Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ ЗА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



09-09-2019, 10:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Отворено писмо на професорот Лабовиќ до Мицкоски и Заев


[Image: 5423369733110454752006388093227842000650...k=HxXNBQE9]


09.03.2019

Универзитетскиот професор Миодраг Лабовиќ испрати отворено писмо до лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред изборите, а ви го пренесуваме во целост.
Пред највената лидерска средба Заев – Мицковски, чувствувам должност да укажам на неколку суштински димензии поврзани со “реформските“ закони за ЈО и СЈО, кои што, инаку, отсуствуваат во јавниот дискурс. Отсуството на суштинска, наместо  фризирана и празна дебата, придонесува за вкопување во партиските “ровови“ на ставовите на партиските лидери и експерти. Притоа, од една страна, премиерот Г-дин Заев мошне тврдо изјавува дека овие се досега најдобрите реформски закони, кои се во согласност со препораките на релевантните меѓународни институции и странски експерти, додека шефот на парламентарната опозиција, Г-дин Мицковски, согласно ставовите на “критичката“ интелектуална елита, нема суштински забелешки од генерално концепциска природа, туку забелешките се сведуваат на тоа дека сегашното ЈО и СЈО (покрај судството)  спроведуваат селективна правда и преставуваат алатки во рацете на владеачката номенклатура. Сосема се легитимни настојувањата за надминување на овие неприципиелни процеси. Меѓутоа, спорен е пристапот за стратешкиот правец, на кој начин опозицијата смета дека овие негативни состојби можат да се надминат, кои што, патем речено, во помал или поголем обем и интензитет, траат од осамостојувањето на државата до денес. Имено, опозицијата упатува морални апели до власта да се вразуми. Во спротивно, тие кога  ќе дошле на власт ќе го променеле таквиот начин на владеење, затоа што ќе се раководеле од високи морални принципи и јасно изразена политичка воља.  Господа лидери, време е да почнете да размислувате државнички, што значи визионерски, за квалитативни, суштински промени базирани на долгорочни, системско стабилни решенија, кои нема веќе да почиваат на растегливите категории, како што се моралните принципи, интегритет, политчка воља и слично. Секако дека овие категории и критериуми се многу значајни, но имајте го предвид неспорниот емпириски факт дека 27 години секоја опзоција го ветува истото, а кога ќе дојде на власт, повторно и повторно се останува по старо, затоа што нема ефективен систем на меѓусебна контрола помеѓу независни институционални контролни мехназми. Затоа, наместо надмудрување за тесно-партиски интереси, “кршете ги копјата“ во аргументирана расправа за тоа кој предлага, а кој одбива суштински да се променат работите за значително подобрување на владеењето на правото во интерес на најголемиот број граѓани во нашата земја.
Во Стратегијата за реформи во правосудството и актуелниот предлог закон за ЈОРепубличкиот јавен обвинител, останува дабиде избран од парламентарното мнозинство, по предлог на Владата, а по претходноприбавено мислење од Советот за јавни обвинители. Разрешувањето на главниот ЈО е според истата постапка како за избор. Во оваа пригода ќе потсетам дека  решавањето на надворешната, институционална независност на ЈО од извршната власт (во нашата земја има длабоки причини тоа да биде и од законодавната власт), на долгорочни и системско стабилни основи, претставува еден од најкрупните предизвици во најважниот сегмент на системското владеење на правото. Имено, шефот на ЈО според принципите на хиерархија и субординација, врз основа на кои функционира целото ЈО, има огромни ингеренции врз јавните обвинители на сите нивоа во јавно обвинителската хиерархија. Така на пример, главниот ЈО во определени најсложени предмети (се разбира дека тој нема интерес да се меша во уличниот криминал), туку особено кога се работи за висока корупција во која се инволвирани високи политичари или институционален тип на организиран криминал, РЈО на стручниот колегиум може да “пресече“, дали ќе има или нема случај на организиран криминал односно дали определен предмет треба да го превземе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција или друго основно јавно обвинителство, дали  воопшто има елементи на кривично дело за  кривично гонење, дали има доволно валидни докази за постоење на основано сомневање за кривична одговорност на конкретни лица, дали ќе се оди со барање за определување мерка притвор или не, итн. Се разбира дека РЈО е  “прв меѓу еднаквите“ на стручниот колегиум. Но, досегашната практика покажува, а искуството потврдува дека кога првиот меѓу еднаквите ќе даде некој предлог на колегиумот, останатите членови ја следат неговата одлука, ако не заради некои други причини, тогаш заради фактот што најголемата одговорност за било која одлука ја има токму тој.Посочив само дел од примерите за крупни јавно-обвинителски работи во кои што РЈО може да се замеша, а од кои што зависи во голема мера понатамошниот тек и исходот на кривичната постапка, имајќи предвид дека јавното обвинителство според важечкиот ЗКП е главен раководен и координативен центар во целокупната претходна постапка, што значи предистражната и истражната постапка. Во сите други понатамошни фази на кривичната постапка ЈО игра една од клучните улоги од кои зависи исходот на постапката. Понатаму, РЈО, како член по функција во Советот на јавни обвинители игра значајна улога  de facto при изборот, унапредувањето, разрешувањето,  стручната и дисциплинската одговорност на јавните обвинители.  Тоа не само што го потврди, туку отиде и чекор понатаму, Претседателот на Советот на ЈО, кога јавно изјави дека Советот на ЈО ќе почека да биде избран новиот ЈО на РСМ за да тој предложи кандидати за шефови на Основните ЈО, кои, инаку, треба да ги избира Советот на ЈО од редот на пријавените кандидати на јавен конкурс.
 Конкретизирано во поглед на Глвниот ЈО, сите преставници на научната и стручната јавност не гледаат никаков проблем со постоечкото решение, според кое што РЈО на предлог на Владата, а по претходно прибавено мислење од Советот на јавни обвинители, го именува Собранието на РМ. Фактот што во најголем дел од земјите во Европа и светот ЈО е дел од извршната власт, за стручната и научна фела е доволен аргумент да не гледа проблем во нормативните одредби, туку во квалитетот на личноста што ќе биде избрана. Според ова најчесто застапувано мислење, проблемот не е во тоа кој предлага и кој именува, туку, од една страна, да се именува ЈО на РМ кој ќе има такви стручни и морални квалитети ( морален интегритет, кредибилитет, авторитет), кои што ќе бидат доволна брана да каже “стоп“ на сите идни евентуални политички притисоци и влијанија. Од друга страна, оваа теза, повторно и повторно апелира на моралот – политиката да ги тргнела рацете од ЈО и од правосудството воопошто. Меѓутоа доколку моралните апели досега беа доволни одамна ќе немаше висока корупција во највисоките редови на власта не само во Македонија туку и во светски рамки.
