обидувале да воспостават неофицијални контакти со Митровски.

Денеска од МНР велат дека со поранешниот нерезидентен амбасадор на Летонија за земјава Сарканис, министерот Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет“, а подоцна, согласно протоколот, од Кабинетот побарале средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но токму конзулот Митровски немал интерес за официјална средба и никогаш не дошол на состанок.

Но, овој септемрви, министерот имаше друга приказна за тоа дали бил запознаен со рекетирањето.


[Image: 7e6d72723f0607a79d526ffc6baabe77_normal.jpeg]


MITE NAJDOFF @Kalabalak_


Што зборуваше Никола Димитров за “Рекет“ во септември, а што денес во судот сведочеше рекетираниот бизнисмен кој што е конзул на земја членка на ЕУ?

Проценете сами
[Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png]


[Image: rL85w45NwxDjPrMS?format=jpg&name=small]


45
10:00 AM - Dec 25, 2019
25-12-2019, 08:02 PM
Reply