Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДЕСКОСКА ПРОДОЛЖУВА СО ЛАГИ ЗА ПРИЧИНАТА ЗА НЕДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Дескоска: Клучното барање на ВМРО-ДПМНЕ беше сите постапки на СЈО по 18-те месеци да запрат, а доказите да се фрлат во вода

21/09/2019
[Image: Renata-Deskoska-696x464.jpg]
Идеална ситуација би била законот да се донесе. Но гледаме дека имаме отпор од страна на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за донесување заеднички солидни решенија коишто ќе ги имплементираат европските стандарди, истакна министерката за правда Рената Дескоска, во интервју за емисијата Стадион на Канал 77, на прашањето дали може  Законот за ЈО да не е донесен, а да очекуваме отворање на преговорите за влез во ЕУ.
-Мојата опција е дека би било подобро да не донесеме закон отколку да донесеме лош закон, во случај ако имаме ситуација во којашто треба да имаме закон којшто ќе внесе поретроградни решенија од постојните, којшто нема да значи напредок на нашето законодавство кон европското.
Дескоска посочи дека овој процес на носење на СЈО се темели на Стратегијата [за реформи во правосудството] којашто е усвоена од Владата но и одобрена од Европската Комисија од Брисел, и од којашто произлегува обврска да обезбедиме посебен орган во рамките на Јавното обвинителство којшто ќе гони висока корупција и ќе овозможи продолжување на случаите на СЈО.
-Практично, СЈО да се трансформира во траен орган во нашиот систем – за жал таква согласност немавме, рече министерката.
Дескоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не сакало  да се спомне С од СЈО во законот.
-Бевме принудени да извадиме верзија којашто ќе се доближи до нивните барања со цел да направиме консензус. Кога ја направивме таа верзија којашто имплементираше добар дел од нивните барања сега тие одговорија со ретерирање- посочи Дескоска.
Таа посочи дека воочливо било тоа дека другата преговарачка страна, во случајот опозицијата нема волја за приближување и доаѓање до заедничко решение.
-Тоа беше една игра во која ВМРО-ДПМНЕ ја правеше со цел да дојде 15 септември, во којашто очекуваа дека специјалната јавна обвинителка ќе го изгуби мандатот, СЈО ќе биде замрзнато и со него и случаите и дека тоа ќе трае една година, рече Дескоска.
Клучното барање на ВМРО-ДПМНЕ беше дека треба да имаме одредба во којашто сите постапки коишто се почнати по 18 месеци ќе запрат, сите докази ќе бидат фрлени во вода, а постапките пред првите 18 месеци ќе бидат трансферирани. Ние мораме да го решиме клучното прашање, а тоа е прашањето за постапките коишто се водат. Остануваше дилемата за тоа во која фаза ќе бидат преземени и слично. Кога ќе го решевме тоа прашање, можевме да разговараме им реков, експерти од сегде, од ЕК, од Венецијанска комисија од каде и да е, дополни Дескоска.
Дескоска истакна дека првата верзија којашто била пуштена  во Собрание била блиску до она што би изгледал закон којшто би се правел во комисија, експертски – без странични интереси. Имаше одредени отстапувања во првиот текст којшто произлегоа во рамките на коалициските разговори со ДУИ, којшто се однесуваа на одредени прашања за да се задоволат потребите и да се добие поддршка во рамките на Владата. Прашања коишто се однесуваа на употреба на докази од СЈО и други прашања коишто се отворија, различни прашања и интервенции. Но, сепак тоа беше еден закон којшто беше пристоен, немаше да наруши остварување на владеење на право, од експертите би добил зелено светло. Можеби не би добил петка, но би добил една четворка.
За жал, свесни сме дека во Собранието мнозинство за донесување на закон е двотретинско мнозинство. Има одредени црвени линии од коишто не сме спремни да отстапиме. Вистина мислам дека нема потреба да се носи закон којшто ќе биде ретроградно решение, дури ќе содржи и скриени одредби за амнестија, доколку веќе не е ургентна таа потреба, изјави Дескоска. МИА


Милошоски ги дематира лагите на Дескоска:


(28-08-2019, 03:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Интервју Милошоски: Опозицијата да даде предлог за предводник на новото обвинителство


28 Август, 2019

Фактор: Постои ли опасност од прекинување на предметите кои ги води СЈО, од застарување до не можност тие да биде преземени или водени. Сака ли опозицијата да избегне одговорност?

Милошоски:Нема никаква закана за застарување на предметите бидејќи тие веќе се поднесени како обвинителни акти пред судот и се водат рочишта. Тие 18 обвинителни акти не може да престанат бидејќи се влезени во процес, освен ако се случи некоја виша сила. Ние и кажавме на Рената Дескоска Треневска дека сите случаи кои имаат судски тек да си имаат и судски исход.

Фактор: Што е со истрагите кои СЈО ги покрена по јуни 2017 година кога истече рокот за поднесување на обвиненија. Што ќе биде со овие предмети во кои исто така се вклучени функционери на ВМРО-ДПМНЕ, нив кој ќе ги застапува и дали ќе се отворат?