Во Македонија, не е теоретски невозможно, туку, реално е тешко веројатно да се случи РЈО, избран според сегашното решение, да дозволи да се поведе истрага или подигне обвинителен акт против близок роднина или пријател –бизнисмен на актуелен премиер или друг моќник од Владино-партискиот врв, без оглед кој е на власт, имајќи ја предвид ново настаната ситуација кога се предлага решение - Специјалното јавно обвинителство ( за кое ќе стане збор подолу) со “посебна автономија“ во рамките на ЈО да има надлежност за водење случаи од областа на високата корупција во кои може да бидат инволвирани највисоки претставници на власта. Ова го зборувам во услови кога, ниту во Стратегијата, освен декларативни желби, уште помалку во позитивната регулатива нема јасни коцептуални решенија во кој правец треба да се движи реформирањето на Советот на јавни обвинители; нема јасен стратешки правец за начинот на конституирање и место-положбата на телото пред кое ќе одговараат членовите на Советот на ЈО и членовите на Судскиот совет; се`уште се наоѓаме во услови на постоење огромна концентрација на со ништо неконтролирана моќ на Владата во РСМ,  во услови на непостоење на реални контролни механизми, кои не само de jure, туку и de facto ќе можат да ја стават Владата под контрола на владеење на правото ако евентуално го прекрши Уставот и законите. Кон ова секако може да се додадат и низа други стратешки прашања, кои воопшто не се спомнуваат во јавниот дискурс воМакедонија.
Но, дури и да се случи малку веројатната претпоставка, да биде избран најстручниот и најхрабриот кандидат од сите кандидати пријавени на јавен конкурс, барем засега и уште релативно подолго време, кај нас, во Македонија (НЕ во ШВЕДСКА ДАНСКА или ХОЛАНДИЈА), тоа може да биде само една многу ретка, среќна епизода на исклучително мудар и храбар човек. Тоа не може да биде долгорочно системски стабилно решение, од причини што по заминувањето на една авангардна Влада, која сакам да верувам дека избрала кандидат надвор од сите досегашни практики во Македонија, сепак, многу поверојатна е можноста, “утре“ да дојде една типично Македонска Влада, која повторно, ќе се повикува на “објективизирани“ критериуми. Но, во ситуација кога Уставот и законот и дозволуваат отворената можност за системска корупција, повторно ќе си избере човек по свој “терк“. Закономерна тенденција е дека свеста многу споро и тешко се менува. Во прилог на оваа закономерна тенденција одат и неспорните емпириски факти дека досега речиси сите РЈО во Македонија се предвремено сменети од новите праламентарни мнозинства, после смената на власта, освен поранешниот РЈО Љ. Шврговски кој го истера мандатот до крај заради 11 годишното владеење на претходната власт.
Свесно избегнувам да давам, конкретни предлог-решенија, парцијално истргнати од системскиот контекст, бидејќи кога имате голем општествен проблем, кој е како равенка не со 9, туку со 99 непознати, на (не)упатените може да им се чини премногу едноставен и ништо посебно значаен крајниот конкретен резултат, без да го имаат предвид сложениот пат – зошто и како се стигнало до тој резултат, во нашиот случај - конкретното решение за ЈО на РМ. Знаете, често пати “лекот“ може да биде “пет пари“ ама тешко е некој прв да го види. Така било со сите епохални откритија. Пред да бидат откриени никој не можел да ги види, а откога биле откриени се сметале за нешто наједноставно. Се` е на крајот едноставно, но да се стигне до едноставноста нималку не е едноставно. Во стратешката визија за длабоки структурни реформи во која го развивам системско-стратешкиот пристап, ниедно конкретно решение не смее да остане неповрзано, надвор од главната теза за единствената системски вкрстена серија на оптимално независни институции од извршната, а во наши услови поради многу дебели причини мора и од законодавната власт. Веќе нагласив, тука само ќе потсетам дека овие институции не смеат да бидат и апсолутно независни од еден поширок систем на контролни институционални механизми, кои треба да бидат конституирани на сосема нов, квалитативен начин од компетентни преставници на соодветните општествени сегменти.
Со оглед на важноста на функцијата ЈО на РСМ, за водењето на кривичната постпка, потребни се соодветни измени во Уставот на РСМ. Eдно од можните конкретни предлог-решенија може да биде следното:
Јавниот обвинител на РМ го избира на јавен конкурс Советот на Јавни обвинители  (ново реформиран и структуиран Совет, види подолу). Условите и постапката за избор и разрешување, како и престанок на мандатот на Јавниот обвинител на РМ се уредува со закон. Условите и критериумите за избор на ЈО на РМ треба да бидат според зајакнати и објективизирани критериуми за повисоки професионални стандарди отколку за другите ЈО. Друга  алтернативна опција, како генерален стратешки пристап, кој што, исто така, бара Уставни измени е:
Јавниот обнител на РСМ да го избира на јавен конкурс независно стручно тело составено од компетентни експерти предложени од професионалната асоцијација на јавните обвинители (или Советот на јавни обвинители - ново структуиран Совет), од  професионалната асоцијација на судии (или Судскиот совет - ново структуиран Судски Совет), од Адвокатската Комора, од универзитетската заедница (предложен на Интер-универзитетската конференција), од Владата (парламентарното мнозинство) и од парламентарната опозиција. Бројот на предложените претставници од Владата (парламентарното мнозинство) треба да биде најмногу еднаков со бројот на претставниците предложени од парламентарната опозиција. Бројот на преставниците од јавно-обвинителската фела треба да биде доминантен над сите други претставници. За начинот на постапката за конституирање, структурата и бројчаниот состав на ова тело треба да се дискутира. Последните  прашања може  да бидат предмет на законска регулатива.
