Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЈО, ДЕЈВИД СТИВЕНСОН, ДРЖАВЕН УДАР, РЕКЕТ
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1





После се искажано, има ли некој кој може да каже дека СДС од дното до врвот не се предавничка-криминална повеќе генерациска збирштина на изроди?
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 17-09-2019, 10:13 AM by montehristo.)
17-09-2019, 09:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: 1.jpg]
21-09-2019, 11:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Cyдии, адвокaти и дипломати вмешани во „Peкетот“ на Катица, Боки и Кичеец?

17.07.2019
Претходно Инфомакс објави дека Филип Медарски попознат како адвокатот на Зоран Заев, заедно со миленичето на американскиот амбасадор Џес Бејли навистина употребувајќи ги зборовите на премиерот, го отвориле cyдството како пупка. Имено Инфомакс ексклузивно дознава дека македонските Бони и Клајд успеале да оштетат низа на македонски бизнисмени, моќници и политичари за милионски суми ветувајќи им разни привлегии и поволности во cудcкитe процеси кои се водат против нив, како на пример пpecуди во нивна корист, домашен наместо зaтвopcки пpитвop итн.


[Image: stivenson_naslov.jpg]

За да добиеме контекс за какви луѓе станува збор најпрвин треба да ги објасниме нашите протагонисти, господинот Медарски и Стивенсон. Филип Медарски е пример за семејните кланови во македонското cудcвo, кои најчесто се СДСМ-овски предзнак, поради фактот што СДСМ своевремно има избрано дури 80 проценти од македонските cудии. Мајкта на адвокатот на Заев, Елица Медарска е обвинител во Вишото јавно oбвинитeлcтвo во Скопје, додека неговата сопруга работи како cудиjкa во Основниот cуд Скопје 2. Таткото пак на сопругата на Медарски, Ристе Спасов е секретар на Cудoт, а сестрата на Филип Медарски, Ана работи на прием на тжби против Македонија во Стразбур.


[Image: stiv.jpg]

Екс вработениот во американската амбасада, Дејвид Стивенсон беше видливо активен и вклучен во референдумската пропаганда за промена на името и беше виден на низа настани повразни со ,,Излези за Европска Македонија’’. Тој во повеќе наврати претходно беше активен на настани поврзани со американскиот проект во македонското cудcтвo, Специјалнот Јавно Oбвинитeлcтвo, а од неодамна тој самиот е вработен во oбвинитeлcтвoтo на Катица (за лебче).
Според засега непотврдени информации, Медарски и Стивенсон ги искористиле своите конекции и влијание врз cудoт, едниот како адвокат на премиерот, а другиот како дете на Бејли да нудат услуги на лица oбвинeти во неколку големи предмети на СЈО, во кои како oбвинeти беа опфатени низа на бизнисмени, екс-функционери и министри од претходната влада за значителни суми на пари. Парите се префрлале во фирми во сосптвеност на Стивенсон, со што Македонија и официјално стана единствена држава во која странски агенти формираат свои фирми. Станува збор за две фирми со иста адреса, но различни сопственици. Едната фирма е формирана лично од Стивенсон, а другата која се наоѓа на иста адреса е во сопственост, на Нели Гадба и Каролина Карч.


[Image: stiv2.jpg]

[Image: stiv2.jpg]


Наводно, двајцата ветувале слобода и отфрлање на обвиненијата, како и укинување на притвори, а за возврат наплаќале милионски суми.
Сепак во неколку наврати тие ги прекршиле своите непишани, но дебело искреширани договори, бидејќи и двајцата Стивенсон и Медарски дејствувале без знаење на амбасадорот Бејли, претставувајќи се во негово име!
Токму во оваа насока е и отвореното писмо на Бејли до македонските cуди, поточно до претседателот на Kpивичниoт суд Иван Џолев во кое тој го истакнува своето разочарување од информациите кои секојдневно пристигале до него дека некои cудии носеле пpecуди и одлуки за пpитвop под диктат на амбасадата на САД. Содржината на писмото од страна на Џолев била пренесена и на cудиите, а тојј им го потенцирал делот во кој Бејли посочува дека тоа не е точно и ги обвинува судиите дека лажат. Паниката настанала во моментот кога Бејли дознал дека Стивенсон и Медарски лажно се претставувале како негови „пратеници“.
Писмото на Џес Бејли беше испратено и до министерката за правда, Рената Дескоска, , претседателката на апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Она што го прави скандалот дотолку посериозен е фактот дека, бизнис партнерите лажно претставувајќи се во име на Џес Бејли и Американската администрација лажеле обвинети функционери од минатата влада, но и моќни бизнисмени.
Според информациите, биле наплаќани милионски суми.
Реакцијата на Бејли пристигна во моментот кога реагирале и од Стејт Департментот, но целосната приказна не беше целосно откриена за јавноста.
Во истрагата се вклучени и истражните органи на САД.
21-09-2019, 11:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Бобан Нонковиќ : КЛУЧОТ ВО „РЕКЕТ“ Е СТИВЕНСОН, ЧОВЕКОТ ШТО СЕ ОТКАЖА ОД 22 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ПЛАТА ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА ДА ЈА СОВЕТУВА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА 1.500 ЕВРА МЕСЕЧНО!