Милошоски: Ние им рековме дека јуни 2017 е законски рок кој јасно е поставен. Тој законски рок бил ставен за да се почитува, а не прекршува. Е, сега ни станува појасно што се случувало. Обвинителите, вклучувајќи ја специјалната јавна обвинителка, но и другите кои биле вклучени, си поставиле приоритети, и вршењто на рекет и уцени кон бизнисмени им било поважно, отколку поднесување обвинителни предмети и акти. За нив тие тврдат дека се подготвени да ги започнат и водат, но прашањето е зошто не ги поднеле? Затоа ние сметаме дека во моментот додека законот опредил рок и СЈО имало улога на овластен тужител, ако тие го пропуштиле рокот намерно или ненамерно, значи дека новото обвинителство ќе може да отвори нови истраги и предмети. Ние сме мала земја, и сите ги знаеме случаите по допрен глас. И ако Катица Јанева не нашла за сходно да поднесе обвинителен акт против Никола Груевски и Али Ахмети за предметот „Попис“, тогаш новиот обвинител на новото обвинителство по допрен глас ќе може да отвори истрага, да обезбедува докази и да ја води процедурата.
(This post was last modified: 21-09-2019, 07:02 PM by ЈорданПетровски.)
21-09-2019, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2







Quote:Заев: Изјавите на Мицкоски за законот за ЈО се резултат на инструкциите од Будимпешта

23.01.2020
Со барањето од опозицијата тие да го предлагаат јавниот обвинител, Мицкоски испраќа порака дека има намера да остане во опозиција. Вака критички да се настапи за закон кој е во координација со Европската делегација, ЕУ и САД е далеку од каква било нормалност во однесувањето во вакви сериозни моменти пред кои сме исправени. Испраќам порака на сериозност – сега сите ѝ требаме на државата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи ја прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  
Тој рече дека изјавата на Мицкоски дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.
За предлог-законот, Заев рече дека е направен со цел политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во правосудството, а не обид да се амнестираат случаи и да се скрие криминал на актуелната власт.
„Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично, без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран криминал и тоа сегашни, минати, а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение, јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат за сè да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го забошоти криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот, без разлика за кого се однесува“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на МАСИТ.
23-01-2020, 04:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Тања Каракамишева
4 hrs ·
Забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје изложени на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија
Почитувани присутни, во последно време многу малку се организираат јавни дискусии за закони од поширок јавен интерес иако согласно Деловникот на Собранието тоа е обврска на законодавниот дом.
Се добива впечаток дека законите се буткаат на мускули, за нив се дискутира во затворени политички кругови при што речиси без исклучок исходот од таквите затворени средби во јавноста се презентира како да е постигнат општествен и политички консензус за законите што не е точно.
Сосема е сигурно дека законот за јавното обвинителство, исто како и оној за судството, е закон од поширок јавен интерес.
И покрај неговото значење зачудува фактот што оваа содржина на предлог законот не е доставен до Венецијанската комисија со цел да се добие итно мислење за неговата усогласеност со европските стандарди имајќи предвид дека итното мислење е можна варијанта согласно најновите измени во Статутот на Комисијата.
Но, за тоа да се случи потребна е политичка волја на власта.
Овој предлог закон очигледно е дека претставува компилација на одредби од важечкиот закон за јавното обвинителство, во него се ученички вметнати препораките што Венецијанската комисија ги има дадено за законот од 2007 година, плус предлагачот дополнително ја искористил или ја злоупотребил реформската потреба за подобрување на квалитетот на работата на ЈО и ги вметнал одредбите за вдомување на кадрите и надлежностите од неуставното СЈО.
Одредбите за барање начин како да се вдомат кадрите и надлежностите од СЈО не се препораки на Венецијанската комисија.
Оттука, новата компилација е вид имитација на реформски акт.
Сакам да напоменам дека препораките од ВК кои се применети во овој предлог на закон важеле за законот од 2007 година, а не за оваа компилација од предлог закон.
Предлог законот кој е пред нас е всушност своевидна камуфлажа на балканските решенија кои се кријат зад европските стандарди, и тоа мора јасно и гласно да се каже.
Оваа состојба ми наликува на девојка која во 2007 година одлично и стоела одредена облека, но по 13 години голема е веројатноста дека таа облека повеќе нема да и прилега на жената која се оформила по 13 години.
Или со други зборови, препораките на ВК се однесувале на девојката пред 13 години, но не и на оформената жена по 13 години.

Второ, кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е офиццијално доставен до Собранието?
Со оглед дека поднесувањето на предлогот на законот е клучен момент за да започне законодавната постапка ова е важно претходно прашање кое е поврзаноо и со одржувањето на јавната дискусија.
Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело.
Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците.
Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање.
Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка.
Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија.
Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура?
Трето, во 2015 година Собранието донесе неуставен Закон за СЈО.
И покрај предупредувањата на експертската јавност дека законот е спротивен на уставното начело на единственост на органот и неговата хиерархија, дека воспоставувањето на СЈО во системот ќе доведе до паралелизам во јавнообвинителската организација и функција, тогашната власт и опозиција останаа глуви на овие предупредувања.
Не само што го донесоа законот, туку и создадоа јавнообвинителски орган каде беа вработени најблиски роднини на главната обвинителка, но и на други лица во јавното обвинителство и во судството, и спротивно на член 12 од Законот за кривичната постапка ги озаконија т.н. „бомби“ односно материјалите кои произлегоа од незаконското прислушување како докази врз основа на кои беа донесоа и судски пресуди.

