Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕКЕТ-2
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
НОВА АФЕРА НА ПОВИДОК Дали Ден Дончев водел хајка да се спречи шведска инвестиција во македонското здравство?

Одговор на ова прашање ќе треба да даде Јавното обвинителство. Сопственичката што ја продаде македонската компанија којашто има регуларна концесија за услуги за дијализа во дел од земјата, на светки познатата компанија „Диаверум“, скопјанката Вера Иванова, чии средства сега се замрзнати во банка во Монако, поднесе кривична пријава против Ден Дончев и против министерот Венко Филипче.
Напишано од
Бранко Героски-18/09/2019 16:15


[Image: x43165-startuva-reket-2-den-donchev-vode...mlycfI.jpg]

Против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и против актуелниот министер за здравство Венко Филипче е поднесена кривична пријава, во која оштетената скопјанка Вера Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.
Случајот ѝ е делумно познат на македонската јавност, но од аголот на државните функционери, кои, според оштетената, презеле криминални дејствија за да го одвратат реномираниот светски провајдер на услуги на полето на дијализата, шведската компанија „Диаверум“, од намерата да инвестира во Македонија. Тоа, според пријавата, го сториле на начин што прво ја довеле странската компанија во заблуда дека нејзиниот локален партнер, приватната здравствена установа „Диамед“, фирма ќерка на правното лице „Метрополитен“ (во сопственост на Иванова), е под кривична истрага, а потоа и успеале да предизвикаат некакви истражни дејствија, со кои нанеле дополнителни штети.
Подносителот на пријавата, чиј правен застапник е адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, тврди дека Дончев, како организатор на кривичното дело, како и Филипче, како негов помагач, при своите постапки не се раководеле од државните интереси, туку од намерата да стекнат лична имотна корист. Дополнително, оштетената Иванова тврди дека со нивните дејствија е нарушен нејзиниот беспрекорен углед граден со долгогодишна макотрпна работа во здравствениот сектор, а оштетен е и угледот на државата која се бори за привлекување странски инвестиции. На Јавното обвинителство, каде што е поднесена пријавата, е да оцени дали овие сериозни обвинувања се точни.
За што, всушност, станува збор? Што содржи оваа несекојдневна кривична пријава?

Од Заев поддршка, од Дончев – студен туш?!

„Метрополитен“, во 2014 година, во регуларна постапка, склучува концесиски договор со тогашната влада, на рок од 20 години, за давање услуги за третман на дијализно болни пациенти во дел од земјата. За таа цел е формирана ПЗУ „Диамед“, која врз основа на концесијата склучува договори со Фондот за здравство. Проблемот настанува кога сопственичката Вера Иванова одлучува да ја продаде својата компанија „Метрополитен“ на светски познатата компанија „Диаверум“. Според востановената пракса за вакви зделки, Швеѓаните вршат детална ревизија на локалниот партнер, на сопственоста, на неговото работење и на договорите со локалните власти, за потоа одборот на странскиот инвеститор да одлучи да го преземе „Метрополитен“ односно „Диамед“ и да инвестира во здравствениот систем во Македонија. Патем речено, денес тоа е и реалност – странскиот инвеститор успешно ги врши тие услуги во нашата земја, на задоволство на пациентите.
Кон крајот на 2017 година, Швеѓаните ги вршат последните подготовки за влез во Македонија. Но, на почетокот на 2018 година, кога странците доаѓаат во Македонија на формални средби со македонските власти, од премиерот Зоран Заев добиваат силна поддршка, а директорот на Фондот за здравство Ден Дончев ги пречекува со студен туш. Според кривичната пријава, на средбата со инвеститорите, Дончев изнесува куп лаги за фирмата „Метрополитен“, како за сопственоста, така и за постапката за добивање на концесијата, но најважно е што изнесува клевета дека против фирмата се води истрага. Подносителот на кривичната пријава категорично тврди дека тоа не било точно и обвинува дека Дончев странските инвеститори ги опоменал дека ако ја купат фирмата „Метрополитен“, ќе имаат проблем со наплатата на услугите за дијализа. Адутот во рацете на Дончев е и обврската на „Диамед“ постојано да го обновува договорот со Фондот за здравство.
Овој разговор, во кој Дончев ја компромитира фирмата „Метрополитен“ и се труди да го предомисли странскиот инвеститор, се води во присуство на високи претсгавници на компанијата „Диаверум“, на нивниот правен застапник во Република Македонија и на актуелниот министер за здравство Венко Филипче, тогаш во улога на советник на премиерот Заев за здравство. За исходот од овој разговор е информиран и тогашниот шведски амбасадор Матс Стафансон, кој, запознаен со долгиот процес на финансиска и темелна ревизија на македонската компанија од страна на инвеститорот, бил крајно изненаден од она што го разбрал. Но, Ден Дончев останува на своите тврдења, до премиерот Заев испраќа порака дека наскоро ќе достави докази за обвинувањата за „Метрополитен“, но тоа никогаш нема да го стори. Според нашите информации, Заев не ги знае вистинските причини за поведението на Дончев и во овој случај е злоупотребен.

Швеѓаните привремено се повлекуваат, но „скенираат“

По оваа неочекувана непријатност, наспроти наодите на сопственото „скенирање“ на локалниот партнер, кои покажуваат дека буквално сѐ е во ред, странскиот инвеститор привремено ги стопира и иницијативата и активностите околу реализацијата на оваа инвестиција замираат. Но, додека одлуката за инвестирање е во мирување, луѓето од компанијата „Диаверум“ не мируваат. Цели шест месеци тие повторно ја „тресат“ фирмата на оштетаната Иванова и после оваа повторна ревизија, истражувачите и адвокатите на „Диаверум“ уште еднаш ќе се уверат дека нема ништо спорно ниту во сопственоста на нивниот локален партнер, ниту во постапката за добивањето на концесијата за вршење на здравствени услуги.
Уште поинтересно е дека Фондот за здравство, откако помислил дека „Диаверум“ веќе се откажал од намерата да инвестира во Македонија, својата соработка со ПЗУ „Диамед“ ја продолжува нормално. Услугите се пружаат според концесискиот договор, а Фондот плаќа редовно, дури и пред време. Во тој период Швеѓаните зачудено го посматраат однесувањето на Дончев и сфаќаат дека тука нешто навистина не е во ред, но не со „Диамед“. Подносителот на кривичната пријава смета дека со своето поведение, Дончев, всушност, сакал на странскиот инвеститор да му ја демонстрира својата моќ, односно да го убеди дека тој е човекот кој располага со здравствената каса и затоа пали и гаси во македонското здравство. Оштетената страна тврди дека Дончев прво индиректно најавил, а подоцна на сопственикот на фирмата и директно му кажал дека доколку „Диаверум“ сака да влезе во Македонија и тој лично треба да биде дел од финансиската зделка.

„Диаверум“ влегува, ама Дончев не попушта

Охрабрен од новата ревизија, но пред сѐ од добрата соработка на Фондот за здравство со ПЗУ „Диамед“, инвеститорот „Диаверум“ ја активира одлуката да инвестира во здравствениот сектор во Македонија. Луѓето од големата странска компанија се сѐ поуверени дека се добредојдени во земјата и дека сега ќе наидат на позитивна клима. На 25 јули 2018 година, инвеститорот одржува состанок со премиерот Зоран Заев, на кој е присутен и шведскиот амбасадор Стафансон. На овој состанок премиерот испраќа позитивна порака и се потврдува дека нема ништо од наводните докази со кои пред половина година се заканува Дончев. Подоцна ќе се види дека во тоа време никаква истрага, всушност, немало.
Во следните три месечи, купувачот „Диаверум“ и продавачот „Метрополитен“ водат преговори за финалната купопродажба, во кои купувачот е во поповолна ситуација, бидејќи зделката се склучува со долго одлагање до кое дошло не по негова вина. Тоа придонесува купувачот да ја собори цената. После повторните проверки и анализи, „Диаверум“ од својот „газда“, од Бордот на акционери на фирмата „Бриџ поинт“ со седиште во Лондон (интернационална компанија со портфолио од 30 милијарди евра), конечно добива зелено светло да ја купи македонската фирма. Највисокото раководство на „Диаверум“ на 25 октомври 2018 година го известува премиерот Заев за својата одлука, а премиерот со големо задоволство ја поздравува како една од поголемите странски инвестиции во Македонија, а без конкуренција најглема инвестиција на земја членка на ЕУ во здравствениот сектор (11,5 милиони евра). Според оштетената страна, во таа прилика изманипулираниот Заев спомнува некаква истрага за „Метрополитен“, но ги уверува Швеѓаните дека тоа нема да влијае на инвестицијата.
Во тој момент, кога се објавува одлуката за купувањето на „Диамед“ од страна на „Диаверум“, против домашната компанија и против нејзината фирма основач не се води никаква формална или неформална истрага, тврди подносителот на кривичната пријава и повикува ова да се докаже со увид во документацијата на надлежните органи. Како и да е, после средбата кај премиерот и задолжителното сликање, каде повторно се присутни шведскиот амбасадор и инвеститорот, доаѓа до склучување на зделката. Инвеститорот и сопственикот и директор на фирмата продавач, Иванова, го потпишуваат договорот, во присуство на адвокатите на странките. Истиот ден, во попладневние часови, инвеститорот, сега веќе нов сопственик, доаѓа на разговор со Венко Филипче, сега министер за здравство и со неизбежниот Ден Дончев.
Пред вџашениот инвеститор, Дончев и Филипче ги повторуваат старите ставови за македонската компанија, па дури и порадикални. Повторно истите тврдења за наводно проблематичната сопственост, за наводната истрага итн. Сега и странскиот инвеститор веќе е убеден дека целта на овој притисок е да се спречи зделката, тврди оштетената Иванова во пријавата, но работата веќе е завршена. Подносителот на кривичната пријава обвинува дека намерата на лицата Дончев и Филипче била да стекнат противправна имотна корист. Без оглед дали е тоа точно, нашите информации се дека главен лик во оваа приказна сепак е Ден Дончев, Филипче му „спарингува“ по редот на нештата (како министер), додека на премиерот Заев му се сервираат дозирани информации за да се доведе во заблуда. Оваа средба инвеститорот ја завршува на тој начин што ги известува Дончев и Филипче дека одлуката е конечна, дека договорот е потпишан и дека нема да подлегне на провокациите, како првиот пат.

Денес потпис и сликање со премиерот, утре кривична истрага

Иако подносителот на пријавата тврди дека Дончев во текот на сите разговори со инвеститорот суптилно се препорачувал како иден партнер во фирмата концесионер, со намера да ја преземе, факт е дека денешните односи меѓу странскиот инвеститор и Фондот за здравство се речиси нормални – услугите се извршуваат и уредно се плаќаат. Но, само речиси… Всушност, последици сепак има и врз странскиот инвеститор, бидејќи по истекот на договорот меѓу Фондот и „Диамед“ во јануари 2019 година, тој не е продолжен, па се потпишуваат тромесечни анекси, кои кај инвеститорот создаваат правна несигурност. Поради ова странскиот инвеститор може да заведе спор пред меѓународен суд. Но, тоа сепак е ништо во споредба со она што го чека продавачот. Дончев не смее силно да удри по Швеѓаните, но затоа жестоко ќе удри по продавачот.
Во пријавата се тврди дека на денот на преземањето на фирмата, Ден Дончев се заканил дека ако не се стопира инвестицијата, тој ќе ја искористи својата политичка моќ и функциите што ја има за да има сериозни последици врз оштетената Иванова и врз нејзината фирма.Според тужителот, тој се заканувал со истраги, инспекции, кривични пријави, анимирање на Агенцијата за финансико разузнавање (се спомнувало името на извесен Божо Трендафилов), со замрзнување на средствата од продажбата и слично.
Веќе следниот ден, на 26 октомври 2018 година, наводно по допрен глас од здружението на пациенти „Нефрон“ за божемни нерегуларности во постапката за доделување концесии за дијализа, Основното јавно обвинителство отвора постапка. Здружението „Нефрон“, пак, експлицитно го демантира своето учество во оваа манипулација, тврди оштетената страна и поседува писмен доказ за тоа. Оштетената страна се сомнева дека „допрениот“ глас, всушност, е гласот на Дончев и дека задоволните пациенти немаат врска со оваа местенка.
Но, државата сепак одлучува да ги замрзне средствата од трансакцијата од купопродажбата, од кои поголем дел се уплатени на сметка на сопственичката во банка во Монако. Инаку, своите приходи од зделката, Иванова уредно, целосно и навремено ги пријавила кај македонските органи, согласно со важечките рокови. Поради замрзнувањето на средствата во банката во Монако, а на барање на Република Македонија, оштетената Иванова сега не е во можност да го плати персоналниот данок, со што му се нанесува директна штета и на Буџетот на РМ.

Другари Швеѓани, вие немајте гајле, ќе го „колеме“ продавачот!

По овие непријатности, инвеститорот, преку шведскиот амбасадор, закажува уште еден состанок со премиерот Заев, кој се одржува на 31 октомври 2018 година. На овој состанок премиерот сега ги пренесува ставовите на Дончев и на Филипче. Инвеститорот е запрепастен од фактот што во шесте месеци по замрзнувањето на првичната одлука за инвестирање во Македонија, никој не известил дека е водена некаква истрага против домашната компанија, сѐ до моментот на потпишувањето на купопродажниот договор. Премиерот го смирува инвеститорот и му вели дека без разлика на сѐ, инвестицијата е завршена работа и за инвеститорот нема да има никакви последици. Швеѓаните ова не можат да го разберат – како нема да има последици врз инвеститорот, а се води истрага против фирмата што ја купиле?!
Конечно, има уште едно писмо од министерот Филипче во врска со оваа работа, упатено на 1 ноември 2018 година, до првиот човек на „Диаверум“. Во писмото, министерот повторно зборува за истрагата на ОЈО и вели дека за тоа го известил шведскиот амбасадор на 22 јануари 2018 година и подоцна на 25 октомври 2018 година, во периодот кога истрага, според подносителот на пријавата, едноставно немало. Четири дена подоцна, на 5 ноември, Ден Дончев го посетил амбасадорот Стафансон и му доставил некакви документи за наводно проблематичната сопственост на фирмата продавач. Амбасадорот бил изненаден што Дончев се занимава со активности кои се работа на други органи и што директорот на Фондот за здравство изигрува нивен адвокат и курир. Патем речено, оштетената страна тврди дека документите што ги покажал Дончев се документи од јавен карактер и во нив нема ништо спорно, а претходно биле неколку пати евалуирани во ревизијата што ја извршил странскиот инвеститор.
Адвокатите на оштетената Вера Иванова својата кривична пријава ја поткрепуваат со документација и со писмена евиденција за преписката во која се допишуваат министерот, странскиот инвеститор и шведскиот амбасадор. Од таа кореспонденција, тврди пријавувачот, јасно се гледа намерата на пријавените Дончев и Филипче да се спречи странската инвестиција во Македонија, со цел остварување имотна корист преку злоупотреба на нивните функции. Затоа, подносителот на пријавата бара Јавното обвинителство да ги преземе сите мерки согласно со законот.
Ќе биде интересно да се види како на ова ќе одговорат пријавените Дончев и Филипче. Во очекување сме на нивната официјална реакција. Секако, треба да се види и тоа дали подносителот на кривичната пријава има и други аргументи и адути, нешто уште поспектакуларно да ѝ соопшти на јавноста.