[Image: 69216672_10215292224074068_8481749236306673664_n.jpg]
 
02.09.2019
Случајот „Рекет“ е најбруталната, уличарска злоупотреба на власта, (право)судството и целосната бериевска контрола врз македонското општество од осамостојувањето на независната македонска држава пред 28 години досега. Под плаштот на борбата против високиот криминал на ад-хок неуставното Специјално обвинителство, незаконски избрано да поднесува обвиненија врз основа на нелегално прислушуваните материјали на Зоран Верушевски, криминалната банда на власт во „проектот Северна“ гладна за пари и финансиска моќ преку тројца внимателно избрани ликови: Боки 13, извесен Зоки Кичеец и специјалката Катица Јанева (сите на идентично, најниско можно интелектуално ниво) брутално рекетира македонски бизнисмени и им зема, според последните информации, околу 20 милиони евра изнуда, со цел да ги спасат од прогон од специјалката Јанева и нејзиното од-сите-партии-во-македонското-собрание избрано Специјално обвинителство.
Македонската јавност е веќе запозната кој и колку, се чини во најголем дел нелегално стекнато богатство (оти тешко дека некој така лесно би дал огромна сума на пари, ако не е свесен дека е нешто кабает, а и дека истото не му е чисто и чесно заработено) истресол пред Боки Тредичи и Катица 6,24-ичи огромни суми на пари. А, тоа најдобро се виде од видео-снимките од домот на олигархот Орце Камчев, кој својата се уште официјално не стекната титула бугарски почесен конзул во „проектот Северна“ ја искористил да најми агенти од бугарската Државна сигурност да му инсталираат опрема за да ги залови Тредичи, Кичевичи и Катица 6,24-ичи додека го товарат „Луј Витон“-от со милион ипол евра од кај него.
И дотука се и е јасно на македонската јавност, посебно што истата јавност е запозната и со информациите (секоја чест на порталот „Инфомакс“) дека на тројката „интелектуалци“ што теренски го изведувале рекетот, здушно им помагале министри, пратеници и високо-позиционирани-во-МВР припадници на раководната СДСМ, иако Рускоска-обвинителството прави се што може да ги извади од случајот и да не станат виновни ниту Кики, ниту Фрики со мажот и од УБК, ниту другите од социјал-демократската гладна криминална банда што биле здушно вклучени во “Рекет“-от. Освен Боки Тредичи и Зоки Кичевичи, кои се во притворското одделение во затворот Шутка, како и Катица 6,24-ичи, која е засолнета на удобно место (не во Шутка кај Еско Рахичи) за демек да „лежи“ од-колешката-и-Рускоска определен притвор, никој друг, засега, не е под официјално обвинение за оваа, повторувам најбрутална, уличарска злоупотреба на власта, (право)судството и целосната бериевска контрола врз општеството во Македонија од осамостојувањето на независната македонска држава пред 28 години досега!
Се разбира, никој не може да го оттргне чувството на публиката што го следи овој филм (за жал, тоа е македонската јавност) дека некаде при врвот, но не и на него, во оваа криминална пирамида е и муртинскиот нарко-клан (ако марихуаната е дрога, де) Заевичи и нивниот експонент на местото претседател на Владата на „проектот Северна“. Едноставно, ако ништо друго, барем интелектуално Зоки Муртичи е на истото ниво со притворената тројка од случајот „Рекет“!
Но, ако сите горенаведени се интелектуално дно, но криминално-рекетарско-уличарски врв, кои горе-долу сите ги познаваме во Македонија, речиси е невозможно, макар нивната моќ извирала и од контрола на целиот државен апарат преку насилно узурпираната власт во Република Македонија, рекетираните олигарси (освен Камчев, се споменуваат и семејството Панделески, српскиот почесен конзул Силјан Мицевски, Сашо Мијалков, Жаре „Телеком“ и други) да паднат на уцена на оваа екипа. Слаб е материјалот на уценувачите, макар тие биле предводени и од муртинскиот нарко-карел и нивниот премиерски експонент Зоки Муртичи, за да можат да фрлат на колена половина од олигархијата во Македонија, ако се знае дека од 90-тите години на минатиот век, бранковите олигарси (тие што ги создаде екс-македонскиот премиер и претседател Црвенковски за сметка на 300 илјади Македонци оставени на улица по добивањето на македонска самостојност) се главните во Македонија, а не политичките властодршци.
Едноставно, нема политичар во Македонија што е посилен од било-кој олигарх!