Според предвиденото решение во Програмата на СДСМ (Програма на СДСМ, 2016), после две (2) години, ЈО на РСМ треба да се избира од страна на Собранието на РСМ, но на предлог на опозицијата.  Ова решение е многу полошо од постоечкото решение.Тоа е така, дури и гледано од дневно-партиски аспект, за самата актуелна Влада. Долгорочно гледано, ќе биде лошо за граѓаните на РМ, затоа што во таков случај нема да имаме ЈО, кое професионално ќе ги гони сторителите на кривични дела, туку ЈО ќе се претвори во партизиран инструмент за собирање политички поени на опозицијата, било која и да е таа, за реалтивно подолго време во било која идна констелација на политичките сили и односи во Македонскиот Парламент. Едноставно, да аргументирам: кога, Вие и давате на опозицијата во Македонија ( не во Германија, Шведска, Данска, Финска или Холандија), право да предлага нејзин кандидат за ЈО на РСМ, опозицијата во Македонија, која и да е, уште релативно долго време во иднина од “петни жили“ ќе се труди да предложи инструментализиран кандидат за ЈО на РСМ (сеедно што критериумот ќе биде да не бил партиски член), со цел да дојде многу побргу и полесно на власт, заради огромно значајните функции што овој правосуден функционер ги има во Јавното обвинителство, кое функционира според принципите на хиерархија и субординација. Колку и да инсистира парламентарното мнозинство на взаемно прифатлив предлог за кандидат, во такви услови, сосема предвидливо ќе дојде, или, до “пат“ ситуација да нема избор на ЈО на РМ, или повторно за да има избор на ЈО на РСМ ќе мора да посредува меѓународниот фактор. Прашувам јавно: Дали е ова долгорочно системско стабилно решение за надминување на овој клучен проблем? Кое од погоре наведените солуции е моментално пооптималното решение за владеење на правото во конкретниот општествено-историски период во РСМ.
Една од празните стратешки насоки во стратегијата за реформи во правосудството се однесува за Советот на  ЈО. Како и за сите други клучни државни институции, така и за Советот на ЈО, во Стратегијата дадени се констатации со кои во најголем дел се согласувам, но недостасува најважната стратешка насока, а тоа е за структурата и бројчаниот состав на овој совет, од кои што во крајна линија зависи надворешната институционална независност на ова значајно тело од партиски и разни други вон-правни влијанија и притисоци Секако, во оваа насока можни се повеќе конкретни, алтернативни предлог-решенија.:
Во таа смисла, во стратешката насока би било доволно да се нагласи дека е потребно да се измени структурата на ова тело. Имено, од вкупно 11 (единаесет) членови, 6 (шест) члена, кои ги бираат јавните обвинители од своите редови, на начин предвиден во во чл. 6 од Законот за Советот на јавни обвинители, да останат непроменети. Измените и дополнувањата на важечкиот член 6 од законот предлагам да се однесуваат на тоа што министерот за правда и Јавниот обвинител на РСМ не треба повеќе да бидат членови по функција во Советот. Наместо нив, заедно со другите тројца, кои што според важечкиот чл. 6 од законот ги избира Собранието на РМ, предлагам соодветните ставови од чл. 6 од Законот за Советот на јавни обвинители да бидат заменети со следниот суштински став (кој се разбира, номо-технички понатаму ќе биде соодветно формулиран): Собранието (ги) избира (преостанатите) 5 (пет) члена, ( но, на еден сосема нов начин), од кои што најмалку 3 (тројца) по предлог на опозицијата. Членовите на Советот што ги избира Собранието на РСМ компетентни експерти споредстрогообјективизирани критериуми од редот на универзитетски професори по право и адвокати. Се разбира, дека од познати причини останува во сила одредбата за пропорционална застапеност на припадници на зедниците кои не се мнозинство во РСМ.
                 Најмалку 17 години се залагам за независно и специјализирано јавно обвинителство надвор од редовите на редовното јавно обвинителство, кое ќе биде надлежно за високата корупција и институционалниот тип на организиран криминал. Моите предлози беа и останаа - оваа институција да биде конституирана на сосема поинаков начин од овој на кој што е сега, за да не биде противуставно и квази-институционално ад хок тело. Пред и после воведувањето на СЈО, главното јадро на ко-авторите на Владината Стратегија, јавно протежираа како СЈО не треба да биде во рамките на ЈО и дека тоа не е противуставно.  Сега откога се смени власта, тие бараат СЈО да биде трансформирано во посебно јавно обвинителство со автономија и посебни надлежности во рамките на системот на ЈО, впрочем, како што тоа Уставот го налага. Колку и да е “гарантирана“ автономијата на СЈО во рамките на ЈО, сепак, Републичкиот Јавен обвинител дава предлог за разрешување на СЈО, а одлуката ја донесува Советот на јавни обвинители (Чл. 4, став 1, Чл. 7,став 1 и Чл. 9, став 1 и 2). Според предлог законот за Специјално јавно обвинителство што е во собраниска процедура има уште неколку ингеренци на РЈО, кои можат директно или индиректно да влијаат врз автономијата на СЈО. Така на пример: Чл. 10, став 3: Јавниот обвинител на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонијаза кривичните дела од надлежност на Специјалниот јавен обвинител од член11 став 2 алинеи 2 и 3 од Законот за СЈО. Чл. 10, став 4: Јавниот обвинител на Република Македонија одлучува по жалба на оштетениот поднесена против решението за отфрлање на кривичната пријава на  специјалниот јавен обвинител и по приговор на оштетениот против наредба за запирање на истражна постапка за кривични дела член 11 став 2 алинеи 2 и 3од овој закон.
Според член 12, став 4: Јавниот обвинител на Република Македонија не може да преземе гонење или преземање на поединечни дејствија во предметите во надлежност на Специјалниот јавен обвинител,  односно да дава предмет од надлежност на Специјалниот јавен обвинител на друго јавно обвинителство или да овласти друго јавно обвинителство да превзема поединечни работи. Член 12, став 5: Јавниот обвинител на Република Македонија и колегиумот на Јавното обвинителство на Република Македонијане може да донесуваат упатства и насоки кои се однесуваат на работата на конкретни предмети на Специјалниот јавен обвинител. Меѓутоа, според член 12, став 6: Јавниот обвинител на Република Северна Македонијаодлучува по барање за изземање на Специјалниот јавен обвинител и доколку го изземе од постапување по конкретен предмет определува конкретно јавно обвинителство кое ќе постапува по тој предмет. Овој став е контрадикторен во однос на автономијата на СЈО со претходните два става.  Во случај на судир на надлежност за предметите кои спаѓаат во надлежност согласно член 11 став 2 алинеја 1 од Законот за СЈО, конечна е одлуката на Специјалниот јавен обвинител, а за предметите кои спаѓаат во надлежност согласно член 11 став 2 алинеја 2 од овој закон одлука кое јавно обвинителство ќе постапува по предметот донесува Јавниот обвинител на Република Македонија. Понатаму, член 21, став 3 и член 26, став 1, исто така, зборуваат за “тенката“ автономија на СЈО во рамките на редовното ЈО.