Како тргнале овие на Заев ке тераат до 101 РЕКЕТ и назад!
21-09-2019, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Оган без чад или чад без оган
Ден Дончев: Не сум го „рекетирал“ газдата на „Диамед“


Предраг Димитровски 20.09.2019 / 15:18

Не!-беше краткиот и дециден одговор на директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, на прашањето на Пресинг Тв дали (не)постои барем и хипотетичка можност да го рекетирал сопственикот на  фирмата „Диамед“, еден од концесионерите за вршење дијализа во државата.
Прашањето уследи при кратката средба кога Дончев ја напушташе Владата, по завршувањето на средбата со новинарите на која тој ја презентираше хронологијата и делови од, како што рече, штетниот договор, што претходната власт го потпишала со двајца концесионери за вршење дијализа во центрите во Македонија.

Quote:Ниту Владата, ниту Министерството за здравство, ниту Фондот не ја спречи купопродажбата на фирмата „Диамед“ на шведската фирма „Диаверум“. Писмата, што се испратени до нив беа со намера да ги предупредиме дека се можни последици за нив, зашто укажавме дека станува збор за крајно неповолен договор за државата, изјави на средбата со новинарите Ден Дончев.

Директорот на Фондот за здравство на неколку конкретни прашања дали го познава Зоран Милески-Кичеец се обиде да избегне директен одговор, па дури на четвртото прашање изјави:

Quote:Го познавам само од телевизија.
Дончев не беше сигурен дали во писмото од јануари 2017 година до шведската фирма ги известува дека против македонската фирма, што сака да ја купи-„Диамед“, се води предистражна постапка или, пак, надлежното обвинителство веќе водело конкретна истрага. Отсуството на конкретен одговор, ги отвара сомневањата како Дончев знаел најмалку седум месеци порано дека против „Диамед“ ќе се води истрага!

[Image: Den-Donchev-3-480x272.jpg]

На средбата со новинарите директорот на Фондот за здравство посочи дека нема да дозволи аферата „Рекет“ да добие свое продолжение во „Рекет 2“ и оти многу брзо ќе се знае дали, како што рече, уште еднаш измамниците ќе се претворат во жртви.
Дончев беше дециден дека немало обид да се спречи купопродажбата на „Диамед“, тека тврдењето на Вера Иванова е небулоза, оти единствен добитник во ситуацијата е токму Иванова и, конечно, дека сите странски инвеститори се добредојдени во земјата.
„Диамед“ има склучено договор за концесија со минатата власт на период од 20 години, со кој, меѓу другото, се предвидува во случај по било кој основ тој да се раскине, државатаќе мора да плати обесштетување од 28 милиони евра. Од друга страна, пак, единствена обврска на концесионерот е на здравствената установа да и плаќа месечена кирија од 7.500 денари или 125 евра. Клучниот проблем, според Дончев, е што и покрај истрагата на обвинителството се уште не се знае кое име и презиме стои зад панамските фирми, кои се споменуваат во целата шема купопродажни договори на фирмите „мајка“ и „ќерки“ на овој концесионер.





За 20-годишниот концесиски договор фирмата од државата треба да добие околу 200 милиони евра, а до декември 2018 година нејзе од страна на Фондот и се исплатени  42 милиони евра.

Новинарот Бранко Героски пред некој ден објави текст во врска со сето ова во кој навести нова афера, што веќе ја именуваше како случај „Рекет 2“.
(This post was last modified: 21-09-2019, 02:40 PM by ЈорданПетровски.)
21-09-2019, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:„Рекет 2“ – „Немам врска со Кичеец“, вели Дончев – негира дека ја стопирал продажбата на „Дијамед“

Автор: Алмедина Исмајли

20/09/2019 20:52
Директорот на ФЗО, Ден Дончев ги негира обвинувањата дека го блокирал купувањето на фирмата за дијализа Дијамед од шведската компанија Диаверум. За ова прашање вчера екс сопственичката на Дијамед, Вера Ивановска покрена кривична пријава против Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Директорот на ФЗО истакна дека само ги предупредил Швеѓаните преку писма и средби за можните последици или криминални дејствија на Дијамед, каде според него се вклучени поранешни високи државни функционери.
Прашањето кое неколку пати го поставија новинарите на прес конференцијата против Дончев, беше дали тој го познава и дали има некаква врска со Зоран Милевски Кичеец, обвинет во случајот Рекет. Ден Дончев одговори на прашањето и рече дека не го познава и дека немал контакт со Кичеец.
Ден Дончев зборуваше во врска со шпекулациите дали Кичеец вршел притисок Дијамед наместо на Диаверум да биде продаден на компанија од Албанија, истиот негираше дека имало такво нешто. Поранешната сопственичка на Дијамед го тужи Ден Дончев и Венко Филипче за злоупотреба на службената позиција и обид за стопирање на продажбата на нејзината компанија на шведската компанија Диаверум која е продадена за 11.5 милиони евра помалку од пред една година. Од овие пари, 9 милиони се префрлени на сметка во Монако. Парите се замрзнати додека трае истрагата. Директорот на ФЗОМ објасни дека ЈО го истражува добивањето на концесијата и воопшто целиот случај.





21-09-2019, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 2.jpg]

[Image: 70440707_2738711572814958_62830577412084...e=5DFE2AC8]
[Image: 70675083_2738711702814945_90289907591597...e=5DF3266E]
(This post was last modified: 24-09-2019, 01:23 PM by ЈорданПетровски.)
21-09-2019, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(21-09-2019, 02:39 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Оган без чад или чад без оган
Ден Дончев: Не сум го „рекетирал“ газдата на „Диамед“


Предраг Димитровски 20.09.2019 / 15:18



За 20-годишниот концесиски договор фирмата од државата треба да добие околу 200 милиони евра, а до декември 2018 година нејзе од страна на Фондот и се исплатени  42 милиони евра.

Новинарот Бранко Героски пред некој ден објави текст во врска со сето ова во кој навести нова афера, што веќе ја именуваше како случај „Рекет 2“.



Quote:
ОТВОРЕНО ДО ДОНЧЕВ Деки, зошто некој што можел да заработи 200 милиони евра, би ја продал фирмата за 11,5 милиони евра?

Две години сте директор на Фондот за здравство, господине Ден Дончев. Ако сте биле сигурни во штетноста на концесискиот договор, сте биле должни веднаш да го раскинете, да се судите во Париз и да го добиете спорот. Но, на вас за наводната штетност на концесискиот договор ви текнало тогаш кога дошле Швеѓаните со торбата пари, решени да ја купат фирмата на Вера Иванова. Па не е ли тоа малку чудно? Малку многу...
Напишано од
Бранко Героски- 21/09/2019 00:20


[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]
Господине Ден Дончев, како што ви ветив, ова е мојот коментар на вашата вчерашна прес-конференција, на која одговоривте на наодите од кривичната пријава на скопјанката Вера Иванова, дека сте ја злоупотребиле службената положба и овластувањата, за да ја спречите продажбата на нејзината компанија „Метрополитен“ односно ПЗУ „Диамед“, на угледната шведска компанија „Диаверум“, специјализирана за услуги за дијализно болни пациенти. Се надевам дека нема да ви пречи што ќе ја прифатам и ќе ја поддржам иронијата со која и мене лично ми се обративте на пресот, па во натамошниот текст ќе ве ословувам како Деки. Да внесеме малку ведрина во оваа тешка тема…
Да бидам искрен, не очекував на вашата прес-конференција да изнесете наводи со кои, според моето мислење, во голема мерка ги потврдувате обвинувањата во спомнатата кривична пријава, односно признавате дека како овластено службено лице, директор на Фондот за здравство, сте се потрудиле да ја одвратите компанијата „Диаверум“ од планираната аквизиција во Македонија, укажувајќи ѝ на некои наводни ризици. Јас, господине Деки, не би сакал, како другите, да се сомневам во вашите лични мотиви, но имам впечаток дека вие сѐ уште не сте свесни дека сте ги пречекориле своите службени овластувања и сте презеле дејствија во улога на полицаец, иследник, обвинител и судија.
Но, да одиме со ред.

Што велат експерите и паталците, Деки?

Најнапред, вие ја оспорувате тендерската постапка, со која во 2013 година Министерството за здравство на компаниите „Диамед“ и „Систина“ им доделува концесии за вршење на услуги за дијализно болни лица, при што, како што велите, биле отфрлени „легитимни странски компании“. Многу чудно… Дали тие „легитимни странски компании“ го оспориле тендерот?
Вие тврдите дека овие две приватни компании добиле „монопол“ на услугите на 20 години и гарантирана минимална цена од 90 евра по дијализен третман, при што додавате дека претходната цена во јавното здравство изнесувала само околу 70 евра по третман. Дали сте сигурен во бројките? Моите информации се дека претходната цена изнесувала 4.855 денари, односно околу 80 евра. Освен тоа, во цената, покрај дијализниот третман, треба да се додадат и вредноста на специјалистички консултативен здравствен преглед и обезбеден транспорт на пациентот од местото на живеење. Ако овие услуги се додадат на цената од 80 евра во јавното здравство, се доаѓа до сума од најмалку 92 евра. Според моите информации, значи, минималната гарантирана цена за концесионерите сепак била пониска од претходната во јавното здравство. Можете ли тоа уверливо да го демантирате?
Рековте, кога е добиен тендерот, фирмата „Диамед“ без надомест ја презела функционалната опрема во објектите на јавното здравство. Колку што мене ми е познато, „Диамед“ во почетокот плаќал кирија за раскантаната опрема во подрумите и во ќенефите на јавното здравство, па потоа ги реконструирал објектите, изградил неколку нови и набавил нова, квалитетна опрема.
Имам тука уште две клучни прашања до вас во врска со концесијата. Прво, која компанија би прифатила да вложува во ваква сложена дејност и за тоа да добие концесија од само 5 или 10 години, на пример? Второ, без оглед на вашето неточно тврдење дека цената на дијализен третман во јавното здравство била 70 евра по третман, дали можете да направите споредба меѓу сегашната цена во Македонија (90 евра) и цените во регионот, но и меѓу квалитетот на услугите сега и порано?
Ај да не биде ни по мое ни по ваше, да им дадеме збор на експертите, но и на паталците. Имено, во 9 болници на „Диаверум“ во земјава, сега пациентите добиваат врвен дијализен третман, кој е со подеднаков квалитет како услугата што ја добиваат пациентите во Шведска и пошироко во Европа. Да, по цена од 90 евра, но тоа е најниска цена во регионот и пошироко во Европа. И ова не е мое тврдење, туку на одговорните менаџери на „Диаверум“, јавно објавен податок. Господине Деки, дали можете да го демантирате ова? Внимавајте што ќе одговорите, бидејќи сега не зборуваме за некоја ноу-нејм компанија, туку за „Диаверум“, водечки давател на здравствени услуги за третман на бубрежно болни лица во 20 земји на неколку континенти.
Компанијата „Диаверум“ вели дека овозможува дијализен третман на 670 пациенти во Македонија, за кои се грижат 270 медицински работници (веста е од март годинава, па можно е цифрите сега да се повисоки). Дали ваков сооднос пациенти – медицински персонал имало кога дијализите се вршеа во јавното здравство? Знаете ли како пациентите ги оценуваат услугите на „Диаверум“ во споредба со оние што ги добиваа порано во јавното здравство?
Господинот Душко Ѓоргиев, на пример, претседател на здружението на бубрежно болни „Нефрон“, изјавил дека со воведување на концесионерството значително се подобриле условите во центрите за дијализа. Се користат нови машини, а пациентите добиваат квалитетна дијализа во своето место на живеење, додека порано морало да патуваат и по 100 километри. За нив сега се грижи едуциран и стручен персонал. На крајот на октомври 2018 година, ова здружение се огласува со соопштение во кое вели: „Здружението Нефрон, во соработка со Министерството за здравство, ФЗОМ и сите други национални и локални чинители од оваа област, особено со трите приватни здравствени установи за дијализа ПЗУ Диамед Македонија, ПЗУ Систина Нефроплус и Специјалната болница за нефрологија и дијализа Диамед, се залага и го поддржува енормното подобрување на условите за дијализа во изминатите пет години и за истиот период Здружението нема позначајни забелешки за работата на центрите за дијализа“. Здружението регистрира подобрување на услугите и условите и во јавно-здравствените установи за дијализа (Универзитетска Клиника за нефрологија, Заводот за нефрологија Струга и ГОБ 8 Септември)“.
„Енормно подобрување“, господине Деки. Дали ги негирате пофалбите на најзасегнатите, на пациентите?
Патем речено, здружението „Нефрон“ соопшти дека не поседувало никакви информации или докази со кои во минатото божем покренало или би покренало било какво обвинение или истражна постапка во врска со тендерската постапка. Го знаете ли ова, директоре Дончев? Можете ли ова да го негирате? Зошто истрагата се обидела да ги злоупотреби пациентите и нивното здружение, измислувајќи дека од таму допрел глас? Но, сега веќе знаеме чиј бил „божјиот глас“ што допрел…

Директоре, зошто сте биле позагрижен од Швеѓаните што купуваат?