Уставниот суд остана нем набљудувач на прекршувањата на Уставот, не покрена постапка за оценка на уставноста на законот. Тие не се одважија ниту за поведување постапка по службена должност со што ја аминуваа оваа неуставна творба.
Факт е дека јавното обвинителство и судството во Македонија се заложници на политиката. И покрај уставните одредби за независност, политичка непристрасност, и работа со интегритет, дел од судиите и од јавните обвинители со години не го положуваат испитот на заштита на правото и правдата во земјата.
Во најголем дел од случаите законите не се виновни за политичката пристрасност, зависност на судиите и на обвинителите од политичарите.
Во најголем дел од случаите, функционираат лични интереси, материјални интереси, други спреги и врски кои не се поврзани со примена на законите, туку исклучиво со личните материјални или професионални интереси.
Конкретни забелешки за неуставноста на предлог на законот
Предлогот на законот за јавното обвинителство е спротивен на:
- член 8, став 1, алинеја 1, 3 и 11,
- член 9,
- амандман 21 со кој се замени член 15 од Уставот,
- член 51,
- член 106 и амандман 30 од Уставот.
1.Со оглед дека со предлогот на законот се крши Уставот на Македонија се доведува во прашање начелото на владеење на правото, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот како и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право, предлагам оваа верзија на предлог законот да биде вратена на предлагачот со цел да биде квалитетно подобрена во својата содржина, и со цел да стане уставна.
2.Член 8 од предлогот на законот треба целосно да биде преформулиран, бидејќи вака како што е наведено изгледа дека само став 3 се однесува на кршење на УСТАВНИТЕ ПРАВА на презумпцијата на невиност, принципот на самостојност на јавното обвинителство или работењето на ЈО врз основа на Уставот и закон, при што се добива впечаток дека само во тие случаи државниот јавен обвинител има обврска јавно да укаже на повредата на наведените принципи од страна на медиумите.
Вака како што е поставен, член 8 е спротивен на член 7, посебно на став 1 и 2 од член 7 на предлогот на законот.
3. Член 26, став 2 не води сметка за уставното начело на двостепеност во заштитата на правата на јавните обвинители, односно е спротивен на амандман 21, член 15 од Уставот. Ако одлуката на Советот на ЈО е конечна, без при тоа да му се овозможи судска инстанца за заштита на правата на јавниот обвинител, тогаш се повредува уставно загарантираната двостепеност во заштитата на правата.
Амандман 21, став 1 вели дека „Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.“
Исто така, став 5 на член 26 го става во привилегирана позиција јавното обвинителство на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители од тоа ЈО во однос на другите јавни обвинители со што се повредува член 9 од Уставот, односно правото на недискриминација, заштита во случај на нееднаков статус и позиција меѓу јавните обвинители во случај кога таква нееднаквост е утврдена со закон.
4.Член 24 од предлогот на законот се однесува и на јавните обвинители од поранешното СЈО. Во став 3 од член 24 стои дека државниот јавен обвинител ќе ги распореди вработените од јавното обвинителство кое се укинува во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос. Овој член е во колизија со член 109 од предлогот на законот.
5.Член 29, став 3 од предлогот на законот е спротивен на член 3 од предлогот на законот, бидејќи го прекршува принципот на хиерархија и субординација.
Како што е формулиран став 3 излегува дека јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција може да не му дозволи на државниот јавен обвинител да преземе кривично гонење или вршење на одредени работи за кое е надлежно ОЈО за организиран криминал со што директно се повредува принципот на хиерархија и субординација.
По начинот како е поставено ОЈО за организиран криминал во законот и дискреционото право на јавниот обвинител на ова обвинителство да одлучува дали ќе предаде одреден предмет на државниот обвинител или не, се нарушува и член 106 од Уставот, односно единственоста на јавното обвинителство изградена врз принципите на хиерархија и субординација.
Принципот на хиерархија не дозволува понизок јавен обвинител да одлучува дали ќе му даде предмет на повисок јавен обвинител, туку обратно.
Во чл. 29, став 3 од предлогот на законот оваа хиерархија, како и правото на авокација е повредено (повисокиот јавен обвинител може да преземе вршење на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител).
Исто така, овој член не е усогласен со член 41, член 42, член 43, и член 44 од Законот за кривичната постапка каде детално е уредено прашањето на кривичното гонење.
Со овој член практично се повторува неуставноста на СЈО, се повторува паралелизмот во работењето на јавното обвинителство само сега тој паралелизам е пресликан во ОЈО за организиран криминал и корупција.
Паралелизмот е посебно евидентен во член 100, став 3 каде е предвидена и финансиска самостојност на ОЈО како посебен буџетски корисник, но и додатоците на плати кои јавните обвинители на ова ОЈО може да си ги делат.
Предлогот на законот не е усогласен со Кривичниот законик, бидејќи во КЗ кривичното дело утврдено во член 151 и во член 152 е неовластено прислушкување и тонско снимање и неовластено снимање, а не како што е наведено во предлогот на законот незаконско прислушување.
Она што може да се забележи во член 32 од предлогот на законот, во делот на надлежноста на ОЈО за организиран криминал и корупција е дека не се наведени делата утврдени во член 151 и 152 од Кривичниот законик.
28-01-2020, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:6.Член 69, став 5 од предлогот на законот е спротивен на член 51 од Уставот. Законот за употреба на јазиците, закон кој се носи со апсолутно мнозинство гласови, не може да се наметне и да има посилно дејство од законот за јавното обвинителство кој се носи со 2/3 мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието. Оваа одредба ќе мора да се преформулира согласно амандман 5 на член 7 од Уставот.
7.Член 81 од предлогот на законот е спротивен на член 13 од Уставот, на амандман 21 од Уставот. Суспендирањето на јавниот обвинител од вршењето на функцијата треба да се преформулира согласно Законот за кривичната постапка и да се стави формулацијата „се оддалечува од своето работно место“.
Суспендирањето е претешка формулација во случај на поведена дисциплинска постапка против јавниот обвинител. Предлагам преформулирање на член 81 од предлогот на законот во согласност со ЗКП и со Уставот на Македонија, како и допрецизирање за каков вид дисциплинска постапка станува збор, бидејќи во член 91 и во член 92 од предлогот на законот се наброени тешки и лесни дисциплински повреди. За кои дисциплински постапки може да се суспендира јавен обвинител, дали и во случај на лесни дициплински повреди и дали е тоа решение со кое власта ќе се одмаздува на обвинителите кои не им се по волја?
II. При изработката на предлогот на законот очигледно е дека не се земени предвид препораките на Европската мрежа на судството и на јавното обвинителство , препораките на Комитетот на министри при СоЕ за подготовка на мислење за независноста, одговорноста и етиката на обвинителите.
1.Предлогот на законот не ја разработува на квалитетен начин НЕЗАВИСНОСТА (надворешна, внатрешна, објективна, субјективна) на јавното обвинителство, европска вредност содржана и детално разработена во сите документи на СоЕ, Венецијанската комисија, и слично.
Предлагам во неколку члена од предлогот на законот да биде разработен концептот на независност на јавното обвинителство согласно европските стандарди, бидејќи во спротивно член 3, став 2 од предлогот на законот, ако остане во оваа форма би внел уште поголема забуна во јавноста.
Дали според предлагачот ако изрично нагласи дека јавното овинителство не е дел од извршната власт, значи дека одобрува јавното обвинителство да може да биде дел од законодавната или од судската власт?
2. Истата дилема од претходната точка важи и за член 3, став 1, односно за принципите на хиерархија и субординација. Сметам дека овие два принципа не е доволно само да бидат споменати во чл. 3, став 1, туку мора да бидат и соодветно објаснети, бидејќи како што видовме погоре тие се прекршуваат од страна на предлагачот во самиот предлог на законот.
3.Член 16 од предлогот на законот да се усогласи со член 45 од Законот за кривичната постапка.
4. Член 24, став 2 и 3 се контрадикторни. Во став 2 се вели дека Советот на ЈО ЌЕ ГО РАСПОРЕДИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ОД УКИНАТОТО ИЛИ РЕОРГАНИЗИРАНОТО ЈО, а во став 3 стои дека тоа го прави Државниот Јавен обвинител. Овој член е понатаму контрадикторен и со преодните и завршните одредби од предлогот на законот.
5.Член 26, став 5 ги става во привилегирана позиција јавниот обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители од тоа ОЈО во однос на другите ЈО, бидејќи само тие не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство со што се покренува прашањето на законски дозволена дискриминација/нееднаков статус и позиција меѓу јавните обвинители и јавните обвинителства аминувана со закон.