 Без намера да навредам никого, меѓутоа, овој предлог - закон за Специјално јавно обвинителство покажува безидејност и отсуство на визија за донесување долгорочни и системски стабилни решенија. Имено, дали  може да стане збор за долгорочно и системски стабилно репшение, ако ги менуваме ставовите “преку ноќ“ во зависност од моменталната политичко-партиска конјуктура и констелацијата на политичките сили и односи во Македонија. Сметам дека има голема потреба од СЈО, но не на ваков полуквалитетен начин.
Во таа смисла, мојот предлог е СЈО, на неопределен рок, да стане уставно етаблирана, вистински независна и специјализирана институција, која ќе биде надвор од редовното ЈО, но и од Владино-партиските врвови, на било кои владеачки партии што се` или ќе дојдат на власт. Меѓутоа, СЈО не смее да биде надвор од контрола на системот. СЈО треба да биде надлежно за гонење кривични дела од областа на високата корупција и институционалниот тип на организиран криминал ( а не само на криминалот на “белите јаки“ како што пишува во стратегијата), со оглед на фактот што има голема разлика меѓу овие поими. Сегашното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и коруција, треба да си остане во рамките на Јавното обвинителство. Ова тело треба да биде надлежно зависоката економска корупција во која можат да бидат инволвирани блиски лица (роднини и пријатели на највисоките избрани и именувани функционери (кои, според предлог-законот не се во надлежност на СЈО). Исто така. ОЈООКК треба да биде надлежно за  пониските, конвенционални типови на организиран криминал, сторени од организирани криминални групи, кои немаат воопшто, или, имаат поврзаност со блиски лица на високите политичари  (бизнисмени и слично) или со пониските ешалони од државно-политичките структури. Потребата за СЈО, надвор од јавно-обвинителскиот систем добива на тежина и значење уште повеќе, имајќи ги предвид научно-фундираните прогнози дека појавите на висока економска и политичка корупција и институционален тип организиран криминал уште долго ќе бидат присутни во помал или поголем обем и интензитет во Македонија. Освен тоа, СЈО е најдобрата противтежа за превенирање и репресирање на овие појави, доколку евентуално се појават во врвовите на редовното Јавно обвинителство. Член 11, ст. 2. Алинеа 2, од предлог законот за Специјално јавно обвинителство, впрочем и го предвидува тоа. Од тие причини, не е доволна некаква квази-автономија на СЈО во рамките на ЈО, туку целосно независна и високо специјализираана институција, надвор од ЈО, за што секако се потребни уставни измени.
Да, дами и господа -Уставни измени, од кои не треба да ви “се крева косата на главата“,затоа што не може постојано да зборуваме за потребата од длабоки структурни реформи, а кога ќе дојде времето за нивна реализација да ги сведуваме реформите на површни и парцијални мерки и решенија, макар срочени и во пакет “реформски“ закони. Според тоа, ако можеме да го менуваме уставот заради националистички барања, редно е еднаш да го промениме Уставот за имплементирање на еден развиен систем на поделба на власта и владеењето на правото, како најважни предуслови за отварање пат за решавање на нашите најголеми економски, социјални, меѓуетнички, еколошки и сите други проблеми на граѓанското општество.Се разбира дека тоа е прашање на дистинкција меѓу стратегија и тактика на актерите на политичката сцена. Во ингеренции на Владата е да ја процени политичката ситуација и одреди тактика, што значи, проценка за времето (динамиката), погодноста на политичкиот момент, погодната констелација на политички сили и односи во Парламемнтот, кога и како ќе се реализира оваа стратешка определба. Сметам, дека сега, пред добивањето на датум за преговори со ЕУ, време е за неколку клучни уставни амандмани за ЈО, СЈО, Уставниот суд и евентуално зајакнување на составот и структурата на Судскиот совет. Другите клучни државни институции (Државниот завод за ревизија, разните регулаторни тела и комисии, како и Анти-корупциската комисија, која неодамна беше законски и фактички промовирана, но се испушти можноста оваа институција да се етаблира како оптимално независна институција), исто така, треба да бидат оптимално независни од извршната и законодавната власт. Но, начинот на конституирање, бројчаниот состав, структурата, место-положбата во системот и односот со другите клучни државни институции, кај овие последниве институции може да се уреди и во законска материја. Просторот не дозволува подетално објаснување зошто е тоа така потребно и како треба да биде тоа конкретно изведено.Во секој случај, Владата, треба да запне со сите сили, реформските зафати да ги оствари во полн капацитет, токму сега, а опозицијата сега треба да покаже пред народот дали навистина се бори за системско владеење на правото или зад демагошките флоскули ги крие своите себични интереси за голо освојување на власта,имајќи предвид дека за Законот за ЈО, потребно е 2/3 мнозинство во Парламентот, исто како и за Уставот. Затоа, сметам дека е подобро да се оди со Уставни измени со кои долгорочно и системски стабилно ќе се решат овие системски проблеми.
Ако Владата и опозицијата не успеат политички да се договорат за потребата од наведените реформски зафати, тогаш Владата треба нив да ги нотира како проектирани, долгорочни системско-стратешки насоки во стратегијата за реформи на правосудството (2017-2022), освен ако аргументирано нема други подобри предлог-солуции, според постулатите на рационалистичката епистемологија а тоа значи –според логичките принципи на аргументација поврзани со неспорни емпириски факти. Притоа, да потсетам дека стратегиите (за разлика од тактиките и акционите планови, кои подразбираат –конкретизирани, детални решенија, субјекти на извршување, динамика на извршување, финансиски средства итн.), треба да имаат иманентна карактеристика на генерален концепциски поглед – СТРАТЕШКА ВИЗИЈА за проектирање на стратешкиот пристап за имплементирање на долгорочни системски стабилни решенија, во најклучните системи и потсистеми на општеството, кои треба да ги надминат мандатите на една конкретна владина номенклатура и да остават зад себе:
 1) Систем од кој најголема корист, покрај најголемиот дел од граѓаните, ќе имаат токму политичките елити, кои ќе го спроведат овој концепт, затоа што ќе остават таков систем позади себе со кој еден ден кога било која од нив ќе замине од власт, ќе се заштити себе од неоснован кривичен прогон, што е неспорен факт кој претставува фолклор во Македонија од самостојноста до денес.