Но ајде, за ваша љубов, хипотетички макар, ќе ви дадам троа кредит и ќе се согласам со вашите инаку небулозни тврдења дека на две компании им се дадени „монопол“ и можност да остваруваат „енормни профити“ (замислете, а вие баш не сте биле тука!), на штета на здравствениот систем во земјава. Фактите ве негираат, но еве, да речеме дека сте во право. Имено, вие го тврдите следното: „Според документацијата, Диамед почнува да работи од 1 февруари 2014 година. Фондот за здравство на Диамед му исплаќа вкупно 42.500.000 евра до 31 декември 2018. Имајќи предвид дека бројот на пациенти за дијализа постојано расте, приходот кој Диамед може да го очекува од ФЗО до крајот на концесијата е минимум дополнителни 160 милиони евра. Значи, за 20-годишното времетраење на концесијата, Диамед ќе оствари најмалку 200 милиони евра приход од ФЗО“.
Господине Деки, вие сте менаџер и веројатно не треба вас да ве учам дека во бизнисот покрај приходи има и расходи, па на крајот се пресметува добивка (профит) или загуба. Јас, на пример, сум известен дека „Диамед“ инвестирал 6 милиони евра само во основни средства и уште најмалку 3 милиони евра за изградба на 6 нови и за реконструкција на 3 постоечки објекти. Купени се повеќе од 200 нови апарати за дијализа. Сето тоа се сериозни инвестиции и расходи, а придобивките најдобро ги чувствуваат пациентите.
Но, се согласувам, 200 милиони евра приход за 20 години е бабачко сума. Ако е така како што сте пресметале со калемот, имам прашање за вас – зошто некој кој остварувал толкави приходи и веројатно и високи профити, би ја продал својата фирма за само 11,5 милиони евра? Зошто, едноставно, не би продолжил сам да работи, да „делка“ фондовски пари и да му крцка кесичето? Не гледате нелогичност во вашата теза, директоре на Фондот за здравство?
Голем дел од вашата прес-конференција потрошивте на објаснувањето на тоа како се менувала сопственоста на компаниите на госпоѓата Иванова и на докажување на вашата теза дека таму постои некаков скриен сопственик, кој може да е и лично Никола Груевски. Не ви замерувам, бидејќи вие најдобро го знаете Груевски уште од времето кога ја реализиравте продажбата на Македонска банка на газда Нини. Ни ги раскажавте сите промени во фирмите во кои како сопственик се јавува госпоѓата Вера Иванова, божем се тие најголемата светска тајна и божем не знаете дека секој може да отвори оф-шор компанија и не е должен на вас да ви ги објаснува своите мотиви. Она што е важно е дека во времето кога била доделена концесијата сопственоста на концесонерот била јасно дефинирана, а исто така било и во време на аквизицијата на компанијата на Иванова од страна на „Диаверум“.
Впрочем, зошто вие, господине Деки, за сопственичката структура на фирмата продавач, сте биле позагрижен од купувачите, од Швеѓаните? Дали ви е познато дека „Диаверум“ направил детални ревизии (дју-дилиџенс се вика тоа, вие барем треба да знаете) на сопственичката структура на фирмата продавач, на концесискиот договор и на нејзиното работење? Ма секако знаете, тоа неколку пати ви било кажано! Зарем мислите дека Швеѓаните биле улави, па одлучиле да влезат во зделка, знаејќи дека фирмата продавач има криминален бекграунд?
А еве, да ви направам кеиф, па да замислиме дека Швеѓаните решиле да ја купат баш оваа фирма и баш затоа што нејзин сопственик од позадина, на пример, бил премиерот Груевски, лично и персонално! Ако не постои казниво дело, со кое право вие, или било кој друг од македонските власти, би им забранил да направат таква зделка? Ако утре некои Швеѓани решат да го купат „Мамас“ на Заеви, вие ќе се стрчате и ќе им викате: „Аман немојте, планираме да истражиме да не има скриена сопственост“?!
Госпоѓата Иванова упорно тврди и докажува дека таа е сопственик на спомнатите компании, кои ги формирала на легален начин. Нејзината сметка во Монако е легална, таа дури на овдешните власти им приложила и комплетни изводи од промените на таа сметка. Што ви е на вас гајле, господине Деки, на која сметка (или сметки) легнале парите, ако трансакцијата била легална и ако госпоѓата Иванова уредно ја пријавила целата сума во УЈП (и таа од сметката во Монако), со намера да плати персонален данок? Што сте вие – директор на Фондот за здравство или полицаец, истражител, обвинител и судија?

Инспектор Мегре и доктор Џекил и мистер Хајд, три во едно!

Самите признавате дека сте ја известиле компанијата „Диаверум“ за сомневањата дека претходните сопственици на „Диамед“ се стекнале со концесија издадена под сомнителни околности, „на лица кои директно или индиректно биле во врвот на самата власт“. Каде се запишани тие сомневања, кој ги утврдил формално? Никој! Самите признавате дека уште во јануари 2018 година, на компанијата „Диаверум“ сте ѝ препорачале – велите, и вербално и писмено, преку амбасадата на Шведска! – дека Министерството за здравство и Фондот за здравство имале намера да започнат истрага и ревизија околу начинот на кој е приватизирана дијализата, вклучувајќи ги меѓу другото и времетраењето на концесијата, цената и местото на арбитража (Париз).
Како тоа, господине Деки, сте го информирале странскиот инвеститор дека „имате намера“ да започнете истрага – патем речено, вие ли водите истраги, или истражните органи? – а ваму тврдите дека тоа не било обид да се спречи странска инвестиција во земјата? Што правиме со фактот што истрагата почнала цели десет месеци по вашата искажана „намера“, а вие со укажувањето првиот пат навистина сте успеале да ги одвратите Швеѓаните? Кој ве излажал дека имате право да го правите тоа?
И уште една многу чудна работа има тука, господине Деки. Велите дека сте имале толку сериозни сомневања за фирмата продавач „Диамед“, што сте морале да ги предупредите Швеѓаните. А зошто Фондот со кој раководите не сте го предупредиле дека фирмата е „сомнителна“, па да внимава малку со плаќањата? „Диамед“ имал договор според кој Фондот ги плаќал услугите на период од 120 до 180 дена. За време на режимот на Груевски, фирмата мака мачела да ги наплати побарувањата од претходните двајца директори. Во 2017 година вие доаѓате на чело на оваа институција и во првите три месеци, доцните и вие со исплатите. Потоа се случува онаа епизода кога доаѓаат Швеѓаните со намера да го купат „Диамед“, а вие во јануари 2018, со вашите предупредувања, привремено ќе ги одвратите од намерата. И тогаш, во април 2018, се случува чудо – вие ги исплаќате сите заостанати фактури и потоа плаќање тече редовно на 30 дена, пред договорниот рок значи. Што ви текнало така, директоре Дончев? Одеднаш фирмата на Иванова престанала да ви биде сомнителна? Или сте имале некоја друга намера?
Исто така, самите признавате дека на 31 октомври 2018, Министерството за здравство, писмено и детално, директно го известува „Диаверум“ дека под нормални околности, државата не би имала никаква инволвираност при трансакција помеѓу две приватни компании, но околностите биле „вонредни“, дека имало „разумен основ за сомнеж дека постојат криминални дејствија околу Диамед “, та затоа сте ги предупредиле Швеѓаните „за можните правни последици“ доколку истражните органи и судот ги потврдат овие ваши сомнежи. Ако ова не е обид да се спречи странска инвестиција, јас не знам што е!
Но ајде, пак ќе бидам љубезен со вас и ќе се обидам да претпоставам дека ама баш за сѐ сте во право, иако реално, вие, господине Деки, сте направиле голем прекршок и зијан, нешто што никако не сте смееле да го сторите. Значи, да претпоставиме дека вие, инспектор Мегре и доктор Џекил и мистер Хајд, три во едно, сте ѝ згазнале на змијата на опашката и сте го решиле „случајот“. И што со тоа?
Две години сте директор на Фондот за здравство. Ако сте биле сигурни во штетноста на концесискиот договор, сте биле должни веднаш да го раскинете, да се судите во Париз и да го добиете спорот. Има во Македонија, а и надвор од Македонија, правници што сте можеле да ги ангажирате за таа работа. Но, на вас за божемната штетност на концесискиот договор ви текнало тогаш кога дошле Швеѓаните со торбата пари, решени да ја купат фирмата на Иванова. Не е ли тоа малку чудно? Малку многу… Смеам ли да ве прашам дали има вистина во шпекулациите дека во тој момент сте виделе потенцијален ќар и за себе лично? Само прашувам.
Дали вие лично, господине Деки, до сега сте имале некаков ќар од концесионерите? Реферирам на изјавата на пратеникот Антонио Милошоски, кој јавно постави прашање дали имало изнуда на пари, некакви месечни транши, некаков пат до Струмица и некаков „благајник со брада“? Имате ли претстава, господине Деки, за што зборува Милошоски? Навистина само прашувам, оти јас навистина не знам што сака да ни каже пратеникот.
Би сакал да ве прашам уште нешто. Вие ни кажавте што сте им кажале на Швеѓаните, на амбасадорот Матс Стафансон (одлично го познавам тој голем заљубеник во Македонија) и на луѓето од „Диаверум“. Можете ли да ни кажете што ви кажуваа тие? За првиот пат знаеме, сте ги раскандисале. Кутрите, биле шокирани. Ме интересира што ви кажаа вториот пат, кога наспроти вашите опомени (да не употребам сега некој пострашен збор, тоа му го оставам на обвинителот), сепак решиле да влезат во Македонија?
Сосема на крајот, навистина ме интересира што за сиве овие нешта сте му кажувале на премиерот Зоран Заев. Моите информации се дека тој силно ја поддржувал шведската инвестиција во Македонија. Дали тој ги одобри вашите дејствија, вашите опомени до Швеѓаните, вашите недозволени писма? Дали ви рече дека вашето поведение е голем придонес за развојот на инвестициската клима во земјава? И дали ве пофали дека сте поербап и од Финансиското разузнавање и од сите други истражни органи во нашава Северна Македонија?
ПС. Пак ние ќе се читаме, господине Дончев. Сега на вас е редот да ми одговорите. Ако сакате. Само, немојте веќе да ме каните на пресови, ружна ви е владата, а и некои ружни фаци се намножиле таму…
21-09-2019, 02:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ДАЛИ ЗАЕВ СЕ РАЗДОЛЖУВА НА КРТОВИТЕ ИЛИ ЦЕНТАРОТ НА МОЌТА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ „СОРАБОТНИЦИ“

[Image: 1fb8d2d7c882fbaba1a2c09d1d9cbe68_L.jpg]

Јордан Петровски 18.11.2017
Јанко Бачев во текстот ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО објавен 2006 година открива сериозна афера:

Quote:Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана
Од аспект на поставеноста на средствата и методите на работа, ова служба во ништо не се разликува од дејствувањето на класичните разузнавачки служби. Има свои оддели за тајно следење и набљудување, за оперативна работа и аналитика. Се работи за мошне мобилна служба, организирана на прицип на база и станици и во овој контекст да спомнам дека имаат база сместена во една здравствена организација, и две станици стационирани во два стана. На теренот како и секоја разузнавачка структура прибираат најразлични оперативни податоци за свои потреби. Интересно е тоа што за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вмровската власт беше контролирана и приклештена помеѓу две разузнавачки структури-онаа легалната СДБ, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролира, и веќе спомнатата паралелна служба. Инаку оваа паралелна служба, како и онаа легалната СДБ, по потреба меѓусебно се помагаат во информации, луѓе, мислења и слично. Во прилог на ова, секако е и фактот што во моментот и во МВР и во СДБ знаат и го толерираат функционирањето на оваа вониституционална стуктура. Не е на одмет да спомнам дека во врска со расветлувањето на аферата "Големото уво" вештакот-брат на пратеникот Макрадули-кажа невистина дека само МВР располага со оперативно-технички средства, бидејќи во тоа време веќе функционира спомнатата паралелната разузнавачка структура, а немаше наод и мислење на спомнатиот вештак и за ова т.н.служба.

Што ме натера да се присетам на овој текст и да напишам неколку збора за одредени сомнежи кои се појавија кај мене после аферата „ПУЧ“ или „БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“?  Во дебатни емисии  стручни луѓе го објаснија целиот процес на работа на ПЕТАТА Управа и од тие објаснувања стана јасно дека телефонските компаниии се битниот дел во прислушкувањето. И од тука тргнаа прашањата за кои немав одговор!

Ако без Телеком не е возможно прислушкување како тогаш оваа пара-ПЕТА управа која била во склоп на ПАРАШПИОНИТЕ НА СДСМ можела да работи освен ако и таа тоа не го правела преку Телеком!!

Од тука произлегуват две клучни прашања за мене!

Директор на Телеком во период 1998-2002 година, е Ден Дончев кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ! Како и зошто Ден Дончев поставен од ВМРО ДПМНЕ дозволил неговата партија да биде мета на прислушкување од СДСМ?

Директор на ДБК исто така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ДБК не успеваат да откријат дека постои паралелен систем за прислушкување кој го користи приватен субјект, СДСМ и тоа покрај техниката со која располагаат и обрската која ја имаат!
Доста Димовска која била министерот на МВР исти така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ?


[Image: Sestra_Dostic_i_Frle_1.jpg]

Наследникот на министерката на МВР, Доста Димовска, која даде оставка заради прислушкувањето, односно аферата „Големо Уво“, Љубе Бошкоски, ништо не стори да се открие прислушкувањерто од страна на пара-петата управа на СДСМ.
 

[Image: Ljube_i_frce_1.jpg]

Денеска, поточно по доаѓањето на СДСМ на власт тогашниот директор на Телеком и висок тогашен фунцкионер на ВМРО ДПМНЕ, Ден Дончев е поставен за директор на фондот за здравство, кокошката што на партијата на власт и носи златни јајца.
Зар некој ке ја даде таквата кокошка во раце на непроврен човек, на човек кој не се докажал со својата верност кон СДСМ??
Се шпекулира дека и Љубе Бошковски кој ја превзеде функцијата министер на МВР по аферата „Големо Уво“ ке стане министер во сегашната владата на СДСМ!
 
[Image: zaev_ljube.png]
 
И последното прашање: со што ке биде награден тогашниот премиер на владата и председател на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Герогиевски за непокренување на расчистување со афератите „Сина Птица“, „ДУВЛО“, „ТЕМЕЛ“, „БУГАРСКАТА АМБАСАДА“ и така да открие дека Тајната Идеолошка Полиција во Македонија работела исклучиво за интереси на СРЈ, односно Србија.
Зар имаше полесен начин да се открие центарот кој на ВМРО ДПМНЕ му ја лепи бугарштината од истрагата и судскиот процес за аферата „БУГАРСКА АМБАСАДА“. 
Аферата „Бугарска амбасада“,  е обид на СДБ во 1997 година,  да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ го финсира државата Бугарија.
Дел од мое сведочење објавено во неделникот „ДЕНЕС“ во мај 1998 година, сведочење за кое до ден денеска владее молк. 