6.Точка 5 од предлогот на законот „Преземање на кривично гонење“ треба да се помести во рамките на точка 6 од предлогот на законот „Надлежност на јавното обвинителство“, бидејќи преземањето на кривичното гонење е основна надлежност на јавното обвинителство утврдена во Уставот на Македонија.
7.Во член 29, став 3, како што нагласив и погоре, се крши принципот на хиерархија во јавното обвинителство според кој Државниот јавен обвинител е највисока инстанца во јавното обвинителство на земјата. Ако остане овој член неизменет повторно ќе биде доведена во опасност уставната единственост на јавното обвинителство, односно повторно ќе се создаде паралелизам во делувањето на јавните обвинителства по теркот на СЈО.
Државниот јавен обвинител мора да остане главен и највисок орган во јавното обвинителство, а не како што е сега случајот Јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција да може да му се наметнува над Државниот обвинител по сила на закон.
8.Со оглед дека во член 32 и во член 33 од предлогот на законот се регулира специјализација на дел од јавните обвинители за кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција предлагам да се изврши продлабочена специјализација и на другите јавни обвинители. Специјализацијата на јавните обвинители е пракса во повеќе европски држави за случаи поврзани со корупција, кривични дела сторени од високи функционери, перење на пари, и слично. Специјализацијата на обвинителите ќе придонесе до поквалитетна истрага и до поднесување на обвинителски предлози од специјализирани обвинители. Меѓународните инструменти каде се дефинирани обврските на јавните обвинители посебно ги споменуваат надлежностите на обвинителите да се справуваат со случаи на кривични дела сторени од високи функционери.
Специјализираните оддели за ваков вид криминал се вообичаени во последниве неколку години. Венецијанската комисија во своите мислења дава посебно поддршка на воспоставување специјализиран оддел за антикорупциска истрага кое обвинителство ужива соодветна самостојност во рамките на целиот јавнообвинителски систем.
9.Точка 17 од предлогот на законот „Именување и избор на јавни обвинители“ треба да се префрли пред точка 7 „Оценување на работата на јавните обвинители“, затоа што прво јавните обвинители се избираат, па потоа се оценува нивната работа со цел нивно унапредување во службата.
10.Во член 62 во делот на посебните услови за избор на јавните обвинители предлагам да се зголемат годините потребни за избор, па така за Државен јавен обвинител наместо предложените најмалку 12 години како јавен обвинител или најмалку 15 години непрекинат работен стаж како судија од областа на кривичното право да се стави најмалку 15 години како јавен обвинител и најмалку 20 години години непрекинат работен стаж како судија од областа на кривичното право.
Не е јасно зошто предлагачот се откажал од можноста и редовни и вонредни професори по право од правосудната практика да имаат можност да станат државен јавен обвинител? Ова не е на линија на европските стандарди.
Зошто предлагачот на законот ја избришал можноста која беше дадена во стариот закон, конкретно во член 44, став 2 „За Јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое покрај условите од став 1 на овој член ги исполнува и следниве посебни услови:
- да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.
Предлагам враќање на старото решение со цел зголемување на конкурентноста и квалитетот на кадровските решенија при изборот на државен јавен обвинител.
Во однос на изборот на јавните обвинители во државното јавно обвинителство предлагам наместо предлогот најмалку 8 години во Вишото ЈО или во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција да се внесе најмалку 10 години непрекинат работен стаж и позитивна оценка во последните 6 години.
Во однос на изборот на виш јавен обвинител на вишото јавно обвинителство наместо постојните најмалку 6 години до моментот на пријавување за именување да стои најмалку 8 години со позитивна оценка во последните 4 години, а во однос на изборот на јавен обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција предлагам наместо најмалку 4 години непрекинат работен стаж да се внесе најмалку 6 години непрекинат работен стаж со позитивна оценка во последните четири години.
11. Во член 65 од предлогот на законот не е наведено со какво мнозинство Советот на јавните обвинители го избира вишиот јавен обвинител на вишите јавни обвинителства, јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција и основниот ЈО на ОЈО. Истото се однесува и на став 2 од член 65. Ова е сериозен процедурален пропуст кој не е дозволен при изработка на закон!
Дали ова значи дека сите членови на Советот треба едногласно да се согласат за изборот на одделните јавни обвинители? Дури и да е така, повторно едногласност треба да биде содржана во законот, а не да се претпоставува. Овој член исто така не е усогласен со член 89, став 6 од предлогот на законот каде стои дека „Јавните обвинители се разрешуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на јавни обвинители на седница на која присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број членови.
Истото се однесува и на став 7 од член 89 каде се вели дека „Јавниот обвинител на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се разрешува со 2/3 мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавните обвинители“.
Овој процедурален недостаток во предлогот на законот каде е стриктно наведено мнозинството на членови на Советот на ЈО кои треба да гласаат за разрешување на јавните обвинители, но не е наведено мнозинството потребно за избор на јавните обвинители од страна на Советот е повреда на начелото на законитост и повреда на темелната вредност владеење на правото, утврдена во член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот на Македонија.
Преодните и завршните одредби ќе мора да се усогласат со членовите посочени погоре, бидејќи целата материја е веќе регулирана со претходните одредби. Во преодните одредби и натаму се користи неуставната и незаконска формулација „незаконско следење на комуникациите“ во смисла дека јавните обвинители од СЈО и натаму продолжуваат да постапуваат по тие предмети кои се предадени на ЈО на Република Македонија, без да се води сметка на еднаквиот статус на јавните обвинители и нивното право да се пријават на оглас како што стои во член 109 од предлогот на законот. Во предлогот на законот, во преодните и завршните одредби треба да се брише се, освен член 112 каде стои дека со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи законот за СЈО.
28-01-2020, 10:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Тања Каракамишева
59 mins ·
Ги прашувам јавно странците дали знаат што поддржуваат кога велат дека законот за јавното обвинителство е добар?
Дали се свесни дека законот ги повредува основните ЧОВЕКОВИ ПРАВА и правната сигурност во земјата?
Дали се свесни дека под формулацијата "материјалите од незаконското следење на комуникациите од надлежност на СЈО се чуваат во државното јавно обвинителство " за кои нема никаков записник што се е примено во СЈО, а од СЈО во државното јавно обвинителство практично влегува цел НУКЛЕАРЕН ОТПАД што ќе биде под контрола на Вилма и Јовевски?
Не мора да сте правници за да ја разберете монструозноста на член 110 од предлогот на законот.
Ова чување на незаконските прислушувани материјали јас го нарекувам чување на недозволена депонија со нуклеарен отпад каде дотур на нови бомби може да се прави буквално во секој момент, дури и во моментов на ова пишување.
Во услови кога никој од СЈО не излезе со записник каде точно и прецизно ќе беше наведено што се е предадено во СЈО, кога никој нема никаква информација што се беше во архивите на СЈО, а кои материјали на незаконски начин беа предадени во Јавното обвинителство на Македонија, која е гаранцијата дека дотур на прислушувани материјали не се прави во континуитет?
Која е гаранцијата дека нови бомби нема да бидат искористени против некои нови потенцијални кандидати од опозицијата за време на изборите или по изборите?
Дали сте вие гаранторите дека тоа нема да се случи?
Дали мислите дека овие ефтини финти не се гледаат со голо око?
Дали мислите дека народот не е свесен дека Вилма може да креира лажни обвиненија преку нови дотури на материјали против кого сака и како сака во земјата?
Каква е правната сигурност во државата ако не дај Боже се донесе овој закон?
НИКАКВА.
И НАТАМУ ФЛАГРАНТНО ЌЕ СЕ КРШАТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА СИТЕ КОИ НЕ МИСЛАТ И КОИ НЕ РАБОТАТ КАКО ЗАЕВ.
Отворено ве прашувам вас поддржувачите на законот дали сте свесни дека со овој закон СДС преку Вилма ќе ги држи сите луѓе под чизма и страв од можни компромитации што секако ќе ја засили перцепцијата дека во земјата владее авторитарен систем?
Дали овој закон е европски?
Далеку од европски!!!
Овој закон е автократски и деспотски!
29-01-2020, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ДЕСКОСКА: ВМРО-ДПМНЕ да биде разумно за да не си направи политичко самоубиство со законот за ЈО