 2) Политичките елити кои ќе го инсталираат овој систем,  ќе остават неизбришлива трага во историјата на својот народ, бидејќи ќе остават зад себе систем, кој што долгорочно и системски стабилно ќе функционира, независно од тоа која партија или коалиција ќе дојде во иднина на власт.
 3) Постои голема веројатност овој концепт на реформи, доколку биде препознаен, усвоен и практично спроведен во Република Северна Македонија, да ги надмине националните и регионални граници и да стане реформска парадигма за преку 80 % земји од светот, кои се соочуваат со слични проблеми  на загрозување на владеењето на правото, како инашата земја.
Меѓународните комисии и експерти се обидуваат да помогнат преку имплементирање на меѓународните стандарди и добрите решенија и практики од нивните високо развиени земји во нашата легислатива и практика. Меѓутоа, тие не можат да ги знаат подобро од нас нашите специфични услови и детерминирачки фактори. Тие не можат наместо нас да прават подлабоки, квалитативни факторски истражувања и анализи и на таа база да предлагаат соодветни системски решенија. Тоа е работа на нашата наука. Меѓународните стандарди претставуваат минимум под кој не може да се оди. Секако дека треба да ги прифатиме. Но, тоа не значи дека не треба да ги надминеме овие стандарди. Напротив, тоа не само што е пожелно, туку според мене, не можат да се надминат нестандардни состојби на системско-ендемска корупција, која систематски и системски го загрозува владеењето на правото во РМ, само врз база на меѓународни стандарди и одлични решенија, кои даваат одлични резултати, но во сосема различни услови и фактори на високо развиените земји. Едно одлично прашање-парабола, многу подобро го илустрира целиот проблем: Дали ако ги превземеме одличните уставни и законски решенија, што даваат одлични резултати во високоразвиените земји, како што се: Германија, Франција, Холандија, Данска или Шведска, ќе станеме и ние како нив? Најголем процент од сите интрвјуирани лица, на ова прашање одговараат негативно. Малиот процент на одговори кои се спротивни на претходните, имплицираат друго логично прашање: зошто, тогаш, ни се нам потребни сите тие силни “научници“. Можеме ли да повикаме преведувачи да ги преведат уставите и законите на овие земји-репери? На овој начин повторно доаѓаме до одговорот на претходно поставеното прашање! И покрај сите овие сознанија, тоа што го правеа досега нашите најекспонирани општествени научници, преку учеството во комисии и работни групи за измени и дополни на законите, претставува некритичка примена на компаративниот метод и еклектичка комбинација на повеќе законодавни решенија од компаративните системи, без да има квалитативна факторска анализа на специфичните детерминирачки фактори, кои се различни од земја до земја, а да не зборуваме за разликите меѓу неразвиените и високо развиените земји на западната цивилизација. Компаративниот метод е значаен метод, но овој метод мора да биде доведен во врска со конкретна квалитатитвна факторска анализа, затоа што специфичните детерминирачки фактори се објективни лимити од кои зависи остварувањето или неостварувањето на секоја една идеја или проект во општеството.
09-09-2019, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:“Крокодилските солзи” за СЈО – пишува Проф. Миодраг Лабовиќ


September 9, 2019
[Image: Screenshot_20190909-190600_Messenger.jpg...C382&ssl=1]

СЈО се распадна како меур од сапуница, исто како што беше и создаденo! Ќе видиме подолу зошто некој плаче со “крокодилски солзи“ за СЈО, а се криеше како п…. под кошула кога беше противуставно донесено.
Почитувани пријатели, и покрај сите препреки, превагнува чувството да направам уште еден обид за растерување на маглата, што (не)случајно се создава во врска со најновите случувања околу СЈО.
Му должам на мојот народ да ја знае “четвртата вистина“ за овој крупен случај, бидејќи медиумите извлекоа заклучоци за само три гледишта во врска со судбината на СЈО.
Граѓаните (народот) имаат право да ја знаат и оценат релевантноста на сите вистини на оваа тема присутни во јавниот дискурс. Верувам во тезата дека ако народот е добро информиран има доволно мудрост во него да ја препознае правата опција.
Ќе ги пренесам трите гледишта речиси цитирано, или, во најдобар случај, некои од нив автентично парафразирано. На крајот, граѓаните треба да го знаат и четвртото гледиште, кое упорно и бесрамно се крие во јавниот дискурс на Македонија.
1. Владата: Обвинителите од СЈО да се распоредат во Обвинителството за ОК и К, а истражителите од СЈО да се вратат во институциите на позициите од каде што дошле.Тековните предмети на СЈО да ги преземе Обвинителството за ОК и К.
2. Опозицијата: Обвинителите од СЈО да се врата на нивните работни места во ЈО од каде што дошле. Раководителот на Обвинителството за ОК и К дабиде на предлог на опозицијата. Тековните предмети на СЈО да ги преземе Обвинителството за ОК и К.
Забелешка на М.Л.: Власта и опозицијата се согласни во новиот Закон за ЈО- тековните предмети на СЈО да ги преземе Обвинителството за ОК и К. Сега спорен е моментот што сето тоа се иницира преку писмото на притворената К. Јанева. Според мое мислење, власта избрза, бидејќи ова писмо воопшто не беше неопходно за континуитетот на предметите на СЈО.
Имено, се очекува дека набрзо К. Јанева ќе биде разрешена од функцијата СЈО. Таквата состојба само треба да биде констатирана и со тоа завршува функционирањето на СЈО, ако така се договорат политичките партии.
Во таква ситуација во основните одредби на Законот за СЈО чл. 1. ст. 2 стои дека се што не е уредено со овој закон, ќе се применува Законот за Јавното обвинителство и останатите позитивни законски прописи во Република Македонија. Се разбира дека тоа ќе одземе време бидејќи ќе треба да се изврши примопредавање со записник за сите списи и доказни средства. За проблемот со специјалната надлежност на СЈО за “бомбите“има чаре, но за тоа подоцна.