Quote:Бидејќи во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ-овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски’ јасна. Преку евентуалното воспоставување ‘дипломатска’ врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Љупчо, Љубе и го знаеа ова. Љупчо го знаеше уште од времето кога оваа се случуваше, а Љубе откако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и тој доби функција во МВР. Јас ги информирав!! Дека тоа што сум го зборувал е вистина можеле да добијат доказ од моето досие , во кое стои:

Quote:По наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје.

Денеска Љупчо зборува дека Груевски ја извршил србизацијата-југословенизацијата  на ВМРО ДПМНЕ!! Да го потсетам Љупчо на петицијата од 139 Кумановци кои во 1998 година кренаа глас против правењето на  СРПСКО-КРИМИНАЛНО ВМРО, на кое темелтите беа удрени тогаш во 1998 година. Гревски е само продолжувач на таа политика, затоа и беше избран од Љупчо да го наследи.
Се надевам дека именувања кои ги прави Заев со „проверени“ кадри на вмро ДПМНЕ сега, именувањата на Михајло Маневски, Силјан Аврамовски, Ставревски, Јанакиевски кои ги направи Груевски, именувањата и коалициите кои ги направи Љупчо се потврда дека центарот на моќта никогаш не бил во владата и во премиерите. 
За спас и демократизација на Македонија мора да се уништи центарот на моќта, а тоа е Тајната Идеолошка Полиција!
 
 
21-09-2019, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 2-1.jpg]

[Image: 2-2.jpg]
21-09-2019, 03:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Кој кредибилитетот го има Дончев кога и самиот е вмешан во најмалку два милионски ckaндали


21.09.2019
Кој е кредибилитетот на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев? Ова беше клучното прашање кое го постави главниот и одговорен уредникт на Инфомакс, Александар Митовски на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.  Името на директорот на ФЗОМ се споменува во низа скандали и коруптивни афери, но ниту една од нив нема правна разрешница. Митовски го запраша Дончев дали се знае лично со Зоран Милевски Кичеец и дали се вршел присок врз македонската компанија.

-Господине Дончев наместо да ни кажете каде вие се сомневате за криминал вие говоревте за деловните активности на компанијата го спомнувавте господинот Никола Груевски, 5 години човекот не е тука. Зборувавте за монопол не знам со кој кредибилитет со оглед на тоа што вие бевте тие кои што работевте како претставник на Владата на добивањето на монопол на Телеком, бевте едно време обвинети за мито од 10 милиони евра, уште тоа не е јасно дали сте го земале или не сте го земале. Зборувам за кредибилитето. Вие зборувате како некој некому му дал монопол, бевте вмешани во процесот Македонска банка со Никола Груевски исто така. Прашањето ми е друго на темата дали сте се сретнале со господинот Зоран Милевски Кичеец, дали сте разговарале со него по однос на оваа компанија, по однос на вршење на притисок врз оваа компанија со помош на управата за финансиско разузнавања и со помош обвинителството, дали е тоа точно? И дали можеби сопственикот на оваа компанија некој го има испратено кај едно лице од Куманово да да даде лихва, запраша Митовски.
 
Дончев се обиде да ја изрелативизира целата приказна, но притоа призна дека и Зоран Заев остварил средба со претставници на шведската компанија.
-Не знам вие ја кажувате приказната, значи јас немам потреба да ги одговорам прашањата, бидејќи вие ги поставувате прашањата за кои јас не знам. Тоа што го кажав се фактите. Ви кажав точно двете писма што ги пуштивме до шведската амбасада и Диаверум. Освен овие писма немало никаков друг, директен или или индиректен контакт со Диаверум. Значи имавме една средба со претставници Диаверум во Фондот во јануари 2018 и во министерството за здравство. И ако не грешам повторно кога додјоа вториот пат имаше една средба кај премиерот и една во министерство за здравство и двете писма. Тоа се единствените контакти кои што сме ги имале со Диаверум, вели Дончев.








22-09-2019, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:ПРОПАДНА „РЕКЕТ 2“ – АФЕРАТА „МОНАКО“ Е НЕИЗБЕЖНО ДА СЕ „ПОЧЕША“ ОД БЕГАЛЕЦОТ ВО БАГАЖНИК


September 23, 2019 [url=http://globusmagazin.mk/category/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0/][/url]
Идејата на сокриените творци и ачик извршителите на аферата „Рекет“ да направат поголеми метежи во земјава спроти гласањето во Брисел за почеток на преговорите со ЕУ, се претвори во фијаско. Нервозната екипа пробува сега, со уште неоладен неуспех да создаде замена преку замрзнатите пари од аферата „Монако“ како „Рекет 2“ ама и тука е насетлив фијаското
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

[Image: dijaliza.jpg]

ДИЈАЛИЗА Се наплаќа по 90 евра од зафат а чини 25 евра!
Веќе подолго време пропагандниот штаб на ВМРО ДПМНЕ се организира да ги претвора пресовите во Владата на РСМ во свое риалити шоу, кое обично станува своедна парада на невкусот, незнаењето и најлошата политичка пропаганда. Ова секако објаснува и од каде интересот на некои телевизии да ја прекинуваат програмата и да се вклучуват во своевиден директен пренос на ваквите настани, кои инаку, треба да имаат само за цел претставниците на седмата сила да добиваат информации по прашања кои се тематски издвоени од активноста која се одвива на Илинденска број 2. Во тие претстави учествуваат само неколку новинари кои имаат за цел со своите небулозни, запишани од некого на ливче или испратени преку пораки на мобилен, да поставуваат прашања од „централата“, да го задушуваат интересот на останатите новинари за темата и да ја дефокусираат клучната поента, доколку истата не е во интерес на луѓето од Белата палачинка, што најчесто и не е … Така партијата која едноставно испраќа готови материјали кон медиумите и кои најчесто се објавуваат како такви, без шанси да се поставувата прашања до оние кои „излегуваат на прес“ (а имаме само монолог), го замислува информативниот амбиент во државата, кога влијанието врз многу тв и радио станици, портали и весници едноствано се стопува во морето на невистини и искривени сознанија за стварноста. А се што ќе излезе од тој стеротип треба да се сосече во корен…

ИСЦРПУВАЊА НА ПАРИТЕ ОД ЗДРАВСТВОТО

И една од последните прес конференции одржани во Владата само ја повтори, за жал, таа функционалност на искривеното огледало. Иако на истата првиот човек на Фондот за здравство Ден Дончев известуваше за многу факти и сознанија како луѓето од врвот на претходната власт го искористувале здравството за изнесување на државен, буџетски капитал надвор од земјата, за негово перење преку бројни, наводно странски компании и користеле лица кои практично ги позајмувале своите имиња за да се оствари таа цел, поголем дел од јавноста не дозна ни кои се тие лица, против кои веќе се води истражна постапка, кои биле патиштата и методите преку кои лесно стечениот капитал бил фрлан во „пералниците“ ширум светот и како се склучувале штетни договори на сметка на сите граѓани чија валкана содржина е видлива, што би се рекло – од Месечината!
Но, место таквото служење на јавниот интерес, медиумите кои работат во корист на ВМРО ДПМНЕ, заедно со шефот на партијата, во случајот со арамискиот однос кон парите на Фондот за здравство се фатиле за прашањето кое нема врска со темата  – дали Дончев го знае Зоран Кичеец, лице кое инаку се наоѓа во притвор и кое во претходните децении, така да се каже до пред некоја недела, не излегуваше од штабот на црвено-црните, значи човек чие досие е едноставно залепено за партијата на Мицковски со туткал.

МИЛИОНИТЕ ОД МОНАКО

Пресот на Ден Дончев е врзан за аферата „милионите од Монако“, позната адреса за кругот околу Сашо Мијалков и нему најблиските, во кои секако влегува и експремиерот Груевски а која стана позната по тоа што фирмата за дијализа „Диамед“ префрли 9 милиони евра во Монако, и тоа на Ристе Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, кој преходно отворил сметка во ова место каде живее џет сетот. На прес конфренција ова го потврди Ден Дончев, директор на ФЗОМ а за тој факт веќе пишуваа некои македонски гласила, ама нивната содржина остана „вирго интакта“ за поголемиот број на нивни колеги од останатите медиуми.
Овој функционер практично потврди дека зад фирмата Диамед, каде што формално стои извесна Вера Иванова, која се прикажува како сопственик, стојат токму Новачевски и Груевски, за што Обвинителството за организиран криминал води истрага.
„Почнавме да вршиме ревизија и дојдовме до сознанија дека е направен криминален тендер и злоупотреба на службена положба на одредени лица, кои, можеби се кријат зад тој што се прикажува за вистински сопственик. Сознанијата се дека зад фирмата се кријат Ристо  Новачевски, кум на Груевски и брат на неговата лична секретарка и Груевски“, рече Дончев на таа прес конференција.
Тој ги отфрли обвинувања од Вера Иванова и нејзиниот адвокат дека тој и министерот Филипче не дозволувале влез на шведската фирма Диаверум која потоа  ја купи „Диамед“. Тој презентираше документи и ја објасни хронологија од моментот кога на тендер била доделена концесијата на Диамед и на „Систина“ за кои вели дека, обете, држат монопол над дијализата во државата.

СПРОТИВНО НА ЕУ РЕГАЛАТИВИТЕ

Најпрвин, да се потсетиме на тој случај, сега потврден и од Дончев, Диамед и Систина имале ексклузивен договор, спротивен на одредбите од ЕУ регулативата и на Европската повелба за права на пациентите (за правото на избор). „На овие две приватни фирми им се гарантира минимална цена од 90 евра по дијализен третман. Сетот за дијализа денес изнесува само 25 евра по третман, иако секако дека има и дополнителни трошоци. Двете фирми ја превземаат дијализата од јавното здравство и функционалната опрема за дијализа без никаков надоместок. Ги превземаат и постоечките пациенти за дијализа, доделени на двете фирми по градови“, рече Дончев. Договорот кој е потпишан пред пет години е потпишан со две фирми добиле здравствен бизнис со минимално претходно искуство, со минимални сопствени инвестиции, со гарантирани пациенти, со гарантирана цена и приход и огромен профит. Тогашното раководство на Министерство за здравство се согласило во случај на спор местото на арбитража да биде Париз, а доколку во случај, „од кои било причини” Министерството за здравство предвреме го раскине договорот, државата е обврзана да исплати казна од 28 милиони евра. Така тие се го заштитиле својот монопол, благодарејќи на тоа што бизнисот го кројат лица од самиот врв на тогашната државна апаратура!

[Image: anonimna.png]

АНОНИМНА Вера Иванова е анонимна и за бизнис круговите
Наспроти огромниот профит, вели Дончев, единствена финансиска обврска на концесионерот „Диамед“ била  да му плаќа месечен надоместок од 7.500 денари, односно симболични 125 евра на Министерството за здравство. „Диамед“ започнал да работи од 1 февруари 2014 година, а до крајот на 2018 Фондот за здравство на оваа фирма исплатил вкупно 42,5 милиони евра.
Поради, како што рече, криминалниот тендер за концесија и поради сомнителните трансакции, ФЗОМ и Министерство во ноември 2017 година, започнале да ги разгледуваат условите и околностите под кои била издадени концесиите за дијализа.
„Истовремено, имавме информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот Премиер Никола Груевски и воедно брат на неговата лична секретарка, „Диамед Македонија“ во периодот 2014 до 2017, му исплаќа вкупни износи од:
– плата од преку 10 милиони денари;
– исплата на надоместоци околу 17 милиони денари;
– разни готовински исплати од речиси 9 милиони денари;
– преку картичка на „Диамед Македонија“, лицето подигнало 12 милиони денари, кеш пари од банкомат;
И заради овие околности, но и заради комплетниот договор во ноември минатата година македонските власти, по барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, ја блокирало сметката во Монако. Тогаш лицето Вера Иванова тврдело дека таа е единствениот сопственик на Дијамед.
„Јас, Вера Иванова сум единствена, стопроцентна поранешна сопственичка на Диамед Македонија, компанија која од  01.11.2018 е превземена од Диаверум од Шведска. Ниту едно друго лице, освен мене, во ниту еден момент, немало никаков удел во сопственоста, нуту во основањето на Диамед Македонија. Вистинитоста на ова мое тврдење може да се провери на едноставен начин во Централниот регистер на Република Македонија“, тврдеше тогаш Иванова.
Според Дончев сопственичката структура на фирмата била следна:
во „Диамед Македонија“, од нивниот почеток до април 2016 сопственици се Вера Иванова со 50 посто и Метромед ДОО со 50 насто. Сопственици на Метромед ДОО се повторно Вера Иванова со 50 посто и извесен Оливер Тодоров со 50 проценти. На самиот почеток „Диамед“ е 100 посто македонска фирма.
Во април 2016, кога започнува „Вистината за Македонија“ или објавувањето на „бомбите“, следи промена на сопственичката структура при што Вера Иванова префрлува 25% од нејзиниот удел за симболичен износ на компанијата „Смарт Холдинг Дубаи“. Сопственик на „Смарт Холдинг Дубаи“е „Генерал Солушонс Лимитед“и „Panama Trustee“ фирма која беше дел од скандалот„Panama papers“. До денеска не се знае кој е конечен сопственик на панамската фирма, рече Дончев.
Тој додаде дека кога шведската фирма „Диаверум“ ги известиле дека сакаат да ја купат „Диамед“, им било кажано дека имаат намера да започнат истрага и ревизија околу начинот на кој е приватизирана дијализата, вклучувајќи ги меѓу другото и времетраењето на концесијата, цената и местото на арбитража.
По ова, шведската „Диаверум“ се повлекла од намерата да ја купи „Диамед“.
„Диамед Македонија“ продолжува да функционира нормално, но на 2 јули 2018, Метромед ДОО го префрлува својот удел од 50% на Вера Иванова. Така, таа станува 75-постотен сопственик на „Диамед“, а „Смарт Холдинг Дубаи“ останува со 25% сопственост. Конечно, на 18 август 2018 се врши уште едно префрлување на удел при што „Смарт Холдинг Дубаи“ се стекнува со 75% сопственост во „Диамед“, додека Вера Иванова останува со 25%. Очевидно и за лаик тоа се необични игри со сопственоста на фирма која цело време ја заржува монополската позиција кај лекување на лицата заболени од бубрежна инсуфициенција.
Од денешен аспект, знаејќи дека за неполни седум недели по последниот трансфер на удел, 100% од уделот на Диамед се продава на Диаверум Шведска за околу 12 милиони евра, се поставува прашањето зошто Вера Иванова ги има правено сите овие трансакции при промена на сопственоста. Дали за да се избегне данок на капитална добивка или да се прикрие трагата на парите? Дали ова е направено со цел вистинските сопственици на Смарт Холдинг (панамската фирма) да можат да дојдат до парите без да се остави трага во Македонија на кој точно припаѓаат тие пари“, праша Дончев.
Истрагата која се води во Основното Јавно Обвинителство треба да ги утврди вистинските мотиви за овие трансфери на удели.