28.01.2020
Министерката за правда Рената Дескоска очекува конструктивна јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Таа денеска за „Утрински брифинг“ изјави дека очекува јавната расправа да даде предлози како да се подобри Предлог-законот, а не да се злоупотребува времето за дебата.
– Дебатата треба да се води по законот по она што е содржано како решение и да слушнеме евентуално ако има предлози за подобрување на текстот. Во спротивно, секое било какво поинакво однесување, особено од опозицијата ќе биде протолкувано како опструкција на процесот и одолговлекување, рече Дескоска.
Додаде дека ако има добра волја може да се донесе законот пред распуштањето на Парламентот.
Изрази надеж дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство за да биде донесен законот, но и оти очекува опозицијата да постапи разумно. Секој поинаков исход, според Дескоска, би значел политичко самоубиство на ВМРО-ДПМНЕ.
– Доколку при собрани осумдесет пратеници за поддршка на законот, ВМРО – ДПМНЕ се обиде да го блокира процесот со илјадници амандмани, мислам дека тоа ќе биде за нив политички самоубиство, бидејќи ќе ја прати вистинската порака во јавноста дека всушност се за блокирање на ефикасна борба против криминалот и корупцијата и за блокирање на евроинтеграциските процеси, истакна Дескоска.
Во разговорот, таа потврди дека бегството од правдата е црвената линија на ВМРО – ДПМНЕ и оти тоа не влева оптимизам дека тие би се приклучиле на мнозиството за носење на законот, затоа што постојано ја праќаат пораката дека сакаат да ги затворат предметите започнати од СЈО.
Според Дескоска, сите сигнали од ЕУ се дека ќе биде корисно да се донесе законот, затоа што тоа ќе ги побие сите аргументи против отворањето на преговорите со нашата држава.
29-01-2020, 04:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