3.“ Блу Принт“ група: “СЈО треба да опстои во рамките на хиерархиската субординираност на јавно обвинителскиот систем. Меѓутоа, да има и одредена независност која ја имаше досега, што би можело да се постигне со доведување на СЈО до степен на Обвинителството за ОК и К.“ ( цитат од изјавата на извесна Г-а Натали Петровска.
Слична беше изјавата и на другиот преставник на оваа група – Г. Калајџиев).
4. Мојот став беше и остана непроменет: Имено, уште пред да се донесе Законот за СЈО, 17 години наназад укажувам во моите научни дела и студии, па и во колумните, дека Македонија има потреба од вистински независна и специјализирана институција, како СЈО, но, не на таков противуставен начин конститурана, како квази институционална, ad hoc институција.
Ако веќе треба да постои СЈО, тоа треба да биде уставна категорија, надвор од хиерархиската субординација на редовното ЈО. Само на тој начин најоптимално СЈО ќе може да ја оствари својата улога на противтежа не само на полицијата, туку и противтежа на целата извршна и сите други власти, па дури и на редовното јавно обвинителство при евентуални случаи на висока корупција и институционален организиран криминал.
Според научната концепција на авторот на овој текст, дури не е доволно СЈО ( ако се формира како вистински независна институција), да ја обезбеди само својата надворешно-институционална независност.
Многу поважно од сето тоа е ова институција, како и сите други клучни државни институции на највисоко ниво да бидат поставени во хоризонтална орханизација на власта.
Меѓудругото, тоа значи дека сите клучни државни институции треба да бидат во меѓусебна контрола и баланс на моќта . Истото се однесува и на институционалните контролни експертски тела, кои треба да ги избираат членовите на клучните државни институции на јавен конкурс и во транспарентна постапка да ги санкционират (разрешуваат) ако има основи за тоа.
Се разбира дека хиерархијата и понатаму останува во рамки на владата за владините институции, во рамките на судството, на ЈО итн. Меѓутоа, ниту СЈО, ниту една друга институција не смеат да бидат надвор од контрола на системот ( како што имаме примери сега). Тоа е еден развиен систем на поделба на власта, кој што е елабориран на повеќе од 200 страни во мојата научна студија “Системска корупција и Организиран криминал ( 570 стр. кој сака може подробно да прочита и да се запознае со сите тези и потези на тој сложен систем, кој е оригинален и научно верификуван).
За наградите и признанијата сега не зборувам. Зборувам дека овој систем гарантира значително подобрување во владеењето на правото во Македонија, затоа што, овој систем е поставен да функционира по силата на неговата внатрешна логика, без да зависи од политичката воља на било која партиска номенклатура.
Се разбира, политичка воља е потребна само на почетокот кога една авангардна политичка сила ( во суштинска смисла на зборот, а не само во кадровска) ќе има интелектуална, морална и духовна доблест да го стартува правното и практично имплементирање на тој систем. После тоа, политичка воља веќе нема да биде потребна бидејќи системот е самоодржлив и се засновува на реално одржливи и практично спроведливи решенија. Корист од таквиот систем , покрај мнозинството граѓани, најмногу ќе има онаа Влада за чиј што мандат ќе се реализира таквиот систем, од причини што:
1) Таа Влада ќе остави систем позади себе со кој ќе се заштити од неоснован кривичен прогон ( што досега беше неизоставен фолклор во нашата земја), кога еден ден ќе мора да оди во опзиција;
2) Таа Влада ќе остви неизбришлива трага во историјата на својот народ бидејќи ќе ги постави темелите на еден систем преку кој ќе ги реши најголемите проблеми во Македонија;
3) Тој систем и нашата земја ќе станат репери за решавање на сличните проблеми во преку 80 % земји од светот кои се соочуваат со слични проблеми.
Е, за тоа требало уставни измени. Е, треба. Не може постојано да велите дека се потребни длабоки системски реформи, а да се задоволувате со плитки и палијативни реформички.
Некој сигурно ќе забележи дека ни се преку глава веќе реформите, ни требаат вистински луѓе на вистински места, човек, со јак морален интегритет и висока професионална компетентност. Се разбира дека особено моралниот интегритет е многу битна категорија, бидејќи човек ако е чесен и да не знае ќе праша и ќе постапи како што е најправилно.
Но, забораваме дека моралниот интегритет (чесноста) е премногу релативна, растеглива категорија. Монтескје и Волтер своевремено ја забележале максимата дека ретки се луѓето на кои нема да им се заврти во глава кога ќе се најдат на високи позиции на власт.
Впрочем, оваа максима е објективна закономерна тенденција низ целата човекова историја, освен ретките примери на исклучоци. Така и во Македонија не е исклучена можноста дека има такви луѓе, кои се чесни и истовремено професионално компетентни, а чесноста ја докажале со одолевање на многуте искушенија додека биле на високи позиции на власт.
Белким ќе се сложите дека човек не може со сигурност да се нарече чесен ако не бил на високи позиции на власт, изложен на искушенијата што само власта може да ги донесе, а сепак останал чесен, што се вели ни за 1 Евро никој да не може објективно да му пререче. Во такви ситуации ќе речете не се потребни сите тие реформи, човекот е тој што ќе го применува доследно законот.
Точно, се согласувам почитувани мои, арно ама тоа може да биде една среќна епизода. Не смееме да си дозволиме да градиме систем на основа на такви среќни епизоди, имајќи го предвид ноторниот факт дека во денешно време се помалку има такви луѓе.
И што после завршувањето на мадатот на таквиот човек? Системот мора да функционира оптимално дури и при најлош персонален избор на кадровските решенија.
Заради тие причини се потребни тие длабоки структурни реформи во круцијалните општствени системи и нивните потсистеми.