[Image: daniel.jpg]

ДАНИЕЛ ДОНЧЕВ Нема двојба дека бизнисот со дијализата е монополски и штетен по интересите на буџетот
И покрај тоа во ноември минатата година  „Диаверум“ повторно доаѓаат во Македонија и го известуваат Министерството за здравство и премиерот дека имаат намера да ја купат Диамед Македонија и дека таа одлука е веќе донесена.
Во ноември 2018 година Централен регистер уредно врши трансфер на сопственоста на „Диамед“од Вера Иванова и „Смарт Холдинг Дубаи“ на „Диаверум“од Шведска. „Диаверум“ префрлила  2,5 милиони евра на сметка на Вера Иванова во банка во Северна Македонија и 9 милиони евра на сметка на банка во Монако.
„Државата добива потврда од Монако дека истиот ден кога се префрлени парите на сметката во Монако, Ристо Новачевски на свое име отвора банкарска сметка во истата банка во Монако.
Брзо потоа, по барање на државните институции 2.5 милиони евра на сметката на Вера Иванова во Скопје и 9  милиони на сметката во Монако се замрзнати, бидејќи, се водеше предистражна постапка“, рече Дончев.
Тој тврди дека немало обид од државата да се блокира влезот на „Диаверум- Шведска“ во Диамед, а компанија веќе десет месеци стопанисува со „Диамед- Македонија“.
Дончев рече дека до завршување на истрагата дијализата ќе работи со постоечката концесија на двете фирми, „Диаверум“ и „Систина“ кои имаат идентитични договори за кои неколку пати нагласи дека се штетни за државата. Негираше дека се обидувал да внесе фирма од Албанија која би работела со дијализата во државата.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска на прес-конференција, рече дека немало никаква злоупотреба во врска со шведската компанија „Диаверум“, за што пред два дена беа поднесени кривични пријави за спречување влез на странската компанија.
Кривичните пријави беа поднесени од поранешната сопственичката на „Диамед“, Вера Иванова што ја продала на компанијата на „Диаверум“, против Дончев и министерот за здравство Венко Филипче.
– Во интерес на пациентите, кои заслужуваат квалитетна дијализа, беше избрана компанија со најдобра понуда. Нема никаков криминал, ниту попречување за влез на компанијата „Диаверум”, со која не сум имал директен контакт, туку само две писма до шведската амбасада, рече директорот на ФЗОМ Ден Дончев на прес-конференција во Владата.
Дончев децидно отфрли дека поради други причини, освен предупредување до „Диаверум“ од Шведска за да се внимава со инвестицијата, бидејќи, против претходниот концесионер се преземени предистражни дејства поради нејаснотија во сопственоста на „Диамед“.
– Немаше никаков обид од Државата да се блокира влезот на „Диаверум Шведска“ во „Диамед“. Централниот регистар уредно го префрли уделот од Вера Иванова и „Смарт Холдинг Дубаи“ на „Диаверум“, а таа компанија веќе десет месеци стопанисува со „Диамед Македонија“ – рече Дончев, кој смета дека тврдењата на Вера Иванова дека е нанесена каква било штета кон државата или буџетот е небулоза.
– Единствени вистински добитници од оваа трансакција се Вера Иванова на чија сметка легнаа 2.5 милиони евра тука и 9-те милиони евра во Монако. Секако дека сите странски инвеститори се добредојдени во Република Северна Македонија. Но, треба да сме свесни дека во овој случај станува збор за трансфер на сопственост од македонски до странски сопственици. Притоа претходните сопственици на „Диамед“ се стекнале со концесија издадена под сомнителни околности на лица кои директно или индиректно беа во врвот на самата власт. Доколку судски се утврди ова, претставува злоупотреба на службена положба и овластување на некои од највисоките носители на тогашната власт – додаде Дончев.
Сето ова не беше интересна содржина на најгласните неколку новинари на пресот, кои како и лицата од медицинскиот бизнис, кои, за нив не се интересни, се оидувата да ги монополизираат ваквите настани со недугави и крајно нејасни прашања. Значи не е јасно како дошло до таков монополски договор (тука не смее да се исклучи и Систина на Камчев!), од каде се создала таква лесно профитна зделка без речиси никакво сопствено вложување, како се случувале оние „замешателства“ со сопственоста, која е таа Вера Иванова, колку данок плаќала на државата  и што имаме ние од нејзиниот профит…
Проблемот со Мицковски и камарилата е секако во фактот дека по пропаста на клучните цели на „Рекет“ требаше да се отвори „Рекет 2“ и тоа токму со тужбата на спомената Иванова! После споменатиот прес таа трамбулина веќе е толку оштетена што се наѕира целосно ликот и делото на бегалецот од багажникот. А тоа е пак бумеранг што не смеел да се случи за било каква цена!
24-09-2019, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(24-09-2019, 01:25 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ПРОПАДНА „РЕКЕТ 2“ – АФЕРАТА „МОНАКО“ Е НЕИЗБЕЖНО ДА СЕ „ПОЧЕША“ ОД БЕГАЛЕЦОТ ВО БАГАЖНИК


September 23, 2019
Идејата на сокриените творци и ачик извршителите на аферата „Рекет“ да направат поголеми метежи во земјава спроти гласањето во Брисел за почеток на преговорите со ЕУ, се претвори во фијаско. Нервозната екипа пробува сега, со уште неоладен неуспех да создаде замена преку замрзнатите пари од аферата „Монако“ како „Рекет 2“ ама и тука е насетлив фијаското
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ


МИЛИОНИТЕ ОД МОНАКО

Пресот на Ден Дончев е врзан за аферата „милионите од Монако“, позната адреса за кругот околу Сашо Мијалков и нему најблиските, во кои секако влегува и експремиерот Груевски а која стана позната по тоа што фирмата за дијализа „Диамед“ префрли 9 милиони евра во Монако, и тоа на Ристе Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, кој преходно отворил сметка во ова место каде живее џет сетот. На прес конфренција ова го потврди Ден Дончев, директор на ФЗОМ а за тој факт веќе пишуваа некои македонски гласила, ама нивната содржина остана „вирго интакта“ за поголемиот број на нивни колеги од останатите медиуми.
Овој функционер практично потврди дека зад фирмата Диамед, каде што формално стои извесна Вера Иванова, која се прикажува како сопственик, стојат токму Новачевски и Груевски, за што Обвинителството за организиран криминал води истрага.
„Почнавме да вршиме ревизија и дојдовме до сознанија дека е направен криминален тендер и злоупотреба на службена положба на одредени лица, кои, можеби се кријат зад тој што се прикажува за вистински сопственик. Сознанијата се дека зад фирмата се кријат Ристо  Новачевски, кум на Груевски и брат на неговата лична секретарка и Груевски“, рече Дончев на таа прес конференција.
Тој ги отфрли обвинувања од Вера Иванова и нејзиниот адвокат дека тој и министерот Филипче не дозволувале влез на шведската фирма Диаверум која потоа  ја купи „Диамед“. Тој презентираше документи и ја објасни хронологија од моментот кога на тендер била доделена концесијата на Диамед и на „Систина“ за кои вели дека, обете, држат монопол над дијализата во државата.


АНОНИМНА Вера Иванова е анонимна и за бизнис круговите

Наспроти огромниот профит, вели Дончев, единствена финансиска обврска на концесионерот „Диамед“ била  да му плаќа месечен надоместок од 7.500 денари, односно симболични 125 евра на Министерството за здравство. „Диамед“ започнал да работи од 1 февруари 2014 година, а до крајот на 2018 Фондот за здравство на оваа фирма исплатил вкупно 42,5 милиони евра.
Поради, како што рече, криминалниот тендер за концесија и поради сомнителните трансакции, ФЗОМ и Министерство во ноември 2017 година, започнале да ги разгледуваат условите и околностите под кои била издадени концесиите за дијализа.
„Истовремено, имавме информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот Премиер Никола Груевски и воедно брат на неговата лична секретарка, „Диамед Македонија“ во периодот 2014 до 2017, му исплаќа вкупни износи од:
– плата од преку 10 милиони денари;
– исплата на надоместоци околу 17 милиони денари;
– разни готовински исплати од речиси 9 милиони денари;
– преку картичка на „Диамед Македонија“, лицето подигнало 12 милиони денари, кеш пари од банкомат;
И заради овие околности, но и заради комплетниот договор во ноември минатата година македонските власти, по барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, ја блокирало сметката во Монако. Тогаш лицето Вера Иванова тврдело дека таа е единствениот сопственик на Дијамед.
„Јас, Вера Иванова сум единствена, стопроцентна поранешна сопственичка на Диамед Македонија, компанија која од  01.11.2018 е превземена од Диаверум од Шведска. Ниту едно друго лице, освен мене, во ниту еден момент, немало никаков удел во сопственоста, нуту во основањето на Диамед Македонија. Вистинитоста на ова мое тврдење може да се провери на едноставен начин во Централниот регистер на Република Македонија“, тврдеше тогаш Иванова.
Според Дончев сопственичката структура на фирмата била следна:
во „Диамед Македонија“, од нивниот почеток до април 2016 сопственици се Вера Иванова со 50 посто и Метромед ДОО со 50 насто. Сопственици на Метромед ДОО се повторно Вера Иванова со 50 посто и извесен Оливер Тодоров со 50 проценти. На самиот почеток „Диамед“ е 100 посто македонска фирма.
Во април 2016, кога започнува „Вистината за Македонија“ или објавувањето на „бомбите“, следи промена на сопственичката структура при што Вера Иванова префрлува 25% од нејзиниот удел за симболичен износ на компанијата „Смарт Холдинг Дубаи“. Сопственик на „Смарт Холдинг Дубаи“е „Генерал Солушонс Лимитед“и „Panama Trustee“ фирма која беше дел од скандалот„Panama papers“. До денеска не се знае кој е конечен сопственик на панамската фирма, рече Дончев.



Quote:Кумот на Груевски до Ден Дончев: Имаш пет дена да ги документираш тврдењата или тужба!
Напишано од
 Плусинфо
 -

25/09/2019 15:2

Ристо Новачевски, кумот на експремиерот Никола Груевски, во првиот брак, излезе со демант до директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, кој на прес-конференција во врска со случајот со издавање под концесија со центрите за дијализа и фирмата „Диамед“ го спомна неговото име во сомнителните активности на оваа фирмата.
Тој му дава рок на Дончев да ги документира тврдењата што ги изнесе на прес-конференција или во спротивно ќе поднесе тужба.
Демантот на Новачевски го пренесуваме во целост:
„Со оваа информација сакам да ги демантирам небулозните тврдења на г-динот Ден Дончев директор на Фондот за здравство изнесени на прес-конференција во Владата на РМ на ден 20.09.2019, а се со цел дискредитирање на мојата личност.
Ќе се обидам да бидам што е можно пократок, со оглед дека целиот прес беше исполнет со лаги и глупости, кои ја докажуваат неговата неспособност за водење на функцијата која му е доверена.
Г-дине Дончев:

  1. Тврдите дека од 2014-2017 година ми биле исплатени: 10.000.000 ден. во плати,
    17.000.000 ден разни надиоместоци, 9.000.000 ден готовински исплати и
    12.000.000 денари сум подигнал од банкомат. – Вистината е дека од 2014-2017 ми се исплатени 17.503.090ден. по основ на плати и бонуси за успешно работење, за кои уредно сум ги платил сите давачки кон државата. Службената картичка никогаш не била употребена од мене. Со ова се подразбира дека никогаш немам подигнато било какви средства од таа службена картичка. Исто така не ми е исплатен ниту денар од касата на фирмата.

  2. Тврдите дека г-ѓата Вера Иванова не е вистинскиот сопственик на „Дијамед-Македонија“ и на фирмите ко-сопственици и се сомневате дека вистинскиот сопственик сум јас, односно преку мене експремиерот г-дин Никола Груевски. – Вистината е дека г-ѓата Вера Иванова јавно изјави во медиумите дека таа е единствен сопственик на “Дијамед-Македонија” и сите фирми поврзани со неа. Исто така откако “Диаверум” ги уплати парите на сметките, Г-ѓата Вера Иванова поднела пријава до УЈП за плаќање на данок на приход, остварен по основ на продадени удели, а на 14.11.2018г. УЈП и издава решение за плаќање данок.
  3. Тврдите дека истиот ден кога биле исплатени средствата на сметката, јас сум
    отворил сметка во истата банка. – Вистината е дека сметката е отворена на 18.03.2018г. во време кога Вие веќе ги пишманевте и избркавте “Диаверум”. Целта на отворање на сметката беше планотна г-ѓата Вера Иванова да инвестира во странски проекти и притоа да бидам повторно ангажиран од нејзина страна. Откако Г-ѓата Вера Ивановаувиде дека проблемите со Вас ќе и бидат долгорочни и ќе и пропаднат бизнис плановите за развој, надвор од границите на РМ, некаде околу Април/Мај 2019 ја затворив мојата с-ка , која впрочем воопшто не беше активирана со ниту една трансакција. Ако таа с-ка беше отворена со намерата за која што Вие тврдите, ќе ја употребев уште истиот ден кога парите се префрлени -без никаков проблем.