29-01-2020, 05:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Милошоски: Јанева не му пратила љубовни писма на Јовески за тој приватно да ни ги покажува

30.01.2020
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за Законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон.

Quote:Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага – рече Милошоски.

За утре е закажана средба во поширок состав, најверојатно во Собранието. На оваа средба, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку стенограмските белешки ќе се согледуваат дадените забелешки на јавната расправа.
Тоа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство.

Quote:Членот 60 од сегашниот закон за обвинителство и предлогот на Дескоска во иднина секогаш бил и ќе биде кога имате притворен јавен обвинител императивна норма е тој притворен обвинител да се одалечи од работното место. Штом се одалечува од работното место дали станува збор за Катица Јанева или друг јавен обвинител, тој обвинител не може да делегира наредби, задачи или одлуки поврзани со надлежноста на неговото работно место. Затоа цениме дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да се крие, ниту пак да ги донесе приватно да ни ги покаже туку се писма коишто јавноста треба да ги види за да се оцени зошто постапил незаконски и зошто не ја одалечил од работното место во моментот кога надлежни органи донеле одлука за притвор – рече Милошоски.

Според него, она што се забележува од владините претставници е дека нивна главна цел е какви и козметички измени да се прифатат во текстот на законот, е што е можно подолго да се задржат на своите позиции Јовески и Вилма Русковска по промената на власта.

Quote:Јовески и Русковска според закон се јавни обвинители, а според дејствувањето се адвокати на материјалните и политичките интереси на Заев, неговата фамилија, неговите најблиски политички соработници. Ние цениме дека таквата поставеност на власта не е во корист на самостојоста на обвинителството и на ефикасната импелемнтација на законот – рече Милошоски.

Пратеникот вели дека власта самата го става во позиција законскиот текст да не успее и тоа заради тоа што го ставаат во „5 до 12“, затоа што не го повлекле официјалниот текст на законот кој од лани е на собраниска седница и затоа што ги викаат стручните луѓе од обвинителството да дадат забелешки без тие да имаат време да бидат ставени во сериозен текст.
30-01-2020, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Камбовски vs. Калајџиев за идејата на Мицкоски за законот за ЈО

Од: Нова ТВ 3:53 pm - 5 February 2020

[Image: Gordan-Kalajdziev.jpg]

Владо Камбовски и Гордан Калаџиев, ги вкрстија „копјата“ околу идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се формира тим од експерти во кој би партиципирале и тие, а кој  треба да работи на изготвување на законот за јавното обвинителство. Камбовски не се согласува, за Калаџиев таа е прифатлива. Камбовски за ТВ24 вели дека тој веќе ја води работната група формирана од Министерството за правда која работи цела година токму на законот за Јавно обвинителство и сите предлози таму се добредојдени. Но, според него нема логика шестмина професори, иако од Правниот факултет, сепак од различни области, да седнат и да напишат закон кој се однесува на јавнообвинителската фела.

[Image: kambovski-e1535355283577-300x218.jpg]


Quote:„Јас ја водам таа работна група формирана од Министерството за правда и работеше цела година, со учество и на експерти кои доаѓаа од надвор и тоа се одвиваше во рамките на ОБСЕ, учествувавме ние поголем дел од академската заедница, но и од Јавното обвинителство кои треба да бидат најповикани да ги дадат идеите. Еден закон кој што се однесува на една исклучително важна фела како што е Обвинителството, не може да биде професорски закон. Мора да продолжи работата во таа работна група и секој што има предлози нека ги поднесе, таа работна група ќе се состане, таму мнозинството се професионалци кои цел живот работеле во Обвинителството. Немам ништо против предлози. Тоа таму е континуирана работа. Не се согласувам со таа идеја, бидејќи  веќе се работи на тоа законско решение на кое потрошивме многу енергија“, вели Владо Камбовски за ТВ 24, во врска со предлогот на Мицкоски покрај тој и Калаџиев и Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ да изготват нов закон.
[Image: 70384689_1849779445168205_89185521605437...00x169.jpg]

Професорот на Правен факултет, Гордан Калајџиев, пак, вели дека е прифатлива идејата која опозицискиот лидер вчера ја објави на прес-конференција. Калајџиев вели тоа е всушност негово барање, експерти да сработат таков клучен закон, со цел да се тргнат политичките наслаги кои предизвикуваат општа конфузија во општеството.
„Јас сум се залагал за тоа да го сработат експерти, а не политичари и уште лани во декември таков закон беше готов. Тоа е моја идеја за која се залагам подолго време. Овој закон кој е предложен се наполни со погрешни содржини. Според мене законот без идејата за СЈО нема реформи, планирано беше СЈО да стане трајна институција и тоа требаше да влезе во законот. Но, мотивите не беа толку благородни, се изманипулира да го снема ставот за рокот на истрагите, па потоа си додадоа делови да ги овековечат истрагите, па да се регулира дали е се доказ или не. За жал политичарите продаваат магла, а новинарите кои се нестручни, додаваат нова магла. Потребно е да се тргнат сите политички наслаги кои прават конфузија и нанесуваат проблеми во правниот поредок. Јас и не им ја гледам многу ни смислата со секакви предлози да се излегува, повеќе би рекол дека е од инает е отколку да има вистинска смисла законското решение“, смета Калајџиев.
06-02-2020, 02:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Заев: Правиме се да добиеме мнозинство за Законот за ЈО