Постоењето на СЈО во рамките на редовното ЈО (како што предлага Блу Принт групата) нема никаква логика, ниту како автономно обвинителство, а уште помалку како Одделение во рамките на Обвинителството за ОК и К ( што беше една од опциите на политичките партии), заради следните аргументирани причини:
– Дури и најдобро дизајнираната автономија во рамките на ЈО, сепак подлежи на принципот на хиерерхиска субординација. Во услови кога Главниот РЈО се бира и разрешува на предлог на Владата, а го бира и разрешува парламентарното мнозинство, кое 28 години е гласачка машина на владино-партиските врвови во Македонија (а не во Англија, Франција или друга земја со долга парламентарна традиција), принципот на хиерархиска субординација колку и да е сведен на минимум може да дојде до израз кога се во прашање случаи на висока корупција и ОК во кои можат да бидат инволвирани највисоки политичари од актуелна власт, без оглед на моменталната партиска номенклатура, која и да е таа денес или утре ( за допирните точки кои основано можат да ја нарушат автономијата на СЈО во рамките на ЈО види поопширно на мојата ФБ страна во “Отвореното писмо до Заев и Мицковски “ ).
– Која е логиката за потребата од постоење на СЈО во рамките на јавно обвинителскиот систем, кога истата надлежност за гонење кривични дела од областа на висока корупција има и Обвинителството за ОК и К при ЈО. Предлогот за автономија на ОЈООКК во рамките на редовното ЈО е секако подобро решение отколку сегашната состојба, во услови кога СЈО повеќе нема да постои. Но, тоа е далеку понеквалитетно решение од предлог-концептот што мојата маленкост го предлага. Инаку, една од опциите СЈО да биде посебно Оделение во рамките на Обвинителството за ОК и К и на тој начин да се подели надлежноста, не е најдобрата опција затоа што повторно доаѓаме до истата поента – што ќе се постигне со тоа кога на таков начин нема да има ништо од вистински независна и специјализирана институција, која треба да биде надлежна не само за кривичните дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконски прислушкуваните разговори, спрема опозицијата, туку и за висока корупција и институционален организиран криминал, кога главни осомничени можат да бидат актуелни политичари на највисоки државни позиции.
– Досегашната поставеност на СЈО излегува надвор од рамките на единстевениот јавно обвинителски систем. Тоа што се направи неуспешен обид да се бајпасира поврзаноста на СЈО во единствениот ЈО систем преку формалната поврзаност со Советот на ЈО, не го намалува значењето на ноторниот факт дека особено во периодот додека СЈО работеше за време на претходна Влада и додека на чело на ЈО беше друг РЈО, СЈО одбиваше дури и да оди на средби во Советот на јавни обвинители. Впрочем, Советот за јавни обвинители не може да направи ништо во врска со СЈО без согласност на 4 политички партии и Собранието.
Законските одреби во Законот за СЈО недвосмислено укажуват дека ова институција не подлежи на принципот на хиерархија и субординација, кој важи во ЈО. Овие и многу други правни и емпириски факти, кои просторот не дозволува да ги набројувам, недвосмислено упатуваат на заклучокот дека СЈО е надвор од единстевениот ЈО ситем на Македонија. Оттука, заложбата на “Блу Принт“ групата , СЈО да биде изедначено со ОЈООКК е неадекватна аналогија и практично губење на независноста на СЈО која досега ја имаше, но, не заборавајте – стекната противуставно. Ова го тврдам од причини што ОЈООКК е целосно подложено на хиерахиската субординираност на единствениот ЈО ситем во Македонија, што апсолутно не е случај со СЈО.
Сево ова ја покажува безидејноста на главните протагонисти на идејата за СЈО, како независна институција, која опстојуваше 4 години на противуставен начин, бидејќи тие, ако не патиме од колективна амнезија, ќе се сетиме дека се залагаа со сите сили СЈО на К. Јанева да не биде во хиерархиската субординираност на единствениот ЈО систем на Македонија, без притоа да бараат неопходни измени во Уставот.
Откако се смени власта почнаа да преовладуваат ставовите за разните облици на инкорпорираност на СЈО во рамките на редовното ЈО. Тоа ли е почитувани, благородната идеја на Г-дин Калајџиев за надпартиско, долгорочно и системско стабилно решавање на проблемот?
Така ли ќе ги надминеме дневно-партиските интереси, така ли ќе се издигнеме над моменталната констелација на политички сили и односи и ќе проектираме визија за квалитетно решение за СЈО, кое еднакво ќе гони криминал сторен од опозицијата, ама и од актуелната власт, без оглед која и да е сега политичка партија на власт, или утре која и да е опозиција.
Според тоа, заложбата и разбирањето на Г-дин Калајџиев за “вистински независна институција – СЈО“ и “нејзината благородна цел“, најблаго речено, е полуквалитетна, гледано од научен и стручен аспект. Гледано од морален аспект ( кој е премногу важен особено со оглед на нескриените амбиции на дотичниот), тој сега лее “крокодилски солзи“ за СЈО.
Неговата изјава за наводно жалење дека СЈО било злоупотребена за рушење на ВМРО-ДПМНЕ е, најблаго речено, прилично сомнителна и контраверзна, бидејќи од авион се гледа дека се додворува на опозицијата за остварување на своите лични лукративни амбиции, имајќи го предвид фактот за се` посилните заложби опозицијата да го предлага новиот шеф во ЈО, кој ќе се справува со високата корупција и ОК. За тие што знаат, партиската инструментализација се наговестуваше уште пред 4 години (Видете ја на мојата ФБ страна, колумната за СЈО од 15.09.2015 г.). Во тие што знаат, освен дотичниот г-дин, кој тогаш молчеше и се криеше за овие прашања, не спаѓааат и партиските експерти на четирите политички партии кои се сложија на ова решение, мислејќи секоја од нив дека “стапот“ на СЈО ќе го држи во свои раце.
Откога некои од нив видоа дека се излажаа и се случи тоа што се случи, тие само ги констатираа состојбите, секој од своја вредносна и партиска призма. Според тоа, ниту дотичниот г-дин, ниту партиските експерти-советници не се визионери, туку констатирачи на состојбите. За воља на вистината, мора да се знае дека опозициските партиски експерти и денес не предлагаат решенија со кое ќе ја “здрват “ јавноста и ќе покажат “три пара мудра“ државничка храброст и визија за долгорочно, системски стабилно решавање на проблемите.
Нивниот предлог за СЈО, ЈО и ОЈООКК, не се разликува во суштинските аспекти од предлогот на власта. Објективно гледано, таквите предлози не го надминуваат дневно –партискиот интерес за соборување на власта и “голо“доаѓање на власт, ако ги споредиме со предлозите од научниот концепт што кратко ви го претставив на почетокот.