Ова се вистините и одговорите на Вашите лажни обвинувања. Сега имате 5 дена да ги документирате Вашите тврдења или да ми се извините пред целата македонска јавност со ист интензитет со кој што ме обвинивте, во спротивно следува тужба.
Имам едно прашање до Вас како чувар на парите на македонските здравствени осугуреници. Објаснете зошто откако им “укажавте” на инвеститорите од шведски „Диаверум” дека се работи за криминален тендер и сомнителна фирма која го добила, ќе вршите ревизија на целиот процес, дека ќе има истрага и сл. Наместо да го поништите таквиот тендер, доколку тоа навистина било така не поднесовте тужба пред судот во Париз. Наместо тоа Вие предвремено исплативте 4 или 5 ф-ри во износ од околу 3,000.000 евра на „криминалната” фирма „Дијамед-Македонија” и со тоа го оштетивте буџетот на РМ. Да повторам 3,000.000 евра во време кога Ви протестираа специјализанти и доктори за договори и повисоки плати.Тогаш кога мајки ви плачеа за пари за лекување на своите деца во странство, кога се бараа повеќе финансии за луѓето со ретки болести итн. Дали со оглед на сите Ваши тврдења дека зад фирмата „Дијамед-Македонија” стои г-динот Груевски, Вие впрочем трите милиони евра свесно му ги префрливте нему, а глумите омраза кон него или можеби нешто друго Ви било мотив за да го сторите тоа.
Г-дине Дончев, знаете ли што е единствено очигледно?
Очигледно е дека Вие сте единствениот печалбар во обратна насока. Дојден од Австралија во Македонија. Најверојатно Ви се погоди првата печалба, па решивте повторно да се вратите“, пишува Новачевски во демантот.
(This post was last modified: 25-09-2019, 11:53 PM by ЈорданПетровски.)
25-09-2019, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Ексклузивно со Вера Иванова, сопственичка на „Диамед“
Поседувам докази дека Ден Дончев и Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија

[Image: Venko-Filipce-Den-Doncev-i-Orhan-Ramadani-1600x878.jpg]

Македонија 26.09.2019 / 10:15
Во екот на аферата „Рекет 2“ разговараме со сопственичката на „Диамед“ Вера Иванова, чијашто фирма се најде во немилост на структури на власта. Од едната страна успешен центар за дијализа, специјална болница за нефрологија и дијализа, а од другата личните интереси на директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче, обединети во целта да ја преземат фирмата. Во Обвинителството веќе се води постапка за овој случај. 
Во интервју за „Република“ Иванова одговара на сите обвинувања на директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев изненсени на прес-конференцијата во Владата.

[Image: vera-ivanova-618x640.jpeg]

Од лево кон десно Борис Зјачиќ, Вера Иванова, Даг Андерсон
[b][b]
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Д
[/b][b]ен [/b][b]Д[/b][b]ончев[/b][b] обвини дека вистинскиот сопственик на „Диамед“ во странство е поранешниот премиер Никола Груевски[/b][b] и дека таа фирма сте ја продале на странска фирма[/b][b].[/b][/b]
[b]Иванова[/b][b]:[/b] А врз основа на кои докази ме обвинува, кафеански озборувања?! Кога ги основав компаниите во странство, од ниеден тамошен адвокат не добив прашање дали сакам или имам потреба да наведам скриен сопственик, тоа едноставно не оди така. Исто како и кај нас, се легитимирате како основач и толку. Компаниите се целосно мои, во 100-отстотна сопственост и тоа Ден Дончев многу добро го знае од увидот во документите што ги презентираше. Се знае како се станува сопственик или партнер во компанија – со инвестирање лични средства. Јас Груевски сум го видела еднаш во животот кога носев странски инвеститор на состанок во 2010 година. Се надевам дека допрва ќе добиеме одговори зошто Ден Дончев ја замајува јавноста. Можеби Ден Дончев знае како и каде се прави тоа од сопственото искуство?!
Што се однесува до продажбата на мојата компанија на странски инвеститор,  кажете ми дали има поголем успех и потврда за вашата работа кога по тригодишна анализа од страна на странскиот инвеститор, ќе ви потврдат дека сето она што сте го работеле и во што вложувале со години го заслужува нивното внимание и вашата локална компанија станува дел од систем признат во светот. Јас навистина не гледам што има тука спорно. Секојдневно гледаме на телевизија како се повикуваат странски инвеститори, но за жал, во мојот случај не беше така. Слушнавте и самите на прес-конференцијата во Владата како ги „предупредувал“ Ден Дончев странските инвеститори.


[Image: diamed-640x482.png]

Кога фирмата има јавен сопственик и е стоотстотно во ваша сопственост, зошто имало потреба да отворите фирма во странство? Директорот на ФЗОМ обвини дека причина за тоа е да ја сокриете сопственоста, но и да ги избегнете давачките кон државата.

[b]Иванова[/b][b]: [/b]Уште една небулоза од Ден Дончев. Неколку дена по продажбата купопродажниот договор, потпишан и од инвеститорот од Шведска и заверен на нотар, е пријавен во сите наши институции вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи. Во него е наведен целоит износ, податок од јавен карактер достапен на увид на Обвинителството. Освен тоа, Обвинителството ги поседува и договорот и даночните  пријави кои произлегуваат од него. Државата ја интересира само дали сите даноци се целосно и уредно пријавени во УЈП. Даноците се пријавени, но сè уште не можам уредно да ги платам поради тоа што сметките ми се блокирани. Не треба да нагласам дека УЈП секојдневно си пресметува камата за задоцнето плаќање. Што да ви кажам, кадија те тужи – кадија те суди.

[b][b]Сте ги пријавиле во УЈП и парите кои се замрзнати во Мона[/b][b]к[/b][b]о[/b][b]?[/b][/b]
[b]Иванова[/b][b][b]: [/b][/b]Да, токму така. Сметката на мојата фирма во Монако не е тајна, како што не се тајна сите изводи и трансакции на неа од нејзиното отварање до денеска. Управата за финансиско разузнавање не ја откри таа сметка. Јас не ја кријам. Управата за финансиско разузнавање и директорот Блажо Трендафилов од Струмица само манипулираат со податоците колку да се каже дека нешто работат. Замислете, отидоа и ги казнија нотарите и адвокатите кај кои се заверени купопродажните договори со странскиот партнер, затоа што не пријавиле сомнителна продажба.

Ден Дончев обвини, исто така, дека тендерската постапка не била водена законски, дека цената е висока, односно заработката е голема, дека сте преземале функционална опрема…
[b]Иванова[/b][b][b]: [/b][/b]Кога како компанија учествувате на отворен повик што го објавува државата, секако дека сте сигурни дека државата водела сметка за законитост на постапката. Тоа ви дава сигурност да почнете со инвестиции кои, верувајте ми, се огромни, да инвестирате во шест нови центри за дијализа и целосно да реновирате три постоечки. Тоа се сериозни износи. Барањата на државата беа ригорозни и изискателни (да се замени цела нефункционална опрема, кревети, итн.) сè со цел да се подигне нивото на лекување на пациентите на дијализа на европско ниво. И во тоа успеав за само една година.

[Image: diamed-3-640x483.png]

Што се однесува до цената на дијализата, има само една суштинска разлика која Ден Дончев намерно пропушти да ја сподели со јавноста. Во моментов цената од 90 евра (која е сè уште најниска во регионов и пошироко) се однесува на дијализа со вклучени специјалистички консултативни прегледи и обезбеден транспорт на пациентите од местото на живеење. И тука е целата негова манипулација со јавноста. Наводно порано цената била 70 евра, што не е точно, беше 80, а ФЗО плаќаше плус 10%, односно 8 евра по дијализа за специјалистичко-консултативни прегледи на посебно доделен буџет и плус на пациентите им го плаќаше транспортот на посебни фактури, во зависност од местото на живеење. Вкупно од 92 до 95 евра. Јас ова го знам затоа што на истиов овој начин соработував со ФЗО во 2010 година кога бев директор на првата приватна болница по нефрологија и дијализа Диамед во Скопје. И што добиваа пациентите за тие пари? Распаднати машини со по 100.000 работни часови. Престој по 5 часа во подруми во кои се излеваа фекалии на секој дожд. Недостиг на лекарства кои законски им следуваат на секоја дијализа. По преземањето во 2014 година во некои градови немаше дури ни медицинска документација за пациентите, не можеа луѓето да се сетат кога последен пат им биле направени лабораториски испитувања, што е неопходно за соодветно лекување.
За преземената опрема се плаќаше закуп од ЈЗУ до моментот на замената со нова опрема, иако Ден Дончев објави јавно дека таа била дадена гратис, што не е точно. Се набавија повеќе од 200 нови современи апарати за дијализа, исто толку нови болнички кревети и сè останато.

[b]Како успеавте сево ова да го направите за толку кратко време?[/b]
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Со многу работа и континуирано вложување на сите расположливи финансиски средства. Предноста на приватниот сектор во однос на јавниот е во можноста директно сами да увезувате медицински потрошен материјал или да преговарате за пониски цени за производи кои ги увезуваат други веледрогерии. И тука на површина излегуваат менаџерските способности. Колку повеќе ве бива, толку поголема разлика ќе остварите за да имате простор тоа што сте го заштедиле од увозниците да го инвестирате во пациентите и во вработените. За жал, излегува дека не смеете да бидете успешни во работењето и дека не треба чесно да си пријавувате остварени заштеди и да плаќате данок на државата, затоа што ќе го привлечете вниманието на некои функционери кои ќе се занимаваат со вас, а не со кроење на здравствени политики. Јас би се согласила Ден Дончев да посвети време на анализа и споредба зошто дејноста дијализа во приватниот сектор функционира, а не функционирала на ист начин во минатото и каде се одлевале средствата порано. Не со цел да брка вештерки туку да ги утврди и да ги надмине системските пропусти.


[Image: diamed-1-640x480.png]

Зошто ве обвинува за монопол?

[b]Иванова[/b][b]: [/b]Каков монопол? Па во Скопје имате два субјекта во приватно здравство и два во јавно здравство и уште еден во Струга, кои ја вршат истата дејност со истите средства.

До каде е вашиот предмет во Обвинителството за организиран криминал и корупција?
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Јас немам точна информација за статусот на предметот дали е во предистрага или истрага, а исто така ни мојот адвокат сè уште нема таква информација. Од пресот на Ден Дончев дознавме дека предметот бил во предистрага, а сега е во истрага. Од каде му е на Ден Дончев ова информација, не знам и мислам дека допрва ќе побараме одговори од каде му се на директор на ФЗОМ службени податоци од ОЈО.

Покренавте тужба против Ден Дончев и Венко Филипче за злоупотреба на службената должност.
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Немам нешто посебно да додадам од тоа што се пишуваше и излезе во јавноста само можам да потврдам дека поседуваме докази кои експлицитно укажуваат дека Ден Дончев  и Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија со тоа што давале лажни изјави и го манипулирале инвеститорот. Точно е тоа што го кажа Ден Дончев на прес-конференцијата дека државата не спречувала влез на странски капитал, меѓутоа не кажа дека тој лично со помош на Венко Филипче приватно за своја корист, а користејќи ги своите позиции, ја злоупотребиле државата и спречувале координирано влез на странски капитал во државата.
Ден Дончев искажа многу небулози на пресот. Меѓу другото и самиот го призна делото за кое го обвинувам. Сега се обидува да манипулира и кажува дека не им кажал на инвеститорите дека се води истрага во време кога немало истрага, туку дека ги предупредил дека ќе се води истрага. И да е така, а не е така, самото по себе нема никаква суштинска разлика. Јас не знам како поинаку изгледа бркање странски инвеститор. Што требало друго да направи? Требало да ги истепа или пиштол да им извади за да ги избрка?! Врз база на доказите обвинителството нека оцени дали ја злоупотребиле функцијата и ме оштетиле мене, но и Буџетот на Репубклика Македонија. Од друга страна, не само што тогаш не пријавиле, ниту Ден Дончев ниту Венко Филипче, туку ни до ден денес не го сториле тоа.

Како мислите дека ни до ден денес немаат пријавено?
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Па, пријавата во обвинтелство не е од нив, иако на толку сомневања морале да го сторат тоа по службена должност. Пријавата е од допрен глас ден по продажбата. Не можам да тврдам, но се сомневам дека Ден Дончев се крие зад допрениот глас, затоа што здружението „Нефрон“ демантираше.

[Image: diamed-2-640x478.png]

[b][b]Дали имате информација дека премиерот З[/b][b]оран [/b][b]З[/b][b]аев[/b][b] знаел што прават Д[/b][b]ен [/b][b]Д[/b][b]ончев[/b][b] и В[/b][b]енко [/b][b]Ф[/b][b]илипче?[/b][/b]
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Не можам да кажам колку и што знаел премиерот. Од изјавите на инвеститорот се гледа дека бил информиран и амбасадорот на Шведска, меѓутоа во колкава мера бил манипулиран од директорот на Фондот за здравство и од министерот за здравство, не можам да кажам. Во секој случај, можам да кажам дека премиерот доста благонаконо и кооперативно гледаше на инвестицијата од странство, меѓутоа, сепак, мислам дека влијанието на Ден Дончев и Венко Филипче врз него беше поголемо отколку реалната ситуација, па и самиот тој изјави дека можеби во целиот процес има конфликт на интереси алудирајќи на евентуална инволвираност на кумот на поранешниот премиер. Ристо Новачевски работеше како директор за развој неколку години и е професионалец во својата работа. Никогаш не подигал износи за какви зборуваше Ден Дончев на прес-конференцијата. Замислете, 12 милиони денари на банкомат! Плата секако добивал со сите придонеси кон државата, но пари во готово не. Нема простор за непотизам во приватниот сектор како што се навикнати политичарите. Во приватниот сектор не се успева така, или знаеш и сакаш да работиш или не знаеш, тој е критериумот. Ниту еден вработен од безмалку 300 луѓе никогаш не сум прашала за политичка определба или роднинска поврзаност со политичар и тоа најодговорно го тврдам, а сигурна сум дека има такви релации со оглед на тоа колкава земја сме.

Дончев избегна да одговори на новинарските прашања дали се познава со второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец. Попрецизно, одговори дека го знае од телевизија. Дали имате поинаква информација?
[b]Иванова[/b][b]: [/b]Под целосна морална и кривична одговорност тврдам дека лично многу добро се познаваат и се гледаат, контактираат. Зошто Дончев изјави како што изјави, нека објаснува на некое друго место.

На крајот, директно прашање – дали се точни шпекулациите  дека Дончев отворено побарал половина од „Диамед“?
[b]Иванова[/b][b][b]: [/b][/b]Редот е прво ЈО за организиран криминал да го дознае одговорот на ова прашање.
 
 
РЕПУБЛИКА
26-09-2019, 01:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:ШОКАНТНИ НАВОДИ Дали Кичеец, во името на Ден Дончев, побарал половина од парите од продажбата на „Диамед“ на Швеѓаните?!

Скопјанката Вера Иванова, чии пари добиени од легалната продажба на „Диамед“ се блокирани во банка во Монако, денеска ја прошири кривичната пријава против Ден Дончев и против министерот Филипче, а го додаде и Зоран Милевски Кичеец, осомничен во аферата „Рекет“. Обвинителството сега ќе има многу работа, а прилог за аферата објави и еден словенечки медиум, кој прв го спомна името на Кичеец.