09.02.2020
Правиме се Парламентот да работи во полн состав за да можеме да очекуваме повеќе од 80 пратеници или минималното дво-третинско мнозинство да биде обезбедено за Законот за јавно обвинителство, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Планирано е денеска веќе да има седница на Влада, посочи Заев, за да можеме да ги фатиме последните три дена, согласно законите со европско знаме и да може да завршиме навремено со распуштање на Парламентот.
– Верувам дека вечерва ќе може да се одржи седницата на Влада за да се усвои ваквото предлог законско решение и да се испрати до Парламентот, за да може утре да се сработат сите постапки во Парламентот, изјави Заев.
Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани, Заев, рече дека затоа е преговарано пред усвојување на Влада, за да нема отвороње на амандмани во Парламенот на кои може да се поднесуваат предлози.
– Реков дека Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи блокирање на одредени законски решенија. Верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот во Влада, изјави Заев.
Ги повика сите политички партии, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на разумност и одговорност за навистина да се донесе оваа одлука.
– Создадовме решение што верувам дека заслужува консензус во Парламентот. Уште еднаш испраќам директна покана до Христијан Мицкоски и повик ВМРО-ДПМНЕ да учествува во овој закон, затоа што се што бараа во овој период низ разговорите кои две години се случуваат е веќе вградено. Имаме законско решение што дефинитивно ќе и помогне на нашата држава на патот кон ЕУ, но и дефинитивно ќе им помогне и на нашите граѓани да дочекаат правна држава, изјави Заев.
Според Заев, навистина е вредно да направиме се и да дадеме аргумент повеќе, особено кога се работи за вака историска можност за добивање датум за почеток на преговорите.
– Конечното решение ги опфаќа предлозите од работните групи. Во нив е вграден нормативот на години стаж на јавниот обвинител во ЈО, соодветната употреба на јазици во државата, сите сугестии кои дојдоа од Алијанса на Албанците, од Алтернатива, од БЕСА, сето тоа што е разговарано е веќе потврдено и вградено во самиот закон. Благодарение на независната пратеничка група се вградени механизми кои верувам дека ги ставаат сите во посигурна состојба за да име едно вакво решение, а тоа е дека незаконските прислушувани материјали во периодот 2008 – 2015 година не може да бидат основа за обвинение. Целосно е регулирано во законското решение што со предметите до 30 јуни 2017 година, што со истрагите после тоа, изјави Заев.
Влегувањето на сила на самиот закон, посочи Заев, ја потврдува обврската веднаш по конституирањето на Парламентот да го пуштиме и новиот кривичен закон, на кој работат германски експерти и е во финална фаза.
09-02-2020, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Законот за ЈО помина на Влада, оди во Собрание


 09.02.2020 
 Законот за ЈО помина на Влада и оди во Собрание со европско знаменце. До последен момент вечерва на седницата ДУИ се усогласуваа ставовите меѓу Бујар ОСмани, Спасовски и Десковска.
Османи инсистирал во законот да влезе и третото барање на ДУИ-„бадинтер“во ЈО.
ТВ 24 веќе објави дека двете барања на ДУИ за албански јазик во ЈО и намалување на критериумите за избор на ЈО се прифатени. Шесте независни пратеници пак преку соопштение ги испорачаа нивните услови – бомбите да неважат во нидена постапка, да не бидат основа за обвинението „Талир 1 и 2“, а сите снимени разговори од кои досега не се отворени постапки да се уништатат.
Заев смета и на гласовите на БЕСА и Алијанса на Албанците,независните пратеници од нив не се очекува да гласа Елизабета Канчевска Милевска.
10-02-2020, 12:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат законот за ЈО

09.02.2020
Независна пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе даде поддршка за законот за јавното обвинителство. Во соопштение до медиумите наведуваат дека во законот се вградени нивни ставови. Апелираат до ВМРО ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржат и во интерес на граѓаните да се донесе законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и ќе се поддржат  евроатланските процеси.
– Во насока на постигнување на консензус по однос на понуденото законско решение за законот за Јавно обвинителство, како и одржаната јавна расправа по однос на истиот, а со цел донесување на закон кој треба да ги почитува принципите на независност, владеење на правото, почитување на правата на обвинетите, осудените и оштетените во кривична постапка, ние како Независна пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ги застапувавме следните ставови. Еве што постигнавме:
1. Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран со непосредно гласање на сите обвинители
2. После завршената академија обвинителите да мора 3 години да бидат во основни обвинителства
3. Ја дефиниравме дисциплинската постапка како не би можела да биде злоупотребена
4. Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали
5. Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон
6. Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи
7. Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон
8. Го прецизиравме рокот за конечно одлучување по жалби
9. Собранието на Република Северна Македонија до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик, се наведува во соопштението од Независна ПГ на ВМРО-ДПМНЕ
Посочуваат дека нивните искрени намери во овој период беа да се изнајде решение со кое ќе се обезбеди функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности и со цел да се оневозможи реваншизам а да се овозможи правда.
– Апелираме ВМРО ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржиме и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси, се вели во соопштението од независната ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
10-02-2020, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

[Image: image.jpg]
10-02-2020, 01:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Заев го прифатил и “Бадинтер” во законот за обвинителството



[Image: -села-ахмети.jpg?fit=300%2C130&ssl=1]


10.02. 2020
За да ги обезбеди гласовите на албанските партии за гласањето за законот за јавно обвинителство лидерот на СДСМ се согласил со барањето принципот на Бадентер да важи и при избор на главен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Според текстот на Предлог-законот, усвоен од страна на владата, меѓу другото, новина е и воведување на Бадентерово мнозинство при изборот на јавниот обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Покрај тоа, албанскиот јазик ќе се користи во сите јавни обвинителства, а државниот главен обвинител ќе се бира со мнозинство од 61 пратеник во Собранието но притоа мора за него да се изјаснат и мнозинство од пратениците на мaлцинствата.
(This post was last modified: 10-02-2020, 01:51 PM by ЈорданПетровски.)
10-02-2020, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ВЛАДАТА ГО ПРАВДА ФАЛСИФИКАТОТ: Законот повлечен, па вратен поради технички грешки! А всушност воведен е Бадинтер!


