Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДВИЖЕЊЕ БОЈКОТИРАМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: image.jpg]
Манифест на Движење Бојкотирам
Движење Бојкотирам·Sunday, September 8, 2019·1 minute
Ние Македонците,
по род,
по историја,
по Александар,
по Самоил,
по Гоце,
по Ченто,
по инает…
… сметаме дека секој човек од раѓање добива одредени неотуѓиви права: право на сопствената личност, идентитет, слобода и право на среќа; и дека за гарантирање на овие права за сите подеднакво, луѓето формираат власт која својот легитимитет го црпи од согласноста на народот да биде праведно владеен врз основа на почитување на тие неотуѓиви права.
Кога една власт не работи за да ги гарантира овие основни човекови права, туку станува репресивна и самоволна, народот има право, обврска и должност да ја промени и отповика таквата власт; и да воведе нова власт формирана врз принципите на слобода и владеење на правото.
Имајќи ги во предвид повредите на нашите основни и неотуѓиви права, од власт донесена со недемократски, незаконски и репресивни методи, ги повикуваме сите наши сограѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност, да ни се придружат на движењето кое за свои основни цели ги има:
* поништување на договорот од Преспа, кој нè тера да се откажеме од нашето име, идентитет и историја;
* поништување на договорот за „добрососедство“ со Бугарија, кој ни го проблематизира јазикот, идентитетот и културата и ни наложува историски ревизионизам;
* поништување на сите закони и подзаконски акти кои произлегоа од таканаречената „Тиранска платфoрма“, дизајнирани за да гo нарушат векoвниoт сoживoт пoмеѓу Македонците и Албанците;
* поништување на сите закони и подзаконски акти произлезени од нелегално конституираното Собрание на 27.04.2017 година;
Сите од вас кои можат во секое време, и под секакви околности да се согласат со овие неколку прости позиции, сте добредојдени во движењето.
Да си ја вратиме Македонија!
Македонија на оние кои ја сакаат!
Независна, достоинствена, автономна и праведна кон сите свои граѓани!

#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
08-09-2019, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Што бојкотирате бре, глупаци?


Петар Котевски
Патриот, слободар, човек со толку многу мислења, што некои од нив скоро сигурно се погрешни.

Ти благодарам за прашањето, рандом штапски стаорецу – и со задоволство ќе ти одговорам. Одговорот е всушност лесно согледлив за луѓе што не си го трошат целото свое време во штапските лавиринти барајќи го тоа толку вкусно парче административно сиренце.
Бојкотираме владејачка гарнитура која се дограби до власта со употреба на шпионска пита-гомноруша, која ги лажеше своите гласачи во предизборната кампања, која изгуби на избори и покрај тоа што беа спроведени од „техничка влада“, која незаконски си конституира Собрание на тревникот пред парламентот, која игнорира референдумско изјаснување на гласачите против договорот во Преспа и која е до гуша заглавена во криминал и неспособност што го прави криминалот и неспособноста на минатата власт да изгледа како невиден успех.
Бојкотираме опозиционерски евнуси кои, откако им ги отсекоа мадињата, можат само импотентно да пеат во фалсет додека државата која мнозинството гласачи им ја дадоа НИМ на чување се распаѓа. Опозиција која е толку длабоко и целосно корумпирана, што не може да капитализира ни на фактот дека во Македонија е инсталирана убедливо најлошата влада во последните три милениуми, ниту ни на фактот што во Македонија полека станува нелегално да се чувствуваш како Македонец, да си славиш Македонска историја, симболи, култура, јазик.
Бојкотираме полуписмена и просјачка новинарска фела, која го нуди своето достоинство на кој било што ќе се нафати да им плати придонеси (а не да им дава пари на рака). Аналитичари кои мораат на сабајле да ѕирнат низ прозор, да видат за што зборуваат комшиите – пред да одлучат која страна ќе ја заземат. Која мајка чедо си изгубила, некаде запослено како новинар ќе го најде.
Бојкотираме застрашувачки неспособен и клиентелистички правен систем, составен од бескрајни клонови или на Фрчко или на Ставре. Ставре кој? Оној кој не знаете дека постои затоа што јавниот дискурс го трујат надуени фазани како Фрчко. Ставре само молчи и се надева дека следната смена на власта ќе го постави конечно некаде за судија, во некој управен одбор или барем ќе слета во некој факултет некаде за да го вадат на телевизија кога ќе треба да аргументира некаква катастрофална глупост.
ГО БОЈКОТИРАМЕ ЦЕЛ РАСИПАН СИСТЕМ!
БОЈКОТИРАМЕ ВЕЧНИ ПОЛИТИЧАРИ!
БОЈКОТИРАМЕ ОПОРТУНИСТИЧКИ ПРЕВРТЛИВЦИ!

Кога играта е наместена – не ја играш.
Ги менуваш правилата.

Движи се! БОЈКОТИРАЈ!


ДВИЖЕЊЕ БОЈКОТИРАМ



Незнам дали писаниево на Петар се однесува на овој мој коментар.


[Image: 1.jpg]
Кој сум го дал на оваа објава:


[Image: 3.jpg]
[Image: 2.jpg]





Ако се однесува го нема одговорот на битното прашање а тоа е како ке бојкотирате а со учество на избори го легитимирате изборниот систем.

Еве мало појаснување што е БОЈКОТ:

Quote:Бојкот е една од формите на принуда, власта да се примора да прифати одредени барања!!!

Прекин на врските, отфрлање или исклучување на некоја општествена група или поединец, најчесто како средство за притисок во политичка или во економска борба.
21-09-2019, 12:34 PM
Reply