[Image: kiceec-kanal-5.jpg]

Бранко Героски - 27/09/2019 16:52
Ново, жестоко обвинување на сметка на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, но и на сметка на Зоран Милевски Кичеец, осомничен во аферата „Рекет“, изнесе денеска поранешната сопственичка на компанијата „Диамед“, Вера Иванова. Таа тврди дека ден пред продажбата на компанијата на светски познатиот провајдер на услуги на полето на дијализата, компанијата „Диаверум“ од Шведска, таа имала средба по барање на Зоран Милески Кичеец, на која тој, во името на Ден Дончев, од неа побарал половина од парите од продажбата.
Како што пишуваше Плусинфо, отворајќи ја оваа нова афера, Вера Иванова пред неколку дена поднесе кривична пријава против Ден Дончев, но и против министерот за здравство Венко Филипче, во која двајцата ги обвини дека ја злоупотребиле својата службена положба и презеле дејствија со цел да се спречи странската инвестиција, што резултирало и со блокирање на нејзината сметка во Монако. На оваа сметка Швеѓаните легално префрлиле околу 8 милиони евра од вкупно 11,5 милиони, а Иванова тие пари, како и парите „легнати“ на сметка на една домашна банка, уредно ги пријавила во УЈП.

Збогатено кривичното досие за „Рекет 2“

Кривичната пријава против Дончев и Филипче денеска е проширена со ново, добро познато име – Зоран Милевски Кичеец. Во пријавата, Иванова тврди дека од неа било барано да ја запре продажбата, но таа одговорила дека тоа веќе не е можно, бидејќи договорот е потпишан.
– Тогаш ми беше речено, ако навистина ја зборувам вистината, да им дадам половина од колачот, во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене – сведочи Иванова.
Како што е познато, по објавувањето на кривичната пријава од Иванова, поднесена преку Адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, Дончев на 20 септември свика прес-конференција, на која изјави дека не било вршено никакво влијание како што тврди Иванова, но призна дека тој и Филипче ја предупредувале шведската фирма, дури и писмено, преку Шведската амбасада, дека имаат намера да ги испитуваат околностите под кои компанијата „Диамед“ ја добила концесијата за дијализа во дел од земјата. Тоа предупредување било упатено во период кога немало истрага, а најверојатно ни предистрага. Но, подоцна, шведската компанија била известена дека има истрага.
На таа прес-конференција, Дончев изнесе детали од предистрагата што била поведена, а на новинарите им вети дека ќе им ги подели материјалите што ги покажа, но ветувањето не го исполни. Како и да е, откривајќи детаљи од предистрагата, Дончев сторил ново кривично дело, Повреда на тајноста на постапката, според член 369 од Кривичниот законик, се вели во проширувањето на кривичната пријава. Во врска со средбата за која зборува Иванова, Дончев се товари како поттикнувач на кривичното дело Уцена, според член 259 став 1 од КЗ, за кое се товари Зоран Милевски Кичеец. Во првичната пријава, Дончев и министерот Филипче беа обвинети за кривичното дело Злоупореба на службена положба според член 353 став 1 од КЗ.

Што вели словенечката Нова 24 ТВ?

И така, додека се полни кривичното досие поврзано со овој скандал, за него дозна и меѓународната јавност, преку прилог на словенечкиот медиум Нова 24 ТВ. Во текстот под наслов „Скандал! Блиски соработници на левичарскиот северномакедонски премиер Заев, добар пријател на Тања Фајон, обвинети за вршење пртисок на угледна меѓународна здравствена компанија“, медиумот изнесува и нови детаљи, кои досега не ѝ беа познати на македонската јавност. Имено, се посочува на вмешаноста на Зоран Милевски Кичеец, за кого директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, на спомнатата прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање колку добро се познава со Кичеец, одговори дека го знаел само од телевизија.
Но, словенечкиот новинар Рајко Голоб, авторот на текстот, тврди дека нивното познанство е далеку подлабоко.
– Зад сето ова очигледно стои желбата на македонската влада за преземање профитабилни компании. Откако сопственичката на „Диамед“ на 25 октомври минатата година го потпишала купопродажниот договор со шведската компанија, добила повик од озлогласениот Зоран Милевски, кој е близок со македонскиот премиер, но и со локалното подземје. Тој побарал од неа веднаш да го повлече потписот, а доколку не го стори тоа, ѝ се заканил на Иванова дека против неа ќе биде покрената кривична истрага. Без оглед на сè, Иванова го отфрлила барањето на Милевски. Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата „Диамед“. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на „Диамед“ стекнати од продажбата на „Диамед“ на шведскиот стратешки партнер – пишува новинарот Голоб.
Тој тврди дека имало докази дека Милевски присуствувал на најмалку три состаноци во канцеларијата на Дончев.
– Освен тоа, најспорно е што предметот ѝ е доделен на Рускоска, која е позната по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада. Благодарение на неа, членовите на македонската влада се практично недопирливи за судовите – се тврди во текстот.
Соред словенечката Нова 24 ТВ, тврдењето на Дончев дека две фирми сега имаат целосен монопол во земјата за вршење дијализа, претставува намерно лажење на јавноста.
– Деталното испитување на состојбата покажува дека има најмалку пет други субјекти за дијализа во земјата. Треба да се потенцира и дека реномираната шведска компанија е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во „Диамед“. Оттука, повеќе од очигледно е дека скандалот веќе добива меѓународна димензија.
Фотографија: Канал 5
27-09-2019, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Законите не важат за Заев: На пресконференција призна дека извршил кривично дело и ја нарушил тајноста на постапката







30. септември 2019. @ 14:21
Премиерот Зоран Заев на денешната пресконференција од владата повторно документирано извшри кривично дело. Заев спротивно на член 289 и член 299 од Законот за кривична постапка одаде информации од предистражна и истражна постапка. Со што тој директно изврши кривично дело, но откри и дека е во директна спрега со ЈО, или луѓе од истото кои спротивно на закон му даваат информации до кои дошле од истрагата.
[Image: istraga.png]
– Кога јавно обвинителство се обраќа до државните институции кои се под премиерот, како Фондот за здравство и министерство, ние знаеме дека се води истрага и логично е, чесно е, одговорно е, пред било кој инвеститор, па и ваков познат „Диаверум“ од Шведска, да ги знае информациите затоа што должност на државата е да ги каже сите информации ако сакаме да градиме кредибилитет, рејтинг и моќност на привлекување инвестиции. Тоа што сме го знаеле, сме го соопштиле и апсолутно тоа е исклучително чесно и навремено поставено како информација. Луѓето си анализираа си донесоа свои правни експерти, си донесоа одлука, рековме нека им е со среќа, но секако самата истрага не е затворена и тоа ќе има последици од делот на отворање на истрага до делот на затворање. Секако тоа е во надлежност на правосудните органи – рече премиерот.

Со ова Заев документирано со видео и тонски запис кажа дека ЈО го брифира и спротивно на член 289 од Законот за кривична постапка некој во ЈО врши кривично дело за кое се одговара со каазна   затвор.
[Image: predistraga.png]
Ова не е првпат Зоран Заев да одаде информации од истрага, претходно тој во изјава за медиуми кажа дека се водат истраги против функционери на власта, по што во негова втора изјава призна дека со своето дејствување тој ја спречил истрагата.
-Разрешени се, не постојат веќе на функциите, затоа што веројатно со мојата транспарентност и коментар блокирав одредени дејствија каде што земаа заштитни позиции и до крај не можеа да се комплетираат истрагите. Намерата беше да одат во затвор доколку се комплетираат постапките, но во најмала рака се разрешени, кажа Заев.
[Image: povreda-na-tajnosta.png]
 





Quote:Случај Рекет 2: „Заев потврди дека Ден Дончев и Венко Филипче имале средби со Зоран Милески Кичеец“

 30. септември 2019. @ 14:44
Зоран Заев денеска одговори за случајот „Рекет 2“, и за на повиците Ден Дончев и Венко Филипче да бидат изземени од позициите заради поднесена кривична пријава против нив за рекетирање, злоупотреба на државни институции и обиди за преземање на домашна компанија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев со денешниот заеднички настап со Ден Дончев и Венко Филипче, потврди дека имале средби со Зоран Милески Кичеец, човекот со кој што се надополнува кривичната пријава за „Рекет 2“. Зоран Заев потврди дека знаел за „Рекет 2“ и дека е вистина наводот во Кривичната пријава за одвраќање на странскиот здравствен гигант да влезе во Македонија. Зоран Заев денеска откри дека речиси цела година однапред знае што ќе работи обвинителството и знае против кого и каков случај ќе отвора обвинителството. Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт, Зоран Заев потврди дека е запознаен со рекетирањето и случајот „Рекет 2“!, вели Стоилковски.
Тој додава дека октоподот на власт нема намера да има расчистување на високата корупција. Зоран Заев застана со Ден Дончев и Венко Филипче, што според сите критериуми е покажување на политичка заштита врз овие двајца среде отворен процес по поднесена кривична пријава!
-Наспроти лагите за борба против високата корупција, Зоран Заев со денешниот настап со Ден Дончев и Венко Филипче упати невербална порака дека треба случајот да се забошоти. Оттука Заев невербално порача дека двајцата нема да бидат тргнати од позициите каде што може да влијаат врз докази и сведоци. Заев невербално порача дека е против расчистување на дилемите имало или не исплаќани месечни транши кај благајник со брада во струмичко. Едноставно, Заев со денешната прес конференција со Дончев и Филипче упати невербален притисок врз правниот систем во Република Македонија.Има кривична пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, во која стои дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши, рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо? Според кривичната пријава, била злоупотребени нивните институции каде што управуваат и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи, а сега и Зоран Заев го потврдува тоа, и никому ништо? Зоран Заев потврдува дека точно знае дека капиталот од трговијата е замрзнат, иако и по година дена од истрагата дека нема никаков докажан криминал, што е класичен пример за притисок врз домашниот бизнис и одличен пример за бизнис амбиентот во Република Македонија!, вели Стоилковски.
Тој истакна дека се додека државната мафија, октоподот е на власт, Македонија нема да исполни едно круцијално прашање за евроинтеграциите, а тоа е борба против криминалот и корупцијата. А, токму тие се одлика на оваа власт. Со заштита на корупцијата и вмреженоста со правосудниот систем не се носат храбри, напротив се носат криминални одлуки. Сиот овој период на владеење на октоподот го отсликува криминал и корупција! „Рекет 2“ е продолжение на обидите на октоподот на власт да ја убијат борбата против високата корупција, „Рекет 2“ е продолжение на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагата за „Леонардо“ и за сите коруптивни скандали на октоподот. Ова е неподносливо и неиздржливо за капацитетот на Македонија, потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија.




30-09-2019, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Героски: Чек, чек, дали ОЈО за истрагите ги известува државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ?


[Image: ruskoska-zaev.jpg]

30.09.2019 / 13:57
Новинарот Бранко Героски реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на денената пре-конференција во Владата, кој на новинарскопрашање во врска со случајот Рекет 2, без рокна сомнеж во она што го зборува, рече дека ОЈО ја известило Владата дека се води истрага, а тој, како чесен и одговорен, го запознал инвеститорот со ионформациите.

Quote:Чек, чек, чек… Ова е многу важно, ова е клучна информација за ОЈО во врска со кривичната пријава на Вера Иванова против Дончев и другите.
Заев вели: “Кога јавно обвинителство СЕ ОБРАЌА до државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ, како Фондот за здравство и министерство, ние ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВОДИ ИСТРАГА и логично е, чесно е, одговорно е, пред било кој инвеститор, па и ваков познат Диаверум од Шведска, да ги знае ИНФОРМАЦИИТЕ…”
Што заклучиваме од ова?
Да почнеме од крајот. Владата добила ИНФОРМАЦИИ од ОЈО за истрага-предистрага, а таа информацииите ги доставила до трет субјект. Кој закон дозволува вакво лиферување информации? Ниту еден! Обратно, има закон кој тоа изричито го забранува.
Владата знаела дека се води истрага, бидејќи ОЈО ја известило. Тоа е вообичаено? Дали ОЈО за истрагите ги известува државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ?
Дополнително прашање: Како тоа Фондот за здравство е ПОД ПРЕМИЕРОТ?
I rest my case. Засега…, 
пишува Героски.
30-09-2019, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Давидовиќ: Кривично дело е признанието на Ден Дончев дека ги предупредил Швеѓаните





[url=https://republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/][/url] 30.09.2019 / 20:07
Апсолутно не е надлежност на Ден Дончев да предупредува странски инвеститори дека тендерот е незаконит и дека се води истрага за тоа, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, кој во интервју за „Алфа“ додава и дека не е точно дека за тој тендер се водела истрага.
Јавното обвинителство дава отчет на премиерот за истрагите што ги води. Вака барем може да се толкува изјавата на Зоран Заев кој денеска призна дека за скандалот со фирмата Дијамед, која го доби епитетот Рекет 2 добивал информации од обвинителството. Премиерот застана зад се она што го кажа досега Ден Дончев кој заедно со Филипче заработија кривична пријава за за притисок шведскиот инвеститор да се откаже од намерата за купување на компанијата…
Погледнете го целото интервју со адвокатот Звонко Давидовиќ:
30-09-2019, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:„ЛАКИ ЈЕ МАЛО НЕРВОЗАН“

Nikola Gruevski
1 hr ·

3.Еден од ,,подизведувачите” во рекетот на ,,Мишко” кој се одзиваат на зборот ,,Ден”, е всушност мрачен како ноќ. На овој измамник чија единствена идеологија и водилка во животот му се парите, сум му многу благодарен што релативно на време ми помогна да се ослободам од него и од се што потоа ќе ме снајдеше ако самиот своевремено не направи погрешна проценка за тоа кој ќе успее во внатрепартискиот пуч кој неуспешно беше започнат против мене во 2004 година, а на кој тој се придружи убеден дека ја завземал победничката страна.
Типов од она што разбрав, всушност спречувал продажба на фирма за да фирмата си остане со македонски сопственици со цел да си ги рекетира.
Кога видел дека купувач на фирмата е голема мултинационална компанија, сфатил дека со нив лошо ќе помине во однос на неговите планови, па смислил приказна дека јас сум бил скриен сопственик на фирмата за да го плаши купувачот со истраги и компликации и со тоа да го одврати од намерата. Но, купувачот бил прилично искусен и голем, и вакви локални измамници кои 15 години само пред избори се појавуваат ,,на печалба” во Македонија , досега сретнал на многу места, па по неколку месеци додатни проверки и анализи констатирал дека ,,печалбарот” е криминогена личност со јасни рекетарски амбиции. Така, со вклученост на неговата амбасада испраќајќи му со тоа порака на мрачниот тип, ја реализирал својата замисла.
Мултинационалната компанија дефинитивно констатирала дека си има работа со измамник кога видела дека истиот најпрвин ја исцрпувал домашната компанија со неплаќање на обврските на институцијата која ја водел, за потоа откако ја донел ,,до ѕид”, одеднаш, откако нешто се случило кое многу го задоволило и го направило среќен но и ,,добар човек”, да им ги плати сите заостанати долгови и потоа секој месец да биде најредовен во плаќањата како да е во Шведска.
Веројатно се прашале како е можно овој човек толку многу да сака да е коректен со ,,скриениот сопственик” кого толку многу го критикува и нарекува со најпогрдни зборови.
За овој мрачен како ноќ лик, имам толку многу да кажувам, но не вреди да си го губам времето.
Со Заев се совршен пар, плус од исто село се, што веројатно ја јакне синергијата. Со извинување кон чесните муртинци кои ги запознав кога бев таму и знам дека ги има многу, би завршил со тоа дека му посакувам на Заев долго да останат заедно и да соработуваат како на власт, така и наскоро во опозиција, иако мислам дека најмалку едниот од нив, првиот ден кога ќе се смени владата ќе се качи на авион и ќе лета 36 часа, како и секогаш во минатото.
30-09-2019, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Николов до Дончев: Не се интересирате за македонскиот капитал и не ги гледате сомнителните тендери на Филипче