Ако имаат трошка мудрост во себе ќе го сфатат ова конструктивно и како вистинска авангардна опозиција ќе се ангажираат да понудат три класи поквалитетна програма ( особено за решавањето на буквално најголемиот проблем кај нас- невладеењето на правото), со што ќе ги придобијат масовно на своја страна неопределените гласачи кои одлучуваат на чија страна ќе превагне тасот на избирачката вага.
Во спротивно опозицијата нека биде сигурна дека премногу ќе им смета сегашниот предлог преземен од партиската програма на сегашната власт – шефот на ЈО и(ли) ОЈООКК да биде на предлог на опозицијата. Верувајте дека ќе зажалат за тоа кога тие ќе дојдат еден ден на власт, заради подлабоки причини што нема простор да ги објаснам тука, а се објаснети во моите научни дела. Жалосна ќе биде мојата сатисфакција тогаш ако кратковидно размислуваат сега и се сетат отпосле колку сум бил во право.
Инаку, според начинот на кој е конституирано СЈО, неминовно беше на овој или на некој друг начин да биде партиски инструментализирано. Не може со неправо да се создава право. Не може да се борите на цела уста за владеење на правото, а темелите на една институција да ги градите со кршење на владеењето на правото. (Видете ги на мојата ФБ страна, колумните, како и сите мои други напори, кои тогаш во тоа време пред и после Пржинскиот договор ги правев, се` со цел да не се испушти шансата што во тие околности ја имавме како држава. Шансата тогаш беше огромна и неповторлива. Апелирав со сите сили да се искористеше тогашното зголемено присуство на странците, кои под силата на аргументите на научната и стручната јваност можеа да ги доведат политичарите од најголемите партии во ситуација да усвојат системски стабилни и долгорочно одржливи решенија. Тогаш можеше многу полесно да се обезбеди двотретинско мнозинство заовие работи).
Г-дин Калајџиев го спомнувам бидејќи тој најмногу од сите други во “Блу Принт групата“, ги имаше чуено овие мои ставови. Дури на една прес-конференција, на тема за потребата од СЈО (такво како што беше и остана досега), организирана од “Сорос“ – Македонија, Г-дин Калајџиев беше еден од говорниците, каде држеше предавања за неопходноста од СЈО. Јас тогаш од публика се обидов да аргументирам зошто се неопходни измени во Уставот и на кој начин треба да биде конституирано СЈО за да не дојде во ваква или слична ситуација.
Тогаш модераторите ме прекинаа буквално, а тој како многу пати досега остана нем по прашањето на противуставноста на СЈО и можните импликации од негова политичка злоупотреба . Го поддржуваше ваквото СЈО, со сета сила, дури беше и на платниот список на советници на СЈО, а сега се оградува од СЈО велејќи дека тоа не е негово решение, туку на Американците.
Да, на Американците е, но освен ситните грешки во законот, тогаш, а ни сега тој не предлагаше други суштински измени, ниту ја поддржуваше научната концепција која нуди далеку поквалитетно решение.
Што да се каже почитувани, за моралната вертикала на нашата научна и стручна елита, кога некој со таков професионален и научен бекграунд тврди дека препораките на Прибе се 100% прифатливи, но, за разлика од сите други професори, експерти, аналитичари, НВО активисти, политичари итн, тврдев и тврдам дека препораките на Г-динот Прибе се најмалку 20 пати недоволни не само по обемот на зафаќањењто на проблемите, туку и во однос на квалитетот и длбочината на зафаќањето во структурите на круцијалните општествени системи и нивните потсистеми. Сето тоа кај нашата научна и стручна фела го одрази само интелектуалниот и морален мрак во кој што се наоѓа нашата интелектуалната “елита“. (Во 2018 год. имав средба лично со Г-дин Прибе. Разговаравме, му објаснив и му ја испратив интегралната верзија од научниот труд во кој е елборирана оваа моја научна концепција. Г-дин Прибе како прецизен Германец ми врати на е-маил ( кој го чувам) дека целосно се согласува со мене и дека е зачуден како овие продлабочени видици не се искористени од македонските власти. Се сложивме дека од странските експерти не може да се очекува да зннат се за Македонија, како што би требало да знаат домашните експерти). Во 2015 и 2016 г. се убив од зборување, не се симнував од ТВ, објавував колумни по порталите, со свои пари финансирав спонзорирање на објави на ФБ. Што вели еден пријател – “Ти остана уште да се полиеш со бензин и да се самозапалиш за да отвориш врата за имплементирање на научниот концепт“. Меѓутоа, и покрај сите тие напори, речиси целата научна и стручна фела, освен ретките примери на исклучоци, молчеше и се`уште молчи. Нели е тоа повеќе од духовна и морална беда, да бегаш на секој можен начин и да не го ставиш на маса предлог-научниот концепт, кој добил досега највисока светска научна награда токму за системско владеење на правото.
Да не го споредиш со било кои други концепти во една објективно – логичка и емпириска анализа преку рационална конфронтација на аргументи базирани на логичките принципи, кои се поврзани со неспорни емпириски факти. Во таква ситуација, ако имаше подобри други концепти, да застанавме зад тој концепт како најдобар.
Тоа ќе беше генералната концепциска платформа околу која ќе се обединеше поголем дел на интелектуалната критична маса, која ќе извршеше притисок врз политичарите. Вака , сега политичарите немаат репер. Никој не врши притисок врз нив, освен за препораките на Прибе, за кои кажав дека се точни, но премногу недоволни.
Најголем дел од нив се веќе имплементирани, а пак нема никакви видливи резултати. Наспроти сето тоа, сега, некои од интелектуалците изиграваат лажни научни авторитети и морални херои, вртејќи се час на една, час на друга страна од каде што посилно ветрот дува, со мали незначителни отстапувања од партиските ставови на најголемите партии и тоа во однос на некои процедурални, кадровски и материјално-техничи прашања.
За суштинските, генерално-концепциски димензии на проблемите, воопшто ни збор нема. Сепак, зрак на оптимизам буди фактот што на социјалните мрежи граѓаните ги провалија вистинските мотиви на ваквите експерти. Сосема за на крај, се наметнува прашањето: Дали треба и понатаму да молчиме и да им оставиме на медиокритетите и лажните морални авторитети во сите круцијални сфери на јавниот живот во Македонија, да ни “сеат магла“ и да не вртат во истиот круг уште наредните 28 години. Нели е дојдено време народот да ја растера таа жабокречина и да отвори простор за вистински системски промени.
09-09-2019, 10:07 PM
Reply