10.02.2020
Владата вечерва преку соопштение информира дека Предлог-законите за јавно обвинителство за Советот за јавни обвинители се повлечени заради технички грешки и по направените корекции повторно се вратени во парламентот.
– Владата на вчерашната седница ги разгледуваше Предлог-законите за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители. Во текот на седницата беа изнесени сугестии од министерката за финансии, Нина Ангеловска, од Секретаријатот за законодавство и од вице-премиерот Бујар Османи. Во Предлог-законот за јавно обвинителство беа внесени корекции кои се однесуваа на финансирањето на Јавното обвинителство и усогласување на стапувањето во сила со примената на законот. Владата донесе заклучок Предлог-законот за јавното обвинителство со тие дополнувања да биде доставен до Собранието. За жал, во текстот кој што е пратен беа направени ситни технички грешки кои се однесуваа токму на корекциите кои беа усогласени на седница на Владата и од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство е повлечен. Владата по направените исправки повторно го достави до Собранието, се наведува во соопштението.
Од Владата појаснуваат дека во текстот на законот за Советот за јавни обвинители што бил првично испратен во Собранието била испуштена упатната норма на Законот за употреба на јазиците, а одредбата за двојното гласање за избор на јавни обвинители не била прецизно формулирана.
– Што се однесува до Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители имаше повеќе предлози за негова измена. Во текот на дебатата на седницата на Владата беше прифатено додавањето на упатна норма на Законот за употреба на јазиците и додавање на двојното гласање за изборот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на криминал и корупција, велат од Владата, додавајќи дека од овие технички причини бил повлечен овој закон со цел да се испрати законски текст со содржина каква што била усвоена на владината седница.
11-02-2020, 12:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Милошоски: Владата е фатена во фалсификат

[Image: milososki.jpg]

10.02.2020
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција изјави дека Владата е фатена во фалсификат. Според него, не може да се повлече предлог закон без да има седница.

Quote:Ова ќе биде тест, дали во Македонија функционираат институциите, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ.

Според Милошоски, не биле расправани на дневен ред на седница на Владата измените на Законот за јавно обинителство, така што не може да се расправа за нив на седница на Собранието.
Според пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ треба да се повикаат надлежните институции за да спречат ваков фалсификат, за кој што има обид да се донесе набрзина.

Quote:Никој не го спори правото на предлагачот за да повлече предлог-закон, но треба да се постапува според Деловникот, со нов дневен ред на Владата. Навреда е на интелигенцијата на граѓаните, а особенио на пратениците, доколку Талат Џафери, Рената Дескоска, Зоран Заев и Али Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот вечерва, рече Милошоски.





11-02-2020, 02:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17



12-02-2020, 02:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18



15-02-2020, 05:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Мицевски до Џафери: Гласањето е неуспешно. Се понатаму што правите е кршење на Уставот

[Image: sobranie-na-rm.jpg]
16.02.2020
Сè она што го правите е продолжување на начинот на кој што дојдовте на власт, му порача на претседателот на Собранието, Талат Џафери координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Ова следуваше откако претседателот на Собранието на два пати ги повика пратениците да се произнесат по предлог Законот за ЈО, а по второто гласање законот го прогласи за донесен, по што во собранието настана тензична атмосфера.
– На првото гласање вие повикавте да се гласа. Пратениците гласаа. Од 113 присутни , 74 гласаа „за“, 32 „против“ согласно закон ова гласање не е донесено. Барам првото гласање да констатирате дека не е успешно гласањето и ова законско решение, така како што гласаа пратениците, на ваш повик, не е донесено. Од тука натаму сето тоа што го направивте е кршење на деловник, кршење на Устав, му порача Мицевски на Џафери.
Тој додаде дека е срамота., што и покрај сите притисоци и уцени кој што власта ги правела изминатте денови не успеале да обезбедат 80 гласови на закон кој самите го донеле, а доказ за тоа е, вели Мицевски, што пратениците не гласаа во првото гласање.
На второто гласање се произнесоа 80 пратеници „за“, а пет беа „против“. Во тек е пауза до 14 часот.


Quote:ВТОРО ГЛАСАЊЕ: 80 пратеници гласаа „За“, Мицевски викаше „Криминалци“ од говорница

[Image: 20200216123942.jpg]

16.02.2020
Од 116 присутни, 80 пратеници гласаа „За“ при повтореното гласање за Законот за јавно обвинителство. 
Шест пратеници беа „против“, а воздржани немаше. 
Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ побара збор и од говорница викаше „Криминалци“. 
Мицевски бараше да се уважи првото гласање, и му рече на спикерот Талат Џафери дека нема право да го поништи првото гласање. 
Во Собранието имаше викотници и тензии. 
Џафери тврди дека Законот е донесен, а опозицијата не прифаќа, по што даде еден час пауза. 
16-02-2020, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,897
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Пратениците не успеаја да го изгласаат Законот за ЈО, Џафери го поништи гласањето

[Image: 111111111111111111111111111111.png?itok=aq46Ku_r]

16.02.2020
Пратениците од мнозинството во Собранието не успеаја да го донесат предлог Законот за Јавно обвинителство.
Од присутните 113 пратеници, „За“ гласаа 74, а против „32“. За да се донесе овој Закон потребна е поддршка од две третини од пратениците.
По гласањето, претседателот на Собранието, Талат Џафери го поништи гласањето, поради тоа што рече дека не биле евидентирани гласовите на сите пратеници.
16-02-2020, 02:44 PM
Reply