Токму заради ова, логично следи прашањето: „Кој е на врвот на пирамидата во случајот ’Рекет’, од кого македонските олигарси навистина се уплашија за да мораат да исплаќаат милиони суми на интелектуалните џуџиња Боки Тредичи, Зоки Кичевичи и Катица 6,24-ичи?“.
За одговор на ова прашање, ќе мора да се вратиме некаде на почетокот на летото 2015 година…
Во предпржинските преговори (кои најмногу се одвиваа во Брисел и во Стразбур) меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а потоа и во екот на самите преговори во Пржино, со цел „решавање на македонската политичка криза, создадена од јавното објавување на бомбите на Верушевски“, за цело време странските „помагатели“ од Европската унија и пред се од американската администрација, инсистираа на правна разрешница со цел утврдување на вина за криминал, демек индициран од објавените „бомби“ на тогашниот опозициски лидер Зоран Заев. Тогаш опозициската СДСМ беше задоволна и со собраниска комисија, но странците инсистираа на посебно, ад-хок правно тело, кое правно ќе ги разреши „криминалите“ на претходната власт. Па, така, полека, полека „помагателите“ во Пржинските преговори од американската амбасада во Скопје, амбасадорот Џес Л. Бејли и неговиот главен политички советник Дејвид Стивенсон, протуркаа во Пржино да се бира Специјален обвинител (тука, многу наивно Груевски го проголта англискиот превод „Special prosecutor office“, наместо „Special prosecutor“, па потоа наместо еден Специјален обвинител како во Црна Гора и Романија, се сторија 14 обвинители, но тоа е друга приказна).
Но, дуото Бејли-Стивенсон не застана тука, па при судирот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во преговорите за тоа кој од правната фела да застане на чело на Специјалното обвинителство, на предлог-листата со имиња предложени од СДСМ, но и на онаа од ВМРО-ДПМНЕ, Стивенсон, за кого не е тајна дека е висок оперативец на американската ЦИА (а, вработен во Стејт департментот за да може да работи под плаштот на дипломат) им дошепнува едно име на двете страни: Катица Јанева.
Две години по преговорите во Пржино, јас, кој бев во близина кога се одвиваа првичните преговори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Брисел и во Стразбур и бев речиси најупатен аутсајдер во нивната првична содржина, подоцна инсистирав кај учесниците во пржинскиот договор да ми кажат како анонимната гевгелиска обвинителка Јанева се нашла на списокот на двете спротивставени страни? Сите ми креваа раменици во чудење, за во пролетта 2017 година, еден поранешен министер од редовите на партијата на Никола Груевски, да ми признае дека на нив, Катица 6,24-ичи им ја предложил Дејвид Стивенсон од американската амбасада во Скопје!
И дотука не би било се чудно, бидејќи американската „длабока држава“ и нивниот експонент Џорџ Сорос уште од 1991 година работат на уништување на македонската држава, за што има дузина примери, заклучно и со улогата на дипстејт-агентот Џејмс Пердју во Охридскиот договор до 2001 година, да не беше ачик-отворањето на ЦИА-агентот, а дотогаш главен политички советник во американската амбасада во Скопје, Дејвид Стивенсон, по доаѓањето на власт на Зоран Заев во јуни 2017 година.
Неколку месеци по устоличувањето на Заев, најпрво шефот на американската амбасада, Џес Л. Бејли заминува во предвремена пензија (!), за неколку дена по него да заврши дипломатскиот мандат и на неговата десна рака Стивенсон, кој наместо да се врати во Вашингтон и да чека нова високо-платена задача, тој веднаш дава отказ во американскиот Стејт департмент, оставајќи плата од 22 илјади американски долари нето месечно, објавувајќи дека останува да живее во Македонија (тогаш, квинслишката власт во земјата е во ек на преговори со Грците за претворање на македонската држава во „проект Северна“)!
Две недели по оставката на Стивенсон, овој веќе обичен американски граѓанин што е „обземен од македонските убавини“ и останал да живее во Македонија, најпрво, според податоци на македонскиот Централен регистар, отвора две фирми, од кои едната за маркетинг, а другата „невладина организација“. Во речиси истиот период, ЦИА-агентот Стивенсон е официјално ангажиран и од Специјалното обвинителство на Катица Јанева, како советник на „специјалката“ за месечен надомест од 1.500 евра!