01. октомври 2019. @ 21:43

[Image: zaev-filipce.jpg]
 
Случајот Рекет 2 постои, а вие се мешате во работата на истражните органи, на судовите. Во случајот со продажбата на центрите за дијализа или Диамед треба да дејствуваат надележните институции, а не вие да се мешате. Во кое својство вие ја предупредувавте шведската фирма која сакаше да ги купи центрите за дијализа, рече доктор Игор Николов, гостувајќи на телевизија Телма на дебатата со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.
-Зошто ако се сомневавте во Диамед кој ја имаше концесијата за центрите за дијализа сте му исплатиле авансно три милиони евра, а на матичните им доцните 90 дена со исплата. Зошто авансно исплаќате на фирма во која се сомневате. Ако се грижите за шведскиот капитал, односно шведската фирма која ги купи центрите за дијализа, зошто не се интересирате за македонскиот капитал. Стерилизацијата оди кај фирма за која има истраги, а и судски процес во соседна Албанија и Италија, зошто не го предупредивте министерот за здравство Венко Филипче, праша Николов.
Според него исто така сомнителен беше и тендерот за хемиски реагенси.
-Знаевте ли дека е доделен на фирма регистрирана месец дена пред да го добие тедерот за реагенси. Зошто не реагирате кога се даваат пари од државава на сомнителни фирми, посочи Николов.
01-10-2019, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:На Ден опасно му се стемнило

Ако сум јас принц на новинарската метафора, Ден е принц на финансиската дисциплина! И ај сега, имај срце, па не тури еден ваков дисциплиниран експерт, менаџер, печалбар, за директор на Фондот за здравство...

Бранко Героски - 02/10/2019 15:55

Го гледав Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство, во „Топ тема”, со Жане Лупевска и со др. Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ. Николов прв пат го гледам, еве на телевизија. Што велат другарчињата, сега си се знаеме од телевизија.
Со Ден Дончев се знаеме малку подолго и малку повеќе, не само од телевизија. Тој е чувар на нашата здравствена каса. Не сум проверил прецизно, ама велат дека во таа каса се слева една четвртина од парите што државата ги собира од народот.
И го гледам човеков на телевизија, онака збунет, дефокусиран, неартикулиран, неубедлив, на моменти дури и смешен, па си велам – бреј, на овој човек две овци врзани да му дадеш да ги чува, ќе ги изгуби. Или со волкот ќе ги поделат… А сепак, тоа е „нашиот” Дончев, менаџерот, експертот, махерот. Што ли му се случило?
Неговиот собеседник Николов го „закла” со едноставни, логични прашања, дилеми што си ги поставува секој нормален граѓанин на оваа земја. Портирот од Фондот да го пратеа на дебата, мислам дека подобро ќе му парираше.
Лупевска, искусен модератор во вакви дебати, очигледно забележа дека на Ден нешто ми се стемнило и дека на моменти беше дури и отсутен од темата, губејќи се во своите неразбирливи дигресии, во еден јалов обид да докаже дека и за неговите глупости е виновна некоја претходна власт. Се потруди Жане да го фокусира со директни и едноставни прашања, ама Ден изгледаше како некаков блесав студент дојден на испит по договорена гратис шестка, а професорот сепак решил да го испраша.
Повторно, по кој знае кој пат, Дончев јавно призна дека знаел за истрагата што обвинителот ја водел против фирмата „Диамед” дури и тогаш кога истрага немало (а не смеел да знае). Па призна дека знаел за плановите што ќе се истражува и за наводно истраженото известил трети лица (а не смеел), не било кои, туку претставници на шведскиот инвеститор. Па одби јавно да изусти едно резолутно „не” за обвинувањата за неговите наводни ујдурми со Зоран Милевски Кичеец… Катастрофа!
Најважно на Дончев му беше да го реши лингвистичкиот спор, односно прашањето зошто аферата била наречена „Рекет 2″, кога рекет, како што тврди, немало. Ма не зезај, друже Ден, кога те видов онаков збунет, сфатив дека ништо нема да се смени и аферата да се наречеше „Аполо 13″!
И ако и вие, како и јас, некогаш сте се запрашале од каде Зоран Заев за чувар на здравствената каса го избрал баш Ден Дончев – за кого некој деновиве беше напишал дека е единствениот Австралијанец на печалба во Македонија  – конечно го добивме одговорот. Не, нема тоа никаква врска со заедничкото родно Муртино. Ни со партиски пазарења. Едноставно, Ден Дончев е олицетворение на финансиската дисциплина.
Внимавајте, добива Ден логично прашање зошто, при сознанија за наводни страшни далавери во „Диамед”, неговиот Фонд, со негов потпис, на фирма против која се води истрага (а не се води, ама нејсе, он така знае), пред време, пред договорениот рок за исплата од 120 дена, и исплаќа 3 милиони евра. Мртов ладен, Дончев одговара – поради финансиска дисциплина!
Ако сум јас принц на новинарската метафора, Ден е принц на финансиската дисциплина! И ај сега, имај срце, па не тури еден ваков дисциплиниран експерт, менаџер, печалбар, за директор на Фондот за здравство!
Инаку, во врска со тоа како оперирал Ден Дончев во бизнисот и колку е загрижен за интересот на граѓаните, а богами и дисциплиниран, сум слушнал многу шпекулации. Ама вие немојте да верувате во шпекулации и во лажни вести. Еве, имајте малку трпение и преслушајте ги „бомбите” што самиот Заев ги објави, докажувајќи како Никола Груевски, со посредство на Ден Дончев, правел далавери со прочуениот Газда Нини при продажбата на Македонска банка. Заев ги емитуваше овие „бомби” за да ни ги прикаже злоделата на Груевски, нормално, но вие обрнете внимание колку е посредникот Дончев (во бомбите именуван како Соговорник) професионален и дисциплиниран во договарањето на зделката.

Прилогот е на порталот А1он.

Сега, сфаќате ли за што ви зборувам? Кај ќе најдете вие ваков одговорен и дисциплиниран човек? Инаку, за да не помислите дека јас нешто измислувам, треба да знаете дека за ова е воден судски процес, во кој Заев докажува дека снимките ги добил токму од Дончев.

За ова прочитајте малку во оваа вест на порталот Фокус.

Тоа е тоа. Да не се лажеме, Ден Дончев не е наивен човек и е премачкан со многу масла. Само, сега некако не му е денот. Му се стемнило нешто и никако да му раздени. Е па сега, други времиња идат во Македонија Северна…
Финансиска дисциплина рече, а? Хахахахахахаха!





Quote:ДАЛИ ЗАЕВ СЕ РАЗДОЛЖУВА НА КРТОВИТЕ ИЛИ ЦЕНТАРОТ НА МОЌТА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ „СОРАБОТНИЦИ“

Јордан Петровски 18.11.2017
Јанко Бачев во текстот ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО објавен 2006 година открива сериозна афера:

Quote:Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана
Од аспект на поставеноста на средствата и методите на работа, ова служба во ништо не се разликува од дејствувањето на класичните разузнавачки служби. Има свои оддели за тајно следење и набљудување, за оперативна работа и аналитика. Се работи за мошне мобилна служба, организирана на прицип на база и станици и во овој контекст да спомнам дека имаат база сместена во една здравствена организација, и две станици стационирани во два стана. На теренот како и секоја разузнавачка структура прибираат најразлични оперативни податоци за свои потреби. Интересно е тоа што за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вмровската власт беше контролирана и приклештена помеѓу две разузнавачки структури-онаа легалната СДБ, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролира, и веќе спомнатата паралелна служба. Инаку оваа паралелна служба, како и онаа легалната СДБ, по потреба меѓусебно се помагаат во информации, луѓе, мислења и слично. Во прилог на ова, секако е и фактот што во моментот и во МВР и во СДБ знаат и го толерираат функционирањето на оваа вониституционална стуктура. Не е на одмет да спомнам дека во врска со расветлувањето на аферата "Големото уво" вештакот-брат на пратеникот Макрадули-кажа невистина дека само МВР располага со оперативно-технички средства, бидејќи во тоа време веќе функционира спомнатата паралелната разузнавачка структура, а немаше наод и мислење на спомнатиот вештак и за ова т.н.служба.

Што ме натера да се присетам на овој текст и да напишам неколку збора за одредени сомнежи кои се појавија кај мене после аферата „ПУЧ“ или „БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“?  Во дебатни емисии  стручни луѓе го објаснија целиот процес на работа на ПЕТАТА Управа и од тие објаснувања стана јасно дека телефонските компаниии се битниот дел во прислушкувањето. И од тука тргнаа прашањата за кои немав одговор!

Ако без Телеком не е возможно прислушкување како тогаш оваа пара-ПЕТА управа која била во склоп на ПАРАШПИОНИТЕ НА СДСМ можела да работи освен ако и таа тоа не го правела преку Телеком!!

Од тука произлегуват две клучни прашања за мене!

Директор на Телеком во период 1998-2002 година, е Ден Дончев кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ! Како и зошто Ден Дончев поставен од ВМРО ДПМНЕ дозволил неговата партија да биде мета на прислушкување од СДСМ?

Директор на ДБК исто така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ДБК не успеваат да откријат дека постои паралелен систем за прислушкување кој го користи приватен субјект, СДСМ и тоа покрај техниката со која располагаат и обрската која ја имаат!
Доста Димовска која била министерот на МВР исти така бил кадар на ВМРО ДПМНЕ?


[Image: Sestra_Dostic_i_Frle_1.jpg]

Наследникот на министерката на МВР, Доста Димовска, која даде оставка заради прислушкувањето, односно аферата „Големо Уво“, Љубе Бошкоски, ништо не стори да се открие прислушкувањерто од страна на пара-петата управа на СДСМ.
 

[Image: Ljube_i_frce_1.jpg]

Денеска, поточно по доаѓањето на СДСМ на власт тогашниот директор на Телеком и висок тогашен фунцкионер на ВМРО ДПМНЕ, Ден Дончев е поставен за директор на фондот за здравство, кокошката што на партијата на власт и носи златни јајца.
Зар некој ке ја даде таквата кокошка во раце на непроврен човек, на човек кој не се докажал со својата верност кон СДСМ??
Се шпекулира дека и Љубе Бошковски кој ја превзеде функцијата министер на МВР по аферата „Големо Уво“ ке стане министер во сегашната владата на СДСМ!
 
[Image: zaev_ljube.png]
 
И последното прашање: со што ке биде награден тогашниот премиер на владата и председател на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Герогиевски за непокренување на расчистување со афератите „Сина Птица“, „ДУВЛО“, „ТЕМЕЛ“, „БУГАРСКАТА АМБАСАДА“ и така да открие дека Тајната Идеолошка Полиција во Македонија работела исклучиво за интереси на СРЈ, односно Србија.
Зар имаше полесен начин да се открие центарот кој на ВМРО ДПМНЕ му ја лепи бугарштината од истрагата и судскиот процес за аферата „БУГАРСКА АМБАСАДА“. 
Аферата „Бугарска амбасада“,  е обид на СДБ во 1997 година,  да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ го финсира државата Бугарија.
Дел од мое сведочење објавено во неделникот „ДЕНЕС“ во мај 1998 година, сведочење за кое до ден денеска владее молк. 

Quote:Бидејќи во случајов се работи за личност која е блиска кон ВМРО-ДПМНЕ-овската опција, можната конструкција, доколку не се работи за самоволие и злоупотреба на службена должност, е ‘полициски’ јасна. Преку евентуалното воспоставување ‘дипломатска’ врска за наплата на побарувањата на Петровски од бугарскиот партнер се гради солидна конструкција за предеизборната кампања и познатите, веќе чуени тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од Бугарија.

Љупчо, Љубе и го знаеа ова. Љупчо го знаеше уште од времето кога оваа се случуваше, а Љубе откако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и тој доби функција во МВР. Јас ги информирав!! Дека тоа што сум го зборувал е вистина можеле да добијат доказ од моето досие , во кое стои:

Quote:По наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје.

Денеска Љупчо зборува дека Груевски ја извршил србизацијата-југословенизацијата  на ВМРО ДПМНЕ!! Да го потсетам Љупчо на петицијата од 139 Кумановци кои во 1998 година кренаа глас против правењето на  СРПСКО-КРИМИНАЛНО ВМРО, на кое темелтите беа удрени тогаш во 1998 година. Гревски е само продолжувач на таа политика, затоа и беше избран од Љупчо да го наследи.
Се надевам дека именувања кои ги прави Заев со „проверени“ кадри на вмро ДПМНЕ сега, именувањата на Михајло Маневски, Силјан Аврамовски, Ставревски, Јанакиевски кои ги направи Груевски, именувањата и коалициите кои ги направи Љупчо се потврда дека центарот на моќта никогаш не бил во владата и во премиерите. 
За спас и демократизација на Македонија мора да се уништи центарот на моќта, а тоа е Тајната Идеолошка Полиција!
 
02-10-2019, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Отворена предистрага за „Рекет 2“

October 13, 2019
[Image: .jpg?resize=540%2C299&ssl=1]

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“., објави ТВ Алфа.
Ова следува откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност.
Според оштетената Иванова, Дончев и Филипче презеле дејствија за да го одвратат реномираниот светски провајдер на услуги на полето на дијализата, шведската компанија „Диаверум“, од намерата да инвестира во Македонија. Тоа, според пријавата, го сториле на начин што прво ја довеле странската компанија во заблуда дека приватната здравствена установа „Диамед“, е под кривична истрага.
Со тоа тие сакале да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.
13-10-2019, 03:42 PM
Reply