[Image: safe_image.php?d=AQDQ25kdLXn5meU5&w=796&...spGSQUt7OI]

Што ќе рече, искусен американски разузнавач и дипломат остава работа за која долго бил подготвуван и која ја работел со години во американскиот Стејт департмент, исто така остава и месечна плата од нето 22 илјади долари, за да ужива во македонските убавини и само 1.500-те евра надомест за „советување“ на Катица 6,24-ичи, нели?
Наивно е да се верува во ова, нели?
Дејвид Стивенсон беше човекот под чија палка, додека дипломатуваше во амбасадата на САД во Скопје, специјална екипа на локални стафери во оваа дипломатско претставништво на најсилната држава на светот (случај Каранакова), од заклучување на Пржинскиот договор, па се до првите обвиненија, а подоцна и пресуди за случаите на СЈО, ги ораа македонските судови, посетувајќи инкриминирани судии/јки за да им се закануваат со аудио-материјали, но и други инкриминирачки докази, дека ќе ја имаат судбината на Груевски, Миле Јанакиевски и останатите, ако не одобруваат се што ќе биде побарано од специјалните обвинители и во нивните обвиненија.
Значи, Стивенсон, претходно како „помагател“ во Пржинските сценарија, а подоцна и како меч врз главата на македонските судии/јки, но и како советник на Специјалното обвинителство, едноставно бил упатен во секој детаљ од обвиненијата, ликовите во истите, случаите, „криминалите“, процесите за она што го работи СЈО. Ако од сведоштвото на вториот сведок во случајот „Рекет“ (повторно, секоја чест на порталот „Инфомакс“), веќе се гледа учество во изнудувањето од македонските олигарси и на судии/јки, тогаш е јасно дека за целиот процес на рекетирање да поминува мазно, потребна била јака спона на СЈО и судството, но и некој од кого силната олигархија од Македонија би го имала стравот, а што никако не може да е било-кој македонски политичар.
Кога ќе се земе предвид дека кога дава отказ во американскиот Стејт департмент и се откажува од плата од 22 илјади американски долари, Дејвид Стивенсон отвора и една невладина организација и една маркетинг-компанија, тогаш таа негова намера се поклопува со невладините и ТВ-активностите на првоосомничениот во случајот „Рекет“ – Боки Тредичи, бидејќи изнудата на олигарсите, дел е во кеш, а дел преку „проекти“ за невладината Меѓународен сојуз, а дел преку маркетинг во ТВ „1“.
И сега, некој ќе рече, се е во ред ова, но само е нагаѓање поради поклопување на многу работи и дејствија на посочените.
Во ред.
Ако е така, тогаш некој нека ја објасни актуелната истрага во американската амбасада (не онаа на американскиот Конгрес за екс-амбасадорот Џес Л. Бејли, која е посебна и за која, рака на срце, веќе не знаеме до каде е стигната) покрената од дел од тимот на Доналд Трамп во Стејт департментот, а токму за работењето на Дејвид Стивенсон! Наводно, неколку од локал-стаферите во амбасадата веќе говореле нашироко во истрагата за „активностите“ на Стивенсон, во што предничел извесен Мит Бурчевичи.
Бујрум, македонските медиуми нека истражат, јас веќе две години не сум новинар, а во случајов со овој текст може да им послужам како „свиркач“ [Image: 1f609.png?_nc_eui2=AeFPuDTDVgXuwwNmuks-t...yFOMe55lMQ]
За жал, во меѓувреме е се посилна борбата на американскиот претседател Трамп со длабоката држава во САД, која најдобро се осликува во Стејт департментот, односно во однос на поделбата на сфери на влијание на Трамп и на дипстејтерите во светот, каде за жал, овие вторите ја имаат добиено на тацна Европа (именувањето на сите нови челници на институциите на Европската унија е од листата на платеници на Џорџ Сорос), Западниот Балкан, а со тоа и Република Македонија, додека Трамп игра слободно со/во Кина, Русија и останатиот дел од светот, но и го контролира домашниот терен во САД, каде догодина ќе добие нов четиригодишен мандат да претседателствува.
Тоа најдобро се гледа од тоа што еден од главните „убедувачи“ на екс-македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги повлече амнестиите при обидот на Иванов за разврзување на македонскиот политички јазол преку негово пресекување, ЦИА-агентот Метју Палмер, пред неколку дена е избран за „специјален претставник на САД за Западен Балкан“, додека повеќе од една година, в.д. помошник-државен секретар на САД за Европа е Филип Рикер. Во хиерархиската вертикала при македонското сценарио со обезбедувањето на чадор за Заев и неговите „бомби“ и насилната промена на власта во изведба на американската длабока држава, над Бејли и Стивенсон стоеја токму Метју Палмер и Филип Рикер!
 
21-09-2019, 11:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 2.jpg]
[Image: EE62iQvXsAAOmMu.jpg]
21-09-2019, 11:53 PM
Reply